You are on page 1of 7

Увид

Тамара Марковска 3-14


Член 65
(1) Увид се врши кога за утврдување на одредени факти или за
разјаснување на суштествените околности е потребно
непосредно забележување на овластеното службено лице.
(2) Странките имаат право да присуствуваат на увидот. Овластеното
службено лице определува кои лица покрај странките ќе
присуствуваат на увидот.
(3) Овластеното службено лице води записник за резултатот од
увидот кој го потпишува странката доколку присуствувала.
(4) Сопственикот, корисникот или владетелот на предметите, на
просториите или земјиштата што се предмет на увид е должен да
допушти да се изврши увидот на просториите или на земјиштето што
треба да се забележи или каде што се наоѓаат предметите или на
земјиштето што треба да се помине.
(5) Овластеното службено лице што го спроведува увидот е должен
да преземе мерки увидот да не биде злоупотребен и да не биде
повредена ничија деловна, професионална или научна тајна.
• Увидот претставува најсилно доказно средство
затоа што службеното лице ги забележува сите
факти, користејќи ги своите сетила.
• Увид се врши кога за утврдување на одредени
факти или за разјаснување на суштествените
околности е потребно непосредно забележување
на овластеното службено лице.
• Странките имаат право да присуствуваат на
увидот.
• Овластеното службено лице определува кои
лица покрај странките ќе присуствуваат на
увидот.
• Овластеното службено лице води записник за
резултатот од увидот кој го потпишува странката
доколку присуствувала.
• Сопственикот, корисникот или владетелот на
предметите, на просториите или земјиштата што се
предмет на увид е должен да допушти да се изврши
увидот на местата каде треба да се забележи или да
се види што се наоѓа таму.
• Овластеното лице што го спроведува увидот е
должно да преземе мерки увидот да не биде
злоупотребен и да не биде повредена нечија
деловна, професионална или научна тајна.
Увидот се врши над
подвижни и
неподвижни
предмети. Доколку
подвижните
предмети може да се
донесат во органот
тогаш увидот се врши
таму, а за
неподвижни
предмети увидот се
врши таму каде тие
се наоѓаат.

You might also like