You are on page 1of 1

Високо на врвот на литературата,во времето кога изгледало дека веќе се е кажано во Франција,се

појавува еден скромен но фасцинантен и докажан мајстор на литературниот збор ‘Оноре де


Балзак’. Плод на неговата творечка работа е романот ‘Шагринска кожа’. Пред очите на
читателите ќе се истакнат ликови чиј живот се одвива во сивило и монотонија. Секој од секого
бега без да го најде толку бараното спокојство,правото на слобода,сопствен избор и вечниот
копнеж по среќа.Дел од тие ликови е Рафаел де Валентин.

Ликови кои се реални а не фиктивни, се судираат со реални ситуации во кои се согледува нивната
неспособност,гнев,лажливост,љубов.Емоции,особини,психички проблеми во кои се инволвира
самото општество како еден од иницијаторите за ваквата нестабилна природа на
ликовите.Главниот лик во романот е Рафаел.Тој по загубата на се што му значи,целосно се затвора
во себе,тогаш ја спознава празнината на својот живот се додека не го пронајде неговиот животен
спас-Шагринската кожа.Рафаел користејќи ја својата амајлија повторно го стекнува изгубеното
богатство,но за жал како се намалува кожата така му се намалува и животниот тек на младиот
Рафаел.Живее во раскошна куќа,со својот верен слуга и живее имајќи официјален однос кон сите
постоечки суштества.Тоа го менува младата и убава Полина која го стоплува неговото ледено срце
и влева надеж за подобра иднина во него.Тоа уживање се скратува со последната негова желба
кога ја посакува Полина и и изјавува љубов по што и умира на раце.Рафаел по копнежот за
сопствената среќа и љубов е слеп и глув за пошироки видици и размислувања.Промашеност во
животот,професијата и љубовта.Многумина живеат во сопственото заробеништво,во
ривалитет,без чувство за препознавање на вистинските вредности кои ги поседуваат луѓето.Секој
живее една животна нишка во која освен работа и страст, а не вистинска љубов за друго не може
да се најде место.Балзак смета дека мирот и спокојството на секојдневието не се плаќа со никакви
пари.

Делото Шагринска кожа претставува пример дека човекот треба да остане човек и покрај сите
препреки и тешкотии кои му го трасираат патот.Да успее да ја покаже човечноста и да подаде рака
на друг кога е најпотребно.Само со човечност и негување на основните човекови вредности ќе
покажеме дека сепак надежта за поубав живот последна умира.Кога еден ден ќе погледнеме зад
себе,човечноста и добрите дела е она што ќе ни измами насмевка,не куќата која сме ја
изградиле,ни богатството кое сме го стекнале.

You might also like