You are on page 1of 2

Вујко Вања - Антон Павлович Чехов

Секој на свој начин ја гради сопствената среќа, но постојат и


такви луѓе кои континуирано ги повторуваат направените грешки, без
ништо да научат од нив. Токму тоа ги оддалечува од примарната цел,
да бидат среќни. Pускиот новелист, раскажувач и драматург Антон
Павлович Чехов, во книжевноста се појавил со кратки хуморески од
обичниот живот и веднаш ја потврдил својата извонредба дарба за
забележување, длабоко разбирање на суштината на човештвото и
смислата за нејзиното духовно обликување.Во своите дела Чехов ги
прикажува обичните луѓе, осудени и отфрлени од својата средина.
Драмата „Вујко Вања“е излезена од неговото перо и претставува
една безвременска пиеса во четири чина во којашто лирското јас
преовладува долж 100-те страници. Живеејки во типично руско село
од тоа време, на имотот од кој се откажал во интерес на својата
покојна сестра, Вујко Вања, човек без свои жена и деца се грижи за
доброто на својата внука. Работливиот и скромен Ивањицки смета
дека мирот и спокојството на секојдневието не се плаќа со никакви
пари. Но, секојдневието го нарушува враќањето на Серебрјаков со
својата втора жена, 27 годишната Елена. Наспроти Вујко Вања,
работлив и морален обичен човек,застанува овој љубител на
развратниот живот, самобендисан егоист и внесува огромен немир
меѓу нив. Дење, додека Вујко Вања, Соња и пропаднатиот спахија
Телегрин работат да му обезбедат лагоден живот, тој спие. Вујко
Вања од секојдневен човек кој и самиот е заљубен во Елена и кој
радостите од љубовта ги потиснал длабоко, станува ѕвер кога го види
селскиот лекар Астров како се обидува да ја прегрне преубавата
Елена. Кулминацијата настапува во мигот кога себичниот Серебрјаков
им соопштува дека решил да го продаде имотот. Психичкото
растројство како молња го погодува Вујко Вања. Само случајноста го
спасува Вујко Вања да не стане убиец. За негова среќа, но и за среќа
на сите тој промашува кога пука . И како што умее само Чехов,
расплетот настапува сам по себе. Себичниот Серебрјаков заминува
од имотот, носејки го со себе јаболкото на раздорот, младата Елена.
Останатите продолжуваат да го живеат секојдневието. Овие обични
луѓе напред ги води убедувањето на младата Соња дека во некој друг
живот сите тие ќе бидат наградени за својата добрина.
Со едноставниот јазик на кој зборуваат јунаците на Чехов се
отсликува музиката на секојдневието и со вешто компонираната
лирика е испеано тажното умирање на еден свет на крајот на стариот
и почетокот на новиот , можеби подобар век.

You might also like