You are on page 1of 1

СОФОКЛЕ „Царот Едип“

- Софокле (496-406 год. п.н.е.) – еден од тројцата големи грчки трагичари


од антиката. Роден е во Колон, близу Атина, во семејство на занаетчија
(татко му имал работилница за оружје). На 27-годишна возраст се
пријавил на првиот драмски натпревар и го предизвикал Есхил, кој веќе
бил познат и признаен автор на трагедии. Уште на првиот натпревар
Софокле победил и почнал да ја гради својата кариера како драмски
автор. Имал и дипломатска кариера (учествувал во мисии на островите
Хиос и Лезбос). Напишал 123 драми, од кои се сочувани само 7: „Електра“,
„Трахинки“, „Ајакс“, „Филоктет“ и трилогијата „Царот Едип“, „Едип во
Колон“ и „Антигона“. За развојот на трагедијата е значаен по тоа што го
вовел третиот актер, ја намалил улогата на хорот, а го зголемил бројот на
неговите членови (од 12 на 15) и ги создал првите неоргански трилогии
(меѓусебно неповрзани, освен преку ликовите, за разлика од органските
трилогии на Есхил). Ликовите на Софокле не се божества, туку
идеализирани луѓе кои се борат за своите цели и идеали, наспроти
законите на судбината.
- „Царот Едип“ – прва трагедија од трилогијата за Едип, најтрагичниот лик
од старогрчката митологија. Како и сите други старогрчки трагедии,
заснована е врз митологијата, односно врз митот за Едип (во прилог е
даден линк до митот).
Содржинска анализа и анализа на ликовите од трагедијата ќе најдете во
учебникот на стр.254 -260.
Митот за Едип

https://youtu.be/497yI927vJw

You might also like