You are on page 1of 2

„ 

Потрага за бесмртост, вечниот живот


и вечната младост “

Епот за Гилгамеш е најстарото литературно дело. Овој сумерско – вавилонски


еп е создаден неколку векови пред славните Хомерови епоси. Основната тема на епот
за Гилгамеш е потрага за вечниот живот, за вечната младост, потрага за бесмртност.

Моќта на Гилгамеш била беспрекорна, секој знаел за неговата моќ:

" Две третини од него е бог.


Една третинае човек.
Никој во светот ширум
на него сличен не е "

Но, неговата моќ и неговиот страв го заслепиле неговото срце. Измачувајќи го


народот на градот Урук тој градел ѕидови да се заштити од непријателот, да се
заштити од смртта:

" Сега се плашам трперам од ветрот на смртта.


Би побегнал но не знам , сегде ќе ме стигне..."

По молба на народот, боговите го создаваат Ендику, кој е рамен во сила и


издржливост со Гилгамеш. Гилгамеш се спријателува со Ендику и тие заедно
извршуваат повеќе јуначки дела. Нивното пријателство завршува со смртта на Ендику.
Пријателството со Гилгамеш претставувало казна од боговите, која Ендику ја платил
со својот живот. Освен болката Гилгамеш го почуствувал и неговиот најголем страв -
страв од смртта. Фактот дека и самиот еден ден ќе умре, го потикнал да ја пронајде
бесмртноста. Планини, мориња, богови, соочувајќи се и дури со неговиот прататко
Угнапиштим, не го спречиле да дојде до неговата цел. Неговата упорност и
издржливост била наградена со тревка – тревка на бесмртност. Неговата идеја да ја
подели со сите, не успеала и тревката завршила во устата на една змија. Разочарен, тој
се враќа во родниот град и се помирува со фактот дека потрагата по вечната младост и
бесмртност е сосема залудна работа, еден вид на илузија.
Да,Гилгамеш не ја пронашол бесмртноста, но оставил зад себе голема трага. И
покрај толку години како да ни порачува:

Живеј! Не трагај по онаа што го немаш, туку биди благодарен на се што имаш. Живеј
го овој момент, бидејќи животот е во патувањето а не во целта.

You might also like