You are on page 1of 4

Гилгамеш

ПРВА ПЛОЧА
- Се опишува ликот на Гилгамеш. Тој бил крал на Урук. Бил две третини бог, една третина
човек. Бил многу силен и многу храбар, но, бил многу строг: ги одделувал мажите од
жените и постојано ги терал да работат. Околу Урук изградил големи тврдини и постојано
сакал да гради и работи, сакал совршенство. Гилгамеш сакал да биде најдобар иако знаел
дека ниту еден човек на светот не е совршен. Поради тоа што бил многу строг и суров,
луѓето постојано се жалеле затоа што многу ги терал да работат. Им се пожалиле на
боговите и божицата Аруру од глина го направила Еднкиду и му внела душа со плунка.
Енкиду го создале за да му се спротистави на Гилгамеш за да го освести, да го врати во
светот на реалноста и Гилгамеш да не биде толку строг и суров. Енкиду пораснал во
степите далеку од луѓето. Се однесувал како животните и постојано бил заедно со стоката
на луѓето. Еден од тие луѓе, ловец, му се пожалил на Гилгамеш и тој му рекол на ловецот
да однесе жена која ќе му го одвлече вниманието и тој ќе се оддели од стоката. Планот
успева и Енкиду со жената доаѓа во Урук. Тогаш се исполнува и пророштвото на мајката
на Гилгамеш која предвидела дека во Урук ќе дојде човек кој ќе му се спротистави на
Гилгамеш и ќе започне борба која на крајот завршува добро, односно Енкиду и Гилгамеш
стануваат пријатели.

ВТОРА ПЛОЧА
- Сите му се поклонуваат на Енкиду кога доѓа и го пречекуват со црвен тепих. Тогаш се
случува и борбата помеѓу Гилгамеш и Енкиду, каде иако Гилгамеш победува, сепак тие
стануваат пријатели со Енкиду. Мајката на Гилгамеш го прифаќа Енкиду како син, а
Гилгамеш го смета Енкиду за свој брат. Потоа Гилгамеш му кажува на Еднкиду за
Хумбаба, чувар на кедровите шуми. Хумбаба го навредил богот Шамаш и затоа гилгамеш
бил пратено да го убие.

ТРЕТА ПЛОЧА
- Енкиду бил роден во степите и тој начин на живот го знаел. Затоа што не можел да седи
веќе во Урук тој повторно заминал во дивината. Но животните не го сакале веќе и бегале
од него. Затоа тој сите ги проколнал затоа што го довеле да живее меѓу луѓето, го довеле
за да направи грев. Гилгамеш многу жалел по својот другар и затоа тргнал да го бара. Тој
повторно го вратил Енкиду во Урук. Тогаш Енкиду сонувал многу лош сон за неговата
смрт, а Гилгамеш правел стари ритуали со кои ќе го псречи сонот да се исполни.

ЧЕТВРТА ПЛОЧА
- Гилгамеш и Енкиду поминуваат голем пат за да го убијат чуварот на кедровите,
Хумбаба. Прво се сретнуваат со чуварот на Хумбаба. Во оваа битка помагаат и боговите ,
односно ги тргаат магичните наметки на чуварот за тој полеснода може да се победи.
Гилгамеш и Енкиду го поразуваат чуварот на Хумбаба и продолжуваат по патот за да го
убојат Хумбаба. - Енкиду сонува лош сон и му трне раката, но Гилгамеш мисли дека сонот
е добра и го теши Енкиду дека се ќе биде добро. Тие одат и го поразуваат со Хумбаба, а во
Урук се враќаат како јунаци заедно со неговата глава.

ШЕСТА ПЛОЧА
- Иштар го вика Гилгамеш да и стане љубовник и да дојде да јаде од храната на боговите,
но Гилгамеш ја одбива нејзината покана. Иштар се лути и му казува на татко и, а тој
испраќа небесен бик за да го убие Гилгамеш. Но, Гилгамеш заедно со Енкиду го убиваат
бикот. Тогаш, Иштар жали по неберсниот бик а боговите прават одлука за тоа кој ќе умре:
Ендкиду или Гилгамеш. Сепак смртта ја одредуваа на смртните – на луѓето, односно
одлучуваат Енкиду да умре.

СЕДМА ПЛОЧА
- Енкиду повторно сонува лош сон во кој се опишува неговата смрт. Сонот се исполнува и
Енкиду легнува болен и умира. Гилгамеш тагува по смртта на својот другар и дури не ни
го погребува.

ОСМА ПЛОЧА
- Гилгамеш сеуште го жали Енкиду. Раскажува за сите работи кои ги преживеале и
поминале заедно.

ДЕВЕТТА ПЛОЧА
- Гилгамеш гледајќи ја смртта на својот другар почнувада се плаши од смртта и како тој ќе
умре. Затоа излегува од Урук и трча по степите, трча далеку од смртта. Трча за да најде
начин за бесмртност. Одејќи стигна до планината Машу, каде портата на небото ја чувале
два џинови. Над градите тие изгледале како луѓе, а долната половина им била како на
скорпија. Тие го прашале Гилгамеш зошто дошол тука, а тој им кажал дека барал лек од
смртта и тагувал по својот починат другар. Тие му дозволиле да помине. Тој одел еден ден
во темница за да стигне до другио крај каде што ќе го најде Утнапиштим. По еден цел ден
тој конечно стигнал на небото, во градината каде што се наоѓале боговите. Го гледа богот
Шамаш и го прашува да му го покаже патот за да дојде до Утнапиштим кој ќе му каже
како да стане бесмртен. Шамаш на Гилгамеш му вели да оди кај Сидур Сабиту која го
чува дрвото на животот.

ДЕСЕТТА ПЛОЧА
- Сидур Сабиту го гледа гилгамеш како го бара влезот до нејзината градина и уплашена ги
атвора порите. Но, Гилгамеш доаѓа до посртите и се заканува дека ќе ги скрши доколку
таа не ги отвори. Принудена, таа ги отвара портите и Гилгамеш велгува во нејзината
градина. Таа го прашува зошто патувал толку и што сакал да дознае. Тој и објаснил за
тагата поради смртта за својот другар Енкиду и дека го бара Утнапиштим. Таа му кажува
дека за да стигне до Утнапиштим треба прво да го најде неговиот бродар, Ур-Шанаби, кој
ќе го пренесе преку реката на смртта. Така Гилгамеш ја напушта градината на Сидур
Сабиту и го бара бродарот. Кога го наоѓа бродарот, тој му вели на Гилгамеш дека треба да
изделка 120 даски за да направи брод. Гилгамеш оди во шумата и сече дрва од кои прави
брод. Ур-Шанаби го пренсува Гилгамеш преку реката на смртта. Гилгамеш потоа го
расклопува бродот и од даските прави пат по кој оди до копното каде што е Утнапиштим.
Тогаш тој конечно се среќава со Утнапиштим. Гилгамеш на својот прататко Утнапиштим
му раскажува зошто дошол кај него и му ја раскажал приказната за својот починат
пријател.

ЕДИНАЕСЕТТА ПЛОЧА
- За време на нивната средба, Утнапиштим му раскажува на Гилгамеш како тој станал
бесрмтен. Но, му кажува и зошто постои смртта и зошто секој не може да ја има. Му
кажал дека многу одамна боговите одлучиле везниот живот за себе да го зачуваат а смртта
да ја остават на луѓето. Бговите исто така одлучиле да живеат високо на небото, а луѓето
ги оставиле долу на земјата. Гилгамеш, кој досега никогаш не бил уморен црвсто заспал.
Утнапиштим го допрел и го разбудил. На својот бродар му рекол веќе дека не сака да го
види како носи смртни луѓе и му рекол Гилгамеш да го однесе на местот за капење да за
се измие. Тој му дал на Гилгамеш нови алишта кои немало да се искинат се додека
гилгамеш не се врати во Урук. Утнапиштим на Гилгамеш му кажал тајна за тревката на
бесмртноста. Таа се наоѓала длабоко во морето и била слична на коприва. Враќајќи се
назад, Гилгамеш се нурнал во морето и скинал од тревката на бесмртноста. Кога дошле до
копното, тој легнал да одмори, радосен што ќе им ја даде на луѓето и војниците од Урук.
Но, една змија која поминала покрај него ја видела тревката и ја украла тревката од
гилгамеш. Така Гилгамеш разочаран се вратил во Урук.

ДВАНАЕСЕТТА ПЛОЧА
- Гилгамеш е во Урук но тагува по својот другар. Затоа тој бара начин како повторно да
го иди својот другар. Тој оди до портите на Подземјето каде поминува низ седум порти и
низ секоја порта соблекува облека, а кога поминува низ последната порта останува гол
пред божицата на Подземјето. Од неа бара да го види својот пријател Енкиду. Првично таа
не дозволува, но потоа прави отвор на земјата и ја праќа сенката на Енкиду за да се види
со неговиот другар Гилгамеш. Гилгамеш има толку многу прашања за својот другар, но
сенкета на Енкиду исчезнува. Гилгамеш разочаран се враќа во Урук, каде заспива, амсртта
го стигнува во неговиот сон. Тој сепак не успева да го наје решението за смртта, со што се
покажува дека дури и кај најслините и најхрабрите има крај на нивниот живот...

You might also like