You are on page 1of 18

ЦАР ЕДИП

- СОФОКЛЕ

Изработила:
Кала Дренковска I-2
СОДРЖИНА
Старогрчка трагедија............................................................................3
Улогата на хорот во трагедиите.........................................................6
Биограијата на Софокле.......................................................................7
Анализа на трагедијата за ,,Цар Едип”.............................................9
Структурата на Трагедијата за ,,Цар Едип’’...................................11
Ликовите во делото...............................................................................14
Ликот на Цар Едип................................................................................15
Користени извори..................................................................................18
СТАРОГРЧКАТА ТРАГЕДИЈА

Според дефиницијата која ни ја дава


Аристотлел трагедија е литературно дело од
родот на драмата, и во неа се прикажува еден
заокружен настан. На ова тој додал дека
начинот на прикажувањето на делото не
треба да биде преку раскажување, туку преку
лица кои дејствуваат (односно со тоа сакал да
каже дека е дело кое се оживува на сцена)

Трагедијата треба да биде напишана на дотеран говор, што има рирам,


хармонија и песна. Според Аристотел заокружена содржина и дотеран
говор се двете најважни одлики на трагедијата. Заокружена цела е всушност
фабулата на трагедијата. За фабулата тој сметал дека е најважен елемент во
трагедијата, бидејки преку неа се развива дејството и се откриваат
карактеристиките на ликовите, а фабулата ги вклучува и перипетиите и
препознавањето ( неочекувани пресврти кои го насочуваат драмското
дејствие во друга насока)
Карактерот на личноста во трагедијата е на
второ место по фабулата, која е ,,душата на
делото’’. Личностите во античките трагедии не
се индивидуализирани, но имаат една
заедничка особина како трагични личности.
Трагични личности се нарекуваат поради тоа што се во постојан
судир со непромисливи сили, олицетворени во боговите и
судбината. Уште една карактеристична особина на трагичните
личности е поседувањето силна, непоколеблива волја.

Трет белег што треба да го има


старогрчката трагедија, се мислите
што во неа се изнесуваат преку
личностите, а тоа значи, личностите
треба да зборуваат како што треба.Тие
при зборувањето треба да искажуваат
мисли со кои нешто треба да се докаже,
или пак се изнесува некое општо
прифатено мислење.
Другите белези на старогрчката трагедија произлегуваат од нејзината
намена да биде прикажана на сцена. Музиката, песната и сценографијата
се украсни елементи на трагедијата, поставена на театарска изведба.
Според Аристотел добрите трагедии и без сцена и актери оставаат силен
впечаток кај читатело, бидејки се поетски дела.

Структурата на старогрчката трагедија се состои


од овие делови:
►Пролог (еден вид на вовед во темата на
трагедијата и може да биде во вид на монолог или
дијалог)
►Епизода (најчесто се средните чинови, и тоа е
случка која е завршена целина, на која тематски и
содржински и се сврзуваат другите епизоди)
►Ексода (завршниот чин во трагедијата)
►Хорските песни (од два вида: пароди и
стасимони)
УЛОГАТА НА ХОРОТ ВО ТРАГЕДИИТЕ

Во секоја страогрчка трагедија,


освен ликовите, учествувал и
хор од 12 со 14 лица кои биле
постојано пристни на сцената
(орхестра) Хорот имал задача да
искажува мислење и оценка за
тоа што се случува, да дава
совети на ликовите и да ја
пренесува заповедта на
боговите. Хорските песни биле
од два вида: пароди (пристапни
песни) и стасимони (песни што
хорот ги пее стоејки на
сцената). Кога драмата била
комедија пееле 25 хористи, а
кога била трагедија доволни
биле и само 12.
БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ – БИОГРАФИЈАТА НА СОФОКЛЕ

Софокле бил старогрчки драмски писател, еден од


основоположниците на трагедијата како драмски вид во
европската литература. Софокле е роден во местото
Колон, близу до Атина, а потекнувал од почитувано
семејство. Детството го поминал во родното место. Во
еден период од својот живот активно учествувал во
политичкиот и општествениот живот на Атина.  

Извесен период бил свештеник на богот Амин


(бог на лекарите). Освен што бил пријател на
Перикле, одржувал пријателски врски со
многу поети и уметници во тоа време. Софокле
умрел во 406 година п.н.е. и бил погребан во
семејната гробница. Државникот Ликург се
погрижил драмите да му се препишат и да се
чуваат во државниот архив.
Книжевната работа на Софокле опфаќа период од шест децении, во кое
време според сведоштвата на некои антички писатели, тој напишал 123
драми, од кои на 114 им се познати само насловите, а зачувани се само
седум: „Цар Едип“, „Едип во Колон“, „Антигона“, „Електра“, „Тројанки“,
„Ајант“ и „Филоктет“. Исто така, сочувана е и делумно оштетената драма
„Ловечки пци“, која била пронајдена во 1911 година на
еден папирус во Египет.

Антигона Филоктет Цар Едип


\ ЗА ЦАР ЕДИП
АНАЛИЗА НА ТРАГЕДИЈАТА
Трагедијата Ојдип тиранин била најпознатата и најславната
грчка трагедија, која што Атистотел во својата поетика ја
посочува како идеален образец (модел) за трагедија. Темата на
трагедијата ,,Цар Едип” е заокружен настан од животот на
Едип во мигот кога е обвинет дека е убиец на царот Лај, а
последица од ток чин е чумата која пустоши во градот Теба.
Сите случки прикажани во трагрдијата се поврзани со ова
обвинување. Сите тие случки се прикажани во епизоди и во
нив се кажува каде, кога и зошто се случило Едип да стане
таткоубиец, цар и родоскверник.
Оваа трагедија е напишана во ритмички органзиран
говор, односно во стихови и била придружувана со
музика и песна. Стихот на трагедијата е хексаметар со
шест ритмички стапки. Стиховите во македоснкиот
превод се дванаестерци.

Фабулата ги влучува и перипетиите и препознавањето. Подолу е даден


приказ на почетното дејство, перипетијата и финалното дејство на
трагедијата од два аспекти:

Текот на трагедијата од аспект на трагичниот лик


Почетно дејство Перипетија Финално дејство
Ликот прави грешка поради не Ликот ја сфакја сопствената Ликот бесконечно страда.
знаење или бес. Себе си се вина. Ликот му се подчинува на
смета за невин и смета дека божествениот поредок
неправедно страда.

Текот на трагедијата од аспект на гледачот


Почетно дејство Перипетија Финално дејство
Погрешно мислење Сознавање на вината Објективно знаење: ликот е
(незнаење) виновен. Катараза-чувство за
Верува во невиноста на ликот божја правда, богопочит
и неговото страдање
Сочуствува со ликот
Се плаши од неправедната
божја сила
СТРУКТУРА НА ТРАГЕДИЈАТА ,,ЦАР ЕДИП”

Прологот (вид вовед во темата на трагедијата, почетен чин)–го сочинува


разговорот помеѓу Едип и свештеникот на Зевс, од кој разговор се открива дека
Едип треба да дознае кој е убиецот на Лај, за да се спаси градот од чумата.

Епизода (средните чинови)–оваа трагедија содржи 6 епизоди


Првата епизода: прикажано е доаѓањето на на старците и свештаникот на богот
Зевс, со молба да го спаси градот од чумата.
Втората епизода: кај Едип доаѓа пророкот, гаталецот Тирејсиј за да му каже дека
услов да се искорени чумата е да се открие и казни убиецот на царот Лај, а убиецор
е Едип
Третата епизода: прикажано е расправијата меѓу Едип и Креонт (расправијата е
околу убиството на царот Лај и и разговорот со пророкот Тирејсиј)
Четврта епизода: се прикажува доаѓањето на на Јокаста, која го заштитува братот
Креонт. Во разговорот со Едип за да го успокои му раскажува дека Лај бил убиен од
разбојници за што посведочил нивниот роб кој бил во Лајвовата придружба. Уште
му раскажала каква трагична судбина имало нејзиното прво дете, кое било
однесено и оставено на планината Китајрон, каде што веројатно и починало. Овој
факт го негирал пророштвото дека Лај ќе биде погубен од синот. Едип на неа и
раскажал зошто го напуштил Коринт (тоа го сторил за да избега од пророштвото).
Петтата епизода: е прикажано доаѓањето на коринскиот гласник, кој го известува Едип,
дека починал татко му Полиб. Оваа вест Едип и го разжалостила и го успокоила
истовремено. Тоа значело дека пророштвото е лажно. Татко му Полиб умрел од
природна смрт. Но, набргу од гласникот ќе дознае дека Полиб и Меропа не му се
вистински родители, со што се потврдува сомнението дека Едип е таткоумиец и
родоскверник.
Шестата епизода: е всушност, ескода во која доаѓа до расплет на драмското дејствие.
Гласникот од дворецот го известува Едипадека Јокаста се обесила со својот појас,
бидејки ја открила стравотната вистина за Едип, како таткоубиец, а за себе дека е
голема грешница. По оваа вест, Едип си ги ископал очите, и бара од Креонт да биде
казнет и испратен во прогонство.

Ексода–е последната епизода во драмското дејствие (шестата епизода)

Хорските песни – Пародата односно пристапната песна во ,,Цар Едип” е составена од


три строфи и три антистрофи, во кои е искажана молба до боговите Зевс, Аполон, и
Атена, да им помогнат на жителите на градот кои боледуваат. Има многу мртви, мајки
и белокоси старици, крај олтарите липаат и плачат. Пример од песните:
II СТРОФА
О, безброј маки трпам јас:
Сиот народ ми болува,
А нема да блесна мисла некоја,
Таа одбрана да е.
Плодови веќе не успеваат в славна земја,
Ниту жени не можат да издржат тешки породилни маки;
Тема на трагедијата: злосторството и казната на цар Едип, кој без да
знае по игра на случајноста го убил татко му, а се оженил за својата мајка
Местото на дејствието: царскиот двор на Теба
Времето на дејствието: V век пред нашата ера

►Првиот чин е експозиција (се најавува несреќата што ќе се случи)


►Втортиот чин почнува недоразбирањето меѓу личностите – заплетот
►Третиот чин има градација на заплетот, односно недоразбирањата се
зголемуваат
►Четвртиот чин се прикажани душевните страдања на царот едип
(има и лирски елементи)
►Петиот чин започнува расплетот ( се открива вистината за убиецот
на царот Лај)
►Шестиот чин е ексодата односно финалното дејствие
ЛИКОВИТЕ ВО ДЕЛОТО
Едип – главниот лик во трагедијата, а истоврмено и цар на Теба
Јокаста - нжената на цар Едип
Креонт –брат на Јокаста
Тирејсиј – пророк и гаталец, свештеник на богот Зевс

Јокаста Креонт Тирејсиј


ЛИКОТ НА ЦАРОТ ЕДИП
Едип е централна личност во
трагедијата ,,Цар Едип”. Едип е
трагичен јунак чија совест е оптоварена
со два големи престапи: убиството на
татко му и женидбата со мајка му.
Инаку, Едип е чокек со бистар и аналитички ум. Тој ја решол загатката
што Сфингата им ја посатвувал а на граѓаните на Теба, по што станал
славен и моќен. За награда го бил царскиот престол, а кралицата вдовица
за жена. Свештаникот на богот Зевс го нарекува најумна глава, шти ги
усреќила и спасила од помор жителите на еден град. Се покажал како
мудар и благороден владетел, сакан од народот кој му верувал и во сите
ешки мигови од Египа барал помош. На оваа доверба Едип одговарал со
крајно одговерен однос кон сите барања на граѓаните, за кои вели: ,,А јас
во срцето го има градот, себе, тебе, еднакво’’. Тој не може ни да помисли да
не им помогне во неволја и затоа кога се дојдени со молба да се искорени
чумата од градот им вели: ,,...ќе помогнам, од се срце во се. Јас бездушен би
бил, да не се сожалам на таков молбен збор”.
Како цар бил правдољубив. Во името на правата на граѓаните им
ветил и се заколнил дека ќе го казни виновникот за чумата. Од
боговите како услов да престане поморот, била наредбата да се
пронајде убиецот на царот Лај. Едип веднаш презел мерки да се
открие извршителот, и ги испратил Креонт и пророкот Тиресиј да се
зафатат за истражување. Резултатот од истражувањето за Едип бил
потресен, бидејки се отктрило дека убиецот не е никој друг, туку
самиот тој. Едип ова го сфатил ова како клетва, но иако се разлутил не
ги казнил веднаш клеветниците. Лично се зафатил да открие дали е
точно тоа што наводно го кажале боговите за него. Тиресиј му открил
еден друг грев, дека живее во брачна врска во мајка му, која сега му е
жена. Овие обвинувања коренито ќе му го изменат животот на Едип.
Целосно ќе се посвети на мислата да ја открие вистината како се
случило да го обвинат дека е таткоубиец и родоскверник. За да не се
случи токму тоа, тој избегал од Коринт, каде што живееле татко му
Полип и мајка му Меропа. Се запрашал како можеле боговите да
направат таква грешка. Црвот на сомнението почнал да го гризе во
душата и почнал да бара докази дали боговите се во право. Кога
открил дека навистина е таткоубиец и родоскверник, не смилсено и
со намера, туку по волја на судбината бил најнесреќниот човек
бидејки луѓето почнале да го одбегнуваат и да бараат да биде
испратен во прогонство.
Едип се срами од чинот што се оженил со
мајка му и бара најстрого да го казнат, бидејќи
нема ништо полошо од тоа што го сторил. По
тоа што се открило за него, веќе не бил ни
мудар, ни најумен, ни правдољубив, ни
благороден цар. Целиот живот се борел да го
избегне злото, затоа ги напуштил Полип и
Меропа, за кој мислел дека му се родители. Но,
во борбата со судбуната, победила таа. Едип,
во размислувањата за гревот и казната како
државник и владетел се ставил на страната на
првадата. Бидејки бил цар и немало поголеми
од него да му судат, доследен на своите
убедуваесудил сам, со две казни: си ги ископал Едип се самоказнил и си ги
ископал очите
очите (тоа била физичката казна), а наместо да
го погубат одбрал да биде прогонет, со што
духовно ќе биде казнет до крајот на животот.
Користени извори
https://www.collinsdictionary.com/dictionary/english/greek-tragedy
https://es.wikipedia.org/wiki/S%C3%B3focles
https://www.ancient.eu/Greek_Literature/
https://
www.enotes.com/homework-help/why-does-oedipus-blind-himself-this
-an-act-279049

You might also like