You are on page 1of 2

​Симболиката на круговите во ‚‚Пеколот‘‘

​Данте Алигиери се смета за татко на италијанската книжевност.


Најзначаен, најплоден и најдобар автор кој италијанската книжевност воопшто
некогаш го имала. Најкапиталното дело на Данте е Боженствената комедија која
содржи 3 дела од кое најзначајно е Пеколот. Тој го претставил пеколот како
инка од девет круга кои се како длабоки дупки. Во секој круг се грешниците кои
се распоредени според своите гревови. Колку гревот е поголем, толку подлабоко
се наоѓа грешникот.

Пред портите на пеколот Данте ги сместува многубошците, античките поети и


филозофи како Хомер, Хорациј, Овидиј, Сократ, Платон итн. Со чамец доаѓа
старецот Харон кој ги пренесува преку реката Ахерон.

Во вториот круг се сместени прељубниците, оние што се подале на страст. Тука


дувал страшен и студен ветер кој ги влече и врти жртвите.Таму се сместени:
Клеопатра, Елена, Парис, Тристан и Изолда, Ахил итн.

Во третиот круг ги пречекува троглавото куче Кербер, кој претставувал чувар на


пеколот. Тука се сместени лакомите луѓе и пијаниците, а нивната казна е вечен
дожд, леден град и смрдеа што се шири.

Во четвртиот круг се скржавците, горделивите, расипниците кои за казна


туркаат карпи (вреќи со злато) а врз нив се кршат бранови.

Во петиот круг се злобните кои што никому добро не направиле , како и оние
кои за власт се борат и Данте ги споредува дека се како свињи потонати во
калта. Данте и Вергилиј ги пренесуваат преку реката Стикс.

Во шестиот круг Данте и Вергилиј влегуваат во градот Дис кој бил опкружен со
ѕидини. Атмосферата е жешка, вжарена, се слуша пискот и лелек и тука се
сместени еретиците.

Во седмиот круг ги пречекува Минотаур кој е пола човек - пола бик. Седмиот
круг е составен од три ката со оние кои грешат на ближните, па самоубијците, а
во третиот кат биле лихварите, и богохулителите.

Кај осмиот круг чувар е Герион кој е суштество со човечки лик, но со змиски
труп и две канџи со влакна. Кругот има насип по кој се качуваат луѓето, но не
можат да се искачат. Тука се сместени лакомци, сводници, заводници;
ласкатели, како и трговците со свети предмети , гатачи, волшебници, пророци,
измамници, лицемери и крадци.
Влезот на деветтиот круг го чуваат страшни џинови и во него се е замрзнато од
студот и ветрот што го прават крилјата на Луцифер.Во овој круг се сместени
предавниците како Каин кој ги симболизира предавници на својот род, Антенор
-предавниците на татковината, Птоломеј - предавниците на пријателите и Јуда -
предавниците на Христос.

Можеме да заклучиме дека Данте Алигиери целата атмосфера во пеколот ја


претставува како страв, несреќа, болка, ужас, каде се е или студено, замрзнато,
ветровито или многу жешко, а грешниците се голи за да ги почувствуваат
студот или жештината. Претставено е со непријатни бои, како и миризби -
смрад, кал, чад, скапано, како и непријатни звуци- лелеците, плачот,
воздишките, врисокот, пукањето на мразот, гребењето на ноктите итн.

You might also like