You are on page 1of 3

СОЦИОЛОГИЈА

1. ПРЕДМЕТ НА ПРОУЧУВАЊЕ
- Социологија е најопшта општестена наука. Се појавила во првата половина на 19 век во западноевропските
држави АГФ. Доаѓа од зворовите социетас и логос.
- 3 револуции:
1. Зголемен фонд на знаења за луѓето во тоа време.
2. Паралелно со развојот на пр. Науки имало потреба од развој и на општествените науки.
3. Самата општествена ситуација во тоа време ја наметнала потребата од појава и развој на социологијата.
(модерно производство, процес на инустријализација и процес на урбанизација).
2. ОСНОВАЧИ НА СОЦИОЛОГИЈАТА
- ОГИСТ КОНТ (1798 – 1857) и го дал името на социологијата, кованица од два збора: од старогрчкиот „logos““ и
латинскиот „societas“, со значење - практична позитивна наука за општеството. Конт тврдел дека однесувањето на
луѓето e подеднакво мерливо како и материјата.
- КАРЛ МАРКС (1818 - 1883) е германски интелектуалец, кој поради своите револуционерни активности бил
протеран од Германија и поголем дел од животот го поминал во Лондон. Според негово мислење, целта на
општествената наука е низ практиката да го менува светот. Според него, во сите општества каде постоеле две
спротивставени класи, постоела нееднаква распределба на богатството и моќта.
- ЕМИЛ ДИРКЕМ (1858 - 1917) е претставник на позитивизмот. Тој ја дефинирал социологијата како наука за
општествените факти. Диркем го проучувал и самоубиството и се обидел да го објасни со помош на
општествените факти. Проучувајќи статистички податоци, дошол до заклучок дека поединците не се самоубиваат
по сопствен избор, туку нешто ги тера да го направат тоа.
- МАКС ВЕБЕР (1864 - 1920). Тој социологијата ја сфатил како наука која треба да го разбере и протолкува
дејствувањето на луѓето во општеството. Вебер разликува четири типа на општествено дејствување: целно-
рационално, вредносно-рационално, традиционално и афективно.
3. СОВРЕМЕНИ ОРИЕНТАЦИИ/ТЕОРИИ НА СОЦИОЛОГИЈАТА
- СОЦИОЛОШКИТЕ ОРИЕНТАЦИИ (теории) се учења за општеството, логички поврзани и практично проверени
ставови со кои се објаснуваат и предвидуваат општествените појави.
- ФУНКЦИОНАЛИЗМОТ е највлијателна теорија во современата социологија. Централно место во нејзиното
проучување не е поединецот, туку општеството како систем од меѓусебно поврзани делови. Основното прашање
кое си го поставуваат функционалистите е - која е улогата на делот во функционирањето на системот.
- ТЕОРИЈА НА КОНФЛИКТОТ Корените на оваа теорија се наоѓаат во делата на Маркс. Таа е сосема спротивна на
функционализмот. Наместо стабилноста на општеството, приврзаниците на оваа теорија ги интересирале
причините поради кои доаѓа до конфликти и судири во општеството. Откриле дека конфликтите настануваат
поради нееднаквата распределба на моќ во општеството. Со исклучок на првобитното општество, во сите типови
на општества, една класа секогаш ги поседувала средствата за производствО, а другата класа немала ништо, освен
работна сила. Маркс предвидел дека противречностите помеѓу двете класи можат да се решат само по пат на
класна револуција.
- СИМБОЛИЧКИ ИНТЕРАКЦИОНИЗАМ Го проучувале американците Џорџ Мид и Чарлс Кучи. Според нив човекот и
општеството треба да се проучуваат заедно. Општеството според нив е мрежа на интеракции меѓу поединците.
Луѓето со помош на симболите им даваат значење на меѓусебните односи. Тие им давале големо значење на
симболите....
- СТРУКТУРАЛИЗАМ е варијанта на функционализмот. Единствена разлика меѓу нив е методологијата што ја
користат во истражувањето. Функционализмот повеќе ја нагласува улогата на деловите во системот, а
структурализмот обратно, структурата на системот (целината).
- ЕТНОМЕТОДОЛОГИЈАТА претставува теоретски правец во социологијата кој има за цел да ги анализира
постапките на луѓето во секојдневниот живот и нивната смисла. Теоретичарите сметале дека општествените
појави треба да се проучуваат со народски метод, „со очите на обичните луѓе“.
4. СОЦИОЛОШКИ МЕТОДИ И ТЕХНИКИ
- Зборот метод (грчки-methodos) значи пристап, постапка, начин како да се направи нешто. Методите на
истражување мора да бидат приспособени на предметот на истражување. Она што и недостасувало на
социологијата во времето на нејзиното создавање е научниот метод. Тој овозможува објективно и систематско
опишување и објаснување на појавите. Се состои од теорија, логика и техника.
- За да може да го дефинира истражувачкото прашање, истражувачот прво треба да направи преглед на постојната
литература (теоријата) за проблемот кој сака да го истражува. Со теоријата, прво, се дефинира појавата што се
истражува, а потоа се согледува причината за нејзиното настанување, нејзиното влијание врз другите појави и врз
општеството во целина. Важно е да се напомни дека едно социолошко истражување не е можно да се спроведе
врз целокупната популација
- Логиката ги утврдува правилата, логичкиот редослед на дејствата кои треба да се преземат за да се дојде до
научните вистини за истражуваната појава. Логично е да се почне од познатото кон помалку познатото за појавата.
Правилен е оној методолошки пристап кој има ваков редослед: 1. поставување хипотези, 2. проверување на
хипотезите 3. докажување на хипотезите.
- Техниките како елемент на научниот метод се однесуваат на активностите што се преземаат и техничките
средства кои се употребуваат во различни фази на истражувањето.
- Фази (истражувачки постапки)
- 1. Избор на тема и дефинирање на истражувачко прашање.
- 2. Дефинирање на целите на истражувањето.
- 3. Поставување на хипотези.
- 4. Избор на примерок.
- 5. Избор на методи и техники за прибирање на податоци.
- 6. Обработка на податоците.
- 7. Анализа на податоците и подготвување на извештај од истражувањето.
ИСТРАЖУВАЧКИ МЕТОДИ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОДАТОЦИ
- Набљудувањето во социолошките истражувања е основен метод за прибирање податоци. Постојат два вида на
набљудување: со, и без учество на набљудувачот. Важно е оној што го користи овој метод да не влијае врз
појавата која се набљудува, туку да ја набљудува онаква каква што е.
- Анкетата претставува стандардизиран прашалник кој содржи листа на прашања (отворени или затворени) кои
испитаниците треба 21 да ги одговорат за одреден временски период од областа на истражувачкиот проблем. Во
минатото анкетите најчесто се спроведувале по пошта, а денес се популарни телефонските и онлајн анкети.
- Интервјуто е усна анкета и мора да биде добро подготвено и организирано. Вообичаено, се подготвува
таканаречената основа за разговор (прашалник) според кој се поставуваат прашањата. Недостаток на овие
техники е што луѓето често пати не сакаат да зборуваат за она што го интересира истражувачот.
- Експерименталниот метод се употребува поретко, обично при истражување на мали групи. Се избираат две
слични по состав групи на луѓе, при што кај едната вештачки се предизвикува некоја реакција, а кај другата не се
предизвикува реакција. На крајот на експериментот преку анкета се мерат разликите во ставовите кај двете групи.
ТЕХНИКИ ЗА СРЕДУВАЊЕ И ПРИКАЖУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ
- Класификација е логичка постапка со која прибраните податоци се делат според нивниот вид. Основно правило
кое важи за оваа постапка е дека поделбата мора да биде потполна и исцрпна (поделба без остаток). Во
социологијата ова тешко се постигнува поради сложеноста на општествените појави. Затоа се користи
типологијата (сложена класификација) каде класификацијата се врши врз основа на поголем број особини на
појавата што се истражува.
- Мерење. Со мерењето се постигнува поголем степен на прецизност на прибраните податоци. Претставува бројно
означување на податоците.
- Статистички методи најпрво се користеле во економијата, а денес се користат во сите општествени науки.
- Социометријата е посебна техника која се користи при истражувањето на малите групи во општеството.
- Анализа на содржина на документи е систематско испитување на избрана содржина (пишуван материјал) со цел
да се забележат некои сфаќања, ставови, намери на конкретни групи или политики за одделни прашања.
ТЕХНИКИ ЗА АНАЛИЗА И ТОЛКУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ
- Компаративен метод (споредбен) Со него се утврдуваат состојбите на појавите во одредено време, се
споредува степенот на нивниот развој, а сето тоа помага во целост да се осознае појавата.
- Мултиваријантна анализа е постапка со која се откриваат причинско-последичните односи меѓу појавите
и општеството.
- Истражување на случај (key study) вклучува интензивно и исцрпно истражување кое се спроведува врз
една иста целина: семејство, бизнис заедница, институција. Овој метод обезбедува детални опишувачки
информации.

You might also like