You are on page 1of 9

Предмет на социологијата

Социологијата претставува најопшта наука за


општеството. Потекнува од латинскиот збор “societas” кој
значи општество и грчкиот збор“logos” кој значи наука.
Во буквален превод добиваме наука за општеството.
Бидејќи социологијата не го опфаќа целото подрачје на
општествени науки, значи дека покрај неа постојат и
многу други науки.
Најопшта поделба на науки би била поделбата на
општествени и на природни науки. Постојат и политички
науки, економски науки, историски науки итн. Кои исто
така го проучуваат општеството.
Социологијата не се интересира за поединците, туку за
општествените групи и општеството како целина.
Социологијата е општа општествена наука која ги
проучува сите општествени појави. Цел на социологијата
е да даде општа визија за општеството како целина и
неговите законитости.
Недоразбирањето за тоа што точно е предмет на
социологијата настанува кога се прави обид поконкретно
да се дефинира социологијата. Социологијата е
релативно млада наука.
Општествените појави се многу покомплексни и
посложени од природните науки, што значи дека се
понедостапни. Општествените појави се неповторливи.
Социологијта во 19 век се одвојува од филозофијата како
самостојна наука. Социологијата има посебна врска со
практичната политика и е во опасност да се претвори во
нејзина слугинка.
Социологијата не проучува само одделни видови
општествени појави,, туку и заемната поврзаност и
условеност на сите општествени појави. Социолошките
истражувања се неопходни и денеска за успешно
функционирање на економијата.
Предмет на социологијата е општеството во неговата
целокупност. Социологијата ги утврдува главните
карактеристики на општеството како целина и законите
на неговото движење и развиток. Таа ги утврдува
законите на функционирање и за развиток на
општествената стуктура и општествената организација. Ги
проучува општествените појави, процеси и односи,
општествените творби и формите на човечкото
групирање, утврдувајќи ги тенденциите и законите на
нивното поврзување и развој.

Методи во социологијата

Поимот метод е од грчко потекло и значи пат или начин


за доаѓање до научно сознание или да се дојде до
вистината, а техниките на истражување се средства со кои
се служи науката при примената на методите, тие се
составен дел од методот.
Методологија – наука што се занимава со проучување на
научното сознание. Посебни науки користат и
специфични методи со кои доаѓаат до нови сознанија за
појавите што се предмет на нивното изучување.
Социологијата од своето создавање до денес има
амбиции да се изгради како емпириска наука за
општеството.
Во социологијата постојат повеќе видови социолошки
истражувања што можеме да ги поделиме според повеќе
критериуми:
- според научната цел на истражувањата се делат на
фундаментални и применети
- според временската димензија можат да бидат
просечни, лонгитудинални, панел истражувања,
временски серии итн.
- според димензиите социолошките истражувања можат
да бидат експлоративни, описни и експлонаторни.
Во социологијата постојат повеќе фази на научна работа:
1. Се прави истражувачки проект се кој се поставуваат
граници на предметот на истражување и се прецизираат
етапите.
2. Се избира тема за проучување, истражувачки проблем.
Треба да се внимава темата да не биде преширока.
3. Се формулираат хипотези за јасно да се одредат
варијаблите за кои се собираат податоци.
4. Се собираат податоците, се обработуваат и се
анализираат. На крај се пишува извештај.
За да се соберат објективни, целосни, проверливи,
системски и прецизни податоци за појавата што се
истражува, се користат различни методолошки постапки
и техники. Најчесто се користат:
Набљудувањето – се разликуваат повеќе видови научно
набљудување во социолошките истражувања. Според
начинот на набљудување тоа може да биде непосредно
или директно и посредно или индиректно. Според бројот
на набљудуваните случаи може да биде поединечно и
масовно, Според времето на набљудувањето може да
биде еднократно или етапно. Според положбата на
набљудувачот може да биде набљудување со учество
(партиципирачко) и набљудување без учество.
Интервјуто се користи за добивање емпириски податоци
преку вербална комуникација меѓу испитувачот и
испитаникот. Интервјуто може да биде слободно и
насочено. Во социолошките истражувања се користи
анкетата (пишен прашалник), а со оглед на начинот на кој
се формулирани прашањата, може да биде
стандардизирана(со дадени одговори) и
нестандардизирана(со отворени прашања).
Мерењето се користи за да се опишат појавите и за да се
дефинираат поимите. Тоа овозможува прецизно
набљудување бидејќи квантитативно(количински) ги
набљудува појавите и нивните својства. Се користи на
материјалните општествени појави како движењето на
производството и на стоката, населението и слично.
Експериментот е надгледување на појавите што се
вештачки (лабораториски) произведени заради
утврдување на причините на нивното настанување и
развој. Со помош на експериментот, се овозможува
појавата да се набљудува во поповолни услови и да се
издвои влијанието на еден фактор.
Анализа на содржината се однесува на користење
пишани документи (записници, реферати, весници, книги
итн.), кои содржат податоци и информации за одделни
страни на општествениот живот и се предмет на нашето
истражување.

Култура

Кога во социологијата се употребува терминот култура,


пред се се мисли на специфичните начини на кои луѓето
се облекуваат, приготвуваат храна, различните обреди
(ритуали). Зборот култура потекнува од латинскиот збор
cultura кој значел расчистување на земјиштето,
создавање обработливи земјишни површини за
потребите на луѓето. Со тоа значење се употребувал како
агрикултура. Во социологијата го има го има истото
значење, расчистување, но во смисла на одгледување,
негување. Најпрво тоа било негувањето на полињата, за
подоцна да се пренесе и на теренот на човекот и
негувањето (култивирањето) на неговата душа, неговото
однесување во согласност со одредени норми. Со тоа
културата претставува нешто што го создава човекот
заедно со другите луѓе, наспроти природата.
Терминот култура првпат се споменува во античкиот
период, Цицерон кажал “cultura anima” (култура на
душата). Повторно се употребил во 17 век од страна на
Жан Жак Русо како “култура на науките”.
Во 18 век се појавува терминот цивилизација кој е многу
сличен со терминот култура. Води потекло од латинскиот
збор “civilis” што значи граѓанственост, нешто што е во
врска со граѓанското општество. Терминот цивилизација
опфаќа многу творби поврзани со појавата и употребата
на пишуваниот збор, образованието, изградбата на
посебни ставови, учтивоста, друштвеноста итн. Поради
ова се прави разлика помеѓу цивилизирано општество и
варварско општество. Терминот цивилизација бил скован
од страна на Европејците.
Се сметало дека нема човечка заедница што не посакува
развој и дека историјата на човештвото претставува
приближување кон цивилизацијата.
Во 19 век се појавува антропологијата како наука што ги
проучувала примитивните општества. Англискиот
антрополог Едбард Б. Тејлор ја дал следнава дефиниција:
-Културата или цивилизацијата, е една сложена целина
што ја прават сознанијата, верувањата, уметноста,
моралот, правото, обичаите и сите други способности и
навики што ги стекнува човекот како член на едно
општество.
Во културата не спаѓаат само активности што го
усовршуваат умот(разумот), туку и многу обични нешта
како што е облекувањето, начинот на исхрана,
изјавувањето љубов, покажувањето на емоции,
одржување на хигиената итн.
Цивилизациите се сфаќаат како доста големи човечки
заедници чија хомогеност се дефинира со оглед на
одредени критериуми.

Културни сличности и културни разлики

Човечките култури се разликуваат. Постојат обиди


културните разлики да се објаснат со географскиот
фактор, т.е. еколошкиот фактор при што во објаснувањето
на културните разлики предност и се дава на околината, а
културата претставува начин на приспособување на
целокупната општествена заедница кон условите што
постојат во околината.
За да можеме да ги споредуваме културите, бараме
нешто што е заедничко за секоја култура. Во секоја
култура забележуваме дека постојат: симболи, херои,
ритуали и вредности. Ако културата ја претставиме како
еден круг, тогаш на периферијата се сместени симболите
како најманифестен елемент, потоа следуваат хероите, а
по нив ритуалите. Центарот или срцевината ја чинат
вредностите како најдлабоки изрази на културата.
Симболи – зборови, гестови, мимики, или предмети што
одразуваат одредено значење разбирливо само за
припадниците на таа култура.
Херои – тоа се лица, живи или мртви, што одразуваат
вредни нешта во културата. Културата преку хероите,
всушност, создава модели на однесувањето. Ако некоја
култура нема соодветни модели, херои, тогаш создава
легенди. Порано легендите се создавале и се
пренесувале преку средства за масовна комуникација,
пред се филмовите и цртаните серии. Хероите имаат
интегративна функција во заедницата.
Ритуали – се колективни дејствија, технички непотребни
за постигнување некоја посебна цел, но се сметаат за
социјално значајни во одредена култура. Тие се
реализираат поради самите нив.
Вредности – се срцевина, најзанчајниот дел на културата.
Тие се, всушност, ориентири(репери) што ги создава
културата и што ни помагаат да направиме избор на
нештата. Вредностите се чувства кон нештата со кои се
соочуваме со секојдневниот живот. Се смета дека детето
веќе на 10 години ги има усвоено вредностите, кои потоа
дејствуваат како условни рефлекси.

Културен идентитет и етноцентризам


Човекот не е во состојба да ја избира културата во која ќе
живее. Тој и припаѓа со своето раѓање. Процесот преку
кој едниката ги учи елементите на културата на која и
припаѓа се нарекува културализација. Процесот на
културализација во многу нешта е сличен, па дури и
идентичен со процесот на социјализација.
Соодветната култура на поединецот му овозможува да се
почувствува поинаков од припадниците на другите
култури. Врз тоа, единката го создава својот културен
идентитет.

Етноцентризам

Етноцентризам може да се дефинира како појава на


вреднување на елементите на другите култури само од
аспект на својата култура и само во нејзин прилог.
Космополитизам – филозофија на животот која смета
дека секој поединец може да си го најде своето место во
светот без оглед на која култура и припаѓа.

You might also like