You are on page 1of 7

I

ПЕДАГОГИЈАТА КАКО НАУКА ЗА ВОСПИТАНИЕТО

Педагогијата е наука која влегува во системот на науките заради тоа што ги исполнува барањата кои треба да ги исполни
секоја наука , а тоа се :

-има свој предмет на истражување

-има изградено сопствена методологија на истражување ,со која ги истражува проблемите од својата област ;

-поседува сознанија издигнатаи на ниво на законитости кои и овозможуваат изградба на сиситемот на науката

-гради постојани творечки односи со други сродни науки ,чии сознанија се во функција на нејзиниот развиток , и обратно ,
нејзините сознанија се во функција на развиток на тие науки.

РАЗВОЈ НА ПЕДАГОШКАТА ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА

Изградувањето на педагогијата како наука треба да се разгледува како долготраен и сложен процес.Нејзините корени ги
наоѓаме уште од првобитното општество ,каде човекот ги пренесувал своите искуства и сознанија до кој дошол ( за
животот , работата, обичаите и сл.) на своите блиски во заедницата во кој живеел , а посебно на младите поколенија .
Таквите први обиди на воспитанието непосредно се врзани со работата и со непосредниот живот и се нивен
неразделен дел . За тоа како се вршело воспитанието во првобитното општество, дознаваме преку цртежите кои се
откриени во пештерите и во живеалиштата на првобитниот човек , во кои меѓу другото се прикажени и сцени за тоа како
еден човек пренесува знаења на друг или најчесто како возрасните ги подучуваат помладите. Каков бил организиран
животот во првобитното општество дознаваме и преку делта создадени во периодот пред нашта ера и тоа :народните
песни наречени рапсодии ,eпосите ,,Илијада и Одисеја , во кој Хомер го опишува животот ,војните ,обичаите и сл.зборува
за тоа како се воспитувале младите војници и младите девојки ,делото ,,Кирупедија ,, од Ксенофон , кое е пишувано како
педагошко –политички роман и претставува опис на животот на персискит крал Кир-постариот.

Овој период може да се означи како предходица на појавата на педагошката теорија . Тоа се , всушност , првите
воопштувања кои се однесуваат на практичната воспитна работа , а кои се дел на литературното творештбо без некоја
среденост и систематичност . Ова е прва фаза во развојот на педагошката наука од 9 до 5 век пред наша ера .

Почетоците на педагошката теорија се врзуваат за делата и учењата на античките филозофи (V до IV век пред нашата
ера).Меѓутоа потребно е да се нагласи дека античките филозофи не пишуваат и не творат некоја посебна педагошка
теорија , туку со своите филозофски учења и дела се допираат и до проблемот на воспитанието како суштински дел на
човековиот живот и егзистенција.

Мисли за воспитанието среќаваме кај :

Питагора - Јасно изразени мисли за воспитанието среќаваме во учењата на Питагора.Тој и практично се занимава со
воспитната работа во своето училиште –интернат, каде што ги применува сопствените поставки за воспитанието.

Софистите -Со своето учење и практична дејност , софистите ја истакнуваат моќта и потребата од воспитание , пред се
преку тврдењето дека секој може да стане филозоф ако учи и ако се воспитува

Протагора - Мисли за воспитанието среќаваме и во учењта на Протагора.Тој ја застапува тезата дека во развитокот на
човекот во еднаква мера учествуваат наследните способности и вежбањето на индивидута . По прашањето што е
позначајно за воспитанието на човекот -теоријата на воспитанието или практиката на воспитната работа , тој смета дека
овие две категории треба да се разгледуваат како фактори со еднаква значајност.Познат е по барањето : со учење да се
отпочне уште од рано детство.
Сократ До прашањето за воспитанието допрел и Сократ.Тој поаѓа од ставот дека вистината се наоќа во човекот.Според него ,
моралното совршенство е крајната цел на воспитната работа и моралното воспитание е најважно воспитно подрачје.Во своето учење
Сократ ги определува основните патишта за релизација на воспитанието и тоа :aнализирање на сопствените поставки,-размислување за
моралот,-стремежот кон совршенство.

Сократ гради и посебни метода со која ја открива вистината и ја дели на :иронија и маевтика(мајеутика). Иронија(обратно говорење
од она што се мисли по кое следува насмевка ) е таква поставка кој го доведува соговорникот до погрешни ставови. Потоа ја употребува
маевтиката (породилна вештина )која значи систем од сугестивни прашања која има моќ да го доведе соговорникот до правилен
заклучок.Со примена на овие методи се овозможува воспитувачот да им го открие патот на воспитаниците кон вистината и
совршенството.Сократ бил учител на Платон.

Платон -Античкиот филозоф Платон се смета за филозоф кој меѓу другото го изградил првиот воспитен систем . Своето учење за
воспитание Платон го изложува во познатите дела ,, Држава,, и ,,Закони ,, Тој на воспитанието му дава нјзначајно место во
општеството и од државата бара остварување на воспитанието да биде нејзина примарна задча .Актуелно е Платоновото барање за
складен развиток на душата и телото на човекот . Во таа насока препорачува рамномерно користење на физичкото и музичкото
воспитание ( музиката во неговото учење има значење на естетско воспитание .) Во согласност со неговата теорија за нативистичка
преодреденост на луѓето, Платон смета дека луѓето треба да се воспитуваат во согласност со нивниот статус во општеството.Така
најдолго трае воспитанието на:

филозофите –оние кои управуваат со државата, кои се преодредени да владеат со државата

занаетчиите и трговците имаат пократко воспитание кои се преодредени да само да работат

војниците-добиваат малку пошироко воспитание кои треба да ја чуваат државата.

Платоновиот воспитен систем е организиран на следниот начин :

- До 7 –та година децата се воспитуваат во семејството ;


- Од 7-та година го посетуваат основното училиште , каде што го совладуваат читањето , пишувањето, сметањето ,
музиката и поезијата .
- Од 17-20-год. Овој период е посветен на воено- гимнастичка подготовка . Во овој период исто така се изучува и
аритметиката , геометријата и астрономијата на ниво на нивна практична примена.
- 20-30-та год –теоретко проучување на науките . Во овој период од животот младите изучуваат : аритметика ,
геометрија , астрономија и теорија на музика.
- Од 30-35 год .Овој период од животот филозофите ја изучуваат дијалектиката сфатена како непрекинато
разговарање со самиот себеси ,, за највисоки идеи , за вистината , доброто и за убавото.

Платон бил учител на Аристотел .

Аристотел-Античкиот филозоф- Аристотел својат теорија за воспитание ја изожува во делата ,, Политика ,, и ,, За


воспитанието ,, .Својата теорија за воспитанието Аристотел ја базира на сфаќањето дека на човекот по природа му е
дадена можност за развиток. Според Аристотел развитокот на човекот се одвива во три степени : телесен , морален и
интелектуален.Развитокот на човекот се остварува преку воспитанието.Големото значење кое му го придава на
воспитанието произлегува од неговиот став дека воспитанието е едно од најмоќните средства за јакнење на државата и во
таа смисла треба да биде и една од најважните обврски на државата.Аристотел прави прв периодизација на човековиот
развиток ,прикажувајќи го како :предучилишен период , детство , младост и зрелост . Воспитниот систем на Аристотел е
систематизиран на следниот начин :од 0-7 години децата се воспитуваат во семејството .-од 7-14 год децата одат во
државни училишта каде добиваат телесно , морално и интелектуално воспитание .-од 14-21 год образованието поприма
научен карактер и во таа насока младите ги изучуваат природните науки , географија , историја , филозофија , реторика ,
логика и др.Аристотел ја збогатил педагошката теорија и со :-идеја за хармонски развиток,-сфаќање според кој
воспитанието има психолошки основи, -барањето да се почитуваат способностите на воспитаникот ,истакнување на
принципот на воспитание во склад со човековата пририда,проширување на образованието и воспитните
содржини.Неговите мисли за воспитанието имаат значајно влијание врз педагошките сфаќања од средниот век , а посебно
во епохата на хуманизмот и ренесанста.Може да се заклучи дека педагошките мисли и теории на античките филозофи се
одликуваат со тоа што :се дел од филозофските концепции на античките филозофи и не претставуваат посебни теории за
воспитанието ;

Овие учења најчесто се опишувања и прикажувања на практичните воспитни настојувања и достигнувања од оваа време.

-мислите за воспитанието од овој период се однесуваат на децата на младите робовладетели .што е сосема разбирливо
ако се има во предвид класната подвоенод во општеството во кое робовите не с е третирани како луѓе туку како ,,орудија
кои зборуваат ,,

-мислите за воспитанието во овој период се ставени во функција на интересите на класта која била на власт и на нејзината
политика ;-некои педагошки сфаќања и идеи на грчките филозофи и денес звучат актуелно и бараат соодветни одговори.

АРИСТОТЕЛ БИЛ УЧИТЕЛ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

II

РАЗВОЈ НА ПЕДАГОШКАТА МИСЛА ВО ПЕРИОДОТ НА ФЕУДАЛИЗМОТ

Во стариот Рим развојот на педагошката мисла оди во правец на брањата и интересите на Римската Имерија.Римскиот филозоф
Квинтилијан се занимава со прашањата за развивање на говорништвото и со методите на воспитание кои водат кон постигнување на таа
цел .Во периодот на феудализмот немало развој на педагошката теорија затоа што во тоа време голема доминација имала црквата во
сите сфери на општествениот живот ,па така и во областа на педагогијата. Науките се претворени во слугинки на теологијата .Мисли за
воспитанието од овој период среќаваме кај Тома Аквински ,меѓутоа тие се во функција на религијата .За феудланата педагогија
карактеристичен е ставот дека детето се раѓа како ,,лошо ,,Се користат строги репресивни мерки да се потисне и покори детската
пририда ,да го потчини детето на авторитетот на црквата и на возрасните и да го подготви за живот на ,,другиот свет ,,.Основни
обележја на воспитанието и образованието од овој период се догматизмот , схоластичкото учење ,,magister dixit ,,(учителот рече ) како
основен воспитен принцип и казната како основно педагошко средство. Некои истакнати христијански мислители (Св.Јован Златоуст ,
Василие Велики и др .) правта обиди да се вратат некои вредности од античкиот период. Меѓутоа , ти се многу слаби во однос на јака
феудална црква , која с етруди секоја прогресивна мисла да ја прогласи за ерес .

РАЗВОЈ НА ПЕДАГОШКАТА МИСЛА ВО ПЕРИОДОТ НА ХУМНИЗМОТ И РЕНЕСНАСТА

Големо значење за развитокот на педагошката мисла има периодот на хумнизмот и ренесанста ( XIV-XVI). Овој период се карактеризира
со критка и борба против идеите на средниот век , против авторитетот на црквата и теологијата и во сите домени на општествениот
живот и работа , а во тој контекст и во сферата на воспитанието .Тоа е период кога човекот се свртува кон проблемите на животот на ,,
овој свет ,, кога во фокусот на интерсеот на науките влегува човекот , онаков каков што е . Се повеќе зе бара човекот да биде
активен ,иницијативен ,спротивно на иделаот на средниот век , кога се настојуваше преку цел арсенал репресивни мерки да се воспита
послушност и пасивност .Овој период , пред се , значи и идејно и духовно разјаснување со феудалзмот. Во настојувањето да ја презме
власта од рацете на феудалната класа младата граѓанска клас прави напори да навлезе во сите витални сфери на општествениот
живот.Во овој период од развојот на општеството ,воспитанието се користи како важен фактор за општествен пресврт.Остро с е
критикува старата феудлана школа.Педагошките погледи и концепции кои ги истакнува младата граѓанска класа во своја основа се
револуционерни и прогресивни.Се бара образованието да биде достапно за сите ,промена на организациско –поставеност на воспитно-
образовниот процес,промена на наставните соджини кои се изучуваат во училиштето ,истакнување на иделаот за слобода и иделаот за
работа како и за физички , интелектуален и морален развиток на луѓето. Мислителите од овој период даваат голем продонес за
хуманистичките идеи на педагогијата . Затоа се нарекуваат педагози –хуманисти. Сите мислители од периодот на хуманизмот и
ренеснаста се занимаваат со проблемите на воспитанието на човекот , го истакнуваат иделаот на ,, сестрано развиени луѓе ,, и ги барат
начините и патиштата како да се оствари тоа .Со учењата на педагозите хуманзисти отпочнува процесот на одвојување на педагошката
теорија од филозофијата . Тука започнуваат почетоците на нејзино осмастојување .

Карактеристики на педагозите –хуманисти се :

во целост го менуваат одност кон детето во насока на уважување на нивната личност


- во наставата ги почитуваат интересите на учениците
- ја развиваат самосотојноста и активнсота кај децата
- - тежнеат кон енциклопедиско образование
- - се залагаат за многустран развој на човекот
Педагози –хуманисти се:

Виторино да Фелтре (1378-1477) -италијански хуманист ,го нарекуваат татко на хуманоста и учител од ,, нов тип ,,.Тој во
Мантова Основа учииште кое го нарекува ,,Куќа на радоста ,, (Casa giocosa ). Во воспитната практика остварува бројни идеи
на педагогијата на хуманизмот . Куќа на радоста ,,е училиште -интернат сместено во многу убав дворец . Во своето
училиште Виторино да Фелтре на практичен план ги спроведува своите теоретски поставки . Основни обележја на оваа
училиште се :-радосна воспитна средина,-отсуство на телесни казни,-почитување на принципот на самопослужување и за
аристократските деца, -настојување кон телесен развиток на децата,-позитивни примери како основа на морално
воспитание ,-широкообразовни содржини ;-работата во училиштето ја заснова на новите методи на набљудување и
демонстрирање,воспитната работа ја темели врз принципите на нагледност , самостојна работа , активнсот , интерес,
индивидуален пристап и творештво.

Л.Вивес(1492-1540) - шпански хуманист .Значаен по барањето за воспитание на женските деца .Познат е по негово дело ,,
За воспитание на жената ,, Тој е значаен по тоа што:-во училиштето воведува реални предмети-го истакнува индуктивниот
пат при усвојувае на сознанието- се залага учењето да оди од полесно кон потешко,од набљудување до воопштување, од
поблиско кон подалечно-за негување на телесното воспитание-бил против телесните казнувања.Заради ваквите
педагошки мисли Вивес го сметале за основач на нова педагогија.

Франсоа Рабле (1494-1553) Претставник на француската хуманистичка педагогија .Тој е еден од острите критичари на
средновековното воспитание . При тоа се залага за нов револуционерен систем на воспитание. Тој бил
свештеник,книжевник,лекар ,наставник,човек со отворен ренесансен дух.Своите мисли за воспитанието ги излижува во
познатиот роман ,, Гаргантуа и Пантагруел ,,кој го критикува феудалното воспитание. Во романот , го опишува животот на
Гаргантуа и неговиот син Пантагруел.Како застапник на идејата на ново воспитание , тој се залага за :-реално образование-
здрав начин на живот-интересни и разновидни телесни вежби-наизменична промена на интелектуалната работа и
одморот-барање учењето да се заснова врз набљудувањето на природта-воведување на екскурзии во природа-бара
учителот да разговара со ученикот,привлечност во предвањата,потреба од здравствено ,физичко , интелектуално ,морално
,естеско и работно воспитание.

Мишел Монтењ(1533-1592) Француски хуманист,заслужен за осмастојувањето на педагошката теорија.Негово дело


е ,,Есеи ,,-во кое ги изнесува своите погледи за воспитанието ,доживува 75 изданија. Во делото ,, Есеи ,, Монтењ:-го
исмејува догматизмот на схоластичката настава-бара секој да мисли со своја глава-се залга секој да ги уважува своите
способности и природни склоности-бара да се потикнува љубопитноста кај децата-разговарањето со луѓето и патувањата
ги издвојува како добри средства на воспитната работа .-посебно внимание посветува на телесното и моралното
воспитание.Смета дека суштина на воспитувањето ,, не се ни душата ни телото , туку човекот во целина .Во воспитната
работа им дава предност на личното набљудување , искуство , самостојно мислење и цврст карактер.

Ерaзмо Ротердамски(1467-1536) Претставник на германската хуманистичка педагогија.Негово познато дело е ,, Пофалба


на глупоста ,,Делото содржи :-критика и потсмев упатени кон схоластичкото училиште ,формалистичко образование ,
средновековен начин на живот-критика на суровста на учителите и на употреба на телесни казни.Паралелно со тоа ,
напишал повеќе запси за :-образование на машките -воспитување на моралот-методи на учење-воспитание и образование
на девојчињата-потреба од јазична култура кај децата

Томас Мор (1478-1535 )Социјалутопист .Негови познати дела се :,, Златна книга за најдоброто општествено уредување и
за новиот остров Утопија ,, Томас Мор во ,,Утопија ,, ја изнесува идејата за општото задолжително школување на
децата;за децата бара реалистички знаења-бара настава на мајчин јазик, како посебна должност за сите , ја истакнува
потребата од физичка работа ,го отфрла вербализмот во наставта-се залага за поврзување на наствата со производтсвена
работа на учениците-го истакнува барањето и младите и старите да го користат слободното време за самообразување ( да
одат во библиотеки , муези и сл.Томазо Кампанела(1568-1639 ) во делото ,,Градот на сонцето ,,истакнал дека сите треба
да сe воспитуваат заедно за сите умеења ,што значи посебен прилог дава кон идејата за демократско воспитување. Во
оваа смисла , сите:-работат и физичка и интелектуална работа-се занимават со наука и уметност-го вежбаат и телото и
духот.Тој им посветува големо внимание на природните науки , а целокупното учење го заснова на нагледонста.

III

РАЗВОЈ НА ПЕДАГОШКАТА МИСЛА ВО ПЕРИОДОТ НА KЛАСИЦИЗМОТ

Ако за педгозите –хуманисти , го започнаа процесот на осамастојување на педагошката теорија,педагозите класици го продолжија
нивното дело и практично го изградија системот на педагошката наука .Со своите учења ,класиците на педагогијата :

-издиференцираа бројни педагошки законитости

-дадоа нови одговори на веќе поставени прашања

-ги збогатија и проширија постојаните сознанија

- изградија нов воспитен и училишен систем

-изграден е системот на педагошката наука , што ќе овозмижи постигнување на значителна автономија

ЈАН АМОС КОМЕНСКИ (1592-1670)- чешки педагог

Во педагошката концепција на Коменски, воспитанието претставува доживотна категорија , но најголемо внимание тој му посветува на
основното образаование , однсоно на т.н јавни школи.Образовно-воспитни содржини на овие школи , според Коменски , се :читање ,
пишување,аритметика со елемнти на геометрија, елементи на науките за природа,географија,Божји закон, рачна работа и пеење.За
коменски работата претставува суштина на човековото живеење.Тој пишува дека ,, секој треба да верува дека е пратен во животот од
страна на небесниот господар да оствари некоја работа, било во негово лозје или во поле , во негово трговско претпријатие итн. и дека
целиот живот е секојдневна работа ,, и во таква неуморна работа Коменски ја гледа ,, тајната на човековата долговечност ,,

Основа на идејата за работното воспитание кај Коменски е поврзување на она што се учи со работата , она што учениците мораат да го
запознаат во училиштето , мора да оди паралелно со она што мораат да го работат.Неговите дела се сметат за цврсти темели на
педагошката наука.Коменски изградил величенствен педагошки систем. Според неговите принципи се организирани воспитните
системи , школството и наставната работа во целиот свет.Негови дела се : ,,Голема дидактика ,, , Мајчина школа , ,,Orbis sensualium pictus
,, и др. Преведени на многу јазици и служеле како основа за организација на училиштата , на наставната работа , за изработка на
учебници и сл.Коменски верува во моќта на воспитанието.Од секој ученик може да се изгради човек .Оној со кого не може да се
постигне успех е еден од илјада.Воспитно-школскиот сиситем е општ , задолжителен и единствен за сите градски и селски , машки и
женски деца . Според него ,, богаташите без мудрост се свињи згоени со трици , а сиромасите без знаење магариња осудени да
влечат товар ,,.Коменски разликува 4 периода во развојот на човекот : детство , пубертет , младост , и зрелост .За секој период
предвидел шестгодишно школување . Така добил организација на воспитно-училишен сиситем кој опфаќа

-мајчина школа (предучилишно воспитание кое се одвива во секој родителски дом до 6-годишна возраст)

-училиште на мајчин јазик( задолжително за сите деца од 6-12 години .)

-гимназија или латинско училиште ( од 12 до 18 години )

-академија ( од 18 до 24 години )

Системот треба да опфаќа воспитни организации во секој град , додека акдемија треба да постои во секоја држава или покраина . За
таква воспитна организација вовел учебна година , наставен план и програма , училишна недела , одделение , училишен час како
организациони облици на наставта . Коменски е творец на училишниот сиситем и одделенско –предметниот сисием на
наставата .Најлолемо значење има за дидактиката .Истакнал и формулирал цел сиистем на дидактички принципи и правила .Познати се
неговите дидактички принципи на свесност , постапоност , концентрација , интерес и др.како педагошки правила:во наставта да се оди
од полесно кон потешко , од едноставно кон сложено , од блиско кон далечно ,од познато кон непознато .Коменски прв теоретски ја
засновал идејата за педагошко родителско воспитание . Со своето учење тој ги поставил основите на предучилишната и семејната
педагогија и доста целосно ја разработил дидактиката .Коменски на практичен план ги поставил темелите на организацијата на
нововековното воспитание , а на теоретски план ги назначил основите и ги покажал перспективите на развојот на системот на
педагошката наука .

Џон Лок(1632-1704)-англиски педагог Џон Лок е првиот буржоаски мислител кој предлага типично буржоаски решенија
за воспитанието на луѓето од двете класи .Во своето најпознато дело ,, Мисли за воспитанието ,, наменето за воспитание
на џентламените , односно децата на богатите сталежи .Лок се задржува на проблемите на интелектуалното , моралното ,
физичкото и професионално воспитание на џентламените ,, .На крајот од својата книга , Лок додава дека тој ,, би сакал
децата да учат и некој занает , некоја рачна работа , уште подобро и два и три , но еден посебно добро .Лок е творец на
теоријата на емпиризмот , според која надворешните фактори , т.е општествената средина и воспитувањето имаат
најголемо значење во развојот на човекот . Лок целосно ги разработува интелектуалното , моралното и физичкото
воспитание . Големо внимание му посветува и на самообразованието .

Ж.Ж.Русо (1712-1778)-француски педагог. Со својата педагошка мисла извршил гoлемо влијание не само на своите
современици туку на бројни теоретичари на педагошката мисла и по негово време.Епохата во Франција во кој живее Русо
може да се каректеризира како период на процвет во филозофијата , науката и културата .Мислителите од овој период
всушност се оние теоретичари кои на мисловен план , на некој начин , претставуваат зачетници на големата Француска
Револуција.Како теоретичар барал и предлагал патишта за промена на постојаната општествена состојба и за
подобрување на животот на луѓето .Воспитанието го става во функција на таквите промени и развивање на човековите
природни сили .Педагошката концепција на Русо се заснова на принципот на слободен и спонтан саморазвиток на
човекот , па оттука вистинското воспитание , за него не е ништо друго освен средство кое го помага таквиот природен
развиток на детето . Воспитанието треба да биде во скалд со природата на детето и да го спречува дејствувањето на сите
оние фактори кои го оневозможуваат природниот саморазвиток. Во неговото познто дело ,, Емил или за воспитувањето ,,
ги разоткрива слабостите на феудалното воспитание и , спротивно на него , изнесува нацрт на ново природно ,
слободно и општочовечко воспитание . Неговите педагошки основи се темелат на новоите идеи за братство , слобода ,
еднаквост . На тезата на феудалната педагогија , според која човекот по природа е лош , Ж.Ж.Русо ја спротиставува тезата
дека човекот по својата природа е добар . За него воспитанието е значаен фактор за развитокот . Русо прв истакнал дека
прдагошката наука мора да го проучува и да го познава детето . Посебно значење им придава на активнсота , самостојната
работа и искуство . Во согласност со тоа ја истакнува потребата од работно воспитување , кое треба да биде обврска на
секој граѓанин.Функцијата на работата е да го прави човекот слободен и независен.Русо ја нагласува потребата од развој
на способносите и самоообразование .Тој вели : ,,Мојата цел не е на детето да му дададм знаење , туку да го научам
како да го стекене.

Ј.Х Песталоци. Времето во Швајцарија во кое живее и работи Песталоци е оној период на бурно превривање и големи
противречности , период кога се руши старото феудално , а се раѓа новото граѓанско општество .. Во педагошкото учење
на Песталоци , воспитанието с е иcтакнува како основно средство за решавање на проблемите на работните маси , а со
тоа и на проблемите на општеството .За таа цел Песталоци отвара повеќе училишта за сиромашните деца од
интернатски тип.Во практичната работа со децата од овие училишта , раководејќи се од основните принципи , според кој
животот воспитува , кај Песталоци се раѓа идејата за работно воспитание на децата и за соединување на наставната работа
со производтвена работа на учениците . Воден од овој принцип , Песталоци предлага децата да пoминуваат најголем дел
од времто во природа и во рабоата , и тоа во полето , во училишните работилници или работилници во
наслебата .Физичкото ,интелектуалното , моралното и работното воспитание ,кај Песталоци претставува една целина и се
оставруваат преку учењето , работата , гимнастиката и играта , како единсвен сиситем кој води кон целосен развиток на
личноста .Од друга страна , физичкото , интелектуалното и моралното воспитание во концепцијата на Песталоци се ставени
во функција на работно воспитание .Според него , работното воспитание мора да биде засновано на ,, силата на рацете ,,
силата на умот ,, и на силата на срцето ,,. Со својата практична работа и со своите бројни дела , како што се : ,,Лиенхард и
Гетруда ,, ,, Како Гетруда ги учи своите деца ,, ,,Книга за мајките ,, Нелгедна обука за односите со броевите ,, Лебедово
пеење и др.Песталоци има голема заслуга за развојот на новата дидактика , а посебно за појавата и развојот на
методиката на елементарно учење.Негови ученици се :Фридрих Фребел основач на детската градинка .Познат е по
неговите настојувања за подготовка на воспитувачките за пристојна работа и др.Дистервег ја насочува својата работа
главно на дејноста на основното училиште и учителство. Негови дела се ,, Патоказ за образованието на германските
учители .Класиците на педагогијата го сосставуваат и го изградуваат теоретскиот систем на педагошкото сознание и
педагошките законистоси ,ги разработуваат воспитните подрачја и конституираат повеќе педагошки дисциплини.
Најголем удел за осамостојувањто на педагогијата како посебна наука има Јохан Фридрих Хербарт.

Јохан Фридрих Хербарт(1776-1841) Тој во првата половина на 19 век ја конституирал педагогијата како посебна наука .
.Познато негово дело е Општата педагогија , изведена од воспитните потреби .Воспитниот процес на Хербарт , за своја
крајна цел ја има моралната автономија на детето .Хербартовиот педагошки сиситем е службено прифатен. Нему му се
доверени предавањата на педагогијата на универзитетот , што значи дека педагогијата достигнала статус на
автономнсот .Хербарт е еден од поретките педгози кои се занимаваат со организацијата и со поставеноста на средното
образование . Во тој котекст организирал и педагошки семинари со вежби за подготување на средношколските наставници
. Хербартовската педагогија станyва водечка педагогија не само во Германија туку и во сите земји на Европа и на другите
континенти во 19 и 20 век. Хербартовото учење го следат многу педагози и се создало цело педагошко движење познатко
како хербартијанство.Во периодот од крајот на 19 век и почеток на 20 век го карактерзираат бројни педагошки правци и
движења од кои повеќето се спротиставуваат на учењата на Хербарт.Еден од нив е рускиот педагог К.Д.Ушински.За
поуспешен развиток на педгошката наука , било користено да се употребуваат достигнувањата на :психологијата ,
филозофијат , антроплогијата и друго.Ушински ја сфаќа педагогијата од две страни :како сознанија на детето до кои с е
дошло во бројните науки кои го имаат детето за предмет на проучување и кои с ево функција на педагогијата , а од друга
страна како сложена теорија за вештините ( како уметнички вештини ) на воспитанието.При крајот на 19 и почеток на 20
век настапува реформа на педгогијата со многу правци , кои ќе се манифестираат како :филзофкса педагогија , културна ,
социјална , индивидуална , експериментална педгогија и бројни правци како што се : движења за работна шлола,активна
школа,школа по мерка и итн.

Џон Дјуи –претставник на прагматизмот во Америка.Во Америка , под влијание на филозофијата на прагматизмот на
Џ.Дјуи , се развива прагматистичката педагогија.Џ.Дјуи го става детето во центарот на воспитната работа –негови
склоности , нагони , интереси , лични потреби и лично искуство.Воспитувачот трба да го пушти детето слободно да се
развива , со свое индивидуално темпо. Тоа го работи она што му е интересно и потребно.Воспитувачот не смее да
наметнува свои идеи и програми. Позната е негова максима дека ,, детето е сонце оклу кое треба да се врти се ,, Во
воспитниот сиистем на Дјуи нема строго пропишани наставни планови и програми ( нив ги бира поединецот во зависност
од интересите и искуството .)нема организирани одделенија ( секое напредува со свое индивидуално темпо ), нема
предметно – часовна организација на содржините , туку проекти по кои се одвива рабоата на учениците , се губи
раководната улога на наставникот , и тој треба само да им помага на учениците да го работата она што нив ги интересира .
За Дјуи воспитанието не е подготовка за живот , туку е самиот живот , и детето се оспособува само да ги решава
животните проблеми и само да се воспитува

Кон крајот на 20 век се одвиваат радикални промени во воспитанието .Се доаѓа до :преформулирање и ново
формулирање на целта на воспитанието, промени на воспитанието и образованието на сите нивоа и подрачја, -
менување на организацијата и начините и формите на остварување на воспитанието -Промени во организација на
наставата-Воспостување нови меѓучовечки односи помеѓу наставниците и учениците -промени во начинот
навреднување и оценување на резултатите во рабоатата на учениците и наставниците ;-перманентно
образование станува императив на современо време

You might also like