You are on page 1of 59

Педагогијата како наука

за воспитанието
За да добие статус на наука, секоја теорија, прво
треба да задоволи определени барања меѓу кои се:
да има свој предмет на истражување;

специфична методологија за проучување на тој


предмет;
сознанија или резултати од истражувањето
издигнати на ниво на систем на законитости; и
да го регулира односот спрема другите науки.
Определувањето на предметот за секоја наука
има големо значење. Од тоа зависи главната
цел и задачите на таа наука, правецот на
нејзиното истражување, методите со кои ќе
се служи и односот со сродните науки.

Поради тие причини секоја наука најпрво се


занимава со определување на својот предмет.
Педагогијата како наука го истражува
воспитниот процес како дел на
општествената стварност, го проучува и
унапредува предметот со кој се занимава.
Предмет на проучување на педагогијата е
воспитанието или обликувањето-
изградувањето на човекот.
Обработувајќи ја педагогијата како
самостојна наука за воспитанието, на
кратко ќе прикажеме некои важни
карактеристики и одлики на
педагошката наука.
Во првиот дел е изложен краткиот развој на
педагогијата како теорија на воспитанието;
Во вториот дел ќе се задржиме на некои
темелни определби на педагошката наука;
Во третиот дел ќе го разгледаме нејзиниот
однос со другите науки.
Така структурата ќе биде поделена на 3 дела:
Развој на педагогијата како теорија на
воспитанието;
Темелни определби на педагошката
наука; и
Односот на педагогијата со другите
науки.
1. Развој на педагогијата како
теорија на воспитанието
Педагошката теорија произлегува од практиката
на воспитанието како резултат од позитивните
искуства на голем број воспитувачи и
мислители кои во текот на историскиот развој
осмислувале начини на воспитание.

Развитокот на педагошката теорија и


дефинирањето на педагогијата како наука е
долготраен процес.
Развојот на педагогијата како теорија
од првите поставки на практиката до
постигнувњето на автономија
поминала преку неколку фази на развој.

Ќе разгледаме пет темелни периоди во


развитокот на педагошката наука.
1.Првите рефлексии за воспитанието во античката
поезија

Тоа е период кој предходи на појавата на


педагошката теорија во вистинското значење на
зборот, каде се појавуваат првите воопштувања на
практичната воспитна работа.
Тие сеуште не се доволно средени, не се поврзани
туку се составен дел на литературното творештво.
Први рефлексии во форма на некои правила ги
среќаваме во еповите на Хомер - Илијада и Одисеја.

Одредени описи за воспитанието во Персија се


наоѓаат во прозното дело на Ксенофон:
“Кирупедија” кое е во форма на педагошко -
политички роман, посветено на воспитанието и
животот на персискиот крал Кир - постариот.

Оваа прва фаза на развој на педагошката наука го


зафаќа периодот од 9 до 5 век пред н.е.
2.Појавата на педагошката теорија во
составот на античката филозофија

Мислењата што ги изложиле античките


филозофи се: средени и заокружени учења,
па поради тоа ги сметаме како појава на
педагошката теорија, која не е самостојна
туку е составен дел на античката
филозофија.
Прв филозоф со јасно изразени мисли за
воспитувањето бил Питагора (580 – 500г пред н.е.)
Во градот Кретон основал некој вид на школа -
интернат каде се воспитувало во склад со неговото
учење.
Потребата и моќта на воспитанието ја истакнале и
софистите, бидејќи застапувале мислење дека
секој човек може да стане филозоф ако учи и ако се
воспитува.
Софистичкиот релативизам и субјективизам
Сократ го спротивставил на учењето за апсолутната
вистина, и тежнеел кон морално совршенство.
Според него моралното воспитание е најважно
воспитно подрачје.
Да се анализираат сопствените постапки, да се
размислува за моралот, да се тежнее кон
совршенството - тоа, според Сократ, се патишта на
воспитанието.
“Мисловниот човек е мерило на сите нешта” а
вистината е во човекот. Темелната Сократова
метода има 2 дела “Иронија и Маевтика”.
Со иронија соговорникот се доведува до
погрешни ставови, а потоа со низа сугестивни
прашања се води до правилни заклучоци
(маевтика). На тој начин воспитувачот помага да
се роди вистината и да се владее со добродетелта.
Првиот воспитен систем го изградил и основал Платон врз
основа на Атинскиот пример. Го изложил во своите дела
“Држава” и “Закони”.
Воспитанието завзема најважно место во општеството.
Воспитанието е примарна државна задача и е потполно во
нејзини раце. За сите слободни луѓе има еднакво
воспитание, но за земјоделците и трговците релативно
рано завршува, подолго трае за војниците, а најдолго за
мудреците - филозофите.
Платоновиот воспитен систем го опфаќа
предучилишното воспитување потоа, основото
образование, па следи Палестрата во која
младите добиваат телесно воспитание.
Од 17 до 20 години е воено гимнастичката
подготовка, но се учи и аритметика, геометрија
и астрономија во функција на практичната
примена.
Периодот од 20 та до 30 та година посветен е на подлабоко
теоретско проучување на науките: аритметика, геометрија,
астрономија и теорија на музиката. Тука се првите
подготовки за дијалектиката како највисока наука за
идеите.
Најспособните добиваат повисоко филозофско образование
т.е од 30 та до 35 та години, проучуваат дијалектика како
“непрекинато разговарање со самиот себе си“ за
највисоките идеи за вистината, за доброто и убавото.
Теорија за воспитанието е изложена и во делата на
Аристотел “Политика” и “За воспитанието” но овие
дела не се целосно зачувани.

Аристотел разликува три степена на развој: телесен,


морален и интелектуален.

Воспитанието е една од најважните државни обврски и


е средство за јакнење на државата.

Аристотел ја дал првата поделба во развитокот на


човекот: предучилишен период, детство, младост и
зрелост.
Воспитниот систем на Аристотел опфаќа:
семејно воспитание до 7 години;

од 7 до 14 години децата одат во државно


училиште каде стекнуваат телесно, морално и
интелектуално воспитуање; и
од 14 до 21 година образованието поприма научен
карактер: природни науки, географија, историја,
филозофија, реторика и логика.
Педагошката теорија Аристотел ја збогатил со
идејата за хармониски развој, предупредил за
психолишките основи на воспитанието, на
потребата за уважување на активностите на
воспитаникот, ги истакнал принципите за
воспитание во склад со човековата природа и
го проширил подрачјето на образованието и
воспитните содржини.
Мислите за воспитанието на античките
филозофи делувале на педагошките сфаќања
во средниот век и епохата на хуманизмот.
Во учењето на грчките филозофи се
појавила педагошката теорија која била
сеуште составен дел на нивната
филозофија.
3.Почетоци на осамостојување кај
педагошките хуманисти
Во периодот на хуманизмот и ренесансата се
појавиле многу мислители кои се занимавале со
теоријата на воспитанието, ја проучувале и
развивале, а некои и практично ги остварувале
своите педагошки поставки.
Тука настануваат и се развиваат нови идеи за
педагогијата на хуманизмот.
Педагозите хуманисти ја уважуваат личноста на
воспитаникот, поаѓаат од нивните интереси, ја
развиваат самостојноста и активноста.

Тие тежнеат кон енциклопедиско образование и


многустран развој на човекот.
Затоа големо внимание им посветуваат на
природните науки, античките јазици и
книжевноста, воспитните подрачја и методите на
наставната и воспитната работа.
Меѓу педагозите хуманисти ќе го спомнеме
италијанскиот хуманист Виторино да Фелтре (1378-
1477) кој го нарекуваат татко на хуманоста и учител од
нов тип.

Во Мантова основал училиште кое го нарекол “куќа на


радоста”.

Тука тој ја остварувал својата педагошка теорија.


Воспоставува радосна воспитна средина, ги отфрла
телесните казни и големо внимание посветува на
телесен развиток на децата.
Моралното воспитание Фелтре го заснова
врз позитивните примери, ги проширува
образовните содржини, воведува нови
методи на набљудување и демонстрирање.

Воспитната работа ја темели на нови


принципи: нагледност, самостојна работа,
активност, интерес, индивидуален пристап
и творештво.
Претставник на француската хуманистичка
педагогија е Франсоа Рабле (1494-1553)

Бил еден од најдуховитите и остри критичари на


средновековното воспитание, а истовремено се
залагал за нов револуционерен систем на
воспитание.
Схоластичката критика и новото педагошко
учење ги изразил во познатиот роман “Гаргантуа
и Пантагруел”.
Рабле се залагал за реално образование, здрав
начин на живот, занимливи и разновидни
телесни вежби и за промена на интелектуалната
работа со одмор.

Тој го заосновал учењето врз набљудување на


природата, екскурзии во природата, разговор со
учителот и привлечноста на предавањето.

Ја воочил потребата од: физичко, интелектуално,


морално и естетско воспитание.
Друг француски хуманист кој е заслужен за
осамостојувањето на педагошката теорија е
Мишел Монтењ (1533-1592)
Негово дело “Есеи” доживеало 75 изданија.
Во него ги изнел своите погледи за
воспитанието, го исмејува догматизмот на
схоластичката настава и бара секој да мисли
самостојно со своја глава.
Монтењ се залага секој да ги уважува своите
способности и природни склоности. Треба да се
поттикнува љупопитноста, а како добри средства
се разговорите со луѓето и патувањето. Истакнува
дека суштината на воспитувањето “не е ни
душата ни телото туку човекот во целина”.
Посебно внимание посветува на личното
набљудување, искуството, самостојното мислење
и цврстиот карактер.
Претставник на германската хуманистичката
педагогија е Еразмо Ротердамски (1467-1536)
Негово познато дело е “Пофалба на лудоста”,
каде ја исмејува схоластичката школа,
формалистичкото образование,
средновековниот начин на живот, истапува
против суровоста на учителите и употребата на
телесни казни.
Во осамостојувањето на педагошката теорија
помогнале и првите социјалисти - утописти Томас
Мор (1478-1535) и Томазо Кампанела (1568-1639).
Во нацртите на своите идеални општества кои ги
опишале во своите дела, Томас Мор во “Златната
книга за најдоброто општествено уредување” и
“За новиот остров Утопија”, и Томазо Кампанела
во делото “Градот на сонцето”, изнеле многу
напредни идеи за воспитанието.
Томас Мор во “Утопија” ја изнесува идејата за
општо задолжително школување на децата, бара
реалистички знаења и настава на мајчин јазик.
Секој е должен да работи физички и
интелектуално, го отфрла вербализмот.
Наставата ја поврзува со производната работа, а
слободното време младите и старите го користат
за самообразување (одат во библиотеки, музеи и
сл.)
Томазо Кампанела во делото “Градот на сонцето”
истакнал дека сите треба да се воспитуваат заедно за
сите умеења.
Со тоа ја истакнал идеата за демократско
воспитување.
Сите работат телесно и интелектуално, се занимаваат
со наука и уметност, сите го вежбаат телото и духот.
Големо внимание посветувал на природните науки, а
целокупното учење го засновал на нагледноста.
4.Изградба на системот на педагошката наука
Педагозите хуманисти го започнаа процесот на
осамостојување на педагошката теорија, а педагозите
класици го продолжиле нивното дело и практично го
изградиле системот на педагошката наука.
Благодарение на нив се воочени многу законитости,
гледиштата се збогатени и проширени, изграден е нов
воспитен и училишен систем, односно, воспоставена е
изградба на систем на педагошката наука што ќе
овозможи постигнување на значителна автономија.
Еден од значајните претставници е чешкиот
педагог Јан Амос Коменски (1592 - 1670)
Во своите дела тој генијално ги воспоставил
педагошката пракса и теоријата на своето време.
Прв ги изразил најнапредните педагошки цели на
новото време, неговите дела поставиле цврсти
темели на педагошката наука и затоа со право го
сметаат за прв преставник на модерната
педагогија.
Според неговите принципи организирани се
воспитните системи, школството и наставната
работа во целиот свет.
Неговите дела: “Голема дидактика”, “Мајчина
школа”, “Орбис сенсуалиум пиктус” и др.
преведени се на многу јазици и служеле како
основа за организација на училишта, наставната
работа, изработката на учебници и слично.
Коменски верувал во моќта на
воспитанието. Човекот е најрешителното
суштество, а задача на воспитанието е да го
формира во целина на неговото постоење.

Од секој ученик може да се изгради човек.


Оној со кого неможе да се постигне успех е
еден од илјада.
Воспитниот школски систем е општ,
задолжителен и единствен за сите деца, градски и
селски, машки и женски.
Коменски разликувал четири периоди во развојот
на човекот: детство, пубертет, младост и зрелост.
За секој период предвидел шестгодишно
школување.
Така добил организација на воспитно училишен систем кој
опфаќа:

мајчина школа , (предучилишно воспитание, кое се одвива
во секој родителски дом) до 6 годишна возраст;

училиште на мајчин јазик (задолжително за сите деца од 6
до 12 години);

гимназија или латинско училиште (од 12 до 18 години); и

академија (од 18 до 24 години ).
Коменски е творец на училишниот систем и
одделенски предметниот систем на настава.
Истакнал и формулирал голем број на дидактички
принципи и правила. Прв теоретски ја основал
идејата за педагошко родителско воспитание.
Со тоа ја поставил основата на предучилишната и
семејната педагогија и потполно ја разработил
дидактиката.
После Коменски, Џон Лок (1632 - 1704) ја обележува
следната фаза на развојот на педагошката наука,
обрнувајќи внимание на физичкото, интелектуалното и
моралното воспитување на што придава големо значење.

Го застапувал учењето за вродени идеи и засновал


теорија на емпиризмот, спрема која надворошните
фактори т.е. општествената средина и
воспитувањето имаат најголемо значење во развојот
на човекот.
Воспитувањето за Џон Лок е многу моќно. Негово
значајно дело е “Мисли за воспитувањето”.
Прв изнел детално разработена теорија за
физичкото воспитување.
Најбитна е дисципината на духот, а целта е силна
волја и племенит карактер што се постигнува со
формирање на трајни навики и воспитување на
карактер.
Идејата за демократското воспитување ја
истакнал Жан Жак Русо (1712 -1778) во своето
дело “ Емил или за воспитувањето”.

Неговите педагошки основи се темелат на новите


идеи за братство, слобода и еднаквост. Според тоа
човекот е добар и воспитанието е значаен фактор
на развојот. Вербата во човекот и човечкото
воспитаниее изразуваат длабок хуманизам.
Русо прв истакнал дека педагошката наука мора
да го проучува и познава детето. Ги сознал
активноста, самостојната работа и искуството.
Ја нагласил и потребата од развој на
способностите, владеење на културното учење
и самообразованието.

Тој вели: “Мојата цел не е да му дадам знаење,


туку да го научам како да го стекне”.
Следен преставник е Јохан Х. Песталоци (1746 -
1827).

Со својата практична работа и со своите бројни


дела како што се: “Лиенхард и Гертруда”,”Како
Гертруда ги учи своите деца”, “Книга за мајките”,
“Нагледна обука за односите со броевите”,
“Лебедово пеење” и др. теоретски и практично ги
збогатил подрачјата на интелектуалното,
моралното и работното воспитување.
Работното воспитување е битен составен дел на
воспитната практика, како важна компонента на
теоретското воспитување. Во романот “Лиенхард
и Гертруда”, работното воспитување е поставено
како општ педагошки принцип.
Песталоци има голема заслуга за развојот на
новата дидактика, а посебно за појавата и
развојот на методиката на елементарното учење.
Системот на педагошката наука веќе е јасно
конципиран. Ученците на Песталоци
Фридрих Фребел (1790 - 1852) и Адолф
Дистервег (1790 - 1866) го продолжиле
неговото дело на одредени подрачја.
Фребел го посветил целиот свој живот на
педагошкото воспитание и педагогијата, а
основач е и на првите детски градинки.
Дистервег се посветил на основното
училиште и учителство, организацијата на
учителските школи, подготвувањето на
учителите и организациите.
Сето тоа го истакнува во своето дело
“Патоказ за образование на германските
учители”. Го сметаат за татко на германското
учителство.
5.Постигната автономија во развојот на
педагошката наука

Класиците на педагогијата сознале голем


број на законитости за воспитанието, го
составиле и изградиле теоретскиот систем
на педагошкото сознавање и законитости.
Јасно ги поставиле воспитните подрачја и
конституирале дисциплини.
Меѓутоа, педагогијата се уште не ја достигнала својата
самостојност, т.е. педагогијата била во склоп на
филозофијата, што може да се потврди со тоа што И.
Кант (1724 - 1804) ја предавал педагогојата како подрачје
на практичната филозофија.

После неговата смрт во 1806 година него го наследил


Јохан Фридрих Хербарт (1776 - 1841) кој го објавил
делото “Општа педагогија, изведена од воспитните
потреби”, каде прегледно ја изложил смислата,
значењето и структурата на педагошката наука.
Хербарт ја поставил разликата меѓу педагогијата како
наука за воспитание од практичното педагошко
работење, т.е. од воспитната пракса.

Предупредил дека на педагошката работа и е потребна


педагошка теорија, бидејќи “само теоријата може да не
научи како со помош на искуството и набљудувањето ќе
ја испитаме природата ако сакаме од неа да добиеме
одредени одговори”. Неговата педагогија е нормативна
наука, и ја заснова на етиката и психологијата.
Етиката помага во поставувањето на
воспитните цели и задачи, а психологијата
во одредувањето на патот и средствата во
воспитанието.

Педагошката телеологија како составен дел


на теоретската педагогија е теорија за
смислата и целта на воспитувањето, а
нејзина помошна наука е етиката.
Педагошката методологија кај Хербарт има различно
значење од денешната употреба на тој термин.
Ходегетика е теорија на воспитанието во потесно
значење, а дидактиката е теорија на наставата.
Управувањето значи теорија за надворешното
влијание на воспитувачите врз децата. Процесот на
воспитание почнува со надворешното влијание на
воспитивачите, најважно место зазема наставата, а се
завршува со морална автономија на детето.
Хербертовиот педагошки систем е службено
прифатен. Нему му се доверени предавања по
педагогија на Универзитет, што значи дека
педагогијата достигнала статус на автономност.

Организирал педагошки семинари со вежби за


припремање на средношколските наставници. Се
повеќе имало педагози со академски титули и се
повеќе имало негови следбеници кои се сметале
како педагози и негови ученици.
После Хербарт ќе настапи реформа на
педагогијата со многу правци кои ќе се
манифестираат како: филозофска педагогија,
културна, социјална, индивидуална,
еспериментална и бројни правци како што се:

движење за работна школа, активна школа,


школа по мера, движење за ликовно воспитание,
воспитание во домови и воспитание во природа.
Можеме да заклучиме дека дури во текот
на 19- от век педагогијата постигнала
научна автономија, така што во текот на
19 и 20 век педагогијата почнува да се
развива што условило и појава на
современи педагошки правци и
достигнувања.
Педагогијата како наука
за воспитанието

You might also like