You are on page 1of 33

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ „Св. КЛИМЕНТ


ОХРИДСКИ“ - СКОПЈЕ

ПРАКТИКУМ

ПО ОСНОВИ НА ФИЗИЧКОТО ОБРАЗОВАНИЕ


V СЕМЕСТАР

Доц. д-р Марјан Малцев

Скопје,2020 год.
1. ВОВЕД
Код: ЗПОН 319

Кредити: 4

Времетраење: 45 часа (V семестар) 2+2+1 часа неделно

Основна цел и намена на практикумот по физичко образование


(воспитание) е да се олесни прифаќањето на наставната програма од
студентите, следењето на нивното ангажирање во наставниот процес,
изработка и подготовка на домашни, семинарски или други активности на
студентите.

Со практикумот се опфатени сите часови предвидени за вежби во еден


сесместар, обработени поединечно и со поставени цели и содржини кои треба
да се реализираат. Преку примената на практикумот ќе се олесни усвојувањето
на наставната програма, а студентите ќе имаат постојан увид во сопственото
остварување на предвидените содржини. Во него се дадени ориентациони,
теоретски насоки за успешно реализирање на наставните содржини, тој
всушност претставува средство за проверка на стекнатите знаења достапни во
основната литература по овој предмет, како и знаењата стекнати низ
теоретската настава.

Практикумот е тaка конципиран за да може веднаш да се евалуираат


резултатите од студентовите ангажирања, следењето на наставната програма и
вреднување на тие резултати. Тој е едноставен за примена како од страна на
студентите, така и за наставникот. Взаемното вреднување на резултатите ќе ја
објективизира сликата за студентот и неговите знаења, компетенции и
вештини од овој наставен предмет.

Наставни целини:

- Предмет, цели и задачи на физичкото образование


- Историски аспекти на физичкото образование
- Основни методски поими во физичкото и здравствено образование
- Анатомско-физиолошки карактеристики и телесни деформитети
- Основни карактеристики и динамика на биолошкиот раст и развој на
децата
- Основни апликативни движења
- Структура на физичките способности
- Средства на физичкото и здравствено образование
- Систематизација на физичките вежби и ставови
- Елементарни, штафетни и други игри
ДЕЛ – 1 Име и презиме _______________________ И.бр. ____________

1. Предмет, цели и задачи на физичкото образование

Физичкото и здравствено образование е научна дисциплина која припаѓа


во кругот на општествените науки, а врзана е и со останатите научни
дисциплини кои се занимаваат со воспитно-образовниот процес и
унапредување на развојот на физичките и функционалните способности на
организмот. Таа е самостојна наука, има свој предмет на проучување со кој се
занимава, самостојно се развива и дава свој придонес во оспособувањето на
идните наставници за реализација на програмските содржини на наставата по
физичко и здравствено образование.

Значи, предмет физичкото и здравствено образование претставува


целокупната пракса на физичкото образование, таа се развива и усовршува во
праксата. Низ праксата се воочуваат закономерностите на работата,
проблематиката на задачите на физичкото образование. Предметот на
методиката на физичкотот и здравствено образование се децата
предучилишното воспитание до 5 одд. основно образование, нивниот
интегрален развој, прашањата кои се од суштинско значење за правилно
постапување и интерпрертирање на задачите на физичкото образование, да се
откријат и правилно разработат адекватни организациони форми на работење,
следење, вреднување и оценување на постигањата на учениците.

1.1 Задачи на физичкото и здравствено образование

- Запознавање и оспособување на студентите со најновите резултати и


тековите на методиката,
- Да ги оспособи идните наставници по физичко и здравствено
образование за изведување на наставата и другите сродни облици на
воспитно-образовна работа,
- Да стекнат практично искуство за реализирање на наставата,
- Да ги запознае студентите со здравствено-биолошките, педагошко-
психолошките и општествено историските основи на физичкото
образование на младата училишна возраст,
- Правилно да применува адекватни методи, принципи и форми на
работа при реализација на наставните содржини,
- Оспособување на студентите за самостојно користење на стручна
литература,
- Оспособување на насатавниците за самостојна работа, за креативен,
критички и самокритички однос кон теоријата и праксата, да
поттикнува на истражувачка дејност и развива способност за
воочување на врските и односите кои делуваат во сверата на
физичкото образование.
Физичкото и здравствено образование изобилува со задачи кои ги
решава. Тоа ги опфаќа методиката на атлетиката, спортските игри, пливањето,
скијањето, ритмичката гимнастика, спортската гимнастика и др. во рамките на
сите овие општи методики на одделни области, постојат и потесно врзани
методики на групи од спортови. Ако ја земеме на пример атлетиката, ќе
збележиме дека постои општа методика во која влегуваат: трчањето, скоксњата
и фрлањата. Во рамките на методиката на трчањето постои методика за:
трчање на кратки патеки, насредни и на долги патеки, како и на трчање преку
пречки. Кај скоковите ги разликуваме методиките за: скок во височина, скок во
далечина, трискок и скок со стап. Додека кај фрлањата ги разликуваме: фрлање
на ѓуле, диск, кладиво и копје. Разработувајќи ја методиката за сите овие
дисциплини ќе добиеме методика на атлетика која може да има практично
значење за совладување на овие сложени елементи.

Според тоа основна цел на методиката на физичкото и здравствено


образование е да ги оспособи идните професори по одделенска настава, како и
наставниците – воспитувачи во предучилишните установи успешно да ги
реализираат наставнте содржини по физичко и здравствено образование и
воспитание.

1.Методиката е дисциплина која ги изучува

2.Некои автори методиката ја делат на општа и специјална,

3.Дидактиката се занимава со _____________________________, а


методиката со ______________________________________________.
4.Предмет на методиката на физичкото образование претставува

5.Задачи на физичкото образование се:

6.Основна цел на методиката на физичкото образование е

Забелешки:

Датум ________________ Оценка ___________


ДЕЛ-2 Име и презиме _______________________ И.бр. ___________

2. Основни методски поими во физичкото и здравствено


образование

За успешно да се развива теоријата и праксата на физичкото


образование потребно е дасе познаваат стручните изрази итермини, точните
поими кои се врзани за одредени активности и подрачја. Сите термини
означуваат одредени поими. За терминот е врзан некој збор, знак или симбол,
додека пак поимот претставува мисловна форма на постојаните, општите и
неопходни особености и односи, било да се однесува на еден вид на предмети
или појави, или пак на поединечен предмет или појава.

Еднаш формираните поими не остануваат исти, тие се прошируваат,


надополнуваат и усовршуваат во зависност од научната дисциплина. Така и во
физичкото образование каде со развојот на системот на основните поими се
развива и терминолошкото дефинирање на поимите.

Врската на физчкото образование со педагошките дисциплни


(педагогија, психологија, андрагогија и сл.), како и со теоријата на физичката
култура укажува на присутност на поими од тие области во методиката на
физичкото образование. Присутните поими кои се среќаваат во воспитно-
образовниот процес на работа врзани за физичкото образование имаат свој
соодветен стручен термин.

Многу често се случува за еден поим да се користат повеќе разновидни


термини кои не одговараат на термините од стручната комуникација.

Ангажирањето на погрешнни поими, го намалува значењето на науката,


доведува до заблуди и го запира развојот и афирмацијата на научната
дисциплина.

1.Физичка култура – „физичка“ подразбира ________________________ ,

„култура“ ___________________________________________________
.

2.Кинезиологија

3.Под поимот физичка култура


4.Физичкото воспитување во животот на детето се спроведува од

5.Физичкото образование претставува процес

6.Поимот спорт

7.Спортска рекреација

8.Физичка (телесна) вежба

9.Физичко (телесно) вежбање

Забелешки:

Датум ________________ Оценка ___________


ДЕЛ-3 Име и презиме _______________________ И.бр. __________

3. Историски аспекти на физичкото образование

Физичката култтура претставува составен дел на културата воопшто. Таа


е условена со развојот на општествените односи и уредување во услови во кои
се развива општеството. Постоењето и развојот на физичката култура врзани се
за постоење на човечкото општество, за развој на производните сили и
општествените односи и за структурата на одредената општествена формација.
За развојот на физичката култура, како и за развој на физичкото образование,
пишувале научници, филозофи, писатели, педагози, политичари давајќи
придонес за нејзиниот развој. Познати се записите на историчарите Плутарх,
Ксенофиј, Платон, Аристотел, подоцна Лок, Русо, Коменски, Песталоци и
други. Тие физичката култура и физичкото воспитување не ги гледаат само
како општествени, туку и како историски категории.

Истражувањата покажале дека секогаш постоела посебна форма на


физичко воспитување кое одговарало на развојот на културата воопшто. Како
што општеството било поделено според економско-политичките односи, така и
физичката култура се прилагодувала на потребите и целите на општеството.

Се менувале и усовржувале задачите, содржините, методите и форммите


на работа како и сите видови на активности во физичката култура. Сите тие
промени зависеле од структурата на општествената формација, така што
развојот на физичката култура може да се согледа низ следните општествени
формации:

1. Првбитна заедница,
2. Робовладетелско општество
3. Феудално општество,
4. Капиталистичко општество и
5. Социјалистичко општество.

1.Карактеристики на физичкото воспитување во првобитната заедница:


2.Карактеристики на физичкото воспитување во робовладетелското општество:

3. Карактеристики на физичкото воспитување во првобитната заедница:

4.Антички цивилизации

5.Карактеристики на физичкото воспитување во феудалното општество.


6. Карактеристики на физичкото воспитување во капиталистичкото општество:

7. Карактеристики на физичкото воспитување во социјалистичко општество:

Забелешки:

3.1 Истакнати мислители за физичкото воспитување

Физичото воспитување како целокупен воспитно-образовен систем (во


првиот период на новата историја), со промената на општествено-економските
односи го менува и својот однос кон воспитувањето на младите. Особено се
меува односот кон физичкото воспитување, така што овој дел на воспитувањето
добива се позначајна улога во целокупниот воспитно-образовен процес.
1.Јан Амос Коменски

2.Џон Лок

3.Жан Жак Русо

4.Јохан Хајнрих Песталоци

5.Херберт Спенсер

6.Фридрих Лудвиг Јан

7.Мирослав Тирш

8.Пер Хенрик Линг

9.Франциско Аморос

Забелешки:

Датум ________________ Оценка _________


ДЕЛ 4 Име и презиме _______________________ И.бр. ____________

4.Анатомско-физиолошки карактеристики и телесни


деформитети

Анатомија – (anatomia-сецирање, расчленување со сечење) е наука за


градбата на телото на сите живи суштества, луѓето, животните и растенијата.

Анатомијата на човекот – го изучува составот, формата и градбата на


човечкиот организам. Таа го проучува телото на здравиот човек, формата,
положбата и меѓусебните односи, па се нарекува и топографска анатомија.

Функционална анатомија – ја проучува формата и градбата на телото на


здрав човечки организам во врска со функциионирањето на секој орган.

Системска анатомија – ја проучува формата и градбата на органите кои


се во состав на функциионалниот систем.

Физиологија – го проучува функционирањето на човечкиот организам во


целина. Самиот термин потекнува од физис-природа и логос-дискутира,
раговара.

Сите вежби кои се работата на часовите по физичко и здравствено


образование влијаат на развој како на коскено-зглобниот и скелетно-
мускулниот систем така и на функциите и промените на органските системи
(срцево-садовнииот, респираторниот, нервно-регулаторниот и др.). Со телесно
вежбање се влијае на развој на физичките и фукционалните способности на
учениците, се зајакнува функцијата на органите и се контролира целокупната
состојба на организмот.

Анатомско-физиолшки карактеристики на клетките, ткивата и органите.

1.Анатомија е наука за

2.Физиологијата го проучува
3. Вежбите кои се работат на часовите по физичко и здравствено образование
влијаат на развојот на

4.Хистологија е наука за ____________________ и ги проучува

5. Основна особина на сите мускулни клетки е

6. Постојат ____ вида на мускулни клетки и тоа:

7.___________________________ изведуваат движења и се под контрола


на волјата – централниот нервен систем.

Забелешки:
4.1 АНАТОМСКО – ФИЗИОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА
ЛОКОМОТОРНИОТ АПАРАТ

Локомоторниот апарат го сочинуваат скелетниот и мускулниот систем.


Коските и зглобовите го сочинуваат пасивниот дел на локомоторниот систем.
Активниот дел на локомоторниот систем го сочинуваат мускулниот систем со
чија акција доаѓа до движење. скелетниот систем го проучува остеологијата
(наука за коските) и синдесмологија (наука за зглбовите), додека мусулниот
систем го проучува миологијата. Локомоторниот апарат има значајно место во
процесот на физичкото и здравствено образование.

1.Локомоторниот апарат го сочинуваат

2.Пасивниот дел го сочинуваат

3.Активнииот дел го сочинуваат

4.Коскенииот систем има

5.Разликуваме ____ вида на коски и тоа:

6.Зглобовите претставуваат
7.Разликуваме ____ вида на зглобови:

8.Според подвижноста се делат на:

9.Топчести или ____________________ се наоѓаат во


__________________________________________________________
и ги изведуваат следните движења:

10.Секој зглоб има _________________ и _________________


подвижност.

11. Мускулите се органи кои имаат главна особина да се

12.Тонус

13.Максимално издолженото и максимално скратеното мускулно влакно се:


14.Во зависност од формата и протегањето на мускулните влакна разликуваме:

15. Мускулот е составен од

16. За својата работа мускулите користат

Забелешки:

4.2 АНАТОМСКО – ФИЗИОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА


РЕСПИРАТОРНИОТ СИСТЕМ

Респираторниот (дишниот) систем претставува збир на дишните


патишта и градниот кош.

1.Респираторниот (дишниот) систем претставува


2.Почетен дел на системот на органи за размена на гасови

3.Гркланот е

4.Душникот е

5.Белите дробови се

6.Дишењето се состои од

7.Внесениот воздух се меша со воздухот во

8.Во крвта кислородот се врзува за

Забелешки:
4.3 АНАТОМСКО–ФИЗИОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА
КАРДИОВАСКУЛАРНИОТ И НЕРВНИОТ СИСТЕМ

Крвта се движи низ организмот преку систем на органи кои го


сочинуваат срцето и крвните садови. Крвта е течно ткиво со постојан хемиски
состав. Во телото на возрасен човек има окулу 5 литри на крв. Крвта се состои
од течност, крвна плазма, во која пливаат крвните клетки: црвени (еритроцити)
и бели (леукоцити) крвни зрнца и крвни плочки (тромбоцити).

1.Крвта се движи низ организмот преку

2.Преку бубрезите крвта

3.Срцето е

4.Во човековото тело постојат два крвотока:

5.Нервниот систем овозможува

6.Нервниот систем е поделен на

Забелешки:

Датум ________________ Оценка ___________


4.4 ТЕЛЕСНИ ДЕФОРМИТЕТИ

1. Нормално држење на телото

2.Видови проследувања

3.Кифоза

4.Лордоза

5.Сколиоза

6.Деформитети на стапала

Забелешки:

Датум ________________ Оценка ___________


ДЕЛ 5 Име и презиме _______________________ И.бр. ____________

5.Основни карактеристики и динамика на


биолошкиот раст и развој на децата

Правилниот раст и развој не започнува со поаѓањето на детето во


училиште, односно на негова 6 годишна возраст. Биолошкиот развој има свој
законитости. Низ текот на целиот живот траат процесите на градење и
разградување на организмот.

Телесниот и ментален развој на детето е непрекинат, иако се одвива


постепено и неравномерно, со посебни карактеристики во одредени периоди.
Растот и развојот се значи, во суштина континуирани процеси, иако одредени
анатомско-физиолошки и психолошки елементи се развиваат со посебно темпо
и ја достигнуваат својата зрелост во различни периоди.

1.Морфолошки карактеристики на новороденче

2.Кардиоваскуларен систем кај новороденче


3.Карактеристики на детскиот развој

4.Правци на развој

Забелешки:

5.1 Формирање на движења

Формирањето на движењата кај човекот е сложен и долготраен процес.


При формирањето на движењата потребна е голема синхронизација на повеќе
органски системи, сознајните процеси треба да достигнат потребно ниво,
функционалните способности да ги задоволуваат потребите за природно и
нормално движење, односно моторичките способности и виталните функции
на единката да го достигнат потребното ниво за нервно-мускулна активност.
Нервно-мускулната активност преку движечки и сознајни процеси ќе го доведе
телесното движење до фаза на „динамички стереотип“, или автоматизација на
движењето.
При формирењто на движењата, според повеќе автори се минува низ
неколку фази.

1.При формирењето на движењата се минува низ неколку фази:

2.Прва фаза или

3.Втора фаза или

4.Трета фаза или

5.Наставникот треба да следи


6.Раст на коските

3.Раст на мускулите

4.Мозокот и сетилата

5.Срцето и крвните садови

Забелешки:

Датум ________________ Оценка ___________


ДЕЛ 6 Име и презиме __________________________ И.бр. ______

6. Основни апликативни движења

Основните апликативни движења во физичкото образование се базирани


на природните форми на движење кои понатаму се развиваат и усовршуваат во
сложени моторички активности, се надградуваат и развиваат низ процесот на
растење и развивање на децата.

1.Одење и трчање

2.Скокање

3.Подскокнување и прескокнување

4.Фрлање и тркалање

5.Ползење и качување
6.Кревање и носење

7.Влечење, потискување и надвлекување

8.Висови и упори

9.Акробатика

Забелешки:

Датум ________________ Поени ______________


ДЕЛ 7 Име и презиме _______________________ И.бр. ____________

7. Структура на физичките способности

Секое движење одразува некоја моторичка способност. Нема моторичка


способност која може да се изведе без движење која има и некоја форма.
Неможе формата на движење да се реализира без некаква моторичка
зависност. Ова единство посебно се огледува во учењето на движењата.

Психофизичките способности (моторички), се способности кои


учествуваат во развојот на моторичките задачи и овозможуваат успешно
движење.

Психомоторичките (моторичките) способности се оние димензии на


личноста на чивекот, кои учествуваат во решавањето на задачи, кои го
условуваат успешното изведување на движечките задачи.

1.Развој на силата

2. Силата врз база на мускулната работа може да се подели на:


3.Развој на брзината

4. Видови на брзина

5.Развој на координацијата

6.Развој на флексибилноста

7.Развој на прецизноста
7.Развој на рамнотежата

8.Развој на издржливоста

Забелешки:

Датум ________________ Поени ______________


ДЕЛ 8, Име и презиме _______________________ И.бр. ____________

8. Средства на физичкото и здравствено образование

1.Средства на ФЗО

2.Физичката вежба како основно средство во ФЗО

3.Форми и содржини на физичката вежба

4.Техника на физичката вежба

5.Структура на физичката вежба

6.Механички елементи на физичката вежба

Датум ________________ Поени ______________


ДЕЛ 9, Име и презиме _______________________ И.бр. ____________

9. Систематизација на физичките вежби и ставови

Физичките вежби се применуваат како подготвителни, додатни,


помошни вежби и главни вежби со чија помош влијаеме на нормалната работа
на органите и на работоспособноста на децата.

Со помош на вежбите за обликување на телото можеме успешно да


влијаеме на одредени мускулни групи како и на локомоторниот апарат во
целина.

1.Со вежбите за обликување на телото влијаеме на

2. Поделбата на вежбите за обликување

3. Поделба според начинот на изведување и влијание врз телото


4. Вежбите за обликување се изведуваат и како

5. Комплекс на вежби претставува

Забелешки:

Датум ________________ Поени ______________


ДЕЛ 10, Име и презиме _______________________ И.бр. ____________

10. Елементарни, штафетни и други игри

1.Видови на игри

2.Поделба на игрите

Забелешки:

Датум ________________ Оценка ___________


Име и презиме _______________________________ И.бр. _______
1. Редовна посета и активно учество на предавања и вежби (Мах 10 поени)
Освоени поени
.................
2. Изработка на есеј, семинарска работа и други активности (Мах 10 поени)
Освоени поени
.................
3. Презентирана тема на час, изработка или учество во проект (Мах 10
поени)
Освоени поени
.................
4. Приказ на книга или осврт на научен труд (Мах 10 поени)
Освоени поени
................

5. Тест 1 (мин. 18 поени), до 35 поени


Освоени поени
.................

6. Тест 2 (мин. 18 поени), до 35 поени


Освоени поени
.................
7. Завршен колоквиум (мин.35 поени за излез на колоквиум)
Освоени поени
................

Студентот нема право да го полага вториот дел (тест - 2) доколку не освоил


потребен број на поени од првиот дел (18 поени)

Освоени поени Оценка


51 – 60 6
61 – 70 7
71 – 80 8
81 – 90 9
91 – 100 10

Оценка .......................... Вкупно поени .............

You might also like