You are on page 1of 3

ПЛАН ЗА НАСТАВЕН ЧАС

по предметот МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА

НАСТАВНИК: __________________________________

ОУ„____________________‟ _______________________

ОДДЕЛЕНИЕ: _____VII_____

ДАТА: ____23.02.2018_______

Наставна содржина Опис на лик

Тип на часот Усвојување нова наставна содржина

Наставни форми Групна

Наствни методи Илустративен, Истражување

Ученикот да умее да опишува детално


Цели (надворешен опис на лик, внатрешен опис
на лик)
Интерактивна 3D веб-сцена „Аферата
Наставни средства Мис Стон“, компјутери, смарт-табла (или
ЛЦД проектор) и сл.

Наставна техника Провокации, Дискусија

Ученикот успешно опишува лик. Умее да


Исходи даде надворешен и внатрешен опис
според дадени информации (од
интерактивната игра)

Активност на часот

Активност на наставникот Активност на ученикот

Наставникот ја организира наставата


и ги формира групите. Ги следи упатствата на наставникот;
поставува прашања и дава одговори.
Најпрво ги објаснува целите на часот
и ја појаснува работата со Интерактивната Дискутира во групата за избор на
ликот и селектира податоци коишто ги
3D веб-сцена; запишува во тетратака.

Ги насочува учениците да одберат Соработува со учениците од групата и


една од сцените и можностите и да го го прави описот на ликот според
истражи одбраниот историски лик. собраните сознанија и информации.

Ја следи работата на учениците во По потреба бара дополнителна помош од


групата, појаснува и помага, дава идеи и наставникот и соучениците од другите
информации. групи.

Артикулација на часот

Воведен дел Главен дел Завршен дел


(евокација) (сфаќање на значењето) (рефлексија)

Како мотивација за Наставникот ја презентира Десет минути пред крајот на


денешниот час интерактивната 3D веб-сцена, часот следи усно сумирање
наставникот им дава задача на учениците да на собраните сознанија и
презентира видео го истражат историскиот информации. Во
инсерт од филмот портрет на Јане Сандански и активностите на учениците
„Мис Стон“ во којшто Елен Стон. Потоа преку при анализата на портретите
Манданата го дискусија посебен акцент се тие ги откриваат главните
благословува дава на описот на особини на Јане Сандански
новореднчето. Потоа надворешниот изглед и и Елен Стон: позитивни и
поставува насочени внатрешните (карактерни) негативни, се открива
прашања. особини на веќе споменатите нивната психолошка
личности кои се откриваат мотивираност, употребени
преку нивните постапки, во функција на
сфаќања и размислувања, карактеризација на
нивниот поглед на свет и сл. ликовите.
Така учениците подетално се
запознаат со карактеристиките Проектна работа: За усно
на македонското минато – презентираните добиени
подготовките за отпочнување сознанија од истражувачката
на Илинденското востание и работа групите ученици во
аферата Мис Стон. рок од една седмица треба
да изготват и презентација
за веќе одбраниот лик.

Домашна работа

Во рок од една седмица групата да изготви презентација за одбраниот лик.

Методи за оценување на учениците


Учество во активностите, соодветност на поставени прашања и дадени одговори,
меѓусебно вреднување на работата во групата

Рефлексија
 До кој степен беа активно
ангажирани учениците?
 Дали учениците го научија она што
беше планирано за часот?
 Дали се постигнати планираните
цели?
 Дали променив нешто во
поставените цели за часот? Зошто?
 Дали ако имам можност да го
повторам часот дали би изменила
нешто во наставните цели и
методи? Зошто?
 Дали треба да се подобри некој
сегмент на часот?

Работна група - македонски јазик

1. Славица Урумова-Марковска - ОУ „Лиман Каба“, Љуботен


2. Валентина Петрова - ООУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром
3. Марика Ракиќ - ООУ „Аврам Писевски“, Бардовци
4. Анкица Петрушевска - ООУ „Браќа Миладиновци“, Миладиновци
5. Розета Нешкоска Славковска - ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Кучевиште
6. Билјана Ристоска-Стомнароска - ООУ „Ацо Шопов“, Радишани
7. Славица Велковска - ООУ „Кочо Рацин“, Петровец

You might also like