You are on page 1of 2

ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА ОДДЕЛЕНСКИ ЧАС

Училиште ООУ Добре Јованоски, Прилеп


Наставен предмет Одделенски час - IX-2 одд
Одделенски Изабела Узуноска Црнеска
раководител
Тема Формирање, одржување и прекинување врски
Наставна содржина и
работилница Работилница: Збогум пријателство
Реализација 09.11.2015
Цели на часот - да се осознаат причините за прекин на пријателството
- да се увидат различни начини на справување со загуба на пријател
- да се научи начин за полесно справување со прекин на едно пријателство
Наставни средства и • креда и табла
помагала • работен лист за учениците: Што кога пријателството исчезнува?
Активности на часот ВОВЕДНА АКТИВНОСТ
Сите стојат во круг. Секој за себе кажува по едно нешто што направил или
не направил, а што придонело да му се влошат односите со некој
пријател/ка, или, пак, нешто што некој друг направил или не направил, па
тие им се налутиле. На пример, може да се каже нешто вакво: „Еднаш го
заборавив роденденот на другарката и таа ми беше лута некое време“, или:
„Другарките излегле да се шетаат, а мене не ме повикале“, итн.

ГЛАВНА АКТИВНОСТ
Се бараат двајца доброволци кои излегуваат на табла и добиваат задача да
претстават една кратка неструктурирана ситуација во која едниот член од
парот му се приближува на
другиот и му соопштува дека не сака повеќе да му биде пријател.
Претходно на останатите ученици им се кажува дека ќе видат една
ситуација која може да се случи помеѓу кои било двајца добри пријатели.
Откако ќе се изглуми ситуацијата, од учениците, поделени во парови, се
бара да размислат и заеднички да наведат поради кои причини дошло до
прекин на замисленото пријателство што беше претставено на табла пред
другите ученици. Потоа паровите ги кажуваат одговорите, а наставникот
резимирано ги запишува на табла. Откако ќе се кажат/напишат сите
причини, наставникот накратко ги сумира одговорите.
Како следна активност, секој ученик добива еден примерок од работниот
лист со задача, прво, да ги потцрта оние чувства, во левата колона, кои се
јавуваат/би се јавиле кај него/неа во ситуација на прекинување на
пријателството. Потоа, на десната колона, секој ученик ги прецртува тие
работи кои обично ги прави/би ги правел/а во таква ситуација. На крај,
секој за себе, секое потцртано чувство го поврзува со линија со
најсоодветната реакција од десната колона – со онаа реакција што би
придонела за олеснување и за подобро справување со негативните
чувства.Потоа во групи по четворица ги споредуваат одговорите гледајќи
колку од потцртаните реакции им се исти. Секоја група презентира кои
избрани реакции им се заеднички.
ДИСКУСИЈА
1. Кој е одговорен за прекинување на пријателството? Ние или нашите
пријатели?
Зошто?
2. Кога нашите односи со пријателите не се баш најдобри, кој е одговорен
за преземање на
нешто? Ние или нашите пријатели? Зошто?
3. Какви чувства доминираат кога прекинуваме другарства?
4. Дали во вашите групи сте издвоиле исти начини на реакција, и што може
да направите
за да ви биде подобро?
5. Како реакцијата ... придонесува за олеснување, односно да ни биде
подобро кога ќе
прекинеме некое пријателство? (Се проверува зе секоја издвоена реакција
посебно.)

ЗАКЛУЧОК
Кога доаѓа до прекин на некое пријателство, обично не се чувствуваме баш
најдобро, особено ако тоа пријателство ни значело. Луѓето прават
најразлични нешта за полесно да се справат со загубата на пријателството.
Некои нешта повеќе влијаат кај едни луѓе, а кај други може да влијаат
други нешта.

ЗАВРШНА АКТИВНОСТ
Сите стојат во круг. Наставникот воведува протегнување на различни
делови од телото и при тоа, за секое посебно, ја изговара следната
реченица: „Еден, два, три, мачнино замини“.
Па следи друг дел од телото проследен со истата реченица, и така сё
додека не се поминат екстремитетите, главата (вратот), рамената,
половината.
Рефлексија 1. Што правевме?
2. Како се чувствувавте?
3. Што научивме?
4. Како може наученото да го користиме во секојдневниот живот?

You might also like