You are on page 1of 9

Врз основа на чл.

63 од Законот за високо образование, а во врска со член 41 став 4 од Законот за


туристичка дејност, Наставно-научниот совет на Факултетот за туризам и угостителство –Охрид на
седницата одржана на 24.01.2014 год. ја донесе следната:

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ИСПИТНА ПРОГРАМА ЗА ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ

ОСНОВНА ОДРЕДБА

Предмет

Член 1

Со оваа програма се пропишува начинот за добивање на уверение за положен испит за


туристички водич.

I ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ИСПИТНА ПРОГРАМА


Времетраење

Член 2

Програмата за обука за туристички водичи опфаќа 610 единици за обука.

Една единица за обука е еквивалент на еден час.

Еден час трае 60 минути.

Бројот на часови за секој предмет поединечно е даден во предметните програми.

Методи и техники за спроведување на програмата за обука


Член 3

Програмата ги опфаќа следните методи и техники:

1. Метод на предавање (излагање), вежби и домашна работа;


2. Комбиниран метод на предавање со разговор и дискусија;
3. Метод на илустрација и демонстрација;
4. Работа под контрола на инструктор;
5. Самостојна работа на кандидатот;
6. Симулација.
Содржина
Член 4

Програмата за обука и испитната програма за полагање на испитот за туристички водич


опфаќа општ, посебен и практичен дел.

Општ дел
Член 5

Општиот дел од програмата за обука и испитната програма за полагање на стручниот


испит ги опфаќа следните предмети:

Предмет Наставник Број на


часови
Основи на светската историја; Проф. д-р Пере Аслимоски (6+4)
Основи на историјата на уметност, Проф. д-р Сашо Коруновски (6+4)
архитектура и култура;
Општествено-политички систем на Проф. д-р Ристо Речкоски (6+4)
ЕУ;
Светски туристички региони; Проф. д-р Науме Мариноски (6+4)
Деловна етика и комуникациски ПРоф. д-р Лилјана Баткоска (12+8)
техники и вештини во туризмот;
Менаџмент на групи; Проф. д-р Зоран Тунтев (12+8)
Деловно работење во туризмот. Проф. д-р Лидија Симонческа (6+4)

Основи на светската историја


Член 6

Со предметот Основи на светската историја се очекува кандидатот да се стекне со општа


наобразба од светската и европската историја, епохите и периодите на историјата, како и е
знаења за позначајните појави, настани и процеси од светската и европската историја.
Понатака да стекне реални и објективни знаења и врз основа на нив да се извлече поуки;
да формира објективни ставови и заклучоци; да прави синтеза на културниот и духовниот
развиток и на општоцивилизациските придобивки; во континуитет да се запознава со
економскиот, политичкиот, духовниот и културниот развиток во светот, Европа и
Македонија;

Основи на историјата на уметноста, архитектурата и културата


Член 7
Со предметот Основи на историјата на уметноста, архитектурата и културата кандидатот ќе
се здобие со основни познавања на историјата на уметноста, архитектурата и културата во
европски рамки, ќе се запознае со основните придобивки на европската уметност,
архитектура и култура со изучување на најзначајните периоди, епохи, дела и збиднувања
во нивни рамки.

Општествен и политички систем на ЕУ


Член 8

Преку предметот Општествен и политички систем на ЕУ кандидатот ќе се стекне со


основни познавања за поимот на ЕУ, тела и институции на ЕУ, европската и монетарна
унија, европско право, европското законодавство, стандардите на ЕУ, како и европската
правна регултива од областа на туризмот и хотелиерството, патничките агенции.Како
важна точка ќе се споменат европските конвенции и регулативи во областа на туризмот,
политиката за заштита на потрошувачите во ЕУ, инспекцискиот надзор во системот на ЕУ и
меѓународна регулатива и решавање на спорови во ЕУ.

Светските туристички региони


Член 9

Со предметот Светски туристички региони кандидатот ќе се запознае со најзначајните


туристички региони во светот, туристичките текови и туристичката дистрибуција по
континенти со посебен осврт на светските дестинации и европските туристички региони.

Деловна етика и комуникациски техники и вештини во туризмот


Член 10

Преку овој предмет кандидатите ќе се стекнат со основни познавања од деловната етика


во туризмот, техниките за комуникација кои се применуваат во директен контакт со
клиентите, како и некои вештини на вербална и невербална комуникација.

Менаџмент на групи
Член 11

Предметот на менаџментот на групи ги опфаќа планирањето, организирањето,


екипирањето, водењето или насочувањето, како и контролирањето и организирањето на
група од повеќе лица со обид за остварување на конкретна цел. Вештината подразбира
користење и манипулирање на човечки ресурси, финансиски ресурси, технолошки
ресурси и природни ресурси. Во склоп на овој предмет е водењето на лица со посебни
потреби.

Деловно работење во туризмот


Член 12

Преку овој предмет кандидатот ќе се стекне со основните познавања од туристичкиот


бизнис, организациските структури на претпријатијата од областа на туризмот како и
нивната интеракција, со посебен осврт на местото на туристичките водичи и нивното
функционирање во склоп туристичкиот систем

Посебен дел
Член 13

Посебниот дел на програмата за обука и испитната програма за полагање на стручниот


испит ги опфаќа следните предмети:

Moдул Наставник Број на


часови
Историја на Македонија; Проф. д-р Пере Аслимоски (12+8)
Туристичка географија на Македонија; Проф. д-р Науме Мариноски (12+8)
Културно наследство на Македонија; Проф. д-р Сашо Коруновски (12+8)
Туризам и економски развој на РМ; Проф. д-р Иванка Нестороска (12+8)
Општествено уредување и законската Проф. д-р Ристо Речкоски (6+4)
регулатива од областа на туризмот во
РМ.

Историја на Македонија
Член 14

Кандидатите преку овој предмет се стекнуваат со познавања од историјата на Македонија


и македонскиот народ од антиката па се до денес.

Туристичка географија на Македонија


Член 15

Кандидатите преку овој предмет се стекнуваат со основни познавања од географијата на


Република Македонија, релјефните карактеристики, геологијата, хидрографијата, флората
и фауната, како и географската поставеност на туристичките региони и атрактивности на
територијата на РМ.

Културно наследство на Македонија


Член 16

Предметот културно наследство на Македонија овозможува кандидатите да се стекнат со


неопходните познавања од областа на историјата на уметноста на територијата на
Република Македонија, движното и недвижното културно наследство, заштитените и
незаштитените споменици на културата и споменички целини, духовно наследство и
обичаи, етнологија, заштита на културното наследство низ призма на туристичките водичи,
УНЕСКО и други организации за заштита на културното наследство.

Туризам и економски развој на Република Македонија


Член 17

Преку овој предмет кандидатите ќе се стекнат со одредени знаења за туризмот како


стопанска дејност во Република Македонија, туристичката дистрибуција во Република
Македонија, бројот на странски и домашни туристи, импликациите кои произлегуваат од
туризмот како и неговото место во рамките на економијата на РМ. Во рамките на овој
предмет кандидатите исто така ќе се стекнат со одредени знаења во врска со примарниот,
секундарниот и терцијарниот сектор од стопанството на РМ.

Општесвено уредување и законска регулатива од областа на туризмот во


Република Македонија
Член 18

Со овој предмет кандидатите ќе се стекнат со неопходни познавања за уставното


уредување на Република Македонија, законодавната, судската и извршната власт како и
законската регулатива од областа на туризмот во РМ.

II НАЧИН НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА ЗА ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ

Пријавување на кандидатите
Член 19
Кандидатите се пријавуваат на институцијата која ја спроведува наставната и испитната
програма за туристички водич и притоа треба да ја достават следната документација:

1. Уверение за државјанство
2. Извод од матичната книга на родени
3. Доказ за завршено четиригодишно средно образование
4. Уверение за положен курс за прва помош (се поднесува во текот на курсот пред
полагањето на практичниот испит)
5. Кандидатот задолжително пријавува минимум еден странски јазик (светски или
европски) на кој на крајот од програмата за обука го полага практичниот испит
6. Уплата во износ од 15.000 денари на жиро сметка на факултетот со цел на дознака
„обука на туристички водичи-теоретски општ и посебен дел”

Теоретски и практичен дел на обуката


Член 20

Кандидатот најпрво посетува настава кај различни предметни наставници на факултетот


каде се здобива со потребните знаења од општиот и посебниот дел на програмата.

Во рамките на посебниот дел на програмата се организираат:

1. Студиска тура која претставува организирана интерактивна екскурзија или


патување каде квалификувани експерти од соодветната област или туристички
водичи, практично ги подучуваат кандидатите на потребните вештини и знаење.

2. Демонстрациска тура која е организирана екскурзија, разглед или патување,


спроведени од предметниот наставник или квалификуван туристички водич каде
кандидатите набљудуваат со цел да се стекнат со потребните вештини и знаење
кои се бараат во наставната програма.

Потребни квалификации на обучувачите за спроведување на општиот и


посебниот дел на програмата за туристички водич
Член 21

Критериумите за избор на обучувачи за спроведување на практичната обука од општиот и


посебниот дел на програмата ги утврдува високо-образовната институција:

 За спроведување на наставниот и испитниот дел од програмата за обука на


туристички водичи ќе се ангажираат наставници од соодветната област во која
припаѓаат предметите наведени во член 7 и член 16 во овој предлог правилник.
Наставниците треба да бидат експерти од соодветната област избрани во наставно-
научно звање доктор на науки.

 Обучувачи за спроведување на студиските патувања ќе бидат наставници избрани


во наставно-научно звање доктор на науки за соодветната област.

 Обучувачи за спроведување на демонстрациската тура од практичната обука ќе


бидат соодветно искусни туристички водичи.

ИСПИТ

Теоретски дел од испитот


Член 21

Теоретскиот дел на испитот се состои од проверка на знаењето од предметите кои се


составен дел од општиот и посебниот дел на програмата за обука и испитната програма за
полагање на стручниот испит. Се полага писмено или усно.

Секој предмет наведен во членовите 7 и 16 од овој правилник се полага посебно и тоа кај
предметен наставник во звање доктор на науки од соодветната област.

По положениот општ и посебен дел од обуката кандидатот се упатува на полагање на


практичниот дел од стручниот испит.

Оценување
Член 22

Оценувањето на кандидатите се врши за секој предмет предвиден во програмата за обука


поединечно од страна на предметниот професор, со оценка „положил” или „не положил”.

Поправни испити за предметите предвидени во програмата за обука на


туристички водичи
Член 23

Поправните испити од предметите предвидени во програмата за обука на туристички


водичи полагаат во рок кој не може да биде пократок од 30 дена, ниту подолг од 90 дена
од денот на полагањето на соодветниот предмет.
Поправно полагање на предметите кандидатот може да изврши само еднаш во рамките
уплатените средства за обука и испитување.

За секое наредно полагање кандидатот е должен да уплати административна такса за


секој предмет поединечно.

Признавање на стекнато образование од претходно студирање


Член 24

Кандидатите кои претходно дипломирале на факултет за туризам и угостителство на


насоките туризам, гастрономија, исхрана и диететика или хотелско-ресторанска се
ослободени од полагање на теоретскиот општ и посебен дел од обуката и истите се
упатуваат на полагање на практичниот испит.

Кандидатите од став 1 од овој член уплаќаат:

 административна такса во износ од 3.300 денари и


 такса за полагање на практичен испит.

Практичен дел од испитот


Член 25

Практичниот дел од испитот подразбира симулација на водење на група туристи, при што
кандидатот практично го покажува целокупното знаење кое го стекнал од предвидената
програма за обука на туристички водичи на јазикот/јазиците кој/кои претходно го/ги
навел во пријавата.

Практичниот дел од испитот од програмата за обука на туристички водичи кандидатот го


полага најмалку 75 дена по неговото пријавување за обука на факултетот.

Се полага пред комисија во состав:

1. Еден претставник од институцијата (факултетот) каде се спроведува програмата за


обука
2. Еден претставник од правното лице овластено од министерството за економија за
издавање на легитимација за туристички водич
3. Еден претставник од Министерството за економија - Сектор за туризам и
угостителство
Место на изведување на практичниот дел од испитот
Член26

Практичниот дел од испитот се изведува во регионот каде е лоциран факултетот на кој


кандидатот се запишал за обука за туристички водич.

Такса за полагање на практичниот дел од испитот


Член 27

Кандидатот уплаќа на посебна жиро сметка на факултетот такса во износ од 5.000 денари
по регион за полагање на практичниот дел од испитот.

Уверение за положен испит за туристички водич


Член 28

Откако кандидатот ќе ги положи теоретскиот и практичниот дел од испитната програма за


обука на туристички водичи му се издава уверение за положен испит за туристички водич.
Уверението го издава институцијата каде се реализира обуката.

Легитимација за туристички водич


Член 29

Врз основа на уверението за положен испит за туристички водич правното лице овластено
од Министерството за економија издава легитимација за туристички водич.

Завршни одредби
Член 30

Овој Правилник за теоретска и практична обука и спроведување на теоретски и практичен


испит за туристички водичи стапува во сила со неговото објавување во Службен весник на
Република Македонија.

24.01.2014 Декан

Охрид проф. д-р Сашо Коруновски

You might also like