You are on page 1of 222

ИЛИЈА АЦЕСКИ

МОЈАТА БОРБА ЗА РЕФОРМА НА


УКИМ

УНИВЕРЗИТЕТ НА РАСПАКЕ
- втор дел -
Култура на корупција во системот на
високото образование
Примерот на УКИМ

Скопје, 2020
ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F2
ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F3
НАПОМЕНА

Во периодот јуни/декември 2019 год. на Фејсбук беа постирани


неколку стотини страници текст посветен на состојбите на
УКИМ. Ви изминатите седум/осум години по разни поводи во
медиумите, беа објавени десетици изјави, интервјуа, колумни,
анализи кои беа непосредно поврзани пред се со состојбите на
УКИМ и високото образование воопшто.Пред неколку години
беше објавена и студијата ,,Универзитетот на распаќе “, како
резултат на емпириско истражување. Селекцијата на
материјалите е во функција на поцелосно комплетирање на
претставaта во која се наоѓа УКИМ, но и потикнување на
расправа во насока на надминување на дел од проблемите со кои
се соочува високото образовани и УКИМ. Искрено им се
заблагодарувам на сите оние кои ги следеа и ги коментираа
постовите-анализите и забелешките на Фејсбук.

Второто проширено, дополнето и променето издание на книгата ,,


Универзитетот на распаќе “ е подржано од Филозофски факултет, со одлука на
Наставно -научниот совет.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F4


СОДРЖИНА
ПРЕДГОВОР ............................................................................ 6
Прв дел ....................................................................................11
ВТОР ДЕЛ .............................................................................. 37
Анализи на состојбите на УКУМ ..................................... 45
ЧУДЕСИИ НА УКИМ ....................................................... 45
ТРЕТИ ДЕЛ ............................................................................ 59
ЧЕТВРТИ ДЕЛ....................................................................... 72
ПЕТТИ ДЕЛ ........................................................................... 81
ШЕСТИ ДЕЛ ......................................................................... 92
Медиумите за настаните на УКИМ...................................... 92
СЕДМИ ДЕЛ ........................................................................ 188
МАРФИЕВИ ЗАКОНИ ЗА СТУДЕНТСКО СЕБЕ
ДОЖИВУВАЊЕ ВО СИСТЕМОТ НА........................... 188
КУЛТУРА НА КОРУПЦИЈА ВОСПОСТАВЕН НА
УКИМ ............................................................................... 188
ПРИРАЧНИК .................................................................... 200
Содржина .............................................................................. 218

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F5


ПРЕДГОВОР
Десетина години да пишувате, алармирате, укажувате,
користејќи ја секоја прилика, од учество на научен собир
каде се говори за образованието а посебно за високото
образование, потоа по разни настани каде се води
дискусија за образованието, зачестено присуство на
медиумите, електронски, пишани, портали и најпосле на
отвореното поле на Фејсбук да ги постирате отворено
проблемите на УКИМ, пред се, и со тоа на високото
образование во Македонија потребна е голема посветеност
но и верба дека сепак нешто може да се промени во насока
на подобрување на квалитетот на студиите.
Кога малку подетално ќе се навлезе во анализата на
состојбите на високото образование, пред се мислам на
УКИМ, на прво место неколку моменти се неодминливи.
Прво соочување со реалноста. Никој не го оспори фактот
дека УКИМ, пред се и виското образование во државата е
во длабока криза, која може да се препознае во десетината
реално присутни факти/манифестации кои може да ги
резимираме на две фундаментални состојби/факти: нема
учење/подучување на голем дел на единиците /институтите
на УКИМ, и второ, скоро и да нема истражувања, двете
работи без кои нема Универзитет, а под тоа мислам на
квалитетни студии. На некои Институти на Филозофски
факултет на пример, нема повеќе од десетина години
реализирани проекти. За наука во таква ситуација не може
да се говори.
Второ, во однос на учењето/подучувањето информациите
за некои факултети и групи/институти состојбата е во

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F6


сферата на чудата: од бројот на студенти по наставник, од
тоа што скоро да нема асистенти, до бројот на предмети и
часови по наставник. Десетици предмети по наставник и
десетици часови неделна настава, е запишано на страната
на факултетите. Друга е приказната дали тие навистина се
одржуваат, и кога би се одржувале на пример, како е можно
десетина часови понекогаш, а почесто по осум во текот на
еден ден за студенти а се случува и десетина часови за
професор. Чудесијата е во тоа што тие се запишани во
регистерот на наставникот како активност, а би било уште
почудесно тој навистина да ги одржува или студент да седи
на предавања осум часови во текот на еден ден. Овие факти
говорат за системот кој е воспоставен и кој функционира од
моментот на воспоставување на Болоњскиот процес и
ЕКТС системот, или поинаку кажано, македонскиот
високообразовен систем да се приклучи кон тековите и
духот на Европскиот образоваен систем.
Трето, со Болоњскиот процес и ЕКТС системот започна
еден многу чуден процес на воспоставување на јавно -
приватно партнерство во сферата на високото образование
финансирано од страна државата, се мисли на државните
универзитети и граѓаните/студентите: од една страна
факултетот /Универзитетот е државна институција, се
разбира автономна, што го задолжува државата да
запишува одреден број студенти, т.н државна квота и
приватна квота која факултетот/групата самостојно ја
определува, за што студентот плаќа. Кога не постојат
елементарни стандарди кои би го гарантирале квалитетот
на студии, многу лесно факултетите, барем голем дел од

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F7


нив запишаа студенти некаде и до десет пати повеќе, кое
попречува и оневозможува нормално студирање. Системот
започна одвнатре да се распаѓа, процес кој трае и денес, а
се разбира со тешки последици кои ја доведоа во прашање
неговата улога, а тоа е да создава квалитетни кадри.
Во која мерка јавно - приватното партнерство го упропасти
високото образование во Македонија сеуште не сме
доволно свесни, но скоро да е формиран впечатокот кој е
присутен кај мнозинството од населението, се мисли пред
се на студентите и професорите, дека е достигнато дното во
смисла на неквалитет, на изгубеност и разочараност.
Ако и делумно се сложиме со изнесените констатации и
сознанија кои се доволно поткрепени во анализата, која
следи во книгата која настана како резултат на скоро
шестмесечното ФБ постирање и расправи, како и
десетината објави, колумни во други медиуми, неколку
прашања се наметнуваат сами по себе и за кои за жал во
овој момент како да нема одговори.
Прво, скоро и да нема никакви реакција од оние кои долги
години раководат или биле на раководни позиции на
УКИМ и на единиците, и кои беа дирекно посочени дека се
виновни, одговорни за тоа што се случува и се случувало
на УКИМ. Тоа е некако разбирливо, да не се бранува, ФБ
објавата, или изјавата, анализата на медиумот, електронски
или печатен, трае кратко и како и секоја друга
информација, таа за кратко е изгубена. Но, што станува со
институциите кои се одговорни за високото образование,
што е со оние кои работат на Универзитетот, каков е
нивниот однос, став. Дали молчењето значи согласност со

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F8


изнесеното, дека на пример, на некои факултети или групи
на УКИМ владее култура на корупција, дека системот е до
тој степен руиниран што го загрозува, упропастува,
девалвира и уништува секој оној кој е дел од тој систем, се
мисли пред се на студентите! Потрага по начини, насоки,
политики, реформи практично нема, сите се согласуваат
дека нешто нечини во системот, но од каде да се почне
никој нема одговор. За некои од аналитичарите на
состојбите на високото образование владее едно убедување
дека реформи се практично невозожни; како да
реформирате распаднат систем, од каде да почнете, ако
темелите се разнишани, конструкцијата е несоодветна и
слаба, а расправате за кров или боја на фасадата. Со други
зборови, како да реформирате Институт во која половина
од вработените се несоодветни за тоа што го работат, или
се избирани во највисоки звања без трудови, без ни еден
научен проект, труд, да не говориме за учебник по
соодветниот предмет, а е биран за десетици предмети ......
Фејсбук. Prof.d-r Ilija Aceski/Проф.д-р Илија Ацески

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F9


ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F10
Прв дел
Што покажуваат анализите за состојбите на УКИМ
Со што се согласува мнозинството за УКИМ

Сосема е занемарлив бројот нa сериозни анализи за


состојбите во високото образование во Македонија. Дури
владее едно убедување дека тие се непотребни, во смисла
ако веќе сме убедени дека не може да се говори за квалитет,
тогаш е непотребно да се докажува на кој начин тоа се
исполнува, тоа може да предизвика разочарување до тој
степен што секоја конкретна акција ја прави невозможна и
залудна. Сигурно дека не треба да бидеме убедени дека ако
работите ги објасниме дека тоа води неминовно кон
промена на состојбите, но мора да се говори и да се бараат
решенија и колку тоа да ни изгледа залудно. Уште повеќе
од тоа кога практично не постои некој кој ги доведува во
прашање анализите; сите се сложуваат со ставот дека
високото образование не поседува доволно квалитет и дека
треба да се направи напор за промена на состојбите.
Факт е дека за изминатите дваесетина години никој
сериозно не се зафатил со истражување на состојбите во
високото образование. Стратегиите, препораките,
програмите во кои најчесто е забележано тоа кое укажува
на нешто кое евентуално “треба да се случи” во смисла на
подобрување, дека ќе бидат практикувани стандарди кои се
својствени за развиените земји, дека промeните ќе бидат во
духот на Болоњскиот процес, дека сериозно ќе се работи на
подобрување на стандардите на студирање и слично.
Единиците на универзитетот (мислам пред се на УКИМ),
останаа само на чинот на самоевалуација, која никој не ја
смета за сериозна, да не говориме за посериозни постапки
кои јасно ќе упатат на вистинските проблеми, ниту пак
направија сериозен обид да направат нешто во промена на

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F11


состојбите. Едноставно, не си дозволија самите себеси да
сe погледнат и сериозно се соочат со проблемите со кои се
соочуваат студентите и не се запрашаа, на пример, на што
е резултат високата проодност, “големиот интерес” за
вториот степен на студии, ниту некој се запраша на што е
резултат, во еден период пред воведување на новиот систем
на докторски студии, огромниот број на докторанти.

Перцепција на студентите за системот на ЕКТС

Во едно анктено истражување (2015), со подршка на


Ректоратот на УКИМ, кое беше посветено на перцепцијата
на студентите на системот на ЕКТС исфрли многу
зачудувачки прашања кои за “автономијата” на
Универ зитетот: зачудувачки до тој степен што
поранешниот ректор ги прогласи за непосакувани и дури
штетни за академската заедница. Накратко, скоро
десетгодишната примена на ЕКТС и Болоњскиот процес,
кај мнозинството од студенската популација на УКИМ
формира претстава за систем кој во голема мерка
студентите го доживуваат со исклучиво негативно значење:
тој ги подобрува условите, го поедноставува пристапот до
студирање, поставува јасни правила, но ги нема многу
важните особини на систем низ кој студентите ја
практикуваат сопствената индивидуалност, дека ги затвора
во границите на системот и ги отуѓува од светот “надвор”
дури и никој не ги прашува што понатаму, која е нивната
перспектива. Едноставно, за најголем дел од студенската
популација се формира свест за “наемнички однос” сте
платиле за студиите, или едноставно вие сте тука да земете
парче хартија (диплома) а колкава е нејзината вредност тоа
никого не го интересира. Дури и критичките забелешки
околу програмите, подготвеноста на наставниците за

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F12


настава, квалитетот на вежбите, начинот на оценување е на
втор план, важно е да се обезбеди проодност и да се добие
диплома. Покасно, само неколку години по “големиот бум”
започна тивко преиспитување на сосптвените ставови кое
се изрази со губењето на мотив за понатамошно
школување, бројот на постдипломци се намали, проодноста
во погорните години изгуби од значење, бројот на
дипломирани кадри, од поединечни групи и факултети
порасна во заводот на вработување. Од друга страна
државата освен декларативните заложби за квалитетно и
европско образование со ниедна постапка не покажа
разбирање за вистинските проблеми на високото
образование, што го остави да плива во проблемите под
плаштот на автономија, а суштински беше оставено да
прави нешта кои доведоа до дезинтегриран универзитет, до
„пазарно” ориентирано јавно образование, понекогаш
втурнато во партиски пресметки, кои сметам дека не биле
пресудни, и оставено на маргините да егзистира „само за
себе”.
На крајот, е интересно да наведеме каков е степенот на
задоволство кое студентите го покажуваат во анкетните
истражувања, без разлика колку се тие валидни: дали тие
се задоволни од процесот на студирањето? Што говори
процентот дека само 13% се многу задоволни, само 2%
многу незадоволни, 7% не задоволни, а околу 20%
задоволни, но над 50% и едно и друго, и задоволни и
незадоволни: од една страна доаѓањето до диплома е
едноставна и лесна операција, да се плати и се издржи еден
период според правилата за кои не се сигурни дека водат во
добро студирање и до очекувани резултати, а од друга
страна, ги мобилизира механизмите за крајниот резултат.
Во краен случај која е смислата на студирањето, ако ни
еден од двата елементи кои се сметаат за клучни,

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F13


ефективно ста на дипломата и задоволството од
студирањето кое креира здрава личност, која се формира со
текот на образованието не се исполнети, или барем
делумно. И таа ситуација ја заробува личноста, ја
фрустрира што резултира со недоволни диференцирани
ставови, нејасна перцепција и недоволно рационално
размислување, кое што е лесно подложно на манипулација,
и е доволно променливо и прагматично, и ја нема
потребната структура која му овозможува на поединецот
кој е во процес на образование продолжи да се формира во
креативна личност, во нашиот случај личност – стручњак–
морално и духовно изграден да биде здрав член на
заедницата, а не среќата да ја бара надвор од границите од
државата или во полош случај не знае зошто воопшто
студирал. Ако ги бараме недостатоците (вината!) само кај
студентите, или само на некоја трета страна, или само да го
обвинувате образовниот систем, грешките во расудувањето
се неизбежни: високото образованието е премногу сложено
за да може да биде објаснувано од причини кои доаѓаат од
една сфера од општеството, но тоа не значи дека сите
субјекти во за тој процес носат еднаква одговорност. Некои
се далеку поодговорни, особено оние кои долго време
м е н а џ и р а а т с о ф а к ул т е т и т е и у н и в е р з и т е т о т.
Универзитетите и факултетите во тој контекст немаат
развиено менаџерски практики кои може да се компарираат
со практики на образовните институции во развиените
земји, односно познатите универзитети. Не се познати
начини на менаџирање слични на менаџирањето со
државните универзитети во Македонија.

УКИМ е во длабока криза

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F14


Кога расправаме за високото образование без да имаме
пред себе конкретен систем на образование, тогаш
остануваме во сферата на општите правила, принципи,
политики, разни документи на национално и мегународно
ниво, стандарди за квалитет и слично. Во тој случај, малку
ги допираме конктрените прашања на системот, можеме да
г и п р е т п о с т а ву в а м е ко л к у т и е с е в г р а д е н и и
препознатливи, но секогаш отсуствува одговорот на
конкретните прашања поврзани со квалитетот. Тоа на некој
начин, за оние кои се охрабриле нешто да проговорат за
системот остануваат во сферата на апстрактното поимање,
тоа никого конкретно не го погодувава, ниту некој е
повикан нешто да превземе во промена на состојбите. Кога
ќе кажете дека “системот (високо образовниот ситем) во
Република Македонија е во криза” или “има слаб квалитет
“практично тоа ништо не значи; кога ќе кажете дека
“УКИМ е во длабока криза” тоа веќе нешто конктретно
значи, како и тоа кога ќе кажете деке “некои Институти
(групи, факултети) на УКИМ треба да се укинат и
повторно да се реорганизираат”, тогаш тоа има многу
конкретно значење и тогаш пристапот во анализата е
сосема конкретизиран. Ако не се стигне на тоа ниво, нема
желба за промени.
Во едно сите се сложуваат; навистина системот на
високото образование е во криза, но без понатамошни
консенквенции во било која насока. Со таа оценка живееме
скоро десетина и повеке години, но без прецизирање на
конкретното значење, што е тоа криза, со една напомена
дека станува збор за криза која резултира од “надворешни”
фактори. На пример, најчесто се наведува “мешањето на
државата” во автономијата на Универзиеттот, или
дислокација и отворање на многу факултети и
Универзитети низ помалите места, да не говориме за

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F15


висината на средствата на финансирање на научната
работа, кој се непостоечки, многу недоследности во
законското регулирање и честите измени на законите, па
натрапното воведување на светски стандарди во
објавувањето на стучни и научни трудови, на пример, и
многу други причини, кои главно државните органи
едноставно си играат со високо образовните институции на
начин кој не е соодветен за сферата каква што е високото
образование. Едноставно се бришат границите на
автономијата на Универзитетот, и лесно се случува упад во
сферата на Универзитетот што се доживува како главна
причина за состојбите. Мешањето во изборот на
наставници (соработници или асистенти не постојат) на
пример, понакаде дојде и тоа до израз, но тоа не е некоја од
главните причини, тоа е проблем на институциите кои
дозволија практично сите од наставниот персонал да ги
промовираат во највисоки звања. Имено се случува еден
процес на хармонизација на она кое “однадвор” доаѓа и се
доживува како “упад”, со оние дејствија кои доаѓаат
„одвнатре” и лесно се прилагодуваат во сопствен инетрес.
Тоа најмногу е видливо при “собирањето” на поени за
наука, во промоција на повисоки звања, а се нарекува
учество на меѓународен симпозиум, или објавување на
труд од меѓународен симпозиум или зборник како резултат
од тој, ист симпозиум, или при учество во некоја активност
која нема никаква врска со наука и образование. Тоа како,
ќе видиме покасно, за кратко време, предизвика промоција,
говорам за УКИМ, некои сметаат дека на другите, особено
приватни Универзитети дека е правило, на највисоко звања
на наставници на околу четириесетина години.
На прашањето: Што е тоа што ја предизвика оваа “љубов”
на надворешните фактори во лицето на државата и
внатрешните прилагодувања и дејствија на автономните

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F16


единки на Универзитетот не е тешко да се претпостаави: од
една страна државата “бара квалитет”, не е јасно дали
некој може тоа да го објасни и разбере, од друга страна
единките на универзитетот, факултетите и групите пред сѐ
го испорачуваат во огромни количини. Присутен е
впечатокот дека се несвесни за тоа што го прават,
произведуваат огромен број на дипломирани, доктори и
магистри на наука, скоро сите се промовираат во највисоки
звања, си делат неограничени хонорари. Дури и се трудат
да бидаат критички према државата, плашејќи се некој да
не им “упадне” во автономијата. Тоа е типична состојба
кога никој, ама никој не го поставува прашањето за
квалитетот, од најконктретно, нај елементарно ниво, од
ниво дали има нормална настава, дали студентите се
доведени во состојба да учат, до нивното вработување во
соодветната струка за која се образуваат, нивното
задоволство, како нивните студии ги вреднува некој друг од
страна за што има доволно компетенција и знаење,
содржините на предметните програми и многу други
елементи кои влегуваат во процесот на студирање.

Можни ли се радикални промени?

Едно од прашањата кое постојано е присутно кога


говориме за висoкото образование во Македонија не е
содржано во оценката дали станува збор за тоа дали е во
криза или не, туку од каде да се почне во санирање на
последиците. Некои размислувања одат во насока на
превземање на радикални постапки, други се залагаат за
постепени и промени на подолг рок. Но, едно останува
нејасно од каде, од кој критериум да се тргне во
осмислување на постапките. Како ќе му објасните некому
дека кадарот кој го произведуваат не го препознаваат на
пазарот на труд, дека оние кои дипломирале не се ни

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F17


одалеку оспособени да работат за тоа за што се
оспособуваат. Во суштина кој е тој што тоа ќе го направи и
нему ќе му се верува, или едноставно тоа одговорните ќе го
земат за релевантно. Популизмот и клиентилизмот се
длабоко навлезени во македонското општество. Во
високото образование, клиентилизмот, корупцијата,
неодговорно ста, непотизмот се со ставен дел од
функционирањето на системот. Потребен е напор да се
демонтира, да се разобличи, да се објасни, еден систем кој
долг период, произведува неквалитетни кадри, кој не се
реформира по деведесетите години, со падот на
социјализмот, и со воведување на Болоњскиот процес се
доби впечаток дека состојбите се влошија до тој степен
што денес никој не верува дека може нешто позитивно се
направи. Во нашата анализа се прави обид да се допре до
дел од проблемите, погледнати одвнатре, но и да се
предочат некои од можните решенија за нивно
надминување.

Но, за почеток да видиме што се подразбира под


“квалитетно во високото образование”, и што покажуваат
некои од ретките истражувања на високото образование во
Република Македонија. За квалитетот на високото
образование во Македонија сосема малку се говори,
присутна е една зачудувачки ситуација која не може да се
објасни кога никој не сака да се впушта во анализа,
конкретна анализа што ја прави кризата толку длабока и
сеопфатна. Кога сте внатре во системот имате многубројни
предрасуди и дилеми, некогаш и неверување, дека нешто
може да се случува на таков начин. Она што нема логично
објаснуавање е инертно ст а на менаџментот на
универзитетот, нема програма, не постои желба да се

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F18


направи нешто, нема расправа, нема елементарни анализи,
завладеа молк кој трае долг временски период.

Култура на корупција во функционирање на високото


образование

Кога ќе кажеме корупција мислиме пред се на


“расипаност, разврат, подмитување, поткуп, трулење,
распад, фалсификување”, односно секоја постапка (чин,
дело), или нешто кое не го прави поединецот, или
организацијата, јавна или приватна, со што се крши
законот или довербата поради корист или добивка. Во секој
случај, станува збор за сложен феномен, кој понекогаш
претпоставува голем напор да се идентификува во една
конкретна ситуација. Не станува збор за нешто кое се
распознава само во ситуација кога доаѓа од кршење на
законите туку и длабоко навлегува во моралното
однесување на човекот. Во сферата на образованието таа не
е ниту нова, постои многу одамна и се манифестира во
скоро сите сфери на образовнот процес: од имплементација
на наставата и плаќање на наставниците, подготовка на
трудови, издавање и дистрибуција на учебници, користење
на сретства за приватни цели и друго во таа насока. Не
станува збор само за тоа дали некој прима парични
сретства (мито) за да обави некоја дејност надвор од
законот. Некои говорат за “култура на корупцијата”, начин
на однесување кој во голема мера се практикува на
универзитетите во Македонија, а главно се согледува во
следното: плаќање на мито за остварување на различни
цели, во завоснот од позицијата на оној кој е вo состојба
тоа го овозможи; корупција во сферата на изборите на
наставници и менаџерските тимови; корупција при набавка
на разни сретства кои ги користат факултетите;

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F19


неправедност и пристрасност. Потоа разни недоследности
во реализацијата на активно стите од страна на
наставниците,како што е на пример; нередовност во
одржувањето на наставата, несоодветна литература,
неодговорност при оценувањето на студентите и слично.
“Културата на корупцијата” во основа го поткопува
системот на образование, ги демомотивира младите за
работа, длабоко ги навредува оние кои се посветени на
работата и најпосле го ослабува системот на квалитетно
образование. Во краен случај, кога говориме за
н е к в а л и т е т н о о б р а з о в а и е м и с л и м е н а ш и р о ко
распостранетата “култура на корупција”. За жал, на
примерот на системот на високо образование во
Македонија, никој не се обидел подлабоко да навлезе и и ги
објасни причните за тоа.
Би било интересно да видиме што се влегува во сверата на
“културата на корупција”, и дали можеме да препознаеме
понешто на универзитетите во Македонија, особено на
државните, кои се чини многу малку развија механизми за
заштита. Корупцијата во образовниот систем подразбира и
спектар на различни активности меѓу кои следните се чини
се составен дел од “нормалното” функционирање;
полагање на испити под лажни имиња, пренамена на
средства кои се за наставни материјали, примање на мито
за полагање на испити, искористување и злоупотреба на
студентите на различни начини, уценување на студентите
при купување на учебници, употреба на средства за лични
потреби (службени автомобили) продавање на испитни
прашања, пишување на извештаи за унапредување на
наставници кои тоа реално не го заслужуваат, висок степен
на отсуство на професорите во текот на семестарот,
акредитација на студиски групи кои не ги исполнуваат
основните критериуми, влијание на комисиите за избор

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F20


при повисоко звања, неподготвеност за настава,
импровизација, неадекватно оценување и слично.
Како се препознава културата на корупција
Од што се “храни” и ја потикнува “културата на корупција”
и дали постои начин како да започне процес на формирање
на антикоруптивен систем? Се чини неколку постапки се
неопходни. Пред се, потребно е јасно препознавање на
о бл и ц и т е н а ко ру п ц и ј а и ф о рм и р а њ е н а ј а с н а
“концептуална рамка” за нејзино намалување. На пример,
на скопскиот УКИМ за почеток на некои факултети да се
стави крај на продажбата на книги од страна на
професорите, со тоа што Универзитетот ќе ја развие
издавачката дејност, електронското издаваштво и други
начини кои на студентите ќе им овозможат полесно и
некоруптивно набавување на учебници. Никаде во светот
наставниците не ги продаваат лично своите учебници на
студентите. Она што е важно да се потенцира, кога
говориме за внатрешните фактори кои и погодуваат на
корупцијата е пред се непостоење на јасни правила /норми/
стандарди и прописи кои ги регулираат внатрешните
односи. На пример, она кое е интерсно за УКИМ,
непостоење на јасни правила при формирање на комисии
за одбрана на магистерски и докторски трудови, начинот на
наградување, некои од професорите го претворија во
вносен бизнис непочитувајќи елементарни правила. Тоа
говори за недостаток на професионални правила. Потоа,
ниските плати на некои од факултетите доведоа до целосно
дерогирање на активностите под изговор дека работата не е
доволно платена што доведе до состојба дека се е
дозволено, а кое истото не е забрането со закон. Имено,
непостоењето на транспарентни правила доведе до
состојба на коруптивно однесување, а во комбинација во
отсуство на соодветен начин на менаџирање со

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F21


организацијата, отсуство на надзор на работата, по и
дезорганизација (како е можно еден наставник во текот на
еден ден да има по десет часови настава). Дали е тоа
коруптивно однесување? Сигурно дека е, едноставно тој не
одржува настава и да се обиде не би бил во состојба.
Нема сомнение, нискиот квалитет на образование доведе
до формирање на состојба која едноставно можеме да ја
идентификуваме како “култура на корупција” која длабоко
ги поткопа основите на образовниот процес и доведе до
состојба која тешко може да биде надмината со
ограничени, парцијални и недоволно осмислени политики.
Прашањето: дали постои подготвеност наставниците и
менаџментот на УКИМ да се соочат со постоење на висок
степен на корумпираност и да се формира амбиент на
декомпозиција на “културата на корупција” се чини дека
нема доволно енергија тоа да се направи. Ако не се
превземе нешто кое “однадвор” би ги принудило субјектите
на образовниот процес да се соочат сериозно со
по следиците доколку продолжат со коруптивно
однесување. Дека постои свест за тоа дека има висок
степен на коруптивно однесување, тоа никој не може да го
негира, но останува отворено прашањето која група е
доминантна: дали меѓу оние кои се свесни дека постои
висок степен на корупција преовладуваат оние кои се
подготвени да се вклучат во нејзино совладување и
искоренување. Во тој поглед истражувањето на јавното
мнение и перцепцијата особено кај студентите не
овозможува многу во нејзиното надминување во реалноста.
Дури постои едно убедување кај дел од студенската
популација дека во “културата на корупција” многу од
елементите не се баш спротивни на интересите на
студентите, поконкртено, до патот како да се дојде до
диплома на полесен начин. Уште повеќе: нема доволно

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F22


свест дека недоволната оспособенот за нешто конкретно да
се работи не се доживува како “коруптивно однесување”,
туку едноставно, тоа е дел од системот кој и така морално
се распаднал и секоја поединична активност само создава
дополнителни грижи. Незаслужената позитивна оценка се
доживува како “ нормален” производ од системот за кој
нема позитивно мислење.

Дијалектиката на формирањето на магијата на


коруптивниот систем

Прво, замислете човек, млад човек да помине минимум 5


години низ процес на,,образование“ и тоа високо
образование и на крајот кога дипломирал се запраша: што
ќе работам, дали ќе работам за тоа што сум студирал , па
дури и дали навистина можам да работам, бидејќи никој
нити ме прашал што студирам, ниту пак моите студии
произлегле од некоја потреба на оние кои се надвор од
високото образование. ОВАА ЦЕНА НИКОЈ НЕ МОЖЕ
ДА ЈА ПРЕСМЕТА ВО ПАРИ, ТАА НЕМА НУМЕРИЧКА
ВРЕДНОСТ.Штетата секојдневно креира ситуации кои ја
осакатуваат нацијата низ различни форми на практична
демонстрација: од разочарност до обседнатост кога да се
напушти државата , бугарски пасоши, и многу друго.
Второ, повикот ајде сите на факултет започнат како
популистичка акција, резултира со отворање на десетици
универзитети и дисперзирани групи од државните
универзитети не го подигна нивото на квалиетот на студии,
туку го упропасти и тоа што беше квалитетно и наместо
УКИМ не само да го задржи нивото , тргна во спротивна
насока , да им конкурира, внимавајте на новоформираните
универзитети, факултети во спуштање на нивото за да
прибере студенти кои,,бесплатно” или со малку пари ќе се

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F23


школуваат и започна процсесот на јавно /приватно
партнерство од кое полза имаа малкумина кои беа на
истурени позиции во раководните структури, но и богами
еден дел од професорите со дебели хонорари, продажба на
книги, и многу друго. НА ЧИНОТ НА УЧЕЊЕТО СЕ
З А БО РА В И . С е и з г уб и ј а к р и т е р и ум и т е . Тр е то ,
партнерството помеѓу факултетите, државата и студентите
за помалку од десет години ја формира културата на
корупција , која денес се доживува како нормален процес:
државата се ослободи од одговорноста да одвојува доволно
сретства за високо образование, платите кои професорите
на пример на Филозофски факултет не се зголемени многу
одамна, мислам на пари кои ги дава државата, но, еден
период богами земавме , некои повеќе некои помалку
дебели хонорари: група од 200/300 студенти , глумиме дека
држие држиме настава, дипломски, импровизација на
испити, па постдипломски ...... и со една генерација, 5-10
години се урниса целиот систем .Тоа беше врвот
на ,,примена” на Болоњскиот систем , кој во суштина и
никоаш не влезе на УКИМ. Болоња е скап систем, таа
студентот го третира како субјект, кој треба да учи, да знае
што учи и за што, го прави одговорен и посветен на
знаењето............
Во некои од истражувањата перцепцијата на корупцијата
главо се лоцира кај наставниците, но и кај студентите, во
смисла на морална дезорентација и морална
неподготвеност да се соочат со феноменот на корупција и
главно се индеферентни на појавите со кои секојдневно се
соочуваат. Кај студентите, падот на моралните вредности и
наклонетоста да се оди на помал отпор и конформизам и
обесхрабреност да се спротивстават на корумпираноста се
сметаат дека се меѓу најважните причинители.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F24


Она што секоја високо образовна институција за почеток,во
борбата против корупцијата, треба да го направи е
создавање на “антикоруптивен амбиент”, во кој треба да
завладее “т ранспарентно ст на сите проце си на
универзитетот кои се потенцијално коруптивни” каде јасно
ќе биде дадено на знаење на секој кој ќе се обиде да ја
злоупотреби позицијата биде строго казнет и соочен со
јавна осуда. Тоа претпоставува строго придржување кон
одредени правила, критериуми и прописи кои го
контролираат процесот. Антикоруптивната активност мора
максимално да биде транспарентна, да ја потикнува
контролата одвнатре и однадвор, на сите дејствија кои се
случуваат, елиминирање на сите недоследности кои во
основа се субјективни и коруптивни, особено во оние
сфери каде се врши распределба на средствата.

Како до квалитетно образование

Малку се расправа за квалитетот на високото обрaзование


во Македонија меѓу припадниците на академската
заедница. Се добива впечаток дека се сите задоволни на
некој начин, се мисли на оние кои се дел од образовниот
процес и oние надвор, се мисли на бизнисот, пред се но и
на останатите. Причини за тоа има многу, а состојбите во
државата последните две години како да ги фрлија во втор
план сите оние прашања кои на некој начин не се дирекно
инволвирани во борбата за власт меѓу доминатните
политички партии. Доминира впечатокот кој произлегува
од помирувачкиот став дека во високото образование нема
задоволителен квалитет, односно дека тој е толку низок
што ја демотивира секоја расправа, особено од оние кои
дирекно се инволвирани во образовниот процес. И
навистина кога поконкретно ке се земат за анализа малиот

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F25


број истражувања, скоро и да ги нема, се добива впечаток
за помиреноста на академската заедница дека нешто може
некој да направи во позитивна насока.
Мислам дека најголем дел од преставниците на
академската заедница немаат доволно поим што е тоа
квалитет, и дека практично малкумина се свесни што се
стандарди за високо образование, а постои голем страв од
евентуална надворешна, се разбира квалитетна евалуација,
внатрешната и така никој не ја смета за сериозна. Ниту
пак, на пример се земаат предвид забелешките на бизнис
заедницата, ниту пак некој сериозно прашува што со
идните академци, поконкретно како се снаајдуваат на
пазарот на трудот.
Но, зошто квалитетот на високото образование заслужува
да биде дежурна тема не само во академските кругови туку
и пошироко?
Квалитетот на образованието е во интeрес на сите, прeд се
нa државата која вложува огромни средстава, и тоа е еднa
од стратешките цели на секоја земја. Не навлегувајќи
поконкретно во концепциите за квалитет, и од причина,
ако се сложиме со ставот дека високото образование во
Македонија е неквалитетно, тогаш вниманието е дирекно
насочено кон оние причини кое главно ги предизвикаат
негативните ефекти. Тоа значи дека не станува збор за
примена на некој концепт/идеја туку сѐ се одвива низ
спонтаниот тек на настаните, состојба за која никој не се
прашува кон што води таа состојба, ниту пак се
претпоставуваат некои правила, стандарди насоки за кои
свесно би застанал некој и укажувал, меѓу останатото и на
“решенијата за квалитет”. Нашата цел е да укажеме на дел
од проблемите кои се појавија во ситуација кога дел од
механизмите до тој степен затаиле што “ненормалното го

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F26


претвориле во нормално”, или поконкретно кога ќе
спомнете квалитет, да отсуствува било каква реакција.
Накратко, според теоретичарите на образовните системи,
кој се основните елементи на политиката и стратегијата на
обезбедување на квалитет?
Прво, јасно дефинирање на целите кои водат до квалитетно
образование. Институцијата мора јасно и недвосмислено да
ги дефинира основните цели на постигање на квалитет во
сите области на образовниот процес, што особено тоа ке
дојде до израз при евалуацијата, внатрершна и надворешна.
Потоа, јасно дефинирање на формите на контрола кои
треба да го обезбедат квалитетот и процеси кои ќе го
осигураат, а главно се однесуваат на сферата на
и с т р а ж у ва њ е то , н а с т а ват а и о р г а н и з а ц и ј ат а н а
институцијата. И најпосле, примена на процедури кои се
поврзани со евалуацијата (внатрешна и надворешна) кои
треба да ја комплетираат сликата за институцијата и јасно
да укажат на добрите и лошите страни на образовниот
процес.
Пред да се впуштиме во конкретна оценка на квалитетот на
високото образование во Македонија, накратко да укажеме
на некои од препораките на Европската асоцијација за
осигурување на квалитет во високото образование, кои се
од посебна важност за нашата анализа.
Пред се, високошколската институција има примарна
одговорност за квалитетот на своите услуги и дека со
остварување на добар квалитет се заштитуваат интересите
на заедницата. Институцијата мора перманентно да ја
подобрува организацијата на студиите и студентот да биде
центар на студиите, институцијата мора да ја демонстрира
својата одговорност во ситуација на вложување на капитал,
приватен и јавен, во развивање на квалитетот пред се.
Потоа, грижата за квалитетот особено треба да дојде до

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F27


израз во изработката и одобрувањето на своите програми,
кои треба да бидат подготвени на начин кои јасно ке води
во исполнување на целите за кои се залага институцијата.
Квалификациите кои се резултат на програмите треба јасно
да бидат одредени, да упатуваат на квалификацискиот
систем кој е присутен во државата. Системот на учење
треба да биде насочен кон разноликоста на студентите и
нивните потреби, вклучува различни типови настава, разни
педагошки методи, редовно го вреднува трудот на
с т уд е н т и т е и ј а с т и м у л и р а с а м о с т о ј н о с т а и
индивидуалниот труд и друго.
Но, да се вратиме на системот на високото образование во
нашата држава.
Прво, денес не можеме да говориме за релевантни оценки
за тоа каков е квалитетот на високото образование во
Македонија. Оценката дека тој не ги задоволува основните
барања на едно нормално високо образование никој не
може да ја оспори, но непознато и недоволно истражено
каде се главните причини за тоа. На пример, постои
сомневање дека на одделни факултети голем дел од
наставата е неквалитетна, се разбира ако ја има и ако е
редовна. Има и ситуации кога на некои групи и скоро да
немаа настава или е сосема редуцирана. Вежби и скоро да
нема, нема асистенти, и ако ги има главно се неквалитетни.
Тоа е општа оцена, но за да биде документирана, потребно
е сериозно истражување.
Потоа, скоро и да нема истражуавња, што е еден од
предусловите за успешна работа, не само за наставниците,
туку и студентите. Не помал проблем се учебниците. На
некои факултети, кога ќе ги погледнете списоците за
задолжителнаи и поширока литература се добива впечаток
дека 90% се скрипти, најчесто до стотина страни, други
извори не се препорачани. Еден дел од препорачаната

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F28


литература е застарена, дваесет и повеќе години. Скоро
половина од наставниците кои ја реализираат програма не
препорачале ниту еден сопствен труд. Скоро сите се
редовни професори.
Во наставните програми скоро и да нема јасно дефинирани
цели кон кои се стреми реализацијата на програмата, освен
општите определби кои се слични за најголем дел од
програмите. Понатамошната анализа покажа дека најголем
дел од содржините на програмите не се менувани
последните дваесетина години, без разлика дали насловите
на предметот имаат друго име. На еден од факултите
најголем дел од литературата која се препорачува ја нема
во библиотеките.
Која е елементраната препорака на ваквата состојба во која
се наоѓа најголемиот дел од високо образовните
институции во Македонија без разлика дали се тие
приватни или државни?

Дали има критична маса за промени

Има многу прашања, а малку одговори, или одговор со “


не”
Прво, дали постои доволно критична маса која е
подготвена за промени? Дали има доволно подготвен
менаџмент кој ќе се соочи со проблемите? Дали некакви
препораки, од страна на одговорните институции
задолжени за високото образование може да предизвикаат
промени кон подобро, се мисли на стратегија, препораки?
Дали државата е подготвена реално да се соочи со
проблемите? Дали се можни промени кои би се иницирале
одвнатре? Дали е можна надворешна интервенција? На
овие и на десетина на нив слични прашања одговорот е
“не”.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F29


Истражувањата покажале дека најдобар модел за
обезбедување и унапредување на квалитетот на високото
образование е поврзан со воведување на систем на
менаџмент со квалитетот врз основа на концепт на тотално
управување со квалтетот и постојано унапредување, што
доведува до формирање на единствени стандарди во
високото образование, висок степен на интеграција на
високото образование во општеството, и обликување на
единствен образовен систем. Потребна е голема
посветеност од страна на менаџментот на Универзитетот да
се постигне едно задоволително ниво кое ќе гарантира
квалитетно образование.
Сепак по стои едно решение кое има по нешто
оптимистичко, кое содржи, за почеток можно решение, а е
многу едноставно и остварливо: нека почне евалуација
однадвор на системот, и нека се лоцира на секоја инстуција
и да го дефинира нејзиното место објективно, се разбира,
според однапред подготвени стандарди и критериуми.
Другите начини се многу посурови, се за што постои
сомневање дака не е во ред да се исклучи од системот,
едноставно клуч на врата. Во регионот има такви примери.

Управување со факултетите

Зошто е важен процесот на раководење со високо -


образовните институции и зошто скоро и не се промени
ништо значајно по деведесетите години на минатиот век со
распадот на социјалистичкиот систем? Законските измени
само формално зафатија дел од управувачката структура и
начин на управување, но не и посуштински измени во
начинот на управување. Во нашата анализа немаме намера
да се занимаваме како системот е уреден со законот за
високо образование, ниту пак како е тоа уредено во

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F30


правилниците на оделните единици. Едноставно, поаѓаме
од ставот дека управувањето на единките на универзитетот
треба да биде извршувано од страна на посебни тела, чии
преставници не се дирекно од наставниот кадар или ако се
тоа тие треба за време на мандатот да бидат исклучени од
наставата. И второ, секој мандат треба да биде со јасно
профилиларани цели и задачи кои главно треба да бидат
насочени кон остварување на повисок квалитет и тоа да
биде еден од најглавните критериуми за успешно
раководење. Сега како се поставени во однос на квалитетот
на образовниот процес, се наметнува впечатокот дека
секоја следна управувачка гарнитура да покаже послаби
резултати. Односно, никогаш и не го поставува прашањето
поврзано со квалитетот, туку се занимава со периферни
проблеми кои имаат мали допирни страни со студиите.
Фактот што никогаш, на пример на некои факултети не се
поставило прашањето за успехот на студиите, уписната
политика, потребите на студентите, но и распоредот на
предавањата и вежбите, кои за голем срам на пример на
некои групи на еден од факултетите на УКИМ во еден ден
имаат и по десет часови што е неостварливо и
незамисливо.
Во суштина, кога говориме за менаџмент на една високо
образовна институција мислиме пред се на оние аспекти
на раководење кои обезбедуваат минимум услови за
реализација на програмата, што мора да се потврдува на
секој изминат семестар со детална евалуација на
резултатите и тоа да биде единствениот показател дека се
реализира програмата.

Нема сериозен пристап во решавање на проблемите

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F31


Да се говори за начинот како функционира УКИМ како
интергриран универзитет се чини е залудно, и од причина
што до тој степен е формализиран односот на органите на
универзитетот (сенатот или ректорската управа) и
управата/органите на поедините делови (факултети,
институти) што никој сериозно не ги зема предвид при
решавање на некое прашање.

Зошто е важна промената на системот на управување со


високообразовните институции? Поконкретно, зошто е
важно да се промени структурата и начинот на одлучување,
особено во оние сфери каде до израз доаѓа најчесто
некритичкото прифаќање на одлуки, на пример, од избори
на повисоки звања, рецензирање на трудови, усвојување на
програми и слично?

Факт е дека високообразовните институции не изградија


систем кој би требало да продуцира квалитет, од проста
причина што не се пронајде начин кој би бил доволно
незавен во оценките, без разлика дали станува збор за
избор во повисоко звање или во оценките на оспособеноста
на дипломираните студенти. Во суштина, раководењето со
институцијата ако не стане дел од активностите за оценка и
подобрување на квалитетот, тогаш навистина е тешко да
говориме за креативен менаџмент. Креативен во однос на
што? Затоа и системот на управување остана неинтересен
за промени, едноставно, оние кои доаѓаа на управувачки
функции скоро и да не се занимаваа со квалитетот, туку
како да добијат повеќе финансиски средства за
подобруавње на платите, но не и одговорноста за
квалитетот. Оттаму дојде и големиот интерес, да се биде на
чело на институција за која скоро и да немате никаква
одговорност, слаба контрола на трошење на сретсвата кои
се прибираат по разните основи на такси кои ги плаќаат

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F32


студентите, а при тоа да не обезбедите ни минимум услови
за работа. Инаку како да го објасните, на пример
осумгодишното деканување, или на чело на Универзитетот,
а при тоа никој да не ве запраша што сте направиле за
подобрување на квалитетот на студии. Има неколку
прашања кои ги поставува системот на раководење на
УКИМ, пред се, кој остана неколку десетина години
заробен во лавиринтитет на “коруптивната управувачка
култура”.

—————————————————————————

Статусот на студентите.

Потребни се сериозни истражувања за тоа каква е


кадровската основа, колку студенти има на еден професор,
каков е односот асистент – професор (за жал на многу
факултети нема асистенти), асистент–студенти во споредба
со Универзитетите во Европа. На пример, на некои
факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” има
стотици студенти на еден професор, или речиси и да нема
асистенти, потоа, каков е квалитетот на наставата, како се
можни успешни вежби со голем број на студенти, или
каков е квалитетот на дипломираните студенти, дали
стопанствоото има потерба од кадри кои ги произведуваат
определени факултети, каква е вработеноста во струката за
која се школуваат, каков е односот на стопанството и
виокото образование, колку новите технологии и методи на
учење се присутни, каква е опременоста со литература и

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F33


пристап до бази на податоци, и многу друго во таа насока.
За жал, за ова скоро и да нема расправа во рамките на
раководните структури на факултетите. Критичарите се
доживуваат како непријатни и непожелни, особено кога тоа
се прави во рамките на управните тела на факултетите и
универзитетот, но не и во неформалните комуникации. Она
што се говори во кулоарите, е крајно не пожелно на
состаноците на раководните органи на факултетите.

Овие и многу други прашања, кои го третираат статусот на


студентот, стандардите на студирање, иднината на
дипломираните кадри, односот на стопанството и високото
образование се дел од прашањата на кои за жал нема
соодветни одговори, о свен општи и практично
неупотребливи оценки кои не се во функција на креирање
на квалитетно високо образование. Некои истражувања,
укажуваат на состојбите на високото образование, но
поцелосни одговори нема. Сè чини дека без одговори на
тие прашања нема објективна оцена на вредностите на
Болоњскиот процес, се мисли на неговата практична
реализација. Скоро и да нема никакви анализи.ДАЛИ ТОА
НЕКОГО ГО ИНТЕРЕСИРА ОСОБЕНО ВО УПРАВНИТЕ
СТРУКТИРИ НА ФАКУЛТЕТИТЕ И УКИМ.

—————————————————————————

Прво, дали некој реално може да понесе одговорност за


нискиот квалитет и начинот како тоа практично го
манифестира.Дали менаџментот на одделните факултети
може нешто да превземе нешто на своја рака, околу
подобрување на условите за студирање, на пример, или
обратно органите на универзитетот можат да превземат
нешто, да наложат некоја активност на оделните факултети,
да ги опоменат деканските управи за нешто кое ќе се

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F34


процени дека не е во согласнот со политиката на
квалитетет. Мислам дека такво нешто не може да се случи,
едноставно никој тоа не само што не го интересира туку
едноставно не постои механизам кој може да биде
применет од страна на раковдниот орган на универзитетот.
Потребно е сериозно промислување на односот на
органите на управување на ниво на универзитетот и
оделните членки.
Второ, до тој степен се дерогирани надлежнпостите на
Универзитетот што тој не е во состојба било што да бара
од единките кои го формираат, ректоратот е свет за себе, кој
функционира на таков начин кој обезбедува неколку
заеднички /обединувачки функции (издавање на дипломи,
организација на докторски, или усвојување на она кое веќе
поминало на органите на факултетите) кои укажуваат дека
Универзитетот постои како целина. За УКИМ не може да
се каже дека е интегриран универзитет, не постои ни еден
елемент кој упатува на тоа.
Трето, во досегашната практика, Универзитетот не
направил ништо конкретно за продобрување на квалитетот
на студиите во смисла на имплементација на препораки
кои доагаат од институциите на државата и укажувањата
кои произлегуваат од самоевалуацијата и надворешната
евалуација на студиите. Не постои реална можност УКИМ
да се реформира, не постои таква програма која може
универзитетот како целина го реформира, толку се многу
различни составните делови, што секоја заедничка
програма е нереална и апсурдна за реализација. Потребно
е нова организацона структура, поделба на универзитетот
на неколку целини и започнување на процес на интензивни
расправи за ефикасноста на моделите на управување кои
треба да произлезат од сегашната структура.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F35


Четврто, во рамките на УКИМ не се реализирани скоро
никакви посериозни анализи кои јасно ќе укажат на
сотојбите и кои ќе ги лоцираат објективно главните
проблеми со кои се соочува процесот на образование. И по
десет години примена на Болоњскиот процес и ЕКТС
системот не произлезе ни една сериозна студија што се
случува на планот на квалитетно образование. Едноставно,
ниту еден менаџерски тим последните десетина години не
пројави интерес затоа каде се наоѓа неговата институција и
што е она што е добро и треба да се развива, а што е она
кое треба да се напушти и промени. Зачудува тој факт, дали
тоа произлегува од чувството на страв да се соочат со
проблемите, дали интере сите с е до тој степен
субјективизирани и коруптивни што секое отворање на
прашања од тоа каде се трошат сретставта од школарината,
или како се врши распределбата може да предизвика
лавина негодувања од страна на вработените.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F36


ВТОР ДЕЛ
БОРБАТА НА ФЕЈСБУК

ПРИЛОЗИ ЗА ОН ЛАЈН РАБОТИЛНИЦАТА


СЕПТЕМВРИ 2019

ПРВА ТЕМА

ШТО Е НАСТАВНА ПРОГРАМА, КАКО СЕ МЕНУВА,


КОЈА ЛИТЕРАТУРА, КОЛКУ Е СТАРА, ДАЛИ МОЖЕ ДА
СЕ СПОРЕДУВА СО ДРУГИ СЛИЧНИ СТУДИСКИ
ГРУПИ ВО СОСЕДСТВОТО, НА ПРОСТОРОТ НА
БИВША СФРЈ ИЛИ БУГАРИЈА НА ПРИМЕР, ПА И
КОСОВО АКО САКАТЕ.
Анализата се разбира не е целосна ниту може да биде, таа е
само во една сфера, и ВЕ ПОВИКУВАМ во вашата област,
с т уд и и , п р о г р а м и к а к в а е с о с т о ј б а т а : Д А Л И
Н А С Т А В Н АТ А П Р О Г РА М А О Д Г О В А РА Н А
ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА НАУЧНИТЕ ИСТРАЖУВАЊА,
ОВОЗМОЖУВА МИНИМАЛНА ОСПОСОБЕНОСТ НА
СТУДЕНТИТЕ или не. Не употребувајте имиња, иако тие
лесно се препознаваат кој ги реализира. ОВДЕ НЕ Е ЦЕЛ
ДА КАЖЕМЕ ДЕКА НЕКОЈ Е ТОТАЛНО
НЕОДГОВОРЕН, ИМА И, КОЛКУ МОЖАМ ДА
ПРОЦЕНАМ НАСТАВНИ ПРОГРАМИ КОИ СЕ ДОБРИ,
БАРЕМ ПО ГОДИНИТЕ НА ЛИТЕРАТУРАТА КОЈА ЈА
ПРЕПОРАЧУВААТ, АВТОРИТЕ, СОДРЖИНИТЕ,
ПРОГРАМИ КОИ НЕ НУДАТ НИКАКВА ЛИТЕРТУРА,
ИЛИ ИЗВОР КОЈ Е ВО ПЕЧАТ ИЛИ АВТОРИЗИРАНО
ПРЕДАВАЊЕ, НО СОМНИТЕЛНО Е ТОА ШТО НЕМА

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F37


НИ ЕДНА, И СО БРОЈКИ НУЛА ТРУДОВИ ОД АВТОРОТ
КОЈ ЈА РЕАЛИЗИРА ПРОГРАМАТА А Е РЕДОВЕН
ПРОФЕСОР И ПРЕДАВА ЕДНО ЧУДО ПРЕДМЕТИ, ИЛИ
ИСТАТА КНИГА ИЛИ СТАТИЈА ЈА НУДИ НА СИТЕ
ПРЕДМЕТИ, НО И ПРОГРАМИ КАДЕ ИМА ДЕСЕТИНА
КНИГИ КОИ НИКАДЕ ГИ НЕМА, И НА ПРАШАЊЕТО
ОД “ШТО ГО СПРЕМАТЕ ПРЕДМЕТОТ’’ СТУДЕНТОТ
ОДГОВАРА ОД СКРИПТА АМА НЕ ЗНАЕ ЧИЈА Е, КОЈ Е
НАСЛОВОТ! ТРУДОТ НЕ БИ МИ БИЛ ЗАЛУДЕН АКО
НЕКОЈ НАВИСТИНА НАВЕДЕ ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР А
Б О ГА М И И К Р И Т И К А Н А С О С Т О Ј Б И Т Е В О
КВАЛТЕТОТ НА ПРОГРАМАТА.
Е В Е Е Д Н А А Н А Л И З А Н А Н Е КОЛ КУ Г РУ П И -
ИНСТИТУТИ КАКО ТОА ИЗГЛЕДА. СЕ ЗЕМААТ ПО
ДЕСЕТ ПРЕДМЕТИ ПО СЛУЧАЕН ИЗБОР
ПОКОНКТЕТНО ПО ДВА ПРЕДМЕТИ ОД СЕКОЈА
Г ОД И Н А И Д ВА П О М О Е В И Д У ВА Њ Е К О И
НАВИСТИНА ТРЕБА ДА СЕ ИСТАКНАТ .
ПРЕДМЕТИ НА ГРУПА - ИНСТИТУТ” АБЦС‘’,
ПРОГРАМА КОЈА ВАЖИ ВО МОМЕНТОТ И ПРОГРАМА
КОЈА ПРРЕТХОДНО БИЛА АКРЕДИТИРАНА, 2014
ГОДИНА.
1. Анализата се однесува на првите две години
2. Семестарот трае 3 месеци
3. Секој семестар има по 5 предмети
4. Секој предмет по 6 часа недолно, за изборни по 5 часа.
5. Секоја недела се предвидува 26 часа предавања и
вежби
6. За три месеци се планирани околу 60 часови,
предавања, вежби 30 часови, проектни задачи 15

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F38


часови, самостојни задачи 25 часови, НЕ ЗНАМ НА
ФАКУЛТЕТ, ДАЛИ ЗНАЕ некој ШТО Е ТОА,
самостојни задачи 25 часови и домашно учење 50
часови или вкупно 180 часово месечно.
7. СИТЕ ПРОГРАМИ, НАСТАВНИ ПРАВЕНИ СЕ ПО
ЕДЕН ТЕРК, ДЕКА ЦЕЛТА НА ПРОГРАМАТА Е
СТЕКНУВАЊЕ НА ЗНАЕЊЕ, И ПО НЕШТО ВО ТОЈ
ПОГЛЕД, СОДРЖИНИ КРАТКИ, НАФРЛЕНИ,
МЕТОДИ СКОРО СИТЕ ИСТИ ЗА СЕКОЈ ПРЕДМЕТ,
НАЧИН НА ОЦЕНУВАЊЕ ТЕСТ, СЕМИНАРСКА, И
УСЛОВ ЗА ПОТПИС Е РЕДОВНО СЛЕДЕЊЕ НА
НАСТАВАТА И САМОЕВАЛУАЦИЈАТА НА КРАЈ.
8. С Л Е Д И Л И Т Е Р Т У РА З А Д ОЛ Ж И Т Е Л Н А И
ПОШИРОКА

Што покажа анализата на четири предметни


програми на “АБЦ” групата /Институтот

1. Десет предмети за една година, прв и втор семестар,


дваесет за четири семестри, кој ако го поделиме со
бројот на месеци практично е секој месец по предмет.
Што тоа значи, претпоставете.
2. Распоредот на часови е навистина нешто
застрашувачко ако навистина се држат часови, а
среќа е што не се држат, има денови со 5 и десет
часови ангажман. КАКО ТОА Е МОЖНО ТРЕБА

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F39


ДА СЕ ИСТРАЖУВА. ИЛИ НЕМА ЕДНОСТАВНО
НАСТАВА.
3. НЕМА НАСТАВНА ПРОГРАМА, ПОДЕТАЛНИ
ПРОГРАМИ ШТО СЕ ПРЕДАВА И РАБОТИ СЕКОЈ
ДЕН. БОЛОЊСКИОТ ПРОЦЕС И ЕКТС СИСТЕМОТ
ПРЕТПОСТАУВААТ СЕКОЈДНЕВНА РАБОТА И
ПРОЦЕС НА УЧЕЊЕ ОВДЕ НЕ МОЖЕ ДА ИМА
4. ПОНУДЕНАТА ЛИТЕРАТУРА ВО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ Е
СТАРА ПОВЕКЕ ОД ДЕСЕТ И ПЕТНАЕСЕТ ГОДИНИ А
ИМА УЧЕБНИЦИ И ОД ВРЕМЕТО НА
СОЦИЈАЛИЗМОТ, НА СРПСКИ ЈАЗИК НАЈЧЕСТО,
ИМА ПРЕДМЕТИ КАДЕ РЕАЛИЗАТОРОТ НЕМА ТРУД,
НЕ Е ПОЗНАТО СО КОЈ ТРУД Е ТОЈ ИЗБРАН ЗА
ПРЕДМЕТОТ ДА ГО ПРЕДАВА А СЕ РАБОТИ ЗА
РЕДОВЕН ПРОФЕСОР.
ОВА Е КОРУПТИВЕН СИСТЕМ.
ФОРМАЛНО Е СЕ ПРЕДВИДЕНО, СИТЕ ПРОГРАМИ
ШЕМАТСКИ СЕ ИСТИ, НОРМАЛНО СЕ РАЗЛИКУВААТ
САМО ПО ПРЕДМЕТНИТЕ СОДРЖИНИ, НО ТИЕ
НАЈЧЕСТО НЕ СЕ МЕНУВАНИ СО ДЕЦЕНИИ.
ПРЕПОРАКИ
ПРВА ПРЕПОРАКА. Силно фокусирање на работата треба
да биде балансирано со „Надградување”, односно учење за
личен развој, учење за да се научи, развивање критички
став и други генерички вештини.
1.Учење, генерички вештни; 2. форми на информирање; 3.
нема стандарди студиски програми импровизација; 4.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F40


анализа на резултати нема, развој на методологија,
персонализација/учење исто така нема.
ОД ОВА СКОРО ДА НЕМА НИШТО И ПОСЛЕ
Н Е К ОЛ К У Г ОД И Н И ОД Е ВА Л УА Ц И Ј АТА Н А
ЕВРОПСКИТЕ ЕКСПЕРТИ НА УКИМ

ВТОРА. ПРЕПОРАКА. УКИМ треба да ги разгледа


студентските услуги за да потврди дека тие се соодветни за
целите и дека се стандардизирани низ целиот универзитет.

ТОА Е НЕПОЗНАНИЦА
ТРЕТА ПРЕПОРАКА Протокот на информации до
студентите треба да се зајакне преку различни НАЧИНИ
како што се редовни билтени, интернет -страници,
електронски пошти и социјални мрежи.
НЕШТО ПОСТОИ НО ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТАБЛАТА НА
ФФ НА ФЕБ СТАРНАТА, КАКО ЛИЧНА КАРТА,
ИНФОРМАЦИИ ОД ПРЕД МНОГУ ГОДИНИ, МНОГУ
ОД ПРОФЕСОРИТЕ СЕ СЛИКАНИ И НИШТО ДРУГО,
НЕМА СИСТЕМАТИЧНОСТ, НЕВЕРОЈАТНО, ТЕЧАТ
НЕКОИ ДНЕВНИ ИНФОРМАЦИИ НО …..
ЧЕТВРТА ПРЕПОРАКА. УКИМ треба да развие
критериуми за одобрување на постоечки и нови студиски
програми.
НА ФИЛОЗОФСКИ ФАКУТЛТЕТ НИКОЈ НЕ ЗНАЕ
КОЛКУ ПРОГРАМИ ИМА, НЕКАДЕ СТОТИНА, СЕ И
СЕШТО, СТУДИИ НЕВИДЕНИ, ПО КОЈ КРИТЕРИУМ
НЕКОЛКУ НАСТАВНИЦИ ОД КОИ САМО ЕДЕН
НЕШТО ЗНАЧИ ВО ОБЛАСТА СЕ ОТВАРААТ СТУДИИ,

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F41


ПОСЛЕДИПЛОМАСКИ, НАСОКИ ДОДИПЛОМАСКИ,
ТЕЗГИ НЕВИДЕНИ
ПЕТТА ПРЕПОРАКА. Факултетите треба да ги
земат предвид резултатите од учење при развојот на
студиски програми и соодветните формати за процена.
НИКОЈ НИШТО НИ ТИ БАРАЛ НИТУ ВРЕДНУВАЛ,
ПРОЦЕНУВАЛ ШТО ТРЕБА И КАКО СЕ РАЗВИВА. НЕ
НЕУЧИВМЕ НИШТО ОД ПРЕД ДЕСЕТИНА ГОДИНИ
КОГА ЗАПИШУВАВМЕ И ПО СКОРО СТОТИНА
СТУДЕНТИ НА ВТОР СТЕПЕН, БОГАМИ УБАВА
ЗАРАБОТУВАЧКА РЕЗУЛТАТИ …….
ШЕСТА ПРЕПОРАКА На учењето фокусирано на
студентите му е потребен понатамошен развој. ЕСН
обезбедуваат добра рамка за тоа. Разгледувањето на
учењето фокусирано на студентите вклучува промовирање
на следните аспекти:
• активна наставна методологија
• подобра студентска поддршка за развивање
на нивната автономија како студенти

• персонализирани и флексибилни начини на


учење

• самооценување на студентите

• е-учење и е-учебници

• постојан педагошки развој за професорите

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F42


ОД ОВА САМО КРЕДИТЕ - МОЛИВИТЕ ОСТАНАА, КОЈ
ПРАШУВА ЗА МЕТОДОЛОГИЈА, НЕМА Е - УЧЕБНИЦИ,
САМООЦЕНА, ДА НЕ ГОВОРИМЕ ЗА ПЕДАГОШКИ
РАЗВОЈ НА ПРОФЕСОРИТЕ НЕКОИ ГИ ТЕРААТ ДА
ЧИТААТ ОД ЗИД. Е ТОА ШТО Е КЕ ВИ КАЖЕ ЕДНА
ПРОФЕСОРКА ПО МЕТОДОЛОГИЈА

КОГА ДЕКАНЕ ЌЕ ЗАПОЧНЕТЕ СО ПРИМЕНА НА


ОВИЕ ПРЕПОРАКИ Е ТОГАШ ЗА ТРИ ГОДИНИ
ОЧЕКУВАЈТЕ ДА ДОЈДЕМЕ НА БАРЕМ 1000-ТО
МЕСТО НА ШАНГАЈ

ЗОШТО УКИМ Е КОРУМПИРАН СИСТЕМ НА ВИСОКО


ОБРАЗОВАНИЕ
1. Плаќање на мито за остварување на различни цели, во
зависност од позицијатана оној кој е вo состојба тоа да го
овозможи;
2. Корупција во сферата на изборите на наставници и
менаџерските тимови ;
3. Корупција при набавка на разни средства кои ги користат
факултетите;
4. Неправедност и пристрасност: нема критериуми, нема
еваулатори, студентот е некако збунет, не реагира, се
плаши, а се убедува себеси дека е се во ред и го фали
наставникот. Има чудесии… ;
5. Разни недоследности во реализацијата на активностите
од страна на наставниците

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F43


6. Нередовност во одржувањето на наставата, а дали може
кога со над двесет часови неделно, или во еден ден често и
по 8 часа.
7. Неадекватна литература. Има чудесии во наставние
програми….
8. Неодговорност при оценувањето на студентите и слично.
Нема усно, се прилагодивме на тестови ….А како да има
кога се случувало да наставник има неколку стотина
студенти……
9. Продажба на книги од страна на наставниците и во тој
поглед, кога добриот наставник сепак се потрудил да
напише учебник се тера на корупција.
10. Не постоење на нормален начин на издавање и на
дистрибуција на учебници.
11. Корупција при раководење со функционирањето на
факултетите, тендери……
12. Малверзации при избор на декани пред се .
13. Има уште многу,добро ги знаат тие што се внатре во
системот, само некои ги уживаат плодовите на
корумпираниот систем, некои се жртви, нема одговорност
на институцијата

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F44


Анализи на состојбите на УКУМ
ЧУДЕСИИ НА УКИМ

Прилози за борба против корумпираниот систем на УКИМ


Прво издание на социјални мрежи
Инспиратор и покренувач на збирката: Проф.д-р Илија
Ацески /Prof. d- r Ilija Aceski ФБ
свиркач, во соработка со професори вмрежени, замислени
и загрижени за иднината на
УКИМ
ЛЕТО, 2019

РЕАЛНИ ЧУДЕСИИ ВО САЈБЕР ПРОСТОР

ЧУДО. Воопшто необична појава, нешто што е за чудење,


што предизвикува чудење или восхитување.
ЧУДЕСИЈА. Нешто што буди чудење со својата
необичност или со својата прекрасност. ПРИМЕРИ.
Чудесии правеа. Ти да видиш чудни чудесии!
Англиски: wonder Албански: çudi.Примери:Нашите борци
прават чуда.
Браќата се истепаа, што доживеав, на старост ова чудо да
го видам.(разг.) чудо големо!
За чудо големо! Стане на чудо. Се најде во чудо. Како по
чудо (сосем неочекувано).

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F45


КРАТОК ВОВЕД

Зошто ЗБИРКА НА ЧУДЕСИИ и зошто борба за подобар


УКИМ, поквалитетно високо образование. На тоа прашање
не е лесно да се одговори во една реченица, но впечатокот
кој денес кружи околу нас за распаќето, растуреноста на
УКИМ, агонијата и коруптивната магија во која е завиткан
се доволни да го цениме квалитетот на студии, но да
понудиме излез, е тоа е веќе многу тешко. Намерата овде, и
колку на прв поглед да изгледа неразбирлива е и поради
немоќ со други сретства да се прави нешто во насока за
промен. Инспираторот на овој проект /мрежа/ сајбер е
убеден дека нешто може да се помести кон подобро, под
еден услов да се приклучат доволен број професори кои
дејството од мрежата ќе го преселат на реална почва. Ако
тоа не се случи, барем ќе остане трага/показател дека
нешто сепак се правело и тоа може барем да дејствува на
свеста на оние кои ракводат со УКИМ, не чекајќи од
државата да им каже што да прават. Говориме само за
УКИМ како најдобар, најголем Универзитет во нашата
држава.
Од Вас колеги, професори, службеници, Вие кои сте на
раководни позиции, па и граѓани, стотици илјади сте
завршиле на УКИМ, студенти, изнесете по некоја чудесија,
не мислам само на нешто негативно, нека нешто биде
доживеано и како позитивно, за да ја видиме сликата во
детали, од која ќе ни се формира и големата слика, која за
жал или немаме пред себе, но недоволно храброст да

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F46


признаеме дека сме длабоко западнати во криза. Целта е
една, да го реорганизираме УКИМ, да ги реорганизираме
факултетите, таму каде е најкритично, да понудиме
стандарди кои се европски и практики од најпрестижните
универзитети, да ги компарираме нашите искуства со
нивните, се со една цел: да се соочиме каде сме и каде
треба да се движиме. Чудесија која говори за некој
поединечен случај, не наведувајте имиња, е нешто кое е
својствено за групата, факултетот, па и тоа е некој исчекор
да се менува нешто. Еве еден пример, кога јас на
Филозофски факултет говорев и барав пред две години/
2018/ на состанок на Деканска управа да ми објасни некој
од управата како може наставник во текот на еден ден да
има, замислете девет часа или една група студенти до десет
часа за еден ден и што значи тоа, малку имаше ефект,
следната година се намалија часовите за еден ден нешто се
поправи во распоредот, но се остана по старо.
Или како е можно еден наставник да биде носител на
десетина и дваесет наставни програми /предмети, а
продеканот ме убедува дека има и со над триесет, а еден
дури 37. Тоа стои на страната на Филозофски факултет ако
не е избришано, но е печатено; или да држи по 32 часа како
една колешка/га неделно и да не набројувам.
Оваа збирка треба да ги замисли и оние кои даваат пари,
оние кои на факулетот ќе поминат по 4/5/6 години, ќе
потрошат и пари и време и не добиваат тоа за што се
запишале на факултет.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F47


Чудесиите се објавуваат без некоја методологија, на пример
кои се најчудни а кои најинтересни или, за неверуавње, или
најсмешни а има и такви, на пример, кога дипломираат
некои студенти, се разбира не сите, колона од родители,
познаници, пријатели одат зад студентот, носи пити,
пијалоци, манџи од секаков вид, добро цвеќиња и така и
така.
Прибирањето на чудесиите ќе се одвива на ФБ, твитер,
може и во хартиена форма, која се доставува до управата
или едноставно се дава на влезот од факултетите,
министерството за образование или некаде каде ќе го види
јавноста, масовен медиум. Чудесија може да постира секој,
но се посакувани од оние кои се директни учесници,
професори, студенти, родители, дипломирани, магистри,
докторанти, чувари, администрација.
СЕКОЈ КОЈ ЌЕ ПОСТИРА, СПОДЕЛИ ЕДНА ЧУДЕСИЈА
СЕ ЗДОБИВА СО САЈБЕР СЕРТИФИКАТ ЗА БОРЕЦ ЗА
ПОДОБАР УКИМ, КОЈ ЌЕ МУ БИДЕ ДОДЕЛЕН КОГА
ЌЕ СИ ЗАМИНЕ ВО ПЕНЗИЈА, ДА БИДЕ УБЕДЕН ДЕКА
ПЕНЗИЈАТА ЈА ЗАСЛУЖИЛ И ДОЛГО ДА ЈА КОРИСТИ.
Секој кој ќе го добие овој текст, на фб или по мејл,би било
добро да сподели нешто, добро или лошо кое ќе биде дел
од Збирката која се планира да се комплетира до крајот на
октомври. Принцип нешто да добие, да добие епитет
чудесија е да постави прашење од типот: како е можно
некој професор на пример, да држи во текот на еден ден по
девет, но и десет часови, ПЛУС два часа консултации,
ПЛУС да има состанок, ПЛУС...... Тоа за мене е чудо, за

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F48


некој не мора, па таков е системот, но тоа е коруптивен
систем, но нека знае јавноста. Чудесија. Чудно прашање.
Дали тоа води во коруптивно однсување, секако, дека води.
Или чудесија за продажба на книги, мислам на учебник од
страна на професорот, со список кој купил учебник, на
влезот на факултет, на рака. Се работи за вреден професор
кој се охрабрил да напише учебници, 50% немаат, а се
редовни, највисоко звање, а немаат и е принуден, присилен,
корумпиран, а што му останува, што да прави? Но некои се
збогатија и беа поумни, кој друг ако не економистите, со
уплатница, па данок; добриот професор, па нека е и
академик е фатен во маѓепсаниот круг на коруптивно
однесување. Но една професорка нa ФБ вели: јас, вели,
бесплатно го делам учебникот. Значи имате бесплатен
учебник. Што значи бесплатно. Каде твојот труд e
вреднуван, и ти ќе се разликуваш од твојот колега, на
пример ако случајно е декан а нема учебник или книга а
зема 300 евра додаток. Кажувам за пример. Има уште
почудесни чудесии, чудесии над чудесијата, книгата -
учебникот е најавен дека ќе се објави, се објавуваат мал
број примероци, со препорака за добро на професорот дека
што ќе ги продава кога може дa земе пари, не многу, но
пари на име трошоци за печатење, само треба договор (во
пет очи, едното е на примачот на примероците) на деканот
кој знае во принцип да ги држи за ..... или незнам за што, на
печатницата, курирот (е хеее хе) .... Тое е чудесија над
чудесијата. А универзитетот нема поим од издаваштво, тие
што седат со години таму се изчудени. Уживаат со дебели

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F49


хонарари, по принцип не бранувај, биди мирен, мандатот е
при крај, ќе заврши еден ден а зошто не и втор, па трет ако
треба. Само не бранувај, седи и ќути. Ние на Филозофски
имавме една чудесија од декан многу години и нему треба
да му се изгради еден споменик веднаш или позади браќата
свети, нека биде и од половина метар висина, затоа во
некои нешта беше почудесен од нив. Тие што беа околу
него, а има денес и академици живи, помлади и најстари,
им посакувам долг живот зошто го предлагаа и подржуваа
секогаш кога ќе посакаше да биде и беше избран за декан.
Кога го сретнувам јас тој декан му се поклонувам, чудесен
некој декан стотина доктори на наука, професори да ги
лулкаш во маѓепсаниот круг на корупција ....
НЕ НАВЕДУВАЈТЕ ИМИЊА, НЕ НАВРЕДУВАЈТЕ, НЕ
БАРАЈТЕ ВИНОВНИЦИ, ЗА СИСТЕМ СЕ РАБОТИ. НО
АКО МОРАТЕ ТОА И НАПРАВЕТЕ ГО. БИДЕТЕ
ОБЈЕКТИВНИ, ХРАБРИ И БЕЗ СТРАВ ДЕКА КЕ ВИ СЕ
СЛУЧИ НЕШТО ЛОШО. РАБОТИМЕ ЗА УКИМ ДА ГО
В О ЗД И Г Н Е М Е В О Г РУ П АТА Н А П ОД О Б Р И Т Е
УНИВЕРЗИТЕТИ КАДЕ МУ Е МЕСТОТО. УКИМ Е
ГОРДОСТА НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА.
Со почит: Администартор и ФБ свиркач:Проф.д-р Илија
Ацески/
Prof.d- r Ilija Aceski
Лето, 2019 година

ЧУДЕСИИТЕ НА УКИМ

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F50


Чудесија прва. Кога разбрав дека во администрацијата
на еден факултет на УКИМ работат повеќе доктори на
науки, кои патем докторирале на истиот факултет, работат
во администрацијата, заверуваат индекси, досиеја и
слично, а на факултетот нема ни еден асистент, паднав во
фаза на изчудување. Има повеќе моменти за чудење. Но
кога разбрав, дека еден од вработените кој се грижи за
хигиената има магистраСтура, си реков ......
Чудесија втора. Има некои професори сместени во
врвовите на политичките партии, власта, а ги нема на
предавања, вежби, симпозиуми, на факултет само да се
прошетаат ....
Чудесија трета.Од еден распоред на активности на
професорите и студентите во текот на еден ден:
1. Предавање од 8 и 30 до 11 и 30;
2.Предавање од 11, и 30 до 14 и 30;
3.Предавање од 14 и 30 до 17 и 30;
4. Вежби од 17 и 30 .....
Нема пауза, нема ручек, нема одмор.
НЕМА предавања или има ПРЕДАВАЊА, ВЕЖБИ,
можеби сепак нешто има, нешто нема, ѓавол знае што има а
што нема.
Чудесија четврта. Да видиме како некои професори
се снајдуваат во маѓепсаниот систем на корупција.
Распоред на активности, забележен а беше особено
практикуван пред неколку години.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F51


1. Од 8 и 30 до 12 и 30 часови, вежби; 2. Од 11 до 12
консултции; 3. Од 12,00 состанок; 4. Од 14 и 30 вежби и
предавања со изборен предмет, кој за срека иако има над
триесетина студенти, никој не го есапи за ангажман, демек
изборен предмет; 5. Истиот ден може да има наставнички
или некој симпозиум или нешто слично; 6. Уште еден ден
со набиени активност, останатите денови слободни
активности по избор на професорот, можен излет во
пророда, ангажман во некоја активност, слободија и
автономност, до даска како би рекле.
Чудесија петта. Состанок на ННС на факултетот со
40-тина точки. Каде има избор на наставници, десетина
магистратури извештаи, докторати, маса тековни прашања,
усвојување на програми. Материјали околу 200 страни.
Состанокот е во 12, часот обично, почнува околу 12, и 20, и
трае до околу 13 часот. Што е овде чудно. Оваа чудесија е
многу посложена и не може ни “Св. Кирил “да ја разбере.
Чудесија шеста. Што претставуваат тие 40 точки на
девен ред, стотина души на состанок, околу 90% редовни
професори. Нешто околу кое се договоиле неколкумина на
групата, која функционира по принцип” Јас тебе, ти мене “,
за избор на професор, или усвојување на програма која и
тој што е подготвил често не знае што е, а по принципите
на автономија и ефикасно управување, манипулација и во
коруптивна меѓепсана состојба се е можно, се гласа и тоа
оди замислете на СЕНАТ, во ректорат каде исто така по ист

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F52


принцип се верификува. Светите браќа не знам дали ова би
го разбрале.
Чудесија седма. “Духовна состојба” Јас те бирам
тебе, ти ме бираш мене,ние го бираме него, тие не бираат
нас и така со ред до највисоко звање во кое скоро сите се,
освен оние кои сепак докторирале на триесет и некоја и ќе
почекаат малку за да дојдат до редовен професор да
поминат годините од еден до друг избор, по закон а за
бодови и не е така тешко, како велеше еден испектор; па
што, седела на научен симпозиум и редела -плетела
бодови.
Чудесија осма. Избор на повисоко звање.
1. Многу трудови, од конференции од Куманово до Охрид,
обавезно, до Врање и Белград, 2. Чудо поени од предавања,
особено на изборни предмети каде нема часови по правило.
3. Бодови (види некоја рецензија во последниот Билтен на
УКИМ) 4. Разни активности (пеење во хор, држење
предавање по повод први април и слично. 5. Ве упатувам
на некој Билтен на УКИМ, по ваш избор.
Чудесија деветта. .......

—————————————————————————
Еве што се случувало на еден од најдобрите факултети на
УКИМ
Еден пример е доволен за да се долови состојбата што е
успешен факултет. Тоа е особено видливо во SWOT

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F53


анализата, на резултатите од самоевалуацијата на еден од
најдобрите факултети на УКИМ каде се сумирани
предностите и слабостите, можностите и ограничувањата.
Накратко, предностите се содржани во: компетентноста на
наставниот кадар, традицијата, интересот за студирање на
факултетот, меѓународни договори, богата издавачка
дејност и библиотека на два ката; Слабостите се
препознаваат во: оптоварен кадар, (и до 600 часови
наставни на годишно ниво), скоро да нема мобилност на
студентите, нема ангажираност на реномирани наставници
од странство, нема програми на англиски јазик, нема
атрактивни програми за доживотноно
образование,недоволна или никаква вклученост на
студентите во научни истражувања. Можности :
констатација дека брзите промени бараат почести
приспособувања, заинтересираност на бизнис заедницата
за интезивирање на соработката, предлози за соработка со
странски универзитети, заинтересираност на студентите да
р а б от ат с е м и н а р с к и и д и п л ом с к и п о в р з а н и с о
стопанството. Ограничувања: смалена академска и
финансиска автономија, (во распределбата на средства
никој не им се меша, имаат највисоки плати и хонорари кои
може да се мерат и со подобрите универзитети во светот,
н.з.) рестриктивна политика при вработување, недоволно
научноистражувачка работа, рестрикција од страна на
владата за финансирање на факултетот (станува збор за
државен факултет) појава на нелојална конкуренција, чести
промени на законите во ВО, комплициран и нефлексибилен
систем за акредитација на нови програми. Заклучокот е

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F54


дека станува збор за водечки факултет на УКИМ и
Република Македонија!

Зачудувачки состојби:Дали некој верува во ова

Навистина и се случуваше да се запишат неколку стотина


студенти на Институт кој реално може да образува
максимум педесеттина студенти, кои понесени од
убедувањето дека платиле и нормално треба и да завршат,
што за кратко време од проодност која се движеше околу
30% до 40% се искачи двојно повеќе, бројот на професори
и асистенти или се намали или остана ист, но за секој
случај, започна драстичен пад на квалитетот на
студирањето. За кратко време, факултетите, трудејќи се да
бидат атрактивни, почнаа да предлагаат програми, модули,
насоки кои ќе бидат привлечни за идните студенти. И
одеднаш еден дел од професорите станаа „експерти“ за
области надвор од нивниот интерес. Изборот во повисоко
звање скоро и никој не го проблематизира од аспект на тоа
колку објективно е заслужена промоцијата во повисоко
звање. Дури се случува изборот да биде извршен од страна
на соодветниот орган (на факултетот и потврден од страна
на универзитетските органи) без ниту еден труд од
потесната област во која се бира наставникот! Потребна е
евалуација на професорите, која мора да одговори на
повеќе прашања, меѓу кои дали професорот кој на пример,
предава еден предмет или група предмети кои се сродни,
има доволен број квалитетни трудови, потоа, да ги понуди
предавањата (кои десетина години ги презентира пред

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F55


студентите, или понуди други содржини, но доволно
аргументи дека тоа го прави квалитетно) кои мора да бидат
достапни за сите заинтересирани, за да се види дали е тоа
доволно за студентите за совладување на понудената
програма, и на крај колку при изборот за повисоко звање
навистина има доволно квалитетни трудови

—————————————————————————

ИСПРАТЕНО

ДО
ДЕКАНОТ НА ФИЛОЗОФСКИ, РАКОВОДИТЕЛОТ
НА ННСГ СОЦИОЛОГИА, ДЕКАНАТОТ,
СЕКРЕТАРОТ НА ГРУПАТА РЕКТОРАТОТ
ПИЕ – Програма за институционална евалуација
КОНТРОЛЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА
Финален извештај: Ноември, 2017 г.
Тим: Џорџ Шулц, претседавач, Џоана Лијерус, Ленарт
Олаусон, Јанис Ветра
Андре Сурсок, координатор на тим

ЕВЕ ШТО ПРЕД СКОРО ТРИ ГОДИНИ ПИЕ ТИМОТ


ПРЕПОРАЧУВА САМО ВО ДЕЛОТ НАСТАВА И УЧЕЊЕ.
ДЕЛОТ НАСТАВА И УЧЕЊЕ ЦЕЛИОТ МАТЕРИЈАЛ ГО
ИМАТЕ НА ВЕБ СТАРНАТА НА УКИМ
НАСТАВА И УЧЕЊЕ
ПРЕПОРАКА Тимот целосно го поддржува значителниот
напор што се вложува за да се создаде он-лајн архива за
учебници. Сега има педесет учебници со слободен

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F56


пристап, за коишто академскиот кадар ги откажал своите
авторски права за паричен надомест од Универзитетот. Ова
треба да ги реши проблемите, како на пример, проблемот
што се бара од студентите да купуваат печатени примероци
од учебниците на професорите (тие не се достапни во
универзитетската библиотека) или ставање на студентите
во тешки ситуации кога не можат да пристапат до
наставниот материјал.
ОСТВАРЕНО. КНИГИ И ПОНАТАМУ СЕ ПРОДАВААТ
НЕМА ЕЛЕКТРОНСКИ УЧЕБНИЦИ. НАСТАВЕН
МАТЕРИЈАЛ НЕМА, ПО НЕКОЈА КРЕДА И ЗАЛУТАНА
СКРИПТА И УЧЕБНИК НА ПРОДАЖБА
ЗАБЕЛЕШКА. Разбирањето на пристапот за резултати од
учење е ограничен и не постои заеднички договор помеѓу
факултетите за тоа како да се дефинира учењето
фокусирано на студентите.
ОВА И НЕ СЕ ЗНАЕ ШТО Е . ФАКУЛТЕТТЕ НЕ
СОРАБОТУВААТ.
ЗАБАЛЕШКА. Има голем број на студиски програми кои
се нудат. Евалуацијата на ПИЕ од 2015 година препорача
поедноставување на изборот за насока. Наместо тоа, бројот
на програми продолжи да се зголемува за првиот и вториот
циклус. Тимот се сомневаше дали тоа резултирало со
студиски програми од прв циклус кои беа премногу тесно
фокусирани и специјализирани.
Факултетите ја организираат сопствената средина за учење
(лаборатории, итн.) и тоа создава нееднаквости во УКИМ,
бидејќи приходот на факултетот, во голема мера, варира.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F57


На ниво на ректорат, главната цел на наставата и учењето е
да се промовира довербата во квалификациите на
студентите. Промовирањето ќе се изврши преку развивање
учење фокусирано на студентите, воведување на е-учење,
промовирање на поголема транспарентност во однос на
квалитетот, усвојување нови процедури за одобрување
студиски програми и развој на подобро партнерство со
студентите за да станат активни и креативни граѓани и да
го подобрат нивниот ангажман во универзитетот.
ОСТВАРЕНО НИШТО, НУЛА И ПО НЕКОЛКУ ГОДИНИ,
ПРОГРАМИ СЕ МНОЖАТ, ПРИХОДИ ПОМАЛКУ, КОЈА
Е УЛОГАТА НА РЕКТОРАТОТ?

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F58


ТРЕТИ ДЕЛ

Белешки за состојбите на УКИМ


Дали е неопходна реформа
Во текот на изминатите месеци 2019 практично од
почетокот на зимскиот семестар се забележани неколку
недоследности во реализацијата на наставната програма
при Институтот за социологија, несомнено дека тоа е
присутно и на други институти, за кои сметам дека треба
членовите на деканската управа да се запознаат. Како в.д
раководител се обидов да ги заинтересирам колегите но не
успеав. Впрочем, мислам дека малкумина се оние кои не се
соочуват со недостатоците и проблемите и за кои се говори
во неформалната комуникација. Впрочем најголем дел од
проблемите се постари од дваесетина година, и сеуште се
чувствува духот на тоа управување со факултетот. За жал,
прoблемите останаа, за дел од нив се говори секојдневно,
во неформалната комуникација, за дел нема едноставно
решенија, но останува впечатокот дека факултетот е во
длабока криза која најмногу се одразува врз квалитетот
настудиите.
1. Прво, нема редовна настава, тоа е видливо, и неверојатно
е да се одржува, кога има денови со 8 и повеќе часови во
еден ден со кратки паузи. Реакцијата на студентите е
сосема оправдана: ефектот од часовите е скоро занемарлив,
вниманието за време на часот е на најниско можно ниво.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F59


Не се исполнуваат основните барања на ЕКТС–системот.
Вкупниот фонд на расположиво време (4+2) часа,
распоредени по активности скоро никој не го почитува,
нема редовни предавања, нема вежби, проектни задачи,
семинарски работи (најчесто плагирани/препишани), нема
увид во самостојната работа, нема презентација на
семинарски, нема учество на часовите (под претпостака да
има, а ги нема особено кај изборните предмети и во
ситуација кога има и по 100 студенти во група!) има само
тест, кој ги сублимира знаењата добиени преку, најчесто
скрипта, или учебник, во најдобар случај, без друга
дополнителна литература. Не навлегувам кој е виновен за
тоа, тоа е факт во најголем број реализирани наставни
програми. Тоа го проблематизира нормалното учење, ако за
тоа воопшто и може да се говори.
2. Нема соодветна уписна политика, запишувањето на
студентите во прва година има многу недоследности, нема
приемен испит, но тоа е генерално за сите на УКИМ, но
она што факултетот не го обезбедува за време на уписите, е
што нема скоро никакви упатства, особено, при изборните
предмети. Преовладува впечатокот дека еден не мал дел од
студентите се изненадени од тоа каде се најдуваат, и што од
нив се очекува. Тоа е видливо на групата социологија:
скоро половина од студентите не се знае зошто ги нема во
следниот семестар, дали се отпишани, или е нешто друго
во прашање.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F60


3. Потоа, скоро и да нема вежби, од краткиот увид кој беше
направен во неколку наврати и во разговорите со
студентите, вежби се одржуваат ретко, нема соодветна
литература, и тие не се во функција на предавањето и
совладувањето на материјалот. Впечаток е дека тоа е
карактеристика за факултетот во целина, се разбира со мал
број на исклучоци.
4. Најчесто, скоро по правило, студентите испитот го
подготвуваат од скрипти (набавени во сервисот). Скоро и
да нема позајмување на книги од библиотека, сѐ се сведува
на учење на текстови кои најчесто не се предаваат, туку
едноставно се земаат за релевантни, а во суштина добар
дел не се тоа. Некои од тие скрипти едноставно се
копирани текстови од различни автори кои не формираат
целина . Учењето од нив е непродуктивно.
5. Изгубен е концептот на колоквиумска недела,
поконкретно можеме да говориме за “колоквиумски месец”
што во голема мера учествува во дефокусирање на
студентот од наставата. Кратко време од почетокот на
предавањата, или по неколку одржани предавања се
закажува колоквиум. Се забележани колоквиуми без
ниедно или едно-две предавања.
6. Еден површен увид во дипломските работи, не само на
социологија и на другите групи е присутно, дека се
целосно плагирани/препишани.Дипломската работа ја
изгубила вредноста на труд на студентот кој треба да ја

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F61


покаже неговата способност да работи за тоа што студира.
Семинарските работи, по правило се целосно препишани и
плагирани, исклучоците само ја потврдуваат општата
претстава дека тие сериозно не уче ствувата во
формирањето на успехот на студирањето. Освен
предавањето, кое добар дел од наставниците редовно не го
применуваат, друга активност скоро и да нема, нема
следење на студентот во совладување на наставната
програма. Изгубен е духот на ЕКТС- системот. Потребно е
дипломските работи да се проверуваат дали се плагирани.
7. Скоро и де не постојат услови студените да учат и да не
бидат вознемирувани, бидејќи на факултетот и нема
библиотека која не секористи за друга намена. Во паузите
најчесто седат по ходници или во блиските кафулиња.
Неопходно е да се опреми една просторија/читална која ќе
ја користат студентите и која би била во функција барем до
20 часот, до кога има и часови.
8. Од разговорот со студентите од сите години и неколку
институти се добива печаток дека скоро и да нема
предавања (или друг вид на активности) за изборните
предмети. Само мал дел од професорите кои им обезбедиле
програми на студентите, најчесто, студентите во исто време
имаат и предавања од друг предмет, имаат убедување дека
изборниот предмет е неважен. Голем дел од тие што имав
можност да разговараме немаат скоро никави информации,

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F62


кој го предава предметот, ниту пак знаат зошто го избрале
предметот, што било одлучувачко во тоа.
Отсуствува потребна информација, студентот е оставен сам
на себе, изгубен, неинформиран.
9. Немањето на наставни програми, само мал дел од
професорите изработиле и им ги понудиле на студентите,
не обезбедува континуитет на наставата,нема конкретна
литература за прашањата кои се предаваат, одговорноста на
наставникот е сведена на минимум.
10.Најголем дел од професорите не применуваат скоро
никаква помошна опрема во текот на предавањето. Новите
технологии на учење се непознати на факултетот. Нема
пристап до бази на податоци. Најголем дел од студентите
не се подготвени за модерна настава. Скоро никој од
студентите со себе не носи пенкало, тетратка, нема
белешки од предавања.
11.Едно истражување (на релативно мала група студенти,
но доволна да ја илустрира состојбата) за време на
септемвриската сесија покажа дека мал дел од нив
користеле литература, освен скриптата/или учебникот, мал
дел кратко време по испитот се сеќаваат на прашањата,
најголем дел испитот го подготвуваат неколку дена. Има
дури и зачудувачки одговори, дека некои не се ни сеќаваат
што полагале претходната сесија.
12.Кај една група студенти од четврта година на прашањето
дали имале вотекот на студиите семинарска, само

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F63


неклкумина од нив се присетија дека имале нешто кое
може да се нарече семинарска, но ниеден неможеше да
наведе приближно за тоа на која тема била семинарската.
13.Голем дел од студентите добиваат потписи за редовност
на посета на предавањата иако се свесни дека не ги
посетувале. Потписите се претворени во формалност.
14.Дали е потребна нова стратегија во организацијата на
активностите на Филозофски факултет во духот на новите
законски измени, и што факултетот можe да направи на тој
план, што е она што може да се менува не чекаајќи некој
однадвор да укаже и бара промени.
Дали од овие нецелосни сознанија за кои сите сме свесни и
тие не се непознати, може да предизвикаат сериозен
разговор за квалитетот на студиите на факултетот во
целина. Што може да се менува?
___________________________________________________
На Филозофски егзистираат:1.професор кој држи
предавања;2 професор кој држи понекогаш предавања;3
професор кој не држи предавања; 4.професор кој не знае да
одржи предавањр;5.сите скоро немаат силабуси;6 нема
асистенти;7 скоро и да нема вежби.8 професори, најголем
дел без cv;9.професори без учебник.10.добар дел
непотистички чеда.11.професор избран со трудови за
сточна храна:12.професор со ниеден труд од предметот кој
е биран.13 професор со 37предмети и 30 часови неделно.
14.професор кој годишно еднаш доаѓа на факултет.
15.професор кој продава книги .16.професор со 10 часови

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F64


во еден ден 17.професор кој не објавил ништо во часопис а
е вредно за областа каде припаѓа.
—————————————————————————

ФАКТИ ЗА КОРУМПИРАНА УНИВЕРЗИТЕТСКА


СРЕДИНА

За средина каде коруптивното однесување се смета за


нормално, сериозни анализи нема, дали може да има, но
мислам дека и не се потребни, јас бев меѓу ретките кои се
обидоа нешто да направат и богами имам потешкотии. Ќе
видите зошто.
Во корумпиран систем некои работи се толку очигледни
блескави што оние кои се на раководни позиции навистина
не се во можност да ги видат, заслепени се, затоа што ако
им кажете дека нешто е такво какво е одма секавично
реагираат и ве прогласуваат за отпадник: па како може да
говори, па тој јадел 40 години леб на униврзитетот, вие сте
клеветник, па и шарлатан, за будала му доаѓа како
комплимент, има задни намери, неранимајко, па што
направил, па ова, па она .Тоа некои од ректоратот најдобро
го знаат.
Еве само од неколку факти, ке се обидеме, заеднички, а
читаме она што е напишано, стои на Веб страните на
факултетите и УКИМ се разбира дека има искллучоци, но
тоа ги потврдува правилата ; има делови кои ке ги сретнеме
на најдобрите Универзитети, мислам до 500 место на
Шангај листата, но некои можеби на 100 место, но и тоа е

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F65


потврда на оценката која никој не може да ја оспори, а тоа
дека УКИМ е средина во која коруптивното однесување е
доведено до степен на нормално, дека најголем дел од
вработените, мислам на професорите и раководствата пред
се, се фатени во тој круг на корупција, маѓепсани и
омаени .
А еве зошто!
Наведувам некои, не по некој редослед на важност, ова што
го ставаме на прво место може да биде на последно и
обратно.
Читаме она што е напишано на Веб страната на
факултетите и на УКИМ или е објавено во книгата, не
многу омилена за раководството на УКИМ “Универзитетот
на распаќе” со надеж второто издание да биде уште повеќе
посакувана лектира за читање.
Овде станува збор за ГОЛИ факти, сурови податоци. Ако е
нешто црно црно ако е бело бело, може и сиво, полубело,
полуцрно, но овде е или бело или црно, нема, јас мислев на
ова, ти си мислел на нешто друго. Царот е гол, сите го
гледаат дека е така, ама детето извикало” ЦАРОТ Е ГОЛ””.

Очигледни факти

Прв факт. Професор кај кого фигурираат 37 предмети,


разбрав дека заминал во пензија, а заменик нема, и себе се
земам за поскромен со околу двaесет, по последното
броење пред неколку години, сега може да има некој
предмет повеќе но тоа не ја менува суштината на

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F66


приказнава. Моите предмети се веќе поделени на оние кои
имаат исто така многу предмети, ќе ги земе некој од
колегите и тоа е добро, програми се програми.
Прво чудно прашање:по кое правило тоа се прави. Зошто
деканот, шефот, тоа не го направија уште во јуни, или
порано, дека некој ќе оди во пензија и дека треба да се
обезбеди, зошто да не и подобар од оној кој оди во пензија,
ако немал учебник, или баш не се покажал или барем како
него. Сега некој кој ќе прифати да ги предава некои од
предметите кои професорот ги предавал, пишувал
десетици години, освен ако не ги добил случајно, сега
одеднаш од следната недела некој ќе застане пред
студентите и ќе предава ама пред први септември незнаел
дали ке ги предава.
Јас бев ставен во таа ситуација двапати, и за големо чудо
направив два учебници по тие предмети а тие се “
Културна антропологија “ кој еден колега ја предаваше,
велат успешно, но не направи книга не е ни битно зошто, и
друг учебник за кој бев избран и назначен да го предавам,
Методологија на социолошки истражувања за кој направив
книга “ Дизајнирање на социјалните истражувања” ја
имате на интернет. Овој предмет го предаваа двајца
наставници еден сеуште што, вкупно е околу 60 години и
не направија учебник. Добро, ќе речете има многу
учебници, има и преведени, но тоа не баш најдобро, шеесет
години се шеесет години. Ова нека не звучи за некое
самофалење, тоа е факт, а како што е факт и за многу други
предмети кои ги предавав а немам ништо, а што предавав

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F67


ѓавол ќе го знае. Тоа е за мнозинството од професорите;
избран за највисоко звање а нема учебник, скрипта, а што
предава, е тоа е мистерија ……
Поентата е е јасна: како може некој, а тоа е правило барем
на некои групи, дека денес го земаш предметот, се разбира
со дискусии на групата кој е компетентен, имало многу
абсурдни ситуации кои не се јавност, за срамота се, и ќе го
земе предметот.
Кој е одговорен за таа ситуација. НИКОЈ. Во корумпирани
системи да барате одговорност, веднаш ќе бидете
проглсени за будала и со право! Како ми вели една драга
млада колешка, која ја опоменувам за опасноста од носење
високи потпетици на факултетот кој не е безбеден за
движење. Вие професоре, вели, на стари години сте
побудалеле, и јас за момент почнувам да верувам во тоа. Во
распаднатиот, корумпиран систем, зошто некој да има
десетина предмети, кои сигурен сум дека не ги знае сите да
ги наброи, ќе кажете, па што има тука чудесија.
Една ситуација морам сепак да ја споделам со Вас од ФБ
но и пошироко ако треба, но од која се срамам. Приказната
тече вака: јас убедувам една колешка дека таа веќе го има
на програмата предметот за кој расправаме и таа е избрана
тој предмет кога ја бираа за редовен, а таа замислете вели
не, и тоа заврши како заврши, и после тоа како разбрав
отишла во деканатот ја побарала рецензијата да се увери
дали е бирана за тој предмет, и кога видела не и се
верувало. Таа колешка, таа сезона на поизразито пропаѓање
на факултетот и имплементацијата на ЕКТС системот и

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F68


Болоњскиот процес заработуваше од дополнителни
активности (часови кои не ги држи, консултации кои ретко
ги има, испити секако и тоа добро платени) поприлични
хонорари, барем уште три до четири плати тој месец. Тоа е
запишано во документите на факултетот. Јас го знам, бев
учесник, сите го знаат, деканот посебно .ОВА НЕ Е
БОМБА. ОВА Е СРАМОТА ШТО ГО ГОВОРАМ. НЕ
САКАМ ДА ОДАМ ВО ПЕНЗИЈА АКО НЕ ГО КАЖАМ.
А го кажувам и поради тоа што колешката, за колешка се
работи, само во јуни ме праша повеќе пати во ходник ;
Колега кога ќе одите во пензија? Чекам уште еднаш да ме
праша и ќе и кажам и нема да се срамам.
Но да се вратиме на прашањето: како е можно некој да има
десетици предмети, јас сум пример не толку типичен. Како
е можно. Има, па што.Тој не држи настава, испитите се
формални, најчесто еден ден писмено, може да дежура
библиотекарот или некој од обезбедувањето или ….
Па зар навистина ќе се придржувате на правилникот кој
налага да имаш десетина часа дневно, понекогаш 8, 9,
најчесто 6 а скоро никогаш четири во денот, па
консултации, па индивидуална работа, па се случил
состанок, па се разболел, па не му се оди на факултет,
одложил за два саати, па за утре па дури и сабота…. Што
ли друго.
ЗАКЛУЧОК; Еден факт дека некој има 37 предмети, дека
некој предвидел дневна активност од десет часа, ај за
професорот некако е разбирливо но за студентите малку е
непријатно, активност од 10, 9,8 саати го доведува во

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F69


сомневање квалитетот на студиите, професорот го тера на
коруптивно однесување, нема избор, зема плата, но и
дебели хонорари за неработа. Ова се факти, стои на ВЕБ
страната на факултетот, верувајте јас имав, понекогаш по
дваесетина часови и незнам колку предмети во семестар,
па постдипломски, додуша нив никој не ги преметува само
ги наплаќа, па докторски, за кој ректоратот, каде е Школата
за докторски ќе ни пресмета околу дваесет часа за предмет,
не можам да се сетам како ги нарекува, генерички така
некако и замислете ќе ги плати по 21 или 29 денари (со
букви дваесет и еден денар…) Од тој момент ги ценам
колку водеа грижа за парите, алал да им е .
—————————————————————————
Што значи да се биде ,,способен” а што ,,неспособен”
професор на УКИМ. Состојба каде скоро сите се
професори со највисоки звања навистина прашањето е
глупо. Или се навистина сите ,, вредни"или навистина
систе се ,, невредни", или меѓу вредните има многу
невредни , системот на култура на корупција вредните ги
понужува, невредните ги унесреќува, студентите ги
заглупува, институциите пропаѓаат ……….
—————————————————————————
Во златните времиња на имплементацијата на Болоња така
беше. ТОА Е ФАКТ, НЕМА БЕГАЊЕ. Е сега еве го
клучниот коментар: Па тоа е минато. Не драги колеги тоа е
сегашноста и иднината ако вака продолжиме. Тоа што беше
некогаш сегашност за жал и сега е но во друга смисла, да
не кажам реалност. Сите тие кои протрчаа по факултетите,
по дипломи сега се што: правници, социолози, лекари,

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F70


економисти, учители …… редете со стотици занимања кои
ја формираат државата, мислам на институциите,
распоредени на раководни места, кои треба да решаваат
сложени прашања, Така се формира функционална држава
и здрава нација, од таму произлегува паролата: Крахот на
образованието е крах на нацијата; ШТО Е ТУКА
НЕЈАСНО. Да пуштам филмече како групата студенти од
нив дваесет на трета година, само еден знае во кој период
живеел Гоце, или како не прават разлика помеѓу класа и
маса, држава и народ, или дали сме монархија, република,
или што е поделба на власта, а само што не дипломирале.
Само вие колеги ќутете, наведната глава сабја не ја сече
или …..

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F71


ЧЕТВРТИ ДЕЛ
ФБ борбата во реалниот свет на УКИМ
БОРБАТА ОД ФБ -МРЕЖА..... СЕ ПРЕСЕЛУВА ВО
РЕАЛНИОТ ПРОСТОР НА УКИМ
ВТОРА ФАЗА ОД БОРБАТА ПРОТИВ
КОРУМПИРАНИОТ СИСТЕМ
Борбата од бескрајните простори на ФБ - сајбер-мрежата се
сели на просторот меѓу бетонските зданија на УКИМ/
Ректоратот, реалниот простор. Она кое упорно го растураме
на мрежите на ФБ просторот, медиумите, за УКИМ
веројатно ке предизвика чувства, поимање, разбирање па
дури и ако сакате и возбуда кога по нешто од тоа ќе се
забележи на влезот од УКИМ, факултетот, огласната табла.
Лесно е да се каже: немам ФБ, или не сум на ФБ, тоа ти
било за некои понижување, и може и така да го доживуваат,
дури и сериозен медиум како МОФ радио, или телевизија
богами со сериозни емисии, дека нема обичај да се гледа,
тоа е изгубено време.добро нека е така!
Но, ако тоа не го забележите на влезот на Факултет (пак
некои ке речат, па јас ретко доаѓам, не држи вода), или сум
доволно кусоглед и без очила и навистина не гледам
корупција, или уште повеќе од тоа, како му текна сега на
професорт ФБ свиркач на овие години да го инспирира
борбата против корупцијата, кај беше пред десет
години ....Професорот свиркач доживеа неповторлива
промоција на неговата книга “ Универзитетот на распаќе”
пред неколку години, под изговор дека не му се допаѓало
тоа што е напишано (ја имате на интернет) да биде
запленета од бившиот ректор, што јавно му се

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F72


заблагодарувам и во оваа прилика, без разлика што не го
подмири својот долг како нарачател на проектот!
И пред десет години и сега, малкумина го кренаа гласот,
некои јавно во медиуми, некои на состаноците на
највисоките тела, најголем дел од нив по ходниците дека
нешто не е во ред, дека Болоња процесот и ЕКТС системот
се погубни за работата на УКИМ како се реализираат, како
започнаа да се реализираат и дека тоа нема да доведе ни до
интегриран УКИМ, ниту ќе го подобри квалитетот,
напротив. Денес се соочуваме со целосно дезинтегриран
Универзитет и квалитет кој вероватно не може да биде
полош, освен ако не се воведе пракса студентите по
електронски пат ги добиваат дипломите само нешто да
платат колку ние на УКИМ да имаме за леб. Има и он - лајн
студии но тоа е друга приказна. ...........

----------------------------------------------------------------------------

Добар пример за коруптивно однесување.


ИЗБОР НА РЕДОВЕН ПРОФЕСОР
ЕДИНСТВЕН СЛУЧАЈ….
ЕВЕ ГО СЛУЧАЈОТ КОЈ Е ИНТЕРЕСЕН ЗА ЧУДЕСИИ,
ПРИМЕР ЗА ПОКАЗ, ПРИМЕР ЗА АНТИКОРУПЦИСКА,
ПРИМЕР ЗА СРАМ НА ФИЛОЗОФСКИ, СТРАМ ЗА
УКИМ .
ВАКВИ ПРИМЕРИ ИМА ДОВОЛНО ДА СЕ СРАМИМЕ
ОД САМИТЕ СЕБЕ
Р ЕФ ЕР А Т
ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА.
ИЗВОР: БИЛТЕН, УКИМ, 2014 ДЕКЕМВРИ

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F73


Учество во научноистражувачки проекти (20 поени):

· национален научно - истражувачки проект:


„Истражување на европските вредности кај
граѓаните на Република Македонија”; член на
истражувачки тим, Филозофски факултет - Скопје,
Министерство за наука на Република Македонија,
2010-;
· меѓународен научно - истражувачки проект:
“European Values Study”, член на истражувачки тим,
2010-;
· национален научно - истражувачки проект:
„Потрошувачката на органска храна и односот на
потрошувачите кон органската храна во Република
Македонија”, член на истражувачки тим, Институт
за сточарство, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” -
Скопје, 2013-2014;
· национален научно - истражувачки проект:
„Потрошувачката на живинско месо и односот на
потрошувачите кон живинското месо во Република
Македонија”, член на истражувачки тим, Институт
за сточарство, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” -
Скопје, 2013-2014;
· национален научно - истражувачки проект:
„Пазарот на производи од животинско потекло во
Република Македонија”, член на истражувачки тим,
Институт за сточарство, Универзитет „Св. Кирил и
Методиј” - Скопје, 2013-2014;
· национален научно - истражувачки проект: „Агро
- претприемништвото во општина Струмица -
состојба и перспектива”, член на истражувачки тим,
Институт за сточарство, Универзитет „Св. Кирил и

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F74


Методиј” - Скопје, 2014-2015. 

Труд со оригинални научни резултати,
објавен во зборник на трудови од научен собир со
меѓународен уредувачки одбор: Kostadinov, T.,
Nikolova, N., Levkov, V., Jusufi, E., Minoski, K. Rural
Development in the Southeast Planning Region in the
Republic of Macedonia Through Entrepreneurship, во
Book of Proceedings: Fifth International Scientific
Agricultural Symposium “Agrosym 2014”, Jahorina,
October 23-26, 2014, стр. 983-988.
· Труд со оригинални научни резултати, објавен во
зборник на трудови од научен собир со меѓународен
уредувачки одбор: Kostadinov, T., Levkov, V.,
Nikolova, N., Jusufi, E., Minoski, K. Rural
Development in the Vardar Planning Region in the
Republic of Macedonia Through

Најавено во содржината од апстракти, но трудот го нема


Entrepreneurship, во Book of Proceedings: Fifth International
Scientific Agricultural Symposium
“Agrosym 2014”, Jahorina, October 23-26, 2014, стр. 989-995.
· Труд со оригинални научни резултати, објавен во
зборник на трудови од научен собир со 

меѓународен уредувачки одбор:Kostadinov, T., Jusufi,
E., Levkov, V., Nikolova, N., Minoski, K. Family
Enterprises in Rural Areas of the Vardar Region in The
Republic of Macedonia, во Book of Proceedings: Fifth
International Scientific Agricultural Symposium
“Agrosym 2014”, Jahorina, October 23-26, 2014, стр.
995-1000. 

REPUBLIC OF MACEDONIA THROUGH
ENTREPRENEURSHIP

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F75


Со оглед на изнесеното, Рецензентската комисија, имам
чест и задоволство да му предложиме на Наставно-
научниот совет на Филозофскиот факултет при
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје,
кандидатот да биде избран во звањето редовен
професор по научните области
----------------------------------------------------------------------------

ОСНОВИ ЗА ДОБАР УНИВЕРЗИТЕТ

Кој да подучува, кога не е подучуван, излегол од


Универзитет кој не подучувал, тука дипломираал, тука
магистрирал, па докторирал и меѓу 40 и 50 години станал
редовен со највисоко звање, како да научи на 50 години, и
каде да оди, на престој, а не излегол, најголем дел барем да
се прошета некаде во светот, и не само тоа туку малку и да
се задржи, година или барем пола година, а не два три дена
на екскурзија до Банско, Охрид, нешто до Балград, и
подалеку но со намери туристички и потера по поени за
научна дејност. Погледнете ги рецензиите на многумина.
Преполни со патувања, од ден два три, рефератите на
различни теми, кои немаат една со друга врска ниту имаат
врска со тоа што го предава на студентите. Незнам во кои
теории на пример, да не биде излагањево сувопарно, Вие
ке им објасните на студентите за сточната храна, на пример
а студирате социјални науки.
Дали може да истражува. Шансата е мала, нема пари, волја,
услови. И богами да биде подучуван за тоа. Има
истражувања, како да не, три или две, не е важно, како во
случајот кој на сликовит начин ви ја доловува состојбата,

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F76


кога пријавувате исражување за здрава сточна храна а ве
бираат да предавате теории, има и позачудувачки работи.
Кој ќе ви објави труд во кој нема истражување, сериозно
истражување и методологија. Во списание со фактор
скрпено меѓу Тирана виа Скопје виа Благоевград преку
Приштина и се разбира на советување во Охрид.
Кога ке го погледнете списокот на проекти на УКИМ,
мислам реализирани од десетината / дваесетина и кусур
годинини, на Филозофски има разни проекти, кој како се
снаоѓал, но нема сериозни. Како ке рече една колешка /га
методолог јас си правам проекти по дома, индивидуално,
тоа му дојде како проект: Кога се меша ајварот да не се
запече ама комшијата да не види дека мешате на полна
месечина и при чиста свест” интердисциплинарен проект,
кој вклучува: здрава храна, еколошка пиперка, психолошки
моменти, социјални моменти (како мешате) па дали мешате
во тесни пантолони во шорц или можеби во танга, или
многу други нешта. Не се смејте можам да ви наведам
многу проекти од тој тип. И тоа ќе дојде на ред.
Значи, да се подучува, нема идеја, корумпираниот систем
до тој степен не упропастил што верувајте, поголем дел од
УКИМЦИ како мене ми е познато,а ми е, не се во состојба
тоа да го прават, не знаат тие не се виновни. Јас сум ли
виновен што последниот проект кој го работев пред три
години и од тогаш не ми падна на памет, а сериозен бев,
имав и имам неприлики, ај тоа што не платија, добро има
време, но сериозно беа земени резултатите и мораше
ректорот да ги заплени. Демек биле несериозни, а зошто ја
плени книгата, напиши критика, избламирај ја, а не
реклама, и добро се продаде, па интевјуа зошто е
запленета, па што во неа се говори. Добро тоа е инцидент,
не правило, но нема проекти.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F77


За тоа како се истражува, најголем дел не знаеме што е
проект, што е нормален проект, но не проекти од типот, од
колега за спортот на село, или така нешто. Или чисто
комерцијален проект, дава некоја владино/невладина/
странско/домашна организација, колку нешто да се работи,
демек вклучени и сериозни експерти. И на крај што ќе
објавувате, па нормално по нешто од ваму, па од таму, па
нешто свое, па многу туѓо, па малку допишано/препишано/
копи-пасте пресечено, на гугл постирано, замаглено во
сајбер просторот, нешто кое нема ни време ни простор.
За тоа најчест одговор на студентите, на прашањето за
литертурата која е користена ке ви кажат: интернет/гугл
материјали, нешто како лов на муви зунзари. Нема да
верувате, и не верувајте, подобро, има магистерски,
докторски во кои не е цитиран ниеден труд на менторот,
има наведено во библиографијата, колку да се рече, но
нема цитирано, сериозно дека тој што ти дава докторат,
магистратура или диплома, нека биде и за по дома, нема ни
еден труд од областа за која ви се потпишува дека сте,
доктор, магистер или диплома. Е ајде сега седи мирен и
молчи.
Ѓавол ке го знае, на додипломски, постдипломски, а и
докторски предмети не се делат, туку секој си зема по
критериуми како на шведска маса: на пример јас имам само
15 часа можам уште 5 и дваесет некако се издржува, како
да товари количка а не става на тањир, да предава предмет
кој си го земал два дена пред почеток на учебната година.
За таква постапка, се зема лиценца, не важи акредитација.
Несериозно е бе. Понижувачки. Или, предметот ми е
поблизок, јас сум/роден на село а тој е за село или град,
моите се доселиле во турско во Скопје. Не се сомневајте,
или чудете сигурно е ставено во записникот. Или јас кога

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F78


студирав, бев демонстратор од тој предмет и може да го
предавам.
Има и посмешни работи, кои се сложувам со деканот не се
за споделување, со тоа сме ја блателе институцијата ФФ,
нема смисла а леб сме јаделе и јадеме од неа. Лебот декане
го јадеме што плаќаат студентите и државата, поточно
нивните родители, а тоа што го правиме мора да е јавно и
барем малку вредно.
Добро тој е во право, како да му објасните на некому од
надвор дека неговото дете кој го пратил на Филозофски во
текот на еден ден треба да слуша десет часови. Треба да
учи, или нешто на кое, за жал не се сеќава од моментот
додека не излезе од факултетот. Тоа може да биде тајна, но
во корумпирани системи. Ние говориме за тоа дали
студентот може да биде подучуван и за што.……………….

На што стои УКИМ


Трите столба на добар Универзитет
ПОДУЧУВАЊЕ, ИСТРАЖУВАЊЕ И ОБЈАВУВАЊЕ

Најдобриот Универзитет, според многу рангирања е


Оксфорд. Ке се запрашате, зошто: постои ли нешто според
кое тој навистина е тоа, и што го прави да биде меѓу
најдобрите. Овде, во овој момент, не навлегувам во тоа
како е на Оксфорд, навистина, тоа во друга прилика.
Нашиот интерес е да видиме како е во некои сфери на
УКИМ, за да видиме дали е можно да има подучување,
еден од најважните критериуми според кој се врши
рангирање и дали има ИСТРАЖУВАЊЕ, втор критериум
за рангирање, и најпосле, што од тоа следи оној кој
ПОДУЧУВА да објавува трудови, вредни трудови и оној
кој е подучуван да ги чита, анализира да учи од нив.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F79


На УКИМ дека не се подучува можевте да видите од многу
објави, сериозни анализи, но и на прв поглед толку
невероватни нешта кои кога ке ги објавите, па нека и на ФБ
предизвикуваат состојба на чудење, чуда и неверување, а
такви има многу.
Бев пред некој ден сведок на едно делење на предмети кои
останаа бидејќи професорот оди во пензија, а нема замена,
не оспособил кадар, по своја вина и по вина на државата и
колегите, но овде не бараме виновници.
И види чудесија. Сите предмети а ги има во изобилие,
околу дваесет колегите ги делат, по принцип која сака, ако
нема над петнаесет часови, или на пример ако е роден во
град може да предава социологија на град, и така
некако. .........

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F80


ПЕТТИ ДЕЛ
СИТЕ ВО БОРБА ЗА КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ

КОРИСНИ РАЗМИСЛУВАЊА НА КОЛЕГИТЕ ЗА БОРБА ПРОТИВ


КОРУПИРАНИОТ СИСТЕМ . ВО МОЈА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НО СО
ВИСОК СТЕПЕН НА ВЕРОЈАТНОСТ
ПРЕДЛОЗИ И РАЗМИСЛУВАЊА НА КОЛЕГИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ
НА КВАЛИТЕТОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО НАШАТА САЈБЕР-
ФБ-КОВСКА -ОН-ЛАЈН БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА (прв
предлог)
КОЛКУ ПРЕДЛОГОТ НА КОЛЕГИТЕ ИМА СМИСЛА КЕ ВИДИМЕ,
КОГА СМЕТААТ ДЕКА ЗА УСПЕШНА БОРБА ПРОТИВ
КОРУПЦИЈАТА НЕОПХОДНО Е ДА СЕ Е ПРИКЛУЧАТ И
СТУДЕНТИТЕ, НО КАКО ВЕЛАТ,ИМ ТРЕБА И НЕКОЈА БРОШУРА
ШТО ЛИ ЌЕ БИДЕ, МОЖЕБИ ОН -ЛАЈН ИЛИ САЈБЕР
РАБОТИЛНИЦА, ЗОШТО СЕПАК ПРОФЕСОРИТЕ ОСОБЕНО ОНИЕ
ПОВОЗРАСНИТЕ НАД ЧЕТИРИЕСЕТ ГОДИНИ, НЕ СЕ МНОГУ ПО
НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И КОМУНИКАЦИЈА: ПО ХОДНИЦИ, НА
КАФЕ -МУАБЕТИ, РАЗНИ ОГОВАРАЊА, И ДРУГИ ФОРМИ НА
СТАРИНСКИ КОМУНИКАЦИИ ГИ БИВА, НО ФБ, КИБЕР, ОН
ЛАЈН, ПА ДУРИ МЕЈЛ КОГА ЌЕ ДОЈДАТ ЕДНАШ ВО НЕДЕЛАТА
И Л И М Е С Е Ц О Т О Т В А РА АТ, Н А С О С Т А Н О Ц И
П О Н Е К О ГА Ш . ТА К В И О Т Т И П Н А К О М У Н И К А Ц И Ј А ,
П ОХ О Д Н И Ц И , А Н О Н И М Н О , П О К А Ф Е П И Е Њ Е , Н Е
ПРЕПОЗНАВАА ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ, ФОРМИРА ПОСЛУШНИЦИ,
КОНФОРМИСТИ, ОГОВАРАЧИ ……….
КОГА БЕШЕ ИЗБОР ПОСЛЕДНИОТ ПАТ ЗА ДЕКАН ИМАШЕ
ГАЛАМА ОД КОЛЕГИ, КОИ ДЕНЕС ГИ НЕМА НИКАДЕ А ТОГАШ
СО ШИРУМ ОТВОРЕНИ УСТИ КАЖУВАА НЕШТО КОЕ ГО
ЗАБОРАВИВМЕ АМА
БЕШЕ НЕПРИЈАТНО. ДОБРО УШТЕ НЕ ПОЧНАЛА ГОДИНАТА НО
……….
ПОТОА НЕКОИ МЕ СОВЕТУВААТ ПО СЕКОЈА ЦЕНА ДА ГО
ВКЛУЧАМ И ПРЕТХОДНИОТ ДЕКАН А ОСОБЕНО ПАК ОНОЈ
ПРЕД НЕГО ЗАТОА ШТО ГИ ЗНАЕ СИТЕ РАБОТИ, ОД НЕГО
МНОГУ МОЖЕ ДА СЕНАУЧИ КАКО И ОД БИВШИОТ РЕКТОР
КОЈ ОСУМ ГОДИНИ ГО ВОДЕШЕ УКИМ А НЕБРОЈАНИ ГОДИНИ

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F81


БЕШЕ ПРОРЕКТОР И ЕДЕН ИСТО МНОГУ ДОЛГОГОДИШЕН
ДЕКАН .
ДЕКАНОТ ГИ УБЕДУВАЛ ДЕКА ЗАПЛЕНАТА НА КНИГАТА “
УНИВЕРЗИТЕ НА РАСПАЌЕ” ОД ПРОФЕСОРОТ АЦЕСКИ ГО
Н А П РА В И Л Е З А Д О Б Р О ТО Н А П Р О Ф Е С О Р И Т Е , Н О И
СТУДЕНТИТЕ, НО СЕ КАЕ ДЕКАНОТ И СЕГА ВТОРОТО
ИЗДАНИЕ ЌЕ ГО НАДОПОЛНИ ТОЈ НЕПРИЈАТЕН ЧИН.
КОЛКУ ТИЕ БИЛЕ СВЕСНИ ДЕКА СЕ ОВА НОВИ ВРЕМИЊА
КНИГАТА МОЖЕ ОН ЛАЈН ДА СЕ ПРОДАВА И БЕЗ ФИСКАЛНИ,
ПАРИ НА РАКА УЧИ БЕЗ МАКА.
НО РЕКТОРОТ ТОА КАСНО ГО РАЗБРА, ЗОШТО НЕ БИЛО
ПРАКТИКА МНОГУ ПРИСУТНА НА УКИМ. СЕУШТЕ СЕ
РАСПРАВА ШТО Е ОН-ЛАЈН БИБЛИОТЕКА, ОН ЛАЈН
ПРЕДАВАЊА, ПРЕДАВАЊА ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА, ПА ДЕНЕС
ИМАМЕ ЧУДО КУПОВИ ОД ХАРТИЈА НА СИТЕ СТРАНИ.
ДОБРО БИЛО КОГА ПРОФЕСОРОТ КЕ ЗЕМА КЕШ НА РАКА КЕ
ПРОДАВА ВО ХАРТИЕНА ФОРМА НА РАКА, НО НЕМАЛО ДРУГ
НАЧИН ДОБРИОТ ПРОФЕССОР ДА БИДЕ КОРУМПИРАН, ТАКА
СИСТЕМОТ СЕ КОМПЛЕТИРАЛ, СИСТЕМОТ НА КОРУПЦИЈА И
ТАКА СЕ ПРАВЕЛЕ ПОСЛУШНИ, ЌУТЛИВИ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ
КОИ ПОВЕКЕ ЌЕ ГЛЕДАААТ ВО ЧЕКМЕЏЕТО ОТКОЛКУ ЗА
РАБОТАТА.
ПРОФЕСОРОТ ОЛАБАВУВА, СТАНУВА ДОБАР, МИЛО МУ Е
КОГА ЌЕ ВИДИ СТУДЕНТ СО НЕГОВАТА ДОБРА КНИГА ВО
РАКА, ТОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ МАЃЕПСАН ОД ЗНАЊЕ НА
СТУДЕНТОТ И ОЛАБАВИ ВО КРИТЕРИУМОТ.
Е СЕГА ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ СО КУПЕНА КНИГА ПРОФЕСОРОТ Е
УБЕДЕН И МАЃЕПСАН ДЕКА СЕКОЈ СТУДЕНТ БАРЕМ СО ЕДНА
ИЛИ ДВЕ ОЦЕНИ ЗНАЕ ПОВЕКЕ, ЗА ПРЕОДНА ОЦЕНА ЗА СЕКОЈ
СЛУЧАЈ, ДУРИ И ДА НЕ СЕ ПОЈАВИ НА ИСПИТ. ПРЕТЕРАНО Е
СИГУРНО ТОА ДА СЕ МИСЛИ, НО МИ ПАЃА НА ПАМЕТ.

_____________________________________________________________

КРАТКИ ПОУКИ КАКО СЕ СТАНУВА БОРЕЦ ПРОТИВ


КОРУПЦИЈА НА УКИМ

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F82


Членството во КОБОКУКИМ (КОмитетот за БОрба против
Корупцијата на УКИМ) може да се добие, и тоа е трајно
ако кандидатот, главно говориме за професори но и други
заинтере сирани кои дирекно или индирекно се
инволвирани во работ ат а на УКИМ, или биле,
дипломирани, алумни, невработени дипломирани, и други
вклучително и студентите:
4. Не бега од самиот себе и вистината дека работи, дека
произлегол (дипломирал) и има било каков контакт со
УКИМ, а се чини дека малкумина кои нешто значат во
Македонија во било која сфера од финкциониањето на
државата поминале еден период на УКИМ,дека УКИМ
Е СИСТЕМ КОЈ ФУНКЦИОНИРА ОД ПООДАМНА,
И Е ВО СОСТОЈБА НА КУЛТУРА НА КОРУПЦИЈА ;
5. И дека во иднина, во доменот на неговата работа, ќе
постапува на начин кој отворено ќе се спротивставува
н а с е ко ј а п о с т ап ка ко ј а вод и , п р о и з вед у ва
корупција,без разлика дали се работи за полагање
испити, злоупотреба на својата позиција, совесно
извршување на работата, особено тоа се однесува на
оние кои работат на УКИМ, кои би требало да бидат
во првите редови на борбата. Тоа е патот кој води на
500 место на Шангајската листа.
_____________________________________________

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F83


УКИМ,ЛЕТО 2019

ОН-лајн работилницта во период од 20 септември до


постигање на основната цел: да го направиме УКИМ
привлечно место за студии и да го уништиме коруптивниот
систем
На ФБ, твитер, месинџер, електронска пошта, гласно
говорење за проблемите на УКИМ во медиуми, на улица, со
пријатели и насамо, сами со себе, секој како има прилика/
можност и мисли дека ќе има ефекти
.
Тема

Со урнисан, корумпиран УКИМ нема здрава нација и


ефикасна држава

ДА ГО ПОДОБРИМЕ КВАЛИТЕТОТ НА СТУДИИТЕ


НА УКИМ
УКИМ е најголем, најдобар од сите други универитети во
нашата држава а непрепознатлив и најлош во регионот,
да не говориме пошироко.
На оваа он-лајн работилница која ќе ЗАПОЧНЕ НА
20.09.2019 е посветена за состојбата на УКИМ

ПОСАКУВАНО Е СЕКОЈ ОД СВОЈАТА СРЕДИНА


(ФАКУЛТЕТ, ИНСТИТУТ) ДА ДАДЕ ЕДЕН ПОГЛЕД НА
СОСТОЈБИТЕ И ГО СПОДЕЛИ НА ФБ ИЛИ ТВИТЕР,
НАЈПОСАКУВАНО Е ВО ЈАВЕН МЕДИУМ ИСТО ТАКА,
НО МОЖЕ И НА ДРУГИ НАЧИНИ, ПА ДУРИ ГЛАСНО
ДА КОМЕНТИРА ПО ХОДНИЦИ, ДА СЕ МОЛИ И СЕ
ДРУГО КОЕ НЕМА ДА НЕ ОСТАВА НА МИР ДОДЕКА

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F84


УКИМ НЕ ГО ДОВЕДЕМЕ ДО БАРЕМ НА 500 МЕСТО
НА ШАНГАЈСКАТА ЛИСТА.ТОА ИМ ГО ДОЛЖИМЕ НА
МЛАДИТЕ И НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА И СИТЕ
ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА.
Состојбите на некои членки на УКИМ се за влакно
полоши, а некаде за влакно подобри, некаде се ептен лоши
а некаде се многу добри, но во целина УКИМ е лош
универзитет. А не би сакал да Ве убедам дека е така, но
факт е факт, може некој кој ќе се не/препознае би било во
ред да демантира кога се смета дека нешто не е така како
што е.
Намерата не е никој да се навреди тоа да го доживува
лично, особено за оние кои имаат некоја функција (декан и
слично). Сите ние на УКИМ сме дел од еден систем на
корумпираност, некој помалку, некој повеќе, некој со
поголема корист, некој со никаква, мислам на финансиска,
но најголем дел опијанети со магијата на корупција, која е
обожавана одвнатре, помагана однадвор, каде скоро сите се
жртви, поединци ќарат по нешто, а најголем губитник е
нацијата, македонските студенти кои поминуваат дел од
животот, најважниот дел, надевајќи се на подобра иднина.

Примерот со Филозофски факултет е очигледен.

Филозофски е најстариот факултет, според некои мислења


најдобриот факултет, со најмногу редовни професори,
скоро сто, на кој се оспособуваат кадри од наразлични
области и занимања: филозофи, специјалци, разузнувачи.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F85


дефектолози, психолози, педагози, учители, андрагози,
социолози, менаџери, класичари, социјални работниции,
семејнолози (што ли ќе е тоа), експерт по роднински
прашања, или родови како ли е не ме држете за збор,
историчари, библиотекари, архивисти археолози и многу
други, на скоро стотина студиски прграми (на секој
професор по една!) што нема нигде такво нешто на светот
и затоа заслужува да се посматра, фали а богами и
критикува, некои групи како такви да згаснат, интегрираат,
некои не им местото на филозофски. Јас повеќе говорам за
Филозофски, но се убедувам и ме убедуваат другите дека
има многу полоши состојби ако говориме за најдобриот и
најстариот факултет.
Од 20 овој месец, на ФБ, твитер, мејл, масовни медиум,
мејл, на стотина главно профе сори на УКИМ,
студенти,масовни медиуми, управата на УКИМ, МАНУ…

ОН ЛАЈН РАБОТИЛНИЦАТА КЕ ТРАЕ СЕ ДО


ИСПОЛНУВАЊЕ НА ОСНОВНОТО БАРАЊЕ УКИМ ДА
БИДЕ МЕЃУ ПРВИТЕ 500 НА ШАНГАЈ ЛИСТАТА.
Отфрлањето, побивањето, и потврдувањето на изнесените
податоци и факти и ставови ќе го сметам за подготвеност
да се менува нешто, молкот е погубен, делува
разочарувачки, очаен, понижувачки. Е, некој ке рече како го
најде ФБ, мрежи, со еден збор сајбер просторот за поле за
реакција, би рекол со право, но дејствување во рамките на
институцијата беше во голема мера неуспешно. Дисукусија
и работа во МАНУ, проект за високо образование нешто

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F86


како реформи, не даде ефект, препораките се подготвија и
толку.
За индивидуална борба остана ФБ, мрежата, протестот со
лепење летки по зидовите на УКИМ, најпосле заковање на
барања, препораки нешто кое ке укаже дека со урнисан,
корумпиран УКИМ нема здрава нација, не само
образование, затоа што УКИМ е најголем, најдобар од сите
други универитети во нашата држава а непрепознатлив и
најлош во регионот, да не говориме
пошироко.
Скоро се навршуваат две децении од воведувањето на
ЕКТС системот и Болоњскиот процес, никој не се обиде да
направи сериозна анализа на резултатите, до што доведе
тоа, само чудно самозадоволство, дека иако не чини сепак
е добро, има сеуште студенти, како да очекуваме дека тие
некаде сите ке заминат, секој си се изолира во кругот на
својата група, никој не смее да му се меша, е автономен,
самостален, дека само тој знае што да се прави, се изгуби
целината во рамките и на групата и пошироко.
Корупцијата стана културна матрица, начин на
функционирање на системот. Едно прашање: Што работи
ректоратот, дали некој знае. Се се формализира и се
прилагоди на состојба во која духот на коруптивност
з а п оч н у в а д а д е л у в а к р е ат и в н о в о н а с о к а н а
самоуништување, кое се смета за нормално или така треба
да биде. Ние сме немоќни да направиме нешто и ако нешто
се обидете, а имало барем на Филозофски факултет нешто
како да се поправи, но секогаш тоа се доживувало како

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F87


кликашка борба; има една група, кој се бори против друга
група, која сака да дојде на власт, мислам да стане декан
или нешто слично, дека првата група која е на власт
понекогаш се однесува непотистички, и тоа треба да се
реши, и членови на едната група се случува да се скараат
меѓу себе па мигрираат во друга група, и така, еден декан
да остане две децении, друг декан една деценија, се тече,
се се менува кон полошо.
Критериум за полошо е неквалитетот на студиите,
распашаност, не препознатливост на студиите, грев
невиден, сите со највисоки звања, главите горе .
Ако само погледнете за што во овој момент се дискутира за
Филозофски факултет; за промена на Статутот а тоа е исто
како да се дискутира за зграда која се распаднала (додуша
факултетот целиот прокиснува) а ние разговараме за
ингеренциите, пазете на шефот на групата, некои групи
бројат по неколку професори, една имаме со две
професорки од кои едната е шеф, и дека тој шефот да дава
отчет на членовите на групата, главн, или деканот да
доаѓал и во петок, секој петок на работа, и што ли друго,
односно на распадната зграда со каква боја да ги офарбаме
зидовите или дали прозорците да бидат на далечинско, или
дали чуварите да мрсат во петок и како тоа ќе се одрази врз
ефикасноста на студиите, без разлика што сите тие имаат
факултетска диплома.
Добро малку иронија, но та е израз на немоќ на
индивидуалната борба, па на мрежа, во сајбер поле, каде
пукотот е секавичен, резултатот се заборава, борбата може

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F88


да трае до бесконечност, борците да се завлечени под
јорганот со мобилниот во раце и толку.
На мрежата може да се стигне на врвот и со
самозадоволувачки движења, и на тоа да се заврши, но да
се надеваме дека нешто сериозно во позитивна насока ќе
предизвикаме.
Но, понекогааш не е така, треба да покажеме дека не е
така. Ако терба ке дискутираме и за прозорците на
далечинско, но:
1) дека предавања мора да има, а како да има со десет
часови дневно на распоред;
2) учење мора да има, а како да има кога нема
елементарен амбиент;
3) вежби мора да се држат, а како кога нема асистенти;
4) испитите мора да се нормални, дека групата не може
да биде со сто студенти;
5) дека на крај на семестарот мора да има вистинска
еваулација ;
6) дека ако се продолжи по старо, групата да се укине,
да не се лажат студентите дека студираат, дека немаат
п е р с п е кт и в и н а п а з а р от н а т руд , д е ка с е
осакатени,потрошиле 4 и повеќе за нешто од што ќе
имаат повеќе штета од корист.
Сепак оние кои даваат пари, нека и се и малку,тогаш
штетата е уште поголема, за вакви студии треба да се
запрашаат, зошто го прават тоа. Овде јас говорам за
енергијата која мора да протече одвнатре, но ако не оди
како треба оној кој дава пари, и колку да се тие малку нека

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F89


престане да ги дава, клуч на врата за она кое очигледно
дека не функционираат.
Целта е една; ДА ГО ПРИБЛИЖИМЕ УКИМ НА 500
МЕСТО НА ШАНГАЈ ЛИСТА И ГО НАПРАВИМЕ
П ОЖ Е Л Е Н У Н И В Е Р З И Т Е Т З А К ВА Л И Т Е Т Н О
СТУДИРАЊЕ И СО ТОА ДА ЈА УНИШТИМЕ
КУЛТУРАТА НА КОРУПЦИЈА.
Секој според својата позиција, секој според своите
можности који ги има во институцијата каде работи, или
е родител кој неговото дете или внуче студира на УКИМ, И
Е ЗАГРИЖЕН ЗА СОСТОЈБИТЕ НА УКИМ и се разбира
има ЖЕЛБА тоа да го прави .
Мислењето, дискусиите на бившите декани, продекани,
ректори,пензионирани професори и професори пред
пензија,вработени на УКИМ и сенатори е од
непроценливо значење за реформата на УКИМ и излез од
ова криза, депресија и ќе дадат пример и охрабрување на
помладите професори со највисоки звања, мислам на оние
до 45 или некоја година плус, кои во останатиот дел од
нивниот професорски ангажман да бидат од корист за
својот народ образувајќи и воспитивајќи генерации кои
оваа држава, помогнат да биде просперитена и пожелна за
живот на младите пред се. Не се пожелни партиско /
политички пароли и знаци, не е важно кој каде припаѓа.
Работилницата ќе се одвива на ФБ, твитер, месинџер, мејл,
пораки. Резултатите од дискусијата ќе биде синтетизирани
во ПРВИЧЕН ИЗВЕШТАЈ,КОЈ Е ВО ФУНКЦИЈА НА
НАСТАНОТ ОД 30.09 2019 Г. ВО 12 И 05 ЧАСОТ ПРЕД

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F90


ВЛ Е З О Т Н А Р Е К Т О РАТ, К А Д Е Б А РА Њ АТА /
ПРЕПОРАКИТЕ за реформи КЕ БИДАТ ЗАКОВАНИ
На ФБ секој ден ќе бидат објавувани/многу се објавени /
материјали поврзани со УКИМ и високото образование.
Своите размислувања се сооштуваат и на масовните
медиуми. Работилницата ќе трае додека не се исполни
едно од ГЛАВНИТЕ ОЧЕКУВАЊА УКИМ ДА ДО ГО
ДОВЕДЕМЕ БАРЕМ НА 500 МЕСТО НА
ШАНГАЈСКАТАТА ЛИСТА. ДА ГО ПОДОБРИМЕ
КВАЛИТЕТОТ НА СТУДИИ.
На ОН -ЛАЈН РАБОТИЛНИЦАТА се поканети стотина
учесници на нивниот мејл (декани, ректори, раководители,
сенатори) студенти и родители на фб, граѓани,
институции………)

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F91


ШЕСТИ ДЕЛ

Медиумите за настаните на УКИМ

Слободен печат 04/10/2019


Професор д-р Илија Ацески исфрлен од својот кабинет:
Тоа е очекувано во систем на култура на корупција од
Слободен печат 04/10/2019 - 18:430
Професор д-р Илија Ацески на Фејсбук напиша дека на
последниот работен ден, пред да замине во пензија, тој бил
исфрлен како криминалец од својот кабинет на
Филозофскиот факултет при УКИМ.
Ацески од претходно зборуваше за тоа дека постои
корупција во образовниот систем.
„Tоа што ме исфрлија како криминалец од кабинет на
последниот работен ден не ме чуди, тоа е очекувано во
систем на култура на корупција.Ме чуди коментарот на
деканот,дека најпосле мирно ќе спие”, пишува Ацески.
На 30 септември, односно претходната недела, пред
Ректоратот на УКИМ во Скопјен професорот го
промовираше својот прирачник „Чудесии на УКИМ” во кој
преку неколку пораки укажа на потребата од реформи на
Универзитетот.
Издвојуваме неколку од најважните:
Н А У К И М М Н О Г У М А Л КУ С Е О Б Ј А ВУ ВА АТ
КВАЛИТЕТНИ ТРУДОВИ. НА УКИМ ИМА ПРОБЛЕМИ
СО СТУДИРАЊЕТО. ТОА ТРАЕ ДОЛГО ВРЕМЕ,
ОДНОСНО ОД ОНОЈ ПЕРИОД КОГА ПОЧНАВМЕ ДА ГО

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F92


ПРИМЕНУВАМЕ БОЛОЊСКИОТ СИСТЕМ ИЛИ ЕКТС
СИСТЕМОТ, КОГА СЕ ПРЕТВОРИВМЕ ВО ЕДНА, ВО
ГОЛЕМА МЕРА, ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ВЛЕЗЕ ВО ТОА
ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО СО ДРЖАВАТА.
Д РЖ А ВАТА Н Е О С ТА В И , В Е Л И – В И Е С Т Е
АВТОНОМНИ. НИЕ МИСЛИМЕ ДЕКА АКО ДРЖАВАТА
НЕ СЕ МЕША, ДЕКА ЌЕ БИДЕМЕ ТОА ШТО СМЕ, НО
СТАНАВМЕ УНИВЕРЗИТЕТ НА КОЈ МНОГУ МАЛКУ
СЕ УЧИ.
Според него, во некои институти или оддели се работи
солидно, но во поголем дел образованието е урнисано,
криминално и неквалитетно. Ова, како што изјави
професорот, претставува практично еден крик.
КРИКОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО Е КРИК НА ЕДНА
НАЦИЈА, И ПРОПАСТ НА ЕДНА ДРЖАВА. ТОА ЌЕ ГО
П Р О Ч И Т АТ Е Н А В Л Е З О В И Т Е Н А М Н О Г У
УНИВЕРЗИТЕТИ ВО СВЕТОТ. ЕВЕ, СЕ ДРЗНАВ ПРЕД
ПЕНЗИОНИРАЊЕ ДА СЕ ОБРАТАМ ЈАВНО. ОВАА
Б О Р Б А Ј А В ОД А М С КО Р О Д Е С Е Т ГОД И Н И .
Д И С КУ Т И РА В М Е О ВД Е , Д И С КУ Т И РА В М Е В О
ВЛАДАТА ЗА ОВОЈ ПРОБЛЕМ, НО РЕЗУЛТАТОТ Е
НИКАКОВ.
Професорот изјави дека всушност системот е корумпиран.
Според него, системот најголемиот дел од професорите ги
прави полтрони, послушници и истомисленици.
ГИ УПРОПАСТИВМЕ ДОБАР ДЕЛ ОД ДЕЦАТА. ИМА
ВРЕДНИ СТУДЕНТИ И ТИЕ САМИТЕ СЕ МНОГУ
РАЗОЧАРАНИ. СИСТЕМОТ КОГА ЌЕ СЕ КОРУМПИРА
ТОЈ ПОВЕЌЕ НЕ БИРА ПОНАТАМУ ДАЛИ СТЕ ВИЕ

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F93


ЧЕСЕН, ДАЛИ РАБОТИТЕ ИЛИ НЕ И ВО ТОЈ СИСТЕМ
ОНИЕ КОИ ШТО НАЈМАЛКУ РАБОТАТ ТИЕ НАЈДОБРО
ЗАРАБОТУВААТ. ОНИЕ ПАК КОИ РАБОТАТ СЕ
ПОТИСНАТИ, РАЗОЧАРАНИ.
Според Ацески, ние живееме во култура на корупција, и
токму затоа, неговите колеги си бегаат од државата.
МЛАДИТЕ СЕ СНАОЃААТ И НЕ ВЕРУВААТ МНОГУ ВО
ОВА, НО ОПШТИОТ РЕЗУЛТАТ Е КАТАСТРОФАЛЕН ЗА
МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА, НАРОД И ДРЖАВА, И
МОЖЕБИ НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ОВИЕ ПРОБЛЕМИ КОИ
ДЕНЕС ГИ ЖИВЕЕМЕ СЕ ТОКМУ РЕЗУЛТАТ НА
ТАКВОТО ОБРАЗОВАНИЕ. УКИМ ВО ЗЕМЈАВА Е
НАЈДОБРИОТ УНИВЕРЗИТЕТ. АКО НА НАЈДОБРИОТ
УНИВЕРЗИТЕТ ОВА СЕ СЛУЧУВА, МОЖЕМЕ ДА
П Р Е Т П О С ТА В И М Е Ш Т О С Е С Л У Ч У ВА Н А
ПРИВАТНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ.
Како што појаснува тој, ние доцниме со реформите, надвор
сме од светските текови, и според него, ова е повик да се
разбудат оние кои раководат со оваа инситуција и да
започнат со реформи.
МНОГУ МАЛКУ ИМА СЛУХ КАЈ НАДЛЕЖНИТЕ ЗА
ОВОЈ ПРОБЛЕМ. ОВА Е ИНДИВИДУАЛНА БОРБА.
ПОЗАДИ ОВАА БОРБА НЕ СТОИ ПРАКТИЧНО НИКОЈ
ОСВЕН УШТЕ ЕДЕН ИЛИ ДВАЈЦА КОИ ПОМАГААТ
ОКОЛУ ТЕХНИЧКИ РАБОТИ. ЈАС ГИ ИСРЦПИВ СИТЕ
МОЖНОСТИ НА БОРБА ВО ИНСИТУЦИИ.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F94


Предупреди за корупција на УКИМ, професор д-р
Илија Ацески исфрлен од својот кабинет
05.10.2019 / 10:33
Професорот д-р Илија Ацески на Фејсбук напиша дека на
последниот работен ден, пред да замине во пензија, тој бил
исфрлен како криминалец од својот кабинет на
Филозофскиот факултет при УКИМ.
Ацески претходно зборуваше за тоа дека корупција веќе
подолг период е примарен преоритет на УКИМ, додека
квалитетното образование е ставено во втор план. Тој преку
свои анализи, статуси на Фејсбук постојано алармира и
предупредува дека на УКИМ во Скопје во последните 15-
тина години е воспоставен неодговорен систем,
раководствата се врзани за други работи, а не за главното
што треба да го работат, нема квалитетно студирање,
според него важна е корупцијата.
Професорот по Социологија на Филозофскиот факултет,
кој во вторникот замина во пензија го промовира
прирачникот „ Чудесии на УКИМ”, најави превадање за
Марфиевите правила за студентско самопронаоѓање во
културата на корупција, исто така рече и дека ќе се
фотографира пред споменикот на „ Свети Кирил и Методиј
“, со свиркачи кои му помогнале да ја открие корупцијата
во високото образование. Причината е како што вели
Ацески, да алармира дека неквалитетното образование ја
сруши државата.Тој истакна дека целиот процес го прави
со една цел, да изврши притисок до одговорните да
започнат реформи на УКИМ за се приближи до првите 500
најдобри факултети во светот според Шангајската листа.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F95


Неговиот аларм сепак не допре на вистински начин до
раководството на УКИМ, па Ацески на последниот работен
ден беше исфрлен од својот кабинет.
Tоа што ме исфрлија како криминалец од кабинет на
последниот работен ден не ме чуди, тоа е очекувано во
систем на култура на корупција.Ме чуди коментарот на
деканот,дека најпосле мирно ќе спие”, пишува Ацески.
Од Ректоратот на УКИМ не ги коментираат објавите на
професор Ацески и посочуваат дека во наредниот период
ќе се воведува правилник со што студентите и професорите
ќе може да пријавуваат корупција.
Facebook340TwitterEmail

https://www.mkd.mk/sites/all/themes/mkd/logo.png

СКАНДАЛ НА УКИМ
Бившиот ректор Стојковски 2-3 месеци пред
заминување ја заплени книгата на професорот
Ацески
Студентскиот одговор на реформите во високото
образование во книгата „Универзитетот на распаќе” и
резултатите што произлегуваат од анализата беа доволна
причина довчерашниот ректор Велимир Стојковски пред
заминувањето од функцијата да се дрзне да ги заплени сите
примероци од книгата на проф. д-р Илија Ацески од
Филозофскиот факултет.
Се работи за отпечатени 200 примероци од книгата, кои
тогашниот ректор Стојковски во јуни годинава наредил да
се запленат од кабинетот на професор Ацески, и тоа без

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F96


негово присуство. Причината е едноставна, Стојковски не
се согласувал со тоа што е напишано, односно сметал дека
нешто од тоа не е точно.
„Книгата е резултат на проект што требаше да одговори на
некои аспекти на квалитетот на студиите на скопскиот
универзитет, поточно студентскиот одговор на Болоња.
Така беше насловот на проектот”, објаснува професорот
Ацески за МКД.мк.
Ова е еден од проектите што ги финансира Ректоратот на
УКИМ, секоја година по еден проект на секој факултет.
Аце ски про ектот го добил минат ат а година, а
истражувањето го почнал уште во 2008 година, кога ректор
на Универзитетот беше Ѓорѓи Мартиновски. Целта, според
професор Ацески, била да се види што значи воведувањето
на „Болоња”, односно квалитетот на студиите проектиран
низ диоптријата на студентот.
„Направив истражувања по соодветна методологија,
анкетно истражување, истражување на дел од програмите и
користев материјали што се достапни на интернет-
страниците на факултетите. Го подготвив извештајот, кој
според процедурата го доставив до Филозофски факултет,
на усвојување од страна на Наставничкиот совет. Потоа се
испраќа до Универзитетот, кој фактички дава виза за
понатамошната процедура, што значи и исплаќање на
потрошените средства. И дотогаш сè оди како што треба,
текстот беше подготвен, рецензиран и доставен “, вели
Ацески.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F97


Извесно време текстот од книгата бил и на интернет-
страницата на Филозофскиот факултет, но потоа е изваден,
без објаснување на причините за таквиот потег.
Но следува изненадување.
Откако проректорот и ректорот го прочитале текстот,
Стојковски веднаш реагира со барање за повлекување на
книгата, бидејќи не се согласува со напишаното, иако во
меѓувреме книгата е отпечатена.
„Примероците од отпечатената книга што ги добиваме
наместо хонорар веќе беа во мојот кабинет и почнува
процесот како да се земат. Тоа ми беше неразбирливо,
бидејќи книгата ја имав во електронска форма. Сепак, по
наредба на тогашниот ректор, влегуваат луѓе во кабинетот
и буквално го запленуваат целото издание во мое отсуство.
Мислев дека ќе земат неколку примероци, но ми беше
кажано дека ректорот го бара целото издание”, објаснува
професорот.
Во разговорот со Стојковски, Ацески наместо објаснување
зошто е запленета книгата, добива закани за тужба, бидејќи
наводно клеветел и напишал нешто, што според ректорот,
не е точно.
„Најмногу ми забележа за делот за докторските студии.
Напишав дека тие се една тешка импровизација и дека
вакви докторски студии како кај нас нема никаде. За него
беше спорно и тоа што напишав дека Универзитетот не
направил исчекор кон приспособување на новиот начин
или пристап на студирање”, вели Ацески.
Според него, Стојковски, иако не е директно прозван, се
препознал во критиките и претпоставувал дека главната

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F98


одговорност за сето она што се случува на Универзитетот,
меѓу другите, ја сноси и Ректоратот.
Но наместо контра аргументи, Стојковски инсистира дека
додека е тој ректор, книгата нема да излезе во јавност, а
кога тој ќе замине од функцијата, професорот ќе си ги
добие назад запленетите книги.
Убеден дека е добро да се прочита книгата, професорот
Ацески, како израз на немоќ, прави сопствена „промоција”,
своевидна „герила-акција” со плакати за книгата залепени
на факултетот.
„Се препорачува да се чита во Ректоратот од есен”;
„Ректорот ве моли да не ја чит ате”; „Книгат а
’Универзитетот на распаќе’ се препорачува за читање, тоа
предизвикува болка на ректорот на УКИМ” и „За да се
намалат болките на ректорот, има предлог УКИМ да се
прекрсти во Универзитет ’стојко ВЕЛИ мир’”, се пораките
што се најдоа на плакатот.
Дури и чичкото што продава ѓевреци во кругот на
Универзитетот се вклучи во акцијата, и тоа толку ревносно
што не им дозволил на луѓето испратени од Ректорат да го
тргнат плакатот од неговата количка. Објаснувањето е
едноставно: „Професорот Ацески го донесе ова и само со
негова дозвола ќе го извадам”.
Стојковски веќе е заминат од функцијата, а професорот сè
уште ги чека назад книгите. Сосема друго прашање е што
ќе прави сега со нив...
Ж.П.Б.

https://lider.com.mk/

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F99


Ацески: Образовниот систем е корумпиран, упропастивме
добар дел од децата
Ацески: Образовниот систем е корумпиран, упропастивме
добар дел од децата
На еден ден пред пензија, по 50 години работа,
универзитетскиот професор по социологија Илија Ацевски,
одлучи последниот работен ден да го искористи за да
повика на борба против, како што вели, корумпираноста во
образовниот систем на УКИМ, пишува Канал5.
Разочаран како властите и управата на државниот
у н и в е р з и т е т с е с п р а ву в а ат с о а н о м а л и и т е в о
образованието, денеска симболично залепи плакати со
пораки до менаџментот, професорите и студентите за
неопходни реформи на Универзитетот.
А ц е с к и д е т е к т и р а п р о бл е м и и в о н ач и н о т н а
функционирање на професорите. Без да посочи конкретни
примери, потенцира дека наместо квалитетно образование,
професорите на УКИМ повеќе се фокусирани на личните
интереси. Вели дека неговите колеги се плашат јавно да го
поддржат.
Професорот обвини и дека деканот на Филозофски
факултет му го блокирал службениот мејл, а се сомнева
дека причината е за да биде оневозможен, како што тврди,
да го сврти вниманието кон потребите од длабоки реформи
во високото образованието.
Од управата на Универзитетот засега нема реакција на
ваквите тврдења на Ацески, а и ректорот Никола
Јанкулоски не беше достапен за коментар

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F100


Последниот крик на професорот:
Нешто е труло!
Ќе замине во пензија со перформанс пред Ректоратот на
УКИМ. На таков начин професорот Илија Ацески сака да
го сврти вниманието кон потребите од длабоки реформи во
високото образование)
На 1-ви октомври заминува во пензија. Еден ден
претходно, на 30-ти септември, во симболичниот термин
„12 и 5” подготвува перформанс на влезот на Ректоратот,
наречен Ковање на правилата. Следува претставување на
монографијата „Чудесии на УКИМ”, па „Презентација на
Марфиеви закони за студентско себедоживување во
системот на култура на корупција воспоставена на УКИМ”,
по што ќе следи групно фотографирање пред споменикот
на „Светите Кирил и Методиј", заедно со сите свиркачи кои
веднаш ќе добијат сертификат за борба против
корумпираниот систем на УКИМ. Организатор и
инспиратор на оваа невообичаена манифестација на
критики кон системот за образование на УКИМ, е неговиот
догогодишен професор по социологија д-р Илија Ацески.
Покрај оваа најава, тој во изминатиов период интензивно
објавуваше анализи на Фејсбук, преку кои укажува за
корупција на Универзитетот: „Како се лажеме самите себе
на УКИМ”, „Да се биде корумпиран со чувство за
автономија” и ред други наслови.
Никогаш не молчел
Вели дека не сака да си замине туку-така, без да ги посочи
клучните проблеми во образованието.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F101


„Ова е крик, последна надеж да се сврти вниманието кон
УКИМ и високото образование генерално, со цел започнат
темелни реформи", вели Ацески.
Некои го поддржуваат, други го критикуваат затоа што ова
го правел токму пред заминување во пензија. Но, за волја
на вистината, Ацески не реагира ниту во 5 до 12, ниту во
12 и 5. Почнувајќи од 2008 година, тој во изминатите
години редовно и критички ги анализираше состојбите на
УКИМ за кои објави и негови трудови. Еден од нив му
беше и запленет. Станува збор за студијата „Универзитетот
на распаќе”, во која на повеќе од 200 страници го
анализира квалитетот на високотo образование, состојбите
и перцепцијата на студентите за Европскиот кредит
трансфер систем (ЕКТС), врз основа на истражување
започнато во 2008 година и завршено на крајот од 2015
година. Студијата во почетокот на 2016 година била
одобрена од наставно-научнииот совет, по што биле
одвоени и средства за нејзино печатење. Но, потоа се
случил пресврт. За ова Ацески говреше и во интервју за
Дојче веле („Универзитетот во агонија, студентите на
избори", 18.8.2016).
„Резултатите од истражувањето посветено на состојбите на
УКИМ недвосмислено покажаа дека Универзитетоте во
длабока криза, која се манифестира во сите сегменти на
неговото функционирање: во наставната, во најголем дел
од ф а к ул т е т и т е с е и з г у б е н и к р и т е р и у м и т е з а
високообразовна дејно ст, практично не по стои
истражувачка дејност, менаџирањето со факултетите и
Универзитетот е сконцентрирано во борбата за највисоките

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F102


функции (декан и ректор), нема квалитетна внатрешна
евалуација, нема надворешна евалуција, се се сведува на
задоволување на формални критериуми. Разбирлива е
реакцијата на ректорот, кој студијата ‘Универзитет на
распаќе' едноставно ја забрани (ја заплени нејзината
печатена верзија), од причина што резултатите не му биле
разбирливи, а тоj е речиси дванаесет години во управните
структури на Ректоратот, од кои осум години ректор. А тие
резултати говорат за агонијата во која се наоѓа УКИМ, а со
тоа и високото образование во целина”, изјави тогаш
Ацески.
Дипломата не е гаранција за знаење
Смета дека ни во годините потоа состојбите не се
помрднале од мртва точка.
„Крахот на образованието е крах на нацијата”,
предупредува Ацески.
„Што е тука нејасно? Да пуштам филмче како од групата
студенти, дваесет на трета година, само еден знае во кој
период живеел Гоце, или како не прават разлика помеѓу
класа и маса, држава и народ, или дали сме монархија,
република, или што е поделба на власта, а само што не
дипломирале. Само вие колеги молчете. Наведната глава
сабја не ја сече или...”, реагира Ацески во неговите
текстови.
Тој оценува дека државата освен со декларативните
заложби за квалитетно и европско образование, со ниедна
постапка не покажала разбирање за вистинските проблеми
на високото образование. Напротив, го оставила да
„плива"во проблемите под плаштот на автономија, а

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F103


суштински да прави нешт а кои доведуваат до
дезинтегриран универзитет, до „пазарно” ориентирано
јавно образование, понекогаш втурнато во партиски
пресметки, и оставено на маргините да егзистира „само за
себе”
„За најголем дел од студенската популација се формира
свест за ‘наемнички однос' - сте платиле за студиите, или
едноставно вие сте тука да земете парче хартија (диплома).
A колкава е нејзината вредност, тоа никого не го
интересира . Дури и критичките забелешки оклолу
програмите, подготвеноста на наставниците за настава,
квалитетот на вежбите, начинот на оценување - е во втор
план. Важно е да се обезбеди проодност и се добие
диплома”, реагира Ацески.
Не сака никого да навреди. Целта му е да го сврти
вниманието кон образовните проблеми, од кои зависи
наобразбата на младите и иднината на земјата. Има една
желба: преку суштински реформи УКИМ да се пробие
меѓу најдобрите 500 универзитети во светот на
Шангајската листа, наместо да биде на 1.568-мо место каде
што сега се наоѓа.
Датум 26.09.2019
Автор Катерина Блажевска

Ацески: Системот на образованието на УКИМ е


корумпиран
Напишано од МИА -30/09/2019
Share on Facebook Tweet on Twitter

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F104


УКИМ е во тешка кома. На УКИМ многу малку се очи. На
УКИМ многу малку се истражува. Системот на
образованието е корумпиран, а со неквалитетно
образование се руши една нација и доаѓа до пропаст на
една држава, изјави професорот на Филозофскиот факултет
при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”, Илија Ацески,
на денешниот перформанс „Ковање на правилата” пред
Ректоратот на УКИМ во Скопје.
Пред Ректоратот, професорот го промовираше својот
прирачник „Чудесии на УКИМ” во кој преку неколку
пораки укажа на потребата од реформи на Универзитетот.
– На УКИМ многу малку се објавуваат квалитетни
трудови. На УКИМ има проблеми со студирањето. Тоа трае
долго време, односно од оној период кога почнавме да го
применуваме болоњскиот систем или ЕКТС системот, кога
се претворивме во една, во голема мера, институција која
влезе во тоа јавно-приватно партнерство со државата.
Државата не остави, вели – вие сте автономни. Ние
мислиме дека ако државата не се меша, дека ќе бидеме тоа
што сме, но станавме Универзитет на кој многу малку се
учи – рече професорот.
Според него, во некои институти или оддели се работи
солидно, но во поголем дел образованието е урнисано,
криминално и неквалитетно. Ова, како што вели тој,
претставува практично еден крик.
– Крикот на образованието е крик на една нација, и пропаст
на една држава. Тоа ќе го прочитате на влезовите на многу
универзитети во светот. Еве, се дрзнав пред пензионирање

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F105


да се обратам јавно. Оваа борба ја водам скоро десет
години. Дискутиравме овде, дискутиравме во Владата за
овој проблем, но резултатот е никаков – објаснува Ацески.
Како што појаснува тој, ние доцниме со реформите, надвор
сме од светските текови, и според него, ова е повик да се
разбудат оние кои раководат со оваа инситуција и да
започнат со реформи.
– Многу малку има слух кај надлежните за овој проблем.
Ова е индивидуална борба. Позади оваа борба не стои
практично никој освен уште еден или двајца кои помагаат
околу технички работи. Јас ги исрцпив сите можности на
борба во инситуции – рече Ацески.
Професорот вели дека всушност системот е корумпиран.
Според него, системот најголемиот дел од професорите ги
прави полтрони, послушници и истомисленици.
– Ги упропастивме добар дел од децата. Има вредни
студенти и тие самите се многу разочарани. Системот кога
ќе се корумпира тој повеќе не бира понатаму дали сте вие
чесен, дали работите или не и во тој систем оние кои што
најмалку работат тие најдобро заработуваат. Оние пак кои
работат се потиснати, разочарани – вели тој.
Според Ацески, ние живееме во култура на корупција, и
токму затоа, неговите колеги си бегаат од државата.
– Младите се снаоѓаат и не веруваат многу во ова, но
општиот резултат е катастрофален за македонската нација,
народ и држава, и можеби најголем дел од овие проблеми
кои денес ги живееме се токму резултат на таквото
образование. УКИМ во земјава е најдобриот универзитет.
Ако на најдобриот универзитет ова се случува, можеме да

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F106


претпоставиме што се случува на приватните универзитети
– вели професорот.

Професорот Ацески сам застана пред Ректоратот


на УКИМ да разоткрива корупција
30/09/2019 - 16:27SHQIP, ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” /
Македонски/Shqip

Сам, без поддршка од своите колеги, професорот Илија


Ацески од Филозофскиот факултет на Универзитетот
„Свети Кирил и Методиј” денеска јавно го изрази својот
револт за корупцијата што ја посведочил на Универзитетот.
Пред Ректоратот делеше „Прирачник за културата на
корупцијата од А до Ш”.
Ацески неодамна започна на својот Фејсбук профил да
споделува таканаречени „бомби” за корупцијата на УКИМ.
Денеска реши и лично да залепи плакат со пораки до
менаџментот, професорите и студентите за неопходни
реформи на Универзитетот.
Ацески не споменa никого по име, но зборуваше за неколку
примери кои се случувале на Филозофскиот факултет. Од
професорка која пред десет години, поради тешка болест,
била оневозможена да доаѓа на работа, а сè уште зема
плата, до доскорешен професор пред чиј кабинет
студентите чекале редици, бидејќи само им ги земал
индексите и им пишувал оценка и од тоа „убаво
заработувал”.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F107


„УКИМ во Македонија е најдобриот универзитет. Ако на
најдобриот универзитет ова се случува, може да
претпоставиме што се случува на приватните факултети”,
забележа тој.
Професорот го обвини деканот на Филозофски факултет
дека пред 10 дена му го блокирал службениот мејл. Се
сомнева дека тоа е за да не може да праќа пораки.
На прашањето дали има поддршка од своите колеги,
Ацески вели дека се плашат дури и да коментираат на
содржината на неговите објави, а уште помалку да застанат
до него, додека добар дел од студентите не се ни
информирани за случувањата. Според него, борбата против
корупцијата не е индивидуална.
„Ние сите сме на некој начин корумпирани, помалку или
повеќе. Така системот не’ направил”, прокоментира
Ацески.
Тој очекува реакција од Ректоратот на Универзитетот, од
каде досега се уште не излегле со став.

Радио МОФ неодамна направи интервју со


професорот Ацески. Во продолжение, може да го
прочитат.
https://mkd-news.com/

Професоре, јас плаќам за студирањето, што ќе правам ако


ме турнете, од што повторно ќе платам за годината кога
татко ми е без работа. Мајка на една друга студентка, пак,

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F108


ми рече, пуштете ја, таа и онака нема да работи со таа
струка, туку ќе се мажи. А тие се само некои од неколкуте
стотици студенти на кои им држам предавања, што е
преголема бројка за факултетски стандарди. Се прашувам,
какво знаење ние можеме да пренесуваме на толкав број
студенти и дали тие навистина се дојдени тука за знаењето
или за решавање на социјалните прашања. Ваква дилема
вчера ја постави социологот Илија Ацески од катедрата по
социологија при Филозофскиот факултет на УKИМ .
Тој вели дека главниот проблем е прашањето дали на
нашите универзитети „се дава и се прима знаењето” во
меѓусебните односи на професори и студенти отколку што
сега се проблематизира воведувањето проверка на
знаењето. Ацески, кој во универзитетските кругови е
п о з н ат ка ко гол е м к р и т и ч а р з а с о с то ј б и т е в о
образованието, смета дека најавата за екстерното
тестирање ќе предизвика промени на подобро.
– Не може еден универзитетски професор да пренесува
добри знаења на студентите ако држи и по шест предмети,
ако им предава на две-три стотини студенти само неколку
пати во текот на семестрите, ако испитите му се сведуваат
на писмени тестови, нема литература… Во најголема мера
се` се сведува на тоа дека на факултетите им е најважно
како да добијат што повеќе пари од што повеќе студенти, а
на студентите како побрзо да дојдат до дипломата. Ваква
ситуација не е добра и поради тоа, добро е што сега се
случува предлог со кој треба да се врши проверка на
знаењата на студентите – потенцира овој социолог.ispit

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F109


И Владо Тимовски, декан на Педагошкиот факултет во
Скопје, се согласува дека во јавноста има сомнежи во
квалитетот на знаењата со кои студентите заминуваат од
факултетите. Тој смета дека на тоа влијаеле зголемувањето
на бројот на студентите, падот на квалитетот во некои
институции поради недоволната селекција на кадрите,
сменетиот начин на студирање…
– Расправата треба да покаже дали идејата за тестирање е
соодветна. Во секој случај треба да јакне внатрешната
селекција на факултетите, професорите да немаат толкава
моќ на пуштање, да имаат помалку студенти со цел
предавањата да бидат квалитетни – смета Тимовски.

https://ako.mk/АКО… сакаш да уништиш држава,


уништи го образованието
Ако.мк -декември 4, 2016

Две книги, две држави, исти проблеми


Моево денешно писание се однесува на основата на секоја
држава. Образованието.
Многупати ги повторував кусите реченици кои докрај никој
не сака да ги разбере. Некој се согласува со првата, некој со
втората…. Но, основата е во нив кога се сите заедно.
Ако сакаш да уништиш држава, уништи го образованието.
Ако сакаш да уништиш образование, уништи ја науката.
Ако сакаш да уништиш наука, уништи ги архивите.
Кај нас е уништено се. И. Нема држава.
Ај, по ред.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F110


Долго време с е занимавам со прашањето за
практикувањето на Болоња системот во високото
образование, но до сега никогаш не наидов на сериозен
соговорник во Македонија. Соговорник кој ќе говори
отворено за нашите проблеми, но и да побараме начин да
се извлечеме од тињата во која со години дишиме со цевче
над површината. Затоа пак, вон Македонија наголемо се
говори за ефектите, предностите и предизвиците во врска
со Болоња процесот. И така, чепкајќи по информациите на
Интернет дојдов до информација за една конференција која
се одржа во Коњиц, БиХ во организација на Високата
школа за туризам и менаџмент. На конференцијата во 2015
година отидовме со една колешка, се разбира со сопствени
средства, и имавме што да видиме. Додека ние се
расправавме за пенкалца и спојувалки, светот говореше за
проекти, за сериозниот пад на професорскиот дигнитет во
однос на политичарите итн. итн. Но, најмногу од се,
дискутиравме за примената на Болоњскиот систем во
високото образование.
И бидејќи, тогаш бев член на Сенатот на УКИМ решив со
едно писмо да го предизвикам ректорот Велимир
Стојковски да ја отвори дебатата за Болоња и сред
македонската професорска фела. Писмото, кое е дел од
мојата лична архива, не виде бело видело ниту на седница,
ниту меѓу другите сенатори. Оти така беше решил, никој
друг, туку неговата светост, севишниот.
Но, Болоња, можете да ја ставате под тепих, ама еден ден
ќе засмрди и ќе го скапе тепихот. Тоа и ни се случува. Сега,
денес, овде.
За среќа некој тоа и го видел и го напишал. Така дојдов до
две исклучителни книги преку кои сакам да ви го доловам
и моето мислење на оваа тема. За моја среќа, првата е од
македонски автор, а втората од босански. Едната книгата е

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ 111


F
од проф. д-р Илија Ацески со наслов „Унивезитетот на
распаќе-студентски одговор на реформите во високото
образование”, Скопје 2016, 223.
После прочитувањето на овој труд имате само еден
впечаток дека книгата на проф. д-р Ацески го огледува
реалниот лик на македонското високо образование, лик
виден во огледалото од многу агли. Иако акцентот е ставен
на Болоњската декларација и пристапувањето на
Македонија кон Болоњскиот процес, авторот сеопфатно го
насликал секојдневието на македонското високо
образование, изгубено во желбата да биде европско по
бројот на дипломите, ама, заостанато и провинциско по
знаењата. Секоја чест на исклучоците.
Читателот, за да ја сфати поентата на трудот, темелно е
запознат со Болоњската декларација која е потпишана од
400 ректори во 1988 година. „Овој документ се темели на
четирите основни принципи: морална и интелектуална
автономија на универзитетите во однос на политичката и
економската сила на влијание, обезбедување на врска меѓу
наставата и економската сила на влијание, обезбедување на
врска меѓу наставата и истражувањето, слобода во
истржувањето и предавањето и – универзитетот е носител
и чувар на европската хуманистичка традиција според
универзално значење”.
Но, дали и колку овие вредно сти заживеаја во
македонското високо образование?
Според мислењето на проф. д-р Ацески овие прашања
имаат многу одговори, но ниту еден од нив не оди во полза
на позитивното. Токму затоа и ги дополнува прашањата со
ново: „Дали субјектите на реализацијата на „Болоња” се
све сни за тоа што с е случува во Македонија:
хармонизација со образованието во Европа или се оди во
обратна насока… Дали Болоња стана синоним за кризата

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F112


во високото образование, нешто со кое се затскриваат
голем дел од слабостите во образованието. Ако не чини
нешто, тогаш тука е Болоња и ЕКТС системот!”.
Така, изобличувањето на процесот на студирање, доведе до
изобличување и на последипломските и докторските
студии во Македонија. На тој начин дојдовме до состојба
на обезличување и обезвредување на дипломите од сите
три степени на високото образование. На тоа најмногу
кумуваше државата која штедро го масовизираше
студирањето со отворање на нови факултети и
Универзитети, дисперзија на определени групи и
факултети надвор од Скопје кон внатрешноста без какви
било сериозни анализи за нивната оправданост. Ако кон
ова се додаде и фактот дека истите оние институции во
државата чија примарна задача е грижата за образованието,
целосно потфрлија со примената на Болоња системот, а при
тоа форсираа и глорифицираа масовно запишување на
факултети (до 93% од матурантите во Македонија), станува
јасно дека вредноста на високото образование стрмоглаво
се урна. Студентот седна на пиедесталот, а професорот
негов поданик.
Во тој контекст, д-р Ацески ќе забележи дека „…
Несомнено, состојбата во која студентот се доживува како
`купувач` во голема мера ја обезвредни традиционалната
улога на факултетот, и воопшто процесот на студирање –
учење, и на сите институции каде тоа се доживува на таков
начин. Но, тоа е и ситуација каде студентот како купувач
себеси се ослободува од одговорност за проблемите кои се
појавуваат во процесот на студирање, таа е на страната на

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F113


оној кој дава услуга. Дури и оценувањето на професорите
од страна на студентите во тој контекст може да биде
проблематично, за тоа кој е `добар` професор? Ако дојде до
судир помеѓу професорот и студентот, најчесто формираат
комисија за испити (тоа се случува на некои факултети),
професорот се исклучува од дел од неговите надлежности,
со цел да се зголеми проодноста на студентите во
погорните години. Едноставно, оној кој `купува е целосно
во право`. Тој си ја платил услугата, и за тоа си го бара
производот, во овој случај `дипломата`. Тоа е логиката на
купопродажбата.”
Токму во исчашеноста на логиката во главите на
„купувачот” на диплома, лежи и прашањето за квалитетот
на потребното знаење и добиеното знаење. Но, во
воспоставениот систем на „невредности” во македонското
високо образование многу значајно е да се разглоби и
тезата за компарирањето на квалитетот на образованието.
Имено, многу е битно да се прецизира што е квалитет и во
однос на што? И тука има неколку перцепции. Првата е
дека дипломираниот студент има „лозинка” в ракав за
вработување, има можност да добие повисока позиција од
лица со иста диплома, ама без потребна политичка
профилација, а оние кои навистина го познаваат квалитетот
се наоружуваат со знаења кои ги изнесувaат од Македонија.
И пак, лебди прашањето кому му се наменети кадрите со
„купени” дипломи? Одговорот е толку едноставен што е
срамно да се изусти.
Во книгата на проф. д-р Илија Ацески сретнавме и
различни искуства од држави во кои се применува

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F114


Болоњскиот систем на образование. Меѓу другите, Ацески
го посочува и примерот со Босна и Херцеговина,
анализирајќи повеќе трудови на колеги од Босна и
Херцеговина. Заеднички именител на сите е дека „… Во
Босна и Херцеговина Болоњскиот процес на образование
не ги исполни очекувањата, ниту реформата е адекватно
спроведена”.
Ние, сакајќи да ја погледнеме општата слика на високото
образование во БиХ ја зедовме книгата на проф. д-р Рефик
Шеќибовиќ насловена како „Тврдина на досадата” (Tvrđava
dosade, Beograd 2016, 145). Сушност, тоа е втората книга
која многу отворено говори за безнадежната состојба во
која е донесено високото образование во државите кои
произлегоа од поранешната југословенска федерација.
Како што ќе каже авторот уште во предговорот, овој труд е
продолжение на неговиот претходен труд насловен
„Тврдината на ловците во матно”, а се однесува на тоа како
универзитетот се претвори во „тврдина на досадата” за
студентите. Проф. д-р Шеќибовиќ во својот труд говори за
просторот кој денес, во политичкиот речник, најчесто го
препознаваме како Југоисточна Европа. Бидејќи, ниту
авторот, ниту книгата не се стандардно стереотипни,
заклучокот го читаме на почетокот од книгата. Тој гласи
„… високото образование во Југоисточна Европа е систем
кој треба што побргу да се урне, и тоа само на еден начин –
со затворање на ваквите државни универзитети. Тоа е
единствениот начин за да се смени сериозно начинот на
размислување за тоа како овие земји можат да се приклучат
кон глобалната сцена на високото образование.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F115


Создавањето нови институции и нови системи кои нема да
личат на претходните, се предуслови дека високото
образование во овие земји на транзиција ќе ја добие
општествената функција која сега ја изгубило.
Младите денес масовно ги напуштаат овие простори и тоа
е нивниот одговор на неуспешноста на овие институции.
Тие не можат да се бранат дека вината е само кај
политичарите, академската заедница на овие простори е
првиот виновник за тоа што нивните студенти мораат да
бараат работа на други простори. Тие имаа механизми да
ги натераат политичарите да се позанимаваат со
проблемите на младите, но личните интереси и позиции во
политичкиот свет им беа поважни од резултатите на
нивната работа. Затоа младите им го дадоа одговорот –
дека не сакаат да бидат во таква средина и со таква
академска заедница…
…. Тука е крајот на нашето образование, пред се на
државното, бидејќи приватното произлезе од него и тоа не
е ништо друго туку многу полоша копија на лошиот
систем. Затоа системот треба да се смени од основа, а тоа
се државните универзитети”.
Ваквиот заклучок, проф. д-р Шеќибовиќ го образложува во
продолжение на својата книга. При тоа, се осврнува и на
прашањето за европеизацијата на високото образование и
идеолошките манипулации. Секако, промените во
образованието беа и се уште претставуваат интересна тема
за образботка меѓу новинарите. И за тоа, проф. Шеќибовиќ
има своја оценка, според која „… Медиумското оценување
на модернизацијата во образованието се претворило во

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F116


сензационалистичко известување и претставува една од
најголемите политички манипулации, која се базира само
на верувањето дека системот треба да се урне поради
ефтините политички цели…. Затоа медиумите добија
политичка задача да ги вреднуваат успесите и неуспесите
на образовниот процес. Така ни се случи секој да вреднува
нешто, а никој да не гледа што се вреднува”.
Како и проф. д-р Ацески, така и проф. д-р Шеќибовиќ
голем дел од својот труд посветува на квалитетот на
образованието. При тоа, тој го поврзува квалитетот на
наученото со неговата примена во општеството, при што
објаснува дека квалитетот на високото образование има
многу компоненти, како економска, политичка и
педагошка. Посебен акцент во оваа книга е даден на
политичката компонента, или како што смета проф.
Шеќибовиќ за многуте примери „… во кои политичарите
ги искористиле алатите на Болоњакиот процес не за
реформа на високото образование, туку за јакнење на
своите позиции и воведувањето на коруптивни облици на
работа во образованието. Да речеме, примената на
акредитацијата е одличен пример: едни правила има за
државните факултети и унивезритети, а сосем поинакви за
приватните и странски (овие вториве баснословно мораат
да плаќаат). Така, акредитацијата стана своевиден `рекет`
на политичките органи, наместо да биде заштита на
квалитетот”. Особено голем проблем во високото
образование претставува и неговата бирократизација, која
го јаде одвнатре самиот процес на високо образование. На
тој начин, покрај другото се доаѓа и до конфликтност меѓу

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F117


професорите во одредени средини, внатре во институциите
и постигнува нов ефект кој значи поттикнување на се
поголема и поголема затвореност кон јавноста. Друг е
проблемот што информациите кои стигнуваат до јавноста
во најголема мера не ја одразуваат вистинската состојба во
институциите, туку обврската на одделни лобии и група на
професори кон политиката. На таквиот сервиле однос на
професорската фела кон „новопечените” политичари, проф.
Шеќибовиќ ќе забележи дека „… Професорските лоби
групи во голема мера се однесуваат како и политичките
партии, се потпираат на вработување на послушници и на
нивно инструментализирање и со тоа им даваат долготраен
печат на затворените државни институции. Ваквиот систем
на селкција на `послушните` овозможува апсолутна
зависност од професорите. Меѓутоа, послушните, кога ќе
станат наставници, со сите сили сакаат што побрзо да ги
истераат професорите во пензија и да ги тргнат од
Универитетот, дури и на секој начин да ги понижат.
Послушничкиот систем во голема мера, всушност, гради
рамнодушни, мрзливи и некреативни наставници, кои
сакаат само да го сочуваат статус квото – затвореност по
секоја цена”.
Ваквата констатација на двајцата професори јасно говори
дека „послушниците” се „послушни” само додека им треба
отскочна штица за напредување во кариерата. Потоа газат
се пред себе во „квалитетното” искачување кон
професионалниот врв. Исто така, заеднички се и бројните
констатации за комерцијализацијата на високото
образование на просторите од поранешната ју-држава.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F118


Но, и во двете книги, најсилно е изразено чувството за
губењето на здравиот квалитеттн студент, кој несакајќи да
биде полтрон или „послушник”, решава да побара подобри
студии вон матичните држави. На тој начин, од една страна
се осипува здравиот кадар, од друга лошите наставници
немајќи што да понудат како знаење, нудат површност и
провинцијализам при предавањата. А за нивните заменици,
асистенти и да не говориме. Досега искуството говори во
насока на кинеската поговорка дека „На малиот му е
потребен уште помал од него, за да тој се чувствува
голем”.
Општ впечаток е дека на нашата академска јавност и се
неоходни вакви трудови, каде критиката и самокритиката
се ставаат во контекст на подобрување на денешното
крајно понижено и обезвреднето високо образование во
Југоисточна Европа, каде спаѓаат и Македонија и Босна и
Херцеговина.
Ако ги прочитате овие книги ќе ви стане јасна
затвореноста на македонските образовни и научни
институции. А секако, најјасно ќе ви стане зошто
Ректоратот на УКИМ има севишен, а не ректор.
Проф.д-р Катерина Тодороска

Интервју
Професорот кој објавува „бомби” на Фејсбук за
корупцијата на УКИМ

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F119


18/09/2019 - Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe,
shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете
„Shqip”
Кабинетот на професорот на Илија Ацески се наоѓа на
приземјето на Филозофскиот факултет на Универзитетот
„Свети Кирил и Методиј”. Пред нашето интервју
разговараше со неколку студенти кои бараа информации
што да научат за испит.
„Кои лекции вие би сакале да ги подготвите?”, прашува
професорот еден од студентите.
Студентот, прилично подготвен за прашањето, набрзина ги
набројува лекциите на кои би полагал.
„Аха, тоа се оние најкратките!”, утврдува професорот.
Ацески последниов месец скоро секојдневно објавува
текстови, анализи или статуси на Фејсбук, со кој алармира
за корупцијата на најголемиот универзитет во државава.
„Како се лажеме самите себе на УКИМ”, „Да се биде
корумпиран со чувство за автономија”, или пак „За
распадот на УКИМ” се само некои од насловите на овие
текстуални „бомби”, ако се послужиме со сè позачестената
употреба на овој термин за материјали кои откриваат
некакви коруптивни практики.
Професорот по социологија, кој во објавите се нарекува
„фејсбук свиркач” и „модератор” вели дека целиот овој
процес го прави со една цел. Ова е негова последна надеж
дека може да изврши притисок до одговорните да започнат
реформи на УКИМ.
„Не сум голем оптимист, но, ова што сега го правам преку
социјалните мрежи е и едно перење на совеста. Бидејќи 50

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F120


години сум во оваа работа, не сакам да си одам туку-така”,
вели Ацески.
Професорот Ацески признава дека наскоро оди во пензија.
Го прашувам дали можеби поради тоа се охрабрил вака
отворено да зборува за проблемите на Универзитетот?
„Прво, имам и морално право, барем додека сум на работа,
да говорам за тоа, без оглед дали во пензија ќе одам утре
или за една година. Второ, не е тоа само овој месец. Јас
говорам уште од 2008 година, преку текст во кој се
нотирани сите овие прашања и проблеми. Тогаш уште не
бевме свесни, бидејќи беше краток периодот откако
започна Болоњскиот процес и ЕКТС системот. Јас бев меѓу
ретките кои насетија дека нешто не е во ред. Зошто
„Болоња” е скап процес, бара голема посветеност, бара
студентот да биде во центарот на вниманието. А ние
тргнавме во обратна насока”, објаснува.
„Како може професор да предава 37 предмети?”
Ацески се повикува на неговата книга „Универзитетот на
распаќе”, која ја завршува во 2015 година и во која ги
анализирал студентските впечатоци по воведување на
„Болоњскиот систем”.
Во книгата, за која професорот обвинува дека била
з а п л е н е т а о д п р е т хо д н и о т р е к т о р н а У К И М ,
универзитетското поле во земјава професорот го оценува
како: „Однадвор оставено само на себе, одвнатре отсуство
на свест за промени и соочување со проблемите”.
„Обично кога се зборува за корупција, пред сè се мисли
дека професорот побарал пари од студентот, студентот
донел пијалак, или некој фатил врски… Ние сме сите луѓе,

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F121


имаме свои слабости, маани… Јас не говорам за тој тип на
корупција. Туку за тоа дека воспоставениот систем е
неодговорен. Раководствата се врзани за други работи, а не
за главното што треба да го работат. Дека нема студирање,
дека не сме посветени на работа на студентот. Тоа е
корупцијата. Значи избрани, редовни професори, кои не им
е грижа за ништо. Тоа трае 15-тина години”, вели Ацески.
Ацески за насловна фотографија на Фејсбук страницата,
преку која ги објавува своите ставови, го избрал токму
плакатот од оваа негова „запленета” книга, достапна само
на интернет. Токму тој плакат долго време стоеше залепен
на количката на продавачот на ѓевреци пред Филозофскиот
факултет.
Друга негова книга, „Социолошки огледи”, професорот ми
понуди да ја набавам во факултетското бифе, каде се
„продава” со едно кафе од 30 денари.
„Болоњскиот систем” требаше да се концентрира на
студентот, но студентите на УКИМ, како што објаснува
Ацески, ефективно не поминуваат ни пет проценти од
потребните часови според стандардите на „Болоња”.
Студиските програми и испитите, според него, најчесто се
импровизација, литературата и методологијата на учење е
застарена, а студентот не е во центарот на учењето. Но,
најголемата вина ја лоцира во сопствените редови.
„Редовен професор се станува на 42-43 години. Погледнете
во предметните програми на професорите. Ако таму не
најдете ниеден труд кој професорот го навел, тоа е
корупција. Значи некој го избрал за професор на
коруптивен начин. Како професор може да предава 20

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F122


предмети? Има случај каде професор предава 37 предмети.
Всушност коруптивниот систем на УКИМ се два збора –
„професор ужива”. Постојат исклучоци, но во моето видно
поле таквите исклучоци се малку”.
Ацески не споменува никого по име, но зборува за неколку
примери кои се случувале на Филозофскиот факултет.
Професорка која пред десет години, поради тешка болест,
била оневозможена да доаѓа на работа, а сè уште зема
плата. Или, пак, доскорешен професор пред чиј кабинет
студентите чекале редици, бидејќи само им ги земал
индексите и им пишувал оценка и од тоа „убаво
заработувал”. Ацески е разочаран што никој не реагирал на
овие коруптивни практики, ниту во факултетот, ниту
однадвор.
„Кој да ни удри ќотек”?
Тоа што се правело последниве петнаесетина години на
УКИМ според Ацески сега претставува удар врз целата
држава. Универзитетот продолжува со хиперпродукција на
кадри кои најчесто немаат работа, или пак работат нешто
сосема различно од она што го студирале.
Според него, неприфатливо е факултет, како Филозофски,
да произведува дури 80-тина различни специјалисти.
„Овие експерти се главните носачи на нацијата, ако тие се
од слаб материјал, нацијата почнува да се распаѓа.
Замислете, педагози, учители, кои студирале како што
студирале, учат деца, а самите не знаат што. Замислете,
многу од оние на кои им дадовме дипломи се за жалење, а
ние на УКИМ богами за ќотек. Не знаеме кој е одговорен,

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F123


кој да ни удри ќотек”, пишува во еден од текстовите на
Ацески.
„Ние произведуваме учители, педагози, во основно и
средно образование. Тие потоа своите ученици ги праќаат
на факултет. Ние тука ги дообразуваме и ги враќаме пак
назад како учители и педагози во образованието. Кога ќе се
затвори кругот во образованието, на ваков начин, тоа е
коруптивен систем”, објаснува професорот.
„Студентот влегува во таа челуст на корупција. Тоа се деца
од 20 години кои имаат друг поим за УКИМ. УКИМ е
симболот на македонската држава, на нацијата. И кога
(студентот) ќе заврши? Што ќе прави тој човек? Излегува
од Универзитетот неспособен. Да се изразам симболички,
излегува без едно око, без рака, со половина мозок…
Ударот врз државата сега е страшен”, додава тој.
„Нема член од закон кој може да го помести овој систем”
Професорот Ацески сака УКИМ да се пробие меѓу
најдобрите 500 универзитети во светот на Шангајската
листа од разочарувачкото 1568-мо место каде се наоѓа во
моментов. За тоа, вели, се потребни тешки и длабоки
реформи, а не популизам.
„Мојата идеја е дека ако промените не тргнат од тука, ќе
бидат многу потрагични ако ги прави некој друг. Од овие
25 универзитети, кај нас, на нив има 600 програми.
Импровизирам, но, некои 200 програми се тотално
непотребни. Овие 400, кои ќе останат, треба да добијат
период за да се средат. Кој не го направи тоа, следува
затворање. Барем да им се даде шанса на оние кои нешто
работат нешто да подобрат. Тоа ќе предизвика револт.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F124


Мислам на затворање институти, факултети. Потребна е
реорганизација. Но, тогаш ќе има жртви. Тоа не е
популизам. Вие да затворите некој смер, група, тоа е
страшно. Некој професор ужива во својата конформност.
Кој може нему нешто да му каже?”, објаснува професорот.
Постојано во нашето интервју споменува евалуација на
Универзитетот, како прв чекор во реформата. Внатрешна,
но и надворешна, која според него, најдобро ќе биде да ја
прават меѓународни експерти. Тој е убеден дека УКИМ
нема да загуби студенти доколку го зајакне квалитетот на
студии, што, логично, би значело и многу построги
критериуми за студентите.
„Тоа е мала заблуда. Се ближи денот кога студентот ќе бара
квалитетен факултет. Под претпоставка дека оној кој
вработува ќе бара квалитетен кадар. Обично таквите
работодавачи доаѓаат на добрите универзитети во јуни,
пред дипломирање и им нудат работа на студентите. Овде
тоа не е случај”, вели тој.
Новиот Закон за високо образование, според Ацески, не
променил ништо освен што ги натерал факултетите да
дискутираат за безначајни работи.
„Работата е дојдена и до тоа дека законите не ни значат
ништо. Најдете еден член кој може да го помести овој
систем. Знаете ли за што дискутираме ние денеска на
Филозофски факултет додека го правиме новиот статут?
Дали шефот на институтот е одговорен врз останатите
членови на групата. Тоа не значи ништо”, вели професорот.
Неопходните реформи, според него, треба јасно да ги
дефинираат целите кои водат до квалитетно образование, а

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F125


потоа и да се дефинираат контролни механизми кои ќе
обезбедуваат да не се злоупотребува системот. Реформата,
на крајот, треба да го постави студентот во центарот на
студиите.
Вртење глава на другата страна
Професорот вели дека засега нема реакции на повиканите
во неговите објави, а мал е и одѕивот на неговиот повик за
јавна дискусија на овие теми. Покрај малкуте „лајкови” на
Фејсбук, почесто се случува колегите да ја вртат главата на
другата страна кога се разминуваат со него по
универзитетските коридори.
Но, како граѓаните да очекуваат намалување на
корупцијата во другите општествени сфери, ако за тоа нема
некој посебен интерес во институциите каде се наоѓаат
некои од најобразованите луѓе во државата?
„Ова е поразително прашање. Не се занимавам со тоа, дури
не сакам ни да помислам да се занимавам со тоа. Тргнувам
од тоа дека таа коруптивна духовна атмосфера, таа
„опијанетост”, тука ние ја формираме. Кога еден човек, без
труд, без напор, ќе добие диплома, тој ќе смета дека секаде
е тоа нормално. Во тоа е проблемот. Овде (на УКИМ) се
креира здравјето на една нација, силата на една држава,
карактерот”, посочува Ацески.
Неговиот „Апел за пријавување на борци против
корумпираниот систем на УКИМ” ќе се одвива цел месец
на социјалните мрежи. На 30-ти септември професорот
најавува дека препораките од Фејсбук, ќе бидат „заковани”
пред Ректоратот на УКИМ, како иницирање на процес на
ослободување од корумпираниот систем”.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F126


Интервјуто мораме да го привршиме бидејќи пред неговиот
кабинет се собрани нестрпливи студенти со прашања за
професорот. За крај го прашувам дали очекува да направи
некаква промена?
„Можеби барем таа тивка површина на една коруптивна
„магија” ќе се забранува. Може ќе исплива некое бранче,
може пак тоа и ќе се претвори и во ураган. Но, тоа… ќе
видиме”, низ смеа заклучува професорот.

07.08.2018
vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Се запишуваат студенти кои немаат дар за вербално


изразување, а камоли за нешто повеќе. Верувајте, сум ги
прашувал колкумина прочитале барем пет книги. Нема
таков студент! Престанав да ги прашувам кога една
студентка одговори дека ја прочитала „Зоки Поки”, вели
професорот по социологија Илија Ацески
Македонија нема доволно заварувачи, плочкари,
водоинсталатери, оџачари, но во моментот има околу 1.000
магистри и 34 доктори на науки што се без работа. Логично
ли е секој втор ученик да има капацитет да студира, а голем
број од дипломираните студенти да продолжат на втор и на
трет циклус на студии? Какви се економските,
општествените, здравствените, научните потреби на
Република Македонија?
Државниот завод за статистика располага со многу
интересни податоци. Од осамостојувањето во 1991 година

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F127


до денес во земјава дипломирале вкупно 164.234 студенти.
За 27 години во Македонија магистрирале вкупно 14.865
магистранти и има 2.811 доктори на науки. Според
последните податоци на Агенцијата за вработување на
Република Македонија, објавени на 30 април годинава, во
земјава има 12.133 невработени граѓани со високо
образование, вкупно 957 магистри и 34 доктори на науки
што немаат работа.

Мора гласно да се зборува за состојбите


Зошто имаме толку невработен висококвалификуван кадар?
Има ли државата систем според кој ги одредува квотите
што ги примаат факултетите и што понатаму со тој кадар?
Д-р Илија Ацески, редовен професор по социологија на
Филозофскиот факултет во Скопје, долго време ја
истражува оваа проблематика. Пред неколку години
с о с т о ј б и т е д е т а љ н о г и п р е т с т а в и в о к н и г ат а
„Универзитетот на распаќе”. Тогашниот ректор на
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” ги заплени сите
примероци што беа на УКИМ.
Според Ацески, колку и да не изгледа така, во
образованието кај нас, особено во високото образование,
наводно има логика. Тој е дециден дека студентите се
најмалку виновни и тие не треба да се обвинуваат.
Проблемот е во системот од кој не можеш да избегаш и,
сакал-нејќел, стануваш дел од него.
Проф. Илија Ацески, социолог
- Не се амнестирам себеси, и јас сум бил дел од сето тоа.
Но, мора да се зборува, гласно да се зборува за да почне да

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F128


се менува. Со приватизацијата, која траеше неколку години,
ние многу брзо се приспособивме на тој нов систем. На
почетокот универзитетите им земаа и пари на студентите, и
тоа мора гласно да се каже. Имаше еден период од 3-4
години кога една група буквално профитира од тоа.
Воведувањето на Болоњскиот систем во 2004 година
дополнително го урна квалитетот на студиите. Имаше една
година кога на нашиот институт имаше 250 студенти!
Знаете ли што значи таа бројка? Апсурд до апсурд! Кога
прашувавме како е можно, ни велеа: „Има пари, ако треба и
во ходници ќе стоиме, ќе ги примиме!” Тоа траеше 4-5
години. Една година се случи да има дури 100 магистри на
еден институт. Кога се направи системот, кога
профункционира, ние го урнисавме. Денес имаме 80
професори, нема асистенти, ниту доценти. Стануваш
редовен професор и остануваш 30 години. Со што да се
натпреварува тој, зошто да се труди да си го подобри
квалитетот? – прашува Ацески.
Дипломата веќе нема вредност
Како втор проблем Ацески го наведува моментот што
високообразовните институции немаат никаква врска со
стопанството и економијата. Сите егзистираат сами за себе.
- Ниту ние прашуваме некого што му е потребно на нашето
општество ниту некој нас нѐ прашува нешто. Така,
дојдовме до моментот од запишани 50 студенти, 60-70
отсто од нив да ги снема за време на студиите. Се
запишуваат студенти кои немаат дар за вербално
изразување, а камоли за нешто повеќе. Верувајте, сум ги
прашувал колкумина прочитале барем пет книги. Нема

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F129


таков студент! Престанав да ги прашувам кога една
студентка одговори дека ја прочитала „Зоки Поки” –
раскажува Ацески.
Сите сакаат да студираат: уписи на еден од скопските
факултети
Според него, најголем дел од студентите не читаат, учат од
скрипта, само за да стигнат до диплома.
- Тие се тотално неписмени, одговорно го тврдам тоа!
Доаѓаат со телефони на предавања, си гледаат во екраните,
се смешкаат среде предавање... Што да се каже повеќе кога
од десет студенти што останале само еден-двајца можат да
се носат со проблемот, другото сè е аут! Така се враќаме на
почетокот. Што можат и што треба да работат тие луѓе? –
вели Ацески.
Како трет проблем Ацески го посочува фактот што
универзитетот воопшто не се приклучил кон модерната
технологија на учење.
- Останати сме на ниво пред 30-40 години. Само што
тогаш студентите барем читаа, навистина читаа.
Библиотеките денес користат најелементарни алатки.
Знаете ли што направи Еди Рама кога стана премиер на
Албанија? Затвори 30 универзитети.! Мора да се
освестиме дека ни треба помош однадвор, од луѓе што
знаат што прават, што имаат авторитет и капацитет да
направат коренита реорганизација на системот, на
предметите. Во Македонија социологија и социјална
антропологија се студира на 3-4 места, а ние меѓу себе
немаме никаква врска. Неопходно е да се почне одново,
од почеток. Бидејќи дипломата во најголем дел веќе ја

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F130


нема таа вредност. За овие прашања мора постојано,
отворено и реално да зборуваме. Бидејќи студентите
воопшто не се виновни. Мора да притискаме нешто да се
направи. Тоа мора да го сториме за младите – вели
Ацески.

ФАКУЛТЕТИ ШТО ПАЃААТ НА КОЛОКВИУМ


Владата не обезбеди услови за нормално студирање на
дисперзираните „погони”
Пишува: Љубомир
Костовскиkostovski@globusmagazin.com.mk

Кога пред повеќе од две години тогашниот член на Владата


Ивица Боцевски буквално влезе на седница на Советот на
Универзитетот „Кирил и Методи” и на мускули ја истурка
идејата за отворање на многу дисперзирани факултети
ширум земјата, без за тоа да постои аналитичка „хартија”
која ќе ја покаже „поентата” на таквиот потег, малку кој
веруваше дури и во кругот на скептиците дека кај високото
образование бувално ќе бидеме сведоци на вистински хаос
што денес постои од Куманово до Битола и од Струмица до
Струга, во многуте набрзина никнати факултети.
Актуелната влада мораше со нешто да ја поткрепи својата
звучна кампања „знаењето е моќ”, која пак требаше да
отвори широки порти во средното и високото школство и
затоа Владата влезе „во водата” без ден тренинг на своите
вистински капацитети на тој високошколски „маратон
преку Ламанш”.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F131


ВО ОРОТО Каков квалитетот на високото образование
имаме во мигот во Македонија? Дали родителите успеаа да
се „фатат” за јадицата на т.н. бесплатно школство и како
тие сега го „крпат” домашниот буџет откако сватија дека
лесно „влегле во орото” на домашната, забрефтана
пропагандна машина, која посакува масовно запишување
на децата на високите школи. Дали при тоа, дисперзирани
студии, како лост на идејата „знаењето е моќ” придонесе за
остварување на тој сон или пак доведе до брзо еродирање
на квалитетот на наставата и отвори многу нови семејни
драми?
- Факт е дека дисперзираните студии носат квантитет, но не
нудат квалитет. Целта на образованието, посебно високото
е да покаже дека државата е способна да обезбеди некаков
напредок за сите генерации и за сите сфери на животот. Но,
конкренто низ проектот на отворањето на факултети во
секој мал град воопшто не придонесуваме ниту за
напредокот на образованието, ниту на самото општество.
Сега гледаме дека севкупниот концепт е направен без
анализа, односно концептот оди без истражување за
економската и општествената оправданост на толкава
дисперзираност на образованието. Практично, целата
работа е исполитизираната до максимум и таа претставува
само еден популистички потег - коментира пратеничката во
македонскиот Парламент Маринела Тушева. - Јасно,
секому му треба образование и до тука е се' во ред, но мора
да се направи анализа за вистинските потреби на
општеството - тие дипломи ќе бидат само парче хартија ако

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F132


завршените студенти не најдат егзистенција преку неа и не
дојдат до квалитетно, употребливо знаење.
БРУЦОШИ Само минатата година бруцоши станаа повеќе
од 19 илјади млади луѓе или 85 проценти од вкупниот број
на средношколци - како што објавија во МОН. Годинава
државен матурски испит полагаа 17 илјади ученици и
најголем дел од нив посакаа да се запишат на факултет
(заради факторот приватно образование не е можно да се
дојде до вистинската бројка на бруцоши). Постарите
генерации, оние кои студираа на македонските факултети
меѓу 1968 и 1980 г. знаат дека државата исто така
промовираше „отворен факултет”, кој беше достапен
секому кој ќе посакаше да има индекс во раката (со
исклучок на Медицинскиот, Стоматолошкиот и ФДУ) и кој
доведе до невидени турканици во амфитеатрите на
факултетите а професорите „се наоружуваа” со звучни
системи, за да бидат слушнати во таа калакурница, како да
се дел од екипата на „Ролинг Стоунс”.
Противник на идејата за „отворен универзитет” тогаш
беше нискиот стандард на граѓаните, кој не може да си
дозволи лесно нивниот син или ќерка да дојдат во Скопје
или Битола од друг град и да плаќаат стан, храна или книги
за бруцошите. Згора, постоеше за денешни услови многу
сериозно стопанство кое апсорбираше дел од завршените
средношколци, посебно оние со некаква квалификација!
Денес нема стопанство кое може да ги апсорбира
матурантите а згора владата им нуди отворање на
факултети на секое ќоше, па многу пречки за евентуалната
дилема кај родителите се турнати настрана.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F133


Дали и тогаш и сега масовното студирање значеше само
очаен потег на официјалната власт да го одложи
вработувањето на младите?
- Порано се знаееше дека големата бројка на матурантите
не завршуваше на факултет, особено ако имаа слаби
оценки. Така што имавме една реална слика за бројката на
невработен кадар на пазарот на трудот. Сега имаме само
начин да се одложи или вештачки да се прикаже дека
бројот на невработени не расте или се намалува, без да се
види дека и се прави штета на државата со тоа што - ако е
сериозен проблемот со невработеноста - уште е посериозен
проблемот со неквалитетно образовани кадри. Тие ќе имаат
утре реално сертификат за завршено високо образование,
но на пазарот на трудот нема да бидат третирани како луѓе
со применливи, квалитетни знаења што би се виделе во
практиката - вели пратеничката Славица Грковска
Лошкова. - Наместо да се направи проценка кои се кадрите
кои и се потребни на Македонија и така да се форсираат
оние насоки и студии кои на земјата навистина и се
неопходни, се оди по секоја цена на дисперзирање на
студиите, што значи продуцирање на кадар кој и онака го
има премногу на берзата на трудот - најатрактивни се
политичките науки, правни и економските, како и
информатиката (за неа реално има потреба), кадри кои ги
има и премногу, па нема потреба да се зголемува бројот на
студенти во ваквите студии. Конкурсот оваа година и за
лани отвори слободни места за 4.000 нови студенти а
бројот на невработени дипломци истовремено се зголемува
- каде ќе работат добар дел од сега запишаните студенти!?

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F134


Протестите ширум светот на поседниците на индекси како
да укажува на тоа дека безизлезот ги иритира и самите
студенти! Дури и на Балканот имавме многу жестоки
протести на студентската младина, особено во Хрватска и
Србија. Бруцошите, соочувајќи се веднаш со услови кои се
далеку од оние што ги гледале по медиумите и ги
замислувале, полека сваќаат дека се нечии жртви, пред се'
на системот кој сака да го одложи нивното вработување
како средношколци, бидејќи, нема таква понуда на пазарот.
- Не сме задоволни од нашиот универзитет, не сме
задоволни од нашиот високообразовен систем и што е
најважно не сме задоволни од тоа како студентите се
третирани во ова општество, во оваа држава - ни изјави
еден „медицинар”, кој во скромната толпа неодамна
учествуваше на демонстрациите во Скопје, пред
Ректоратот. - Ма лку е парадокс а лно да имаме
партиципации кои варираат од 700 до 1.200 евра, да речеме,
кај мене на Медицина. Имаме студентски домови каде
студентите не одат буквално ниту во тоалет. Прашањето на
здравството, студентската амбуланта, електронското
пријавување индекси, не е ниту на опашката... ние во
технолошко општество се' уште лижеме таксени марки и
плаќаме за пријавување испити. Тука е прашањето и за
плаќање на книги, што е задолжително и условување со
добивање на потписи.
НАСТАВНИЦИ Професорите со кои разговаравме се
убедени дека за многу нивни студенти работа има. Тоа е
очекувано, бидејќи, политика на сите факултети е да се
зголемува бројот на новозапишаните и покрај условите кои

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F135


реално постојат на нивните установи. Да речеме,
информатичарите велат дека одиме во информатичко
општество и за тие кадри ќе има уште долго потреба; кај
запишаните на англиски јазик се вели дека ќе требаат
многу „тичери”, сега кога англискиот се воведува и во
градинките... Но, сите признаваат велат дека не сретнале
некаков материјал, односно истражување преку кое ќе се
знае колку од дипломиците се вработуваат или напредуваат
во струката што ја одбрале. Според професорот Ацески, кој
неодамна говореше на оваа тема, само мал број на студенти
веднаш наоѓаат работа „од проста причина што
економијата не може да ги прими со таков интензитет и не
може да направи разлика меѓу оние кои се квалитетни.
Затоа што ние немаме таков систем за вреднување на
студентите”.
Во МОН често нагласуваат дека почнале да водат политика
во делот на уписите и дека во изминатите две години МОН
ги преработува конкурсите со цел тие да одговорат на
потребите на пазарот на трудот. „Енормно го зголемивме
запишувањето на студенти на техничките науки. Ги
мотивиравме високо образовните установи да акредитираат
нови студиски програми, за дизајн на кожа, дизајн и
ентериер на мебел. Она што се соочуваме како проблем е
немањето доволно информатичари, па тој дел го
зголемивме” - изјави пред да замине од својата фотелја
министерот Перо Стојановски. Но, да не заборавиме дека
годинава на ПМФ на студии по физика се запишале само
неколку студенти - како што ни рече пратеничката Грковска

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F136


Лошкова, која доаѓа токму од овој Факултет. Таа додава
дека една сериозна држава не смее да остане без физичари!
Според податоците на Агенцијата за вработување, речиси
осум проценти од невработените се со високо образование
- дипломци, магистри и доктори на науки. Но, ако
проблемот со невработеноста е тежок, уште пострашен е
фактот дека утре ќе имаме голем број на дипломци чии
студии не гарантираат потребно ниво на знаење кај нив?!
ЛЕСНОТИЈА Ова пред се' доаѓа од фактот дека на
факултет во Македонија се доаѓа со една претстава дека
може лесно да се добие диплома. Стандардите се многу
спуштени. Наместо приватните факултети да овозможат
поголема конкуренција, во Македонија се оди во обратна
насока. Конкуренцијата ги спушти стандардите далеку под
нивото присутно во Западна Европа.
- Ние сега ја реализираме Болоњската декларација, во која
има јасни критериуми колкава група треба да има свој
асистент или професор, какви треба да се просторните
услови и слично. Дали државните факултети располагаат
со доволен кадар за да ги покријат големиот број на
факултети и студенти? Дополнително имаме зголемување
на студентите и на факултетите и тоа со ист број на
наставен кадар! Тоа само го зголемува хаосот што сега го
имаме со дисперзираното образовани - смета Славица
Грковска Лошкова. - Ние последните години имаме три
пати зголемена бројка на студенти во некои студии а
немаме зголемен број на наставен кадар!? Да го земеме
само примерот на наставата по англиски јазик на
Филолошкиот факултет. Немаме вработување на нови

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F137


професори и асистенти а годинава таму се запишани 500 -
600 студенти! Тоа е просто физички неиздржливо за оние
професори и асистенти кои се веќе таму.
Практично, кадарот кој e квалификуван за да држи настава
во високото образование започна да се „ситни” уште со
отворањето на приватните универзитети. Сега, со
дисперзијата тој процес е уште понагласен. И за
ексминистерот за образование професорот Ненад
Новковски, инаку постојан колумнист во печатот,
отварањето на многу дисперзирани студии се оценети
„како бесполезни”.
- Со регионализацијата се намалуваат трошоците, но може
да се намали квалитетот, а тоа не е потребно, трошоците
пак не може да се намалат. Студентите не треба да
патуваат, туку професорите, и тоа пак ќе го даде истиот
трошок, а ќе го намали квалитетот. Нема никаква потреба
за тоа - констатира во колумната Новковски.
Впрочем, не треба да е некој човек голем аналитичар за
види дека квалитетот на наставата е многу намален. Како
проблем, да го наведеме одново она што го говори
професорот Ацевски, е тоа што студентите немаат доволно
литература за учење, еден професор им предава на 200
студенти, нема доволно асистенти и демонстратори. Сето
тоа мора да се одрази на квалитетот на знаењето што го
добиваат студентите - вели професорот Ацески. Но, на ова
мора да додадеме дека кај студентите - по првиот шок и
разочарување од дисперзираната настава - значително
опаѓа дисциплината и довербата во обрзованиот систем.
Тие често велат, убедени дека државата, за да одржи во

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F138


живот една идеја за дисперзиран систем на образование, ќе
мора да ги „поминува” ретките запишани студенти,
бидејќи, во спротивен случај ќе нема - континуитет за
следните години. Ова доаѓа од зачудувачки малиот одѕив на
студенти во дисперзираните факултети: во прва година се
запишуваат одвај по 5 или 10 студенти, особено на
техничките науки, па кај нив често се слуша реченицата
дека „тука можеш да паднеш единствено на скалите!”. И
веќе споменатиот професор Илија Ацески, во своја изјава
за печатот, признава дека „последниве генерации многу
несериозно ги сфаќаат студиите”. Според Ацески
бруцошите во последниве пет години тие го гледаат
високото образование како многу полесно од средното!
- Тоа што има три државни универзитети во земјата е
потреба и таа не е спорна - смета пратеничката Маринела
Тушева. Добро е,на пример, што се отвори Универзитетот
во Штип и за тоа постои јасна потреба, вели таа, но додава
дека „да се оди на 15 дисперзирани факултети и тоа во
Виница, во Кавадарци, Пробиштип, Гевгелија, Берово или
Радовиш е неодржливо, вели таа -Не знам колку е
соодветно без неопходни работни услови да се направи
Електро факултет во Радовиш, Машински во Виница или
Технолошки во Пробиштип!? Каде е таму научно
истражувачката дејност, дали тие воопшто поседуваат
потребен кадар кој би ги подготвувал студентите за идните
знаимања, бидејќи, многу од нив се специфични и имаат
потреба од посебни работно-технички услови за настава” -
вели Тушева.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F139


Инаку, студиите на државните факултети чинат од 200 евра,
во државна квота до 1000 со кофинансирање. Во
приватните универзитети една академска година чини од
2000 евра па нагоре. Но, за родителите е тешко да плаќаат
дури и државна партиципација ако имаат две деца
истовремено на студии, па дури и кога факултетот им е
пред носот.
Владата го започна проектот дисаперзирано образование
пред две години и веќе се планира проширување на истото
- треба да се отворат единици на скопскиот Архитектонски
факултет кои ќе бидат лоцирани во Гостивар и Охрид.
ПМФ ќе биде присутен во Крива Паланка. Студентите за
прв пат требаа да студираат Економскиот факултет во
Струга, но тој проект, како и некои други доживеа фијаско.
Градежниот факултет планирна со диспезирани студии во
Куманово и Битола. И покрај големата помпа со преселбата
на Правниот факултет во салата за состаноци на
Општината Велес, таму студиите не можат да се одвиваат
нормално.
„Прво, просторијата не е затоплена, второ нема на што да
запишеме информации што ни ги даваат професорите” -
рече пред камерите Владимир Ангелов, студент. Дел од
неговите колеги веќе нашле станови во Скопје, за кои
однапред платиле кирија за цела година. По само еден
месец, морале да ги откажуваат, оти од Деканатот им рекле
дека студиите се селат во Велес. Револтирани се и
студентите од Скопје, кои обвинуваат дека дисперзираните
студии се отворени без сериозна проценка дали воопшто се
потребни.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F140


„80 отсто од групата се од Скопје, само 20 отсто се од
Велес. Севкупно сме група од 80 луѓе. На сметка на тие 20,
ние од Скопје 60 луѓе да патуваме во Велес, нема логика” -
вели Михајло Иванов, студент.
И покрај нерешениот проблем, премиерот Груевски и
министерот за образование Тодоров свечено ги отворија
овие дисперзирани студии. Деканот на Правниот факултет
Борче Давитковски вели дека кога се запишувале,
студентите знаеле каде ќе студираат. „Нека ви ги покажат
индексите, ќе видите дека нивниот број на индекс има ’В‘
буква. Ние рековме кога ги запишувавме, дека доколку не
се има услови во Велес, тогаш може дел од наставата да е
во Скопје” - изјави Борче Давитковски. Правниот факултет
„Јустинијан Први” уште лани се обиде да отвори
дисперзирани студии во Велес, но проектот не успеа,
поради малиот број запишани студенти и немањето
соодветни простории.
- И државниот универзитет во Штип се соочува генерално
со дефицирарноста на наставен кадар. Нели, имавме и
предлог за вонредно ангажирање на пензионираните
професори. Но и кај тие наставници што се ангажирани е
под генерално прашање нивното стручност, оспособеност
за работење во наставен процес од тој тип. Имаше неколку
откажувања на отпочнувања на студии како онаа на
Економскиот во Струга. Или примерот со Земјоделскиот во
Прилеп, каде одеа секој ден и секој час на локалните
медиуми вести за тој факултет и за бесплатните студии.
Потоа, кога студиите започнаа, им се бараше по 100 евра од
семестар во државна квота и имаше незадоволство. Истото

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F141


се случи и со Технолошко металуршкиот факултет во
Велес, каде студентите е запишаа „за без пари” а потоа
накнадно им беа побарани пари - се потсетува Маринела
Тушева.
Многу реакции има и во Прилеп - таму се отвори факултет
кој ќе готви кадри за тутунското производство. Но, во
Прилеп има луѓе кои 20 години со такво знаење и диплома
не можат да најдат работа а ние сега отвораме факултетско
образование. Правиме само хипепродукција на кадри,
велат упатените.
Тука кругот не се затвора, но приказната продолжува „со
ист рефрен” во сите наши градови.
Универзитет со само седумдесет студенти
Во двете простории во кои се студира на новоотворениот
Универзитет за информатички технологии во Охрид, за чие
бомбастично најавување пишувавме во „Глобус” оваа
пролет, како почесто да доаѓаат министрите отколку
студентите!? Ниту трага од убавите амфитеатри, опремени
со врвна технологија, студентски домови во стилот на
„умни куќи”, за јахтите и пристаништата и да не говориме.
Од сите тие чалами, толку карактеристичлни за оваа власт,
останаа само визитите - доаѓаа министерот за одбрана
Коњановски, па министерот за информатичко општество -
Иво Ивановски, потоа ресорниот министер Тодоров...
Небаре тие со своето присуство ќе ги заменат толку
зборуваните „американски професори” кои ни ги нудеа
претставници на основачкиот одбор.
До преуредувањето на Домот на АРМ, каде што
привремено требаше да биде сместен новиот Универзитет,

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F142


треба да се стеснуваат студентите по туризам ни криви ни
должни кои и онака немаа доволно простор и кои бадијала
го бараа, барем за практична настава да им се даде
неискористеното Универзитетско одморалиште.
- До крајот на оваа година Универзитетот за информатички
технологии треба да се пресели во новиот објект што сега
се реновира во центарот на Охрид, истакнува министерот
Ивановски. Кој да верува во тоа количество на зборови од
типот „ќе биде” кога ветувањата дадени во мај или јуни беа
далеку поукрасени, како новогодишна елка. Во
некогашниот Дом на АРМ новиот Универзитет исто така ќе
биде сместен привремено, до изградбата на модерниот
кампус на просторот на касарната, кој како што истакна
неодамна Иваноски, ќе се гради неколку години. Што велат
во нашиот народ„ не умре магаре, до зелена трева”.
На високите школи им треба добар менаџмент
Факултетот за туризам во Велес е веројатно првата
дисперзирана установа од тој вид во земјата - отворен е
пред повеќе од четири години. Тој процес е резултат на
инвентивноста на локалната самоуправа, пред се' на
тогашниот градоначалник Аце Коцевски, кој барал начин
во градот на гемиџиите да се отвори високошколска
институција која би прозведувала кадри за кои потоа нема
да има проблем во нивното вработување. Изборот паднал
на туризмот, за кого во светот постои голема глад, како и за
кадри кои во тоа време ги немало доволно во земјата
(финансиска полиција, царина, осигурување...).
Градоначалникот Коцевски на факултетот за туризам во
Охрид му го доделил за почеток Пионерскиот дом, кој,

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F143


сосема не одговарал на намената а потоа е направена
адаптација на основното училиште „Џинот” во кое сега
настава посетуваат 800 студенти во бачелор и во мастер
студиите. На редовните студии има студенти од целото
централно подрачје на земјата (Градско, Кавадарци, Штип)
а на постдипломските студии настава посетуваат и
посетители од странство - од Косово и Србија, пред се'.
- Имаме понуда да отвориме факултет во Молдавија, но
засега немаме доволна подршка за таа идеја од нашето
МОН а без тоа немаме да можеме финансиски да го
оправдаме чекорот кој на земјата и носи поени, дури и на
подолг рок а секако ќе служи за јакнење на врските со оваа
европска земја - ни вели деканот на Факултетот Софроние
Миладиновски, кој од професор е претворен во менаџер кој
постојано отвора нови простори за продор на неговиот
наставен кадар и на тој начин и ја подобрува материјалната
основа на македонското високо образование, бидејќи, да се
разбереме, се работи за државен факултет а парите одат на
буџетски потсметки. По негови проценки тој годишно на
земјава односно на високот образование му однесува меѓу
300 и 400 илјади евра. Барем половината од тоа оди на
Универзитетот во Битола, под чија „капа” се и факултетите
за туризам во Велес и Охрид.
Факултетот за туризам во Велес, како што кажува неговиот
раководител - Јове Кекеновски, практично „извезува ум”,
бидејќи е основа на студиите по туризам, царина и
шпедиција во многу факултети на Балканот. Така, со
постојниот кадар се одржува редовна и постдипломска
настава на Универзитетот „Пјетар Буди” на Косово, потоа

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F144


на Високата економска школа во Лесковац а само
постидпломска настава на Факултетот за економија и
претприемништво во Белград. „Наш постидпломец е на
пример заменикот на гувернерот на Народната банка на
Србија и уште многу други „звучни” имиња од јавниот
живот на северниот сосед” - вели Кекеновски.
Во адапатација на зградата во кој се сега сместени три
факултетски установи, се вложени доста сопствени
средства во износ од близу еден милион денари, иако
зградата, рака на срце и денес е поблизу до она то била
отколкку до она што треба да биде. Државата не мрднала
со прст во адаптацијата и опремувањето - таа само ја турка
својата „парола” која значи дека ете „се грижи” на младите
луѓе и нивното образование, без да има сериозен план
околу тоа што со таа идеја и каде таа води.
„Стапот” секако го добиваат и наставниците кои имаа
четири месеци неплатени трошоци и делумно плати заради
тоа парите се собираат на куп, па страдаат и оние кои
заработуваат сопствени пари, како што е случај со
наставничкиот кадар од Факултетот за туризам од Велес.
„Нема факултет во земјата кој не може да биде успешен и
самиот да заработува пари за опстанок, но на сите ним им
требаат добри менаџери” - со право заклучува
Миладиновски.

Алармантни оценки од УКИМ: Високото


образование урнисано и пред распаѓање
29/05/2019

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F145


Високото образование е во распаѓање, неопходни се итни
реформи. Еден од проблемите што го посочуваат
професорите е начинот на финансирање на факултетите,
што е застарен и потекнува од осумдесеттите години.
Модерните текови во високото образование бараат и
научни фондови, инвестиции, но и обнова на објектите кои
на најголемиот и најстар универзитет „Св. Кирил и
Методиј” се од пред 40 години, истакнаа професорите на
н ау ч н а т р и б и н а „ Ф и н а н с и р а њ е т о н а в и с о ко т о
образование”.
„Иако Законот за високото образование ни дава академска
слобода, во голема мера тој не е синхронизиран со другите
закони, како што се Законот за работни односи и Законот за
трансформација. Многу енергија се губи околу докажување
дали е нешто според закон. Според Законот за
вработување, четири месеци трае конкурс, а со Законот за
високото образование трае шест месеци, така што
постојано доаѓаме до судир со Агенцијата за вработување
околу тоа по кој закон и како да постапиме при
вработувања. Со Законот за трансформација ние не можеме
да ангажираме студент и надворешни професори, иако тој
беше поттикнат од Стопанската комора за да не се прави
дискриминација. Платите и системот на финансирање се
многу застарени и се од пред 30 години, што го спречува
нашиот развој. Станавме неатрактивни на конкурсите за
вработување, при што имаме ситуации да не се јавува
никој или да имаме по еден кандидат. Во минатото имавме
по четири или пет кандидати. Кога ќе им ја спомнеме
плата за работа, 500 евра за доцент, се откажуваат. На

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F146


некои факултети, пак, земаат и помалку. Со тие 500 евра тој
треба да се усовршува, да плати докторски студии околу
5.000 евра и да патува во странство.
Еден професор не се создава преку ноќ,тоа е долг процес,
потребни се минимум 10 години за да добиеме наставник.
Досегашниот застарен модел сето тоа го спречува и на
некој начин доведува до неефикасност на високото
образование. Да најдеме пат за излез од ситуацијата, да
развиваме библиотеки, дигитални бази. Ние сами се
снаоѓаме, потпрени само на парите од студентите, во
ситуација кога миграциите се големи и кога бројот на
студенти драстично опаѓа. Застарена е и инфраструктурата
на нашите згради, кои се градени пред 40-50 години. Ние
со своите средства се обидуваме да го надополниме она
што фали колку што можеме, така што потребно е
постепено да се инвестира во научната инфраструктура”, ја
отслика состојбата Ратко Дуев, декан на Филозофскиот
факултет при УКИМ.
Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, рече
дека моделот на финансирање ќе се модифицира и новиот
концепт ќе има три компоненти, односно столбови.
„Првиот столб подразбира исплата на фиксен буџет за
секоја високообразовна установа кој се пресметува по
формула базирана на детерминанти, како бројот на
студенти и реални трошоци за студирање, број на издадени
дипломи, број на професори, издадени научни публикации
и слично. Практично се работи за истиот основен износ кој
високообразовните установи го добиваа и досега, а сега
само се допрецизираат критериумите врз основа на кои ќе

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F147


се добива и за кои ставки ќе треба установите да го
распределуваат. Вториот столб предвидува финансирање
врз основа на договори помеѓу МОН и секоја
високообразовна установа, а со цел финансирање на
претходно заемно договорени активности кои се во насока
на остварување на национални цели и подобрување на
резултатите на определената високообразовна институција.
Секако во овој дел ќе се следат одредени индикатори за
успешноста во работењето на високообразовните установи
и реализацијата на предложените проекти и активности.
Третиот столб е наречен иновативен фонд, односно
универзитетите ќе добиваат средства за финансирање на
иновативни проекти и програми кои самите ги предлагаат
до МОН, а се поврзани со наставата, со капацитетот за
истражување на установата и слично. Идејата е да
направиме реформа со одвојување на повеќе средства од
оние што досега се двоеле за високообразовните установи
и да ги мотивираме установите да се заложуваат што
повеќе за добивање на поголеми буџети”, посочи Адеми.
Овие три столба може да гарантираат успех за еден подолг
период, вели универзитетскиот професор Илија Ацески,
ама потребни се промени кои побргу ќе се реализираат за
да се подобри квалитетот на урнисаното високо
образование.
„Високото образование е урнисано и распаднато. Потребни
се брзи и динамични мерки. Потребно е тело или комисија
што ќе изврши реална проценка на квалитетот на високото
образование и од тоа да произлезат болни резови. Самиот
факт што има групи, институти, каде што 90 отсто од тие

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F148


што дипломираат не работат тоа што го учеле, ја урива
целата морална професионална пристапност. Иако 10
отсто доаѓаат да го потрошат времето, што е со другите 80
отсто? Ние имаме многу малку истражувања, особено во
социјалните науки. Потребни се резови кои ќе значат
исчекор и ќе мобилизираат доволно енергија внатре во
факултетите за да се реализираат тие промени. Ние не сме
мрднале од осумдесеттите години. Имаме факултети без
ниту еден асистент, професори со 15 предмети”, рече
универзитетскиот професор Илија Ацески.
Хаос со студиските програми
Министерот Арбер Адеми не е задоволен што една
студиска програма ја има на повеќе факултети на ист
универзитет.
„Не може една студиска програма да биде акредитирана на
повеќе факултети. Ако се концентрираат финансиите на
една студиска програма, би се обезбедил повисок квалитет.
Бројката сега е над 1 000 студиски програми и од ден на
ден е различна, оти стигнуваат решенија за акредитирани
нови студиски програми. Навистина е штетно. Треба
совесно и одговорно да пристапиме кон решавање на
проблемот со сите ректори за да почнеме иницијатива за
оптимизација или рационализација на студиските
програми”, додаде министерот.

Професорите разочарани: Има ли крај на лажните


дипломи?
07/06/2018

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F149


Вкупно 136 граѓани употребиле лажен документ за 102
кривични дела од јануари лани до април оваа година. Дел
од нив искористиле лажни дипломи со цел да се стекнат
со подобра позиција на работното место, ама и за повисока
материјална корист.
Неодамна за еден ваков случај информираше и
Министерството за внатрешни работи со наслов
„Инспектор со фалсификат напредувал во МВР, а станал и
доцент”. Така, инспектор, вработен во министерството, во
повеќе наврати користел лажна диплома за да се стекне со
подобра позиција, но истата ја користел и за да предава на
неколку факултети. За него е поднесена кривична пријава.
Во сето тоа помош имал од раководителката за студентски
прашања Б.Р. на еден универзитет во Скопје. Таа во
електронското и материјалното досие на М.М. внела
невистинити податоци дека тој, инаку главен инспектор во
отсекот за странци и реадмисија во Регионален центар за
гранични работи „Север”, положил испит, по што
изготвила уверение и го дала на потпис и потврдување кај
деканот на Факултетот за правни науки и ректорот на
универзитетот. Со тоа му овозможила на инспекторот да се
стекне со диплома за завршен прв циклус на студии. Тој, и
покрај тоа што знаел дека наведеното уверение и диплома
содржат невистинити податоци, ги употребил при
запишување на втор циклус на специјалистички студии и
втор циклус магистерски студии на Факултетот за правни
науки на истиот универзитет во Скопје.
Во текот на магистерските студии раководителот на
студентски прашања повторно во електронското и

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F150


материјалното досие на инспекторот повторно внела
невистинит податок дека положил испит и покрај тоа што
професорот не ја впишал оценката и не ја потпишал
пријавата, со што му овозможила да се стекне со уверение
за положени испити од втор циклус и диплома за магистер
по правни науки. М.М. наведените уверенија и дипломи, и
покрај тоа што знаел дека содржат невистинити податоци,
во повеќе наврати ги употребил приложувајќи ги како
доказ за завршено образование во персоналното досие во
МВР, со намера да напредува во службата и кариерата во
МВР. Во 2011 година, инспекторот наведните уверенија и
дипломи повторно ги употребил при запишување на
докторски студии на Факултетот за туризам и
угостителство во Охрид, при што навел уште еден лажен
податок – дека во 1994 година дипломирал на Природно-
математичкиот факултет при универзитетот „Свети Кирил
и Методиј”.
Потоа, во текот на декември 2013 година дипломите ги
употребил во приватната високообразовна установа за
бизнис студии “Еуро Колеџ” во Куманово при постапка за
избор на доцент во наставно-научна област менаџмент во
царина и шпедиција, а во текот на 2014 година и 2017
година ги употребил за вршење дополнителна дејност во
МВР. Во текот на 2015 и 2016 година дипломите ги
употребил и при аплицирање за позицијата професор на
Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило
Романович Државин” во Свети Николе каде бил ангажиран
како професор за што во текот на 2015, 2016 и 2017 година
му бил исплатен надоместок во износ од 272.300 денари.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F151


За употреба на диплома или било која исправа со лажна
содржина Членот 380 од Кривичниот законик предвидува
парична казна или затвор до три години.
Универзитетскиот професорот Илија Ацески укажа дека
државата мора да направи превреднување во високото
образование таму каде што има сомневање дека некој се
стекнал со звање врз база на недоречени и фалсификувани
документи.
„Седела во публика и си нижела бодови за наука. Потребно
е да се почне со посериозни опомени, дека не може тоа да
се прави. Труд кој е објавен во билтен се вреднува како
наука. Не можат со фалсификувани нешта да стекнуваат
позиција. Има елементарни прекршувања на тие правила и
така се стекнуваат позиции, а од тие позиции имаат
материјална корист„ рече Ацески. Тој смета дека системот
на образование и вредности се длабоко во криза, а
професорите се разочарани.
„Од година во година се зголемува бројот на дипломирани
суденти ама и на оние кои станале доктори на науки. Како
може човек на 37 години да стане редовен професор?
Системот на вредности е руиниран “, додаде професорот
Ацески.
Зголемен број на дипломирани студенти и доктори на
науки
Според последните податоци на Државниот завод за
статистика бројот на дипломирани студенти лани во
земјава на додипломски студии на високите стручни
школи и факултетите, во споредба со 2016 година, е
зголемен за 3.6 отсто. Од вкупниот број студенти, 38.6

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F152


отсто дипломирале во рок, додека 61.4 отсто дипломирале
по рокот.
Лани според статистиката, доктори на науки станале 209
граѓани,што претставува зголемување за 6.1 отсто во
споредба со 2016 година.
Најголем број од нив докторирале во областа на
општествените науки, 47.8 отсто, потоа на медицинските
науки, 22 отсто, следат хуманистичките науки со 11.5
отсто. Инаку од вкупниот број на докторирани најголем
процент, 31.6 отсто својата професија ја вршат во
образовната дејност.
Она што го навестија од Државниот просветен инспекторат
е дека се можни забрани за вршење на дејност на
факултетите што не ги исполнуваат условите. При
извршените контроли инспекторите констатирале дека
студенти се запишани на неакредитиран приватен факултет,
додека на јавен универзитет кандидат добил повисоко
звање, а користел труд, плагијат од свој колега. На друг
јавен универзитет пак, запишани се странски студенти без
нострифицирани дипломи.

ПОЕДИНЕЦ ВО АКЦИЈА
Професорот Ацески ги повикува студентите и професорите
на фронт против корупцијата и за квалитетно високо
образование

Крахот на образованието е крах на нацијата. Како да се


уништи системот што корумпира и систематски го

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F153


уништува квалитетот на образованието и нацијата? Нула
толеранција за корупцијата, заштита од злото на
корумпираниот образовен систем. Примена на највисоките
стандарди на отвореност, интегритет и одговорност. Ова се
констатациите на професорот на Филозофскиот факултет
во Скопје Илија Ацески со кои упатува повик за акција во
интерес на универзитетот, а за квалитетно високо
образование.
Професорот Ацески ги повикува сајбер свиркачите, сите
заинтересирани за подобрување на состојбите во државата
до 28 септември на социјалните мрежи да му се придружат
во оваа борба во интерес на идните генерации, без разлика
дали се студенти, магистранти, докторанти...
„Во интерес на посветените во високото образование, Ви
се обраќам заеднички да отвориме фронт за
воспоставување на квалитетен образовен европски систем
и максимална посветеност на Болоњскиот процес и ЕКТС.
Ве поканувам во отворена и јавна расправа во рамки на
Вашата работна средина и институцијата каде што
работите, да ги нагласите проблемите на високото
образование кое се наоѓа во огромна криза, корупција,
растуреност и распаќе, неквалитет... И не само во
универзитетската средина, туку и пошироко во пишаните и
електронски медиуми, заедно да го промениме овој систем.
Јавно да проговориме за системот кој корумпира”.
Обуката трае до 28 септември на социјалните мрежи, па
еднодневен молк и на 30 септември пред Ректоратот на
УКИМ ќе биде инициран процес на ослободување од
корумпираниот систем.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F154


Сајбер свиркачи сите јавно без страв и објективно да
зборуваме за системот што корумпира, апелира Илија
Ацески.

Универзитетот во агонија, студентите на избори

Состојбата во високото образование е катастрофална, вели


професорот по социологија на УКИМ, Илија Ацески, чие
истражување не ја виде светлината на денот. Кому и зошто
не му се допаднаа резултатите? „Универзитетот на
распаќе”. Ова е насловот на студијата, на повеќе од 200
ст раници по светена на квалитетот на високотo
образование, состојбите и перцепцијата на студентите за
Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС), изработена
врз основа на истражувањето започнато во 2008 година и
завршено на крајот од минатата. Студијата, претходно
испратена и прочитана во електронска форма, во почетокот
на годинава била одобрена од наставно-научнииот совет, по
што биле одвоени и средства за нејзино печатење. Но,
потоа се случил пресврт. За причините за таквиот потег, за
резултатите од истражувањето и за состојбите во високото
образование, разговаравме со авторот на студијата, д-р
Илија Ацески, професор по социологија на Филозофскиот
факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. ДВ:
Професоре, што покажаа резултатите од ...
DW | 09:44, 18 Авг 2016

На УКИМ квалитетот опаѓа, корупцијата стабилна

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F155


октомври 01, 2019
Мирјана Спасовска
Прв академски час на УКИМ, студенти, факултет.

На УКИМ раководствата се посветени на други работи, а


не на квалитетно студирање. Tоа е корупција, велат дел од
профе сорите. Засега нема реални показатели за
димензијата на корупција во образованието, но се најавува
нејзино пријавување во наредниот период.
На факултетите на најголемиот државен универзитет,
УКИМ во Скопје во последните 15-тина години е
воспоставен неодговорен систем, раководствата се врзани
за други работи, а не за главното што треба да го работат,
нема квалитетно студирање и не сме посветени на работа
на студентот - тоа е корупцијата, вели професор Илија
Ацески, кој последниов месец секојдневно објавува
текстови, анализи или статуси на Фејсбук, со кои алармира
за корупцијата на најстариот универзитет во државава.
Професор Ацески, на овие проблеми деновиве пред
заминување во пензија укажа и пред Ректоратот на
универзитетот, каде ги објави пораките за реформи. Тој
вели дека целиот процес го прави со една цел, да изврши
притисок до одговорните да започнат реформи на УКИМ за
се приближи до првите 500 најдобри факултети во светот
според Шангајската листа.
„На УКИМ многу малку се учи, малку се истражува, се
објавуваат неквалитетни трудови. Ова трае од времето кога
почна да се применува болоњскиот систем и се
претворивме во институција која влезе во јавно приватно

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F156


партнерство. На институтите има неквалитетно
образование и тоа е крикот дека крахот на образованието е
крај на една нација”, изјави професор Илија Ацески.
Тој има 50 годишно искуство на Филозофскиот факултет и
замина во пензија продолжувајќи да зборува за проблемите
со кои се соочува денес УКИМ, а на кои укажува во
изминатите десет години.
Од Ректоратот на УКИМ не ги коментираат објавите на
професор Ацески и посочуваат дека во наредниот период
ќе се воведува правилник со што студентите и професорите
ќе може да пријавуваат корупција.
Се спуштаат критериумите за знаење
Според очекувањата на професор Гордан Калајџиев од
Првниот факултет, кој е вклучен во овој проект,
правилникот треба да биде готов до нова година. Тој вели
дека нема реални показатели кои точно би ја определиле
димензијата на корупција на УКИМ.
Но, по негово убедување корупцијата ни оддалеку не е
толку сериозна болка на универзитетот. Но, тој е
незадоволен зашто се уназадува квалитетот на знаење на
УКИМ, а за ова го обвинува проблемот со големиот број на
факултети во државата.
„Мислам дека е преценето во смисла на шпекулации дека
постои корупција. Многу поголеми проблеми има
универзитетот со конкуренцијата со другите приватни и
државни универзитети, а тоа е пред сè спуштањето на
критериумите за потребното знаење, за секој испит и за
завршување на факултет. Таа нелојална конкуренција ги
принудува професорите и факултетите да ги спуштат

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F157


критериумите за потребното знаење. Огромна понуда на
опции со кои на многу места полесно се завршува отколку
на државниот универзитет. Нема ни реални тестирања со
кој квантум на знаење се завршуваат студиите. По мое
мислење квантумот на знаење е најмалку за 1/3 понизок од
пред 15 години. Не дека нема корупција на универзитетот,
но е преценета”, вели професор Калајџиев.
Инаку според истражувањата направени пред повеќе
години од Младинскиот образовен форум, 23 проценти од
и с п и т а н и ц и т е од го во р и л е д е ка ко ру п ц и ј ат а во
образованието е многу распространета.
Но, студентите велат дека тоа не е нивна работа или оти не
се моќни да ги сменат состојбите.
„Само што завршив прва година, задоволна сум, иако не е
сè совршено. За корупција тие работи ги има, ама нема што
да кажам, имам само слушнато, но лично искуство немам”,
вели студентка.
„Јас сум втора година. Не знам дали има корумпирани
професори. На Филолошки факултет сум. Не можам да се
пожалам од Филолошки и од професорите. Мислам дека
има квалитетна настава, се вложуваат од моја гледна
точка”, вели студентот Петар Јанковски.
„На Филолошки факултет нема такво нешто, единствено
што знам е кога пред неколку години излезе афера во
јавноста со професор кој примал мито на економски
факултет, избледено ми е, но беше голема афера”, ни изјави
студент на УКИМ.
Меѓутоа, професор Калајџиев вели дека има и индиректна
корупција во високото образование и оти тоа е сериозен

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F158


проблем кој влијае врз квалитетот на образованието и со
кој државата треба да се позанимава.
„Има огромен притисок, студентите ги напуштаат
универзитетите. Еден вид индиректна коруптивност постои
со тоа што платите на државните универзитети се многу
ниски. Редовен професор има 35 илјади плата. И се борат
универзитетите да задржат колку толку некој број на
студенти, па и со некакви други примања. Особено преку
мастер студии да се најдат дополнителни извори на
финансирање, не само за плати, туку и генерално за
одржување, од тоалети па натаму и таа борба ги тера да ги
спуштат критериумите. Многу полесно добиваат преодни
оценки и тоа не чини сите. Се прават притисоци врз
професори што ги држат критериумите, бидејќи,
студентите не може да запишат наредна година или
мастери”, вели професор Калајџиев.
Тој нагласува дека ова во голема мера влијае и на тоа да се
појавуваат неквалитетни кадри и во други области како
здравство, политика, правосудство и многу други.
Професорот Ацески, пак, вели дека улогата на доктори на
науки ја играат недоучени доктори на науки и оти за тоа
има докази, затоа што докторирале за многу кратко време
без квалитетни трудови.
Ацески не споменува никого по име, но зборува за неколку
примери кои се случувале на Филозофскиот факултет.
Посочува дека има професори сместени во врвовите на
политички партии, а ги нема на предавања и вежби, додека
од друга страна на факултет има и вработен кој се грижи за
хигиената, а има магистратура. Тој наведува пример дека

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F159


професор предава социолошки теории, а нема ни учебник,
ни прирачник, а за научна дејност е избран со труд за
органска сточна храна.
„Не напаѓам индивидуално никого, но како да го бирате за
професор за предмет за општествени науки со предмет за
„пилешко сточарство”. Што тој човек ќе работи. Некој горе
ужива, а некој се утепува од работа и сето тоа резултира со
корумпираност и култура на корупција во која живееме.
Младите не веруваат дека се случува тоа, но општиот
резултат е катастрофален и проблемите кои денес ги
живееме се резултат на таквото образование”, вели
професорот Ацески.Тој е разочаран што никој не реагирал
на овие коруптивни практики, ниту во факултетот, ниту
однадвор.

Иако образовани, младите без работа и


фрустрирани

Над 80 илјади невработени се на возраст од 20 до 29


години, а оние што работат максимално се злоупотребени

Маја Томиќ

Македонскиот образовен систем е многу далеку од


европскиот. Тој продуцира изгубени и фрустрирани млади
луѓе, кои кога ќе го завршат своето образование, без
разлика дали средно или високо, остануваат без стручен
идентитет. И оние кои одлучиле да студираат и оние кои

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F160


решиле по завршувањето средно училиште да не учат
понатаму и да бараат вработување, немаат каде да најдат
соодветна работа според образовната подготовка,
коментираат експерти. Причината за тоа се големите
пропусти, и во самиот образовен систем и во државата.
Власта треба да воспостави коректен пазар на труд, со
пишани законски норми и правила кои ќе ги спречат
злоупотребите на работните места кај младата популација
и ќе им овозможат правилно вклучување во општествените
текови.
„Не може над 60 отсто од студентите да бидат
дипломирани менаџери или правници. На која економија и'
е потребно тоа? Тие тешко можат да конкурираат за
работно место во државава, но и во европските земји.
Каква смисла има работно место во компанија кое не
создава приход, а тоа е смислата на пазарното стопанство”,
вели професор Илија Ацески, социолог. Тој додава дека во
вакво, главно, услужно стопанство кое функционира во
земјава, а кое апсорбира голем дел од младата работна
сила, се врши максимална експлоатација на трудот на
младите.
Или работат на диво, или не им се плаќаат редовно плати,
или им се исплатуваат минимални месечни износи, или по
кусо време се бркаат од работа, за на нивно место да се
вработат други млади лица...
„Станува збор за две категории млади, кои имаат средно
образование и кои работат во кафулиња или кафеани, и
такви кои го работат истото тоа, а имаат факултетски
дипломи и познаваат еден или неколку странски јазици, но

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F161


безуспешно чекаат со години соодветно вработување.
Најлошото од се' е што овие млади лица немаат кому да му
се обратат за помош или поддршка. Поточно, се исклучени
од с и н д и к а л н о т о о р г а н и з и р а њ е . И с т о в р е м е н о ,
инспекциските служби не можат да ги спречат во голема
мера овие состојби”, вели Ацески.
Според последните податоци на Агенцијата за вработување
за јули годинава, од вкупниот број невработени - 340.776
лица, 85.712 се на возраст од 20 до 29 години. Алармантно
високиот процент на младата популација, која е без работа,
е присутен повеќе години наназад.
Иако на листата на невработени во Агенцијата редовно има
малку лица со високо образование кои чекаат на работа, во
просек по 20-ина, реално нивниот број е многу поголем,
велат експертите, бидејќи голем дел од нив не сакаат да се
пријават како невработени. Станува збор за оние кои се
ангажирани привремено во некои невладини институции,
со договор за дело, има и такви кои сметаат дека брзо ќе го
решат својот статус по завршувањето на студиите, а некои
се убедени дека немаат шанси преку Агенцијата да најдат
соодветно вработување.
Младите, не само во Македонија, туку и секаде во Европа,
се најразочараниот дел од популацијата, а работодавците ја
користат високата невработеност за да добијат работници
кои ќе ги плаќаат малку, а ќе ги користат максимално.
Реце сијат а дополнително го зголеми бројот на
невработените млади во Унијата. За само една година
бројката од четири милиони се зголеми на пет милиони.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F162


Додека невработеноста кај лицата од 15 до 24 години во
Унијата изнесува 14 отсто, во Македонија таа е 57,4 отсто.
Тоа, меѓу другото, беше дискутирано на неодамнешната
панел-дискусија „Опште ствено вклучување и
сиромаштија”, која беше дел од двегодишната кампања
„Отворен дијалог за општествена вклученост на младите
луѓе преку вработување и правата на работниците во
Македонија”. Инаку, кампањата е заеднички проект на
Балканската фондација за деца и млади, Економскиот
факултет во Љубљана и Сојузот на синдикатите на
Македонија.
Младите генерации, кои треба да си го најдат местото под
сонцето, стануваат лесни жртви на работодавците и затоа
кај нив постои депресија, летаргија и малодушност. Тие се
дезориентирани, без перспективи и со несигурна иднина,
посочија од ССМ. Синдикатите треба да се отворат кон
младите заради нивна заштита, без разлика дали се тие
вработени или невработени, било преку совети, обуки или
помош за вработување. Шведските синдикати, на пример,
имаат посебни разграноци за контакти со студентите, со
специјалност - советување при наоѓањето работа. Во ЕУ
има неколку проекти за вклучувањето на младите во
општествените текови, а кампањата во Македонија е дел од
активностите на Меѓународната фондација за млади, чија
мрежа функционира во 60 земји во светот.
За потсетување, Владата во 2006 година во својата
долгорочна политика за зголемување на вработеноста до
2010 година, во преден план ги стави младите, самохраните
родители, долгорочно невработените и хендикепираните

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F163


лица. Тие, како што беше посочено, ќе имаат посебен
приоритет во програмите за вработување. Владата за тоа
рече дека е подготвена да издвои од буџетот 500 милиони
денари. Нејзините оптимистички очекувања тогаш беа дека
во наредните три години, значи до крајот на 2009,
невработеноста во државата ќе се намали за 10 проценти,
од тогашната стапка од 36 проценти. А, според последните
статистички податоци, стапката на невработеноста во
првиот квартал од годинава изнесува 32,7 отсто. Што се
случи, пак, со конкретните програми за вработување на
младите, односно кои се тие и колку млади, каде го најдоа
своето вработување, остана непознато за јавноста.

Професори се жалат за лошите услови на УКИМ


21. 08. 2019.

Хаос и анархија на УКИМ. Лоши услови за работа и


неквалитетна настава се одраз на случувањата во високото
образование на државниот универзитет, обвинува
професорот по социологија Илија Ацески. Тој вели дека
дури 80 отсто од персоналот на филозофски се редовни
професори, асистенти нема ниту за лек, па нема ни кој да
ги држи часовите. Студентите, вели, плаќаат, а не го
добиваат соодветното образование.
„Нема асистенти на Филозофски факултет, од стотина
вработени 80 се редовни професори. УКИМ има
професори со највисоки звања колку што има една
Германија”, вели професорот Ацески.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F164


Суштински разговор за реформи нема, раководните
структури се заспани, обвини професорот. Вели, ние
постоиме како свет за себе, ги молиме студентите да дојдат
да инвестираат на нашиот универзитет, а потоа не не
интересира дали и каде тие ќе се вработат во иднина.
„80 до 90 отсто не работат тоа што студирале. Или се без
работа или работат нешто сосема различно. Практика нема.
Изгубена е врската со стопанството, со економијата. Кога
ќе отидам во Трговски центар имате еден куп дипломирани
социолози кои работат како продавачи. Тоа е страшно”,
вели професорот.
Се додека некој од горе не ги повлече конците, државниот
универзитет ќе продолжи да тоне, вели Ацески.
„Да правам јас што сакам, да не држам часови. Тоа не е
автономија, тоа е анархија”, вели професорот.
Ниту новиот Закон за високо образование кој лани го
донесе Владата, ниту телото за реформи кое беше најавено,
нема да го решат проблемот кој се таложел со години –
дециден е професорот. Според него, за суштински промени
државата ќе треба да формира Агенција која ќе направи
сериозна евалуација на со стојбите во високото
образование.
https://alfa.mk/profesori-se-zhalat-za-loshite-uslovi-na/

ДВ: Македонски парадокс: Мизерни плати за


високи квалификации
23 декември, 2016

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F165


Во Македонија има 200.000 невработени, а непополнети
над 7.000 работни места. Зошто нема кандидати за нив?
Експертите предупредуваат дека форсирањето на високото
образование за сите го дисторзира пазарот на труд.
Хигиеничари, продавачи, општи работници, градежници,
келнери, магационери, шивачи, но и програмери, брокери,
наставници. Најмалку 7.000 работници недостасуваат или
се бараат на македонскиот пазар на труд, покажуваат
последните податоци што ги објави Агенцијата за
вработување. Се нудат работни места за разни позиции и
фирми, речиси во сите поголеми градови низ земјата.
Најголема е побарувачката во Скопје, каде се отворени
3.470 работни места, по што следуваат Битола, Пробиштип,
Тетово, Виница. Побарувачката главно е за потребите на
преработувачката индустрија, но и останатите главно
услужни дејности. – пишува Дојче веле.
Погрешно поставен образовен систем
Интересно е што ваквиот тренд е присутен веќе подолг
период и тоа во земја која важи за неславен рекордер по
невработеноста. На што се должи ваквиот парадокс? Зошто
речиси и да нема кандидати за работни позиции кои
п о с т о ј а н о „ з ј а а т ” о т в о р е н и ? Е к с п е р т и т е ко и
професионално се занимаваат и го истражуваат овој
феномен не се изненадени од ваквиот тренд, кој дури
бележи и благ пораст. Состојбата, според дел од нив, е
последица на повеќе фактори, но доминантно на погрешно
поставените политики во образовниот систем:
„Досегашната Влада во последниве години го форсираше
високото образование за сметка на средните стручни

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F166


училишта. Така денес имаме сериозен проблем од недостиг
на мајстори со средно образование кои ќе бидат добри
практичари и ќе вршат разни услужни дејности. Тоа е
цената што ја плаќаме поради погрешно поставениот
систем на образование. Инсистираме на високо
образование за сите, а не водиме сметка за создавање
стручни кадри уште во средните училишта”, предупредува
универзитетксиот професор Марија Зарезанкова Потевска.
Таа веќе подолг период е еден од гласните заговорници за
воведување на дуален систем на образование во
Македонија, по теркот на германскиот образовен систем:
„Веќе со години апелирам да се примени дуалниот систем
на Германија, каде паралелно се учат школи и се
посетуваат центри за обука во занаетчиските комори. И
кога тие ученици ќе го завршат образованието веќе се
подготвени да работат во производството. За разлика од
нив, ние тоа го немаме, кај нас сите стремат кон високо
образование, а всушност само мал дел од нив кога ќе се
стекнат со некоја диплома можат да се пофалат со некоја
стручност и знаење. И во таква ситуација не треба да нѐ
чуди што овие луѓе не сакаат да се задоволат со понуди за
несоодветни работни места со ниски плати, па затоа потоа
одат на магистратури и слично и тоа само го усложнува
проблемот”, предупредува Зарезанкова Потевска.
Deutschland Arbeiten im Büro (Symbolbild) (picture alliance/
ZB/T. Eisenhuth)Кога не се наоѓа работно место согласно
ква лификациите, едно ст авно с е продолжува со
образование

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F167


Во Македонија исклучоците се правило.Економисти како
правници, правници како економисти, историчари како
административци, лекари и инженери како продавачи и
комерцијалисти. Ваквите случаи во Македонија за жал не
се исклучок, туку правило, предупредува социологот Илија
Ацески:
„Податоците што се објавуваат покажуваат еден факт, а тоа
е дека веќе сме соочени со проблем што сѐ помалку луѓе
прифаќаат работа што не одговара на нивниот профил.
Сведоци на една психолошка и културолошка ситуација
која делува демотивирачки. Едноставно сме во ситуација
кога имаме многу луѓе со високо образование коишто
практично не се способни за каква било едноставна работа.
И затоа не е за чудење што многумина се ставаат во некоја
друга понижувачка ситуација отколку, на пример, да
прифати некоја работа за 200 евра, иако и тие се многу кога
ги немаш. Нивниот ментален склоп не е подготвен да
прифати работа којашто условно е несоодветна на
образованието. Една понижувачка ситуација во која
општеството и државата условно му нуди образование, а од
друга страна не му нуди соодветно работно место”,
предупредува Ацески.
Во вакви услови, според Ацески, не треба да чуди фактот
што сѐ повеќе млади живеат „на грбот на старите” и
планираат или веќе заминале во потрага по подобра иднина
во странство:
„Секој се прашува како јас да се образувам и да завршам
факултет, а од друга страна да работам нешто што не
одговара на мојата струка и образование. Тие се жртви на

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F168


расчекор помеѓу прогресот од една страна и реалната
состојба во која се наоѓа Македонија. Оваа владејачка
структура сметаше и пропагираше, ајде сите на
образование, со тоа ќе испумпаме дека се вработуваат
луѓето, се намалува невработеноста, но еве сега тоа се
враќа како бумеранг со други карактеристики. Па видете,
само во Градски трговски центар имате десетина
социолози коишто работат како продавачи. Според некои
анализи, дури 90% од работниот кадар во Македонија е на
позиции кои се несоодветни на нивното образование, што е
поразително”.
USA Baustelle Symbolbild Arbeitsmarkt (picture-alliance/AP
Photo/M. Rourke)Според некои анализи, дури 90% од
работниот кадар во Македонија е на позиции кои се
несоодветни на нивното образование, вели Ацески
Наместо промени, тапкање во место
Ацески предупредува дека системскиот дефект е веќе
преголем и доколку не се корегира последиците ќе бидат
уште позагрижувачки:
„Не знам, тоа бара големи структурни трансформации на
целокупниот систем, посебно во делот на образованието.
Па не можете вие да имате 20 правни факултети, десетици
економски и факултети за менаџмент. Да, таа категорија на
образовен кадар е препознатлива, но пазарот на труд кај
нас е толку заситен, што долго ќе се соочуваме со овој
проблем”, смета Ацески.
Експертската јавност во Македонија веќе подолг период
алармира за потребата од системски промени кои
паралелно со образованието би овозможиле поголема

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F169


вредност и на стручноста на кадрите, без разлика дали се
резултат на средно или високо образование:
„Мора да имаме системски промени, нова стратегија, план
и приоритети. И тие да се спроведуваат во континуитет, а
не како досега – која и да дојде влада, менува сѐ и почнува
од почеток. Затоа и толку време едноставно тапкаме во
место”, предупредува Зарезанкова Потевска.
Движењата на пазарот на труд во Македонија во најголем
дел ги диктира политиката на досегашната власт која веќе
подолг период форсира стратегија на ниско вреднуван и
субвенциониран труд за потребите на странските
инвеститори. Ваквата политика дава резултати, но
недостигот од транспарентност и отчетност создава дилеми
колку тие и долгорочно се исплатливи за државата. И
домашните претприемачи веќе одамна предупредуваат на
сериозна дисторзија на пазарот на труд и недостиг од
квалитетен кадар, кој во услови на нелојална конкуренција
однадвор не само што не се во состојба соодветно да го
платат, туку сѐ помалку и го имаат на располагање.
Извор: Дојче веле
FacebookTwitter

Економисти, правници, инженери, студенти... чекаат на ред


за вработување во кафуле, сендвичарница, фотографска
работилница, трафика. На пазарот на трудот има голема
понуда на високообразовани кадри, а мала побарувачка од
нив. Во огласите за вработување, освен ако не се бараат
специфични квалификации, веќе не се наведува потребното
образование.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F170


- Бараме неколку лица кои ќе работат на промоција. За
о гл а с о т ш т о го о б ј а в и вм е и м а вм е го л е м б р о ј
заинтере сирани кандидати, претежно со високо
образование и студенти, иако, рака на срце, за ангажманот
што го бараме не е потребно повеќе од средно. Но, кога
бираме, акцентот го ставаме на високообразованите, зашто
се покажа дека тие полесно се снаоѓаат во работата,
покомуникативни се и попродуктивни - вели еден
огласувач на сајтот "Најди работа".
Дека млади со диплома "се тепаат"за каква било работа
потврдува и еден сопственик на сендвичарница во Скопје,
кој во моментов преку "Најди работа"бара работник.
Младите дипломирани и невработени кадри, пак, велат
дека не пребираат бидејќи сакаат да заработат, но веруваат
дека еден ден ќе ја искористат дипломата.
- Имам слободно време и веќе не сакам, а и не можам да
бидам на товар на родителите. Секој ден ги следам
огласите и не се двоумам, секаде праќам Си-Ви. Не ми е
важна ниту платата, доволно е да ги покрива моите
трошоци. Тоа само за почеток, а понатаму ќе видиме. Ама
тешко се наоѓа, конкуренцијата од луѓе со факултетски
дипломи е голема и тоа за секаква работа. Бев на интервју
во едно фотографско студио, а по мене вле зе
електроинженер - вели една скопјанка која од дипломата на
правен факултет ја дели еден испит.
Ако се прегледаат огласите во ве сниците и на
специја лизираните с ајтови ќе с е види дека од
високообразованите најмногу се бараат доктори,
фармацевти, информатичари, како и наставници за

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F171


училишта. Има и понуда за по некој менаџер, но условите
ограничуваат на кадри со добро искуство. Работно
искуство, а и посебен сертификат се бара и за рецепционер
во хотел, таму не пали дипломата. Работа за почетници,
речиси и нема. Во поголемиот број огласи, без разлика
дали се бара доктор, агент за недвижнини, правник за
адвокатска канцеларија или келнер, потенцирано е дека
кандидатот треба да ги има фамозните три до пет години
искуство во струката.
- Завршив бизнис менаџмент. Кога се запишав се сметаше
дека струката има перспектива. Ама нас никој не не бара и
ако има оглас, се бараат луѓе со дебело искуство. А како да
го стекнеме? Веќе две години работам по кафулиња и ги
следам огласите во надеж дека ќе најдам соодветна работа -
вели Билјана С. од Скопје.
Универзитетскиот професор, социологот Илија Ацески
вели дека во продавници и кафулиња како продавачи и
келнери често гледа свои студенти и тоа добри, и тоа му е
многу непријатно.
- Ако го гледам проблемот од аспект на позицијата на која
сум, го погодува образованието. Ако набљудувам во
поширок контекст, од позиција на општество, држава,
економија, ситуацијата е трагична. Имаме образовани
кадри кои не го даваат својот придонес. Од аспект на
поединецот, тоа е уште поголема загуба. Некој студирал
четири, пет, шест години, а мора да работи како келнер или
продавач - вели Ацески.
Од друга страна, додава, академското образование е и
нешто како ментална вежба, зашто во државата се уште ги

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F172


нема елементарните критериуми за образованието и по
него. Го нема линкот меѓу државата, стопанството и
образовниот систем, а некој мора да почне за да се
воспостави.
- Веројатно од 100 лица 30% нема да го работат тоа за што
се образовале. Но, страшно е ако во таква ситуација се 70%
- 80%. Ако од 10 шестмина не го работат тоа за што имаат
диплома треба да се запрашаме каде одиме - објаснува
Ацески. Дополнителен проблем, според него, е тоа што
образованието е такво што најголем дел од студентите по
дипломирањето не се препознаваат што се. Конкретно,
дипломираните социолози можат да работат десетина
професии, но тие кај нас не се идентификувани, нема
програми за такво профилирање. Има работа за социолози,
вели тој, но тие не се препознаваат. Исто е и со другите
кадри, па мора да се направи нешто на глобално ниво.
Хиперпродукцијата на високообразовни кадри несоодветни
на потребите на стопанството, посебно на правници и
економисти и дипломци од општествените науки ја фрли во
сенка важноста на универзитетската диплома. Најбарани
на пазарот на трудот во моментов се квалификуваните
работници и тоа не од сите струки. Предводат занимањата
во градежништвото и тие се веќе препознаени, па за нив
има обуки во Агенцијата за вработување.
Светлана ВУКЧЕВИЌ

ДИПЛОМИ НА ПРОДАЖБА: СИВА ТРГОВИЈА ЦВЕТА


ВО МАКЕДОНИЈА И ВО БОСНА

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F173


Објавено: 12/07/2016 15:43
Вистински бум доживува полулегалната индустрија во
двете земји каде што може да купите докторат за 2.000 евра
или магистерски труд по цена колку еден плазма-телевизор,
покажува прекугранично истражување на новинари од
Македонија и од БиХ
Автори: Александар Манасиев во Македонија и Семир
Мујкиќ во Босна и Херцеговина
Со Игор не беше тешко да стапиме во контакт. Неговите
услуги, како еден од најплодните автори на академски
трудови во Македонија, се објавени на многу огласи на
интернет и во весниците.
Вие плаќате. Тој ја врши работата. Вие ја добивате
дипломата.
„Тоа е легитимен бизнис”, ни рече тој преку телефон
додека се натегавме околу цената на магистерската теза по
предметот Интензивна медицинска нега – околу четири
евра по страница, во зависност од сложеноста на тезата. Тој
смета дека може да го напише трудот од околу 100
страници во период од околу еден месец.
„Ако ова е криминал, јас не би се осмелил да го работам
истото веќе 10 години”, ни рече тој. „Јас сум семеен човек.”
Игор, кој тврди дека им помогнал на десетици луѓе, кои
сега работат во големи компании, па дури и во државната
администрација, да добијат титула магистер по науки или
доктор, е само еден од стотиците луѓе што во туѓо име
изработуваат вакви трудови на маргините на академските
институции во Република Македонија и Босна и

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F174


Херцеговина, две од најсиромашните и најкорумпирани
земји од поранешните југословенски републики.
Додека нелегалната трговија со академски трудови е голем
бизнис на Балканот, експертите велат дека Македонија и
Босна ги надминале другите земји замижувајќи пред
нелегално стекнатите академски звања.
Прекуграничната соработка на новинари во Македонија и
во Босна откри дека постои високо организиран и ефикасен
систем за подземна трговија со магистерски и докторати, а
луѓето вмешани во бизнисот ги искористуваат дупките во
законите, игнорантскиот однос на државните институции,
соучествотото од некои академски граѓани како и с`
поголемата побарувачка од студентите што не сакаат или
не можат сами да си ја завршат работата.
Со Ива, која го работи истиот бизнис како Игор,
контактиравме преку нејзината онлајн- реклама. Се понуди
да ни напише магистерска теза по маркетинг за само 150
евра.
„Ќе ја имате тезата за само две, а можеби најдоцна до три
недели”, ни рече таа на телефон. „Многу често
изработуваме трудови од економските науки така што си ја
знаеме работата. Тезата ќе пројде и нема да биде плагијат,
ќе ја има својата основа. Истражувањето ќе биде
оригинално, бидејќи во подготовката на трудовите работат
и професионалци од областа која се истражува.”
Професионалци?
„Зборувам за професори”, рече таа, одбивајќи да ни открие
какви било имиња. Илија Аце ски, профе сор на
Филозофскиот факултет во Скопје, изјави дека е целосно

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F175


свесен оти постои организиран систем за продажба на
магистерски и докторски тези. Не беше воопшто изненаден
што никој не се обидува да го спречи тоа.
„Факултетите во Македонија, едно ставно, не се
заинтересирани за овој проблем”, ни рече тој. „Она што е
важно за нив се парите од апликантите. Институциите за
високо образование се претворија во бизниси што работат
врз основа на профит.”
Адвокати и извори во Министерството за образование
потврдуваат дека продажбата или купувањето академски
трудови напишани од трети лица технички не е кривично
дело, што им олеснува на студентите да научат доволно од
содржината на трудот за да го положат и да го протнат пред
професорите како сопствено истражување.
Огнен Јовановски, адвокат од Скопје, ни вели дека
законската дупка е, всушност, тоа што универзитетите
може да ги санкционираат само студентите чиј труд е
плагијат, што обично не е случај со ваквите трудови
напишани од трети лица.
Многу од интернет-реклами во Босна и Херцеговина што
нудат тези по минимална цени доаѓаат со гаранција:
текстот е оригинален и трудот ќе го помине секој тест за
плагијат. Регулативата за плагијат на сите нивоа на власт во
БиХ беше, поради недостаток на закони за ова прашање,
им е оставена на образовните институции, секоја од нив да
се справи со проблемот поединечно. Во пракса, кај
повеќето од универзитетите постојат строги правила за
плагијат.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F176


Постои дури и ценовник: есеи за по осум евра,
презентации за пет евра, а магистерски и докторски тези од
25 до 75 евра па натака. Повеќето од огласувачите
инсистираат на комуникација преку мејл и гарантираат
приватност, но не е ретко да се најде телефонски контакт.
Оние што ги контактиравме не сакаа да разговараат.
Синиша Алексиќ од северозападниот босански град
Омарска беше уапсен во март 2010 година на своето
работно место во болница во градот Бања Лука, само 20
дена откако доби работа таму како лекар. Полицијата се
сомневаше дека Алексиќ, кој тогаш имаше 27 години, ја
фабрикувал својата диплома на Медицинскиот факултет.
Алексиќ аплицирал за работа како доктор со сите потребни
документи. Мирко Станетиќ, директор на Клиничкиот
центар во Бања Лука, тогаш потврди дека документите што
ги понудил Алексиќ изгледале исправни, па го ангажирале
во одделот за абдоминална хирургија.
Неговите колеги тврдеа дека Алексиќ изгледал како да си ја
знае работата и оти им помагал на хирурзите во
операционите сали. Неговите баба и дедо за медиумите
изјавиле дека Синиша отсекогаш сонувал да биде лекар.
Тврдеа дека учел многу и завршил медицински факултет, а
тие дури и прославиле кога ја добил дипломата.
Сепак тие беа меѓу многутемина што беа шокирани кога
полицијата пронашла опрема за фалсификување дипломи
во станот на Алексиќ. Полицијата не пронајде докази дали
тој и за други лица фалсификувал вакви дипломи.
Зденка Кривикуќа, декан на Медицинскиот факултет во
Бања Лука, потврди дека Алексиќ ги почнал студиите во

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F177


2002 година, но не успеал да стигне ни до втората година.
Престанал да се појавува на факултет и побарал да го
исклучат од факултет во 2009 година.
Алексиќ беше осуден на осум месеци затвор во октомври
2012 година, а почна да ја отслужува казната во јуни 2015
година. Беше пуштен на Нова година. Шефот на болницата
во Бања Лука, Станетиќ, смета дека не е обврска на
институцијата што ја води да проверува дали некоја
диплома е валидна или не.
„Тоа не е наша должност, ниту некогаш ќе биде”, изјави
Станетиќ за локалните весници. Босна и Херцеговина има
државен закон за високо образование, но во него не се
спомнува зборот плагијат ниту еднаш. Поголемиот дел од
надлежностите во образованието се на пониските нивоа на
власт, ентитетите или кантоните.
Од Универзитетот во Сараево не беа подготвени да
зборуваат на темата плагијати и начинот на кој тие се борат
против оваа појава. Ни ветија интервју, но никогаш не го
добивме. На Универзитетот секој студент треба да потпише
изјава кога ќе го заврши истражувањето.
Во изјавата се вели дека текстот е оригинален и оти не е
плагијат. Зборот плагијат се споменува само во Етичкиот
кодекс на Универзитетот, но без детали како плагијатите се
откриваат или кои се казните.
Професор Марио Хиберт, кој напишал водич за плагијати,
вели дека Универзитетот нема набавено софтвер за
проверка на препишани трудови.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F178


„Колку што знам, Универзитетот нема софтвер за
откривање плагијати, с` е оставено на професорите”, вели
Хиберт.
Ни вели дека тој не користи некој посебен софтвер за
проверка на академските трудови.
„Доволно е да користам ’Гугл‘. Ако се посомневам на
нешто тогаш проверувам преку ’Гугл‘ неколку реченици.
Така јас обично ги откривам плагијатите”, ни вели Хиберт.
Професорот додава дека одговорноста е на менторите исто
колку што е на студентите. Според него, постои комисија
која го оценува секој кандидат за магистер или доктор, па
најмалку три члена на комисијата ја читаат тезата.
Во моментов не постои дигитална база за складирање на
студентските трудови што го прави уште потежок процесот
за откривање плагијати. Хиберт, сепак, ни вели „колку што
е лесно да се направи плагијат, толку е лесно тој да се
открие”.
„Еднаш имав ситуација кога бев решен да проверам дали
станува збор за плагијат бидејќи стилот на студентот беше
премногу развиен, премногу рафиниран, ме изненади во
позитивна смисла дека еден од моите студенти е способен
за пишување на тој начин”, се сеќава професорот додавајќи
дека три дена се обидувал да ја изврши проверката.
„Преку референците дојдов до оригиналниот текст, кој
беше на англиски јазик. Имаше референци од 1986 година
и од 1995 година, па мислев дека некој мора да бил многу
информиран за да ги има тие извори. На крајот го најдов
изворниот текст и утврдив дека истражувањето е всушност
буквален превод”, ни рече Хиберт и објасни дека тоа бил

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F179


единствениот „сериозен” случај на плагијат со кој тој се
соочил. Студентот не поминал на испитот и морал да се
повтори целиот курс.
Едно од најпознатите обвинувањата за плагијат во БиХ е
случајот со професорката на Факултетот за политички
науки во Бања Лука, Радмила Чокорило. Анонимна
информација била дадена на Факултетот за политички
науки во Белград, каде што Чокорило ја добила титула
доктор на науки во 2011 година. Таа беше обвинета за
користење на својата работа од 2009 година, но, исто така,
делови од книгата на нејзиниот ментор Ѓорѓе Павичевиќ
без соодветна атрибуција.
Павичевиќ потврди за медиумите дека д-р Чокорило не
била проверена на системот за плагијати во тоа време и оти
по тестот во 2015 година софтверот пронашол само два
процента од претходно објавеното дело. Во меѓувреме,
според анонимен извор, од трудот од 290 страници, дури
115 не биле нејзин труд.
Иако Павичевиќ тврдеше дека трудот не е плагијат, сепак
на белградскиот факултет беше формирана комисија во
март 2015 година, која ја заврши својата работа, но
Академскиот совет на факултетот не го разгледал
извештајот и го одложи донесувањето одлука. Конечната
одлука сe`уште не беше донесена на крајот од јануари 2016
година.
Во меѓувреме нудењето услуги како магистерски или какви
било академски трудови, главно, се одвива на интернет.
Провајдерите на тие услуги одговараат на вашите прашања
најчесто за само неколку минути. Разговорот прво почнува

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F180


со едноставни и општи прашања како за кој факултет е
потребен трудот, цената, рокот, па с` до темата и другите
специфики.
Претставувајќи се дека сме студенти заинтересирани за
купување на готов магистерски труд воспоставивме
контакт со лицата кои стојат зад рекламите во БиХ, кои
резултираа со разговори за спецификите на измислената
тема за магистерска диплома по градежништво.
Еден од нив дури ни изјави дека имал степен доктор на
науки и оти работел како предавач и дека имал неколку
соработници, кои ќе помогнат во изработка на тезата.
„Што се однесува до работата, морам да ви кажам дека се
користи сета достапна литература и се користат и цитирани
извори … Постојат софтверски системи на кои се
проверува дали е плагијат или не”, ни напиша еден од
огласувачите. „Што се однесува до моето искуство, сум
работел за сериозни факултети и универзитети и зад мене
има само позитивно долгогодишно искуство.”
Претставувајќи се како студенти, се распрашувавме дали
треба да бидеме загрижени за проверка на плагијати или
нешто друго, но одговорите беа речиси исти дека „овој
бизнис е безбеден”.
„Единственото нешто за што треба да бидете загрижени е
за учењето и претставувањето како и за одбраната на
тезата, која откако ќе ја платите ќе ви биде предадена”,
напиша еден оние што стојат зад рекламите.
Ако едно од лицата што тврдеше дека е доктор на науки ни
објасни оти трудот ќе биде потполно оригинален, друг ни
рече дека тие ги користат постојните мастер есеи и само го

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F181


менуваат редоследот на зборовите, така што нема да може
да се открие преку класичните системи за откривање на
плагијати.
„Искрено мислам дека многу не се проверува дали е
плагијат или не, финтата е во тоа да не се копира целиот
текст од некој извор туку само мал дел”, ни пишува лицето:
„Кога јас користам нечие туѓо истражување го менувам
редоследот на зборовите во реченицата, или го
парафразирам делот што сум го употребил. Така јас не го
цитирам нивниот труд како референца”.
(Истражувањето го поддржаа Thomson Reuters Foundation и
Robert Bosch Stiftung)

ПОКАНА
КОВАЊЕ НА ПРАВИЛА ПРЕД РЕКТОРАТ НА
УКИМ понеделник, 30 септември 2019, во 12:05
часот
Распоред на активности
12:05
Ковање на
Пораки за реформа на УКИМ
12:15
Промоција на монографија “Чудесии на УКИМ”
12:25
Презентирање на “Марфиеви правила за студенти”

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F182


12:35
Презентирање на резултати од on-line работилница
“Прирачник против корупција од А до Ш и назад”
12:45
Групен фотопортрет на свиркачи

пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј
Обраќање на ректори и пректори, бивши и сегашни
декани, професори и во исто време и свиркачи на
социјалните мрежи
Сите свиркачи добиваат сертификат против корупција

“Борец и борка против корумпираниот систем на
УКИМ - БОПРОКУКИМ’’
Организатор и инспиратор на перформанс
Проф. д-р Илија Ацески
УКИМ, лето 2019

ПОВИК

Колеги професори, студенти, администрација,


Ве повикувам на бескомпромисна борба против
корумпираниот образовен систем на УКИМ.


ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F183


Од денес, 19. 09.2029 година, до 30.09 .2019
годинавклучете се помасовно во борбата против
корупцијата, споделувајќитги вашите мислења,
ставови и анализи за состојбата во која се наоѓа
УКИМ, состојба на култура на корупција која
длабоко е навлезена во сите делови на неговото
функционирање.
Вашиот став изнесете го јавно, на ФБ или која и да
е друга мрежа, во јавен медиум ....


Ве повикува: ФБ свиркач и модератор


Проф.д-р Илија Ацески/ Prof.d-r Ilija Aceski,
член на Комитетот за борба против корупција на
УКИМ -КОБОКУКИМ
УКИМ, лето 2019 год.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F184


ПОВИК

за присилна мобилизација за борба против корупција на

УКИМ КОБОКУКИМ

Оние кои ќе дојдат на 30.09. 2019 год. во 12.05 мин. пред


ректорат на УКИМ на чинот на обзнаната на правилата за
достоинствен УКИМ ќе започнат процес на себе
прочистување од гревовите кои биле принудени да ги
прават без своја воља, заплеткани и очарани во
корумпираниот систем на УКИМ.
Сите станавме дел од корумпираниот систем на УКИМ:
КОГА ГЛАСАМЕ за колега за кој сме убедени дека не
заслужува највисоко звање.
КОГА ЗА НАС ГЛАСААТ а ние не заслужуваме
највисоко звање.
КОГА ПОТПИШУВАМЕ рецензија за која сме убедени
дека колегата едноставно лаже.
КОГА ПРОДАВАМЕ книги на студенти, кога не држиме
настава а е наплатена .... Продолжете да редите....
Затоа повелете дојдете, заколнете се дека:

ВО ИДНИНА НЕМА ДА ПРАВИТЕ НЕШТО КОЕ ГО
УРИВА КВАЛИТЕТОТ НА СТУДИРАЊЕТО НА
УКИМ
Ве повикува сајбер свиркач: Проф.д-р Илија Ацески/Prof.d-
r Ilija Aceski

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F185


ФБ свиркач и медијатор: проф. д-р Илија Ацески /Prof.d-r
Ilija Aceski
ПОВИК ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА НА БОРЦИ ЗА БОРБА
ПРОТИВ КОРУМПИРНИОТ СИСТЕМ НА УКИМ

Со урнисан, корумпиран УКИМ нема здрава нација и ефикасна држава


ПОЖЕЛНО Е СЕКОЈ ОД СВОЈАТА СРЕДИНА(ФАКУЛТЕТ,
ИНСТИТУТ) ДА ДАДЕ ЕДЕН ПОГЛЕД НА СОСТОЈБИТЕ И ГО
СПОДЕЛИ НА ФБ ИЛИ ТВИТЕР,НАЈПОЖЕЛНО Е ВО ЈАВЕН
МЕДИУМ ИСТО ТАКА, НО МОЖЕ И НА ДРУГИ НАЧИНИ, ПА
ДУРИ ГЛАСНО ДА КОМЕНТИРА ПО ХОДНИЦИ, ДА СЕ МОЛИ И
СЕ ДРУГО КОЕ НЕМА ДА НЕ ОСТАВА НА МИР ДОДЕКА УКИМ
НЕ ГО ДОВЕДЕМЕ ДО БАРЕМ 500 МЕСТО НА ШАНГАЈ.ТОА ИМ
ГО ДОЛЖИМЕ НА МЛАДИТЕ.

Од 20 овој месец, на ФБ, твитер, масовни медиум, мејл, над стотина


главно професори на УКИМ, студенти, дипломирани,масовни
медиуми, управата на УКИМ, МАНУ… ДИРЕКНО СЕ ПОКАНЕТИ
ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО РАБОТАТА НА ОН -ЛАЈН РАБОТИЛНИЦАta
КОЈА КЕ ТРАЕ СЕ ДО ИСПОЛНУВАЊЕ НА ОСНОВНОТО БАРАЊЕ
УКИМ ДА БИДЕ МЕЃУ ПРВИТЕ 500 НА ШАНГАЈ ЛИСТАТА.
СЕКОЈ ПЕТОК ОД 12 И О5 ДО 13 ЧАСОТ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА
БРАКАТА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ДОЈДЕТЕ НА ОТВОРЕН И
СПОНТАН РАЗГОВОР, ОД КАДЕ КЕ БИДАТ УПАТЕНИ ПОРАКИ
ДО РЕКТОРАТОТ, ДЕКАНИТЕ, СЕНАТОТ . ..УКИМ Е АВТОНОМЕН
И ТРЕБА ДА ОСТАНЕ.
СЕКОЈ Е ДОБРЕДОЈДЕН ВО ОВАА БОРБА ЗА КВАЛИТЕТНО
ОБРАЗОВАНИЕ
ВАШИТЕ РАЗМИСЛУВАЊА, ЗАБЕЛЕШКИ, АНАЛИЗИ, ПРЕДЛОЗИ
ПОСТИРАЈТЕГИ НА ФБ ИЛИ БИЛО КОЈ ЈАВЕН МЕДИУМ,
МРЕЖА.
ГОВОРЕТЕ ЗА КРИЗАТА ВО КОЈА ДОЛГО ВРЕМЕ СЕ НАЈДУВА
УКИМ.

ФБ свиркач и медијатор: Проф. д-р Илија Ацески /Prof.d-r


Ilija Aceski

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F186


ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F187
СЕДМИ ДЕЛ

ПРВО И НЕПОВТОРЛИВО ИЗДАНИЕ


ИЛИЈА АЦЕСКИ

(50 години на УКИМ: студент, магистрант, докоранд, вработен)
со соработниците од УКИМ

МАРФИЕВИ ЗАКОНИ ЗА СТУДЕНТСКО


СЕБЕ ДОЖИВУВАЊЕ ВО СИСТЕМОТ
НА
КУЛТУРА НА КОРУПЦИЈА
ВОСПОСТАВЕН НА УКИМ
(за прва и втора година)

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F188


УКИМ, ЛЕТО 2019

1. Биди бунтовен ако треба и без причина.

2. Студентот нема што да изгуби на добар факултет.


Дојден е да се оспособи и да добие знаење. Ако
почувствува дека тоа не му е овозможено, нека се
бунтува - и така нема што да загуби.

3. Кога се врши еваулација на студиите, студентот


мора да ја каже вистината; ако не го направи тоа и
се лаже себеси дека има добри професори,
предавања, соработка, иако е сосема поинаку,
факултетот е изгубена инвестиција. Но, ако се
мајтапи, или, не дај Боже, се плаши да каже, е
тогаш.....

4. Кога ќе паднете по втор пат на испит, одете веднаш


во Деканатот и побарајте објаснување, но ако
положите, а ништо не сте научиле, и тоа Ви се
повторува, веднаш отпишете се, не губете време. 


5. Прашувај се често дали ти одговара организацијата


на активностите на факултетот. Ако нешто не е како
што треба, веднаш реагирај кај ракoводителот и
поразговарај со колегите дали и тие имаат исто
мислење.
6. Кога ќе дојдеш првиот ден на факултет, постави си
неколку прашања. Прво: каде во близина може да се

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F189


јаде добро и евтино. Второ: каде можеш на мир да
учиш во времето кога не си на час. Трето: каде може
да се помине дел од слободното време. Ако тоа го
нема, знај дека никој не мислел како ќе ти биде
додека студираш. 


7. Никогаш не заборавај да одиш на предавања. Ако


нема предавања, веднаш реагирај заедно со
колегите. 


8. Кога ќе ти понудат некоја скрипта, без наслов, без


автор, нешто скрпено, знај дека ти подметнуваат. 


9. Барај од професорите материјалот кој го предаваат


да има силабус, кратка содржина за секој час, со
тема и датум, да биде во електронска форма и со
прецизна литература. 


10. Најдобрите семинарски трудови инсистирај да


бидат достапни и по електронски пат. 


11. Барај од факултетот да ви организира обуки за


користење на материјали во електронска форма,
потоа обука за системите кои се користат за вашата
струка (на пример, за социјални науки - SPSS
систем за обработка на податоци и слично).
12. За изборните предмети, консултирај се за да видиш
кој предмет ќе ти биде од корист.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F190


13. Постави прашање за обемноста на програмите
бидејќи често има програми со околу 50 предмети:
тоа значи секој месец предмет за период од четири
години. Размисли добро!

14. Запрашај се која е користа ако, понекогаш, имаш и


по десет часа во денот.

15. Уште од првиот ден, интересирај се како


дипломираните од твојата струка се вреднувани на
пазарот: ако се добро вреднувани, зошто е така; а
ако има многу невработени, барај објаснување.

16. Прашај колку од оне кои го завршиле факултетот на


којшто и ти студираш се во евиденцијата на Заводот
за вработување и зошто таму се наоѓаат со години.

17. Интересирај се како се студира на факултети во


странство, во соседните земји, какви се условите за
студирање, дали литературата е слична.

18. Прашај зошто нема асистенти, и која е улогата на


демонстраторот.

19. Интересирај се за тоа како можеш барем еден


с е м е с т а р д а п ом и н е ш н а н е ко ј е в р о п с к и
универзитет за таму да следиш предавања.

20. Зошто не се учи и полага некој предмет на англиски


јазик?

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F191


21. Не е мудро да се земе индекс само за да се оди
некаде во светот, во една насока.

22. Дискутирај често со колегите за студиите,


разменувај искуство.

23. Побуни се ако во денот ти ставиле повеќе од 4 часа


и ако не се целина.

24. Не потенцирај дека си ја купил книгата од


професорот.

25. Секогаш по предавањето или вежбите постави си


прашања од типот: што научив,има ли нешто ново и
слично.

26. Барај практична настава.

27. Не има завидувај на оние кои положиле без знаење.

28. Формирај здрави критериуми за тоа што е добар, а


што лош професор. Кај добриот професор никогаш
нема да положиш ако не знаеш доволно.

29. Оди на предавања, но ако почувствуваш дека тоа ти


е изгубено време, најди начин како тоа да допре до
професорот.

30. Понекогаш, за време на вежбите, најди тема за


расправа која професорот не ја очекувал.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F192


31. Внимавај каде се запишуваш, на кој факултет. Ако
ти треба само диплома, купи ја и не губи време.

32. Не е доволно само да се запишеш на факултет.


Интересирај се за условите како се студира.

33. Студирањето на добар факултет е гаранција за успех


во животот.

34. Од професорите очекувај многу, но ако видиш дека


нема корист, отпиши се и бегај на друг факултет.

35. Квалитетните студии не даваат само знаење туку и


гаранција за успех во животот.

36. Добриот универзитет не дава само знаење, туку и


мудрост како да го употребиш.

37. Не го почитувај професоот ако ти подари оцена.

38. Универзитетот кој дава темелно и здраво знаење ви


ги зголемува шансите да играте улога на чесен и
доблесен човек.

39. Добриот универзитет образува трпеливи луѓе.

40. Мисли долгорочно: ако студираш на лош факултет,


шансите да се искомлексираш и унесреќиш се
големи.

41. Компонентите на добриот живот се коваат на


квалитетни универзитети.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F193


42. Одбери факултет кој ќе те принудува да учиш, нема
да те штеди, а не факултет кој ќе бара да
импровизираш во животот.

43. Добро образуван студент е корисен за себе, за


државата, за родителите. Лошо образуваниот не е
корисен за никого.

44. Факултетот не вреди сам по себе, туку за она што не


оспособува.

45. Погледни го CV на професорот. Ако стои само


фотографијата на сајтот на факултетот, прашај го
зошто, собери храброст.

46. Прашај го професорот зошто го нема на интернет.

47. Прашај дали со професорот може да се комуницира


на меил.

48. Интересирај се за тоа дали професорот може да ти


ги даде предавањата или дел од нив во електонска
форма.

49. Кога ќе заврши семестарот, направи список на


книги, статии, материјали кои си ги користел за
испит. Ако нема барем една ќеса да наполниш,
размисли дали треба да продолжиш да студираш на
тој факултет.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F194


50. Научи да правиш белешки за тоа што си прочитал.
Користи нови технологии на учење: ако не знаеш
кои се, оди во Деканатот, кај продеканот за настава,
и ако и тој не знае, етогаш ...

51. Понекогаш телефонот заборави го дома. Ако се


нервираш поради тоа, обиди се почесто да го
забораваш. Ако не се нервираш поради тоа, знај
дека си на добар пат.

52. Не губи време со празни муабети.

53. Пожелно е порано да се вратиш дома навечер.


Ненаспан не оди на предавање.

54. Размисли зошто некои предмети ги полагаш лесно,


со мал напор, а другите не, и покрај тоа што
навистина се трудиш. Каде е грешката?

55. Прашај како е можно за една година (2 семестра) да


полагаш 10 предмети (во просек секој месец по
еден).

56. Собери ги сите книги што ти ги препорачале


професорите за цела година, за сите десет предмети,
и оди кај шефот на групата. Прашај го зошто за
некои предмети има премалку, а за некои премногу
литература (ако ја има).

57. Ако не одговараш усно, прашај зошто тоа не се


практикува.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F195


58. Прашај (ако групата за вежби е поголема од 20
студенти) дали тоа е практика на други унивезитети
кои се сметаат за добри.

59. Интересирај се колку колеги од претходната


генерација изгубиле година и презапишале
предмети.

60. Размисли зошто сметаш дека се во право оние кои


мислат дека еден професор е добар, а друг не е. Кој
е добар професор?

61. Ако живееш во студенски дом, барај да се задоволат


минимални стандарди.

62. Биди корисник на полезни содржини на интернет


поврзани со твоите студии.

63. Читај барем неколку весници, портали кои дневно ја


следат стојбата во државата.

64. Труди се англискиот јазик добро да го совладаш, ќе


ти затреба, особено ако си решил да одиш некаде во
светот.

65. Не биди лесна мета за партиски влијанија. Не биди


аполитичен.

66. Додека студираш, гледај ја големата слика и идеал.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F196


67. Понекогаш обиди се полесно да поминеш на испит,
но тоа да биде твоја заслуга. Професорот може да ја
наплати.

68. Ако барем половина од испитите си ги поминал без


напор, или навистина се залагаш и учиш, а нема
преодна оцена за многу испити, оди си слободно од
факултетот. Или ти си го згрешил факултетот или
тој малку вреди.

69. Обиди се понекогаш да не се сложуваш со


мнозинството и со професорот.

70. Не губи време на безначајни работи.

71. Студенскиот живот е како поминување на зелен


семафор. Формално, може ќе поминеш без
проблеми; реално, може да ти се слуи нешто
непријатно кога ќе го поминеш.

72. Размислувај зошто некои предмети не ти се


омилени, а други, обратно.

73. Добар студент е оној кој не се плаши да погреши.

74. Ако професорот побара мито, не го почитувај, не го


пријавувај, но ако не ти даде знаење, пријави го за
неoдговорност. Ако ти даде знање, секогаш
почитувај го.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F197


75. Обиди се да практикуваш начин на живот каде
студиите ти се на прво место.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F198


ЗА ПРАВИЛАТА

П О СЛ Е П Р В И Т Е КОЛ О К В И У М И И И С П И Т И ,
СЕЛЕКТИРАЈ ГИ ПРАВИЛАТА. ИЗБЕРИ ДЕСЕТ КОИ ТИ
СЕ НАЈВАЖНИ. ТОА ПРАВИ ГО ЗА ВРЕМЕ НА
СТУДИИТЕ, КОГА КЕ ПОЧУВСТВУВАШ ДЕКА НЕШТО
ТРГНАЛО НАОПАКУ ИЛИ ОБРАТНО .

АКО ПРАВИЛАТА НЕ ПРЕДИЗВИКУВААТ РЕАКЦИЈА И


ПОКРАЈ ТОА ШТО УПОРНО ГИ ЧИТАШ ТОГАШ......

АКО ГИ ЧИТАШ ПРАВИЛАТА БАРЕМ ЕДНАШ


НЕДЕЛНО, ТОА СМЕТАЈ ГО КАКО ДА СИ ПРОЧИТАЛ
ДОБРА КНИГА.

ПРАВИЛАТА СНИМИ ГИ НА ТВОЈОТ СМАРТФОН И


КОГА ЌЕ ПОЧУВСТВУВАШ ДЕКА ПРЕДАВАЊЕТО НА
ПРОФЕСОРОТ НЕ ТЕ ИНТЕРЕСИРА, ЧИТАЈ ГИ.

АКО САМО ДЕСЕТИНА-ПЕТНАЕСЕТ ПРАВИЛА ТИ СЕ


ДОПАДНАТ И СЕ ОБИДЕШ ДА ГИ ПРАКТИКУВАШ, НА
Д О Б А Р П АТ С И С Т УД И И Т Е Д А Т И Б И Д АТ
ИНТЕРЕСНИ.ОД АЛБУМОТ НА ЧУДЕСИИ НА УКИМ.

СРЕЌНО!

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F199


ПРИРАЧНИК
Култура на корупција
ЗА ПОЧЕТНИЦИ БОРЦИ ПРОТИВ САМИТЕ СЕБЕ ВО
КОРУМПИРАНИОТ СИСТЕМ НА УКИМ
Прирачникот се обновува секојдневно и секој си става по
нештона сајбер фб комникација.
Тоа може да ја иритира совеста на оние кои имаат моќ да
носат одлуки.
Свиркано на ФБ и сајбер просторот, но и на мејл на разни
страни адреси од проф.д-р Илија Ацески, борец против
самиот себе и системот на корупција на УКИМ
Повик за индивидуално самоосвестување на ФБ мрежата и
сајбер просторот за професори на УКИМ.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F200


ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОСЛЕ ЧИТАЊЕ НА
ПРИРАЧНИКОТ
Ако некој мисли дека не се однесува за него, а има многу
такви со право, слободно нека го игнорира ова што е
напишано и ќе се пишува во иднина, се до целосно
ослободување на УКИМ од културата на корупција, но ако
мисли на системот на УКИМ нека размили дали од овој
прирачник нешто може да се искористи.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F201


Состојби Предизвици Решенија
ВОВЕД. Сомневањето за успешноста на борбата против
културата на корупција се вртат околу можноста за реално
заживување на елементарните правила, кои ќе бидат
заковани на влезот на 30.09. во 12 часот и 05 минути. Има
премногу неверување дека тоа нешто ќе промени, дека се
тоа лудории, тоа има основа, но нешто мора да се прави во
интерес, пред се за квалитетот на студиите и со тоа и во
интерес на младите и државата.
Автономијата на УКИМ и високото образование во
Македонија, во која треба да се заштити слободата и
достоинството на младите и се креира здравиот дух на
нацијата, е забегана во сосема спротивна насока и таа е
обесчестена и обезвреднета. Би било пожелно и
посакувано да се развие дискусија на ФБ мрежата или
јавните медиуми,и на други начини и тоа да трае се додека
барем елементарните критериуми за нормален универзитет
да се исполнат; значи не се работи, по нашата добра
навика, чудо за три дена и ништо, туку да се истрае во
борбата која навистина е тешка и бара жртви, но пред се
многу труд и посветеност. Се разбира без страв за
сопственото здравје и добар живот.
Сајбер мрежата треба да ја разбереме сериозно, некогаш се
дозволени и непријатни нешта, но тоа е дел од
демократијата, која во овие услови на сајбер комуникација
е безмислосна, нема тајни и се се гледа, снима,
проследува, постира, нема рецензенти, нема заплена на
книга, може да има застој. На пример, замислете да ви

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F202


запленат печатена книга, во услови кога само со еден клик
станува достапна за сите на интернет просторот, а деканот
заедно со ректорот и домарот влегуваат во кабинет и
изданието од сто и еден примерок го носат во подрум;
четивото не го бендисал ректорот, а деканот толку му сече
умот наредил да влезат во кабинет и на раце ги изнесат
книгите за распаќето на УКИМ. Невидена реклама за книга
која и не заслужува, толку реклама, но врагот ја однел
шегата, говори нешто многу непријтно за оние кои седеа,
седат на чело на факултетите и ректоратот и слободно може
да се рече абер си немаат што всушност се случува, само да
си помине мандатот и да си уживаат во фотељата глумејќи
раководство. Или, последниот случај, каква случајност со
проф. Илија Ацески, да му го хакираат службениот
телефон, всушност да го исклучат од мрежата на
службените телефони, за што деканот треба да добие тужба
или нешто пософистицирано.

Повик за индивидуално самоосвестување на ФБ


мрежата и сајбер просторот за професори на УКИМ.
Посакувано, пожелно, нужно
Се на едно место.

А
ЗА ПОЧЕТОК. Избори за највисоки звања, што најчесто,
со изборот на доживотно (внимавајте) звање највисоко, на
околу 50 години е исто како човек да го пензионирате и да
продолжи да работи или така некако, да зема плата, а никој

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F203


не може да побара од него никакви обврски, не мислам на
едно малцинство кое упорно се однесува како да работи на
првите десет на Шангај листата;
Урнисана претстава за тоа што значи Универзитет, во
држава со 2 милиони население, со скоро 30-тина
универзитети, како да станува збор за држава со неколку
десетици милиони жители, со стотици, избројани се околу
600 -700 програми, само на Филозофски факултет ги има
околу 80, така пишува на сајтот на факултетот, со околу 80
редовни професори. Што прави државата, Министерството
за образование, МАНУ…
Б
БРОЈ НА УНИВЕРЗИТЕТИ. Како да го решите
проблемот со големиот број на универзитети, приватни и
државни, од каде да почнете, состојбата на мнозинството и
одговара и да остане таква каква е, интитуциите кои се
повикани нешто да прават немаат сила, мислам и на
доволно знаење, начин и храброст ако сакате, а тие ако се
пасивни и незаинтресирани, останува лавежот на ФБ, па по
некоја расправа, па по нешто на медиум, па дури и проект
како во МАНУ, демек ке расправаме за ВО или партиски
препукувања, кој повеќе урнисувал. дали ние или тие или
оние во тој стил, и толку, или мрморење по ходници, во
стилот ова не чини, тоа е страшно, и слично.
В
ВЛАСТА Е ГЛУВА.Урнисан распаднат а не интегриран
Универзитет, со невиден формализам, папирологја
поголема од времето кога удиравме на машини за

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F204


пишување, како ли се нарекуваа, секој заклучен во својот
кабинет, делокруг, каде не постои ни елементарна
комуникација, самобендисан, автономен до немај каде, си
живее и преживува; Во рамките на вака поставена
институција владее дух на група составена од слепи и
глуви, односно или човек е слеп или е глув, може и двете, а
се во меѓусебна комуникација. Глува е власта, ние на
УКИМ сме доволно заслепени.Демек изборот за
наставници го потврдува сенатот, на избор кој претходно го
потврдил наставно/научниот совет на факултетот, или
групата, кој претходно го потврдил советот на групата, а
претходно се договориле неколкумна, од разни причини,
пожелни се роднинско/непотистичко/партиски влијанија
(има и такви) за кандидат кој не е баш за професор на 40 и
некоја, кој покасно идеално се вклопува во средината. Па
дури и глуми борец против корупција, да видиш да
веруваш. Но, тој е навлечен во борбата против самиот себе.
Г
ГЛАСНОСТ. Држава, се мисли на оној кој дава пари, не е
многу заинтересирана, само студентите и професорите да
бидат мирни, а се фала богу, како ќе рече една професорка
во врвот на партијата која е на власт: и Владата да ни ги
намали платите, демек, ние нема да протестираме. Во
право е. За што да протестираме на УКИМ. Мизерните
плати не се доволни за протест. Распашаноста и
корумпираноста не ни даваат да протестираме на УКИМ.
Д

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F205


ДЕПРЕСИЈА. Студентите кои најголем дел живеат во
страв дека ќе го изгубат тоа што го немаат и не можат да го
добијат доволно на УКИМ, а тоа е знаењето, кое треба да
ги направи слободни и креативни поединци. Останува
мистерија зошто млад човек кој навистина нема што да
изгуби да молчи и трпи и се надева, незнаејќи на што. До
тој степен системот ги уништува што ги довел до состојба
да се помират и да чекаат да дојде посакуваниот момент
кога ќе бидат задоволни. Зависи каде, некои во Завод за
невработени, некои со пасош во рака, некои некаде, некои
навистина срекни, но голем дел несреќни.
Е
ЕВАУЛАЦИЈА. Оној кој еваулира, однадвор еднаш
годишно или на две години, не е битно, едноставно вели во
духот на високата култура: не ве бива за ништо, само толку
завиено што просто мило вие да го слушнете; Во суштина
рака на срце надворешните евулатори од она што ке
понесат враќајки се онаму од каде дошле е по некое ѓезме,
залутено со некој од македонските специјалите и салата
македонска, да рече дека напредувате, млади сте, млад
универзитет само што не неполнил сто години, а богами
имате и многу млади универзитети, недозреани, приватни и
држвни а Вашиот е најдобар од Куманово до Охрид .
Ж
ЖАЛОСНА ЕВАУЛАЦИЈА ОД ВНАТРЕ. Оној кој
еваулира од внатре се изчудува на високите оцени од
страна на студентите пред се за професорите и студиите;
само да не мисли сериозно, добро е да се мајтапи, се мисли

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F206


на студентите. Демек сите студенти да се анкетираат, па
анонимно. На една група за еден од подобрите професори е
избран професор или професорка сеедно, кој-а не доаѓал/а
на факултет десетина години од оправдани причини и
тешки последици за студентите, едноставно им се
пишувани оцени, колку да се знае. Добро тој/таа доагал/а
на работа ама еднаш до двапати годишно, да не заборави
кај се наоѓа факултетот. Други има кои доаѓаат еднаш
неделно, па еднаш месечно и нормално од мај до октомври
повремено, колку да се знае, на испит по правило, и кога е
досадно дома задолжжително. А зошто да доаѓаат е
прашање непотребно.
З
ЗАСЛУГИ ЗА ОЦЕНА 10.00. Дека професорите
заслужуваат оцена скоро десет, не е десет, девет и пол, за
залагање, посветеност, прочитавте претходно. Колку
професорот е понепознат, колку не влегува во интеракција
со студентите толку е подобар, за самоеваулација, не прави
проблеми, ретко пишува петки. Таков имавме еден на ФФ
кој имаше стотици студенти, демек изборен предмет, но
еднаш ијладници кои во колона наредени им пишува оцени
на сите по десет, колоната излегува надвор од предавалната
и студентите се мајтапат, а што им останува. Баш во тој
момент деканот беше на расправа во ректорат на тема:
Квалитетот на образовниот процес на УКИМ, со посебен
осфрт на ФФ. Така пренесоа медиумите. Еден професор
колку можев да видам и дознаам како е оценет од студентте
со висока оценка, не верувам дека е највисока, а го нема

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F207


десетина години на факултет, има проблеми и си зема плата
ЗАМИСЛЕТЕ. Колку е хуман факултетот, па греота е.
Студентите, а тие добро нека почекаат кога ќе се
пензионира. Па дури побарал да му го продолжат
работниот век и му го продолжиле и сеуште трае. Добро,
тоа не е правило, исклучок е, но чуден малку . КОЈ Е
ОДГОВОРЕН. НИКОЈ.
ЗАСЛУГИ КОИ СЕ ЗА СРАМЕЊЕ. Во коруптивни
системи нема одговорност има само привилегии кои се
античовечки, неправедни, уништувачки за едни а добри за
други, тие најчесто таа состојба ја монетизираат, тоа се
деканите и по некој околу нив. Секој земал по малку а тие
најмногу. Зошто деканот да се праша за тоа како може некој
да пријавил 14 часа во еден ден и плус да зема вишок,
нормата е 8 во неделата. Е како де, ајде нека некој одговори
.Но и тој тоа го прави, со 26 часа неделно, сконцентрирани
во ден - два.
И
И ЦИНИЦИТЕ БИ КАЖАЛЕ.Дека предавањата се
организирани толку рационално, што се случува и по десет
часови во текот на денот да имаме, или немаме не е битно и
тоа заслужува скоро десет; Ќе остане мистерија, сеуште се
одгатнува како е можно професор да има десет часови во
текот на еден ден, па и консултации, но уште поголема е
како студент да има по 8 и повеќе часови. Циниците би
рекле, можно еденоставно нема часови. Но, пак нешто е
нејасно: за кого по ѓаволите тоа е ставено како задолжение.
Има еден одговор,ама е толку чудесен што навистина

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F208


предизвикува морници: да се дојде до бројката 180 работни
часови во текот на еден месец, или дневно по 8, па така му
дојде, што е логички, на пример, јас ставам денес 8 часа
настава и вежби се разбира, и уште осум друг дена тоа се
16 часа, и јас сум релативно слободен другите денови,
може консултации но тоа е веќе друго нешто. Е што е овде
корупција, коруптивен систем, со дури 180 работни саати,
и едно чудо активности за кои нешто покасно ке
проговориме. Па некој тоа, ако го набљудува од надвор ќе
заклучи дека тука има нешто експериментално. Се разбира
на хартија, АМА ЗА ПРЕД КОГО.
К
К Р Е АТ И В Н А Е Н Е Р Г И Ј А В О КО РУ П Т И В Е Н
СИСТЕМ. Дека има доволно учебници, и тие може-треба-
мора да се купат од сервисот или некој покреативен начин,
знаат економистите кои се тие. Зошто на УКИМ се
принудени да бидат корумпирани: едноставно добриот
наставник кој се дрзнал да напише учебник е принуден да
го продава, а ако е талентиран за трговија богами може и
добро да спечали, како на економски, на пример, плати, со
уплатица, мораш или купи во кеш,има многу начини,
студентот дојде на испит се размафта со книгата, што може
оптимистички да делува на профессорот. Коруптивните
системи во себе кријат многу нереализирана креативна
енергија која длабоко го бербати карактерот на учесниците
и од нив прави креатури од најразличен тип. Добар
научник може да биде креатура од професор. Закажал 14
часа во денот, плус консултации. А често има и други

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F209


активности во денот како, да јаде, се одмори, физиолошки
пореби, па состанок, и друго.
Л
ЛЕТНА СЕСИЈА. Дека најтешкиот испит, како велат
студентите го спремаат до пет дена или некој ден повеќе,
што е реално од пет/шест предмети во текот на три месеци.
Тоа е објективно време. А како да спремаат за неколку
месеци по пет и повеќе испити, поделено на денови тоа му
доаѓа за испит најмногу по десет дена, обично неколку. А
мора да има пролазност. Има на ФФ интерсни случаеви. На
пример, студент слуша редовни предмети, презапишани,
ако е на трета година од прва година повторно слуша
предавње, кој еднаш ги не/слушал и треба да ги полага, и
така некако.
ЛИТЕРТУРА. Интересни сознанија кога подетално ке
погледнете во содржините на многу предмети, примерот на
ФФ ми е најблизок. Кога ке видите во литературата на
пример, препорачана студија од пред триесет години која
се однесува на осетливи содржини, особено кога станува
збор за социјалните науки останувате зачудени што е
литература.
Или, некои од професорите се фалат дека учествувале на
десетина научни конференции и објавиле трудови во
списанија со фактор и тоа е за пофалба. Но, кога ке
погледнете во препорачаната литература нема ни еден труд,
што е малку чудно, или труд од евентуално некое
истражување, од кое треба студентот да учи.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F210


Е сега дали тука има елемент на коруптивен систем. Има
неодговорност, некои активности на професорот немаат
врска со тоа што го запишал дека ќе го предава; добро ќе
речете па тој скоро и да не предава, ........
Љ
ВОЗНЕМИРЕН Е ПРОФЕСОРОТ ШТО НЕ МУ СЕ
ПРОДАВА КНИГАТА.А како да не биде кабинетот му е
како магацин, а нема идеа како да се ослободи од нив.
Но, колку е лошо, и толку е добро што немаат вежби и така
не се учи многу особено кога групата е над 50-60 па и сто
студенти, но и мали групи импровизација невидена. Колку
процес на учење може да има со групи од сто и повеќе
студенти не е мистерија, се учи малку, се разбира ако има
вежби и што се вежба. Може се разбира по предмет
физичка култура кога стотина студенти може во исто време
да прават склекови или да стават прст на чело и се
прашуваат: каде ние студираме и за што. Но тоа е нешто
соема друго.

М
МНОГУ СТУДЕНТИ И МНОГУ БОДОВИ ЗА
НАСТАВНА ДЕЈНОСТ. Дека консултациите со професор
кој има десетици студенти е добра небулоза да биде оценет
дека е секогаш достапен; Во изборот за највисоко звање
има една ставка, не е чудна, би рекол дека е педантна до тој
степен што не треба многу ум да се заклучи за
невероватната прецизност и рационалност на системот.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F211


Имено, ако вие имате сто студенти, во текот на семестарот
и три или четири предмети, сега се ограничи на четири и
тоа е добро, но и не е, неважно, и ако тоа го помножите со,
негде околу 0,1 бод сега рачунајте ако баш немате друга
работа, а секој студент, кобајаги дошол на консултации, и
полно бодови за наставна дејност И замислете кандидатот
остварил многу повеќе бодови, најчесто за три пати и
повеќе од потребните. Всушност ако има повеќе студенти
повеќе бодови и оној несреќник со илјада и повеќе
студенти, замислете, за педагошки достигања ке има над
стотици бодови плус, што може да влезе во светотна чудо
над чудата.
Н

НА МОЈ ПРЕДМЕТ БОДОВИ ЗА ЛАБОРАТОРИСКИ


ВЕЖБИ. Дека примената на современи методи е многу
присутна, само има еден недостаток, обично не се знае што
е тоа, затоа тоа е дел од културата на корупција, демек
применуваме модерни методи на учење, студентот сам да
измислува тема за семинарски, а гугл да му биде алатка.
Еве сосема случајно имам пред себе еден од прирачниците
за студии, кои се сеуште важечки и ќе важат се додека има
некои кои даваат пари да си играат мајтап професорите:
стои за еден предмет, а може без малку секаде се разбира
има исклучоци; Во правилникот е запишано;15.2 Вежби
(лабораториски, аудиторски) семинари, тимска работа. И
види,мајка му, тоа да биде еден предмет мене многу познат,
всушност мој предмет, за кој никогаш не сум имал
лабораториски вежби, а носи 30 часови и се разбира

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F212


бодови. Не, ова не е корупција, не ова не е неодговорност,
не ова не е залажување, а што е. Незнам. Кога видов дека
30 часаа се предвидени за лабораториски вежби е тоа си
реков мора да е нешто наместено. Има и позачудувачки и
малку разбирливи изливи на креативност, како на
пример:самостојни задачи. Ако некој на ФФ, особено оние
кои се бават со педагогија и меодика ви објасни што е тоа,
тогаш навистина сме длабоко загазиле во неповрат.
НАСТАВА. Професор/ка за ГИНИС или за срам и
ќотек.Тука нема елементи на култура на корупција, тука
има елементи кои говорат за распаднат систем. Значи не
станува збор за професор кој нема книги и недај боже
списанија со фактор, па конференции, насекаде и слично.
Примерот е земен НАМЕРНО, за да покаже неколку работи
во исто време. Другите се навистина случајни, но некои се
земени со намера да покажат дека и најдобриот професор,
кој себе се смета за врв во науката како себе се бламира
кога мисли дека работи.
Еве еден пример на еден професор на Институт кој не му е
местот на ФФ но тоа во друга прилика, кој себе се смета и
други го сметаат, колку се во право нема потреба да се
дискутира, во право се но, да ги видиме неговите
активности, на полето на предавањето и литературата. Без
малку голем дел од распоредот на активностите се слични,
како и литературата, со напомена дека има бетер но и
подобри. овде станува збор за мнозинство, кое креира дух
кој владее.
Сите часови се ставени скоро во еден ден, понеделник и
тие се на број четиринаесет и плус консултации од 12 до 14

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F213


часот или 13 не е битно, во тој термин има часови .И
замислете професорот има часови од 9 и 30 до негде 20
часот, да не ви се верува сите 14 часови во еден ден, (види
распоред на активности.Распоред на работни задачи
2018/2019, ФФ,БОМ) за професор кој навистина е доста
афирмиран, има во фактор списанија, има книги и богами
многу колумни, отворен влегува во расправа, но системот
на култура го навел сите активнсоти на факултетот го стави
во понеделник од рани зори до касна вечер. Ова е за
Гинис, и највероватно ќе го предложам. Друго што
изненадува, покрај книгите кои ги нуди за обврзувачка
литература а ги има не е наведен ни еден труд од
многубројните фактор/списанија од кои треба да учат
студентите или од некој проект од кој исто така треба да се
учи.
О
ОХО КОПИ - ПАСТЕ КРЕАЦИИ. Дека од еден краток
увид на семинарските и дипломските, ретко за почит, се
гуглани до немај каде, сакам да кажам копи-пасте креации.
Како еден наставник, теоретски со дваесетина и помалку
часови, со стотина студенти и околу четири и помалку
предмети може да има околу 400 семинарски, теоретски
секој студент, мора да изработи семинарска за што е
бодиран, а може под услов што е нормално професорот да
ја прочита, даде, ако има забелешки, пофали ако е добра.
Но, ако даде забелешки повторно ја погледа и даде
заслужни бодови. Ајде нека се двесте му треба барем по
десет минути или 20 да бидеме сериозни и тоа е отприлика

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F214


200 писмени по 20 минути е рамно 4000 минути, еден саат
има 60 минути, рачунајте тоа е е отприика, да не
ситничиме околу 50 саати а тоа се 5 работни дена, по 10
саати, полно работно време плус прекувремена работа.
И ајде сега не биди корумпиран, ќе бидеш и ќе пееш. А, во
меѓу време, дипломски, па магистерски и по некој докторат
и тоа без асистент. И така беше, сега е подобро на некои
групи нема по стотина студенти, туку дваесет запишале и
паника, а група од не повеќе од десетина професори, кои
пред пензија, кој одамна е за пензија, кој навистина се
труди и се нервира и моли бога да го пензионираат, некој
баш му е гајле, а нема 50 години и веќе е редовен и ужива.
П
ПРОЦЕНКИ И ОЦЕНКИ ОД ОКО. Како ќе процените
дека семинарската носи 15 бодови, а треба да прегледате
семинарска за секој студент, кога имате сто студенти.
Најчесто, групите кои се привлечни, да речеме на ФФ и
запишувааат, порано многу, повеќе по сто студенти и
иделално еден професор кој има четири предмети,
теоретски да има 400 студенти. Како некому ќе му даде
десет, некому 5, а некому 15 бода, или да се колеба меѓу 12
и 13 бода.
Коруптивните системи се длабоко бирократизирани и не
дај боже паметен профессор тргне по таа логика, јас само
еден семестар се трудев со околу 200 студенти и имам
последици на совеста, кога се двоумев да пишам,
седум,осум или девет а незнам зошто, се до оној момент
кога студентите ја разбраа финатата, оди на интернет,

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F215


симни си дипломска или материјал и оп за неколку саати
дипломска, скоцкана, завиткана во целофан а може и да си
ја купи, за мали пари. Тоа купување еден период стигна до
докторски тези, но тоа е засега висока политика, не се знае
до каде може да дојде, до која докторска која седи негде во
институциите на државата, Во предност се оние кои си
донесоа тези од надвор, нема докази, само сертификат кој
не е баш за на зид, но е добар за да се добие звање и би
звање .
Р
ДИСКУСИЈА ЗА ВЕЖБИ, ШТО Е ТОА. Дека на
прашањето: дали сте имале можност да дискутирате на
вежби, по некој ке рече да, но не се сеќава за што;
Процесот на подучување на најдобрите универзитети е на
прво место, без да подучувате нема студии, без да
подучувате и нешто се учи нема успех, вашиот труд е
залуден. А како да подучувате кога имате како една за
пример добра професорка која сите часови 14 ги ставила,
во еден ден плус консултации, а е добра. Ја земаме за
пример во позитивна, негативна и истовремено и
позитивна и негативна улога. Културата на корупција е
чудесна.
С
САМО ДА ГО ЗАПАМТАМ ИМЕТО НА
ПРОФЕСОРОТ. За тоа дали се сеќава на името на
професорот кај кој полагал минатиот семестар, не ве
зачудува понекогаш студентот да рече дека станува збор за
плава професорка или прокелавен професор. Не би требало

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F216


ова да го коментираме, тоа е толку неверјатно, што убива
во поим................

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F217


Содржина
Предговор
ПРВ ДЕЛ /9-33/

Што покажуваат анализите за состојбите на УКИМ


Со што се согласува мнозинството за сосројбата на УКИМ
Перцепција на студентите за системот на ЕКТС
УКИМ е во длабока криза
Можни ли се радикални промени?
Култура на корупција во функционирање на високото образование
Како се препознава културата на корупција
Како до квалитетно образование
Дали има крирична маса за промени
Управување со факултетите
Нема сериозен пристап во решавање на проблемите

ВТОР ДЕЛ /33-54/


БОРБАТА НА ФБ

ПРИЛОЗИ ЗА ОН ЛАЈН РАБОТИЛНИЦАТА СЕПТЕМВРИ 2019.

Што покажа анализата на четири предметни програми на “ АБЦ”


групата /Институтот.

ПРЕПОРАКИ
ЗОШТО УКИМ Е КОРУМПИРАН СИСТЕМ НА ВИСОКО
ОБРАЗОВАНИЕ
Анализи на состојбите на УКУМ
ЧУДЕСИИТЕ НА УКИМ
РЕАЛНИ ЧУДЕСИИ ВО САЈБЕР ПРОСТОР
Еве што се случувало на еден од најдобрите факултети на УКИМ

ИСПРАТЕНО ДО
ДЕКАНОТ НА ФИЛОЗОФСКИ, РАКОВОДИТЕЛОТ НА ННСГ
СОЦИОЛОГИА, ДЕКАНАТОТ, СЕКРЕТАРОТ НА ГРУПАТА
РЕКТОРАТОТ

НАСТАВА И УЧЕЊЕ

ТРЕТИ ДЕЛ /54-66/

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F218


Белешки за состојбите на УКИМ
Дали е неопходна реформа
ФАКТИ ЗА КОРУМПИРАНА УНИВЕРЗИТЕТСКА СРЕДИНА

ЧЕТВРТИ ДЕЛ /66-75/

ФБ борбата во реалниот свет на УКИМ


ВТОРА ФАЗА ОД БОРБАТА ПРОТИВ КОРУМПИРАНИОТ СИСТЕМ
Добар пример на коруптивно однесување.
ИЗБОР НА РЕДОВЕН ПРОФЕСОР ….
ОСНОВИ ЗА ДОБАР УНИВЕРЗИТЕТ
На што стои УКИМ
Трите столба на добар Универзитет
ПОДУЧУВАЊЕ, ИСТРАЖУВАЊЕ И ОБЈАВУВАЊЕ

ПЕТТИ ДЕЛ /75-86/

СИТЕ ВО БОРБА ЗА КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ

КРАТКИ ПОУКИ КАКО СЕ СТАНУВА БОРЕЦ ПРОТИВ


КОРУПЦИЈА НА УКИМ
/
УКИМ, ЛЕТО 201
ОН-лајн работилницта во период од 20 септември до постигнувње на
основната цел: да го направиме УКИМ привлечно место за студии и
уништиме коруптивниот систем

ШЕСТИ ДЕЛ /86-174/


Медиумите за настаните на УКИМ
Слободен печат 04/10/2019
Предупреди за корупција на УКИМ, професор д-р Илија Ацески
исфрлен од својот кабинет
05.10.2019 / 10:33
https://www.mkd.mk/sites/all/themes/mkd/logo.png

СКАНДАЛ НА УКИМ
Бившиот ректор Стојковски 2-3 месеци пред заминување ја заплени
книгата на професорот Ацески
)
Последниот крик на професорот: Нешто е труло!
Ацески: Системот на образованието на УКИМ е корумпиран
Напишано од МИА -30/09/2019 14:09292

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F219


Последниот крик на професорот: Нешто е труло

Професорот Ацески сам застана пред Ректоратот на УКИМ да


разоткрива корупција
30/09/2019 -
Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” /
Македонски
Shqip
Радио МОФ неодамна направи интервју со професорот Ацески. Во
продолжение, може да го прочитат.
https://mkd-news.com/
https://ako.mk/АКО… сакаш да уништиш држава, уништи го
образованието
Ако.мк -декември 4, 2016
Интервју
Професорот кој објавува „бомби” на Фејсбук за корупцијата на УКИМ
18/09/2019 - 14:44SHQIP, ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот
на албански јазик кликнете „Shqip”

07.08.2018 / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

ФАКУЛТЕТИ ШТО ПАЃААТ НА КОЛОКВИУМ


Владата не обезбеди услови за нормално студирање на дисперзираните
„погони”Пишува: Љубомир Костовски
Алармантни оценки од УКИМ: Високото образование урнисано и пред
распаѓање
29/05/2019 08:22
Професорите разочарани: Има ли крај на лажните дипломи?
07/06/2018 12:56
ПОЕДИНЕЦ ВО АКЦИЈА
Професорот Ацески ги повикува студентите и професорите на фронт
против корупцијата и за квалитетно високо образование
Универзитетот во агонија, студентите на избори
На УКИМ квалитетот опаѓа, корупцијата стабилна
Прв академски час на УКИМ, студенти, факултет.
Иако образовани, младите без работа и фрустрирани

Над 80 илјади невработени се на возраст од 20 до 29 години, а оние


што работат максимално се злоупотребени. Маја Томиќ

Професори се жалат за лошите услови на УКИМ


21. 08. 2019.
Се шиткаат дипломски никој мака си нема

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F220


Јан 31, 2017
ДВ: Македонски парадокс: Мизерни плати за високи квалификации
23 декември, 2016
ДИПЛОМИ НА ПРОДАЖБА: СИВА ТРГОВИЈА ЦВЕТА ВО
МАКЕДОНИЈА И ВО БОСНА
Објавено: 12/07/2016 15:43
ПОКАНА

КОВАЊЕ НА ПРАВИЛА ПРЕД РЕКТОРАТ НА УКИМ


понеделник, 30 септември 2019, во 12:05 часот

ПОВИК
Колеги професори, студенти, администрација,
Ве повикувам на бескомпромисна борба против корумпираниот
образовен систем на УКИМ

ПОКАНА
ЗА ПОРОМОЦИЈА
РАСПОРЕД НА АКТИВНОСТИТЕ

ВО 12 ЧАСОТ И 5 МИНУТИ КОВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА НА ВЛЕЗОТ


НА РЕКТОРАТ
Повик
за присилна мобилизација за борба против корупција на УКИМ
КОБОКУКИМ

СЕДМИ ДЕЛ /174-203/

МАРФИЕВИ ЗАКОНИ ЗА СТУДЕНТСКО СЕБЕ ДОЖИВУВАЊЕ ВО


СИСТЕМОТ НА КУЛТУРА НА КОРУПЦИЈА
ЗА ПОЧЕТНИЦИ БОРЦИ ПРОТИВ САМИТЕ СЕБЕ ВО
КОРУМПИРАНИОТ СИСТЕМ НА УКИМ
ПРВО И НЕПОВТОРЛИВО ИЗДАНИЕ
УКИМ, ЛЕТО 2019

ПРИРАЧНИК
Култура на корупција
ЗА ПОЧЕТНИЦИ БОРЦИ ПРОТИВ САМИТЕ СЕБЕ ВО
КОРУМПИРАНИОТ СИСТЕМ НА УКИМ

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F221


ПОРАКИ ЗА РЕФОРМА НА УКИМ

1. Без квалитетно образование во прашање се


доведува иднината на една нација и една држава.
2. Падот на квалитетот на студиите на УКИМ е
видлив во квалитетот на учењето, во отсуството на
истражувања, квалитетот на наставниот кадар.
3. Во прашање е доведено нормалното
функционирање на државата, што е резултат и од
лошо едуцираните правници, економисти, учители,
лекари, службенци...
4. Потребно е да започне бескомпромисна борба
против коруптивниот систем, кој се претвори во
култура на однесување и погубно се одразува во
сите сфери на функцинирањето на УКИМ.
5. Тоа особено е видливо во сферата на учењето,
испитите, истражувањата, кои скоро се замрени, и
во падот на квалитетот на наставниот кадар.
6. Системот на раководење на УКИМ не е во духот
на модерното време. Потребна е темелна промена
на менаџирањето со единиците на УКИМ.
7. Успешноста на рефрмите на УКИМ во насока на
подобрување на квалитетот на студирањето мора
да започне од внатре, од наставниците и
студентите. Државата мора да даде до знаење
дека не може понатаму да финасира неквалитетни
студии.

ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА АЦЕСКИ F222

You might also like