You are on page 1of 16

ПРИРАЧНИК

Култура на корупција од А до Ш.

ЗА ПОЧЕТНИЦИ БОРЦИ ПРОТИВ САМИТЕ СЕБЕ ВО


КОРУМПИРАНИОТ СИСТЕМ НА УКИМ

Прирачникот се обновува секојдневно и секој си става по нешто


на сајбер фб комникацијата.

Тоа може да ја иритира совеста на оние кои имаат моќ да носат


одлуки.

Свиркано на ФБ и сајбер просторот, но и на мејл на разни страни


адреси од проф.д-р Илија Ацески , борец против самиот себе и
системот на корупција на УКИМ
Корупција од А до Ш
Повик за индивидуално самоосвестување на ФБ мрежата и сајбер
просторот за професори на УКИМ.

ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОСЛЕ ЧИТАЊЕ НА ПРИРАЧНИКОТ

Ако некој мисли дека не се однесува за него, а има многу такви со


право, слободно нека го игнорира ова што е напишано и ќе се пишува
во иднина , се до целосно ослободување на УКИМ од културата на
корупција , но ако мисли на системот на УКИМ нека размили дали од
овој прирачник нешто може да се искористи.

2
Корупција од А до Ш

Состојби Предизвици Решенија

ВОВЕД. Сомневањето за успешноста на борбата против културата на


корупција се вртат околу можноста за реално заживување на
елементарните правила, кои ќе бидат заковани на влезот на 30.09. во
12 часот и 05 минути. Има премногу неверување дека тоа нешто ќе
промени, дека се тоа лудории, тоа има основа, но нешто мора да се
прави во интерес, пред се за квалитетот на студиите и со тоа и во
интерес на младите и државата.
Автономијата на УКИМ и високото образование во Македонија, во
која треба да се заштити слободата и достоинството на младите и се
креира здравиот дух на нацијата, е забегана во сосема спротивна
насока и таа е обесчестена и обезвреднета. Би било пожелно и
посакувано да се развие дискусија на ФБ мрежата или јавните
медиуми,и на други начини и тоа да трае се додека барем
елементарните критериуми за нормален универзитет да се исполнат;
значи не се работи, по нашата добра навика, чудо за три дена и ништо,
туку да се истрае во борбата која навистина е тешка и бара жртви, но
пред се многу труд и посветеност. Се разбира без страв за сопственото
здравје и добар живот.
Сајбер мрежата треба да ја разбереме сериозно, некогаш се дозволени
и непријатни нешта, но тоа е дел од демократијата, која во овие услови
на сајбер комуникација е безмислосна, нема тајни и се се гледа, снима,
проследува, постира, нема рецензенти, нема заплена на книга, може
да има застој.На пример, замислете да ви запленат печатена книга, во
услови кога само со еден клик станува достапна за сите на интернет
просторот, а деканот заедно со ректорот и домарот влегуваат во
кабинет и изданието од сто и еден примерок го носат во подрум ;
четивото не го бендисал ректорот, а деканот толку му сече умот
наредил да влезат во кабинет и на раце ги изнесат книгите за
распаќето на УКИМ. Невидена реклама за книга која и не заслужува,
3
толку реклама, но врагот ја однел шегата, говори нешто многу
непријтно за оние кои седеа, седат на чело на факултетите и
ректоратот и слободно може да се рече абер си немаат што всушност
се случува, само да си помине мандатот и да си уживаат во фотељата
глумејќи раководство. Или, последнит случај, каква случајност со
проф. Илија Ацески, да му го хакираат службениот телефон, всушност
да го исклучат од мрежата на службените телефони, за што деканот
треба да добие тужба или нешто пософистицирано.

4
Корупција од А до Ш

Повик за индивидуално самоосвестување на ФБ мрежата и сајбер


просторот за професори на УКИМ.

5
Посакувано, пожелно, нужно
Се на едно место

А ЗА ПОЧЕТОК.Избори за највисоки звања, што најчесто, со изборот


на доживотно ( внимавајте ) звање , највисоко, на околу 50 години е
исто како човек да го пензионирате и да продолжи да работи или така
некако, да зема плата, а никој не може да побара од него никакви
обврски, не мислам на едно малцинство кое упорно се однесува како
да работи на првите десет на Шангај листата;
Урнисана претстава за тоа што значи Универзитет, во држава со 2
милиони население, со скоро 30-тина универзитети, како да станува
збор за држава со неколку десетици милиони жители, со стотици,
избројани се околу 600 -700 програми, само на Филозофски факултет
ги има околу 80, така пишува на сајтот на факултетот, со околу 80
редовни професори. Што прави државата, Министерството за
образование, МАНУ…
Б

БРОЈ НА УНИВЕРЗИТЕТИ.Како да го решите проблемот со големиот


број на универзитети, приватни и државни, од каде да почнете,
состојбата на мнозинството му одговара и да остане таква каква е,
интитуциите кои се повикани нешто да прават немаат сила, мислам и
на доволно знаење, начин и храброст ако сакате, а тие ако се пасивни
и незаинтресирани, останува лавежот на ФБ, па по некоја расправа, па
по нешто на медиум, па дури и проект како во МАНУ, демек ке
расправаме за ВО или партиски препукувања, кој повеќе урнисувал.
дали ние или тие или оние во тој стил, и толку, или мрморење по
ходници, во стилот ова не чини, тоа е страшно, и слично.

6
В

ВЛАСТА Е ГЛУВА.Урнисан распаднат а не интегриран Универзитет, со


невиден формализам, папирологја поголема од времето кога удиравме
на машини за пишување, како ли се нарекуваа, секој заклучен во
својот кабинет, делокруг, каде не постои ни елементарна
комуникација, само бендисан , автономен до немај каде, си живее и
преживува; Во рамките на вака поставена институција владее дух на
група составена од слепи и глуви, однсно или човек е слеп или е глув,
може и двете, а се во меѓусебна комуникација. Глува е власта, ние на
УКИМ сме доволно заслепени.Демек изборот за наставници го
потврдува сенатот, на избор кој претходно го потврдил наставно/
научниот совет на факултетот, или групата, кој претходно го потврдил
советот на групата, а претходно се договориле неколкумна, од разни
причини, пожелни се роднинско/непотистичко/партиски( има и такви)
за кандидат кој не е баш за професор на 40 и некоја, кој покасно
идеално се вклопув во средината.Па дури и глуми борец против
корупција , да видиш да веруваш. Но, тој е навлечен во борбата против
самиот себе.

ГЛАСНОСТ. Држава, се мисли на оној кој дава пари , колку -толку, не е


многу заинтересирана, само студентите и професорите да бидат
мирни, а се фала богу, како ќе рече една професорка во врвот на
партијата која е на власт; И Владата да ни ги намали платите, демек,
ние нема да протестираме. Во право е. За што да протестираме на
УКИМ. Мизерните плати не се доволни за протест. Распашаноста и
корумпираноста не ни даваат да протестираме на УКИМ.

7
Д
Студентите кои најголем дел живеат во страв дека ќе го изгубат тоа
што го немаат и не можат да го добијат доволно на УКИМ, а тоа е
знаењето, кое треба да ги направи слободни и креативни поединци.
Останува мистерија зошто млад човек кој навистина нема што да
изгуби да молчи и трпи и се надева, незнаејќи на што. До тој степен
системот ги уништува што ги довел до состојба да се помират и да
чекаат да дојде посакуваниот момент кога ќе бидат задоволни. Зависи
каде, некои во Завод за невработени, некои со пасош во рака, некои
некаде , некои навистина срекни, но голем дел унесрекени.

ЕВАУЛАЦИЈА. Оној кој еваулира, однадвор еднаш годшно или на две


години, не е битно, едноставно вели во духот на високата култура: не
ве бива за ништо, само толку завиено што просто мило вие да го
слушнете; Во суштина рака на срце надворешните евулатори од она
што ке понесат враќајки се онаму од каде дошле е по некое џезме ,
залутено со некој од македонските специјалите и салата македонска,
да рече дека напредувате, млади сте, малад универзитет само што не
неполнил сто години, а богами имате и многу млади универзитети,
недозреани , приватни и држвни ,а Вашиот е најдобар од Куманово до
Охрид .

ЖАЛОСНА ЕВАУЛАЦИЈА ОД ВНАТРЕ .Оној кој еваулира одвнатре се


изчудува на високите оцени од страна на студентите пред се за
професорите и студиите, само да не мисли сериозно, добро е да се
мајтапи со тоа, се мисли на студентите. Демек сите студенти да се
анкетираат, па анонимно. На една група за еден од подобрите
професори е избран професор или професорка сеедно, кој-а не доаѓал/
а на факултет десетина години од оправдани причини и тешки
последици за студентите, едноставно им се пишувани оцени, каклку да
се знае. Добро тој/таа доагал/а на работа ама еднаш до двапати
годишно, да не заборави кај се наоѓа факултетот. Други има кои
доаѓаат еднаш неделно, па еднаш месечно и нормално од мај до
октомври повремено, колку да се знае, на испит по правило, а кога е
досадно дома задолжжително и така. А зошто да доаѓаат е прашање
непотребно.

8
З
ЗАСЛУГИ ЗА ОЦЕНА 10.00. Дека професорите заслужуваат оцена
скоро десет, не е десет, девет и пол, за залагање, посветеност,
прочитавте претходно. Колку професорот е понепознат, колку не
влегува во интеракција со студентите толку е подобар, за
самоеваулација, неправи проблеми, ретко пишува петки. Таков имавме
еден на ФФ кој имаше стотици студенти, демек изборен предмет, но
еднаш ијладници кои во колона наредени им пишуа оцени на сите по
десет, колоната излегува надвор од предавалната и децата се
мајтапат, а што им останува. Баш во тој момент деканот беше на
расправа во ректорат на тема : Квалитетот на образовниот процес на
УКИМ, со посебен осфрт на ФФ. Така пренесоа медиумите. Еден
професор колку можев да видам и дознаам како е оценет од студентте
со висока оценка, не верувам дека е највисока, а го нема десетина
години на факултет, има проблеми и си зема плата ЗАМИСЛЕТЕ.
Колку е хуман факултетот, па греота е . Студентите, а тие добро нека
почекаат кога ќе се пензионира. Па дури побарал да му го продолжат
работниот век и му го продолжиле и сеуште трае. Добро, тоа не е
правило, исклучок е , но чуден малку . КОЈ Е ОДГОВОРЕН. НИКОЈ.

ЗАСЛУГИ КОИ СЕ ЗА СРАМЕЊЕ. Во коруптивни системи нема


одговорност има само привилегии кои се античовечки, неправедни,
уништувачки за едни а добри за други, тие најчесто таа состојба ја
монетизираат, тоа се деканите и по некој околу нив. Секој земал по
малку а тие најмногу. Зошто деканот да се праша за тоа како може
некој да пријавил 14 часа во еден ден и плус да зема вишок, нормата е
8 во неделата. Е како де, ајде нека некој одговори .Но и тој тоа го
прави, со 26 часа неделно, сконцентрирани во ден -два.

И
И ЦИНИЦИТЕ БИ РЕКЛЕ.Дека предавањата се организирани толку
рационално, што се случува и по десет часови во текот на денот да
имаме , или немаме не е битно и тоа заслужува скоро десет; Ќе остане
мистерија, сеуште се одгатнува како е можно професор да има десет
часови во текот на еден ден, па и консултации, но уште поголема е
како студент да има по 8 и повеќе часови. Циниците би рекле, можно
еденоставно нема часови. Но, пак нешто е нејасно: за кого по џаволите
9
тоа е ставено како задолжение. Има еден одговор,ама е толку чудесен
што навистина предизвикува морници: да се дојде до бројката 180
работни часови во текто на еден месец, или дневно по 8, па така му
дојде, што е логички, на пример, јас ставам денес 8 часа настава и
вежби се разбира, и уште осум друг дена тоа се 16 часа, и јас сум
релативно слободен другите денови, може консултации но тоа е веќе
друго нешто. Е ,што е овде корупција,коруптивен систем, со дури 180
работни саати, и едно чудо активности за кои нешто покасно ке
проговориме. Па некој тоа , ако го посматра од надвор ке заклучи дека
тука има нешто експериментално. Се разбира на хартија, АМА ЗА
ПРЕД КОГО.

КРЕАТИВНА ЕНЕРГИЈА ВО КОРУПТИВЕН СИСТЕМ.Дека има доволно


учебници, и тие може-треба-мора да се купат од сервисот или некој
покреативен начин, знаат економистите кои се тие. Зошто на УКИМ се
принудени да бидат корумпирани: едноставно добриот наставник кој
се дрзнал да напише учебник е принуден да го продава, а ако е
талентиран за трговија богами може и добро да спечали, како на
економски, на пример, плати, со уплатица, мораш или купи во кеш ,
има многу начини, студентот дојде на испит се размафта со книгата,
што може оптимистички да делува на профессорот. Коруптивните
системи во себе кријат многу нереализирана креативна енергија која
длабоко го барбати карактерот на учесниците и од нив прави креатури
од најразличен тип. Добар научник може да биде креатура од
професор. Закажал 14 часа во денот, плус консултации. А често има и
други активности во денот како, да јаде, се одмори, физиолошки
пореби, па состанок, и друго.( Види под Н /настава).

Л
ЛЕТНА СЕСИЈА. Дека најтешкиот испит, како велат го спремаат до пет
дена или некој ден повеќе, што е реално од пет/шест предмети во
текот на три месеци. Тоа е објективно време. А како да спремаат за
неколку месеци по пет и повеќе испити, поделено на денови тоа му
доаѓа за испит најмногу по десет дена, обично неколку. А мора да има
пролазност. Има на ФФ интерсни случаеви. На пример, студент слуша
редовни предмети, презапишани, ако е трета од прва година, кој еднаш
ги не/слушал и треба да ги полага, и така некако.
ЛИТЕРТУРА. Интересни сознанија кога подетално ке погледнете во
содржините на многу предмети, примерот на ФФ , ми е најблизок. Кога
10
ке видите во литературата на пример, препорачана студија од пред
триесет години која се однесува на осетливи содржини, особено кога
станува збор за социјалните науки.
Или, некои од професорите се фалат дека учествувале на десетина
научни конференции и објавиле трудови во списанија со фактор, и тоа
е за пофалба. Но кога ке погледнете во препорачаната литература
нема ни еден труд , што е малку чудно, или труд од евентуално некое
истражување, од кое треба студентот да учи.
Е сега дали тука има елемент на коруптивен систем. Има
неодговорност, некои активности на професорот немаат благе везе со
тоа што го запишал дека ке го предава, добро ке речете па тој скоро и
да не предава, но тоа е под П.( предавање, види)

Љ
ЉУТ Е ПРОФЕСОРОТ ШТО НЕ МУ СЕ ПРОДАВА КНИГАТА.А како да
не биде кабинетот му е како магацина, а нема идеја како да се
ослободи од нив.
Дека колку е лошо, но и толку е добро што немаат вежби и така не се
учи многу особено кога групата е над 50-60 па и сто студенти, но и
мали групи импровизација невидена. Колку процес на учење може да
има со групи од сто и повеќе студенти не е мистеријаа, се учи малку,
се разбира ако има вежби и што се вежба. Може се разбира по
предмет физичка култура кога стотина студенти може во исто време
да права склекови или да стават прст на чело и се прашуваат : каде
ние студираме и за што. Но тоа е нешто соема друго.

М
МНОГУ СТУДЕНТИ МНОГУ БОДОВИ ЗА НАСТАВНА ДЕЈНОСТ. Дека
консултациите со професор кој има десетици студенти е добра
небулоза да биде оценет дека е секогаш достапен; Во изборот за
највисоко звање има една ставка, не е чудна, би рекол дека е педантна
до тој степен што не треба многу ум да се заклучи за невероватната
прецизност и рационалност на системот.
Имено, ако вие имате сто студенти, во текот на семестарот и три или
четири предмети, сега се ограничи на четири и тоа е добро, но и не е,
не е важно, и ако тоа го помножите со, негде околу 0,1 бод сега
рачунајте ако баш немате друга работа, а секој студент, кобајаги
дошол на консултации, и полно бодови за наставна дејност, и од колку
се потребни да се крене рака за редовен, замислете кандидатот
11
остварил многу повеќе бодови, најчесто за три пати и повеќе.
Всушност ако има повеќе студенти повеќе бодови и оној несреќник со
илјада и повеќе студенти , замислете , за педагошки достигања ке има
над стотици бодови плус, што може да влезе во чудо над чудата.

Н
НА МОЈ ПРЕДМЕТ БОДОВИ ЗА ЛАБОРАТОРИСКИ ВЕЖБИ. Дека
примената на современи методи е многу присутна, само има еден
недостаток, обично не се знае што е тоа, затоа тоа е дел од културата
на корупција, демек применуваме модерни методи на учење, студентот
сам да измислува тема за семинарски , а гугл да му биде алатка. Еве
сосема случајн имам пред себе еден од прирачниците за студии, кои
се сеуште важечки и ќе важат се додека има некои кои даваат пари
да си играат мајтап професорите: стои за еден предмет, а може без
малку секој се разбира има исклучоци; 15.2 Вежби
( лабораториски,аудиторски) семинари, тимска работа. И види ,
мајкуму, тоа да биде еден предмет мене многу познат, заправо мој
предмет, за кој никогаш не сум имал лабораториски вежбиа а носи 30
часови и се разбира бодови. Не, ова не е корупција, не ова не е
неодговорност, не ова не е залажување, а што е. Незнам. Кога видов
дека 30 часаа се предвидени за лабораториски вежби е тоа си реков
мора да е нешто наместено.Има и позачудувачки и малку разбирливи
изливи на креативност, како на пример :самостојни задачи. Ако некој
на ФФ , особено оние кои се бават со педагогија и меодика , ви објасни
што е тоа , тогаш навистина сме длабоко загазиле во неповрат.

НАСТАВА. Професор/ка за ГИНИС или за срам и ќотек .Тука нема


елементи на култура на корупција, тука има елементи кои говорат за
распаднат систем. Значи не станува збор за професор кој нема книги
ии недај боже списанија со фактор, па конференции, насекаде и
слично. Примерот е земен НАМЕРНО, за да покаже неколку работи во
исто време. Другите се навистина случајни, но некои се земени со
намера да покажат дека и најдобриот професор, кој себе се смета за
врв во науката како себе се бламира кога мисли дека работи.
Еве еден пример на еден професор на Институт кој не му е местот на
ФФ но тоа во друга прилика, кој себе се смета и други го сметаат ,
колку се во право неме потреба да се дискутира, во право се но, да ги
видиме неговите активности, на полето на предавањето и
литературата. Без малку голем дел од распоредот на активностите се
слчни, како и литературата, со напомена дека има бетер но и подобри.
овде станува збор за мнозинство, кое креира дух кој владее.
12
Сите часови се ставени скоро во еден ден , понеделник четиринаесет,
и плус консултации од 12 до 14 цасот или 13 не е битно , во тој термин
има часови и замислете професорот има часови од 9 и 30 до негде 20
часот, да не ви се верува сите 14 часови во еден ден, (види распоред
на активности.Распоред на работни задачи 2018/2019, ФФ ,БОМ) за
професор кој навистина е доста афирмиран, има во фактор списанија,
има книги и богами многу колумни, отворен влегува во расправа, но
системот на култура го навел сите активнсоти на факултетот го стави
во понеделник од рани зори до касна вечер. Ова е за Гинис, и
највероватно ке го предложам. Друго што изненадува, покрај книгите
кои ги нуди за обавезна литература а ги има не е наведен ни еден труд
од многубројните фактор/списанија од кои треба да учат студентите
или од некој проект од кој исто така треба да се учи.

О
ОХО КОПИ-ПАСТЕ КРЕАЦИИ. Дека од еден краток увид на
семинарските и дипломскте , ретко за почит, се гуглани до немај каде,
сакам да кажам копи-пасте креации. Како еден наставник, теоретски
со дваесетина и помалку часови, со стотина студенти и околу четири и
помалку предмети може да има околу 400 семинарски, теоретски секој
студент, мора да изработи семинарска за што е бодиран, а може под
услов што е нормално професорот да ја прочита, даде, ако има
забелешки, пофали ако е добра.Но, ако даде забелешки повторно ја
погледа и даде заслужни бодови. Ајде нека се двесте му треба барем
по десет минути или 20 да бидеме сериозни и тоа е отприлика 200
писмени по 20 минити е рамно 4000 минути , еден саат има 60 минути ,
рачунајте тоа е е отприика , да не ситничиме околу 50 саати а тоа се 5
работни дена , по 10 саати , полно работно време плус прекувремена
работа.
И ајде сега не биди корумпиран, ке бидеш и ке пееш. А, во меѓу време,
дипломски, па магистерски и по некој докторат и тоа без асистент. И
така беше, сега е подобро на некои групи нема по стотина студенти,
туку дваесет запишале и паника, а група од не повеќе од десетина
професори, кои пред пензија, кој одамна е за пензија, кој навистина се
труди и се нервира и моли бога да го пензионираат, некој баш му е
гајле, а нема 50 години и веќе е редовен и ужива.

13
П

ПРОЦЕНКИ И ОЦЕНКИ ОД ОКО. Како ќе процените дека


семинарската носи 15 бодови, а треба да прегледате семинарска за
секој студент, кога имате сто студенти. Најчесто, групите кои се
привлечни, да речеме на ФФ и запишувааат, порано многу, повеќе по
сто студенти и иделално еден професор кој има четири предмети ,
теоретски да има 400 студенти. Како некому ќе му даде десет, некому
5 ,а некому 15 бода, или да се колеба меѓу 12 и 13 бода.
Коруптивните системи се длабоко бирократизирани и не дај боже
паметен профессор тргне по таа логика, јас само еден семестар се
трудев со околу 200 студенти и имам последици на совеста, кога се
двоумев да пишам, седум , осум или девет а незнам зошто, се до оној
момент кога студентите ја разбраа финатата, оди на интентет, симни
си дипломска или материјал и оп за неколку саати дипломаска ,
скоцкана , завиткана во целофан а може и да си ја купи, за мали пари.
Тоа купување еден период стигна до докторски тези, но тоа е засега
висока политика, не се знае до каде може да дојде, до која докторска
која седи негде во институциите на државата, Во предност се оние кои
си донесоа тези од надвор, нема докази, само сертификат кој не е баш
за на зид, но е добар за да се добие звање и би звање .

Р
ДИСКУСИЈА ЗА ВЕЖБИ, ШТО Е ТОА. Дека на прашањето : дали сте
имале можност да дискутирате на вежби, по некој ке рече да, но не се
сеќава за што; Процесот на подучување на најдобрите универзитети е
на прво место, без да подучувате нема студии, без да подучувате и
нешто се учи нема успех, вашиот труд е залуден. А како да подучувате
кога имате како една за пример добра професорка која сите часови 14
ги ставила, набила во еден ден плус консултации, а е добра. Ја земаме
за пример во позитивна, негативна и истовремено и позитивна и
негативна улога. Клтурата на корупција е чудесна.

С
САМО ДА ГО ЗАПАМТАМ ИМЕТО НА ПРОФЕСОРОТ.За тоа , дали се
сеќава на името на професорот кај кој полагал минатиот семестар, не
ве зачудува понекогаш студентот да рече дека станува збор за плава
професорка или прокелавен професор. Не би требало ова да го
коментираме, тоа е толку неверјатно, што убива во поим.

14
Т
ТРПЕНИЕ . .. се обновува секјдневно ПРИРАЧНИКОТ . Допиши ако
имаш…

15
1 od 1

You might also like