You are on page 1of 2

НЕГАТИВНИ ВЛИЈАНИЈА НА ТЕХНОЛОГИЈАТА ВРЗ ЗДРАВЈЕТО

НА ДЕЦАТА

Со постоењето на компјутерите доаѓа до нивно масовно користење, не само во


науката туку и во секојдневните животи на граѓаните. Интернетот и општо
компјутерите ни овозможуваат доаѓање до нови сознанија, во областа на сите
науки, полесно спроведување на истражувања и испитувања, поедноставно
наоѓање на информации и учење на истите, меѓусебна комуникација... па и на
некој начин, компјутерите, ни ги олеснуваат животите.
Често се вели дека порано, пред да постојат компјутерите, животите биле
поинакви. Ова не доведува до поставување на прашањето: дали светот сега е
„подобар“ или „полош“. Ова прашање, пак, отвара многу широка, дискутабилна, па
на некој начин и контроверзна тема.
Јас, како индивидуа, чијашто генерација беше последна, или една од последните
генерации коишто растевме без електронски уреди, сметам дека моето/нашето
детство беше значително позабавно, поинтерактивно, послободно и
попродуктивно. Излегувавме надвор и седевме со часови на улица, играјќи си со
нашите другарчиња. Денес, многу е ретка појавата на дечиња по улиците и
дворовите, детскиот џагор едвај се слуша дури и по училишните дворови.
Компјутерите, ноншалантно им се даваат на децата, уште од раната возраст, што
според мене го забавува, па дури и уназадува нивниот ментален и физички развој.
Да продискутирам малку повеќе на оваа тема и да објаснам зошто разислувам вака
(пред да започнам, сакам да нагласам дека сум свесна дека не станува збор за сите
луѓе, но дека сепак голем број од луѓето функционираат на ваков начин):
Секоја наредна генерација на родители е веќе, дури па и зависна од компјутерите
и од новата технологија. Според мене, сметаат дека одлуката да им дадат таблет
или телефон на своите, мали, деца е добар „животен хак“, за да ги смират или пак
да ги натераат да јадат. Можеби и несвесно, но сакаат да скршнат по полесниот
пат, не земајќи во предвид дека на нивните, веќе созреани, мозоци им биле
потребни години за да ја совладаат оваа технологија.
Децата се занемаруваат и се оставаат со игри и видеа, кои не се ни на нивниот
мајчин јазик, којшто можеби сеуште не ни знаат да го зборуваат. Се намалува
интеракцијата родител-дете, а со тоа и дете-дете. Долгочасовното „зјапање“ во
монитор, доведува не само до можна оштета на очите, туку и до оштетување на
нивното ментално здравје – се нарушува квалитетот и должината на сонот,
капацитетот на одржување на вниманието, способноста и желбата за
комуникација...
Освен ова, да не заборавиме дека интернетот е место кадешто можат да се сретнат
секакви информации, позитивни и негативни, точни и неточни. Како што детето
расте, со влијанието на социјалните мрежи, така и се форсираат некои начини на
живот и како една млада личност би требало да изгледа, со што се намалува
нивната самодоверба. Со други зборови, тоа што сакам да го кажам е дека, освен
тоа што го нарушува детето на интелектуално и ментално, технологијата зема
замав и на емотивно и физичко ниво.
Технологијата е добар слуга, а лош учител – сите позитивни ефекти и „плодови“,
неконтролирано дозирани и неправилно избрани оставаат, очигледни, негативни
последици врз развојот на младиот детски ум, психа и живот.
Педагогијата во иднина би требало посериозно да се занимава со количината и
содржината на техничката понуда врз младината.

You might also like