You are on page 1of 2

Се живее ли на пуст остров?

Изборот е наш. Како ќе живееме? Самотнички или социјализиран живот?

Клаудија Лутовска

Секогаш имаме избор. Но, знаеме ли зошто правиме „таков избор“, каков што сме го направиле?
Како сме стигнале до тука?

Постојат многу теории кога човекот се отуѓува, посакува да се исклучи од општеството,


семејството, па дури и од себе си.

Очекувајќи дека новото време на информации кои се достапни за секого, глобализацијата која ни
се сервира на начин преку кој прво ни се сервира изолација а, потоа глобалност, каде
единствениот прозорец кон светот е мобилниот телефон, компјутерот и интернетот. Една од
важните одлики на човекот е неговата зрелост. Покрај физичката зрелост, еден од важните
моменти е психичката зрелост, и онаа на која повеќемина забораваат (а најчесто ја забораваат
родителите) емотивната зрелост.

Хендикеп на денешницата е што емотивната зрелост најчесто останува на маргините од


едукацијата, воспитувањето и поддршката од целокупниот систем на општеството. Информациите
го бомбардитаат емотивниот стадиум на личноста, и доколку емотивниот момент не е подготвен
за толку многу информации, а најчето во млада возраст и не е, предизвикува создавање на
сопствени бариери од страна на младиот човек- примателот на информациите. Сите тие удираат
по неговата самодоверба, и многу често му создаваат чувство на немање на сопствена вредност.

Изместени се границите на моралот, изместени се вредностите на традицијата и верата, и во цел


овој информациски хаос и лавиринт, постои голема веројатност да се себе изгубиме.

Констатацијата дека депресијата по дефиниција е стадиум во кој се наша личноста која има
потреба да се повлече за да се себепронајде, некако е разнишана од новот време. Изолираноста ја
наметнува општеството. Со менување на навиките за социјализација од најрана возраст преку
воспитниот и образовниот систем, како да зборуваме за „принудна депресија“ создавајќи
зависност од друга димензија, влегување во дигитален свет, кој најчесто индивидуите го
монтираат на нереални основи.
Најчесто зборуваме за среќа, и кога е човек среќен? Кога ќе се излачат четирите хорнони на
среќата. Од кои едниот е поврзан со љубов, а другиот со успех. За тоа се потребни други лица, што
значи дека е “тешко да се биде среќен на пуст остров“, односно да се биде среќен „на лажниот
дигитален остров“.

Поголемиот дел од денот Никола го поминува на интернет. Тоа е неговиот свет. Неговиот изглед е
со неприродна белузлава и тенка кожа, понекогаш има и подочњаци од немање на осет за
времето од гејмање, а деновите си поминуваат. Начинот на кој живее го изолираат од околината,
за него постојат само ликовите од заедничката игра, во која секој се себеизмислил. Каде води сето
тоа? Каде води неговиот пуст остров?

Ана го обожава огледалото, мобилниот, најразлични фото филтери за фотографиите кои ја


обезличуваат и нејзината физиономија и нејзиниот изглед до непрепознатливост, а нејзините очи
се навикнуваат на производот од нејзната камера. Таа повеќе не го сака и не го почитува
сопствениот одраз во огледалото, ја храни својата не самодоверба, и нејзиниот живот се сведува
на живот на социјалните мрежи, живот во фотографии. Таа го воспоставува „својот пуст остров“.

Да го споменеме и изгубеното – односно вложеното време, во моментална лажна перцепција и


продуктивност. Губењето на релација со надворешниот свет, ќе го создаде истиот ефект кој го
носат сите радикални промени. Таму- во надворешниот свет ќе успеваат обие кои функционираат
во надворешниот свет. Во виртуелниот свет ќе успеваат оние кои научиле да го употребат
виртуелниот свет. А оние останатите ќе станат зависници, заглавени во нереалното, ќе воспостават
„пусти острови“ на кои тешко ќе ја воспостават функционалноста и егзистенцијата.

Кој и да го создаде ова време на промени, свесно или несвесно, создаде премногу гапови и
негативна реперкусија по младиот човек. Заканата е огомна: обезличување, немање на
самодоверба, лажни амбиции и заблуда, токсичност на наравот, блокирање на реалноста. Како да
се воспостави балансот помеѓу нереалниот виртуелен свет, огромната количина на непотребни и
контаминирачки информации, и да се препознае вредноста на животот во заедницата и избере
најкорисниот дел од дигиталниот свет?

И секако се поставува дилемата: се живее ли на пуст остров? Која одлука сме ја донеле, како ќе
функционираме?

You might also like