You are on page 1of 3

Осудување на луѓето според идеите/ убивање на креативноста

Во свет полн со креативност, ние започнавме како суштества слични на било


кое друго животно, и стигнавме до состојба каде што се наоѓаме ден денес со
врвна технологија. Имено идеите се оние кои што не довеле до денешниот
развиток, а најчест одговор на луѓето на нови иновации е прифаќањето,
интересот, па дури и надградување на истите. Но во спротива исто така се
среќаваме во време каде овие идеи биле сузбиени и одбиени. Ова доведува до
честа дилема, „зошто луѓето одлучуваат да ги отфрлаат различните идеи?“
Ова е во тесен однос со поимот „колективизам“, каде што луѓето повеќе ја
сакаат идејата да припаѓаат во некоја група, а со тоа ги прифаќаат нивните
норми и вредности, отколку да размислуваат за нивните желби и нивната
слобода. Со самата оваа појава, често се случило да се исфрлаат нови идеи кои
не биле во согласност со вредностите од околината. Како најдобар пример за
тоа, можиме да ги земеме научните откритија од минатото, кој што биле
исфрлани, игнорирани, па и нивните пронаоѓачи биле на некој начин „казнети“
или прогонети за самата помисла. Иако во нивно време нивните идеи се сметале
за невистинити, во денешно време се од многу големо значење за целата
историја на човештвото. Галилео Галилеј тврдел дека Земјата се вртела околу
Сонцето, а не обратно како што тврдела Црквата. Во тоа време,од страна на
свештенството тој се сметал за ерес, односно отстапувал од учењето на
официјалната црква, при што му забраниле од понатамошно истражување.
Често овие идеи биле отфрлени и од страна на владетелите со цел да поседуваат
повеќе моќ, или да не пречат во моќта што веќе ја имале. Нацизмот на пример,
ги отфрла научните истражувања со цел да задржат контрола врз власта.
Некогаш едноставно на луѓето им е страв од новото, непознатото, различно од
нормите или само од незнаењето. Неизбежно е постоењето на рамнотежа
помеѓу вредностите на една група, но и прифаќањето на новите вредности.
Оваа тема е од голема важност и за денешните и за идните генерации. Често
ова отфрлање и спречување на нови идеи и иновации кои што отстапуваат од
нормите на општеството е резултат на колективизмот и немање на „свое јас“.
Ние мораме да ставиме вредност на нашата индивидуалност и да останиме со
современи размислувања кон нови идеи, всушност да размислуваме за самите
себеси, а не според вредностите на нашата околина. Со спротивставување и
отфрлање на различните идеи, не само што се забавува развитокот на
човештвото и нашиот свет, но исто така и го ограничува нашето размислување,
нашиот идентитет и креација.

Рамнотежа помеѓу разумот и чувствата

Нешто својствено за човекот што го прави „над другите суштества“ е неговиот


развиен разум и развиени чувства – две особини кој што на еден начин одат
еден против друг. Емоциите се ирацонални, а логиката рационална. Човекот е во
константа дилема: дали да дејствува врз неговиот разум, или врз неговите
чувства? Врз разумно размислување или врз инстинкт?
Разумот е онај дел кој што ни овозможува да ги сознаваме и разбираме
информациите.Ни обезбедува критички размислувања и анализа, да ја
процениме ситуацијата што не доведува до носење на рационална одлука.
Чувствата од друга страна, се важен белег на човекот кои не можат да се
игнорираат или занемерат. Тие се израз на човекови односи, на хуманоста.
Преку чувствата ние искажуваме љубов, грижа, радост, тага. Чувствата се
причината за креацијата на човекот, чувствата се причината поради што се
направени најпознатите литературни и уметнички дела во светската литература.
Љубовта на Петрарка е еден од примерите за разум и чувства на еден човек.
Неговиот разум знаел дека Лаура никогаш нема да ја возврати неговата љубов и
во стиховите тој ова го признава, тој имал сознание за тоа дека нивната љубов е
невозможна и често се прашувал дали неговата љубов е воопшто морална, но
неговите чувства преовладувале и тој сепак пишувал за неа. Задачата на човекот
е да се најде рамнотежа меѓу разумот и чувствата. Од една страна, човек без
чувста, но со разум станува апатичен, бесчувствителен, го губи делот од него
што е „човек“, а човек без разум кој дава прекумерен акцент на чувствата може
да донесе неразумни одлуки и да се изложи на ризик. Во многу аспекти од
животот ние треба да ставиме рамнотежа ,на пример во изборот на кариера. Од
една страна, значајно е да се избере кариера што ќе обезбеди финанска
стабилност, а од друга страна значително е да се избере кариера што ќе не
исполни.
Мозокот ние можеме да го замислиме како една загатка. Ние не можеме да ја
добиеме целосната слика освен ако сите делови не се на едно место. Нашите
емоции нас можат да не доведат до заблуда, до нечиста слика и мораме најпрво
да го искористеме разумот, да разбереме и потоа да чувствуваме. Не може човек
да постои без разумно размислување, но исто така не може човек да постои без
своите чувства. Всушност, ова не претставува дилема, туку треба да се долови
потребата за правилна рамнотежа помеѓу двете.

Лицемерие

Лицемерството е феномен што често се јавува во различни аспекти од нашиот


секојдневен живот. Тоа се појавува преку двојни стандарди, кога нашите
постапки не се во согласност односно се спротивни или различни од тоа што го
велиме ,а често лицемерието може да биде ненамерно.
Општеството има значајна улога во лицемерието со кое се сретнуваме
секојдневно. Во многу општествени и професионални услови, постои притисок
луѓето да се усогласат со воспоставените норми и очекувања. Оваа усогласеност
може да бара од поединците да ги кријат своите вистински верувања, емоции
или идентитети во корист на социјално прифатливите норми. Стравот од
отфрлање или осудување не принудува да ставиме „маска“ на нашето лице, што
честопати е во спротивност со нашето „вистинско јас“.Често го забележуваме
лицемерието кај другите, но не ги согледуваме своите карактерни недостатоци.
За да го надминеме лицемерието, првиот чекор е свесноста а потоа признавање
на нашите грешки и нашето лицемерие. Со подобрувањето на самите себеси
ние можеме да го надминеме тоа, да работиме нашите постапки да се во
согланост со нашите зборови, и да ја симнеме таа лажна „маска“ од лицето. Но
иако имаме сознание дека лицемерието е лоша особина за карактерот на
човекот, ние сепак се служиме со таа лицемерност за да ги достигнеме
зацртаните цели. Одличен пример за лицемерие доловил францускиот писател
Жан Батист Молиер во своето дело „Тартиф“. Во светско познатото дело,
главниот лик поседува особина која што ни е добро позната во секојдневниот
живот, лицемерието. Читајќи го делото ние ја согледуваме дволичноста на
Тартиф и го осудуваме за неговите постапки. Но да се запрашаме: дали ние би
го сториле истото за да ги достигнеме своите стремежи и цели во животот?
Колку и да не сакаме да признаеме, дел од нас знае дека ако сме во неизбежна
ситуација би се однесувале исто толку дволични и лицемерни како Тартиф.
Лицемерието е сложена појава која е дел од човековото постоење низ
историјата. Тоа е дел од нас кој служи како потсетник за нашата вродена
сложеност како човечки суштества. Преку самоиспитување и посветување на
нашата автентичност, можеме да го надминеме лицемерието, што на крајот ќе
доведе до личен раст и почесно и сочувствително општество.

You might also like