You are on page 1of 2

Смел човек во сè е подобар

Секој прави нешто што смета дека е смело. За некои луѓе тоа можеби е да фатат и
да отстранат некој инсект, затоа што некој нивни близок е алергичен на инсектот,
Други може да сметаат дека смелост е ако му признаат на наставникот дека мамеле на
тест. Смелоста може да се покаже на многу начини, но сепак е истата работа. Тоа не е
кога си бестрашен, туку е кога си подготвен да ги победиш своите стравови. Смелост е
кога можеби треба да скокнеш од карпа без падобран за да спасиш некого. Но
скокањето од карпа без безбедносна опрема, само заради забава воопшто не е исто.

Смелоста се изразува и преку доведување на себе си во незгодна ситуација за да се


спаси или да се помогне на друга личност. На пример, можеме да ги наречеме мајките
смели зашто тие го жртвуваат својот сон за да внимаваат на своите деца. Наставниците
се смели зашто го поминуваат слободното време да смислат поинтересни задачи за
своите ученици. Пожарникарите се смели зашто спасуваат луѓе од запалени куќи. Затоа,
смелоста е давање дел од себе за доброто на другите, а со тоа и ние стануваме
подобри.

Смелите луѓе поседуваат и длабок инстинкт. Тие обично не размислуваат за некоја


смела работа што ја прават, не се двоумат и само постапуваат. Ако прашате некоја
смела личност зошто направил нешто што направил, тој ќе одговори дека едноставно
не знае.

Смелите луѓе прават промени во светот. Ако во светот немаше полицајци,


медицински сестри или чувари, тоа ќе беше многу поинакво место. Смелоста е важна
за да може да се развива светот.
Големите луѓе оставаат вечни дела

Човекот е привремено на оваа планета но она што останува по нас е она по што нè
паметат и што ја одразува вредноста на секој живот. Тоа се делата што нè следат во
животот како верен придружник и остануваат по нас.
Секоја личност е на овој свет со причина, со мисија што треба да ја исполни. Сите
сме „кројачи“ на нашата среќа. Сите си го прилагодуваме животот на најдобар можен
начин, правејќи ја планетата дом за сите нас. Ова го правиме со создавање на нешто
што ќе остане по нас. Секој човек на овој свет ќе остави нешто зад себе, по кое ќе
биде запаметен, било да се тоа помали или поголеми дела, но сепак запишани во
нашата историја или во историјата на светот.
Таквите дела можат да бидат во најразлични форми. Тоа можат да бидат наши
добродушни постапки, помошта што некому сме му ја дале и сме го направиле среќен,
ако не за цел живот, барем за момент. Било да е совет или убав збор, важно е да
направиме некое незаборавно дело. Она што останува по нас се нашите дела, начинот
на кој им помагаме на најблиските, семејството и пријателите.
Но освен нашите дела што остануваат и се важни само за неколку луѓе, има и такви
луѓе чии дела се важни за целата нација и целиот свет. Такви се уметниците кои
оставиле зад себе бројни дела, значајни за културата и така оставиле скапоцено
наследство. Исто толку значајни со своите дела се научниците, кои помогнале да
напредува науката, и да се спасат или подобрат животите на сите луѓе.

Делата се она што нè опишува, нè одредува како добри луѓе, способни да прават
добри дела. Секој живот и секое добро дело е скапоцено. Животот и луѓето во него се
минливи, но она што останува зад нив е вечно, а тоа се делата, без разлика дали се
големи или мали.

You might also like