You are on page 1of 1

Човекот е најизбраното видливо Божјо создание, бидејќи меѓу сите

суштества на земјата, само тој е надарен со разумен ум, со благородни


чувства и слободна волја. Човековиот живот на земјата е краток и на
неговиот пат стојат секакви пречки, но и безброј можности за успех. За да ги
избере правилните треба да донесе правилна одлука. А една одлука е
правилна доколку се темели на желба. Доколку нема брза и сигурна одлука
за реализација на она што се посакува, тоа ќе остане само желба. А што е
полошо од тоа да останеш без спознание? Спознанието значи будење,
будење на својата свесност. Неретко се вели дека будењето е најубавата
вистина на овој свет. Затоа Сократ рекол: „Несвесниот живот не е вреден да
се проживее!“
Човекот е избраното Божјо творение и пак не е совршено,подложно е
на грешки и грешенија и се разбира затоа и е поставена, формула за
исправки преку покајание. Но сепак грешките ќе постојат засекогаш,но да се
надеваме да бидат минорни. Добро рекол Ајштајн: “Секој којшто не згрешил
ништо, никогаш не пробал нешто ново!”. Некои грешки навистина се вредни
да се направат, затоа што така ќе научиме од нив и ќе продолжиме напред.
Па да, човекот е грешен, тоа ни го кажува и Библијата. Се сеќавам на
приказната за Каин и Авел, кога Каин ќе го убие својот брат Авел од завист и
љубомора. Тоа е првото убиство- првото зло. Ништо на планетава не е
совршено, па не е ни човекот. Грешен е и прави грешки секој ден од
неговиот живот. Но што би биле ние без нив? Не би можеле да го
пронајдиме својот пат, вистинскиот пат. Да не заборавиме да ги споменеме
и другите работи кои не водат во животот: љубовта, желбите, пријателите...
Секој трага по љубовта, така таа го движи светот. Таа постои за
човекот да може да опстои. Таа е божји дар кој може да допри до
длабочината на секоја душа. Празна би била душата без неа, празна
ледина. Празна би била и без пријатели, без тие скапоцени дарови кои
секогаш се тука до тебе да те подржат, да те турнат напред кога ќе
застанеш, да те расположат, да те развеселат, да променат нешто.
Тајната на сите промени кај човекот лежи во самата желба за промена.
Желбата е потреба да бидеме повеќе и повисоко од тоа што сме. Единствен
начин да се постигне успех е да постои желба. Но ништо од тоа без знаење,
без образование. Училиштето е дом во кое се стекнуваме со најважните
лекции во животот. “Добродетелта е знаење!”- Сократ. Кога човек би знаел
што е добро, тоа и би го правел. Образованието овозможува развиток на
човековите способности.
“Човек почнува да живее кога ќе успее да се надживее себе си!”-
Ајнштајн. Човек почнува да живее кога ќе се пронајди себе си!
Самосвесноста, како готовност да се биде тука и сега, е најубавото нешто
што може да му се случи на секој човек. Тоа е повторно раѓање, преземање
контролата над сопствениот живот. Да се спознаеш значи да се пронајдеш.
Романот “Демијан” од Херман Хесе најдобро ни го покажува тоа. Таму
младиот Емил Синклер премина преку секакви препреки, тешки лекции и
многу искушенија, за да дојде до себеси. Тоа е патот кој секој од нас треба
да го помине.

You might also like