You are on page 1of 1

Моето место во заедницата и планови за иднината

Секој човек е роден со нешто единствено,но и автентично и истиот тој човек има способност да створи и
осмисли нешто посебно и впечатливо за него.Сите ние ќе најдеме некое место и средина каде ќе го
пронајдеме нашето јас кое од мали сме мечтаеле за него.Прифаќањето на некој нов и неискусен во една
средина е важен и пресуден фактор кој ќе допридонесе за понатамошни успеси.

Во животот е голема предност да имаш некој кој ќе ти каже како всушност се вистинските страници на
животот.Во какви редови и подредови се напишани,а и како да ги прочиташ луѓето меѓу редови. Животот се
заснова на црно и бело,на успони и падови,но начинот на кој се справуваме прави голема разика.Секоја
страна од него е нов предизвик,нов проблем,нова равенка.Во таа равенка човекот треба да ги истакне
неговите стекнати знаења и на било кој начин да ја реши.Во животот секоја равенка е со решение,а и секој
проблем исто така.Јас ја имаав таа среќа да до мене секогш имав поддршка и некој кој ме чува низ годините
и ми укажува на секој ризичен и мрачен момент во кој би можела да се најдам.Тоа беше мојата сестра која
несебично беше посветена кон мене и ме подготвуваше за животот кој ме чека надвор од средношколскиот
праг.Сега веќе сум на мало расојание да го поминам тој праг и да продолжам со животот.Средното
медицинско училиште ми донесе многу искуства кои верувам ќе ми послужат во деновите кој ме чекаат
понатаму во животот.Желбата од секогаш ми беше да бидам дел од него и никогаш не се покајав што станав
ученик во него.За овие четири години не само што ги продлабочив моите знаења,туку станав зрела и
возрасна личност.Медицината како наука е пространа и широка област.Дури 64% од луѓето во нашата
држава се токму во областа на медицината.Привилегија е да се носи белиот мантил,но предизвикот и
одговорноста се безгранични.Во едниот џеб на мантилот се носи Хипокатовата заклетва,а во другиот срцето
и душата која неизмерно ќе бидат поребни низ овој пат кој е вчудоневиден.Секој пат е исполнет со
препреки и предизвици со кои треба сурово да се бори и да не дозволуваме во ниту еден случај да бидеме
поразени.На крај од таа битка важна е победата и успехот вложен во борбата.Низ годините ќе се сретнеме
со многу битки како на работен план,така и низ животен план.Семејството како посебен дел од
животот,нешто интивмно,нешто исполнително,нешто мое.Себични сме кога е во прашање семејството и
нашите најмили и тоа така треба да биде,кога семејството е среќно и задоволно се во животот е многу
подобро.Зад секој успешен човек стојат силни и горди родители ,а кога ќе погледнето во нивните очи
гледате само спокој и задволство.Сите ние сме жедни да си го живееме животот во среќа и мир,со нашите
најблиски и најсакани.

Mојот сон полека станува реалност.Со сигурни чекори чекорам по патот кој го избрав сама.Цврсто сум
решена тој да стане реалност и на крајот конечно да се засладам со усхот кој нетрпеливо ќе го чекам.

(484 зборови)

Вероника Боцевска IV2 MЛСТ бр.5

You might also like