You are on page 1of 110

Едиција

Дијалог
Издавачка куќа:
Бата пресс милениум д.о.о.
Бул. Партизански одреди 72/105
1000 Скопје

За издавачот: Филип Баткоски

Главен уредник: Ненад Баткоски


Лектор: Весна Костовска
Интернет маркетинг: Марица Баткоска
Комјутерски дизајн: Арт студио Бата прес
Прво издание
Печат:
АРТ&АРТ СТУДИО БАТЕВ д.о.о.е.л
Тираж:
1000 примероци

CIP − Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“,
Скопје
140.8
ГЛАВИНАЦ, Горан
Уметноста на живеењето / Горан Главинац. − Скопје : Бата прес,
2017. − 110 стр. ; 21 см
ISBN 978−608−253−038−3
а) Популарна психологија − Поглед на светот
COBISS.MK-ID 102955274
Горан Главинац

Уметноста на живеењето

Бата прес
Скопје, 2017
Би сакал да ја истакнам мојата голема благодар-
ност до сите роднини и пријатели кои ме поттикнаа
да ја објавам оваа книга и со своите совети и суге-
стии го збогатија текстот, како и до издавачот кои
решија да застанат позади објавувањето на книгата.
 
Благодарност до писателот Милован Стефанов-
ски кој го пречисти и збогати текстот.

Благодарност до академскиот сликар Армандо


Алемдар кој со својата прекрасна слика “Визија” ja
разубави и продлабочи корицата на книгата.
Содржина
ВОВЕД............................................................... 7

ЖИВОТОТ НА ЛУЃЕТО
НИЗ ИСТОРИЈАТА............................................ 9

СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ.............................. 17

ВЕРБА................................................................. 25

АВТОРИТЕТ....................................................... 33

СЛОБОДА........................................................... 39

УЖИВАЊЕ И СТРАВ........................................ 45

МИСТЕРИЈАТА НА СМРТТА.......................... 53

ТРАНСФОРМАЦИЈА......................................... 59

ПОСЛЕДИЦИ ОД
ТРАНСФОРМАЦИЈАТА................................. 84
ТРАНСФОРМАЦИЈА НА

ОПШТЕСТВОТО............................................... 96

ЕПИЛОГ.............................................................. 108

БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ.................................. 110


ВОВЕД

Почитуван читателу,

пред Тебе се наоѓа книга која настана како вна-


трешна потреба некои мои перцепции, размислувања
и чувства да ги споделам со тебе. Овие перцепции се
плод на различни извори.
Дел се од книги, дел од разговори или случувања.
Најголемиот дел се резултат на директна перцепција
на она што се случува околу нас.
Она што е важно и коешто би сакал да го потен-
цирам е дека сите идеи и сугестии и размислувања
без разлика од кого се презентирани, не треба да ги
прифатиме без размислување, туку треба да ги преи-
спитаме и да ги најдеме во себе.
Во тој дух е напишана и оваа книга. Таа нема да
наметнува ставови или решенија туку, ќе сугерира
факти и ќе укажува на една состојба која би можеле
да ја најдете во себе.
Никој не може да го оствари тоа наместо вас.
Ве уверувам, дека без разлика на надворешни-
те околности во кои живеете, полот, возраста, секој
може да ја пронајде таа состојба, каде и да се наоѓате
на оваа наша прекрасна планета.
Преку оваа книга ќе се обидам да ви ја прибли-
7
Уметноста на живеењето
жам таа прекрасна психофизичка состојба и покрај
тоа што сум свесен дека можеби зборовите не можат
веродостојно да го објаснат чувството. Исто така, ќе
укажам на некои состојби, постапки и чувства кои ве
приближуваат или оддалечуваат од таа состојба.
Таа состојба автоматски ни овозможува да жи-
вееме радосно и слободно и токму затоа насловот на
оваа книга е „Уметноста на живеењето“.
Доколку, за барем еден од вас, кои ќе ја прочи-
таат оваа книга, таа биде од помош на ова патување,
тогаш мојата задача како автор ќе биде исполнета.

8
ЖИВОТОТ НА ЛУЃЕТО
НИЗ ИСТОРИЈАТА

Првите знаци за постоење на човекот датираат


од пред повеќе милиони години. Археолошките ис-
тражувања јасно ни ја прикажуваат линијата на раз-
војот на луѓето.
Сепак, денес ова претставува поле на конфликт
помеѓу дел од религиозните луѓе (кои сметаат дека
еволуцијата се коси со нивните религиозни верувања
дека Бог е тој кој го создал човекот) наспроти привр-
заниците на Дарвиновата теорија за еволуција на ви-
довите, (кои сметаат дека со оваа теорија се докажу-
ва дека човекот е создаден од животински предци без
никакво друго влијание).
Бидејќи еден од постулатите на книгава е дека
ќе се обидеме да ги надминеме сите конфликти, на
ова прашање мора да му пристапиме како и на сите
други тешки прашања: без предрасуди, со чист ум,
без никого да осудуваме или славиме, со единствена
желба да се приближиме до вистината.
Најпрво, очигледна е физичката еволуција на
видовите. Таа е докажана на многу сериозно научно
ниво и како таква нема основа да ја спориме или да
9
Уметноста на живеењето
се сомневаме во неа.
Оваа теорија не само што е докажана туку се по-
клопува со еден очигледен природен тек на работи-
те кој го гледаме насекаде околу нас, а исто така се
случува и во вселената: се што е материјално, видли-
во, константно се движи, ја менува состојбата во која
се наоѓа и на крајот се распаѓа.
Но, дали тоа навистина се коси со постоењето на
Бог и верувањата на религиозните луѓе дека Бог го
создал човекот?
Религијата е еден исклучително важен елемент
во животот на многу луѓе во текот на целата човеко-
ва историја и од таа причина треба да ѝ посветиме
големо внимание.
Овде би сакал да укажам на некои детали.
Кај голем број на религиозни луѓе низ целиот
свет, без разлика на името на религијата која ја сле-
дат, постои верување дека бог е креативна сила која е
свесна, интелигентна и која е одговорна за постоење-
то на сè што е живо.
Ова верување со ништо не е во спротивност со
теоријата на еволуција на видовите бидејќи како и
да се создал животот очигледно е дека тој е во по-
стојана состојба на промена која укажува на поимот
еволуција.
Сепак постојат религиозни луѓе кои сметаат дека
при создавањето бог не ги создал сите живи суштест-
ва со еднаква важност - човекот е тој кој е веднаш до
Господ, тој кој ја има честа да комуницира со Бог, да
ги прима неговите пораки и да биде раководител на
животот на земјата.
Ако одиме малку подлабоко ќе забележиме дека
само одреден број на луѓе ја имале таа среќа или
привилегија да комуницираат со Бог и да ги слуш-
нат, а потоа и да ги пренесат овие пораки, животни
правила и принципи на останатите луѓе. Овие луѓе
ги има низ целата човекова историја и во сите рели-
10
Горан Главинац
гии, ги нарекуваат на најразлични начини, а ние за
потребите на оваа книга за полесно комуницирање
ќе го користиме името кое е најуниверзално, а тоа е
терминот пророци.
Оваа теорија се базира на верувањето дека Бог
ги создал луѓето од самиот почеток во сегашниот об-
лик.
Ако веруваме во хиерархиската поставеност на
живите суштества поставена од интелигентна креа-
тивна сила, тогаш постои реален конфликт со Дарви-
новата теорија.
Овој конфликт е реален бидејќи двете не можат
да бидат точни ≠ едноставно се исклучуваат една со
друга.
Ако имаме хиерархија по важност тогаш човекот
не може да биде директен животински наследник,
туку е креиран од жива и креативна сила во сегашни-
от облик, а влијанието на еволуцијата е минимално
(само од аспект на основно прилагодување на усло-
вите за живот).
Она што е интересно е дека и во теоријата на
еволуција постои еден период кој е пред околу педе-
сет илјади години во кој човекот има скоковити про-
мени поврзани со начинот на живот, размислувањето
и односот кон сè што го опкружува. Не е сосема јас-
но на што се должи овој брз напредок во тој период,
единствено е јасно дека е поврзан со развитокот на
умствените способности. Можеби би можеле да ја
земеме во предвид можноста некоја надворешна, ин-
телигентна сила да имала влијание на овие промени
кои настанале кај човекот и го направиле сличен на
обликот кој, тој го има денес. На тој начин и двете
теории би се доближиле и би биле пофлексибилни и
објективни.
Со овој пример би сакал да посочам дека секо-
гаш постојат можности да се доближат ставовите и
да се избегне конфликтот.
11
Уметноста на живеењето
Ние нема да се занимаваме со тоа кое од двете
гледишта е точно доколку, воопшто постои такво
нешто. Наша задача е да ги погледнеме овие пра-
шања такви какви што се без никакви однапред под-
готвени одговори, сценарија и заклучоци. Само така
можеме навистина да се доближиме и да ја осети-
ме вистината која секој човек, и дарвинистот и ре-
лигиозниот без разлика на возраста, полот, бојата на
кожата, националноста, насекаде низ светот, свесно
или несвесно, ја посакува.
Тоа што е карактеристично за пристапот во овие
гледишта е класифицирањето.
Дали сè што е живо околу нас е само различен
вид на манифестација или пак човекот е посебен вид,
различен од другите, и тука е поради некоја посебна
причина и со некоја посебна цел?!
За луѓето идејата за посебноста на човекот во
секој случај е поинтересна и поприфатлива отколку
ставот дека сме еднакви по важност со сите други
животни форми и манифестации.
Дури и оние кои говорат за еднаквост на сите
видови во голем број на случаи, интимно чувству-
ваат дека човекот има нешто посебно (божествено)
во себе.
Оттука не е воопшто чудно што луѓето имале и
сè уште имаат тенденција да се одделат од тоа што ги
опкружува и да најдат докази и уверувања за својата
различност.
Од оваа увереност за посебноста на човекот сме
ја изградиле целата структура на општеството.
Поаѓаме од позицијата дека ние луѓето сме по-
себен специјален вид, потоа моето племе - или мо-
дерно кажано националност или држава е посебна,
моето семејство и блиските луѓе се поважни од оста-
натите и конечно јас сум позначаен, тука сум за да ги
исполнам моите задачи и ништо и никој нема да ме
спречи во тоа. Сигурен сум дека ова ви звучи позна-
12
Горан Главинац
то, сме го слушнале низ историјата безброј пати и го
гледаме секојдневно.
Сме тргнале од општото и сме почнале да пра-
виме хиерархии и поделби. Со секоја поделба кругот
на оние кои сметаме дека се важни и значајни стану-
ва сè помал.
На крајот кругот се состои само од една личност,
едно замислено јас, кое го нарекуваме его.
Егото постои во индивидуална и во колективна
форма.
Се работи за еден од поимите кои се многу
објаснувани, дискутирани, но ретко се навистина
разбрани.
Егото се состои од сите чувства, мисли и идеи за
мене како личност со мојата индивидуалност и по-
себност. Кај голем број на луѓе егото станува толку
силно што целиот нивен поглед на животот е дик-
тиран исклучиво од личните потреби и перспективи.
Оттука следуваат егоцентрични реакции кои не-
миновно предизвикуваат конфликт со други луѓе кои
имаат исто такво силно его.
Сите конфликти кои постојат низ историјата на
човекот се поврзани, и својот корен го наоѓаат во его-
то.
Погледнете ги масакрите кои се случувале низ
историјата и се случуваат денес секојдневно, погле-
днете ги конфликтите во семејството, во компаниите
во сите области на живеењето.
Што им е заедничко?
Дали можеби конфликтот секогаш се случува би-
дејќи сметаме дека јас, моето семејство, мојата земја
и т.н. сме загрозени било физички или психички, а
дека ние сме во право и мораме да го одбраниме на-
шето право.
Секогаш наоѓаме најразлични мотиви и оправду-
вања: ние сме добри, а тие лоши, мораме да ја испра-
виме неправдата која ни ја нанесоа, имаме природ-
13
Уметноста на живеењето
но право на повеќе земја, пари и други материјални
добра, мораме да се одмаздиме за злоделата кои ги
имаат направено и т.н.
Листата на оправдувања пред самите себе и дру-
гите, е безгранична. Дали се овие оправдувања реал-
ни, е прашање кое мораме сите да си го поставиме.
Историјата нè учи дека сите големи освојувања
започнале со правдољубиви чувства, а резултатот за
жал дури и кога биле најуспешни не донел големи
промени и многу похармонично општество. Ова е
заклучокот и за сите големи револуции на кои сме
сведоци низ историјата. Секогаш се повторува исто-
то сценарио: многу ентузијазам, желба и енергија на
почетокот и кога ќе се успее во целта следуваат не-
колку брзи промени и првични подобрувања, а потоа
период на постепено опуштање, за по некое време
состојбите повторно да се вратат на истите повр-
шински малку изменети, но суштински неизменети
односи.
А тие изгледаат отприлика вака: Ние сме во пра-
во, знаеме што сакаат луѓето околу нас и ќе бидеме
правични.
Се разбира секој оној кој мисли поинаку е не-
пријател и кругот почнува одново.
Во што е нашата грешка која постојано ја повто-
руваме одново и одново.
Се надеваме дека со промена на системот,
општеството, законите ќе создадеме подобра земја
за живеење.
Притоа забораваме дека човекот е тој кој го креи-
ра општеството.
Тоа не може да биде стабилно и правично ако
луѓето во него се агресивни, себични, бесчувстви-
телни. Точно е тоа дека во светот имаме држави каде
што се живее многу послободно и похармонично от-
колку на други места но, дури и овие најсветли при-
мери се далеку од свет каков што сите си посакуваме.
14
Горан Главинац
Многу често во овие модерни држави конфлик-
тот и насилството остануваат но, зафаќаат многу по-
суптилни и поскриени форми.
Заклучокот е многу очигледен и едноставен: мо-
раме да се промениме ние луѓето најпрвин однатре,
секој од нас поединечно.
Мораме да дојдеме до една свесна, разбудена,
просветлена состојба.
Потоа ќе го менуваме светот.
За жал многу е полесно да се разговара за
општеството, за начините и моделите на функцио-
нирање, за културата и традицијата, отколку да се
зафатиме со својата промена. Повеќето луѓе за себе
имаат позитивна слика и секое чувство или сугестија
дека треба нешто да промениме го доживуваат како
притисок и напад врз нивната личност. Сржта на на-
шиот отпор спрема промени поврзани со нас самите
е егото кое ни создава розова слика за нас и нашите
постапки, и жестоко се бори против сите обиди и ми-
сли за промена.
Исто така се јавува уште еден проблем.
Луѓето не сакаат сериозно да се нафатат со овие
промени бидејќи не се сигурни дека се можни и не
им гарантираат некоја лична придобивка на крајот.
Тоа е моделот по кој функционираме: ќе напра-
вам сè што треба но морам да сум сигурен колку
време ќе ми треба да дојдам до тоа ниво и што ќе
добијам со тоа.

Многу мудри луѓе низ историјата го лоцирале


овој проблем и се обиделе да му пријдат на најраз-
лични начини.
Сепак, за жал, никој од нив не успеал да им ја
приближи оваа вистина за неопходноста на лична-
та трансформација на доволен број на луѓе во исто
време. Така да им ја приближи, што тоа ќе стане вис-
тина и за нив. Не верба, не слепо следење на лидер,
15
Уметноста на живеењето
не повторување на мисли и цитати на мудри луѓе,
туку вистинска состојба која тие луѓе ќе ја чувству-
ваат секојдневно.
Доволен број на луѓе во еден момент на исто-
ријата кои се наоѓаат и делуваат од оваа состојба би
можеле да создадат свет каков што сите посакуваме:
мирен, хармоничен, среќен, спокоен со длабоко чув-
ство на еднаквост, љубов и сочувство со сè што по-
стои и не опкружува.
Токму еден ваков вид на состојба е предмет на
оваа книга.

16
СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ

Секоја појава и манифестација може да се анали-


зира од аспект на сличности и разлики.
Две идентични нешта не постојат во природа-
та, исто како што не постојат и две идентични живи
суштества.
Ако се задлабочиме во тоа како луѓето ги посма-
траат и анализираат работите ќе заклучиме дека от-
секогаш многу повеќе сме биле фокусирани и сме ги
истакнувале разликите отколку сличностите.
Така настанале различните народи, се зголемиле
разликите меѓу половите и се продлабочиле расните
разлики.
Зошто упорно се повторува овој пристап, кога е
очигледно дека во односите меѓу луѓето и сета при-
рода предизвикува само поделби, предрасуди и кон-
фликти?
За да дојдеме до некои заклучоци би требало
најпрво да се вратиме малку во историјата започну-
вајќи од моментот кога начинот на живот на луѓето
започнал да ги добива облиците кои сме ги следеле
и кои нè довеле во оваа ситуација во која светот се
наоѓа денес.
17
Уметноста на живеењето
Тешко е прецизно да се каже пред точно колку
време се случило тоа но, времето и не е толку важно.
Важно е дека она што го мотивирало човекот да ги
анализира и дели процесите на делови е огромната
потреба за сигурност.
Сигурноста е човекова потреба и на физичко и на
ментално ниво.
Но најпрво да ги разграничиме физичкото и мен-
талното ниво.
Сите појави околу нас најчесто се составени од
различни делови на кои понекогаш е многу тешко да
им се најдат врските кои ги држат заедно.
Кај човекот тие се физичкото и менталното ниво.
Физичкото е поврзано со сè она што е видливо
на површината на телото во неговата околина и во
внатрешноста на телото. Сетилата се основниот на-
чин како физичкото тело ги добива информациите за
себе и за тоа што се случува околу него. Сè што е
цврсто материјално, видливо и помалку подложно на
промена е дел од физичкото.
Менталниот дел е невидлив, суптилен и мисте-
риозен.
Тој е поврзан со мисли, идеи, стравови, чувства
и.т.н. Менталното е многу потешко да се класифици-
ра бидејќи е многу променливо.
Дали постои нешто што ги поврзува овие два
дела на човекот е прашање кое со векови ги инте-
ресирало луѓето и за кое долги години религиите и
науката имале спротивставени ставови. Имено, ре-
лигијата го употребува терминот дух, душа, прана,
чи и други различни имиња за истото.
Овие термини посочуваат и ја симболизираат
животната енергија која ја има човекот.
Во некои религии оваа животна енергија му се
припишува само на човекот, а други тврдат дека жи-
вотната енергија е карактеристика на сите живи ор-
ганизми единствено е различен нејзиниот интензи-
18
Горан Главинац
тет. Дури во некои учења се појавува и тезата дека
животната енергија ја креира и неживата материја.
Науката во прво време остро се спротивставу-
вала на овие ставови и го негирала постоењето на
животната енергија, но во поново време е докажана
биострујата која поминува низ целото тело и мозокот
која е многу слична со поимот животна енергија кој
се јавува во овие древни учења.
Мораме да земеме во предвид дека науката за
нешто официјално да прифати тоа мора да биде до-
кажано и измерено. Доволно зборува тоа што денес
акупунктурата се користи во медицинските центри.
Имено целата теорија поврзана со акупунктурата
се базира на течењето на животната енергија низ те-
лото, на патеките и клучните енергетски точки како
и на начините на кои се надминуваат енергетските
блокади. Денес во сериозните медицински кругови
сите го потврдуваат постоењето на таа енергија, но
се спори околу големината на влијанието кое надво-
решните техники како акупунктурата го имаат врз
енергетскиот тек.
Исто така науката го докажала влијанието на
физичкото врз менталното и обратно влијанието на
менталното врз физичкото.
Овие заклучоци се најмногу добиени во проце-
сите на проучување на причините за многуте раз-
новидни болести со кои сме соочени секојдневно.
Денес со голема сигурност можеме да тврдиме дека
физичкиот и менталниот аспект на човековиот жи-
вот се тесно поврзани и испреплетени и си делуваат
взаемно еден на друг.
Физичкото во човекот е поврзано со сѐ она што
е видливо на и во телото и е контролирано од страна
на мозокот.
Мозокот со годините низ историјата еволуирал,
станал поголем и покомплексен. Човечкиот успех и
напредок во многу нешта се должи на развитокот на
19
Уметноста на живеењето
мозокот. Тој според начинот на кој функционира пот-
сетува на работата на компјутерот.
Сепак самата наука признава дека денес и покрај
огромниот развој на технологијата мозокот сѐ уште е
голема непозната.
Во мозокот се случуваат огромен број различни
ментални процеси.
Менталните процеси се поврзани со нешто кое
ќе го наречеме ум.
Умот не е нешто што можеме да го видиме. По-
стои дури дебата за тоа дали постои и каде се наоѓа
умот. Сепак инстинктот ни укажува дека умот се на-
оѓа во мозокот. Генерално би можеле да заклучиме
дека кога го употребуваме терминот мозок повеќе
мислиме на структура и поврзаност со физичкото
тело додека умот е поврзан со менталниот дел.
Физичкиот и менталниот дел на телото си делу-
ваат и се под влијание на горенаведената биоструја
која во понатамошниот дел на книгава ќе ја имену-
ваме како животна енергија. Животната енергија е
енергија која сите ја чувствуваме, а која во текот на
животот зависно од околностите со кои се соочуваме
го менува својот интензитет. Оваа енергија ја имаме
во најголема количина во младоста, таа постепено се
троши и во периодот на длабока старост е сведена на
минимум.
Доколку таа енергија е со добар интензитет и по-
минува рамномерно низ телото имаме убаво и урам-
нотежено чувство или народски кажано сме полни
со енергија.
Ова е нешто кое сите го чувствуваме секојднев-
но.
Постојат најразлични физички и ментални веж-
би, постапки и техники кои ни помагаат да ја одр-
жуваме животната сила во максимална можна кон-
диција. Не би сакал да навлегувам во детали ниту да
сугерирам кои од овие техники ги сметам за најдо-
20
Горан Главинац
бри но сепак би морал да потенцирам дека без раз-
лика на методот, вежбата или техниката, најважно е
да ја изведуваме секојдневно и да дојдеме на ниво на
рамнотежа на телото и умот без никаква желба или
очекување на некаков резултат.
Сега би можеле да се вратиме на прашањето око-
лу сигурноста.
Таа е една од особините кои се потребни и неоп-
ходни и на физичко и на ментално ниво.
Сите особини и техники кои се потребни и на
физичко и на ментално ниво ги сметаме за фунда-
ментални бидејќи тие се поврзани со вистинско жи-
веење кое ги интегрира сите делови во една целина
која овозможува живеење во комплетно единство со
сѐ што нѐ опкружува и претставува состојба која ги
карактеризира пророците.
Постои уште еден многу важен заклучок кој е ка-
рактеристичен за сите овие исконски потреби: тие
не се причинско – последични, туку се едноставно дел
од човекот кој не смее да се запостави, не смее да
се бега од него туку треба да се разбере и со самото
разбирање на нивната неопходност овие исконски
потреби ќе станат дел од нашето живеење, ќе ги при-
фатиме и нема да ни претставуваат никаков проблем.
Така е и со сигурноста.
Таа не ни е потребна од некоја посебна причина
или во некое посебно време туку таа ни треба по-
стојано секогаш, на секое место.
Сите постапки на човекот се базично мотивира-
ни од внатрешното чувство на желба за сигурност.
На физичко ниво сигурноста сме почнале да ја
бараме во изработка на облека, скривалишта, обра-
ботка на земјата за да се надмине проблемот со хра-
ната и групирање на човекот во заедници, племиња
и др.
Потоа постепено сме почнале да доминираме во
природата, со развојот на техниката и индустријали-
21
Уметноста на живеењето
зацијата сме дошле на денешното ниво во кое апсо-
лутно доминираме и можеме со сигурност да заклу-
чиме дека човекот никогаш порано не бил посигурен
на физичко ниво од денес.
За тоа мораме да ѝ оддадеме огромно призна-
ние на науката која ни овозможила денес да живее-
ме најдолго од било кога во историјата и со огромни
ресурси и поволности кои ги овозможува модерниот
урбан живот.
За да дојдеме до овие прекрасни резултати неоп-
ходно било да се фокусираме на различностите.
Се анализирале разликите меѓу животните и чо-
векот, се открило кои почви се поплодни и на тој на-
чин се дошло до најсоодветните места за формирање
населби и градови.
Така се подобриле условите за живот, се откриле
различни алатки, орудија и слично.
На физичко ниво овие техники биле многу функ-
ционални и придонесувале човекот чекор по чекор
да се приближува кон својата исконска желба и цел:
сигурност.
Ова физичко ниво е поврзано со самиот опстанок
на видот и животот и е наследство од нашите пред-
ци кои таа потреба ја задоволувале со помош на ин-
стинкти.
Но, како што сигурноста на физичко ниво се зго-
лемува, започнува да се јавува потреба од сигурност
на ментално ниво.
Зошто е тоа така?
Тоа е така бидејќи кога сме соочени со непо-
средна опасност во самиот момент немаме стравови,
сомневања или слични состојби кои се јавуваат на
ментално ниво.
Причината за ова е во фактот дека сите ментални
процеси кои ни предизвикуваат тешкотии и пробле-
ми се поврзани со мислата.
Во кризна состојба едноставно немате време за
22
Горан Главинац
размислување. Тоа била состојбата на луѓето во вре-
мето кога физички биле во секојдневна опасност за
нивниот опстанок. Но како што сме физички поси-
гурни менталниот дел започнува да добива сѐ пого-
лемо значење.
Соочен со овој новонастанат проблем, човекот
започнал да го решава на ист начин на кој што се
справувал со материјата.
Ги барал разликите, анализирал сакајќи да дој-
де до трајни заклучоци и да најде методи и техники
кои ќе му ја овозможат посакуваната ментална си-
гурност.
И така започнало сѐ.
За жал не сме увиделе дека методите кои биле
исклучително ефикасни на физичкото ниво, на мен-
тално ниво само ја зголемувале конфузијата и фор-
мирале едно нереално имагинарно јас кое се одвоило
од се останато и го формирало егото.
Така се појавиле вечните прашања кои се актуел-
ни и денес:
Кој сум јас? Од каде потекнувам? Што ќе се слу-
чи со мене по смртта?
Овие прашања не постојат кога си секојдневно
во борба за опстанок, но кога си обезбеден со храна
за следните неколку дена, во колиба покрај оган – ко-
нечно безбеден од ноќните предатори и во заедница
со други луѓе за да се заштитиш од залутани насил-
ници, тогаш овие прашања почнуваат да надоаѓаат.
Луѓето започнале да размислуваат, да ги бараат
разликите, да ги бараат одговорите на овие прашања.
Но одговорите не само што не се појавиле туку
почнале да се создаваат и првите стравови, најпрво
реални, а потоа се понереални и поимагинарни.
Ова не можело да се издржи, колку повеќе луѓе-
то се труделе и размислувале толку сѐ имало помала
смисла.
Зарем е можно моето постоење да нема никакво
23
Уметноста на живеењето
подлабоко значење? Зошто тогаш да живеам?
И така луѓето измислиле причина за човечкиот
живот.

24
ВЕРБА

Егото нѐ насочува кон тоа дека не смееме да про-


должиме без да најдеме одговори на вечните пра-
шања, дека тоа е територија со многу неизвесности.
Бидејќи човекот не можел да дојде до одговори
со вообичаените техники како анализа, поделба на
проблемите на мали делови (техники кои се покажа-
ле ефикасни и корисни за причинско последичните
случувања), кај него се јавил конфликт.
Секоја непознаница и неизвесност носи страв, а
со самиот страв неизбежно се појавува стрес. Стре-
сот е состојба која инстиктивно се обидуваме да ја
одбегнеме и да се ослободиме од неа. Така, наместо
да остане на линија на постоење без причина, да
го прифати овој факт (дека не може да ги одговори
вечните прашања) и со тоа да потоне во огромното
море на односи кои се случуваат насекаде околу нас
и во галаксијата, човекот ја одбрал втората можност:
бегство.
Бегството е состојба која е постојано присутна и
денес е дел од животот на секој од нас. Огромен број
на активности кои ги правиме секојдневно во самата
срж се уште еден суптилен обид за бегство и изола-
25
Уметноста на живеењето
ција. Ова е можеби малку нереално ако го гледаме
површински но, ако се задлабочиме во него можеме
да осетиме дека во позадина на целиот процес се на-
оѓа тенденцијата на егото да биде на сигурно и во
исто време да биде сѐ посилно и посилно.
Егото се засилува со секој успех било индивиду-
ален или групен, со секоја пофалба или комплимент.
Се разбира сè што претставува неуспех и сла-
беење на егото создава реакција која предизвикува
конфликт.
Ако земеме на пример еден од многуте модерни
облици на бегство – како посета на фудбалски нат-
превар. Во овој настан постојат многу аспекти кои
се корисни за телото и умот, радост, убаво чувство во
телото, социјализација, дружење и т.н.
Но, ако влеземе подлабоко во тој процес ќе раз-
береме дека ова е еден суптилен облик на бегство.
Додека сме на натпреварот сите грижи, дилеми и
стравови барем на кратко ќе ги нема. На тој начин
сме барем привремено помирни, а во исто време его-
то се зајакнува бидејќи се врзуваме поцврсто за на-
шиот клуб или омилен играч. Успехот на клубот го
доживуваме како свој личен успех, а неуспехот како
катастрофа. Од тука се раѓаат сите облици на кон-
фликт помеѓу две спротивставени навивачки групи.
Во историјата на човекот постојат неверојатен
број на различни облици на бегство, некои поуспеш-
ни, некои помалку успешни. Но, постои едно бегство
кое отсекогаш поседувало огромна сила, а тоа е вер-
бата.
Вербата постои од моментот кога човекот започ-
нал да размислува и да донесува заклучоци. Таа е
тесно поврзана со стравот. Бидејќи еден од најсил-
ните стравови е стравот од непознатото, не е изне-
надување што првите облици на верба ги имаат при-
родните феномени како објект.
Логично е доколку гледате нешто кое не можете
26
Горан Главинац
да го разберете како Сонцето, Месечината или некои
невообичаени облици на живиот свет, вербата најпр-
во да се насочи кон тој објект или појава. Така на-
станало обожавањето на Сонцето и другите древни
култови и митови.
Многу често предмет на восхитување и обожу-
вање биле животни, растенија и предмети од непо-
средната околина (тотеми).
Со развојот на науката и зголемување на разби-
рањето дел од овие култови постепено исчезнале.
Денес скоро ниеден учен човек нема да верува во
мистичноста на молњата или Сонцето бидејќи наука-
та ги објаснила овие природни феномени уверливо и
конечно.
Од ова можеме да извлечеме заклучок дека со
разбирање на појавата која се случува нема повеќе
никаква потреба од верба, и што е уште поважно,
стравот од таа непозната појава исчезнува.
Сепак со надминувањето на овие примитивни
верувања вербата не престанала. Таа се трансформи-
рала од верба во реални објекти во верба во имаги-
нарни објекти кои се јавувале како идеи, замисли и
желби во нашиот мозок со посредство на мислата.
Така е настанат концептот на Бог.
Би сакал да истакнам дека не е целта ни идеја-
та на книгава да сугерира за или против било која
религија. Сè она што го говориме се факти кои се
добиени од перцепција на целокупното религиозно
движење без да навлегуваме во детали и да говориме
за слабите и јаките страни на секое од овие движења
посебно.
Кај скоро сите религиозни движења се појавува
терминот Бог.
Овој концепт, така како што е прикажан и запи-
шан во светите книги, по многу што потсетува на
човечка перцепција и организација на работите. Во
митологијата и многубоштвото боговите имаат дури
27
Уметноста на живеењето
и човечки лик, а секој од нив е олицетворение на не-
која особина или желба на човекот.
Значи, или Господ го создал човекот многу сли-
чен на себе, или човекот го создал поимот Бог, па од
таа причина постојат сличности.
Најголемиот дел од луѓето и верниците никогаш
немаат директна перцепција или комуникација со
Бог.
Она што тие го прават е пренесување на пораки
кои ги прочитале или им ги пренеле родителите, ду-
ховните учители или се пораки за кои тие веруваат
дека се точни.
Овие заклучоци значи би можеле да бидат и плод
на фантазии, илузии и желби.
Постојат и луѓе кои оствариле директна перцеп-
ција на оваа сила (Бог). Го користам терминот сила
бидејќи самиот збор Бог во нас веднаш создава пред-
расуди, слики, заклучоци и ставови. Терминот сила е
посоодветен и мислам дека е прифатлив и за религи-
озните и за нерелигиозните читатели.
Овие луѓе постоеле уште од времето на првите
цивилизации и постојат и денес.
Кога ги следиме нивните животни патишта ќе
се сретнеме со големи разлики во локација, возраст,
пол, раса и др.
Но, како што веќе нагласив ние ќе се фокусираме
на сличностите.
Сите овие луѓе во одреден момент во животот
доживеале состојба во која ја осетиле таа сила –
енергија и се почувствувале слободни и без никакви
ограничувања.
Оваа состојба се нарекувала со различни имиња:
просветлување, будење, нирвана, рај, јанах...
Зборуваме за овие имиња во нивната основна
форма која ја изговориле самите пророци, а не за де-
нешното значење на овие зборови кое ни го интер-
претираат организираните религии.
28
Горан Главинац
Овие луѓе ја почувствувале оваа состојба, некои
тоа си го задржале само за себе, а пророците се оби-
деле ова да го пренесат и на другите луѓе.
Најпрво биле изненадени, се чувствувале бла-
жено па дури имаме и случки на излив на емоции и
неизмерна благодарност кон таа сила, небаре таа им
овозможила да ја отворат вратата и да станат едно со
неа.
Потоа како што поминувало времето и кога се
увериле дека новонастанатата состојба е трајна, за-
почнале да бараат начин да го споделат тоа што го
чувствуваат со другите луѓе. Дел од нив, кои биле
исклучително успешни и уверливи и ден денес имаат
милиони верници и следбеници во целиот свет.
Овде би морало да се потенцира дека отсекогаш
постоеле луѓе кои ги имитирале постапките, изгле-
дот и начинот на говор на пророците и на тој начин
успеале да се здобијат со материјални добра и да ја
злоупотребат вербата на луѓето. Оваа појава во мо-
дерното време честопати се манифестира во склоп
на различни секти, но постојат и примери за злоу-
потреби и во организираните официјални религии.
Тоа е само уште еден доказ на очигледниот факт дека
слепата верба во нешто или некого, може да доне-
се многу малку бенефити, а може да нанесе огромна
штета на верниците.
Просветлените луѓе говореле, пишувале и се
обидувале со сите конвенционални средства кои им
стоеле на располагање да им ја доближат оваа состој-
ба на другите луѓе. Зависно од времето и околности-
те во кои живееле, по нивната смрт останал одреден
број на луѓе (апостоли, проповедници, мисионери)
што самите не биле просветлени, но ја имале таа
привилегија да бидат во близина на просветлен чо-
век подолго време.
Ако сте доволно осетливи, во близина на прос-
ветлен човек ќе ја осетите неговата смиреност, ис-
29
Уметноста на живеењето
креност, чист ум, ред, интелигенција, спонтаност,
љубов и сочувство. Овие особини се толку силни
што луѓето инстиктивно сакале да бидат во нивно
друштво и покрај тоа што просветлените луѓе немаат
потреба ни желба да имаат следбеници.
А како реагирале луѓето кои не биле воопшто
свесни и осетливи?
За нив пророците се чудни неразбирливи луѓе,
кои ги кршат правилата и живеат поинаку. Со само-
то тоа тие се непознаница, а веќе ни е познато како
овие несвесни луѓе (без исклучок со големо его) реа-
гираат кон непознатите објекти и појави. Тие или ги
обожуваат или ги убиваат. Тешката судбина на некои
од овие прекрасни луѓе е само доказ на оваа вистина.
За жал повеќето луѓе отсекогаш биле несвесни.
Од таа причина кај дел од следбениците се појавил
страв за себе и за учењето како што го нарекувале
тие и почнале да бараат начин како да ги контроли-
раат овие несвесни луѓе.
Тоа е зачетокот на модерните организирани ре-
лигии.
Но кога почнувате да формирате организации, а
на нивниот врв се наоѓаат непросветлени умови ре-
зултатот не може да биде задоволувачки.
И така денес, додека религиозните водачи гово-
рат за мир, толеранција и соживот, живееме во свет
на поделби, омраза и насилство. Тоа е така бидејќи
верата не успеала верниците, вклучувајќи ги вода-
чите и следбениците, вистински да веруваат и да ги
живеат овие вредности.
Вербата во имагинарни нешта доведе до тоа да
имаме војска на верници кои се образовани, прекрас-
но ги цитираат светите книги, во секоја прилика се
трудат да покажат дека ја проповедаат вистината и
ѝ оддаваат признание на својата религија или дви-
жење.
Но длабоко во нив има сомнеж.
30
Горан Главинац
Тој сомнеж е присутен бидејќи не се сигурни
дека се на вистинскиот пат. Тие не ги доживува-
ат своите учења длабоко во себе. Нивниот сомнеж
ги фрустрира и им наметнува чувство дека целото
време поминато во следење на тоа учење можеби е
залудно потрошено и е бескорисно. Оваа состојба на
гнев и разочарување честопати на крајот ја уништува
вербата. Тогаш луѓето стануваат себични, неосетли-
ви и бесчувствителни.
Ова е причината зошто секојдневно гледаме сè
повеќе себични луѓе насекаде околу нас. Тие изгуби-
ле верба во сè па и во самиот живот.
Се разбира дека постои одреден дел од верници-
те кои во својата верба го нашле мирот и спокојот, но
тоа се исклучоци кои можеби би дошле до истото и
на друг начин.
Што се случува со останатите луѓе кои не се
следбеници на ниедна религија?!
Кај нив процесите не се развивале многу раз-
лично отколку кај религиозните луѓе. Единствено е
различен објектот на верба: некои веруваат во себе,
семејството, некои во наука, некои во системот, др-
жавата и многу други облици на верување.
Дали верувањето во нешто воопшто e потребно?
Ако се наоѓам во пустина и сум многу жеден уве-
реноста дека ќе најдам вода би можела да ми даде
храброст и сила да продолжам понатаму и да издр-
жам во тие тешки моменти.
Ова е најголемата придобивка од вербата – опти-
мизмот.
Исто така силната верба може да ни помогне да
се справиме и да се помириме со некои големи траге-
дии кои се составен дел од животот.
Би сакал да потенцирам дека секој човек кој го
разбира животот во неговата суштина може да ги има
овие придобивки од вербата како што се оптимизам,
храброст, издржливост, помирување со неминовно-
31
Уметноста на живеењето
то. Но верникот за нив мора да плати голема цена:
цел живот ќе биде роб на неговите учења, идеологија
или систем, нема да може да ги осети убавините на
животот кои се надвор од неговата рамка, ќе ги скрие
длабоко своите стравови и фрустрации и нема да би-
дете слободен.
Секогаш длабоко во него ќе работи црвот на сом-
неж – дали можеби грешам, дали е ова вистинскиот
пат?
Зошто тогаш упорно ја повторуваме истата греш-
ка?! Зошто ги воспитуваме нашите деца да бидат
слепи послушници, да веруваат во државата, знаме-
то, да војуваат, убиваат и да загинат за идеали?!
Очигледно дека оваа состојба ни е наметната до
тој степен што сме убедени дека е природна и нор-
мална. Таа е наметната од оние на кои им одговара да
имаат послушници и следбеници – послушни граѓа-
ни.
Тие луѓе ги имаме во улога на државници, спе-
цијалисти од различни области, наставници и духов-
ни учители.
Она што го карактеризира нивниот однос со тие
кои се под нивно влијание е ароганција, потцену-
вање, желба за доминација и контрола.
Имаме и едно заедничко име за сите нив. Ги ви-
каме авторитети.

32
АВТОРИТЕТ

Авторитетите се во таа мерка присутни во на-


шиот живот што повеќето од нас ги прифаќаат како
неминовност, а со тоа вообичаено доаѓа желбата и
тенденцијата и ние да се наметнеме како авторитет
кон некого и во некоја област.
Нашето навикнување на авторитет започнува
уште во најраното детство. Првиот авторитет кој го
прифаќаме и во исто време безгранично го сакаме
се нашите родители и блиски роднини. Овој вид на
авторитет во многу нешта е оправдан бидејќи со него
се обезбедува безбедноста и здравиот развиток на
оној кој подлегнува на авторитетот (во овој случај на
детето).
Ова е објаснувањето зошто луѓето се толку под-
ложни на авторитет, лесно го прифаќаат и срамежли-
во протестираат против него.
Ние сме научени да ги идеализираме работите,
да се врзуваме за нив и да ги уважуваме во сите си-
туации.
Во овој случај размислуваме дали авторитетот
кон детето е оправдан, разбираме дека има повеќе
позитивности отколку негативности и донесуваме
33
Уметноста на живеењето
заклучок.
Со донесување на заклучокот нашата папка око-
лу тоа прашање е затворена.
Ние имаме предубедувања, однапред одредени
одговори и мислења, со што си овозможуваме сигу-
рен терен во односите со другите луѓе. Колку пати
сте биле сведоци на разговори околу некоја тема, во
случајов авторитет каде имате чувство дека луѓето не
го уважуваат мислењето на останатите учесници во
дискусијата. Тие имаат толку силно предубедување и
што и да кажете, колку и тоа уверливо да звучи, тие
круто се држат на својот став.
Се разбира во зависност од цивилизираноста,
пристојноста и мислењето кое соговорниците го
имаат еден за друг разговорот може да биде распра-
вија понекогаш дури и со навреди, а може да биде и
тивка интелектуална размена на мислења.
Но, за жал, суштината на двете е во многу нешта
слична: воопшто не се „слушаме“ меѓу себе.
Дури и оние кои се обучени и вешти да се при-
кажат себеси како отворени за други мислења многу
често тоа не го чувствуваат длабоко во себе туку го
прават тоа за да ги задоволат другите и да го зголе-
мат своето влијание врз нив. Оваа особина е особено
присутна кај успешните политичари.
Понекогаш нашиот став малку ќе го полираме и
измениме, но не како последица на тоа што сме ја
разбрале ситуацијата подобро туку, бидејќи тоа го
кажал некој кој за нас е авторитет. Значи ние повтору-
ваме реченици и заклучоци како папагали и поважно
ни е кој ги кажува работите отколку што кажува.
Мораме ова да го промениме.
Кога се работи за нешта кои се поврзани со ра-
боти кои се помалку променливи, а тоа се најчесто
материјалните нешта, авторитетот може да биде и
корисен.
Во науката, професијата и различните облици на
34
Горан Главинац
забава и хобија, авторитетот ни помага да ни ги сор-
тира фактите, да ни ги организира во теорија, а со
самото тоа ни се дава можност да навлеземе во теш-
ки и комплексни проблеми за многу пократко време.
Но, кога се работи за променливи случувања, а
тоа се човековите односи и скоро сите психолошки
проблеми и предизвици, авторитетот од било кој вид
носи многу ограничувања и предрасуди.
Ако денес сме делувале мудро, тоа не значи дека
секогаш ќе бидеме мудри.
Луѓето се менуваат и од таа причина е важно се-
когаш да ги гледаме луѓето отворено скоро како да
не ги познаваме, без да ги земаме во предвид нашите
заклучоци за нив од претходните средби.
Да погледнеме уште еден секојдневен проблем
со кој сите сме се соочиле: ситуација во која нашето
здравје или здравјето на некој што ни е важен е за-
грозено.
Што се случува тогаш? Обично имаме три можни
пристапи: игнорирање на проблемот (не ми е ништо
и не сакам да разговарам за тоа); недоверба и бегство
(лекарите ништо не знаат па нема причина да одам
кај нив); или страв и очај (кој знае што се случува со
мене, па со што го заслужив ова и.т.н.).
Ако се обидеме разумно да резонираме, трите
става се ограничени и погрешни.
Да се омаловажуваат авторитетите на кои меди-
цината им е професија е неразумно, а бегството од
фактот (дека сум болен), веќе знаеме дека предиз-
викува само фрустрација и ги продлабочува пробле-
мите.
Исто така стравот од болест и смрт е толку голем
и фундаментален што ќе му посветиме посебно вни-
мание во понатамошниот дел од книгава.
Но, можеби најлошо од сè е што имаме однапред
подготвен став за кој мислиме дека е единствено ис-
правен и важи во секоја слична ситуација.
35
Уметноста на живеењето
Се случува и една друга работа која е исто така
поврзана со авторитетот: си земаме за право нашите
блиски и сакани да ги ставиме во улога на деца и
да се поставиме авторитетно со сугестии околу нив-
ните постапки. Ова се прави од љубов и грижа за
најблиските, но тоа не ја менува суштината. Сигурен
сум дека на никој не му е пријатно чувството кога
од своите најблиски е третиран како дете кое не знае
што е најдобро за него.
Од овде можеме да извлечеме некои заклучоци:
авторитетот е оправдан доколку е насочен кон некој
кој поради возраста или поради некои болести и дру-
ги околности не е зрел да резонира правилно и да
донесува одлуки за себе и околината.
Една од најчестите грешки што родителите ја
прават е што не ги оставаат децата да се ослободат
од нивниот авторитет, што е нормална работа при
созревањето. Всушност тоа е доказот за созревање.
Истото се случува и во училиштата. Авторитетот
е корисен од аспект на дисциплина и овозможување
на добри услови за работа исто како и околу нови
знаења и техники, но ако наставникот се поставува
како тотален авторитет во сè, тогаш средината ста-
нува мачна и деструктивна. Вистинскиот наставник
секој миг со учениците ќе го доживее како можност
за сите, вклучувајќи го и него, да научат нешто ново
за себе и животот.
Во таа заедничка соработка на еднакви без разли-
ка на разликите во години, искуство и знаење, децата
ќе почувствуваат како треба да ги третираат луѓето
околу нив. Тоа непроценливо искуство ќе остане во
нив засекогаш.
За жал малку училишта и наставници се такви.
Со завршувањето на образовниот систем, млади-
те најчесто веќе се во рамката: авторитетот е неоп-
ходен и затоа е важно да бидам успешен и да станам
авторитет. Така мислат дека ќе живеат поуспешно,
36
Горан Главинац
посигурно и посреќно.
Со овие предубедувања доаѓаме на работното
место мотивирани и гладни за победа и успех. Но
никој не ни кажува колку е монотон, тежок и стресен
патот за да бидете врвен авторитет. И кога тоа ќе го
постигнете (ако успеете) нема да се јават чувствата
кои сте ги очекувале додека сте мечтаеле за вашата
позиција и престиж. Ќе се јави празнина и чувство
дека залудно сте потрошиле многу време.
Ова се случува бидејќи овие достигнувања не се
вистински важни.
Тие го хранат егото и ја моделираат сликата која
егото си ја создава за себе.
Во текот на тој процес ние сме постојано во дла-
бок конфликт со самите себе со самиот факт дека ние
сме едно, а посакуваме да ја достигнеме сликата која
егото ја формирало. Овој конфликт предизвикува не-
доумици, тага и разочарување.
За сепак продолжиме да бескомпромисно и мо-
тивирано, и покрај овие чувства, егото создава има-
гинарни слики за тоа како ќе се чувствуваме кога ќе
ја постигнеме целта.
Се разбира дека на моменти, непосредно по на-
шиот голем успех, за кратко време стануваме свесни
дека ова е илузија. Но само накратко. Егото веднаш
реагира, прави нов предизвик и сè почнува одново.
Истиве поенти постојат и во односите на држава-
та кон своите граѓани каде што проблемот на автори-
тетот е постојано присутен.
Како да се ослободиме од ова чувство?
Одговорот лежи во психофизичката состојба која
сакаме да ја најдеме во нас, за која говоревме и прет-
ходно, а ќе говориме и понатаму. Во оваа состојба
(без его) немате никаква потреба ниту желба да на-
метнувате било што на било кого и покрај тоа што
активно партиципирате во случувањата и го кажува-
те своето мислење. Никој не може да ви биде авто-
37
Уметноста на живеењето
ритет бидејќи имате длабоко разбирање за животот
и огромна внатрешна сигурност и самодоверба. Вие
не се трудите никому да му бидете авторитет бидејќи
поседувате огромно почитување, љубов и сочувство
кон сите живи суштества.
Рационално, би требало да се користиме со по-
мошта и советите на авторитетите, но во никој случај
тоа не смее да ни биде начин на функционирање би-
дејќи не смееме да заборавиме дека оваа прекрасна
психофизичка состојба која е поврзана со вистинско-
то живеење се јавува кога во нас ги има оние особини
и чувства кои се универзални и трајни.
Тие постојат без причина.
Со самото тоа што не се причинско последични
тие се трајни и не можеме да ги сметаме за лични,
туку би требало да бидат колективни.
(За подобро воочување на истите, овие состојби,
чувства и постапки во книгава се курзивно напиша-
ни).
Единствената причина што нив не ги чувствува-
ат сите луѓе е силното его кое го поседуваат.
Веќе говоревме за сигурноста. Сигурноста е едно
од овие чувства. Постојат и други вакви чувства и ќе
се обидеме да ги дефинираме.
Авторитетот е во силен контраст со едно од нив.
Авторитетот, доколку е силно присутен во живо-
тот без разлика дали ние сме авторитет или прима-
ме авторитарно влијание ја гуши и уништува една
од најсуштествените работи која без причина постои
кај сите, а тоа е чувството за слобода.

38
СЛОБОДА

Слободата е едно од највозвишените чувства кое


човекот може да ги почувствува. Таа е универзална и
инстиктивно ја посакуваат сите живи суштества.
Во тоа може да се увериме секојдневно.
Било кое животно, инсект или растение, инстик-
тивно ја бара средината каде е слободно, а таа слобо-
да му овозможува да расте, да се развива и да блесне
во својот највеличествен сјај. Можеби за растенијата
ова тврдење ви изгледа на почетокот чудно но, погле-
днете ги растенијата во природата и споредете ги со
истите растенија кога се развиваат во домашни ус-
лови. Растенијата во природата секогаш се за една
нијанса похармонични.
А што да се каже за животните. Денес имаме пре-
красни зоолошки градини. Во нив човекот се обидува
максимално да ги копира природните услови во кои
живеат животните исто како што во најпрекрасните
растителни градини направени од човекот се копира
величественоста на природата.
И покрај тоа што овие растителни градини се
креации направени со огромно трпение и мајстор-
ство, а зоолошките градини се пријатни места во
39
Уметноста на живеењето
кои имаме прилика да ги посматраме животните, а
со самото тоа и да учиме за разновидниот животин-
ски свет, сепак не можеме да го избегнеме чувството
дека никогаш не можеме да ја достигнеме хармонија-
та која постои во природата.
И покрај тоа што им го олеснуваме процесот на
исхрана, ги изолираме од нивните природни неприја-
тели, им придружуваме животни од истиот вид и им
го овозможуваме процесот на парење и размножу-
вање, сепак имаме чувство дека тие повеќе би сака-
ле да бидат во природата, слободно да се движат без
разлика на сите неизвесности и ризици кои ги носи
животот во дивината.
Значи на инстиктивна база тие не би ја менувале
слободата за никакви други благодати.
За да ја разбереме слободата по која секој човек
копнее ќе мораме прво да ја разгледаме физичката
слобода, а потоа да преминеме на посуптилните и
посложени облици на слобода кои се поврзани со чо-
вековата психа.
Историјата на сите луѓе е проткаена со макотрп-
на борба за слобода.
Овие обиди најпрво биле насочени кон ослобо-
дување од физичкото насилство, искористување и
малтретирање.
Со векови круна на доминацијата била можноста
да се поседуваат робови. Ужасни се случките во кои
биле вклучени робовите проткаени со омаловажу-
вања и бруталности од кои човечкиот род може само
да се срами. Дури и денес во одредени делови од све-
тот сè уште постои ропството.
Ова е нешто на кое сите, со сите сили, мора да
се спротивставиме. Не постои оправдување за такво
нешто и модерниот цивилизиран свет мора конечно
да му стави крај на секаков облик на ропство.
И покрај тоа што генерално се покажало дека
употреба на насилство дури и со добра намера ско-
40
Горан Главинац
ро секогаш носи повеќе штета отколку корист, ова е
еден од случаите каде навистина мора да се делува
со сите расположливи средства.
Овој најгруб и најпримитивен начин на посегну-
вање по слободата на човекот за среќа го има сè по-
малку и ако ја споредиме ситуацијата од порано со
гордост можеме да констатираме дека човештвото во
модерните општества успеало да ја сведе оваа неху-
мана практика на минимум.
Исто така имаме напредок во однос на правата и
слободите на жените и децата.
Сè помалку мажи сметаат дека природно право
на мажот е да доминира и да командува, а жената и
децата треба да слушаат и да извршуваат наредби.
Оваа крајно примитивна теза се заснова на предубе-
дувањето дека физичката сила е таа која ги креира
односите и ги класифицира луѓето на наредбодавци
и извршители.
Откако гласот на угнетените станал посилен и
поброен, сме успеале да креираме систем на вредно-
сти и правила на однесување кои ни ги гарантираат
овие основни слободи.
Така се создала демократијата со сите нејзини
придобивки, се дефинирала слободата на говор, дви-
жење, религиозни, јазични и други индивидуални и
колективни права и слободи.
Од денешна перспектива можеме да заклучиме
дека цивилизираните, демократски и богати држави
се моделот по кој постојано ќе ги зголемуваме своите
слободи.
Ова вака дефинирано изгледа дека околу пра-
шањето на слободата постојано напредуваме и еден
ден ќе се разбудиме во слободен свет.
За жал состојбата не е таква.
Исто како и прашањето на сигурноста овде има-
ме аналогија: колку повеќе слобода добиваме на фи-
зичко, елементарно ниво толку повеќе се јавуваат
41
Уметноста на живеењето
суптилни форми и техники со кои ја губиме слобода-
та на ментално ниво, однатре.
Огромен број на моќни луѓе во целиот свет вис-
тински не веруваат во слободни луѓе.
Тие зборуваат за слобода но тоа не го сакаат.
Тие сакаат да контролираат но контролираниот
да не биде свесен што му се случува.
Дали сме слободни ако сме граѓани на одредена
држава која ни сугерира што е добро за нас, или чле-
нови на некоја организација со какви било предубе-
дувања.
Секоја идеологија колку и да е исправна, ви ја
зема слободата, бидејќи вие сте обврзани да делува-
те во склад со групата, традицијата и општествените
правила. Тие ве учат што е исправно а што не, како
да се однесувате, како да мислите.
Ова е класичен пример за контрола и ограничу-
вање на слободите.
Секојдневно сме соочени со губење на слободата
на работното место.
Има ли разлика дали работодавачот користи
камшик за да нè принуди да работиме или користи
финансиска стимулација. Ако го гледаме пробле-
мот површно тогаш разликата е огромна бидејќи
робовите немале право да бираат, а ние имаме. Но
ако се задлабочиме во проблемот ќе разбереме дека
суштински се работи за контрола, само методите се
различни.
Постои прекрасна приказна околу оваа тема:
Во минатото во едно кралство живеел еден ис-
клучително мудар човек. Неговата мудрост била тол-
ку голема што еден ден кај него дошле гласници на
кралот. Го нашле мудриот човек во близина на едно
мочуриште и му се обратиле со следните зборови:
„Гласините поврзани со вашата мудрост се ши-
рат низ целото кралство. Кралот би сакал да ги ко-
ристи вашите услуги и е спремен богато да ве награ-
42
Горан Главинац
ди ако се согласите.“
Се работело за крал кој не сакал ништо да се про-
мени туку сакал да го ангажира мудриот човек за да
си го подобри имиџот меѓу луѓето во кралството.
Мудриот човек се насмевнал и одговорил.
„Дали е вистина дека во кралската палата се на-
оѓа оклоп од редок вид на желка кој е посебна гор-
дост на кралот?“
„Да тоа е точно“, одговориле гласниците.
„Дали мислите дека на желката ѝ е поубаво да
виси како трофеј во палатата или повеќе би сакала да
е тука и весело да се прпелка во мочуриштето?“
„Повеќе би сакала да е во мочуриштето“, рекле
гласниците.
„Тогаш би ве замолил да заминете и да ме оста-
вите слободен да се прпелкам во мочуриштево“, ре-
кол мудриот човек.
Факт е дека денес огромен број на луѓе се „робо-
ви“ од финансиски причини. Тие работат на работни
места кои не ги сакаат, живеат и се дружат со луѓе
кои не ги сакаат, па дури и ги презираат, само заради
финансиски бенефиции.
Овој очигледен конфликт внатре во нас потоа
создава немир, грижи, фрустрации и омраза.
Медиумите известуваат за модерни херои кои
поседуваат огромни куќи, автомобили, скапа гарде-
роба, технологија, јахти и.т.н.
Зарем секој родител не посакува неговото дете да
израсне во човек кој ќе има безгрижен живот со што
повеќе вакви предмети и задоволства.
И тој пат го следиме.
Патот на успехот.
На тој пат сепак сакаме да бидеме слободни.
За жал никогаш не можеме да бидеме слободни
ако сме врзани за било што: предмети, луѓе, пози-
ција, образование, религија, држава, слава и сл.
Ова во никој случај не значи дека слободниот чо-
43
Уметноста на живеењето
век не треба да има скап автомобил или убава куќа.
Слободниот човек ги користи приликите и уба-
вините на животот без да се приврзува за нив ниту
физички ниту ментално. Тој е истиот и кога има и
кога нема, и кога е во право и кога не е, и кога доби-
ва и кога губи. Тој разбира дека сите овие работи се
причинско последични, а со самото тоа променливи
и суштински неважни.
Кога човекот не е приврзан е вистински слободен
и во него се јавува вонвременско чувство на слобода
кое кога ќе се почувствува ќе остане засекогаш.
Зошто тогаш не сме слободни?
Бидејќи место да ја разбереме слободата ние ба-
раме начини и постапки како да се ослободиме.
А има ли разлика помеѓу тој што не е слободен
и тој кој бара решение како да биде слободен. Кон-
фликтот и поделбата е очигледна.
Кога сме вистински слободни без грижи и кон-
фликти егото не постои.
Слободата ќе се случи само кога длабоко ќе ги
разбереме начините на кои се губи слободата, било
да го прави тоа некој друг или ние самите.
Изгледа логично и лесно, но сепак малкумина
успеале во ова и се ослободиле.
Патот до слободата го попречува егото преку раз-
лични мисли и чувства.
Најважни од нив се: желбата за уживање и стра-
вот.

44
УЖИВАЊЕ И СТРАВ

Уживањето и стравот се две исклучително силни


чувства кои се дел од животот на сите луѓе.
За да ги разбереме и проучиме ќе започнеме со
надворешните физички стравови и постепено ќе се
движиме кон посложените внатрешни стравови.
Бројот на различни видови на стравови е навис-
тина огромен.
Дел од стравовите се нормални, па дури и корис-
ни.
Ако околу нас се случува нешто кое може да ни
ја загрози безбедноста, чувството на страв нè тера да
реагираме пред тоа да се случи. Овие мали момен-
тални стравови кои нè тераат на реакција се инстик-
тивни и ги има и кај животните.
Изразот на лицето на кучето во моментот кога
неговиот сопственик замавнува кон него покажува
страв.
Стаорците бегаат и се кријат непосредно пред да
се случи земјотрес.
Овој вид на стравови се моментални, нè тераат
на реакција и најчесто се случуваат кога ни е загрозе-
но некое од фундаменталните потреби кои ни се без
45
Уметноста на живеењето
причина неопходни, како, на пример, безбедноста.
Проблемот настанува кога овие мали страво-
ви ќе се продлабочат со помош на мислата. Тогаш
се случува сосема спротивен ефект. Немаме сила и
можност за акција, туку сме опседнати со стравот и
целото време го поминуваме во неразумни грижи и
сомневања.
За да го појасниме ова ќе се послужиме со пример
кој го има почувствувано секој човек. Кога родителот
или кој било од семејството или блиските пријате-
ли ќе биде соочен со состојба во која детето сакано
до вчера, а сега млада личност, ќе почне само да се
движи и да функционира во надворешниот свет. Кај
возрасните природно се јавува страв бидејќи до тој
момент тие се грижеле за физичката безбедност на
тоа дете кон кое чувствуваат огромна љубов. Самата
помисла на тоа што би можело да му се случи им
создава страв.
Овој страв до ова ниво е корисен и нè тера на
реакција: да разговараме со детето, да го едуцираме
за сите потенцијални опасности, да го учиме да биде
внимателно и со тоа воспитување ризикот за нешто
да се случи го сведуваме на минимум.
Но ако овој страв се зголеми до енормни грани-
ци, ако ноќите и деновите ги поминуваме оптоваре-
ни со ова, постојано во страв и грижа, ефектот е мно-
гу штетен. Си го уништуваме сопствениот живот и
здравје, а детето го правиме круто и плашливо.
Многу често од стравовите на родителите кај
децата се јавуваат предрасуди и фобии кои потоа ги
следат цел живот.
Овие психолошки стравови или нè втурнуваат во
депресија и недејствување или нè тераат да делува-
ме нерационално и неразумно: бараме изговори за да
не го оставиме детето само, го следиме или пак му
всадуваме стравови очајно надевајќи се дека така ќе
биде посигурно.
46
Горан Главинац
Ваквиот страв има застрашувачко дејство на те-
лото и умот. Практично нè парализира на сите нивоа
и ја уништува способноста за донесување одлуки.
Способноста за донесување одлуки ја нарекува-
ме способност за креирање на стратегија.
Стратегијата се состои во внимателно планирање
кога се работи за случување на физичко ниво.
На ментално ниво планирањето не е потребно но
менталната состојба е клучна за да можеме да одбе-
реме оптимална стратегија во секој момент и во се-
која сфера на живеење.
Особините кои го карактеризираат добриот стра-
тег се одлучноста во комбинација со еластичност.
И двете особини се директно попречени од стра-
вот.
Скоро во секоја човечка активност започнувајќи
од спорт и забава, до управување со држава, забе-
лежуваме дека делувањето со страв е несмасно, бав-
но и неодлучно.
Колку и да изгледа чудно, стравот и уживањето
се тесно поврзани – практично се работи за исто дви-
жење, две страни од иста паричка.
Како настанува уживањето? Имаме некоја сенза-
ција од различен тип која ни причинува радост, уба-
во чувство или убав вкус.
Тогаш се вклучува мозокот во релација со егото
кое ни дава силна сугестија дека уживаме во ова и
дека мораме да се погрижиме тоа да се повтори. Се
разбира дека штом во нешто уживаме несомнено ќе
се појави стравот да не се прекине уживањето и кру-
гот се врти.
Човекот во текот на целата своја историја се
обидувал да го зголеми уживањето, а да го надми-
не стравот. Но бидејќи ова движење е единствено,
колку повеќе тежнеете кон уживање и колку повеќе
тоа уживање е значајно за вас, толку ќе биде поголем
стравот.
47
Уметноста на живеењето
Едни од најчестите облици на уживање денес се
поврзани со технолошки направи, храна и надвореш-
ни стимуланси како цигари, алкохол, дрога и.т.н.

Во овие облици на уживање постојат и позитив-


ни елементи, телото и умот за некое време се наоѓаат
во состојбата која ја навестуваме постојано: телото
и умот се смирени без разлика на тоа што се случува
околу нас, нема грижи и размислувања поврзани со
минатото и иднината – се живее сегашниот мо-
мент.
Ова е убаво чувство и не е случајно што човекот
е толку подложен на овие стимуланси. За жал откако
нивното дејство ќе помине се јавуваат фрустрации,
нервоза, депресија и сл.
За да се избегнат овие негативни последици его-
то сугерира да ја повториме состојбата со повторно
користење на истиот стимуланс. И така постепено се
создава зависноста.
Оној кој ова ќе го разбере нема да биде зависник
од ништо бидејќи придобивките од овие стимуланси
ќе ги има по природен пат, засилени и трајни, а ќе
ги избегне негативните последици кои неминовно се
јавуваат.
Постои еден важен момент кој е карактеристи-
чен за состојбата кога сме под дејство на алкохол, а
скоро сите сме ја искусиле или сме биле сведоци на
таа состојба. Во оваа состојба мозокот и свеста се
поматени, а чувството за рамнотежа не функционира
и поради тоа сме многу подложни на паѓање. Но во
овие многубројни падови многу ретко се случуваат
потешки повреди. Ова е голем контраст со повредите
кои ни се случуваат при паѓање во таканаречената
„нормална“ состојба во секојдневието. Тоа е потвр-
дено и статистички.
Зошто се случува тоа?
Одговорот би можел да биде во тоа што телото
48
Горан Главинац
и умот во алкохолизирана состојба се во опуштена
флексибилна состојба.
Флексибилноста е благородна состојба која ја
препорачуваме постојано и во секоја ситуација теж-
нееме да ја зголемиме колку што можеме повеќе.
Колку што сте пофлексибилни и во телото и во
умот толку сте поприлагодливи, помалку ранливи
и постабилни. Флексибилноста е една од оние осо-
бини кои имаат огромна корист за луѓето во секоја
ситуација, а скоро и да немаат негативни ефекти или
последици.
Оваа состојба на безгрижна опуштеност може-
ме да ја забележиме и кај малите деца, а постојано
сме сведоци дека децата често паѓаат, но немаат теш-
ки повреди. Значи подобро е да бидеме опуштени и
безгрижно да се фрлиме во океанот на животот от-
колку круто и со страв и недоумица да правиме ко-
лебливи чекори.
Имаме и други форми на уживања, но аналогија-
та е секогаш иста (уживање – страв).
Уживаме во нашата куќа и предмети – се јавува
страв да не го изгубиме тоа.
Уживаме на работното место – се плашиме да не
го изгубиме.
Уживаме со нашите најблиски – се јавува страв
дека нешто може да им се случи.
Многу често во различни работи или хобија кои
ги правиме уживаме и ни причинуваат големо задо-
волство. Во тој случај во текот на самиот процес из-
ведувачот се наоѓа во состојбата кога е во хармонија
со сè што го опкружува.
Ова е прекрасно чувство и тоа е причината пора-
ди која изведувачите се обидуваат од овие техники и
вештини да заработат за живот, а во исто време што
е можно подолго да се во таа состојба.
Оние кои се покажале како најголеми и најсреќни
мајстори и успеале во тоа никогаш не би ја менувале
49
Уметноста на живеењето
професијата за повеќе пари или други материјални
благодати.
Ова е најдобар пример за тоа колку незрело и
површно е тврдењето дека парите се најважни во жи-
вотот и покрај тоа што за жал се повеќе луѓе функ-
ционираат и се раководат по ова правило.
Вакви вештини има многу, но сепак најкаракте-
ристичниот случај е со уметностите.
Уметноста е безвремена бидејќи не ѝ е потреб-
на причина. Секој вистински уметник во творечкиот
процес се наоѓа во просветлена состојба на телото и
умот.
Надворешно тоа личи како делото да се изведува
без никаков напор и се создава чувство на хармонија,
леснотија и креација.
Се разбира кога зборуваме за вистинско уметнич-
ко дело се мисли на дело кое настанало под дејство
на инспирација и креативен занес, а не под принуда.
Понекогаш уметниците, зависно од околностите, мо-
рале да бидат прагматични со својата уметност, но
ако внимателно ја проучиме биографијата на било
кој голем уметник ќе забележиме дека најзначајните
дела се направени кога не биле под притисок.
Во овој контекст градинарот кој ја уредува своја-
та градина, потполно вклопен во природата околу
него, би бил поголем уметник отколку на пример пи-
сателот кој пишува некое дело со цел да заработи од
него или сликарот кој слика нарачана слика во која
неговата креација е ограничена од барањата на нара-
чувачот.
Значи сè она што го правиме, а во тој процес сме
во оваа просветлена состојба, можеме да го карак-
теризираме како уметничко дело. Ако оваа состојба
стане наша трајна состојба тогаш секоја наша по-
стапка го носи тој печат и така ќе ја осознаеме врвна-
та уметност. Тоа е уметноста на живеењето.
Но за ова да се случи мораме тотално да се ос-
50
Горан Главинац
лободиме од чувството на страв.
Досега тоа сме се обидувале да го направиме со
поединечни стравови, затоа одиме кај специјалист
(психијатар) кој ни помага да ги откриеме страво-
вите во нас. На тој начин понекогаш успеваме да се
ослободиме од некој страв но се создаваат нови сè
подлабоки и поскриени.
Еден од тие стравови карактеристични за модер-
ното живеење е стравот да се биде сам.
Осаменоста најчесто се чувствува на зрели годи-
ни но нејзините почетоци се многу порано. Уште кога
се млади повеќето луѓе очајно посакуваат друштво.
Оттука потекнуваат пријателствата, забавата и раз-
личните облици на социјализација. Точно е дека од-
редени работи полесно и поубаво се доживуваат во
друштво но тоа во никој случај не значи дека треба
да се чувствуваме осамено ако сме сами. Ако стравот
од самотија е присутен во нашиот живот ќе бидеме
конформисти, секогаш ќе делуваме од позиција на
групата на која ѝ припаѓаме и нема да бидеме објек-
тивни и независни. Колку и да е групата доблесна и
интересна, таа сепак делува во одредена рамка, во
одредено поле. Да ѝ бидеме верни на група, идеоло-
гија или здружение неминовно ќе нè ограничи нас и
нашите погледи, ќе ни ја намали ширината и ќе ни ја
одземе слободата.
Сите овие облици на групирање и дружење
својот корен го имаат во стравот од самотијата.
Тоа е и причината зошто голем број на луѓе и по-
крај тоа што ги увидуваат сите грешки кои упорно
ги повторуваме во нашето живеење, немаат сила да
излезат од овој животен тек и да зачекорат во нов жи-
вот.
Тие се плашат дека така во тој случај ќе бидат
неразбрани од средината, изолирани и осамени.
Единствен начин за да се ослободиме од стравот
е комплетно да го разбереме целото негово движење
51
Уметноста на живеењето
од настанокот до неговата манифестација.
Ако се ставиме себеси во некоја тешка и опасна
ситуација, ќе забележиме дека во самиот процес, во
самиот миг на дејствување ние не се плашиме.
Стравот се јавува отпосле бидејќи се создава во
мозокот како последица на мислата.
Во самиот момент на случувањето реагираме, но
потоа кога започнуваме да размислуваме за тоа што
можело или што ќе се случи, тогаш се појавува стра-
вот. Ако во нешто што ни се случува уживаме, тогаш
во самиот момент нема страв туку го живееме мигот
и уживаме. Но потоа почнуваме да размислуваме и
се јавува стравот дека уживањето ќе заврши или пак
дека никогаш нема да се повтори.
Овде би можеле да го споменеме и сексот како
чин кој отсекогаш претставува една од најважните
работи за човекот.
Што се случува за време на сексуалниот чин: те-
лото и умот се опуштени, нема никакви мисли околу
минатото и иднината, комплетно се живее сегашниот
момент со силно чувство на љубов и радост.
Претпоставувам дека аналогијата ви е веќе по-
зната: повторно истите карактеристики на просвет-
лената природа на телото и умот.
Се разбира откако чинот ќе заврши мозокот си ја
презема својата улога – сакаме секогаш да го дожи-
вееме истото задоволство, па се јавува посесивност
за партнерот, љубомора и.т.н.
Како да се извлечеме од овој магичен круг?
Единствен излез е во ослободувањето од егото, а
со тоа нема да се врзуваме за ниедно уживање во жи-
вотот, ќе живееме и уживаме и ќе се радуваме овде и
сега, без разлика што правиме.
На тој начин би требало да дојдеме во состојба
кога повеќе нема да го чувствуваме дури ни најголе-
миот од сите стравови, а тоа е стравот од смртта.

52
МИСТЕРИЈАТА НА СМРТТА

Во ова поглавје ќе се обидеме да ја одгатнеме


мистеријата поврзана со најстрашниот демон кој го
следел човекот отсекогаш. Ова прашање секој човек
си го поставува постојано, свесно или несвесно, од
моментот кога ќе види или слушне за случка поврза-
на со смртта, па се до моментот додека самиот тој не
се соочи со неа.
Би морале да посочиме дека овде сме принудени
малку да отстапиме од рамките на оваа книга и овој
проблем да го разгледаме со доза на претпоставки и
заклучоци.
Ова е неопходно бидејќи се работи за нешто кое
ќе се случи во иднината и колку и да му се добли-
жиме не можеме да бидеме сигурни во ништо и не
можеме ништо да докажеме.
Значи однапред одговараме на првото прашање
кое сите го поставуваат: од каде знаеш и како си си-
гурен? Не знам, и не сум сигурен, но сепак мислам
дека е од огромна корист да навлеземе во ова колку
што е можно подлабоко.
Смртта е состојба која му се случува порано или
подоцна на секој жив организам.
53
Уметноста на живеењето
Тоа е и практично и научно докажано и од таа
причина приказните околу бесмртноста и еликсирот
на бесмртноста и младоста кога се работи за телото
можеме слободно да ги ставиме во групата на науч-
но-фантастични приказни кои нема да бидат разгле-
дувани.
Но секој човек чувствува дека постои и нешто
друго во него – нешто што не се губи.
Ова чувство е длабоко и многу често погрешно
поврзувано со егото – имагинарното јас и сите не-
гови проекции. Во оваа група ќе ги сместиме и твр-
дењата како – (мојата вечна душа) и останатите тео-
рии од тој тип.
Што навистина се случува непосредно по смр-
тта? Телото се распаѓа, а свеста која е дел од нас вле-
гува во нешто кое го дефинираме како колективна
свест.
Поради тоа изгледа, мислата дека во вас постои
нешто што е само ваше и што ќе остане негибнато
по вашата смрт, со голема веројатност можеме да
претпоставиме дека е една имагинарна проекција на
егото.
Ако го погледнеме животинскиот свет ќе забеле-
жиме дека кај нив смртта е составен дел од животот
и воопшто не се крева прашина околу тоа. Живот-
ните си продолжуваат со своите секојдневни рутини.
Кај некои видови како слоновите, делфините и
мајмуните се појавуваат некои специфики кога ќе се
случи смрт на член од нивната група. Тие имаат по-
треба да останат со телото некое време како да изве-
дуваат погребен ритуал. Сепак овие случаи објектив-
но земено се ретки и кај мал број на видови.
Значајно е да забележиме дека кај овие видови се
забележани и други форми на групирања кои потсе-
туваат на човечките.
Значи тоа што сме го наследиле од нашите ани-
малистички претходници во никој случај не соодвет-
54
Горан Главинац
ствува со тоа како ние ја доживуваме смртта.
Ова само ја потврдува тезата дека проблемот
околу смртта се случува во мозокот.
Човековите ритуали поврзани со смртта, и сè
што е поврзано со неа се разновидни.
Некои од нив се бизарни како на пример оста-
вање на телото на животните. Овие традиции денес
веќе ги нема или се многу ретки.
Старите Египќани ги закопувале своите мртви
со сè вредно што поседувале бидејќи верувале дека
така ќе ги понесат со себе предметите во задгроб-
ниот вечен живот. Дел од овие верувања постојат и
денес во некои погребни церемонии.
На едниот дел од светот преовладало верување-
то во воскреснувањето, зачувувањето на душата,
а на другата страна реинкарнацијата и тркалото на
раѓањето и смртта.
Значи имаме три големи идеи: задгробен живот,
воскреснување, и повторно раѓање (реинкарнација).
Што е заедничко за сите овие идеи?
Сите тие проектираат слика за тоа што ќе се
случува со нас по смртта, а целта им е да создадат
верба за со тоа да се надмине стравот од смртта.
Од разговори со верници кои се следбеници на
религиите кои ги стимулираат овие верувања се уве-
рив дека ниту едно од овие објаснувања не допира
длабоко во срцата на следбениците и не ја остварува
целта.
Се разбира дека постојат позитивни исклучоци
но ако анализираме поголема група ќе заклучиме
дека стравот сѐ уште постои.
Постои голема група на луѓе кои не сакаат во-
општо да зборуваат и мислат на темата смрт. Но со
создавање на табуа ретко кога ја постигнуваме целта.
Она што се случува е потиснување на стравот во пот-
свеста, а тогаш тој се појавува во суптилни и непред-
видливи облици.
55
Уметноста на живеењето
Истото се случува и со техниките на позитивни
мисли, и со обидот да се ослободам од стравот така
што ќе станам многу силен и храбар.
Никогаш не можете да се ослободите од стравот
со тоа што се обидувате да создадете некое чувство
како храброст кое е спротивно на стравот бидејќи
тие две чувства едноставно не можат да постојат во
исто време. Ќе бидете вистински храбри кога стра-
вот ќе го нема. Сè друго е глума и залажување.
Како тогаш да му пристапиме на овој проблем?
Постои уште еден пристап. Тој пристап се состои
во тоа да се обидеме да ја доживееме состојбата на
смртта сега веднаш додека сме живи и здрави. Овој
пристап постоел отсекогаш, можеме да го најдеме
во безмалку сите цивилизации, но не е толку многу
прифатен како гореспоменатите.
Зошто е тоа така?
Овој пристап подразбира многу внимание, желба
и разбирање на самиот себе, наспроти другите прис-
тапи кои бараат само верба и со самото тоа се многу
полесни за поголемиот број на луѓе.
За што поконкретно се работи?
Да се обидеме да го перципираме умирањето без
претходни заклучоци, невино, како првпат да сме со-
очени со тоа.
Се случува смрт на биолошкиот организам и
телото започнува по некое време видливо да се рас-
паѓа. Се случуваат хемиски реакции при кои во ат-
мосферата се испушта топлина и испарувања. Исто
така нашата ментална свест се ослободува во енер-
гетски и вибрациски маси. Изгледа како со смртта
да влегуваме во процес на дефизикализација кој нè
носи назад кон нашите почетоци.
И повторно доаѓаме до почетокот.
Науката на многу прецизен начин успеа да дока-
же дека тоа што можеме да го сметаме како основа на
секое постоење е енергијата.
56
Горан Главинац
Од нејзиното движење и вибрирање почнуваат
да се создаваат најмалите честички – кваркови, потоа
електрони, протони, неутрони, фотони, атомот и од
него елементите и молекулите, а од нив соединенија.
Од овде логично се наметнува размислувањето
дека со умирањето нашата енергија се приклучува на
оваа огромна универзална енергија.
Ако ова го гледаме на овој начин смртта не изгле-
да страшно.
На крајот на краиштата ова се случува и во все-
лената. Извештаите од астронаутите говорат дека сè
она што може да се види во вселената гори, експло-
дира, умира.
Ова инстиктивно го чувствуваат луѓето кои се
наоѓаат на смртна постела.
Погледнете ги во очи и ќе се уверите дека нема
никаква трага од страв. Може да чувствуваат физич-
ка болка и тегоби. но страв нема.
Овде треба да го најдеме патот кој ќе го избрише
стравот.
Да се обидеме да се ставиме на местото на овој
човек кој ги поминува своите последни моменти во
овој прекрасен свет.
Зошто тој не се плаши сега?
Се плашел цел живот, но сега не се плаши.
Дали е тоа бидејќи е предаден на животот и смр-
тта – инстиктивно разбира дека тие се едно, нема
мисли, грижи за иднината и минатото, нема завис-
ност од предмети и луѓе колку и да му се драги, нема
никакви предрасуди и ограничувања за никого, нема
его.
Така смирен и спокоен тој конечно вистински
живее.
Неговата психа веќе е во конекција со универзал-
ната енергија која е зачеток на се.
Значи со смртта на индивидуалното стануваме
дел од универзалната енергија.
57
Уметноста на живеењето
Ако претпоставиме дека универзумот функцио-
нира на сличен начин како и нашиот ум, логично
следува дека со смртта на универзалното би дошле
до тоа нешто кое е вечно и непроменливо и од кое се
создава сè.
Оваа состојба на универзална поврзаност може-
те јасно да ја осетите во медитацијата, а просветле-
ни се оние луѓе кои постојано се во контакт со оваа
енергија.
Зар да ја чекаме смртта за да го доживееме ова?
Можеме да го направиме тоа овде и сега, а тогаш
стравот од смртта засекогаш ќе го снема, бидејќи ќе
разбереме дека нема зошто да се плашиме.
Исто како што денес кога грми никој не чувству-
ва страв од семоќниот громовник кој не казнува од
небото, а тој страв постоел илјадници години.
Но за да го направиме ова, мора да го направиме
првиот чекор, тој е и последен – најтежок.
Мораме да го напуштиме егото со сите негови
игри и трикови.
На некој начин можеме да кажеме дека умираме
секој миг.
Умираат психолошките сеќавања, предрасуди
и сите облици на зависности со луѓе, предмети и
случувања.
Така ќе се случи огромна трансформација во те-
лото и умот на човекот.

58
ТРАНСФОРМАЦИЈА

Полека се доближуваме до суштината која ја на-


вестивме уште во првото поглавје. Како да се тран-
сформирам како индивидуа и да ги почувствувам
чувствата кои ги дефиниравме и објаснивме досега?
Ова прашање е отсекогаш едно од најмногу по-
ставуваните прашања насекаде, меѓу мудрите луѓе.
Сме се обиделе на најразлични начини и дефи-
нитивно не сме дошле до некоја формула или метод
кој ги дава посакуваните резултати во поголем број
на случаи.
Сепак да се потсетиме на некои од позначајните:
Игнорирање на прашањето. Во оваа група
спаѓаат луѓето кои тврдат дека да се задлабочуваш
во вечните прашања е непотребно губење на време
и енергија и дека со тоа го пропушташ вистинскиот
живот. Овој обид на екстремно одбегнување на про-
блемот (бегство), со акцент на материјалните погле-
ди на животот и уживањата води во еден ограничен
и површен живот.
Да те интересираат само твоите лични преоку-
пации е точно тоа што егото го сака и стимулира, но
многу често развива завист, омраза, љубомора, не-
59
Уметноста на живеењето
чувствителност, суровост и насилство.
Вистинските прашања се повлекуваат во пот-
свеста и излегуваат силно на површина во кризи,
трагедии и несреќи кои секако мора да се појават по-
рано или подоцна во животот.
Тогаш овие, многу често погрешно сметани од
околината како силни и успешни личности или се
кршат или се повлекуваат во себе со чувство на тага,
збунетост и огорченост.
Изолација: во оваа група се сите големи верни-
ци, луѓе кои потполно го отфрлаат материјалното,
верувајќи дека на тој начин ќе дојдат до спиритуал-
ни достигнувања. Ова е многу распространет начин
меѓу спиритуалните луѓе кој се разбира со упорност
и преданост ќе доведе до појава на некои феномени
кои се недостапни за другите луѓе. Но дали е големо
достигнување ако сум медитирал огромен број на де-
нови без храна и сега, на пример, можам да ја гледам
аурата околу телото. Или сум го измачувал своето
тело за да се приближам до Господ.
Постојат огромен број на техники, методи ме-
дитации кои можат после упорно практикување да
овозможат некој вид на вонсетилно поимање на поја-
вите.
Ова за другите луѓе има ефект како да сретнале
свет човек и од таа причина за овие луѓе има многу
приказни, митови и легенди.
Тие имаат следбеници и неретко си ги злоупо-
требуваат способностите или се во длабока изола-
ција во манастири, пештери и.т.н.
Една објективна проценка би морала да заклучи
дека изолацијата не може да биде одговорот, таа во
самата суштина му се противи на животот чија гене-
рална карактеристика е движење и промена.
Секој ритуал и рутина за кои инсистирате дека
мора да ги правите ве води помалку против животот
и создава зависности и ограничувања.
60
Горан Главинац
Третата група на луѓе се оние кои инстиктив-
но чувствуваат дека горенаведените групи се екс-
тремни и не сакаат да живеат на тој начин. Овие луѓе
постојано пливаат помеѓу горенаведените екстремни
пристапи. Тие живеат и работат во овој свет во кој
живееме, а во исто време се интересираат и за духов-
ните прашања.
Тоа се луѓе кои вистински се интересираат за мир
во светот, за екологија, заштита на видовите и многу
други заеднички теми за сите нас. Тоа се многу често
образовани, модерни, цивилизирани, интелигентни
луѓе кои разбираат дека светот не оди во добра насо-
ка и размислуваат, се интересираат и разговараат за
можните решенија.
Таа е групата на луѓе кои имаат најголема шанса
да ја доживеат трансформацијата за која говориме.
Историјата не научи дека секој обид за универза-
лен метод или техника за да се случи оваа трансфор-
мација не постои и секој обид од овој тип е однапред
осуден на неуспех.
Од друга страна би требало да извршиме некоја
систематизација.
Ќе се обидеме на проблемот да му пристапиме на
следниот начин: ќе ги потенцираме најважните осо-
бини, чувства и техники кои се клучни за процесот
на трансформација и ќе ги потенцираме предностите
и слабостите поврзани со телото и умот.
Ќе забележите дека се среќаваат три можности:
1.Тие се корисни и за телото и за умот, а во тој
случај препорачливо е да ги стимулирате и користи-
те секогаш.
2. Постапки, чувства и техники кои се генерал-
но штетни и за телото и за умот, а тоа значи дека не
би требало да постојат. Ова не значи дека тие нема
никогаш да се појават, но со нивното разбирање те-
лото и умот нема да им придадат никакво значење,
а со самото тоа сме се ослободиле од нив. Како што
61
Уметноста на живеењето
поминува времето, нив ќе ги има поретко и еден ден
ќе заклучите дека се појавуваат толку ретко и тогаш
траат толку кратко што можеме да констатираме дека
немаат никакво влијание на телото и умот.
3. Дел од нив се корисни за телото, а не се за умот
и обратно. За нив треба да имаме најголемо внима-
ние и флексибилност.
Ова не треба да се разбере како правило, догма
или учење.
Опуштете се без никакво чувство за брзање или
предрасуди и ќе ги најдете овие карактеристики во
себе.
Не заборавајте дека кога ќе откриете нешто не-
гативно не смеете да се трудите да се ослободите од
него – така само го храните егото и предизвикувате
конфликт.
Со самата перцепција во релација со разбирање-
то, оваа негативност губи значење и ќе ја снема.
Бидете внимателни, со изострена перцепција.
Сите овие карактеристики се индивидуални и ва-
рираат кај различни луѓе. Од таа причина мора сами
да дојдете до нив. Никој не може да го направи тоа
наместо вас. Бидете креативни и експериментирајте.
На овој начин секој има слобода да ги комбини-
ра елементите и да ја одбере својата најпогодна ва-
ријанта.

Знаење
Знаењето е клучната причина за технолошки и
индустриски напредок. Знаењето околу природата,
вселената и дефинирање на некои природни закони
ни овозможиле подобро да го разбереме светот и го
овозможило развојот на науките.
Денешната девиза на успешните луѓе е информа-
ција (знаење) + стрпливост + внимателност.
Знаењето за функционирањето на телото ни дава
62
Горан Главинац
огромна предност во споредба со древните луѓе би-
дејќи точно знаеме што му треба на телото, што му
користи, а што му штети.
Овие знаења се од непроценлива важност. Сепак
постои и темна страна во знаењето. Технологијата
лесно може да се злоупотреби, посебно ако ја корис-
тат несвесни луѓе.
Кога зборуваме за знаење од психолошки аспект
тука ситуацијата е многу поинаква. Во овој случај
знаењето е многу често извор на предрасуди.
Да анализираме средба меѓу двајца познаници
кои не се виделе некое време. Тоа е средба на ликови
(симболи) кои ги создава егото.
Ова знаење кое го имаме во нас за другата лич-
ност како и фиксни заклучоци за мене како личност
само ми прават предубедувања и не ми дозволуваат
да ја доживеам средбата онаква каква што е во мо-
ментот.
Сите сме биле сведоци на тоа како блиските луѓе
и оние кои ни се драги и симпатични не ги гледаме со
објективни очи. Ние не ги гледаме нив туку го гледа-
ме тоа што го мислиме и чувствуваме за нив.
Оваа состојба е многу често извор на многу про-
блеми и причина за непотребно нарушување на од-
носи.
Како ова да го промениме?
Нема потреба да се прави ништо посебно, како
и за најголемиот дел од овие прашања поврзани со
психата одговорот е во разбирањето на оваа вистина.
Кога вистински ќе ја разбереме, не интелектуал-
но, не само да го говориме тоа туку таа да не допре
однатре, тогаш ќе осетиме колку е поинтересно и
повозбудливо сите луѓе постојано да ги гледаме со
нови очи без однапред донесени заклучоци.
Има една приказна која прекрасно го потенцира
проблемот поврзан со знаењето:
Еден ден познат универзитетски професор до-
63
Уметноста на живеењето
шол кај еден мајстор на зен во обид да научи да го
практикува зенот во својот живот. Му се претставил
на мајсторот и му рекол дека прочитал сè што може
да се најде околу оваа проблематика но, дека не го
чувствува знаењето како дел од него и затоа дошол
кај него за да го подучува како да го разбере зенот.
Мајсторот внимателно го ислушал, а потоа станал
да приготви чај за уважениот гостин. Потоа го пос-
лужил чајот. Започнал да го тура во шолјата, но не
запрел па чајот претекувал. Професорот некое вре-
ме молчел од пристојност, но не можел да издржи и
му посочил на домаќинот дека шолјата е преполна.
Мајсторот тогаш му одговорил дека исто како шолја-
та што е преполна и нема повеќе место така и тој е
преполн со знаења, заклучоци и предрасуди и дека
ако вистински сака да го разбере зенот мора најпрво
да се испразни содржината однатре.
Значи просветлениот ум ги разбира потребите за
знаење во одредени области, го проучува и користи
ова знаење но не дозволува знаењето да му ги дикти-
ра односите со луѓето и околината.
Првиот дел од оваа констатација е составен дел
од квалитетните образовни институции низ целиот
свет. За жал вториот дел воопшто не се потенцира
во образовниот процес и покрај тоа што скоро сите
интелектуалци се сложуваат со ова што го говориме.
Не е доволно да се согласуваме и да го спомне-
ме – мораме да го потенцираме постојано, за децата
во процесот на добивањето знаење од различните
области паралелно да работат на тоа да ги негуваат
овие меѓусебни односи и на тој начин да станат по-
добри луѓе.

Одговорност
Одговорноста е особина која е корисна подед-
накво и за телото и за умот.
64
Горан Главинац
Одговорност за телото подразбира постојана,
внимателна грижа за него.
Многумина се грижат за телото од нарцисоидни,
егоистични причини или поттикнати од стравот од
болести, но ова е периодично и предизвикува стрес
и опседнатост.
Ние го испразнивме егото и повеќе стравови
нема.
Сепак и понатаму одговорно се однесуваме кон
телото бидејќи знаеме дека здравото тело е неопход-
но за квалитетен живот.
Исклучително се важни хигиената, храната, ди-
шењето, одморот и физичката активност.
За ова е напишано многу. Посебно околу исхра-
ната и вежбањето можеме да најдеме огромен број на
дијаметрално спротивни пристапи и правила.
Ќе започнеме со одморот.
Преморено тело е тело со голем потенцијал за
разболување, а доказ за тоа е дека чувството на хро-
ничен замор е еден од главните симптоми за сериоз-
ни животно опасни болести. Мораме да ја штедиме
нашата животна енергија и да ѝ помогнеме правилно
да циркулира во телото. Тоа најдобро го правиме со
одмор и сон. Премореното тело не може да функцио-
нира и реагира правилно, а изморениот ум е конфу-
зен и збунет. Затоа одморајте колку што чувствувате
потреба за тоа. Времето поминато во одмор секогаш
е правилно искористено.
Околу исхраната мислам дека современите пре-
пораки на нутриционистите се сосема во ред. Веру-
вајте ми дека не е од клучно значење дали се храни-
ме вегетаријански или користиме некој друг облик
на исхрана. Точно е дека одредени продукти се подо-
бри за телото, но многу е поважно храната да не ни
стане опсесија.
Секоја опсесија носи стрес и го прави телото не-
хармонично.
65
Уметноста на живеењето
Многу е важно да не се прејадуваме, и што по-
веќе да ја џвакаме храната.
Негативните ефекти од прејадувањето се дока-
жани, а ги чувствуваме и самите во моменти кога ќе
се прејадеме. Тогаш и телото и умот се троми, бавни
и тешки.
Целата енергија се употребува за преработка на
таа преголема количина на храна.
Со подолгото џвакање на храната ќе го подобри-
ме варењето и ќе искористиме повеќе хранливи ком-
поненти од храната која ја внесуваме.
Би требало да се трудиме секогаш колку што
може да јадеме свесно и побавно.
Така до мозокот стигнуваат информации дека же-
лудникот е полн и ние констатираме дека сме сити.
Ако јадеме брзо желудникот се преполнува пред да
стигнат информациите, па така констатираме дека
сме прејадени.
Мислам дека исто така многу е важно да јадеме
само кога сме навистина гладни.
Околу пиењето на вода и тоа колку вода му е по-
требна на човековото тело исто така имаме многу
спротивставени мислења. Водата е главниот елемент
кој го содржи телото и со самото тоа е исклучително
важна.
Во овој дел мислам дека индивидуалниот прис-
тап е најдобар. На секој човек му е потребна различ-
на количина вода во разни периоди. Затоа е најдобро
да си го слушаме телото, но имајте на ум дека кога
ќе почувствуваме жед или кога ќе имаме сува усна
ние сме веќе во состојба на блага дехидратација. Би
требало да внесеме вода порано, а за да го осетиме
тоа мораме да го изостриме вниманието за тоа што
се случува околу нас и во нас. Како и за многу други
работи верувајте му на телото, не си ставајте ограни-
чувања и делувајте!
Овие нови навики се постигнуваат постепено
66
Горан Главинац
бидејќи се составен дел од ритуали кои ги правиме
секој ден, а нив ги правиме автоматски и затоа тешко
се менуваат.
Знам дека овие информации ви се познати, но
сега сакам вистински да допрат до вас, а не само да
ги повторуваме механички.
За тоа да се случи мораме додека ги извршуваме
овие секојдневни рутински активности како хигие-
на, дишење и исхрана умот секогаш да биде со нас,
не во размислувања околу тоа што нè очекува, не во
враќање на сеќавањата од вчера туку овде со нас.
Тогаш ќе почувствуваме дека ако сме тука со
умот ќе јадеме правилно, ќе дишеме свесно, длабоко
и правилно и ќе се чувствуваме прекрасно. Мисла-
та дека овие активности се прават автоматски и дека
треба да го искористиме времето додека ги правиме
размислувајќи за нешто друго е илузија создадена од
егото која ни го прави телото неосетливо, а умот ра-
сеан.
Околу вежбањето би морало акцент да се стави
на секојдневни физички вежби и лесно движење. По-
стои една широко распространета теорија која смета
дека вие сте здрави, ако изгледате силно и муску-
лесто.
Ова едноставно не е точно.
Силните мускули се важни за да го држат телото
правилно, а исто така делуваат позитивно на самодо-
вербата, но телото многу често се соочува со крутост
и вкочанетост.
Исто така, напорното вежбање кое е неопходно
за да го добиеме и одржиме ефектот на силните мус-
кули доведува до преморување, губење енергија и
замор, што остава сомнеж во здравствените придо-
бивки од истото. Приоритет би требало да се даде на
лесните гимнастички вежби и на пешачењето. Овие
активности не треба да се третираат како спорт или
нешто што го правиме за да се опуштиме и да побег-
67
Уметноста на живеењето
неме за кратко од секојдневието туку треба да станат
дел од живеењето.
Тогаш нема да ви се јави мислата дека немате
време или дека сте уморни.
Колку време ќе вежбаме зависи од нас, но мора
да биде секој ден.
Доколку велиме дека мора да го правиме тоа во
друштво или дека ни е здодевно тогаш тие вежби не
го постигнуваат ефектот што го посакуваме. И хра-
ната е повкусна доколку ја јадеме во друштво, но тоа
не значи дека нема да јадеме ако сме сами. Не може
да ни биде здодевно вежбањето доколку се чувству-
ваме добро додека вежбаме.
Она што треба да го направиме е правилна ком-
бинација на вежби кои ни го носат тоа убаво чувство
на истегнато - разбудено тело и ум и зголемување-
то на енергетското ниво во нив.
Постои уште еден фактор кој е многу важен при
вежбањето, а тоа е брзината.
Ако вежбите ги правиме побрзо тоа придоне-
сува да се согоруваат повеќе калории и дејството
околу обликувањето на телото е поголемо. но тогаш
учеството на умот во самата активност е многу по-
мало.
Идеално е да се комбинираат динамични со ста-
тични вежби, а движењата да го менуваат ритамот од
побавен кон побрз.
Истото правило важи и за пешачењето во однос
на трчањето.
Можеме да ги комбинираме но логично е пого-
лемиот дел од времето да пешачиме. Посебно вни-
мание мора да се посвети на зглобовите и на флекси-
билноста и стабилноста.
Дишењето притоа би требало да биде колку што
е можно поприродно, а тоа подразбира дишење на
уста – при поголеми брзини и напор и мирно, дла-
боко и спокојно дишење на нос- при изведување на
68
Горан Главинац
бавни и лесни вежби или техники.
Насочувањето на вниманието кон дишењето е
еден од најефикасните начини да го доведеме умот
во процесот на вежбање и покрај тоа што не е един-
ствениот, а со самото тоа не е ни неопходност.
Не би сакал да потенцирам конкретни вежби
но еден здрав пристап би требало да ги комбинира
западните вежби за загревање, со далекуисточните
јога техники и различни облици на боречки вештини
со минимално користење на бодибилдинг и дигање
товар. Бидете креативни и не си задавајте стриктно
време и распоред за вежбање.
Кога ќе го достигнеме нивото кога овие вежби се
вистински дел од нашиот живот тогаш самото тело
секојдневно ќе ни биде водич кога, колку и што ќе
вежбаме.
Не е точно дека мора да се вежбаат секој ден ис-
тите серии или дека треба да се вежба интензивно на
пример еден час.
Напротив подобро е да се вежба повеќе пати во
текот на денот пократко нормално колку што има-
ме време во зависност од другите активности. Веж-
бањето не смее во никој случај да ни стане опсесија
бидејќи исто како и сите други опсесии прави огро-
мна штета на животот во целост.
Како резултат на овие активности: дишење,
исхрана, одмор и физички активности при што уште
еднаш потенцирам дека во нив цело време треба да
биде присутен и умот (mindfulness), тогаш телото и
умот ќе бидат на посакуваното енергетско ниво.
Тогаш телото ќе ни биде грациозно и елегантно,
со стабилен и природен став. Функционирањето е
едноставно, со свесност и самоконтрола, а телото и
умот се слободни и смирени и покрај тоа што се ак-
тивни.
Одговорноста кон умот ја изразуваме така што ќе
му дадеме на умот простор и слобода без да го опто-
69
Уметноста на живеењето
варуваме со неважни мисли.
На овој начин заштедуваме многу енергија.
Флуидноста на телото и умот е состојбата што ја
посакуваме.
Лесно, неограничено, подвижно делување без
никакво чувство на притисок, амбиција, споредба и
завист.
Исто како што сме одговорни кон себе треба да
бидеме одговорни кон луѓето, животните, природата.
Но, не обидувајте се да си наметнете одговорност
како особина. Така се залажувате, а не сте вистински
одговорни. Мора таа да дојде однатре и тогаш е вис-
тинска. Одговорниот човек се однесува на тој начин
без разлика на мислењето на другите и последиците.
Клучниот фактор за да ја зголемиме одговорнос-
та на секое ниво е вниманието. Вниманието е исклу-
чително корисно и за телото и за умот.
Мораме да се концентрираме на тоа цело време
вниманието да ни е насочено на тоа што го правиме
и на тоа што се случува околу нас.
Добар пример за ова е случајот со кајче на вода.
Ако вниманието ни е насочено на брегот имаме
чувство дека објектите на брегот се движат, но ако го
насочиме вниманието во кајчето веднаш ќе бидеме
свесни дека всушност се движи кајчето.
Мораме да научиме да ги согледуваме работите
околу нас со умот и да изградиме рационален став.
Сигурен сум дека сите сакаме нашите деца и
внуци да израснат во одговорни личности.
Како тоа да го оствариме?
Обидете се да најдете во себе некоја доблесна
карактеристика, а потоа пробајте да ја најдете при-
чината за неа.
Ако не можете да ја најдете причината тоа значи
дека оваа особина е вистински дел од вашата лич-
ност.
Ако одиме малку подлабоко можеме да забеле-
70
Горан Главинац
жиме дека оваа особина многу често е составен дел
на животот на нашите родители.
Само на овој начин можеме да го направиме де-
тето одговорно:
Со упорен секојдневен одговорен однос кон сè, а
посебно кон него.
Не со награда и казна, не со глумење одговор-
ност пред него бидејќи детето интуитивно чувствува
што ни е вистински важно, туку со постојано, сери-
озно и одговорно однесување.
Тоа е навистина прекрасна последица: „Јас сум
одговорен бидејќи сум трансформиран и чувствувам
дека така треба да мислам и делувам, а во исто време
делувам на тие кои се во мојата близина и со самото
мое присуство помагам во нивната трансформација.“
Немојте да се залажувате дека можете вистински
да влијаете и да помогнете детето да усвои некоја
особина или доблест ако вистински не го живеете тоа
што го говорите. Дури и да се случи тоа ние не сме
причината за успехот на детето туку на друг начин
таа особина станала дел од неговиот живот. Децата
се многу слободоумни и сè од нивното опкружување
примаат флексибилно како сунѓер.
Значи не постои формула за тоа како некого да
трансформираме.
Тоа не е знаење кое можете на некого да му го
вметнете со стопроцентна сигурност дека ќе успеете.
Бидете пример, постапувајте правилно и не гри-
жете се дали сте успеале некого да трансформирате.

Мисла
Една од главните карактеристики која не одде-
лува од животните е мислата и способноста да раз-
мислуваме. Таа е составен дел од нашиот живот по-
стојано.
Ако ја разгледаме мислата на физичко, надво-
71
Уметноста на живеењето
решно ниво ќе видиме дека мислата е многу корисна,
посебно во делот на науката и техниката.
Што е мислата?
Мислата е материјален процес кој се случува во
мозокот.
Таа е тесно поврзана со анализата.
Кога ќе ни дојде некоја мисла, идеја во главата
почнуваме да ја разработуваме, да ги бараме причи-
ните и да ги анализираме последиците. Потоа, зе-
мајќи ги како основа овие податоци донесуваме за-
клучок и правиме план за делување.
За ова да го постигнеме потребна е огромна кон-
центрација и дисциплина.
Така сме ги создале прекрасните градби и техно-
лошки достигнувања, и сме си го направиле животот
многу полесен и посигурен на надворешно, физичко
ниво.
Конкретно во однос на телото, мислата ни по-
мага да си го чуваме и одржуваме телото во добра
здравствена состојба.
Мислата и енергијата се тесно поврзани. Енер-
гијата ја следи мислата. Ако помислиме на некој дел
од телото енергијата автоматски се насочува таму.
Значи со помош на мислата ние можеме да ја рас-
пределиме енергијата низ телото и да овозможиме
нејзино слободно движење.
Обидете се на пример пред нагло да станете да
го замислите движењето кое ќе го направите. Тогаш
нема никакви шанси да се повредите бидејќи телото
е веќе подготвено за овој ненадеен напор.
Но сето ова е сосема спротивно кога се работи за
психичко ниво на делување.
Тука мислата може да биде многу штетна.
Таа го создала егото, тоа имагинарно замислено
јас од кое потекнуваат сите човекови проблеми.
Од ова неминовно следува прашањето како да се
ослободам од егото?
72
Горан Главинац
Но ова прашање е во самата основа погрешно
бидејќи насочува кон метода, а методите и техниките
се одлични за причинско последични проблеми, но
овде само ја влошуваат работата.
Кога се обидувале да ја објаснат оваа состојба
просветлените луѓе го користеле терминот „не раз-
мислувај“ но безуспешно. За луѓето кои не ја осетиле
таа состојба овој термин асоцирал на тап, неинтере-
сен и некреативен живот.
За жал ова е многу тешко да се објасни со збо-
рови.
Она што вистински се случува е дека не постојат
повеќе никакви мисли од егоистичен тип. Додека во
сферите каде размислувањето е потребно, мислата
уште подобро функционира бидејќи го нема бала-
стот и притисокот кој го создава егото.
На тој начин се зголемува енергијата и се развива
интуицијата.
Состојбата е одлично опишана преку симболот
на одраз на Месечината во вода.
Движење и недвижење.
Ако ја погледнеме Месечината на небото таа ни
изгледа стабилно и неподвижно, но ако го погледне-
ме нејзиниот отсјај и сенка на површината на мир-
ната вода ќе забележиме дека таа трепери што значи
дека имаме движење.
На физичко ниво ова значи да сме постојано
тука со целото внимание кон тоа што се случува, а
на ментално ниво ги оставаме мислите да течат и
не се врзуваме за ниту една.
Оваа состојба ја бараат луѓето во процесот на ме-
дитација.
Како умот да влегува самиот во себе.
Не треба ништо да правиме само треба вистин-
ски да ја разбереме природата на егото, да се соочиме
и да прифатиме дека го имаме и дека егото раководи
со нас и го диктира нашиот живот.
73
Уметноста на живеењето
Тогаш егото ќе исчезне, а ние ќе започнеме да
живееме одново.

Постапки штетни и на физичко


и на ментално ниво
Овде ќе ги посочиме оние постапки, техники и
чувства кои донесуваат малку корист, а многу ште-
та и на физичко и на ментално ниво, а со самото
тоа треба да ги сведеме на минимум во процесот на
трансформација.
Најголемиот дел од нив веќе ги спомнавме и
објаснивме, но заради нивно сублимирање и полесно
разбирање на истите, накратко, ќе ги посочиме пов-
торно.
Не заборавајте – кога ќе го снема егото сите тие
ќе исчезнат засекогаш. Првиот чекор во трансформа-
цијата е всушност и последниот.

Страв
На физички план нè прави несигурни малодуш-
ни кукавици.
Најголемите стравови се поврзани со болка, бо-
лест, старост, осаменост и смрт.
Обидите да се применат методи како култиви-
рање храброст се безуспешни и водат во конфликт.
На ментално ниво најлошите последици на стра-
вот се депресија, анксиозност, фрустрација, омраза,
гнев и.т.н.

Бегство
Бегството на краток рок ни дава мала оддишка,
но на долг рок суштински нè залажува и нè оддале-
чува од трансформацијата која ја посакуваме.
Бројот на различни видови на бегства кои ги соз-
74
Горан Главинац
дал човекот е огромен: религија, зависности, храна,
забава, хобија, медиуми, социјални мрежи...
Она што е важно да се разбере е дека не е по-
требно да се откажете од овие ситни придобивки и
уживања.
Како што веќе нагласивме во уживањето нема
ништо лошо, напротив, некои негови форми се ко-
рисни.
Тие го подигнуваат културното ниво, заштедува-
ат време, ни даваат информации во областа која нè
интересира или нè носат во состојба на задоволство
и мир.
Трансформираниот човек може да користи некои
од формите на бегство (театар, хоби, забава и сл.),
но тие не се од суштинско значење, бидејќи тој не
тежнее кон нив. Тие немаат никакво влијание на не-
говата внатрешност.
На физичко ниво бегството придонесува кон тоа
да не се соочиме со дадената ситуација.
Ова не е многу страшно кога ни оди релативно
добро. Но кога сме соочени со големи кризи и про-
блеми погубно е без разлика дали проблемите се фа-
милијарни, финансиски или здравствени.
Проблемот го одложуваме, се залажуваме а утеха
наоѓаме во бегството.
На тој начин губиме драгоцено време и го вло-
шуваме проблемот.
На ментално ниво бегството создава силни зави-
сности, го храни егото, а со самото тоа не оддалечува
од вистината и од состојбата на умот која ја посаку-
ваме.

Време
Времето е чуден феномен кој игра огромна улога
во нашите животи.
Се разбира тука не говориме за хронолошко вре-
75
Уметноста на живеењето
ме кое е очигледен факт за кој нема многу што да се
зборува. Но времето се јавува и во многу посуптилни
облици.
Сигурен сум дека сите сте се соочиле со ситу-
ација кога ви недостасува време за да направите
нешто кое ви е многу потребно. Тогаш телото и умот
се во ужасна состојба. Телото е во паника, неефикас-
но, нервозно и избрзано реагира и најчесто греши.
Умот е конфузен, главата е матна. Се обидуваме
да ја забрзаме мислата, но резултатот е секогаш лош.
На емоционално ниво се јавуваат скоро сите
негативни чувства кои во правилна психофизичка
состојба ги нема: немир, нервоза, страв, двоумење,
збунетост, апсолутно отсуство на ред (хаос), нетрпе-
ливост, љубомора, омраза, гнев.
Оваа психофизичка состојба во модерната тер-
минологија се нарекува со името стрес.
Таа е предуслов за многу модерни заболувања.
Бидејќи до одредено површинско ниво ова сме го
воочиле, па сме почнале да бараме решенија. Тоа сме
го направиле на еден од познатите начини:
а) со медитација или релаксација ќе го поделам
времето на време под стрес и време кога се рехаби-
литирам.
Овој начин помогнал да се создадат најразлични
техники кои го носат телото и умот во посакуваната
смиреност и ред но мораме да се соочиме дека тоа
е сепак облик на бегство колку и да е корисен. Тоа
е како да цело време сте болни, но со лекарства ја
ублажувате болеста и ја држите под контрола.
Ние сакаме да сме здрави.
б) Ќе станам точен, никогаш нема да се соочам
со проблемот со времето и така ќе го одбегнам про-
блемот.
Овој пристап има некои позитивности бидејќи
точно е дека ако сме точни ја одбегнуваме оваа ситу-
ација. Но има и негативности.
76
Горан Главинац
Најпрво колку и да сме точни животот и околно-
стите ќе нè доведат во ситуација кога нема да може-
ме да го контролираме времето. Точно е дека во тој
случај ќе доцниме поретко, но дозата на стрес која
ќе ја доживуваме во тие моменти и штетата која си ја
правиме е многукратно поголема.
Ова е очигледно кога се работи за децата. Детето
не е опседнато со времето што само по себе докажу-
ва дека ова е неприродна состојба. Единствен начин
да го доведеме детето во состојба да биде екстрем-
но точно е со методите на казна – награда. Сите сме
биле сведоци на тоа дека тие деца имаат многу пого-
лем внатрешен немир, страв и стрес кога сепак ќе им
се случи да доцнат.
Исто е и со возрасните само ние ги криеме и
потиснуваме овие чувства.
Децата не можат да ги разберат овие работи.
Затоа не бидете премногу строги и разочарани
од нив кога ќе задоцнат се разбира доколку тоа се
случува ретко и ненамерно. Многу подобро е да ги
едуцираме како треба да се однесуваат во тие момен-
ти кои неминовно ќе се случат. Инаку решаваме еден
проблем но создаваме други.
Во негувањето на доблеста секогаш да бидам то-
чен исто така се јавува јаз меѓу мене, кој доцнам и тој
кој ќе стане многу точен.
Како да се делиме на две личности.
Оваа грешка ја правиме со сите психолошки про-
блеми.
Егото создава подвоеност меѓу тој што го има
проблемот и тој што ќе го реши проблемот по одре-
дено време. Интересно е тоа што повторно се јавува
времето како фактор.
На пример јас сум насилен и ќе читам, учам,
вежбам... како да не бидам насилен и по некое време
ќе станам ненасилен.
Ова е илузија која ја создава егото за да ни даде
77
Уметноста на живеењето
верба и надеж дека ќе дојдеме до спротивното но по-
степено, а за тоа време насилството продолжува. Не-
насилен сте тогаш кога насилството ќе го нема.
Нема техника или метод. Едноставно разбере-
те ги овие чувства и феномени вистински. Длабоко
разберете зошто се случуваат и ќе видите дека ќе ги
снема. Нема да можете да објасните како ги снемало.
Знам дека ова звучи малку нереално, но мораме
да разбереме дека метод и начин на справување со
проблем се потребни кога сме соочени со нешто кое
вистински постои.
На пример, ако сме заглавени во сообраќаен ме-
теж за повторно да се воспостави ред потребно е вре-
ме и техника како тоа да се изведе и организира. Но
метежот е вистинска реална состојба.
Во нашиот случај се работи за нереални илузии,
симболи и асоцијации кои ги креира егото.
Тие не се вистински и од таа причина за нив ме-
тод не е потребен. Разберете ги, не интелектуално, не
со зборови, туку вистински однатре и тогаш егото ќе
го нема, а кога егото исчезнува, исчезнуваат и сите
илузии и стравови кои тоа ги создава.
Знам дека со овој метод е полесно и имаме гаран-
ција за успехот, но за жал ова е единствениот начин.
Нема гаранции, нема план, нема правила, нема
цел.
Мораме да влеземе во реката без да знаеме каде
ќе нè однесе.
Мораме да го држиме прозорецот отворен, а дали
ќе влезе свеж воздух нема да знаеме однапред.

Постапки корисни и на физичко


и на ментално ниво
За разлика од претходните овде ќе ги посочиме
елементите кои се генерално корисни и за телото и
за умот, а со самото тоа автоматски го зголемуваат
78
Горан Главинац
квалитетот на нашиот живот.

Сигурност
Сигурноста е неопходна секогаш. На физичко
ниво, сигурност добиваме со обезбедување на дом,
храна и облека.
Ова се неопходните аспекти на физичка сигур-
ност кои мораме сите заедно да се потрудиме да му
ги овозможиме на секој жител на планетата земја.
Знаеме дека тие се реалност во развиените земји, но
се уште постојат многу делови на светот каде луѓето
не се во можност да ги имаат овие основни животни
потреби.
Истото се однесува и на физичката безбедност.
Физичката, личната безбедност, а со тоа и безбеднос-
та на нашиот дом, логично е да се остави на држава-
та, како што се случува во модерните демократии.
Ова има свои недостатоци, но ако земеме пред-
вид каква била ситуацијата кога секој сам се грижел
за својата физичка безбедност, модерниот начин е
дефинитивно подобар.
Немојте да ги осудувате оние кои го бараат реше-
нието во преселби во развиени држави доколку до-
аѓаат од место каде се загрозени основните човекови
потреби.
Тие луѓе се исти како вас и ги бараат истите ра-
боти кои вие ги имате од раѓање.
Нема да го решиме проблемот со забрани, визи и
ограничувања.
Треба сите заедно да ги овозможиме овие неоп-
ходности насекаде.
Тогаш проблемот ќе се разреши сам од себе.
Овде пред сè зборуваме за физичка безбедност и
разумен здравствен и социјален систем.
Но, не одете чекор понатаму: не трупајте пари,
имот. Не мора да имаме сметки полни со пари или
79
Уметноста на живеењето
секакви облици на осигурување од сè и сешто за да
се почувствуваме сигурни.
Овие донекаде на физички план корисни работи
создаваат психолошки несигурности.
Психолошката сигурност ќе ја добиеме еднаш
засекогаш кога ќе нема стравови. Не очекувајте дека
стравот од болест и смрт ќе го решите со личен док-
тор, секојдневни прегледи и сл. Тие се корисни за те-
лото и превентивно делуваат за здравјето, но нема да
ни дадат долгорочна психолошка сигурност.
Неа ќе ја добиеме само и единствено кога егото
со сите негови содржини ќе го нема. Психолошката
сигурност е неопходна за исполнет креативен живот.

Слобода + одговорност
И двете особини ги разработивме детално, но
сега би сакал да ја потенцирам нивната поврзаност.
Имено многу луѓе во светот го оправдуваат ограни-
чувањето на слободата на своите деца, сакани, граѓа-
ни, со тврдење дека премногу слобода би продуци-
рала неодговорно несовесно однесување и анархија.
Ова е точно кога зборуваме за деца или несвесни
луѓе, но кај вистински слободните луѓе одговорноста
секогаш е присутна.
Вистинската слобода подразбира хармонично
тело и ум, а тие создаваат највисоко ниво на ред и
надворешно и внатрешно.
Редот е спротивност на анархија и несовесност и
истите не можат да постојат во исто време.
Овој ред не го добиваме со концентрација или
дисциплина, туку е природна придобивка на слобод-
на и зрела личност.
Вистински слободниот човек е прекрасна и одго-
ворна личност и посакуван граѓанин за секоја демо-
кратска држава.

80
Горан Главинац
Стабилност + флексибилност
Стабилноста е особина која кога се работи за те-
лото би морало постојано да биде негувана.
За телото да биде стабилно треба да биде центри-
рано ниско што е вештина која може да се совлада на
различни начини, но еден од најефикасните начини е
тренинг на боречки вештини бидејќи во нив стабил-
носта е од клучно значење.
Кај оние, кај кои стабилноста е развиена до мак-
симум имаме чувство дека не можеме да го помести-
ме од местото на кое стои (како планина).
Менталната стабилност е неопходна за правилно
донесување одлуки, а кога ја поседуваме луѓето око-
лу нас се посигурни и ни веруваат.
Најдобар начин да работиме на нашата ментална
стабилност се умствени игри со временско ограни-
чување.
Една од најдобрите игри од овој вид е шахот.
Ако играчот игра со временско ограничување, тој
по неколку неуспешни партии во процесот на барање
на причините за поразот ќе научи многу за времето,
за своите ограничувања и ќе ја најде менталната ста-
билност.
За ментална стабилност е круцијално активноста
која ја правиме, да ја правиме без никаква желба за
победа или страв од пораз.
Но стабилноста мора да дојде заедно со флекси-
билност.
Многу луѓе кои делуваат стабилни и силни всуш-
ност се крути и ригидни.
За флексибилноста доволно кажавме, а методите
кои ги посочивме околу стабилноста важат и за зго-
лемување на флексибилноста.
За да ја добиеме неопходната флексибилност и
стабилност мораме да се ослободиме од тенденција-
та да контролираме.
81
Уметноста на живеењето
Контролата на телото води во несмасност и кру-
тост, а контролата на умот води во ригидност и ед-
ностраност.
Исто така контролата е во директен судир со
слободата која ја дефиниравме како неопходност.

Внимание + разбирање
Вниманието на тоа што се случува околу нас и
на тоа што се случува во нас е можеби најважната
особина која сите луѓе ја знаат, но повеќето ја потце-
нуваат и занемаруваат.
Зошто е вниманието толку важно?
На физичко ниво тоа ни помага секогаш да биде-
ме во тек со настаните, а со самото тоа сме подобро
подготвени за тоа што следи.
На ментално ниво вниманието ни помага да се
запознаеме себеси, а тоа е нешто најважно што било
кој човек може да го направи.
Но најважно од сè е што вниманието го уништу-
ва егото.
Сите сме се нашле во ситуација кога правиме
нешто со целото свое внимание.
Тогаш не размислуваме за проблемите од вчера,
не мечтаеме за иднината едноставно сме тука вкло-
пени со тоа што го правиме.
Сигурен сум дека сите сте го почувствувале тоа.
Истото се случува во кризни ситуации.
Тогаш спонтано и природно сме вистински луѓе.
Чисти, отворени и хумани.
Сега замислете како би изгледало ако ова внима-
ние би го задржале цело време.
Започнете со физичкиот свет.
Погледнете го светот со искрени невини очи на
дете исто како првпат да го гледате тоа што е пред
вас. Така гледате кога сте на туристичка обиколка.
Затоа ви е убаво.
82
Горан Главинац
Слободни сте, креативни и перципирате без ни-
какви предрасуди.
Ќе се зачудите колку случки и факти сте про-
пуштале околу вас и покрај тоа што истата ситуација
сте ја имале илјадници пати претходно.
Погледнете ги луѓето како да ги запознавате прв-
пат со внимание, почит и интерес.
Ќе се изненадите колку нови работи ќе откриете
за нив.
Потоа погледнете ја вашата внатрешност, вашите
мисли, вашите чувства и стравови.
Со оваа чиста перцепција на сè околу вас и во
вас, доаѓа и опсервација и разбирање на нештата.
И така со разбирањето се случува редот.
Од редот следуваат мирот, тишината и спокојот.
Се јавува чувство на радост што сте тука и што
конечно живеете.
Тогаш сте ја нашле состојбата на просветлување-
то за која зборувале сите пророци овие илјадници го-
дини.
Сега сте будни.

83
ПОСЛЕДИЦИ ОД
ТРАНСФОРМАЦИЈАТА

Би сакале сега да се позанимаваме со состојбата


на телото и умот на една трансформирана личност.
Сè што овде ќе посочиме не треба да го дожи-
вуваме како нешто неопходно и да го перципираме
буквално.
Ако некогаш почувствувате некое од овие чув-
ства кои велиме дека би требало да ги нема, не значи
дека сте на лош пат, ниту пак оние позитивности и
доблести кои ќе ги посочиме како последици треба
да ви станат идеал или желба.
Не заборавајте, не смее да се тежнее кон ништо,
не смее да се има желба или да се очекува некаков
резултат.
Трансформираната состојба не е наградата која
треба да ја добиете на крајот.
Морате да чувствувате без мотив и желба дека
тоа што го правите е правилно.
Ако чувствувам дека тоа што го правам е правил-
но, прашањето како „зошто го правам ова“, никогаш
нема да ве оптовари бидејќи ова е тотално природна
состојба и нема потреба од никакви мотиви, намери,
84
Горан Главинац
планови и цели.
Неопходниот и најважен чекор е ослободувањето
од егото.
Дури можеме и да го употребиме симболот –
„смртта на егото„.
Ова не значи дека треба да се откажеме од сè што
поседуваме. Тоа би било површно, незрело однесу-
вање. Ниту пак значи дека треба да седнеме во свое-
то катче без разлика дали тоа е во нашата соба или во
некој храм и да се изолираме од светот.
Егото е мртво кога работите околу вас и во вас
ги перципирате без лична нота.
Тогаш ќе можете да слушнете нешто непријатно
без да се навредите или да возвратите.
Ќе ги изнесувате вашите ставови, но нема да убе-
дувате, ниту пак ќе ви значи дали мнозинството се
согласува со вас или не.
Замислете дека егото е еден голем инструмент
кој ги снима настаните, потоа ги обработува и доне-
сува заклучоци.
Овие заклучоци кога се работи за човечки осо-
бини, чувства, релации и постапки се преточуваат
во предрасуди и од тука извираат конфликтите. Со
смртта на егото, предубедувањето за нештата го сне-
мува, односно креираното мислење за нештата од
минатото не постои и информациите што сме ги за-
помниле не влијаат на сегашноста.

Се разбира дека кога се работи за материјалниот


свет, помнењето, анализата, заклучокот, сето тоа пре-
точено во знаење продолжува и понатаму.
На пример техниката за учење на јазик или за
совладување на лекција е универзална и се разбира
дека ќе ја меморираме и ќе ја примениме секогаш
кога ќе има потреба за тоа.
Но ако се запознаеме со некој човек таа средба
нема да ни ја дефинира сликата за него засекогаш.
85
Уметноста на живеењето
Луѓето се менуваат, околностите се менуваат. Во
тој случај мораме секогаш да имаме отворен ум и
да гледаме на следните средби со објективност без
претходни заклучоци.
Се ова се случува на интуитивна основа.
Не треба да размислуваме дали нешто треба да
го меморираме или не, едноставно тоа спонтано се
случува.
Можеби најсоодветно е објаснувањето дека на
настаните и односите гледаме како некој од страна
бидејќи егото е мртво и ги гледаме работите објек-
тивно онака како што се, без никаков личен печат.
Со „смртта на егото“ телото и умот започнуваат
да се однесуваат изразено рационално и интелигент-
но.
За интелигенцијата е кажано и напишано многу.
Огромен број на луѓе денес прават IQ тестови обиду-
вајќи се со тоа да си докажат нешто на себе и на дру-
гите. Ние не зборуваме за таква интелигенција ниту
пак за емоционална, телесна, музичка, математичко
логична и сл.
Овие поделби на интелигенцијата придонеле да
имаме луѓе кои имаат огромна интелигенција во не-
кои области, а се однесуваат тотално ирационално во
други сфери на живеењето.
Ова, според мене, не е интелигенција туку се ра-
боти за специфични дарби поврзани со просторна и
логична ориентација.
Докажано е дека ова со соодветен тренинг се по-
добрува, што самиот тест го става под сомнение.
Ние говориме за тотална интелигенција за која
најсоодветен израз е природна интелигенција.
За да ја разбереме природната интелигенција ќе
ѝ пристапиме едноставно.
Што подразбираме под интелигентна реакција?
Без разлика за што се работи, интелигентен прис-
тап и реакција подразбира без дилеми и колебања да
86
Горан Главинац
ја воочиме конкретната ситуација или проблем, да
навлеземе во неа, да ја разбереме и да реагираме со-
одветно.
Како што забележувате сите овие карактерис-
тики се дел од нас и нашата трансформација: има-
ме изострено внимание, пристапуваме рационално
и трезвено, се занимаваме само со фактите бидејќи
егоистичните мисли и предрасуди ги нема, нема ко-
лебање и дилема бидејќи ништо не правиме некому
за да докажеме нешто, туку едноставно реагираме
соодветно на случувањата.
Значи не се случува некое езотерично зголе-
мување на интелигенцијата како последица на не-
кои повисоки состојби на свест, туку едноставно
дистракциите кои ги прави егото со сите негови ми-
сли, стравови, желби и очекувања ги нема. Имаме
простор и време за делување и од таа причина одлу-
ките ги донесуваме побрзо, а точноста во проценката
е многу поголема.
Постои прекрасна приказна на таа тема: калуѓе-
рот и неговиот ученик биле во утринска прошетка.
На патот, веднаш покрај потокот, забележале млада
убава девојка која не можела да го премине потокот
бидејќи ногата и била повредена. Ги замолила за по-
мош.
Ученикот се збунил, но калуѓерот без колебање
ја подигнал девојката и ја пренел преку потокот.
Таа им се заблагодарила и тие ја продолжиле
прошетката. Но случката цело време му била во гла-
вата и го мачела ученикот.
На крајот прашал: „Извинете, но ние сме калуѓе-
ри и нам ни е забрането да допираме жени. Зошто го
сторивте тоа?“
Калуѓерот се насмевнал и му одговорил:
„Јас девојката ја оставив крај потокот, а ти гле-
дам дека уште ја носиш.“
Оваа приказна е одличен пример за интелигент-
87
Уметноста на живеењето
на постапка без предрасуди и ограничувања.
Исто така ја демонстрира штетата која ни ја
предизвикува мислата доколку биде употребувана
несоодветно.
Отприлика истото се случува и на енергетско
ниво:
Енергијата во телото и умот многукратно се
зголемува.
Тоа е природна последица на принципот за за-
чувување (штедење) на енергијата.
Телото е флексибилно и осетливо, а умот е тивок
и мирен и со самото тоа енергијата складно и балан-
сирано се движи низ целото тело.
Целата енергија која се трошела секојдневно за
нерационални желби и хирови, за грижи, нервози
околу работата и партнерот, мисли за минатото и ид-
нината, за постојана анализа на сè, енергијата која
се трошела од несоодветна храна и пијалак и други
егоистични постапки, сега останува во нас.
Исто така се појавува и дополнителна енергија
која досега, заради нашите грижи и проблеми не сме
можеле да ја осетиме – тоа е енергијата на универзу-
мот или космичката енергија.
Кога ќе ја осетиме оваа енергија практично сме
дел од целиот универзум.
Дури и несвесните луѓе на моменти кога се во
мирно опкружување, со мирен ум, обично во приро-
да фасцинирани од преубава глетка на залез на сон-
цето или поглед на морската шир, чувствуваат дел од
оваа универзална енергија.
Таа е насекаде, само треба да ја осетиме.
Со акумулација на оваа енергија и со стопување-
то со околината, во нас се јавува чувство на радост.
Оваа радост не треба да ја помешаме со чувство-
то на уживање. Тие се сосема различни.
Таа е без причина и не зависи од простор и вре-
ме. Поради тоа ќе ја имаме засекогаш.
88
Горан Главинац
Тешко е да се објасни, но изгледа дека оваа ра-
дост се јавува како последица на разбирањето во
комбинација со огромната енергија која е во нас.
Паралелно со радоста во внатрешноста на телото
и умот се јавува голем мир и спокојство.
Од овој мир и спокојство, заедно со внатрешниот
и надворешниот ред, се раѓа блаженото чувство кое
нè прави да се почувствуваме прекрасно.
Телото и умот се опуштени, стабилни, еластични
и флексибилни.
Оваа состојба на телото е тешка да се одржи и
бара многу внимателна грижа околу одморот, исхра-
ната, хигиената, дишењето и физичката активност.
Тука придобивката не е трајна, туку мора константно
да се работи на овие полиња.
Но сега тоа е многу природно бидејќи сакаме да
се чувствуваме вака, а овие навики се веќе дел од нас.
Телото и умот развиваат голема интуиција и сe
многу поосетливи.
Чувството во телото е како да можеме да се ис-
тегнеме во секој правец во било кој момент без да
бидеме во опасност да се повредиме.
Многу е слично со чувството кое го имаме за
себе, своето тело, енергијата и умот после убава ма-
сажа. Таа свежина и јасност е карактеристична и е
постојано со нас.
Нема ниту трага од крутост и стегнатост.
Како одненадеж да добиваме поголем простор.
Телото го чувствуваме празно со голем простор, про-
ширено и издолжено, а умот како да се проширува во
сите правци.
Дури би можеле да кажеме дека сме започнале со
дефизикализација на телото и умот.
Овој процес се карактеризира со чувство на то-
нење во непознатото и огромна тишина.
Оваа состојба е опишана како состојба на уни-
верзална свест.
89
Уметноста на живеењето
Кога се наоѓаме во оваа состојба сме единствени,
целосни и доволни сме си сами на себе. Самотијата
не се доживува како нешто страшно туку напротив,
уживаме кога сме сами. Сами сме но не сме осамени.
Немаме никаква потреба да се наметнуваме и до-
кажуваме никому.
Ова во никој случај не значи дека трансформира-
ната личност нема потреба од дружење. Таа е љубо-
питна и од секој човек и средба учи за животот.
Едноставно кога сме во состојба на универзална
свест не се врзуваме и не зависиме од никого бидејќи
сме дел од се.
Ако навлеземе подлабоко во универзалната свест
ќе забележиме дека универзумот функционира мно-
гу слично како и ние.
Практично изгледа дека универзумот е еден уни-
верзален ум и дека ние сме дел од него.
Но за да бидете дел од него мора да се случи смрт
на индивидуалното (егото).
Тогаш ќе дојдеме до тоа дека и универзалното
нема никакво значење.
Значи со исчезнувањето на индивидуалното го
осознаваме универзалното, а со исчезнувањето на
универзалното ќе дојдеме до тоа од каде што по-
текнува сè.
Кога дошле до тука многу умни луѓе во минатото
се обиделе да го дефинираат, да му дадат име. Така
се појавил Апсолут, Бог, Тао...
Но сите овие се претвориле во симболи и кон-
цепти, и направиле повеќе штета отколку добро.
Нема потреба ништо да се објаснува или да се
докажува, единствено може да се предочи дека ова е
досега најдлабока состојба на сплотеност која чове-
кот може да ја осознае и доживее.
Дали има нешто подлабоко?
Тоа е интересно прашање и единствено може да
го одговори некој кој е во таа состојба.
90
Горан Главинац
Не заморувајте се со тоа. Ќе дојдете до таму и
тогаш ќе видите.
Сè ова што досега го говоревме се однесува на
внатрешниот свет на една трансформирана личност.
Најголемиот дел од овој свет е само за неа и е
невидлив и недостапен за другите луѓе околу неа.
Се разбира дека се јавува огромна потреба да се
сподели овој свет и да се овозможи трансформација
на други луѓе.
Овде треба да се биде исклучително внимате-
лен бидејќи тука дури и пророците направиле многу
грешки.
Зависно од околностите и околината во кои жи-
вее, трансформираната личност ќе се соочи со сом-
нежи, несогласување, недоверба, осуда.
Мораме внимателно и интелигентно да процени-
ме дали, како и на кого ќе му навестиме дека постои
и друг начин на живеење.
Мораме да разбереме дека тоа што за нас е ре-
алност, логичност и свесност, за другите се обични
зборови.
Мора тие да ги погодат подлабоко за да ги заин-
тригираат и да им дадат страст да навлезат во себе.
Тоа повеќе зависи од нив отколку од вас. Многу чес-
то страста се јавува од голема тага и овие патувања
можат да започнат непосредно по некоја голема тра-
гедија која кај човекот оставила длабоко чувство на
тага.
Сепак постојат и надворешни карактеристики на
трансформираната личност кои можат да ги забеле-
жат другите и можеби да ги заинтересираат и тие да
ги најдат во себе.
На физички план тоа е пред сè смиреноста, ста-
ложеноста и неконфликтноста.
Овој човек знае да ве ислуша, може да истрпи
критика и туѓо мислење, не е агресивен, не е индо-
лентен, туку напротив, тој е заинтересиран за скоро
91
Уметноста на живеењето
сè и никогаш немате чувство дека некаде брза. Енер-
гетското ниво му е високо, ништо не му е тешко да
направи и никогаш не му е здодевно.
Ментално е свеж, брз и флексибилен.
Имате некое чувство дека сè што говорите и што
се случува го доживува на едно подлабоко ниво.
Трансформираната личност има изразено чув-
ство за естетика и убавина.
Таа може да забележи убавина не само во умет-
ничките дела и прекрасните архитектонски градби,
туку убавината ја гледа и во природата и во други
ситни едноставни работи кои другите луѓе не ги ни
забележуваат.
Едноставно кажано има изострена перцепција за
убавината и хармонијата и е во состојба да ја осети
хармонијата дури и кога е прикриена зад површин-
ски несклад.
Но најважните манифестации и благородни чув-
ства кои зрачат од трансформираната личност се љу-
бов, почит, разбирање и сочувство за секого.
Почитта и разбирањето веќе ги објаснивме, но би
сакал малку да навлеземе во љубовта и сочувството.
За љубовта е кажано многу.
Во сите анкети на прашањето што ви е најважно
во животот луѓето посочуваат здравје, љубов, и
среќа. Љубовта е значи многу важна за сите, но се-
пак нашите постапки покажуваат недостиг на љубов.
Проблемот е во тоа што ова безвремено чувство
сме се обиделе да го култивираме и да го внесеме во
нашите животи.
Од таа причина ни е потребен објект за љубов
како партнер или блиски луѓе, а исто така ни е по-
требна и причина за љубовта.
Секојдневно сме сведоци на случки каде навод-
но има голема љубов во врската, но поради некакви
причини доаѓа до кавга. Врската се растура и одед-
наш истите тие партнери кои до вчера чувствувале
92
Горан Главинац
меѓусебна љубов сега чувствуваат омраза еден за
друг.
Ова е бледа карикатура на тоа што претставува
љубовта.
За љубовта не е потребна причина, ниту пак е
потребен објект за љубовта.
Не чувствувате вистинска љубов ако ги сакате
вашите најблиски, а сте сурови и нечувствителни
спрема сите останати.
Љубовта, омразата, љубомората и зависта не
може да постојат во исто време.
Овие негативни чувства треба да ги нема. Тогаш
љубовта ќе се појави.
Не треба да ја бараме, не треба да ја посакуваме.
Трансформираната личност чувствува универ-
зална љубов кон животот, а со самото тоа и кон сите
манифестации на живот околу нас.
Таа личност нема никогаш да повреди друго
живо суштество освен во неопходни случаи за од-
брана и преживување.
Се разбира интензитетот на љубовта е многу по-
силен ако се работи за блиски луѓе, партнер, дете,
родител, но универзалното движење на љубовта по-
стои кон сè.
Тоа е така бидејќи нема ниту трага од омраза
дури и кон непријателите и кон тие кои ни мислат
лошо или нè повредуваат.
Немојте да се залажувате дека сте почувствувале
што е љубов, а мразите други луѓе, народи, раси...
Да не зборуваме за бизарни и примитивни обли-
ци на омраза како навивачот на противничкиот клуб
или конкурентот на работното место.
Знам дека мислите дека е природно да возврати-
те на омраза со омраза, но тоа не е вистина.
Ова не значи дека кога некој ќе ве удри треба да
го свртите другиот образ, туку значи дека дури и ако
сум физички нападнат и сум принуден да се бранам,
93
Уметноста на живеењето
нема да чувствувам омраза кон напаѓачот.
Слично е со сочувството.
Колку пати сте слушнале за луѓе кои донираат
сериозни средства во хуманитарни цели, а веднаш
потоа се сурови на работното место, дома со свои-
те најблиски или во комуникацијата со други луѓе.
Секоја чест за средствата во хуманитарни цели, но
морам да кажам дека овие луѓе мислат дека се ху-
мани, интелектуално знаат дека тоа е добро, но не
сочувствуваат вистински.
Кога сте сочувствителни вие нема да понижите
никогаш никого, ќе чувствувате почит и разбирање
па дури и најлошите постапки на другите ќе ги раз-
гледате и ќе се обидете да ги разберете.
Постои многу поучна приказна во врска со ова.
Во едно елитно приватно училиште еден од учени-
ците се однесувал недолично. Тој со своето однесу-
вање им пречел на сите други ученици.
Тие реагирале неколкупати, но учителот упорно
се трудел да му помогне на ученикот да се поправи.
По некое време учениците не сакале повеќе да че-
каат и го свикале училишниот совет. Таму, во при-
суство на соученикот и учителот, дале изјава дека
однесувањето на ученикот е недолично и дека со тоа
што го толерираат прават само поголема штета. Тие
се заканиле дека доколку ученикот не биде исфрлен
тие ќе го напуштат училиштето.
Учителот ги сослушал внимателно и потоа ре-
кол:
„Вие сте одлични ученици. Не би сакал да го на-
пуштите училиштево. Но јас нема да престанам да го
подучувам, па макар и да останам без ниеден ученик.
Сите вие сте дојдени тука за да научите. За разлика
од вас, вашиот драг соученик не научил да се однесу-
ва, но ако ние го избркаме каде ќе научи? Ајде сите
заедно, другарски да му помогнеме за и тој да започ-
не да се однесува правилно.“
94
Горан Главинац
Оваа сочувствителна едноставна изјава била
толку искрено изговорена што ефектот бил фантас-
тичен.
Сите соученици се засрамиле од својата нетоле-
рантност и негрижа за својот другар, а тој се распла-
кал, им се извинил, се заблагодарил на шансата и од
тој момент се претворил во еден од најкоректните и
најодговорни ученици.
Оваа приказна, можеби делува премногу роман-
тично и нереално.
Факт е дека постојат личности кај кои егото, окол-
ностите, воспитувањето или карактерот ги довеле во
состојба во која не можете со вашата толеранција,
сочувство и мир да им делувате и да ги промените.
Но, не заборавајте: трансформираната личност
не се однесува на тој начин со некоја цел (причинско
– последично), туку едноставно чувствува дека тој
начин на однесување е природен и правилен.
Сочувствителноста е прекрасно чувство кое е
овозможено од стопувањето со сè и разбирањето на
еднаквоста на сите.
Секогаш имаме време за секого, да го ислушаме
и да му помогнеме.
Тогаш веќе е помалку важно колку конкретни
средства ќе одвоиме, бидејќи колку и да се тие важни
тие се само мал индивидуален дел и не можат да ги
решат трајно проблемите.
Од тие причини, должност на трансформираната
личност е да се обиде да помогне вистински и трајно.

Единствен начин за да се помогне на голем број


на луѓе во исто време да почнат да живеат достоин-
ствено и со минимум неопходни стандарди е преку
трансформација на општеството, државата, светот.

95
ТРАНСФОРМАЦИЈА НА
ОПШТЕСТВОТО

Трансформацијата на општеството може да се


изврши единствено преку политички активности.
Тоа е причината поради која ова прашање мораме да
го опфатиме и покрај тоа што ги дефиниравме сите
поделби како причинители на конфликти. Секако во
оваа група (причинители на поделби) спаѓаат и поли-
тичките партии па и самата држава.
Сепак, со оглед на тоа што државата многу по-
могнала во обезбедување сигурност на своите граѓа-
ни, во моментов ќе ја прифатиме како неопходност.
Анархистичките идеи за напуштање на концеп-
тот на држава за да се зголеми слободата во нивната
основа се исправни, но во овој момент се неоствар-
ливи.
Не би сакал да навлегувам премногу длабоко во
политичкиот систем во минатото, но објективно ако
ги погледнеме робовладетелското општество, феуда-
лизмот, капитализмот и социјализмот, ќе заклучиме
дека имаме напредок и прогрес.
Денес во основа имаме авторитарни системи,
монархии и демократски држави.

96
Горан Главинац
И покрај тоа што овие системи имаат разлики –
во сите нив моќта и правото на одлучување е пира-
мидално, со една фигура на врвот.
Кај монархиите таа личност се добива со крвна
наследна врска, а во авторитарните системи најчесто
таа личност се добива по завршување на крвави ре-
волуции.
Овие два система во нивната основа предизви-
куваат поделби и омаловажување на мнозинството
граѓани.
Во овие два система многу ретко можете да за-
бележите владетел кој би го ставиле во групата на
слободни, трансформирани луѓе.
Постојат неколку случајни исклучоци кои им да-
ваат мотив на просветлените луѓе да се вклучат во
политичкиот живот бидејќи овие примери докажу-
ваат дека една слободна трансформирана личност со
нејзината интелигенција, љубов и сочувство кога ќе
ги има на располагање сите механизми и ресурси кои
ги нуди државата може многу да промени за кратко
време.
Не постои друг модел освен политичкиот кој
може да направи толку големи промени за толку
кратко време.
Демократијата е многу подобра отколку претход-
но споменатите системи.
Во демократските системи граѓаните гласаат и
со тоа учествуваат во процесот на избор на личноста
која во наредниот период ќе управува со државата.
Овде изборот е многу повеќе хоризонтален и по-
правичен. Од тие причини целиот модерен свет де-
нес е демократизиран и тежнее тој демократски сис-
тем да го продлабочи и зајакне.
Демократијата им извршила влијание и на прет-
ходните два политички системи.
Модерните монархии не се веќе апсолутни, туку
се конститутивни монархии во кои кралското се-
97
Уметноста на живеењето
мејство предало голем број од своите надлежности
на други институции.
Исто така, денес авторитарните системи најчес-
то се благи автократии затскриени со демократски
изјави, а авторитарноста ја оправдуваат со национа-
лизмот.
Во демократијата тие кои сакаат да извршат
влијание се групираат во политички партии кои по-
тоа со своите програми и претставници учествуваат
на избори.
Партиите најчесто ги поврзува одредена идеоло-
гија.
Без да навлегуваме подлабоко би кажале дека
во основа имаме леви, десни и партии од центарот.
Нема да ги проучуваме разликите, нема да посочиме
дали десната или левата опција е подобра, туку ќе се
фокусираме на сличностите. Овие сличности мора-
ме да ги дефинираме бидејќи тие ќе објаснат зошто
трансформираните луѓе низ историјата се држеле
надвор од политиката или имале лоши искуства со
неа.
Мора да има некоја причина поради која и покрај
огромната моќ што ја имаат политичарите немаме
свет каков што посакуваме.
Сите се согласуваме дека демократскиот свет е
најдоброто што сме го имале досега. Сепак тој е да-
леку од идеален и има многу простор за промени.
Изгледа дека проблемот е во личностите кои ги
водат државите.
Политичките партии се организирани многу
слично како големите бизнис компании. Во овие ор-
ганизации владее огромна послушност која е преду-
слов за напредување во самите структури на партија-
та.
Би сакал да потенцирам дека по овие прашања
постои огромна разлика помеѓу партиите во завис-
ност од државата, демократскиот капацитет и идео-
98
Горан Главинац
логијата на истите.
Сепак и најсветлите примери се далеку од ниво-
то на демократија кое е потребно за да ја постигнеме
целта, а таа е трансформација на општеството.
За да се искачите на врвот на пирамидата во соп-
ствената партија треба да бидете бескрупулозни,
амбициозни, гладни за моќ и докажување. Треба да
знаете дури и кога не сте во право да ја извртите вис-
тината за да не ви наштети вас и на вашата партија.
Едноставно кажано овие особини кои се осудени
на секое ниво на човековото живеење, во политиката
се доблест.
Хипокризијата и конформизмот се најнормални
начини на однесување кај политичарите.
Во спротивно многу брзо ќе бидете исфрлени од
играта.
Успешниот политичар не ја бара вистината, тој
никогаш нема да го пофали својот политички конку-
рент и нема да ја признае својата грешка.
Сè ова е дијаметрално спротивно од однесување-
то на една трансформирана личност и тоа е главната
причина поради која нив ретко можеме да ги видиме
на раководни позиции. Сепак понекогаш и тоа се
случува.
Тогаш имаме прилика да се увериме како енер-
гијата, искреноста и чистиот ум на таа личност ќе им
даде крила на луѓето со кои раководи.
Тие ќе бидат среќни, задоволни, а во исто време
попродуктивни од порано.
Неговото однесување е заразно бидејќи тоа е
природно и луѓето го имаат во себе, но го потиснале
поради различни причини, суети и модели на одне-
сување.

Ова е показател на тоа што може да се случи до-


колку имаме повеќе трансформирани луѓе на рако-
водни места без разлика дали се работи за политика-
99
Уметноста на живеењето
та или бизнисот.
За жал ова е само хипотетичка ситуација бидејќи
вратите не се генерално отворени за слободни, нео-
граничени луѓе кои мислат со својата глава и кои за
приоритет го имаат создавањето на еден поправичен,
похуман и поубав свет.
Овие луѓе повеќе ги среќаваме во улога на совет-
ници, а можеби тоа е и подобра позиција за нив. Се-
пак, дури и во таа сфера владетелите и директорите
многу почесто се опкружуваат со верни, послушни
луѓе кои ќе бидат до нив и во добро и во зло – откол-
ку со слободоумни интелектуалци кои ќе ви ја предо-
чат вистината.
Често ги среќаваме на факултетите и во граѓан-
ските здруженија или како независни мислители,
учители и интелектуалци.
Сепак и од таму нивното влијание е ограничено
и не допира многу до политичарите.
Имаме ли тогаш шанса да напреднеме?
Како да одиме чекор понатаму?
Одговорот лежи во фактот дека политиката и
системот во нивната основа се занимаваат со подо-
брувањето на животот физички и материјално.
Оттука произлегуваат резултатите кои ги гледаме
и ги препознаваме како квалитет на живот во органи-
зираните земји, претставени пред сè со инфраструк-
тура, организираност, материјална благосостојба на
граѓаните, богатство на културни и спортски наста-
ни, можности за граѓаните за патувања и најразлич-
ни облици на уживање.
Тоа е очигледно и секое поинакво тврдење е за-
лажување и бегство од вистината.
Значи политиката, како и науката и техниката,
успеале во својата цел во овие области.
Но проблемот настанува во тоа што луѓето веру-
вале и веруваат дека со воведување на идеален поли-
тички систем ќе се промени и самиот човек.
100
Горан Главинац
Тезата е следна: квалитетна држава, добри зако-
ни, корупција сведена на минимум, развиток на биз-
нисот и економијата, среќно општество и граѓани.
Сето ова е точно освен последниот дел.
За жал светот во основа не функционира на еко-
номска, туку на психолошка база.
Од таа причина општеството никогаш не може
вистински да го смени човекот.
Тоа има влијание, но тоа е сепак гребење по
површината.
Затоа денес модерниот свет е полн со луѓе кои на
површината се модерни, културни, вешти и обуче-
ни, врвни професионалци во тоа што го работат, сите
полни со прекрасни зборови и реченици за сè што
се случува, а длабоко во себе празни, плашливи, без
радост и смисла во животот.
Единствено трансформираниот човек може да го
промени општеството.
Знам дека е тешко да се согласите дека мате-
ријалниот дел не е најважен за квалитетен живот, но
погледнете од малку поинаков агол. Насекаде во све-
тот денешните луѓе живеат во многу поголема благо-
состојба, отколку што живееле нивните предци.
Дали тоа ги направило покреативни, помудри,
поисполнети, посреќни? Одговорот е очигледен и
само ја докажува тезата дека основата на постоење-
то на човекот е психолошка и општеството мора да
се гради од таа основа.
Какви би биле тие подобрувања на општеството
и системот?
Во секој случај линијата на движење би требало
да оди во правец на едно похумано, порамноправно
општество, а тоа подразбира хоризонтален сис-
тем на одлучување.
Ова значи дека одлучувањето е поделено, дека
секоја институција вклучувајќи ја позицијата и на
првиот човек, е под контрола на независно непар-
101
Уметноста на живеењето
тиско тело.
Не е оправдување дека тоа се многу финансиски
средства бидејќи бенефитот е огромен за сите. Јас ве
уверувам дека тие средства може да си ги допушти
било која организирана држава.
Не е проблемот во финансиите, туку тие кои вла-
деат не сакаат да бидат надгледувани и контролира-
ни.
Логично е во една организација, било да е тоа
фабрика, спортско друштво или држава, системот на
одлучување да биде што е можно подецентрализи-
ран и поширок.
Тезите дека јас знам што е добро за моите граѓа-
ни се несовесни и егоистични.
Не е важно дали некој што помалку разбира е
вклучен во процесот на одлучување.
Колку и да е тоа тешко, колку и да е потребно
време за објаснување и договарање, суштинските
одлуки за постоењето и работењето мора да бидат
донесени со консензус или барем со огромно мно-
зинство.
Недозволиво е да се повикувате на тоа дека на-
родот ве избрал, а за вас гласало една четвртина од
населението во таа држава.
Не можете да донесувате одлуки со кои ја зага-
дувате и уништувате планетата и живиот свет на неа;
или се вооружувате и преземате „оправдани“ офан-
зивни дејства во кои умираат луѓе; или ги уништу-
вате природните права на луѓето за здравство, со-
цијална заштита, слобода и образование, без да ги
прашате граѓаните што мислат за тоа.
Во идеален случај овие прашања би биле пред-
мет на консензус на сите политички актери и воо-
пшто не би биле предмет на дискусија.
Но, бидејќи тоа не е можно, барем да ги провери-
ме на референдум.
Тогаш ќе мора да објасните зошто сметате дека
102
Горан Главинац
тоа решение и покрај тоа што ги крши нашите гене-
рални приоритети е сепак неопходност во моментов.
И не само да објасните туку и огромното мнозин-
ство од луѓето да се согласат со вас.
Одговорите дека е тоа скапа операција или дека
тој систем на одлучување е бавен, неефикасен и ќе го
забави прогресот се обични изговори.
На сите ни е јасно дека е подобро едно решение
или закон кое има широка поддршка и не ги навреду-
ва чувствата на граѓаните, отколку сто закони доне-
сени грубо, нечувствително и со принуда.
Колку и да мислите дека решението е добро, ако
луѓето мислат поинаку ќе го уважите нивното ми-
слење.
Референдумот е алатка на директната демокра-
тија која треба да се применува што почесто.
Постои можност државната телевизија (јавниот
сервис) да биде користена како место каде би се по-
ставувале овие прашања, би се дебатирало и би се
гласало. Ако гласањето се изврши електронски, а
тоа е можно во денешно време, трошоците се многу
мали.
Не смее на првиот човек да се остави да ги бира
своите први луѓе. Тој може да достави листа на пред-
лози, а тие повторно треба да бидат поддржани од
граѓаните.
На тој начин чекор по чекор ќе одиме во правец
на слободно општество и луѓето вистински ќе учест-
вуваат во процесот на одлучување.
Овие работи се многу лесни за применување, но
имаат отпор на врвот.
Отпорот е бидејќи на врвот имаме егоистични
самобендисани лидери кои не сакаат да соработува-
ат.
Тие не сакаат некој да ги надгледува, да ги кри-
тикува и да поставува други предлози и идеи. Тие
не сакаат да дебатираат ниту сакаат да ве убедуваат
103
Уметноста на живеењето
дека се во право.
Тие сакаат со пропаганда, пари и програма да ги
добијат изборите и потоа да имаат горе-долу одврза-
ни раце во нивниот мандат.
Потоа исто како во фирма ќе ги постават највер-
ните соработници на клучните позиции и така почну-
ва пирамидата која ја нарекуваме државен апарат.
Тие имаат обврска да ги оправдаат медиумска-
та поддршка и финансиската поддршка од големите
корпорации и од разни лоби групи.
Значи тие од стартот се ограничени, неслободни
и неправедни.
Ако ги примените методите на директна демо-
кратија и децентрализација со независна контрола
на сите нивоa овие политичари сами ќе си заминат.
Ќе заминат да се занимаваат со бизнис или во други
сфери каде моќта, агресијата и бескрупулозноста се
предуслов за успех.
Тогаш во политичкиот живот ќе се појават тран-
сформираните луѓе.
Тие ќе можат да раководат без да им пречи над-
зор, нив нема да им биде тешко упорно да дебатира-
ат, тие ќе можат да прават компромиси и да обезбе-
дат консензус. Тука нивната интелигентна личност
ќе светне со полн сјај.
Се разбира, ова би требало да се применува глав-
но за приоритетните прашања.
Така доаѓаме до прашањето на приоритет.
Луѓето и тука успеале да направат поделби.
На индивидуално ниво приоритетите се различ-
ни зависно од образованието, животните околности
и животниот стил. Исто така и на колективно ниво
приоритетите се различни во зависност од држава-
та, културата, религијата и политичката припадност.
Овие поделби се вештачки и не ја прикажуваат реал-
носта.
Вистинските приоритети се исти за сите луѓе, за
104
Горан Главинац
сите народи и држави.
Тие се животни приоритети и во самата основа
го поддржуваат животот.
Тоа се: здравје, сигурност, образование, слобода,
екологија.
Ова се приоритетите кои треба да бидат универ-
зални и за нив не треба да се дебатира.
Кон нив одговорниот треба да се однесува исто
како кон личните приоритети.
Значи интелигентно, рационално, флексибилно и
совесно.
На пример, да го земеме проблемот на здрав-
ствената заштита. Исто како што за една индивидуа
здравјето е круцијално, така и колективниот здрав-
ствен систем е неопходност која мора да ја обезбеди
државата.
За да обезбедиме здравје на индивидуално ниво
неопходна е хигиена, дом, правилна исхрана... Исто-
то важи и на колективно ниво.
Од таа причина еден совесен министер за здрав-
ство нема никогаш да троши државни пари во друга
намена, а во исто време болниците да не бидат чисти,
или пак персоналот да има лоши услови за работа.
Ова е само еден мал пример, но аналогијата е
иста насекаде.
Ако ги примените индивидуалните приоритети
како колективни, ќе добиете одлични резултати.
Ова е природно и лесно за трансформираните
личности бидејќи овие работи се дел од нив.
Сите овие приоритети се важни и се осврнавме
на нив во претходните поглавја.

Сега би сакал да го разгледаме образованието.


Образованието е клучниот чекор за напредокот.
Во образовните институции децата се здобиваат со
потребните вештини, знаења, морални вредности,
навики и верувања кои потоа ги користат во животот
105
Уметноста на живеењето
и на работното место.
Но дали е тоа сè што треба да го добиеме во фа-
зата на образование.
Мислам дека најважната вештина со која треба
да се стекнат учениците до крајот на нивното фор-
мално образование е да научат да размислуваат неза-
висно и да живеат правилно.
Сите други информации, знаења и вештини
не значат многу, ако не ја совладаме оваа основна
вештина.
За жал мислам дека денешното образование не
само што не помага, туку и во одреден степен ги од-
далечува учениците од вистината.
Да тргнеме по ред. Ученикот за да ги разбере
проблемите поврзани со авторитет треба неговиот
учител и директор на училиштето да не се постави
како авторитет, туку како рамноправен со ученикот.
Не можеме да очекуваме кај ученикот да разви-
еме способност да ги гледа работите подлабоко и да
тежнее кон знаење и соработка, а во исто време да
му вршиме константен притисок со тестови. Децата
треба да работат слободно, а не под притисок. Голе-
ма заблуда е дека работењето под притисок дава по-
добри резултати.
Учениците никогаш нема да престанат да потце-
нуваат и омаловажуваат додека ние ги споредуваме
меѓусебно. Па самиот процес на запишување на де-
цата на универзитет прави поделби меѓу нив.
Мораме да си признаеме дека со модерното обра-
зование ние создаваме млади луѓе верни на системот,
кои не ги преиспитуваат работите туку ги меморира-
ат, кои се амбициозни, успешни и единствено заин-
тересирани за заземање на што покомотна и помоќна
позиција во општеството.
Патем ќе научат и некои фрази за хуманоста, ед-
наквоста и други важни работи, но тие нема да ги
допрат вистински однатре.
106
Горан Главинац
Тие зборуваат мудро и паметно, но тие зборови
немаат никакво значење бидејќи не се дел од нив-
ното живеење, туку се само додаток на сликата на
млад, образован, успешен човек кој го продуцираат
денешните образовни институции. Мораме ова да го
промениме.
Мораме да се поставиме со овие млади луѓе
пријателски, да им дозволиме да влијаат на настава-
та и училиштето, да го слушнеме нивниот глас.
Мораме да ги научиме критички да размислува-
ат и да бидат слободни луѓе без предрасуди и огра-
ничувања. Тогаш ќе можеме да тврдиме дека го да-
ваме својот придонес во образување на млади со кои
сите ќе се гордееме.
За овие промени да се случат, неопходно е да
се промени начинот на кој се образуваат идните на-
ставници. Тие мора да разберат дека децата најмногу
учат и примаат од нивното однесување и делување.
Наставниците мора да живеат така како што ги учат
децата. Само така постои можност тоа знаење да
допре вистински до нив.
Вакво ново интегрирано, тотално образование
во кое, освен информатичкото и техничкото знаење,
силно е изразен елементот на правилното живеење
би можело да биде алатката преку која бројот на
трансформираните луѓе ќе се зголеми до оној степен
што потоа тие ќе го трансформираат општеството.

107
ЕПИЛОГ

Во оваа книга се обидов на едноставен начин да


навлезам во животот и неговите предизвици. Мно-
гупати се покажало дека едноставниот пристап е и
најдобар.
Оваа книга не е голема по обем, напишана е со
едноставен јазик, а секоја од обработените теми мо-
жеше да биде анализирана подетално и подлабоко.
Тоа е направено за да биде што поедноставна и по-
достапна.
Исто така е избегнато да се користат имиња на
личности, идеологии или држави.
Се трудев колку е можно повеќе да не ги истакну-
вам своите лични ставови.
Дел од работите кои ги прочитавте овде повеќе-
пати се посочени од многу мудри и просветлени
луѓе, но нивните имиња не се спомнати во текстот.
Чувствувам потреба да објаснам зошто е тоа така на-
правено.
Ако ги цитирам луѓето кои ме воодушевиле и
ги посочам ќе ви извршам влијание, а истото ќе го
сторам ако ви ги посочам конкретно личните работи.
Целта на оваа книга е да ги посочи фактите и да го
108
Горан Главинац
покаже патот кон вистината, а не да продуцира идео-
логија, верба или догма.
Не оптоварувајте се со тоа кој ги кажал работите,
туку фокусирајте се на содржината. Таа е важна. Не
заборавајте го најважниот принцип: сè што ќе чуете,
прочитате, вклучувајќи го и она што е напишано во
оваа книга, критички опсервирајте го и обидете се да
го најдете во себе.
Не верувајте слепо на ништо и никому, бидете
отворени, искрени, слободни.
Тогаш вашиот ум соединет со космосот ќе ви ја
покаже светлината која се наоѓа на крајот од тунелот.
Би бил пресреќен доколку ми напишете дел од
вашите искуства и чувства за да продолжиме сите за-
едно да уживаме и да учиме за животот и од животот.

109
Белешка за авторот

Горан Главинац е роден 10 март 1975 во Скопје. 


Основно училиште завршил во О.У „Војдан Чер-
нодрински“.
Средно училиште завршил во гимназијата „Ни-
кола Карев“ во Скопје. Студирал на Електротехнич-
киот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Ме-
тодиј“ во Скопје каде дипломирал во 2002 година.
Еден е од основачите на Едукативниот центар
„Училишна вежбална“ во кој и денес работи на еду-
кација и доусовршување на младите.
Активно се занимава со шах и игра на значајни
шаховски турнири. Како претседател на Шаховскиот
сојуз на град Скопје организирал и учествувал на по-
веќе отворени меѓународни турнири во градот.
Темите кои се главен дел на книгата поврзани со
религија, психологија и поврзаноста на телото и умот
го интересираат константно од најмлади години.
Ги проучувал овие проблематики со години, а го-
лем дел од изнесеното во книгата е плод на негово
лично искуство, чувство и доживување.
Не е член на никакви религиозни, политички или
други социјални групи и здруженија кои следат или
популаризираат одредени правци, идеологии или ду-
ховни учители и техники.
Горан е оженет и со сопругата Арианда го имаат
синот Даријан.

110

You might also like