You are on page 1of 14

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци

Матурска проектна задача по Социологија

Тема: „Фактори на социјализација“

Изработил: Ментор:
Мануела Стојанова проф.Стефанија Костадинова

Кавадарци, 2023
СОДРЖИНА

Вовед...................................................................................................................................3

Семејството како носител на примарната социјализација.............................................5

Училиштето - фактор на социјализација.........................................................................9

Улогата на врсничките групи.........................................................................................10

Медиумите - фактор кој има големо влијание во процесот на


социјализација..................................................................................................................11

Заклучок............................................................................................................................12

Користена литература......................................................................................................14

2
ВОВЕД

Во секоја општествено - културна заедница паралелно се одвиваат неколку важни


процеси: процеси на пренесување на веќе стекнатото културно наследство од постарата на
младата генерација и иновативни процеси со кои се создаваат нови културни вредности.
Процесот на планско пренесување на знаењата, верувањата, вредностите на младата
генерација, како и нивното творечко и критичко усвојување се нарекува социјализација на
личноста.

Секоја општествена задница настојува со помош на семејството, училиштето и


другите општествени и културни институции да го пренесе културното наследство од
постарите на помладите генерации. Но, како ќе биде прифатено од поединците во голема
мера зависи од нивната подготвеност за критичко мислење. Затоа, социјализацијата не
треба да се сфати како еднострано влијание на културата врз личноста, туку како
двонасочен и динамичен однос помеѓу културата и личноста. Американскиот антрополог
Клуд Клакхон овој однос се обидел да го објасни на еден духовит начин кој се препознава
во исказот „ Човекот е исто што и другите и поинаков од другите, но истовремено и толку
различен од другите“. Во него тој ја нагласува динамичната природа на човекот и неговата
повеќекратна поврзаност со културата.

Културата влијае врз личноста на поединецот. Преку социјализацијата секој нов


член се приспособува на средината и на тој начин се постигнува стабилност на
општеството. Но, од друга страна, пак, поединецот како личност творечки влијае на
културата, со што таа станува динамична и променлива. Што значи дека стабилноста и
променливоста на културата се последица на сложен однос помеѓу културата и
личноста.Карл Маркс со причина укажувал на разликите помеѓу човекот и животните.
„Животните создаваат инстиктивно, вели тој, за да опстанат физички, додека човекот
создава разумно, плански, по своја мерка и според законите на убавото“1.

Ако човекот се сфати само како индивидуа, тогаш тој би се претворил во пасивен
примател на информации, објект на културата. А за да биде творечка личност треба да има

1
Ацески. Илија. 2013. Социологија.Филозофски факултет. Скопје

3
активен и творечки однос кон неа. Од тие причини српскиот социолог и антрополог
Загорка Голубовиќ тврди дека човекот е единствено суштество кое не е, туку станува
личност. Со други зборови, создавањето на личноста е напор преку сопственото создавање
да се надмине, да го усоврши се она што веќе е создадено во oпштеството. Само така
човекот ќе биде субјект на општествениот и културен развој.

4
Семејството како носител на примарната социјализација

Семејството е основната клетка на едно општество, Семејството е прилично


сложен феномен доколку сакаме да го разгледуваме од научен аспект. Историјата на
семејството (неговата појава) започнува со појавата на првите племенски заедници, каде
што половите односи во рамките на една група не биле регулирани.

Во овие први облици на семејство, сродството е она кое ги уредува семејните


односи. Роднинските, т.е. семејните односи низ историјата на семејството исполнувале
најразлични потреби кои заедничкиот живот ги прави многу полесни.

Исто така, сродството во првобитните заедници претставува основа за


структуирање и поделба на луѓето и влијае врз основните економски процеси и
пренесување на културата.

Низ историјата, семејството се појавувало во најразлични форми, за денес да ја


добие прочуената форма на нуклеусно семејство (составено од родителите и децата), или
современо семејство во кое родителите имаат повисок степен на индивидуалност (нема
ниту матријархат ниту патријархат).

Можеме да извлечеме една дефиниција за семејството која ќе нагласува дека


семејството е интимна група на луѓе кои меѓусебно се поврзани со крвни, сексуални или
правни врски.

Вака дефинирано, семејството извршува/ло неколку исклучително важни функции:

• Социјализаторска функција

• Биолошко – психолошка функција која подразбира обезбедување на поддршка на


членовите на едно семејство, пружаат љубов, внимание и почит се со цел одржување на
една хармонична средина

• Производна функција – која ја нема во модерното семејство, а се однесува на


производство на добра внатре во самото семејство

5
Во контекст на социјалниот развој на едно дете, семејството преставува многу
важен фактор. Воспоставувањето на позитивна емотивна поврзаност во односот родител-
дете, претставува главен фактор за развојот на неопходната социјална компетенција кај
децата во постигнувањето на социјална зрелост. Овој процес е исто така познат како
социјализација и отпочнува доста рано, уште во пренаталниот развој кога родителот
( мајката) воспоставува први емотивни врски со детето кои траат низ текот на целиот
живот.

Социјализацијата може да биде дефинирана како процес во кој општеството ги


обликува детските верувања, очекувања и однесувања, или како процес за општествување
на поединецот. По раѓањето, детето зависи од неговото најблиско опкружување, односно
семејството, каде тоа може да ги задоволи своите развојни потреби. Семејното
опкружување претставува место во кое детето, особено во првите години од животот, ги
совладува примарните вештини – одење, говор, мислење. Од тој аспект, вклученоста на
родителите во растењето на детето и создавање на пријатно семејно опкружување е
основен предуслов за успешен социјален развој.

Силната емотивна врска создадена во детството е основа за понатамошен успешен


развој на детски емоционални, социјални и интелектуални вештини. Голем број
истражувања потврдуваат, дека самоуверените деца полесно стапуваат во контакт со
врсници и други личности, што воедно, им нуди подобра позиција во општеството и во
голема мера го олеснува нивниот понатамошен развој.

Самоувереноста,довербата,емотивната зрелост и социјалните вештини се


карактеристики кои се формираат во текот на најраните интеракции на детето со
родителите, кои тоа ќе ги користи во различни животни ситуации како општествена
единка. Успешното родителство се одвива во две димензии: една од нив е родителската
блискост и топлина, а другата е родителската контрола. Преку комбинација на топлина и
контрола, како најосновни димензии во одгледувањето, може да се идентификуваат три
основни стилови на одгледување: авторитетен, авторитарен и пермисивен родителски
стил. Стилот на одгледување на родителот има многу важна улога во процесот на
стекнување социјални вештини на детето.

6
Почитување на индивидуалноста, пружањето на поддршка на децата и
воспоставување на јасни граници на однесување – се карактеристики кои го одликуваат
авторитативниот стил на воспитување. Децата на авторитативни родители имаат развиени
социјални вештини, позитивна слика за себе и подобро совладување и контролирање на
емоциите, додека пак децата на авторитарните родители, кои поради почестата употреба
на доминација и контрола, без разбирање за детските желби и потреби, често го
запоставуваат искажувањето на љубов и топлина, имаат проблеми со нивните врсници и
склони се кон антисоцијално однесување.

Примарната социјализација на децата се одвива во динамиката на семејното


окружување. За усвојување на социјалните вештини е неопходно прилично долго време,
но со помош и интеракција од родителите, роднините, врсниците, одгледувачите и
учителите, детето развива вешти комуникации со околината. На тој начин, детето ја
развива својата социјална компетенција. Одредени истражувачи во ова поле тврдат, дека
социјално компетентните мали деца се оние кои се впуштаат во задоволувачки
интеракции и активности со возрасни личности и врсници и низ таквите интеракции ја
унапредуваат личната компетенција.

Социјалната компетенција, има неколку составни делови:-способност за градење на


добри односи,потребна е емпатија- сочувство со другите и разбирање за нивните чувства;-
способност за соработка, своите цели и потреби да ги усогласи со барањата на друштвото
како и способност за управување со настанати проблеми и нивно разрешување.

Во раното детство, во детето е потребно да се развие способноста за регулација на


емоциите за да може успешно да оствари интеракција со возрасни и врсници. На децата
кои потешко ги регулираат емоциите, или пак, претерано ги потиснуваат чувствата,
потребна им е помошта од возрасните за да воспостават соодветна интеракција со
околината. Децата и понатаму се на патот кон успешна социјализација на неопходните
општествени познавања, кои опфаќаат познавање на нормите на главните социјални
правила во групата во која припаѓа индивидуата, како на пример, развиена јазична
способност (вокабулар).

7
Успешна социјализација претставува способноста за социјално разбирање,
односно, предвидување на туѓите реакции и разбирање на туѓите чувства. Социјално
компетентните мали деца го усогласуваат своето однесување со туѓите, така што
пронаоѓаат заеднички јазик, разменуваат информации и ги испитуваат сличностите и
разликите. Социјалните вештини и социјалните диспозиции исто така преставуваат
составни делови на социјалната компетенција. Начинот на кој детето стапува во
интеракција со врсниците и возрасните, социјално гледано, е вештина која првенствено се
развива во рамките на семејството и има важно влијание на нивото на социјална
прифатеност во општеството.

Социјалните диспозиции, како што се емпатија, дарежливост, љубезност или


соработка се учат од околината (од моделот кој го нудат личностите во опкружувањето на
детето), па од тие причини, неопходно е на детето да му се понуди пример и можност за
тоа да може да ги усвои и манифестира. Неретко, во процесот на социјализација се
појавуваат проблеми како што се срамежливост, осаменост, агресија и сл., кои можат да
потекнуваат од различни причини. Проблемите можат да бидат поврзани со недоволно
развиената јазична способност, контролата на емоциите, недостатокот на вештини кои на
детето му се потребни за да се вклучи во интеракција и тн.

8
Училиштето - фактор на социјализација

И училиштето е фактор на социјализацијата, кој му овозможува на детето, на


организиран начин, да стекнува знаења, да се воспитува и да ја формира својата личност.
Одејќи во училиште, детето забележува дека работите во училиштето не се секогаш
кажани или направени на ист начин како во домот.

Универзумот на детето се проширува. Социјализацијата се одвива незабележливо


доколку нема поголеми разлики помеѓу нормите и вредностите во домот и оние во
училиштето. Тогаш не постојат конфликти бидејќи на детето му е јасно што е добро, а
што погрешно. На многу деца им е потребно време да ја прифатат промената дом -
училиште. Така, на пример, дете кое е одгледано и воспитано во патријархално семејство
може да се почувствува помалку вредно во училиште каде се наградува креативноста и
слободата на умот и обратно.

За разлика од семејството, каде детето е третирано како посебна личност со свои


потреби и проблеми, во училиштето детето се третира како член на група во која важат
правила еднакви за сите. Ваквиот групен (колективистички) пристап кон детето позитивно
влијае врз неговото понатамошно социјално однесување.

Личноста на наставникот, исто така, е важен фактор на социјализацијата, особено


кога детето првпат влегува во училиште. Децата (оние на помала возраст) често се
идентификуваат со некои наставници. Важно е да се напомни дека низ воспитно-
образовниот процес децата се учат да бидат лојални, исполнителни, да почитуваат
авторитети. Преку системот на оценувањето (сфатено како наградување и казнување),
децата стекнуваат претстава за себе и другите како одговорни и неодговорни, сфаќаат дека
трудот се вреднува и секој вложен труд резултира со успех.

9
Улогата на врсничките групи

Поголемиот дел од времето, во периодот на адолесценција, децата го минуваат


надвор од домот, со групата врсници кои најчесто се деца од иста возраст. Групата
врсници во овој период има големо влијание. Тие многу често се идентификуваат еден со
друг. Па така еден деветтоодделенец, кој одлучил да се запише во средно техничко
училиште може многу лесно да ја промени одлуката, ако најголем број од врсниците
одлучиле да се запишат во гимназија. Не се ретки случаите кога ученикот намерно
постигнува послаб успех во учењето за да не биде во очите на другарите „бубалица“ и
слично.

Негативното влијание на врсниците може да остави трајни последици врз личноста


и врз неговиот живот. Една позната германска пoгoворка вели: „Ако не знаеш кој си, види
кои ти се пријателите“.

10
Медиумите - фактор кој има големо влијание во процесот на социјализација

Медиумите имаат големо влијание во процесот на социјализација. Користејќи ја


технологијата тие лесно успеваат да допрат до широките маси и до децата. Во
современите општества е уште полесно бидејќи луѓето поминуваат по неколку часа
дневно пред телевизорите, компјутерите, ајпод (iPod) телефоните кои постојано емитуваат
некакви информации, пораки. Едно истражување во Соединетите Американски Држави,
спроведено со шестгодишни деца покажало дека поради претераното гледање на
телевизија, тие зборуваат со скратеници, користат прости реченици и имаат тешкотии во
читањето.

Медиумите се моќно средство кои истовремено поврзуваат и создаваат големи


разлики меѓу луѓето. На пример, медиумите овозможуваат масовните реклами за одделни
продукти да стигнат во сите домови, а целта им е да ги изедначат вкусовите и сфаќањата
на луѓето за тоа што е добро и пожелно. Тие не продаваат само продукти, туку и начини
на живот. Добар пример за илустрација е рекламата за кока-кола која завршува со
реченицата „Животот е убав“. Во последно време сé почесто се зборува за штетното
влијание на медиумите врз социјализацијата на младите.

Така, на пример, емитувањето на телевизиски содржини со насилство и агресија,


кај децата поттикнува агресивно однесување. Едно дете кое постојано е „бомбардирано“
со телевизиско насилство може да сфати дека агресивното однесување е единствениот
начин на решавање на проблемите. Во голем број истражувања се покажало дека
агресивното однесување на младите, особено на адолесцентите е поврзано со гледањето на
телевизија. И виртуелните, наместо реалните дружења и пријателства се препрека во
процесот на социјализација. Социјализацијата добива посебно место во социологијата
затоа што без неа поединецот „одвај би заличувал на човечко суштество“.

11
ЗАКЛУЧОК

Човекот има потреба да создава, да биде личност, да има свој идентитет, да го


разбере светот околу себе. Овие специфични човечки потреби поединецот ги стекнува во
процесот на социјализацијата, кој претставува подготовка на поединецот за живот во
заедница. И ова е потврда за нераскинливиот однос на човекот и општеството. Но, ниту
еден општествен систем, кој досега постоел, не му овозможил на човекот овие потреби
целосно да ги задоволи. Секој од досега постојните општествени системи на човекот му
поставувал многу барања, често пати спротивни на неговата суштинска природа. Затоа,
однесувањето на поединецот во сите досегашни општества е компромис помеѓу
суштинските човечки желби, од една страна, и барањата на општеството, од друга страна.

Каква и да е човековата посебност, и како природно и како општествено суштество


е во тоа што тој живеел и сé уште живее во организирани заедници. Во нив тој, повеќе или
помалку, успеал да создаде определен однос кон себе и кон другите. Сите особини што му
ги дала природата му овозможиле да гради живеалишта, да создава и одгледува потомци,
да создава вредности и да воспоставува односи со другите луѓе. Затоа велиме дека човекот
е суштество кое активно учествува во сé што значи творештво во природата, историјата и
во духовниот живот.

Семејство е животна заедница на родители и деца и други роднини,ако живеат во


заедничко домаќинство. Семејството настанува со раѓање на деца и со посвојување.
Односите во семејството се засноваат врз рамноправност, заемно почитување, меѓусебно
помагање и издржување и заштита на интересите на малолетните деца.
Семејството е суштинско и за развојот на личноста на детето, при што се всадуваат
навики, норми и вредности, кои се општествено посакувани и правилни и со помош на кои
детето во подоцнежниот свој живот ќе ги насочува своите активности и ќе ги реализира
своите аспирации и кои секако ќе станат дел од неговиот морален и вредносен дискурс. Во
семејството, токму преку примерот на родителите, се создаваат и градат позитивни
модели на идентификација и имитација, кои и те како се неопходни за правилен развој на
индивидуата, бидејќи позитивните модели на идентификација и имитација ќе и послужат
на единката за следење на нивната животна идеологија и филозофија во нејзиниот живот.

12
Нема сомнение, денес семејството поминува низ процес на голема трансформација
и се случуваат длабоки промени, кои го доведуваат во прашање досегашното сфаќање за
семејството. Некои социолози говорат за деконструкција на поимот семејство.
Промените во структурата и функцијата во семејството се препознатливи и во
другите сфери, како што се: промената на концептот и практиката на родителството,
промени во основните функции на семејството.

Најголема улога во процесот на социјализацијата имаат семејството, училиштето,


групата на врсници и средствата за масовна комуникација. Сите имаат иста цел – да им ги
пренесат на поединците вредностите и нормите на заедницата. Доколку не го прават тоа
на соодветен начин, можат штетно да влијаат врз социјализацијата на личноста.

13
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Ацески. Илија. 2013. Социологија.Филозофски факултет. Скопје

http://www.mtsp.gov.mk/wbstorage/files/zakon_semejstvo_osnoven.pdf

https://tufekciev.wordpress.com/2016/03/26/%D1%81%D0%B5%D0%BC
%D0%B5%D1%98%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D0%B8-
%D1%80%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0/

http://www.pravdiko.mk/wp-content/uploads/2016/01/semejstvo.pdf

14

You might also like