You are on page 1of 2

2.

Агенси на социјализацијата
• Социјализацијата се одвива во речиси целиот човечки живот. Таа започнува од
првиот човечки циклус и трае понатаму, но најактуелна и најинтензивна е во
адолесценцијата. Тоа е период кадешто се учи со таква брзина и можност која
ја нема понатаму во животот. Таа возраст е еластична и поволна за учење.
Социјализацијата трае скоро цел живот, во кој единката прифаќа и ги
применува вредностите и верувањата кои општеството ги класифицирало како
прифатливи или пожелни. Меѓу факторите/агенсите кои влијаат врз
социјализацијата на човекот спаѓаат – семејството, детските/врсничките групи,
училиштето, средствата за масовна комуникација, религијата.
• Социјализацијата, според социолозите и социопсихолозите, може да се подели
на две целини/типа – примарна и секундарна. Примарната социјализација е
многу пoзначителна и ја поставува основата за секундарната социјализација.
Примарната се јавува уште од многу ран период – уште од самиот почеток, кога
се удвојуваат обрасците за општествено однесување, особено во групите каде
има близок контакт и кадешто единката може да се вклопи и да стане член на
тоа општество. Примарната социјализација може да има пресудно влијание за
понатамошниот развој на човекот.
1. СЕМЕЈСТВО – семејството е најважниот фактор од сите. Како општествена и човечка
заедница, тоа има многукратни обврски и функции спрема младите, нивниот развиток
и формирање. Освен што треба да помагаат во материјални работи (работи потребни
за егзистенција – храна,вода,покрив), тие треба да им овозможат можност за
социјализација. Во него се остваруваат првите контакти и се поставуваат фудаментите
на моралното, естетското, работното и интелектуалното воспитание кое може да има
значајно влијание врз наностраното однесување на младите. Семејството може да има
трансмиска улога/функција кадешто го поврзува семејниот свет со надворешниот а
истовремено се носат однадвор позитивни вредности. Во семејствата, често се случува
младите да го имитираат/повторуваат однесувањето на постарите луѓе и при тоа да
учат како треба да се однесуваат. Семејството може да биде од пресудно влијание и
значење за понатамошниот човечки живот. Порано, социјализацијата и начинот на
одгледување на машките и женските бил различен - се разликувале по начинот на
однесување и нивните улоги. За успешен раст и развој на едно дете, потребно е едно
семејство адекватно да функционира и да обезбеди материјална стабилност и
хармоничен семеен живот. Во спротивно, ако постои структуракна непотполност –
развод, смрт на родител, отсуство на родител, социо-патолошки однесувања,
функционална дезорганизација; постои огромна веројатност детето да се однесува
девијантно и престапнички.
2. ДЕТСКИ/ВРСНИЧКИ ГРУПИ – детските групи имаат огромно значење во животот на
детето и во процесот на социјализација. Членовите на овие групи, исто како и во
семејството, се емоционално поврзани. Членови во тие групи се деца кои играат и
поминуваат значителен дел од времето заедно. За младите да бидат прифатени, тие
мора да се приспособат на барањата и специфичните норми на групата.
• Секундарната социјализација се одвива во специфични институции и на
различен начин од примарната. Таа се одвива во преучилишните и училишните
установи, цркви, преку средствата за масовна комуникација и сл. Во
преучилишните и училишните установи, децата на организиран начин
стекнуваат знаења, прифаќаат одредени вредности и норми и се подготвуваат
за активен, творечки и чесен живот.
1. УЧИЛИШТАТА – училиштата имаат задача на младите да им обезбедат квалитетно
усвојување на знаење, вештини и умеења и да се потрудат што повеќе за кај нив да се
формираат позитивни морални особини односно општествено пожелни навики и
квалитети. Без нив, интеграцијата не би била овозможена. Колку повеќе училиштето
успее да ги реализира поставените задачи од општеството, толку полесно младите ќе
можат да напредуваат и да го изградат својот профил на однесување. Училиштето е
важен фактор кој игра огромна улога во развитокот и социјализацијата на детето и
неговите слабости и недостатоци може да допринесат во девијантно однесување кај
младите.
2.СРЕДСТВА ЗА МАСОВНА КОМУНИКАЦИЈА – тие имаат огромно влијание врз луѓето
денес и особено треба да се истакне филмот, телевизијата, радиото и печатот како
највлијателни. Преку нив се пренесуваат едукативни, информативни, забавни и
рекреативни содржини кои се неопходни за човекот да биде информиран и да добие
сознанија за најзначителните општествени процеси, развитокот на неговата личност и
да го исполни своето време со позитивни содржини. Тие го прошируваат својот
видокруг кој е сеуште во фаза на формирање преку процесот на усвојување на научни
вистини кои ги збогатуваат моралните и социјалните димензии и истовремено ги будат
нивните творечки способности во сите области на човечкото творештво. Постојат
позитивни содржини кои го исполнуваат слободното време на младите но има и
негативни. Тие се исполнети со насилство, бруталност, криминал и може девијантно да
влијаат врз човекот.
3.РЕЛИГИЈАТА - порано се сметала за силен фактор но денес нејзиното влијание
полека опаѓа. Таа овозможува да се стекнат религиски знаења и вредности, да
изградат свој поглед кон светот, да се осмисли човечката егзистенција преку
насочување на човекот кон моралните вредности се остварува интегративна функција
и се усвојуваат етички вредности и норми.

You might also like