You are on page 1of 2

Тест по социологија

КУЛТУРЕН РЕЛАТИВИЗАМ – Сфаќање според кое сите култури се различно и еднакво


вредни и ниту една култура нема право да ја потценува другата според сопствените
критериуми.

ЕДВАРД ТЕЈЛОР: Културата претставува целосен систем кој опфаќа знаења, уметност,
морал, право, обичаи и други способности и умеења кои човекот ги стекнал како припадник
на општеството.

НЕМАТЕРИЈАЛНИ АСПЕКТИ: верувања, обичаи, вредности

МАТЕРИЈАЛНИ АСПЕКТИ: симболи, ритуали, обичаи

ЦИВИЛИЗАЦИЈА – Творби поврзани со појавата и употребата на пишаниот збор,


науката, образованието, државата, политиката, развиената техника и технологија.

ГЕРД ХОФСТЕДЕ: Културата претставува еден вид на умстевна програма (софтвер на


умот)

СИМБОЛИ – Знаци кои се испратени целно кон примачот, со намера.

КУЛТУРА – Начин на живот на луќето, збир од идеи и навики кои тие ги пренесуваат и
учат од генерација на генерација.

ЈАЗИК – Општествена појава создадена за да се задоволат потребите за комуникација.

ФУНКЦИИ НА ЈАЗИКОТ:

 Комуникативна – изразување ставови и идеи


 Акомулативна – сочувување на културното богатство
 Естетска – претставување на убавините
 Етничка – изразување на национална и етничка припадност.

ТРАНСКУЛТУРАЦИЈА – Процес при кој две различни култури ќе се најдат во траен


контакт и активно ќе си влијаат една на друга.

МОНОКУЛТУРНИ ОПШТЕСТВА – Културно еднообразни општества во кои најголем


број од членовите ѝ припаѓаат на иста култура.

МУЛТИКУЛТУРНО ОПШТЕСТВО – Општества каде секоја група ги негува своите


посебни културни карактеристики, а истовремено има почит и кон културните
карактеристики на другите култури од таа заедница. Општества каде постојат
различни култури и влијанија.
АКУЛТУРАЦИЈА – Процес произлезен од контакт помеѓу две култури, при што едната
култура останува потисната од другата.

КУЛТУРЕН ИДЕНТИТЕТ – Карактеристика која овозможува препознавање на самиот


себе со неповторливи осоеностии и разликување од припадниците на другите
општествен групи.

ЕТНОЦЕНТРИЗАМ – Заради неможноста да се разбере туѓата и да се заштити


сопствената култура, поединците ја величат својата, а ја омаловањуваат туѓата култура.

КОСМОПОЛИТИЗАМ – Филозофија на висока толеранција спрема културите и


отвореност за разбирање на туѓата култура.

ПОТКУЛТУРА – Културна посебност на еден општествен слој или група. Припадниците


на поткултурите развиваат различно облици на однесување специфични за нив.

ПРОТИВКУЛТУРА – Форми на однесување насочени дирекно против доминантната


култура.

You might also like