You are on page 1of 10

ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ

Пред 107 години, на 2 Август 1903 година било кренато Илинденското востание,
едно од најзначајните дела на Македонскиот народ за национално и социјално
ослободување од Отоманското царство. Но, во текот на историјата стремежите за
национално и социјално ослободување на Македонскиот народ повеќе пати биле
изразувани низ разни буни и востанија кои ги предводеле храбрите македонски
синови. Сепак, на крајот на 19-от век условите за општествено, политичко и
национално ослободување особено созреале така што организационото формирање
на револуционерната организација ВМРО (ТМОРО), претставувало природна
последица на движењата за слобода на македонскиот народ и неговиот идентитит.

Во 1893 година бил направен чекорот за поставување на основите на организација што


ќе ги собере и обедини расфрлените, распокинати сили и ќе ги потчини на една
определена цел – ослободување на Македонија. На 23 октомври 1893 година во
куќата на Солунскиот книжар Иван Хаџи-Николов се сретнале Даме Груев-професор,
родум од Смилево, Христо Татарчев-лекар, родум од Ресен, Иван Хаџи-Николов-
книжар од Солун, родум од Кукуш, Петар Поп-Арсов-професор, родум од
с.Богомила,Велешко, Антон Димитров-учител од с.Ајватово,Солунско, и Христо
Батанџиев-професор од с.Гумениџе, Ениџе, Вардарско.На овој состанок тема била
политичката работа во Македонија и неопходноста од организирана општествена
дејност во неа. По долга дискусуја, групата се конституирала како друштво со задача
сите присутни да работат за неговото ширење меѓу своите познати.

Благодарение на условите што ги давал Солун како централно место за Македонија


за кратко време бил привлечен голем број луѓе во новото друштво, и што е уште
поважно се дошло до сознанието дека во Македонија постојат услови за развивање на
усилена револуционерна дејност. Охрабрени од тоа, во почетокот на 1894 година
организаторите по втор пат се сретнале во Солун каде дискутирале за искуството и идн
ината на започнатото дело при што се поставиле седните цели пред новата
организација: да биде тајна и револуционерна, нејзината територија да ја сочинува
Македонија во географски и етнографски граници поради што ќе се вика Внатрешна, в
о неа да членуваат лицашто се родени и живеат во Македонија без разлика на вера и
народност. Политичката цел на организираните Македонци била: афтономија на
Македонија, да се чува самостојноста на Кавадарци и др. населени места.
Меѓутоа оваа револуционерна организација, и воопшто македонската интелигенција
поради дејствување на пропагандите или на Македонскиот народ во периодот на
формирање на револуционерната организација тие во Македонија не можеле да фатат
корен. Но оваа организација уште со своето раѓање повела и бескомпромисна борба
за отстранување на егзархиската администрација од клучните позиции на
афтономните самоуправни институции на македонскиот народ.

Една од постајаните пречки со кои се судрувала организацијата била активноста на


странските пропаганди кои доаќале од соседните балканси земји Грција, Бугарија и
Србија кои имале огримни аспирации кон територијата на Македонија и сакале да ја
приграбат за себе.Тоа барало од Револуционерното движење во Македонија на
претпазлива политика, за да не заплива во соседните националистички води.

Бидејќи целта на Организацијата била јасно определена , а тоа било афтономност на


Македонија, Таа остро реагирала спрема носителите на соседните пропагандни
активности, и обидите Македонија да се подели на Македонија на сфери на интереси.
Најтешки и најкомплицирани биле

на македонскиот народ. Затоа Организацијата станува средство за борба како против


ропството и тиранијата така и против шовинистичките пропаганди и национални
караници кои го спречуваат македонското население во неговата борба.

Спремајќи се за револуција оваа организација наишла на голем број проблеми кои


требало да се решат. Едно од тие прашања било и прашањето на снабдување на
членовите на Организацијата со оржје. Раководството на Организацијата се надевало
на помош од соседните држави, особено од Бугарија, меѓутоа оваа соседна ја
уценувала Организацијата со нејзино мешање во работата и независноста на
Организацијата при што станало јасно дека Организацијата не треба да се надева на
никаква помош од дволичните соседните држви, и затоа преминала кон
самовооружување односно изработка на оружје во самата Организација како и
набавка со сите средства и преку сите можни канали на набавување на оружје.

Маѓутоа и покрај ситре напори во

кој што бил најкваликуфан за тоа бидејки го имал военото образование.Тој целосно и
се посветил на оваа задача при што биле создадени чети кои ја сочинувале воената
сила наОрганизацијата и биле стожер на револуционото движење.Со помош на четите
оваа Организација добива нов лик, бидејќи селското население масовно пристапувало
во четите при што доаѓа до растење на Организацијата.Со формирање на вооружени
сили идејата за издвојување преку револуција на полна политичка афтономија на
Македонскиот народ добива и конкретен облик.

Моралот кај поробениот македонски народ растел благодарејќи на дејствувањето на


четите кои не само што ги решавала проблемите со пљачкашите на овој сиромашен
народ, туку го поттикнувала и вооружено востание под раководство на Организацијата
ВМРО(ТМОРО).

Оваа Организација одиграла голема улога во сплотувањето на македонските народни


маси за извојување слобода и за самостојна Македонска држава.Во период од околу
една деценија оваа организација упеала да ги обедини сите македонски општествени
сили и да ја рашири организационата мрежа низ цела Македонија, така што го
канализирала ослободителното движење.

Основањето на првиот комитет на ТМОРО во Охрид е во август во 1894


година.Први членови кои и воедно биле раководители се Лев Огненов, Ѓорги Николов,
Никола Филипчев, и Александар Чакаров.Воедно во Организацијата се вклучува и
А.Кецкаров.Според неговата

Во третата развојна фаза на комитетот се вклучиле уште и Иван Нелчинов, Наум


Атанасов-Цветинов,Наум Чакаров,Наум Златаров ,Спиро Сарџов, како и Никола петров
Русински, како и некои други војводи на чети.Под непосредно раководство на овие
луѓе Охридско се подготвило село Кадино-Село каде по дводневен отпор, неговите
седуммина четници и тој излезот го нашле во херојското самоубиство.

ТМОРО својата прва чета во Охридско ја добила релативно доцна.Како основна


причина се на свеста кај селанството, настојуваќи да се подобрат условите за живот, а
паралелно со оваа се вршело и вооружување.Забележано е на Смилевскиот конгрес
дека Охридската околија била најдобро вооружена во Битолскиот округ.Во меѓувреме
поради деструктивниот однос на војводата Горанов на негово место доаѓа Никола
Петров Русински.Организацијата ебна слога и разбирање меѓу месното население.Но
месното население покажувало нетрпеливост кон месното турско население што и
била причина да војводата Русински замине од овие простори.

По неговото заминување извршена е реорганизација на четите.Околијата е поделена


на пет реони, секој со по една чета, предводени од војводите поп Христо,Смиле
Војданов, Дејан Димитров,Лука Групчев д, Битола, и Солун се одведени на заточение
во Дијар Бекир, Мала Азија.По амнестијата по Илинденското востание , затворениците
се ослободени, но

од петвековното Турско ропство .Меѓутоа Револуционерната Организација имала


стратешка цел ,која била да со постојаните судири на нејзините чети со турската војска
ќе ја прикажува нечовечноста и репресиите што ги трпи народот што се бори за свое
ослободување, а со тоа ќе ги придобива симпатиите на меѓународното мислење во
полза на борбата на македонскиот народ и неговото ослободување.

Онаа што било зацртано како главна цел на Револуционерната организација се


појавило како проблем за соседните држави кои имале аспирации за приграбување на
македонските територии, особено великобугарската политика чии што аспирации
уште од Сан Стефанскиот договор не стивнувале.Со цел да ја приграби целата
македонска територија за себе Бугарија со вметнување на свои чети на територијата на
Македонија кои се бореле со Турците сакала да ја прикаже Македонија како
територија која не може да ја трпи Османлиската власт и дека постои желба кај
македонскиот народ за

кревање на востание непосредно од теренот, како и фактот дека состојба во која се


наоѓала Македонија опкружена со разни непријатели и нивните пропаганди неможат
да донесат успех на востанието особено остро ја дочекале Гоце Делчев, Ѓорче Петров,
Јане Сандански и др.

Поради тоа Гоце Делчев како силен противник на предвремено кревање на востание
се сретнал со Даме Груев при што се развила дискусија во врска со одлуката од
Конгресот. Но Даме Груев се спротивставил на неговиот став и затоа Гоце Делчев бил
мошне разочаран,Тој поради тогашната состојба со атентатите што се случиле во
меѓувреме сторени од страна на „Солунските гемиџии’, заминал за Серскиот округ со
идеа да организира окружен Конгрес на кој што ќе се дискутира за донесената одлука
за кревање на востание.

Но се случило тоа што се тој и неговото дело остануваат засекогаш врежани во


историјата на борбата на Македонскиот народ и негово ослободување. Во критичните
и решавачки моменти од текот на својата историја Македонскиот народ останал без
личноста која својот живот и дело го посветил токму на својата држава и својот народ.

Во таква состојба на болка по загубените свои синови-Гоце Делчев и ѓемиџиите


Организацијата одржува конгрес на во село Смилево на Битолскиот Револуционен
Округ, каде под прецедателство на Даме Груев, повторно доаѓаат до израз во
дискусиите двете струи за и против

ов Русински, Ѓорги Сугарев, Никола Карев, Петре Ацев и други биле против тоа,
сметајќи дека е предвемено.Тоа значи дека под влијание на солунското решение и
настојувањата на Даме Груев, Борис Сарафов и други мнозинството сепак се
приклонило кон ставот за кревање на востание во Битолскиот револуционен округ.

На овој конгрес е донесена одлука за кревање на востание во Македонија, и притоа е


формиран Главен Штаб на округот кој го сочинувале:Даме Груев, Борис Серафов и
Анастас Лозанчев.Веднаш по одржувањето на овој конгрес се одржале и собранија на
другите револуционерни окрузи , каде што се разработувале плановите и мерките кои
што треба да се превземаат за учество во оваа востание.Откако констатирале дека
ситуацијата е зрела за востание ,Главниот штаб на 26.07.1903 год. се состанал на врвот
Победоносец, над Смилево-Битолско , каде е објавено востанието.На 28.07.1903год. е
издаден датумот на востанието да биде –ден св.Илија 02.08.1903година.Овој ден е
свет за македонскиот народ и востанието е познато како Илинденско според датумот
на започнување.
Инаку, пред тоа задграничното представништво на ТМОРО(ВМРО) во Софија ја
известило официјално Европа кои се причините кои го натерале македонскиот народ
да се крене на востание.

На денот на востанието 2-ри август уште во утрините, селските маси-жени и деца се


упатиле кон логорите во планините каде била сместена храната за востаниците и
населението.Таму биле отворени лебарници, кујни работилници за поправка на
оружјето и изработка на муниција, а биле и формирани и санитарни центри.Во тие
први денови, востаничките акции се изразувале и во напади на нахиски центри
(неколку села во една голема општина)на паланки и некои помали градови.Така ноќта
наспроти Илинден 150 востааника го нападнале и го разбиле турскиот гарнизон од 100
турски војника во Смилево и цели десет дена биле полновласни господари на селото.

Истото го сториле и 600 востаници во Клисура, во Костурската околија,држејќи го


градот во свои раце 15 дена од 2-17 август .На Мудурницата,(централна општинска
управа) во Прибилци, 300 до 400 војници.

Охридската револуционерна организација, пред почетокот на востанието била


поделена на пет реони според конфигурацијата на теренот. Прв бил теренот
Дримкол,втора малесија, (и двата кај Струга), трета Дебарцасо караорман,Копарница,
и Плакенска Планина (со војводите Смиле Војданов и Дејан Димитров),четврта Орта
Кол реон помеѓу Охридско Поле и Дебарца, со војводата Агрир Маринов (Маринче) и
петти бил Езерскиот крај (источниот крајбрежен дел на Охридското Езеро) со војводата
Никола Митрев-Езерски.

Според сочуваните документи се гледа дека акциите биле добро разработени.Целиот


воен план бил скициран во 14 точки.Денот на востанието бил определен на 2-ри август
Илинден.Непрекинати борби на целиот реон (освен во Охрид, кој бил база за
снабдување на борците) се воделе цел месец.Сите села низ кои поминале Турците
биле спалени, освен Бержани и Плаќе.

Од бројните битки, најголема е битката кај месноста Рашанец.Во оваа борба


востаниците го претрпуваат најголемиот пораз, така што самото востание со тоа е
приведено кон крај.Во оваа битка загинале и голем број на војводи меѓу кои и Агрир
Маринов(Маринче), Андон делумно.Спалени биле 2.064 куќи , а без покрив над
главата, нешто повеќе од 13.000 жители.Во текот на востанието посебно настрадале
селата во Дебарца.Од 22, само 4 останале неизгорени.

За време на востанието Охрид имал посебно значење.покрај задачите востаниците да


се снабдуваат со прехранбени продукти, во него било предвидено да се изгради
болница.градските учителки Поликсена маскарева,Царева Ботушкова, Атина Шехова,
Флора Георгиева, Деспина Василчева, Флора Митева, и Аспасија Мишева, решиле да
организираат и отворат болница.По тринеделна работа болницата и била предадена
на Англиската мисија и истата продолжила со работа.
Современиците кои го посетиле Охрид по востанието констатирале дека градот бил
запуштен, останало само нешто од неговото славно минато, а населението било
истоштено и пропаднато во

село Чаништа водена со здружени сили на Прилепската и Костурската чета, која се


одликува со добро водени воени акции.

За време на Илинденското востание најголем успех бил постигнат во Крушевскиот


револуционен округ.Најкрупна востаничка акција и најголем успех на востаниците е
ослободувањето на градот Крушево и формирањето на првата привремена
Македонска Република во овој планински град.

За таа крупна револуционерна акција населението од Крушево и Крушевски било


подготвено од револуционерните раководители од овој крај –социјалистите Никола
Карев и Веле Марков.Во изработката на планот за за заземање на Крушево
непосредно учесвувал и револуционерот – бифшиот офицер Тодор Христов кој
претходно влегол во градот и ги скицирал објектите за напад : касарната, конакот,
беледијата( општината), поштата и другите владини и државни установи, како и
поважни пунктови во градот.

на Горското начелство, според порано подготвениот план за напад, испратил повик до


населението за почеток на борбите.Тој испратил Окружно до раководителите на
Крушевскиот околиски револуционерен комитет и до началниците на грчките,
влашките, и албанските бојни групи, кои се известуваат за востание и се повикуваат на
борба.

,,Гориме од нетрпеливост – се вели во Окружното – едвај чекаме да падне ноќта и


да го превземеме Крушево, та заедно со сиот народ да го викнеме нашето
Македонско УРА.,,

и касарната.

По неколкучасовната борба, тие го ослободиле градот Крушево.Штабот на


крушевските востаници набргу се симнал од планината и во месноста Гумење се
зафатил да ја организира новата востаничка власт, позната во историјографијата како
КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА.

Штабот на востаниците ја презел воената власт во градот. На 4-ти август влегува


Штабот на Крушевските востаници свечано дочекан од народот.При овој дочек
началникот на Штабот, Никола Карев одржал пред ослободениот народ
револуционерен говор , прогласувајќи ја првата Македонска Народна Република и
повикувајќи го

-Глигор Д.Божинов, прехрана-Тома Марков, и санитет( здравство ). За подобро


функционирање и одржување на народнатавласт, биле преземени акции за
вооружување на населението и утврдување на градот со длабоки ровови, за отварање
на работилници за поправање и изработка на муниција и друго. Во блиското село
Селце биле изработени познатите црешови топчиња.Првиот црешов топ се распаднал
уште при првото пукање,потоа бил изработен друг топ без грешки, но останал
неискористен и подоцна

пристапиле кон мобилизација на машкото население и ја зголемиле својата


востаничка војска со уште 1200 луѓе.Фамилиите на пребегнатите турски чиновници
биле ставени под заштита на Штабот.

За време на десет дневната Крушевска република востаниците испратиле повик до


жителите на соседните крушевски села, главно населени со муслиманско население,
познат како Манифест на Крушевската република.

Манифестот бил напишан е и да не се посегнува по неговите имоти.Кон турското


население во Крушевската околија е упатена прокламација токму со Манифестот на
Крушевската република, во кој меѓу другото се вели:

,,Елате браќа муслимани, при нас да тргнеме против нашите и ваши душмани. Како
Турци, Албани, Муслимани, знаеме дека си мислите оти царството е ваше и оти
вие не сте робје, штом на царскотознаме нема крст, а има месечина.Оти не е така
и оти грешите вие бргу ќе се сетите.Ние сами ќе се бориме и за нас и за вас и ако е
потребно до еден ќе умреме под знамето на вашата и наша слобода.Ако пак вие не
имате како браќа .... можеме да ви спомнеме само едно нешто:да не се заортачите
со душманите, да не дојдете со пушка против нас и да не правите зулуми ‘’

Ниеден акт од поновата

Во Солунскиот округ биле извршени седун напади на железничката линија Солун-


Скопје,Солун-Битола.Особено страдале железничките мостови на Вардар.Дошло и до
остри судирања меѓу Ениџевардарско и Тиквешко.Во Серскиот округ се донело
решение востанието да започне нешто покасно на 14 септември при што по налог на
ЦК е остварена соработка со врховистите кои му нанеле зло на припремата на
востанието.

До поголеми судири дошло во Демирхисарско, Мелничко,Неврокопско,Разлошко, и


Горноџумајско.Во Скопскиот округ бил направен напад над железничката линија во
близина на Велес.

Онаа што се случувало во Македонија ја изненадило домашната и надворешната


јавност, а особено била изненадена турската власт, која претпазливо гледала на овој
настан, па затоа за да го спречи понатамошното ширење на востанието кое со голем
интензитет и масовност се одвивало на македонската територија и го привлекла
вниманието на светската јавност, тие ја започнале офанзивата за задушување на оваа
востание.

Првите судири во текот на османлиската офанзива во Македонија биле иведени кај


Смилево.Таму и во селоро Ѓавато се воделе жестоки борби се до уништувањето на
востаничките упоришта.По ги урнала утврдувањата подигнати од востаниците ис со
топови го бомбардирала градот. Во екот на борбите по наредба на Штабот, околу
15.000 население , го напушта градот и се крие во блиските планини.Во запалените и
урнати куќи загинуваат 20 жени, 6 деца бидејќи не успеале да побегнат од градот.

На незапалените куќи, на 13-ти август биле истакнати бели знамиња, симболизирајќи


го крајот на 12 деневната Крушевска Република.Борбата била завршена.

Изгорени биле 159 куќи.

7 востаници, а 80 турци биле убиени и ранети.

јане Сандански води и втора голема битка кај Обротиште, Св Тројца. на 13-ти
септември загинуваат 2 востаници, а турци можеби повеќе од 80. Исто така биле
извршени и повеќе

Во Скопскиот Револуционерен Округ четата на Никола Пушкаров на 1-ви август


извршила диверзија на железничката пруга кај с.Новачани, каде биле исфрлени од
пругата 32 вагони на еден воз.

Во Битолскиот вилает, каде завршило востанието, се воделе 150 борби со 19.152


востаници против 292.735 противници(турска војска). Убиени или ранети се 746
востаници, а 3.087 убиени или ранети турци. Биле запалени 122 села со 8.646 куќи. Без
покрив останале 51.606 жители, а бројот на убиени или заклани е 1.779 души.

Во Солунскиот вилает во кој спаѓаат Солунскиот и Селскиот Револуционерен Округ, од


2-ри август до 8-ми септември 1903 година, дошло до 32 борби во кои паднале 109
востаници, додека во Скопскиот Револуционерен Округ во неколку борби од 14-ти
август до 14-ти ноември 1903 година, паднале 93 четника.

Во сите три вилаети во текот на востанието паднале 949 востаници во 197 борби.Во
текот на востанието од 2-ри

Големите сили веднаш по завршувањето на Илинденското востание ги донеле


познатите Мирцштегски реформи.Русија и Австро-Унгарија, имајќи ги во предвид
барањата на Охриѓани, кон крајот на 1903 година изработиле проект за обновување на
Охридската архиепископија со свој архиерејски синод и други црковни тела.

Проектот предвидувал воведување на македонскиот јазик во литургијата и


училиштата.Турската влада проектот го отфрлила, но под притисок му дала виза на
Хилми-паша да го конкретизира проектот за осамостојување на македонските епархии
од Егзархијата и патријаршијата.На оваа се спротиставиле сите соседи на Македонија.
Во исто време , рускиот цар и англискиот крал, изработиле проект за автономна
Македонија, но и тој пропаднал.

По Илинденското востание поголемиот дел војводи го напуштиле Охрид и заминале за


Софија.Меѓу нив бил Андон Кецкаров, Наум Анастасов, Александар Чакаров, Лука
Групчев, Марко Павлов, Лазар Димитров, Дејан Димитров и Смиле Војданов. Нивното
заминување оставил лош впечаток кај народот . Во Охридскиот крај останал војводата
Христо Узунов кој по одредено

, Христо Узунов, го напишал предсмртното писмо во кое меѓу другото се вели:

,,Мојот последен совет до сите другари е да бидат искрени кон делото и кон сите
што му служат, зошто само искреноста и чистосрдечноста ја издигнале
Внатрешната организација и пак тие ќе ја спасат од анормалноста во која е
поставена од недобросовесни наши другар.Да гледате колку што е можно побргу
да ги уништите оние досега раководни сили во Организацијата кои што му нанесле
штета на делото, како што е Сарафов, а не да се казнуваат само простите
работници.Нашата идеја ќе биде постигната...’’

По завршувањето на писмото и предавање на целата архива војводата и неговите 11


соборци се самоубиле.Револуционерната дејност на Организацијата продолжила и
покрај големиот број на провали. За надминување на проблемите во Охрид бил
заслужен Петар Чаулев, кој се истакнал со своите организациони и воени
способности.Тој бил и

империја , нивната цел била –со строго дозирано подобрување во Македонија, да се


отстранат секакви радикални решенија, што би продуцирале нови немири.

За таа цел тие во фебруари 1903 година, пред востаниетотие веќе изнудиле извесни
анемични реформи од Османлиската империја.Другите европски сили биле не
помалку заинтересирани за положбата во Македонија, односно во Османлиската
империја, но и нивната дипломатија , со исклучок на неколку сондажни предлози , се
држела настрана очекувајќи инцијатива од заинтересираните Австро – Унгарија и
Русија кои ќе ја смират положбата во Македонија. аспирации спрема истата, а тоа
значи и пресекување на илузиите за владеење на Балканот.

Тоа го определило и нивниот негативен однос спрема Илинденското


востание.Прогресивната светска јавност се однесувала со искрени симпатии спрема
борбата на македонскиот народ.

Европскиот и светскиот печат бил преполн со вести за ситуацијата во Македонија, за


крвавите репресалии на казнетите експедиции на турската војска, и.т.н.
Насекаде се дигал бран на протести во полза на Македонскиот народ.Под раководство
на истакнати личности од областа на културата, уметноста и политичкиот живот, како
Лав Толстој, Максим Горки, Анатол Франс, Жан Жорес, Виктор Берар, Франс Де
Пресанс, Артур Еванс, Хенри Брејсфорд, и други , се создало цело движење за помош
на македонскиот народ.

Во Англија, Франција, Италија, и САД се создале ,,Македонски комитети,, кои станале


организатори на импозантни митинзи.На пример само во Англија биле одржани околу
200. Митинзи во полза на македонскиот народ биле одржани во Париз и Рим.Оваа
хумана акција ги зафатила и јужнословенските народи.Во Љубљана, Загреб,Белград,
Софија, прогресивните општествени сили и прогресивната младина се дигнале во
заштита на македонскиот народ и во прибирање помош за настраданото население.На
тој начин и покрај тешките последици

пасивна тактика – задржување на масите во очекување Бугарија да ја отпочне војната


со Турција; Востаниците биле без достапна или сосема елементарна воена обука и
слабо вооружени за разлика од огромните турски сили кои располагале со модрно
вооружување.

Поразот на Илинденското востание треба да се постави и врз светлината на фактот


дека македонскиот народ во таа тешка и нерамна положба бил оставен сам на себе,
без секава поддршка од страна.Дури може да се рече дека не наишол ни на поголема
морална поткрепа од страна на социјалистичките и демократски движења на
Балканските земји.. Тоа било врвен изра на волјата на македонскиот народ за
слободно и самостојно национално постоење.

You might also like