You are on page 1of 3

Културата и верувањата на народите на

Стариот Исток

Појава и развој на писмото:


Неколку поими за појавата на писмото:
a. Служело за разбирање меѓу луѓето.
b. Се појавило во Месопотамија пред околу 3500 год. п.н.е.
c. Првите писма биле:
 Сликовното (пиктографското)
 Хиероглифското
 Клинестото
 Фонетското гласовно (кај Феничаните)

Книжевност:
Книжевноста се појавила веднаш по писмото.
Најстари досега зачувани дела од египетската книжевност се
текстовите од пирамидите и неколку поучни дела на папирус.
Во најстарата индиска книжевност се познати религиозните
химни во чест на природните појави на небесните тела.

Градежништво и уметност:
Народите од Стариот Исток правеле големи и убави градби, на
кои им се восхитуваме и денес. Ова се некои од нив:
a. Египетските пирамиди
b. Бабилонската кула
c. Светилникот на Алксандрија
d. Кинескиот ѕид
e. Храмовите градени во чест на боговите
f. Дворците за господарите
Почетоци на науките:
Народите на Стариот Исток дале голем придонес во развојот
на некои науки. Тие ги поставиле темелите на математиката,
астрономијата, медицината, физиката...

Верувања и религии:
Народите од Стариот Исток, освен старите Евреи, биле
многубожци и верувале во повеќе богови. Најзначајни биле:
a. Амон Ра (врховен бог)
b. Мардук (врховно божество во Вавилон)
c. Мелкарт (Бог кај Старите Феничани)
d. Јахве (Бог кај Евреите)
e. Асур (Бог кај Асирците)
Речиси сите народи во минатото имале свои легенди за
создавање на светот.

Изработила:
Сара Петрушевска I-5

You might also like