You are on page 1of 2

Критички осврт на делото „Злосторство и казна“

Често начинот на кој живееме, местото на живеење, улицата и кафеаната го


опишуваат самиот човек, односно неговото однесување кое зависи од
тешкотијата и непријатноста која ја чуствува самиот тој човек. Исто така,
тешко може да се определи дали некој човек е позитивен или негативен,
особено ако протагонистот убива две жени, но не добива соодветна казна.

Во делото „Злосторство и казна“ Раскољников добил писмо од неговата мајка


во кое таа го известува дека неговата сестра Дуња ќе се омажи за Лужин, човек
што таа не го сака. Со тој брак, таа ќе ја ублажи тешката финансиска состојба во
која се наоѓаат, но Раскољников може да и помогне на Дуња само ако добие
поголема сума пари, што е невозможно да се направи на чесен начин. Тогаш,
Раскољников е ставен во позиција да размислува за убиство, но на денот пред
да го изврши злосторството, тој ја спушта секирата „речиси несвесно“ и
наместо да ја убие само бабата, во станот се појавува и нејзината сестра
Лисавета, која Раскољников ја убива на ист начин како Аљона. Тој го сторил
тоа затоа што верувал дека убиството на една стара жена која направила многу
зли работи не е злосторство и сметал дека со тоа, животот на многу луѓе ќе
стане подобар и полесен. Она нешто кое тој го оправдува со убиствотo, се
судира со неговата потсвест и со околината која не оправдува и прифаќа
убиство. Ова е препознатливо преку неговата болест и бунило, како и преку
соништата. Тој во една прилика сонувал како со секирата ја удира старицата, и
таа му се смее во лице, а тоа е одговор на борбата помеѓу обичниот и
необичниот човек, борба која цело време била во него.

Раскољников и Соња се љубовен пар каде во своите животи се борат со


тешкотии. Првата препрека помеѓу нив е неговото непризнавање на
злосторството, а потоа и неговото одење во затвор, со што како казна добива 8
години на Сибир, но во реалноста, тој би добил најмалку 20 години за вакво
дело и со тоа, самиот тој добива можност за среќа. Оваа книга завршува со
напомена на Достоевски дека Раскољников ја пронашол среќата со Соња и дека
7 години робија му изгледале како седум дена. Јунакот кој и пред и после
убиството бил подеднакво несреќен, доживува преобразба со тоа што ги
прифаќа религиозните верувања на саканата жена, нејзините чувства и
копнежи, како и започнување нов живот со библијата во себе, единствената
книга која му била дозволена и на Достевски да ја чита додека лежел во
затвор.

Во целото дело, Раскољников станува убиец, но со тоа тој не решава ништо,


туку сфаќа дека нема право да одземе ничиј живот, бидејќи и тој е човек како и
сите останати. Со тоа, тој самиот повеќе се казнува и измачува отколку што тоа
може да го стори општеството. Исто така, не постои никакво оправдување за
извршеното убиство, затоа што сечиј живот е подеднакво вреден!

Сара Петрушевска III-2

You might also like