You are on page 1of 2

РЕАЛИЗАМ И НАТУРАЛИЗАМ ( дефиниција и значење)

Реализмот претставува литературен правец во кој се остварува доминација. Тука


припаѓаат романите и новелите. Кај реализмот фабулата ( текот на самиот роман или
новела) се приспособени подеднакво да го прикажат и осветлат како друштвениот и
психолошкиот така и интелектуалниот лик во самото дело. Дексриптивноста во
реализмот како што се пејзажите, ентериерите, портретите и слично имаат функција на
социјално-психолошка мотивација. За разлика од реализмот, натурализмот претставува
посебен уметнички правец кој преминува во релизам. Натурализмот ја прикажува
природата на човекот во најглувите и најтемните моменти.

Дела:

Балзак Чичко Горио- Тажна е приказната за пожртвованиот татко на себичните и


неблагодарни ќерки. Уште потажна е сликата на младиот скороевич Растињак, кој ги
истражува патиштата кои водат во високото друштво, откривајки ги парите како основна
движечка сила. Постојано на услуга во исполнувањето на нивните желби тој, инаку
успешен производител на тестенини, конечно осиромашува. Тие пак го посетуваат
таткото само кога од него треба да добијат пари, срамејки се од него обичниот граѓанин,
бидејки тие се движат во аристократските кругови. Горио умира сам. Во последните
мигови го негувале Растињак и студентот по медицине Бјаншо, кои и погребот му го
платиле. На погребот на несреќниот старец не се појавила ни една ќерка. Немајки веќе
што да им понуди, станува наполно неинтересен за неговите убави и богати ќерки, кои
се производ на неговиот родителски однос кон нив. Родителот и неговите ќерки се слика
на моралниот пад и обезвреднување на семејната врска. Некогашниот господин Горио
натрупува богатство и создава положба на своите ќерќите , кои се однесуваат со него
како со "лимон, кој " откато бил исцеден до капка... го фрлаат

Достоевски

Злосторство и казна-е роман од Фјодор Достоевски. Во него главниот лик, сиромашен


студент, паѓа во искушение понесен од идејата за “големите луѓе” и социјалната правда.
Живеејќи во најголема беда изградува поглед на свет кој се заснова на идејата дека
општеството е суштински неправедно затоа што им овозможува на бескорисните луѓе
да уживаат во богатството додека вистински вредните луѓе пропаѓаат во сиромаштија
без можност да ги развијат и остварат своите способности. Правосудството ги осудува
ситните криминалци, а историјата ги слави луѓето како Наполеон кои се одговорни за
смртта на илјадници луѓе. Одлучува да се доведе во искушение и да направи злосторство
кое ќе му овозможи пари за школување и за човечки достоен живот. Меѓутоа,
чувствувајќи грижа на совест на крај се предава на полицијата.

You might also like