You are on page 1of 2

“ ЦРНИЛА” - Коле Чашуле

Трагичната и апсурдната историја на македонскиот народ е тема


која со децении инспирира за создавање на различни творби.. Коле
Чашуле е авторот кој прв отворено претставил сегмент од македонските
црнила. Неговото најпознато дело, драмата ”Црнила”, е драма за
убиството на големиот македонски револуционер Ѓорче Петров од страна
на “македонска рака”.

Дејството се случува во Софија, во 1921 година. Тоа е период кога


врховистичкиот дел на ВМРО го организира убиството на Ѓорче Петров.
Домот на македонските емигранти Христови е место од каде се
координира акцијата. Тука се собираат терористите Фезлиев, Иван,
Методи и главниот координатор Луков. Сопругата на домаќинот Христов,
Неда, наивно е вплеткана во нарачана љубовна врска со Иван. Дознава
дека се спрема атентат на Ѓорче Петров, но заради забранетата љубов
мора да молчи. Луков и кажува дека мора извесно време да биде отсутна
од домот, а во интерес на Организацијата. Во домот го носат Младичот,
кого Фазлиев го нарекува Орце. Луков му кажува дека мора да убие еден
голем предавник на Организацијата. Дваесетгодишното момче, идеалист,
доследен член на организацијата, не прашува кој е тој предавник. Вечерта
спроти убиството, момчето раскажува дека Ѓорче Петров е негов втор
татко. Бил мало дете кога Турците ги испотепале неговите родители, а
мајка му одвај успеала да го качи на некое дрво за да го спаси. Колежот
уште траел кога пристигнал војводата Ѓорче со неговата дружина. Тој му
ветил на момчето дека ќе го направи комита и секогаш ќе биде негова
поддршка. Луканов за миг се стаписува од молбата на Младичот да му
организира средба со легендарниот војвода. Лукаво го испитува дали би
го препознал Ѓорче. И додека надвор се извршува убиството, разговорот
меѓу Луканов и Фазлиев ги открива моралните особини на групата. Тоа се
пропаднати револуционери, обични криминалци. Тие се дел и од планот
за ликвидација на Младичот, за да не остане трага пред пред бугарската
полиција. Убиството на Ѓорче се случува, а кога Орце се враќа во станот,
случајно од една жена дознава кој е убиениот. Вистината целосно го
поразува. Фазлиев, иако пијан, тогаш се препознава самиот себе во
младоста. Го пушта да избега и му посакува да успее “да му ја раскаже на
светот својата вистина”. Набрзо во станот стигнува вест дека Младичот
сам се обесил на дрво во паркот. На Луканов му го носат писмото во кое
момчето го нарекува Луканов предавник и дека Историјата ќе го
обвинува. Луканов го заменува писмото со друго, за да се сокрие
вистината за убиството на Ѓорче Петров.Монологот на Луканов ја
објаснува црната судбината на највидните Македонци низ историјата.
Иако Неда го убива Луканов, а Фазлиев му се спротиставува и на Иванов,
човекот кој издава наредби, црнилата македонски траат и траат.

Македонскиот народ низ векови страда од заговорите што туѓите


центри на моќ ги организираат против борбата за самостојна, единствена
и независна Македонија. Поразително е што директни извршители на
многу грозоморни трагични настани се наши сонародници.

You might also like