You are on page 1of 2

„Пиреј“ – Петре М.

Андреевски
Апсурдот на војната и положбата на Македонецот за време на Првата
Светска војна

Карактеристично за романот „Пиреј“ е тоа што преку овој роман Петре М.


Андреевски ни го доловува апсурдот на војната и положбата на Македонците
за време на Првата Светска војна. Во овој период Македонија била поделена
меѓу Србија, Грција и Бугарија. Не само што се вршела асимилација и
денационализација туку започнала и масовна мобилизација на македонскиот
народ.

Од машката приказна т.е од приказната на Јон дознаваме токму за положбата


на македонскиот војник. Јон се борел на фронтот на страната на српската
војска. Но, апсурдот произлегува од тоа што тој воопшто и не знаел зошто се
бори, бил рамнодушен. Тој не се борел за свои интереси ниту идели.
Македонскиот народ не се борел за слобода на својата земја туку за туѓа
слобода. Јон детално зборува за војната и за тоа како таа луѓето ги прави лоши
со тоа што и таа самата е лоша. Единствено нешто што луѓето добиваат од
војната е страв и глад, а сепак луѓето се напаѓаат едни со други со цел едните
да го земат стравот и гладот на другите.

Војната го дели народот... Народот којшто има едно исто потекло. Јон укажува
на тоа дека сите народи во старите времиња биле еден народ. Но, тој народ со
текот на времето бил разделен на повеќе народи... Народи кои почнале да
војуваат едни против други. Војната уништувала се, па дури и предизвикувала
брат да војува против брат (Јон и Мирче). Се делат на МОИ и ТВОИ. Дури и
Велика напоменува дека додека има војна и децата си играат и се преправаат
како војници. Забележуваме само еден момент кога војната прекинува, а тоа е
на именденот на Илија. На празник не војувале, а непријателите само тој ден
склучувале примирје и заедно пиеле и се веселеле. По завршувањето на
денот, тие повторно се поделиле и четите се вратиле секоја на своја страна, а
војната продолжила. Оваа војна е претставена со грозни, па дури и морничави
слики, пискотници, викања и машки лелеци. Распарчените тела на загинатите
војници врз кои била фрлена бомба, раскинатите раце и нозе по коишто газел
Јон, ужасната смрдеа од земјата нацицана со крв... „Постојано ми иде мислата
дека човекот смрди на земја, ќе смрди и во земјата. И за неа да загинеш, пак од
неа ќе засмрдиш.“ Овие слики, всушност, ги гледаме преку очите на Јон кој
бегал од фронтот најмногу поради страв за сопствениеот живот. Па, овде дури
е претставена и сликата на полумртвиот војник којшто барал вода и мртвата,
гола девојка којашто била силувана од страна на некои војници.
Ваква грозна слика имаме и во битолската болница (Сива Вода). Описот на
оваа болница е даден откако Јон поради неговата загноена нога бил однесен
таму со цел да му ја пресечат од коленото надолу, но тој не дозволил, па
докторите му го пресекле само палецот. И овде се слуша плач и лелекање на
пациентите. Целата болница мирисала на јод и на ракија. Пациентите
постојано се менувале затоа што имало многу смртни случаи. На некои
пациенти им ја лупеле главата и повторно им ја шиеле, но поради големото
количество изгубена крв пациентот умирал, па на неговиот кревет донесувале
друг. На некои пациенти им ги отварале раните, им ваделе цели парчиња
железо, па повторно ги зашивале. На други, пак, им ги сечеле рацете и нозете
со пили. Но, и покрај тоа што Јон ги жалел овие луѓе затоа што ги остава во таа
болница, тие сепак биле среќни затоа што се таму, а не на фронтот. Биле
среќни затоа што во болницата животот им бил посигурен.

Сите овие слики, всушност, укажуваат на несреќата што ја носи војната. Таа го
менува човекот, животните, природата...

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчам.


Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот гаѕер. Кај што ќе
заврши и нашето тркалање. Нашето постојано паѓање. Пред малку само
трчавме еден кон друг: и од едната страна има наши луѓе и од другата страна
има наши луѓе. А, навалуваме еден на друг.“

You might also like