You are on page 1of 2

Јуначката машкост низ очите на Јон

„Пиреј“е симбол за неуништливоста на македонскиот народ кој постоел и ќе


постои и покрај сите обиди за негово истребување. Романот раскажува за
периодот од балканските војни и Првата светска војна, како и пост-воениот
период, маестрално опишувајќи ги како времиња на пустош, глад, безнадежност,
болести, колежи и палежи. Оваа приказна е многу реална и многу сурова вистина
за македонскиот народ, кој, како што предлага основната идеја на овој роман, е
неуништлив како пирејот.

Јон рано останал без родители и самиот морал да се грижи за себе. Се сеќава на
топлината на мајчината љубов, но се сеќава и на суровоста и бесчувствителноста
на таткото. Потресна е сцената од неговото детство, кога неговата мајка се
разболела, па таткото, бидејќи не му требало болен човек во куќа ја враќа кај
нејзините родители.

Детството го живее во манастирот, а потоа е присилен да им се придружи на


комитите, на еден суров живот (одиш, колеш и чекаш да те заколат). По
женидбата тој е подготвен многу да работи за да го обезбеди семејството, но тој
живот кратко потрајува. Всушност, неговиот живот е војничкиот живот. Војувајќи во
српската војска, тој се надева дека и неговата татковина ќе биде ослободена, дека
и Македонија ќе добие нешто. Но, по завршувањето на војната и преживувањето
на најстрашни случувања во неа, тој ги губи илузиите дека ќе се живее подобро.
Уште пострашно за него е сознанието за смртта на децата. Тој во истиот миг
побелува во косата и овенува. Се наоѓа во безизлез. Добродушниот, вреден,
мирен, посветен родител и татко станува ѕвер. Тој е всушност трагична личност.
Јон нема сила како Велика за да продолжи понатаму. Почнува да пие, да се губи
себеси, целосно да се однародува и посакува да умре. Тој не бара излез за живот,
тој бара пат кон смртта, кон крајот.

Тој ја обвинува Велика за смртта на децата, се пијани и ја тепа. Поради неговата


безмилосност кон неа, Велика не сака да биде закопана заедно со него, не сака
коските да ѝ се измешаат со неговите, туку на другиот свет сака да си биде со
чедата свои.

Страшното беснеење на теророт за време на војната го претвора Јон во човек-


ѕвер. По сведочењето на најгрдите лица на војната, тој веќе не е истиот човек. Со
тоа што Јон е принуден да го зароби сопствениот брат кој принудно војува на
страната на Бугарите, Андреевски дава јасна слика на принудното братоубиство,
односно на апсурдот на човечката судбина. Јон видел многу нешта за време на
војната, но соочувањето со потресната слика на неговиот празен дом го
докрајчува. Неговиот терор врз Велика започнува по неговото враќање од војна.
Иако таа е бремена со нивното шесто дете, тој секојдневно ја тепа, малтретира и
понижува. Јон завршува во беда и пијанство и како што неговиот живот згаснува,
нов живот, жарче надеж за напатената душа на Велика се раѓа – нивниот син
Роден Мегленоски.

Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчам. Цел
живот трчаме да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер. Кај што ќе заврши
нашето тркалање. Нашето постојано паѓање.

You might also like