You are on page 1of 2

Литературата за деца во Македонија

Литературата за деца и млади како што теоретичарите на литературата милуваат


да кажат е доста комплексно и слоевито подрачје кое бара посебни пристапи и
исклучително суштествена интерпртација.

Кога станува збор за литературата за деца во Македонија, создавана од домашни


автори со право може да констатираме дека македонската книжевност за деца
нема никаков континуитет. Во литературата за деца во Македонија постои голем
вакум простор, празнина која како последица се рефлектира и врз творештвото на
голем дел автори, современици кои прават обиди да се етаблираат во детската
книжевност кај нас. Но се наметнува прашањето колку тие обиди се навистина
успешни? Успева ли оваа нова генерација на авори за деца (во обид) да создадат
квалитетни дела по кои ќе бидат препознатливи , но и какви етички и естетски
пораки носат овие дела?

Факт е дека ние имаме домашна продукација во литераурата за деца. Ако до пред
некоја година, најмлад автор за деца и млади беше Горјан Петревски, во
последниве неколку години имаме експанзија од автори кои се појавуваат со
приказни и сликовници. Во таа насока евидентна е соработката на цели тимови
кои ги создаваат тие приказни и сликовници.Се појавија нови детски писатели и
илустратори.

Но сепак има нешто што недостасува во целата таа слика! Како да недостигаат
парчиња од сложувалката. Се чини како да ни недостига нов, иновативен и
креативен пристап. Да се стимулира едно дете да чита не е доволно да му се
кажува колку е тоа важно или добро. Читањето кај децата треба да биде процес
на комуникација со возрасните. Уште додека се најмали.Читајќи, преку различни
прашања можеме да ги стимулираме да размислуваат за приказната и надвор од
неа. Така ќе им се поттикне љубопитноста. Потребно е да се остави простор за
разговор помеѓу возрасниот и детето.Приказната да почне кога ќе се затвори
книгата. Потребно е да се остави простор да се роди нова приказна. Да се излезе
од зоната на удобност, да се сонува, да се фантазира. Потребно е да се создаде
интеракција помеѓу авторот и детето, со вметнување на приказни кои авторот не
ги напишал а можеби требало да ја поттикне креативноста кај детето да ја созаде
таа приказна без разлика дали тоа ќе биде со употреба на повеќе илустрации кои
се многу важни посебно кај децата во предшколска и рана школска возеаср, дали
преку поттикнување на игра, потребно е да се создаде нешто ново и интересно.
Токму тоа ново и интересно, тоа непознато од кое можеби се плашат авторите за
деца во моментов и недостига на литературата за деца во Македонија.

Кога детската читателска публика ќе го почувствува тоа ново, креативно,


интересно и возбудливо ќе можеме да говориме дека кај нас се создава
литература за деца која созрева, се надраснува и може да им парира на
балканските и светските литератури за деца.

You might also like