You are on page 1of 1

ЖИВОТОТ НА РАБОТНИЦИТЕ ОПЕАН ВО СОЦИЈАЛНИТЕ ПЕСНИ

Македонската книжевна ризница е ковчек полн со богатство кој авторите ни го


оставиле како аманет. Во тој ковчек посебно место заземаат социјалните песни.
Во нив поетите ги искажуваат своите мисли и чувства за неправдите кои ги
доживуваат угнетените и експлоатираните работници.

Сведоштво за животот на работниците запишале и бесмртниот Рацин и големиот


Неделковски.

Поетите во своите песни „Денови“ и „Работник“ ги опишуваат тешките аргатски


денови. Тие се толку мачни - како ѓердан од камења постојано висат на вратот на
работниците. Со тешка мисла, секое утро работникот-аргатот оди да најде работа
со цел да заработи дневница. Борбата за егзистенција е тешка бидејќи староста е
пречка да заработи. Маладоста им поминува по скелињата носејќи малтер. Со
болка, разочарување, тешка мисла дека и многу други браќа се во иста ситуација

Аргатските денови се долги, неиздржливи, започнуваат со надеж дека нешто ќе се


смени, но завршуваат со истата тага и очај дека ништо не се сменило.
Работниците безнадежно го живеат својот „живот кучешки“, наутро носејќи радост,
навечер се враќале со тага. Работниците се принудени да работат за друг за да
преживеат. Тие повеќе не се слободни луѓе, туку се робови на експлоататорите
кои им плаќаат малку. За туѓи бели дворови си копаат црни гробови.

Животот на работниците е постојаното, трајно страдање.Тие до крајот на својот


живот ќе го нижат ѓерданот од тешки денови како железен синџир од алки ковани.
Но гласот за подобро утре мора да се крене, од погледот да ,,молсне веда“ за
идните генерации да живеат подобро утре.

Марко Блажев

You might also like