You are on page 1of 1

БАЛАДИТЕ И РОМАНСИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

Македонската поетска ризница е редок бисер со кој се гордее секој


македонец.Во неа значајно место имаат баладите и романсите.
Балада е лирско-епска песна со епски и лирски елементи во која со многу
чувства опева некој настан кој често завршува трагично.Баладата се појавила во
XV век.Баладата може да биде народна и уметничка. Македонската народна
литература е преполна со преубави балади што најчесто се придружени со
мелодија. Во уметничката литература балади пишувале: Кочо Рацин,Славко
Јаневски и др.
Една од најубавите балади во македонската литература е „Балада за
непознатиот“ од Кочо Рацин.Рацин ја започнува својата балада за непознатиот
јунак:„Во полето чемрее врба“.Мотивот во песната е смртта на незнајниот јунак кој
загинал борејќи се за туѓи завојувачки цели.
Стиховите пеат за „незнаен гроб“ под проклета врба во битолското поле на
непознатиот јунак загинат во Првата светска војна. Почива тој сам и незнаен,
жртвуван на слобода и човештина, но по поетовите идеи загинат како херој, како
жртва за татковината, тој е бесмртен. „Кој умрел за татковина / и за човечки
правдини - / каде вас, братко, не гинел / со вас до векот живее“.
Чемерот и самотијата како да тагуваат по човечкиот живот, недоречен и
недоживеан, а еднаш и неповратно даден: “Пусто остана полето, / пусто зазори
зората - / чемрее в поле врбата, / чемрее - тажи непознат“.
Романса е лирско-епска песна со ненадејни пресврти во дејството и
неочекувани решенија, најчесто со љубовна тематика и со среќен крај.Во
народните романси се слави љубовта која по низа перипетии се остварува.
Една од попознатите македонски романси е народната песна „Јанка
Влахинка“. Изобилува со неочекувани пресврти и ненадејни решенија за расплет
на дејството.Крајот е во духот на препознатливиот среќен расплет на
настанот.Пресвртите во романсата „Јанка Влахинка“ се случуваат кога надежта
еднаш се губи и секогаш одеднаш се враќа.Односно, се губи кога Јанка цел ден не
дошла да купи свила, а се враќа кога таа со своите слугинки во квечерината
дошла да купи свила.Во романсата „Јанка Влахинка“ се случува ненадејно
решение на младиот Марко да ја земе Јанка. Тој со планот на неговата мајка ја
прелажал Јанка, ја качил на брод и избегал со неа преку морето. Со тоа,
пристигнува среќен расплет.

You might also like