You are on page 1of 5

ГРУПА 4 - ЕЛЕМЕНТИ НА

ЛИТЕРАТУРНО-НАУЧНИОТ ВИД
ДНЕВНИК; „Хартијата трпи и
издржува повеќе од луѓето.“
Ива Гргиќ, Магдалена Камчева, Кристијан Трајковски

1 лице еднина
Раскажувачот во дневникот е во прво лице и глаголски форми се за прво лице еднина. Тој
наведува факти и настани од неговиот живот и става свој потпис на крајот од секој запис.

Пишувањето на дневник, исфрлувањето на сите наши чувства на хартија помага да ги


согледаме нашите мани и доблести, нашите добри и лоши одлуки. Пишувањето ни дозволува
да се запознаеме себе, нашите потреби и да створиме појасна визија за она за кое копнееме –
за нашите идеали.

ЦИТАТИ

„Расположена сум за пишување“

„Сакам да пишувам, но повеќе од тоа, сакам да изнесам секакви работи што лежат закопани
длабоко во моето срце.“

„Знам што сакам, имам цел, мислење, имам религија и љубов. Дозволете ми да бидам своја и
тогаш сум задоволна. Знам дека сум жена, жена со сила и многу храброст во себе.“

„Сакам да го видам светот и да направам секакви возбудливи работи, а и малку пари нема да
болaт.“

„Продолжив да седам со отворена книга во раката и да се прашувам зошто бев исполнета со


толку многу гнев и омраза што морав да ти го доверам сето тоа. Се обидов да ја разберам Ана
од минатата година и да се извинам за неа, бидејќи сè додека те оставам со овие обвинувања
и не се обидувам да објаснам што ги поттикна, мојата совест нема да биде чиста.“
„Секогаш кога ќе ме погледне со тие очи, со таа насмевка и со тоа намигнување, како да се
пали светло во мене.“

Како се пишува?
Записите/писмата се напишани со исповедна хронолошка нарација и се со одделени датуми.

ЦИТАТИ

12 јуни 1942

„Се надевам дека ќе можам да ти се доверам за се’ како што никогаш никому не сум му се
доверила и се надевам ќе ми бидеш голем извор на утеха и поддршка“

14 јуни 1942

„Малку после седум отидов кај тато и кај мама, во дневната соба за да ги отворам моите
подароци, и ти беше првата работа што ја видов, можеби, еден од најубавите подароци“

15 јуни 1942

„Жаклина ван Марсен е, наводно, моја најдобра другарка, но јас никогаш не сум имала
вистинска пријателка“

ИСТОРИСКИ ФАКТИ И ПОДАТОЦИ


Опфатени се историски приказни кои што може да ги видиме во следните цитати:

3 февруари 1944

„Весниците се полни со вести за инвазијата и ги спобудалуваат луѓето со тврдења како што е:


„Во случај Британците да се спуштат во Холандија, Германците ќе сторат се’ за да ја одбранат
земјата, дури и да ја поплават ако е потребно“. Објавуваат мапи на Холандија со обележани
можни области за поплавување.“

21 април 1944

„Вчера, како што веќе слушна, му беше педесет и петтиот роденден на нашиот Фирер. Денес е
осумнаесетиот роденден на нејзиното кралско височество принцезата Елизабета од Јорк.“

18 март 1943

„Турција влезе во војната. Големо возбудување. Со нетрпение ги очекуваме известувањата на


радиото.“
НАУЧНОСТ
Се претпоставува дека се темели на точни податоци

Кога умрел Ото Франк, во својот тестамент ги оставил ракописите на својата ќерка на
Холандскиот државен институт за воена документација во Амстердам. Со оглед на тоа дека
автентичноста на дневникот се доведувала во прашање уште од неговото објавување,
институтот спровел темелни истражувања. После многу исцрпни проучувања, автентичноста
на дневникот е потврдена и тој е објавен во целост.

ЦИТАТИ

6 јуни 1944

„Ова е судниот ден“, најави Би-би-си во дванаесет часот. „Ова е денот“. Инвазијата започна!
Утрово во осум часот Британците известија за силно бомбардирање на Кале, Болоња, Авр и
Шербур, како и на Па-де-Кале (како и обично)“

„Би-би-си извести на англиски јазик: „Ова е судбоносниот ден.“ Генерал Ајзенхауер му се


обрати на францускиот народ: „Сега ќе има силна борба, но потоа доаѓа победата. 1944 е
година на целосна победа. Со среќа!“

УМЕТНИЧКО ЛИТЕРАТУРЕН
Во дневникот има се раскажува за историски настани од одредено општествено-политичко
опкружување, кои се пренесуваат како делови од лични приказни. Во преден план се ставени
детали од сопствениот живот, чувства и мисли на јас раскажувачот пренесени сликовито и
опширно.

ЦИТАТИ

26 мај 1944

„Повторно од сите страни се слуша „псст“, и сите работи ги правиме многу потивко“

„Во осум часот вечерва морав сама да се симнам во бањата на долниот кат. Таму немаше
никој бидејќи сите слушаа радио. Секогаш се чувствувам побезбедно на горниот кат отколку
во огромната тивка куќа; кога сум сама, опкружена со мистериозните и морничавите звуци
што доаѓаат од горниот кат и свирењето на трубите на улицата, морам брзо да се потсетам
каде сум за да не се наежам.“
РАЗВОЈ НА ЛИЧНОСТА
Преку дневникот е прикажано како развива личноста, се прикажува нејзината потрага по
сопствениот идентитет и како се менува нејзиниот карактер.

ЦИТАТИ

„Знам што сакам, имам цел, мислење, имам религија и љубов. Дозволете ми да бидам своја и
тогаш сум задоволна. Знам дека сум жена, жена со сила и многу храброст во себе.“

„Сакам да го видам светот и да направам секакви возбудливи работи, а и малку пари нема да

болaт.“

ЦЕЛ НА ПИШУВАЊЕ НА ДНЕВИКОТ


Авторот дава објаснување зошто пишува дневник.

Зачувување на спомените;

Можност за навраќање во минатото;

Будење на креативноста;

Исполнување на слободното време;

ЦИТАТИ

„Сакам да пишувам, но повеќе од тоа, сакам да изнесам секакви работи што лежат закопани
длабоко во моето срце.“

ИЗРАЗУВАЊЕ
Раскажување – нарација на настани

Опишување – дескрипција на настани и состојби

Се раскажува и опишува со цел да се да се приближи реалноста, да се издвојат позначајни


настани и да се посочи психолошката состојба.

ЦИТАТИ

11 април 1944
„Бидејќи и гајбата и перничето беа многу тесни, седевме припиени еден до друг, потпирајќи се
на други две гајби; Муши ни правеше друштво, па не бевме без чувар“

16 мај 1944

„Моја најмила Кити, колку за промена, ќе ти го раскажам синоќешниот кус разговор помеѓу г. и
г-ѓа Ван Дан.

Г-ѓа Ван Дан: „Германците имаат премногу време да го зацврстат Атлантскиот ѕид, а секако ќе
сторат се’ што е во нивна моќ за да ги задржат Британците. Неверојатно е колку се силни
Германците!“

Г. Ван Дан: „Ох, да, неверојатно...“

ПРАШАЊА
1. Што ја поттикнало Ана да започне со пишување на двеникот ?

2.Каков сакала да го направи светот таа ?

3. Дали мислите дека таа го пишувала дневникот од тоа што и било здодевно ?

4. Како всушност таа го нарекувала нејзиниот дневник .

- Мојот дневник ;

- Мојата другарка Кети ;

- Дневникот за мене ;

5. Што се не поучува овој дневник ?

You might also like