You are on page 1of 8

Проект по историја

Тема:Че Гевара
Че Гевара
• Ернесто Гевара (14 јуни 1928 – 9 октомври 1967)
— марксистички револуционер и еден од водачите
на Кубанската револуција.
• Гевара претставувал една од клучните личности во 
револуцијата на Фидел Кастро во Куба (1956-1959) како
член на движењето „26 јули“. По победата во револуцијата,
неколку години бил активен во промоцијата на
револуционерните општества патувајќи по светот како
Кубански дипломат, а потоа лично се ангажирал при
ослободувањето од диктаторските режими, најпрво во Конго
, а потоа и во Боливија. Магазинот „Time“ го прогласил Че
Гевара за една од 20. најголеми светски икони и херои во
нивната список на 100 највлијателни луѓе во светот во 20
век. Прочуената фотографија Гевара (десно), која ја
направил Алберто Дијаз, била прогласена за најпозната
фотографија во светот и симбол на дваесеттиот век од
страна на академијата за уметности во Мериленд.
Рани години
•Ернесто Гевара де ла Серна е роден во Росарио, Аргентина, во добро ситуирано семејство од шпанско-ирско
 потекло. Неговиот татко, Ернесто Рафаел Гевара Линч, потекнувал од шпанско-ирско семејство (мајка му била од
Ирска), а по струка бил архитект и ѝ припаѓал на аргентинската олигархија. Неговара мајка, Селија де ла Серна,
имала шпанско потекло. Ернесто бил најстариот од петте деца. Две години по неговото раѓање, лекарите откриле
дека тој боледува од астма; лекувањето не помогнало, па поради тоа родителите одлучиле од Буенос Аирес да се
преселат во Кордоба, Алта Грасија. Иако страдал од нападите на астма кои подоцна во голема мера ќе му влијаат,
Ернесто се истакнувал како спортист, често пливајќи, играјќи фудбал, голф и рагби. Неговиот пријател 
Алберто Гранадо подоцна раскажувал како Ернесто имал чудна навика да ги шокира луѓето: „... имaше неколку
прекари. Го викаа „El Loco“ (мак: лудиот)“... На пример, се фалеше со тоа што ретко се бања. Го викаа и „Chancho“
(македонски: свиња). Знаеше да каже: - помнаа шест месеци откога ја немам испрано оваа рагби маица...“  Во
Кордоба завршил гимназија, а кога наполнил 19 години, неговото семејство повторно се вратило во Буенос Аирес за
Ернесто да се запише на медицински факултет во 1948 година.
•Во времето кога се регрутирале војници, тој се пријавил, а во изјавата на воената комисија пишувало дека тој е млад
човек со „деликатно здравје, со хронична астма и е неспособен за воена служба“.
Мотоциклистички дневници
• На 23 октомври 1951, сè уште со незавршен факултет,
Ернесто од Буенос Ариес отпатувал во Кордоба од каде што
со својот стар пријател Алберто Гранадо тргнал на патување
кон север. На патувањето тргнале со својот стар мотор
„Нортон 500“ на кој му го дале прекарот „Ла Подероса“ (на
шпански: „Моќна“). Патувале преку Аргентила до Чиле, а
оттаму по тихоокеанскиот брег каде што „Ла Подроса“ се
расипал и престанал да работи. Оставајќи го моторот во
Чиле, продолжиле да патуваат на север користејќи автобус
или автостоп. Кога го преминале Чиле и стигнале во Перу
започнале да работат во рудник како садоперачи, истоварачи
на роба која доаѓала во бродовите и други физички работи.
На 1 мај стигнале во Лима каде што се запознале со докторот
Уга Песке, перуански научник, директор на националниот Примерок на моторот од „Norton 500“
програм за лепра и поддржувач на марксизмот. За сево ова
од 1961.
време, Ернесто пишувал свој дневник за патувањето т.н
„Мотоциклистички дневници“ (шпански: „Diarios de Со овој модел Гевара тргнал на својата
motocicleta“) кој, неколку години подоцна, бил добро продаван прва турнеја низ Јужна Америка
ширум светот, а во 2004 година се појавил и на филмското
платно под името „Мотоциклистички дневници“.
Куба
• Во почетокот на 1955 работел како доктор во болница во Мексико. Тука во јуни, истата година, го запознал 
Раул Кастро кој подоцна го запознал со Фидел Кастро. Во текот на првата ноќ од запознавањето на Кастро,
Гевара потврдил дека токму кубанската револуционерна борба е таа која ја барал, а потоа и потпишал
документ за членство во движењето „26 јули“. Во овој период Гевара го добил својот познат прекар „Че“.
• На 24 јуни 1956, Ернесто бил уапсен од страна на мексиканската полиција, заедно со неговите Кубански
пријатели (меѓу кои бил и Фидел Кастро), а на 3 јули, новинарската агенција „UPI“ објавила: „Аргентинскиот
доктор Гевара ќе биде депортиран во својата родна земја поради претпоставки дека учествувал во
неуспешна завера против кубанската влада на Фулгенсио Батиста“. Поранешниот Мексикански
претседател, Лазаро Карденас, се вмешал во работата на полицијата и успеал да издејствува во одбрана
на кубанските револуционери, па до крајот на јули, Че Гевара и браќата Кастро биле пуштени на слобода.
На 18 август 1955, Хилда и Че Гевара се венчале, а накратко потоа, на 15 февруари 1956, тие добиле ќерка
која ја крстиле Хилдита Беатрис Гевара Гадеја. Овој брак траел 5 години, односно до крајот на кубанската
револуција. а слобода, во тајност, тие продолжиле со своите револуционерни активности. Иако Че најпрво
планирал во борбата да учествува само како лекар, тој присуствувал на воените вежби кои служеле како
спремање за во Куба и тамошната револуција, а неговиот воен инструктор, Алберто Бајо, го пофалил Че
како најдобар герилец. На 25 ноември 1956, тргнале кон Куба со изнајмениот брод „Granma“ (што во превод
значи „баба“). Бродот бил наменет за најмногу 25 луѓе, а тие биле вкупно 82-ца. И покрај лошата временска
состојба, тие стигнале на источниот брег на Куба, односно во Лос Каиелос (шп.„Los Cayuelos“), но тоа било
2 дена подоцна (2 декември) од планираното (30 ноември).
Говор во ОН
• Во декември 1964, Че бил официјалниот претставник
на Куба во седиштето на Обединетите нации во 
Њујорк. Во својот говор силно ја критикувал
неспособноста на ОН во борбата против бруталниот 
апартхејд кој се спроведувал во Јужна Африка,
прашувајќи ги сите присутни „зар ОН не можат да
направат нешто да би го запреле тоа?“. Че, исто така,
остро ја осудувал политиката на САД во однос на 
црнците, критикувајќи ги дека секојдневно ги 
диксриминираат, а нивните убијци ги ослободуваат и
штитат, па дури и ги казнуваат црнците кои ќе го
побараат своето право на слобода. Гевара прашал
„како тие кои го прават сето тоа можат себеси да се
нарекуваат штитеници на слободата?“.
• Че Гевара во говорот ја претставил Латинска Америка Гевара додека шета по црвениот плоштад во
како „семејство од 200 милиони луѓе кои имаат исти Москва, ноември 1964.
проблеми“. Најавил дека овие страници од историјата
ќе бидат пишувани од „гладни индијански маси,
селани без земја и искористени работници“
Односите со СССР
•Гевара бил архитектот на добрите односи помеѓу 
СССР и Куба. Како таков, тој одиграл главна улога
во донесувањето на советските јадрени ракетни
глави во Куба во октомври 1962 година, што
подоцна довело до т.н Кубанска ракетна криза. Во
интервју за британскиот магазин „Daily Worker“,
неколку дена по завршетокот на кризата, Гевара
бил бесен поради предавништвото на СССР кон
Куба, тврдејќи дека ракетите доколку биле под
Кубанска контрола сигурно би испалиле. Сем
Расел, репортерот кој разговарал со Че на ова
интервју, објаснил дека кога излегол бил тотално
збунет опишувајќи го Гевара како „човек со топол
карактер“, „очигледно висока интелигенција“, но и
покрај тоа „се однесува како лудак кога збори за
проектили“. Статуа на Че на местото каде што е убиен, селото
Ла Игуера, Боливија.
Смрт
• На 8 октомври 1967, во селото Ла Игуера, по кратка и случајна вооружена пресметка,
боливиската војска во заседа го фатила Че и еден негов војник. Че бил ранет во ногата и не
можел да се брани. Кога војниците сфатиле кого фатиле веднаш му се јавиле на својот
претпоставен, Гариј Прада, а тој веднаш телефонирал во Вале Гранде за да го повика
полковникот Зентена, командантот на осмата дивизија. Пораката за фаќањето гласела: „Го
имаме тато во рацете“. Фатени биле вкупно три герилци: Че, Вили Куба и Хуан Пабло Чанга. На
пладне, истиот ден, од Ла Паза пристигнала шифрирана порака: „Направете пасош за тато“.
Низ целата оваа процедура Че не сакал да одговара ништо на испрашување. Возачот на
хеликоптерот, Хаиме Нино де Гузман, кој присуствувал во целата акција, подоцна го опишувал
Че велејќи дека изгледал ужасно: бил ранет во десниот лист, облеката му била искината, а
косата валкана. И покрај тоа, Гузман се сеќава дека: „Че ја држеше главата исправено гледајќи
го секој право во очите и цело време бараше да му дадат цигара да запали“. Гузман трвдел
дека му паднало жал и дека му дал луле, по што Гевара му се насмевнал и му се
заблагодарил. Пред самото извршување на смртната казна Гевара му плукнал во лице на еден
од високите офицери кои се наоѓале околу него.  Феликс Родригес му дал инструкции да не
пука во главата, туку од вратот, па надолу. Во својата книга „Че Гевара – живот, смрт, легенда“, 
Борислав Лалич вели дека последните зборови пред стрелањето на Че биле упатени кон
нервозниот наредник, велејќи: „Биди озбилен момче, треба да пукаш во човек“. Меѓутоа, Џон
Ли Андерсон во својата книга „Че Гевара: роволуционерен живот“ пишува дека последните Споменик на Че Гевара во
зборови му биле: „Пукај кукавицо! Ќе убиеш само човек“. Најпрво бил погоден во десната
страна од градниот кош. Потоа во десното рано, во ногата, стомакот и во левата страна на Санта Клара со натписот „Hasta
градниот кош. Додека ги изговарал своите последни зборови некој војник испукал уште еден la Victoria Siempre!“ (. „До
куршум во неговиот врат, со што во 13:10 часот Гевара го испуштил својот последен здив.
конечна победа“).

You might also like