You are on page 1of 6

• 

Што претставува еволуцијата ?

•  Кои се нејзините докази ?

Уште со објавувањето на книгата „Потеклото на видовите” во 1859 година


теоријата предизвикала несогласување дури и помеѓу врвни еволуциони
научници. Денес тој спор продолжува со посилен интензитет.

Еволуција: Според оваа теорија првиот жив организам се развил од нежива


материја. Како растел и се развивал
преминувал во друг вид на живо
суштество. Овој вид се развивал и
преминаувал во трет вид, и така со
текот на времето се оформиле сите
видови на оваа планета заедно со човекот. На прв поглед посебно за оној кој не
испитал подлабоко,оваа приказна изгледа убедливо и логично. Но дали е тоа
така?

Теодосијус Добжански, еден од водечките еволуционисти во својата книга


„Човештвото кое еволуира”напишал: Во Дарвиново време еволуцијата била
хипотеза, денес таа е докажана.

Карл Сеган писателот на бестселерот „Космос” изјавува: Еволуцијата е факт а


не теорија.

Некои увидуваат дека теоријата е невозможна но продолжуваат да веруваат:


Ние мораме да веруваме во невозможното, а тоа е дека животот настанал
случајно, спонтано – Џорџ Вол, нобеловец од Харвард.

Доколку еволуцијата е факт, фосилниот доказ сигурно би открил постепено


менување од еден вид живот во друг. Ако еволуцијата се случила, треба да
очекуваме континуирани серии од фосилни организми, почнувајќи од простите
до сите посложени денешни живи форми. Ископаните фосили од разни слоеви
на земјата се оформени видови, без трага од било каков преоден
облик. Ќе споменеме неколку работи  кои се користат за
подршка на еволуцијата.

Човечкиот ембрион: Во одредена фаза на развој на човечкиот


ембрион тој покажува особини на пониските облици на живот
од кој настанал. Според Дарвин, сличноста на ембрионите во
најраниот стадиум, обезбедува доказ за заедничкото потекло.
Германскиот научник Ернст Хекел преку цртеж на два
ембриона, еден човечки а друг животински, укажувал на нивната сличност.
Посочувајќи на отвори за шкрги како доказ дека рибите се наши предци. Долг
период се наоѓале овие слики во учебниците по биологија. Но денес се знае:

Хекел користел преправени цртежи и неточни податоци.

Она што се мислело дека се шкрги, всушност се анатомски делови на човекот од


кои настануваат органите на средното уво и некои други ткива. Во денешната
еволуционистичка литература доказот од ембриологија не се спомнува.
»Еволуцијата денес има помалку докази од минатото«.

Мутации; винска мушичка: При експериментирање со вински мушички се


забележани нови промени кај нив. Меѓутоа примерите се главно дегенеративни,
наместо прогресивни, покажувајќи губиток на крилја, очи и др. Мутираните
типови се инфериорни во однос на нормалните, и обично не преживуваат во
природа. Мутациите не создаваат нови видови, туку промени во веќе
постоечкиот вид. Мутациите кај мушичките создаваат повторно мушички.
»Еволуцијата ја нема на видик.«

Археоптерикс: Преоден облик од влекач во птица е често спомнуван пример.


Поради тоа што поседувал канџи на крилјата и заби во клунот. Но и денес некои
птици имаат канџи на крилјата но никој не тврди дека се преоден облик. Со
реконструкција на археоптериксот е утврдено дека поседува совршена
конструкција за летање и аеродинамичност.
Палеонтолозите се сложуваат дека тој не е предок на
современите птици.

Настанокот на коњот: Се претпоставува дека еден


мал глодар сличен на зајакот постепено преминал во
денешниот коњ. За ова е потребна голема имагинација
за да се прифати бидејќи не постојат никакви докази.
Првобитнот приказ за еволуцијата на коњот во Американскиот природонаучен
музеј тргнат е од очите на јавноста. Истражувачите ги разгледуваат новите идеи
за еволуција на коњот.

Хомо Сапиенс: Тој е еден од повеќето замислени човекови предци. Повеќе за


нив види под„ Човеколики Мајмун” а  овде само ќе потврдиме:

НЕ ПОСТОИ НИКАКОВ ФОСИЛЕН ДОКАЗ

Овде спомнавме само неколку од повеќето измислици за подршка на


еволуцијата. Теоријата на еволуцијата е пример на парадигма која опстојува и
покрај недоволно докази за нејзино постоење. Таа навлегува не само во
училиштата, туку и во разни други полиња. Книги, статии во списанија,
филмови и ТВ програми ја прикажуваат како утврден факт.

И така СТО ПАТИ ПОВТОРЕНАТА ЛАГА СТАНУВА ВИСТИНА.

Во светлина на се поновите откритија еволуцијата и нејзините докази се повеќе


се топат. Еволуцијата е претставена како наука но таа е далеку од тоа. Според
она што го нуди, таа представува „МИТ” по кој очајно се барат непостоечки
докази. И покрај се, многумина веруваат во неа, затоа што им останува  втората
и единствена алтернатива која не ја одобруваат – СОЗДАВАЊЕТО . Додека се
заплеткуваме во разни идеи кои се непотврдени а некои и апсурдни, решението
стои пред нас.

Дарвин кој бил поранешен студент по теологија,ги поставил основите на


атеизмот;човечкото потекло не е во боженственото создавање туку во
животинското царство.Човекот е резултат на случајни околности,природна
селекција и борба за опстанок.Оваа теорија е инспирација за расизам,
империјализам и масовни убиства.

Дарвин напишал:„Негде во иднината,не многу


далечна,цивилизираната раса сигурно ќе ги замени и
искорени дивјачките раси во целиот свет“. Идејата
дека различни човечки раси биле на различна еволуциона
скала,со црнците на дното и белците на врвот,била
присутна скоро помеѓу сите научници на 19 век.Томас
Хаксли напишал:„Ниеден рационален човек,кој ги
познава фактите нема да тврди дека просечниот црнец
е еднаков или пак супериорен од белецот.Учењето на
германскиот научник Ернст Хекел било дека;ембрионот
во текот на својот развој ја повторува(рекапитулира)
еволуционата историја.Така,на различни етапи од ембрионалниот развој,
човекот покажува особини на риба,на жаба и конечно доаѓа до човечки
фетус.Иако оваа измислица е разоткриена уште пред половина век,некои
научници и денес ја
користат.Еволуционистот Карл
Сеган ја користал оваа теорија
како изговор за тврдењето дека
во првите три месеци на
бременост, абортусот не
претставува убивање на
човечкиот фетус,туку
отстранување на риба или
жаба.Отприлика во исто
време,додека Дарвин ја
пропагирал идејата за
еволуцијата,уште една идеја почнала да се шири низ Европа. Карл Маркс роден
во Германија,основач на комунизмот и непријател на религијата.Во својата
докторска теза од областа на филозофијата,ја нагласува омразата спрема сите
богови и сметал дека религијата делува како опиум.Маркс не криел дека
подршка за својата идеја добил од Дарвин. Борејќи се за спроведување на
комунизмот,се отвори широко вратата на насилството,убијствата и притисоците
врз оние кои не го прифатија.

Неколку децении после оваа личност се родил според многумина, најголемиот


атеист на сите времиња,Фридрих Ниче.Ниче ја прифатил основата на
Дарвиновата теорија,дека човекот еволуирал од пониски облици на
живот.Напишал:Целиот карактер на свемирот е во вечен хаос... Внимателни
да сме кога зборуваме дека постои закон во природата.Не постои некој кој
заповеда,некој кого треба да го слушаме.Меѓутоа сега се појавил
проблем.Додека верувавме во Бога ние ги извршувавме Неговите правила,ја
следевме моралноста која Он ја пропишал.Сега кога Бог е мртов,чиј морал,кои
вредности ќе ги следиме? Одговорот на Ниче дека моралот,етиката и
вредностите мораат да бидат човечка креација.Личноста која ќе го развие својот
максимален потенцијал ќе биде некој вид на „супер-човек “и тој ќе поставува
правила,пропишува етика,а другите ќе го слушаат.Ова ќе поттикне војни какви
што предходно не биле.Кратко време по смртта на Ниче германскиот генерал
Бернарди потврдил дека „е во склад со еволуцијата биолошки да се збришат
послабите луѓе.Силата е најголемото право која го има повисоката раса и
дека војната е биолошка непходност од примарна важност. Историчарите
тврдат дека Хитлер секогаш со себа носел две книги; Антихрист од Ниче и
Потекло на видовите од Дарвин.

Законот на постоење бара непрекинато убивање,така да


подобрите можат да живеат-Хитлер. За да опстои
ариевската крв,милиони се прогонети,затварани и убиени.
Германските генерали имале за цел да секојдневно
убиваат по 12 000 луѓе, за да ја исчистат земјата од
бескорисните.Хитлер на Мусолини му ја поклoнил
книгата„Потеклото на видовите“.И двајцата си
пронашле оправдание за основање на нацизмот и
фашизмот,најсуровите идеологии на 20 век.

Да го споменеме и ужасот во Камбоџа,каде црвените кмери погубиле околу


1,5 милиони Кинези,Виетнамци,Таи индијанци,Пакистанци,затоаа што не
биле од чисто кмерско потекло.Сталин во интерес на комунистичката партија
и за подобра иднина,според некои проценки одговорен е за смртта на околу 40
милиони луѓе.Покрај овие безмилосни луѓе во Европа,надвор од неа се и Мао
Це Тунг кој во Кина погубил десетина милиони луѓе,Иди Амин диктатор од
Африка,како и многу други следбеници на атеистичката идеологија.Без грижа
одземале човечки животи,затоа што верувале дека за своето однесување не се
должни да одговараат.(Ateizam ili Hrišćanstvo dr Jovan Iliev)

Библијата ни зборува за луѓето кои го отфрлаат Бога:Рече безумниот во срцето


свое:»Нема Бог«.Се развратија луѓето,извршија гнасни дела,нема кој да
прави добро.(Псалм 13.10)

Во теоријата на Дарвин се претпоставува дека човекот потекнува од мајмун.

Бидејќи разликата помеѓу мајмунот и човекот е ненадминлива, се бара нешто


помеѓу нив „човеколики мајмун”. Потеклото на човечкиот вид е предмет на
голема дискусија од времето на Дарвин па се до денес. Дарвин мислел дека не
постои голема разлика во умните способности помеѓу човекот и понапредните
животински облици.

Ако човеколикиот мајмун е на повисок степен


од обичниот мајмун, каде е тој денес како вид,
додека обичниот мајмун и денес постои?

Фосилниот доказ е оскуден, а претставениот


материјал не укажува на никаков посебен
преоден вид.

Австралопитекус: Фосилните остатоци се пронајдени во Јужна Африка 1925.


Поседувал мал простор за мозок, слично како и кај мајмуните и косо чело.
Еволуционистите го прифатиле како човечки предок. Со понатамошното
истражување се утврдило дека тој имал мајмунски череп, не чекорел исправено,
имал криви прсти наменети за качување по дрва – бил мајмун. Самиот назив
австралопитекус значи „ јужен мајмун”

Питдаунски човек: Фосилните остатоци биле изложени во Британскиот музеј


во 1953 год. Било утврдено дека некој го споил човечкиот череп со вилица на
мајмун, и покажан како фосилен доказ во прилог на еволуцијата. Овој
Фалсификат е еден од најпознатите фосилни измами во историјата на науката.

Неточни работи и измами има и денес. Во „Sciense News” е објавено како ребро
од делфин е прикажано за фосил од човечки предок. Во 1984 год. е представен
череп како најстар фосил пронајден во Европа. По една година е повлечен
поради можноста дека потекнувал од магаре.

Неандерталец: Во 1856 год. Во Германија е пронајден овој фосил. Неговите


коски покажувале знаци на заболување – артритис. Потоа се ископани уште
слични фосили и претставени како „неандерталски човек” алка помеѓу човекот
и мајмунот. На сликите е претставен влакнест со прост изглед и мајмунски лик,
но денес му е даден малку посовремен изглед. Сега е познато дека тој не се
разликувал од денешните луѓе. Некои антрополози сметаат дека ако
неандерталецот се појави денес, избањат, избричен и среден, тешко би се
разликувал од современите луѓе.

Овде спаѓаат и другите сродни видови како: Хомо хабилис, Хомо еректус,
Пекиншки човек, Луси, Кромањонски човек и др. Сите овие примери се или
мајмуни или луѓе. Некои истражувања покажале дека неколку од овие видови
живееле во исто време на различни делови од светот. Ова претставува енигма за
еволуционистите.

»ЧОВЕКОТ ПРЕД ПРАЧОВЕКОТ«

Во неколку ископувања во Европа и Африка се пронајдени зачудувачки


откритија. Во еден слој е пронајден фосил од прачовек а во слојот под него
фосил од човек. Како е можно човекот да живее пред прачовекот?

Во Танзанија 1977 год. се пронајдени отисоци од стапало кое потекнувало од


човек. Времето на неговиот настанок бил утврдено дека е од пред 3,6 милиони
год. Прво се јавува човекот а по многу години прачовекот?

Грешки и измами е она што гледаме. Се среќаваме со апсурдни работи кога


бараме потврда за измислица.

Организмот може да чекори исправено или на сите четири нозе.


Палеоантропологот Робин Кромптон при компјутерско истражување во 1996
год покажал дека такво „мешано” одење не е возможно. Овој вид на одење кој
би бил помеѓу овие две не е возможен поради екстремната потрошувачка на
енергија.
Човекот поседува многу работи според кои не
можеме да го споредеме со ништо на оваа
планета, тој е уникатен. Неговиот ум е
фасцинантен, најсложена работа во целиот
универзум. Неговиот лик не е мајмунски туку
боженствен: И го создаде Бог човекот според
образот свој... (1 Мој.1.27)

Ова е причината поради која човекот се


деградира во мајмун. Да се прикаже човекот
како единствен господар на се, како врв на
сопствениот развиток а Бог да се заборави. Но никој не мора да биде излажан,
зошто во Библијата е запишано за човекот и неговата положба „со слава и чест
си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце, се си покорил
под нозете негови”. (Евр.2.7) Од нас зависи во што ќе веруваме.

You might also like