You are on page 1of 14

Био-геохемиски циклус

Воден циклус
 Воден циклус
 Главни статии:Воден циклус
 Графички приказ на дистрибуцијата на вода на Земјата
 Воден циклус
 Водниот циклус (научно познат како хидролошки циклус) се
однесува на постојаната размена на вода во хидросферата,
помеѓу атмосферата, водата во почвата, површинската вода,
подземните води и растенијата.
 Водата постојано се движи низ секој од овие региони во
водниот циклус кој се состои од следиве процеси на пренос:
 Испарувањето од океаните и други водни тела во воздухот и
транспирацијата од копнени растенија и животни во воздухот
 Врнежи, од водни испарувања кои се кондензираат во воздухот
и паѓаат на земјата или во океаните
 Истечни води од копното кои најчесто стигнуваат до морето
 Повеќето водни испарувања над океаните се враќаат во океаните,
но ветровите можат да ги однесат врз копното со иста брзина како
истечните води во морето, со околу 36 Тт (тератони) годишно. Над
копното, испарувањето и транспирацијата придонесуваат за уште
71 Тт годишно. Врнежите, со степен од 107 Тт годишно на копно,
има неколку форми: Најчесто дожд, снег и град со придонес од
магла и роса. Кондензираната вода во воздухот може да ја
прекрши сончевата светлина со што настануваат виножита.
 Истечни води најесто се собираат врз водопади кои се влеваат во
реки. Математичкиот модел кој се употребува да се симулира река
или проток на вода и да се пресметаат параметрите за квалитет на
водата се нарекува хидролошки модел за пренос. Дел од водата е
пренасочена за наводнување во земјоделството. Реките и
морињата нудат можности за патување и трговија. Преку ерозија,
истечните води ја оформуваат околината создавајќи долини и
делти кои даваат богата почва и рамно земјиште за основање
центри за населување. До поплави доаѓа кога дел од земјиштето,
најчесто под водното ниво, е покриено со вода. Се случува кога
река претекува од своето корито или при поплава од морето.
Суша е подолг период од месеци или години која некој регион
забележува недостаток во резервите вода. До ова доаѓа кога некој
регион постојано има потпросечни врнежи.
Графички приказ на дистрибуцијата на вода на Земјата
Кружење на водата
 Под кружење на водата се подразбира постојаната размена на
вода помеѓу атмосферата, водените површини, надземните и
подземните води и растенијата.
 Водата во природата е во постојано движење преку процесот
на размена:
 испарува од океаните, морињата и другите водени површини
во атмосферата како водена пареа која потоа формира облаци;
 транспирира од растенијата во атмосферата;
 врне во форма на дожд, снег и други форми од атмосферата и
паѓа назад во морињата и на копното; и
 тече по копнените површини како резултат од врнежи и топење
на снег и мраз и обично стасува до морињата.
 Повеќето водни испарувања над океаните се враќаат во океаните,
но ветровите можат да ги однесат врз копното со иста брзина како
истечните води во морето, со околу 36 Тт (тератони) годишно. Над
копното, испарувањето и транспирацијата придонесуваат за уште
71 Тт годишно. Врнежите, со степен од 107 Тт годишно на копно,
има неколку форми: Најчесто дожд, снег и град со придонес од
магла и роса. Кондензираната вода во воздухот може да ја
прекрши сончевата светлина со што настануваат виножита.
 Истечни води најесто се собираат врз водопади кои се влеваат во
реки. Математичкиот модел кој се употребува да се симулира река
или проток на вода и да се пресметаат параметрите за квалитет на
водата се нарекува хидролошки модел за пренос. Дел од водата е
пренасочена за наводнување во земјоделството. Реките и
морињата нудат можности за патување и трговија. Преку ерозија,
истечните води ја оформуваат околината создавајќи долини и
делти кои даваат богата почва и рамно земјиште за основање
центри за населување. До поплави доаѓа кога дел од земјиштето,
најчесто под водното ниво, е покриено со вода. Се случува кога
река претекува од своето корито или при поплава од морето.
Суша е подолг период од месеци или години која некој регион
забележува недостаток во резервите вода. До ова доаѓа кога некој
регион постојано има потпросечни врнежи
Кружење на водата
Кисели дождови
 При согорувањето на јаглен, мазут, нафта и бензин, во воздухот се
ослободува сулфур диоксид. Колку е поголем процентот на сулфур во
горивото, толку поголема ќе биде конценттрацијата на сулфур диоксид
во воздухот. Овој гас, при реакција со водата, создава сулфурна
киселина, која како ситни капки може да биде разнесувана на големи
растојанија од местото на создавањето. На овој начин настанатите
дождови (заедно со азотна и хлороводородна киселина), кои се виновни
за уништувањето на безбројни површини со шуми и на десетици илјади
реки и езера во Европа, Америка и Азија, заради намалените пХ
вредности, беа познати како кисели дождови. Овој поим во стручните
кругови не ги опфаќа само дождовите, туку и сите видови на талози од
атмосферата (снег, магла, вклучително и прашина) кои ја закиселуваат
подлогата на која паѓаат.
Се смета дека околу 90% од количествата сулфур испуштени во
атмосферата се настанати како последица на човекови активности, а
останатиот процент е од природни појави.
Оттаму, грижата на човештвото за намалување на количествата сулфур
кои се испуштаат во атмосферата е пред с&еацуте; насочена кон
ригорозно ограничување на процентот на овој елемент во горивата,
односно негово прочистување во рафинериите.
Циклус на јаглерод
 Јаглероден циклус е поим со кој се означува
кружењето на јаглеродот во природата, односно
биогеохемискиот циклус на јаглеродот. Сите
органски соединенија, како и целокупниот живот на
Земјата се засноваат на соединенијата на
јаглеродот. Основната форма на јаглеродот со која
започнува и со која завршува јаглеродниот циклус е
јаглеродниот диоксид. Значи, основниот ,,резервоар"
на јаглеродот е гасот CO2. Количеството јаглероден
диоксид во воздухот секогаш останува исто, бидејќи
тој се враќа во него со истата брзина со која
растенијата го врзуваат (земаат).
 Тек на јаглеродниот циклус
 Растенијата го внесуваат јаглеродниот диоксид од
воздухот и го користат за создавање храна по пат на
фотосинтеза. Потоа тој протекува низ
синџирите на исхрана - хербиворите го обезбедуваат
јаглеродот со јадење растенија, додека карниворите
со јадење на хербиворите. Сите овие организми при
процесот на дишење го ослободуваат јаглеродниот
диоксид повторно во атмосферата. Исто така, при
дишењето на бактериите и габите се ослободува
јаглероден диоксид од разложувањето на телата на
мртвите организми.
 Дрвото, јагленот, природниот гас и бензинот содржат
јаглерод. Кога тие горат, јаглеродот се соединува со
кислородот и се создава јаглероден диоксид, којшто
оди во атмосферата и се вклучува во јаглеродниот
циклус.
Ефект на стаклена градина
 Како што е познато, животот на планетата Земја е можен поради
природниот ефект на стаклена градина. Природното појавување на
гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина
(стакленички гасови), пред сe водена пареа (H2O), јаглерод диоксид
(СО2), како и метан (CH4), азотен оксид (N2O) и тропосферски озон
(О3), овозможува сончевата енергија да дојде до земјината површина
како видлива светлина, за потоа да биде заробена од атмосферата
како инфрацрвена топлина. Земјината површина апсорбира најголем
дел од зрачењето и се загрева. Инфрацрвеното зрачење се емитира
од земјината површина. Овој феномен ја одржува топлината на нашата
планета, со што се обезбедува нормално одвивање на физиолошките
функции на сите живи организми. Отсуството на стакленичките гасови
би ја намалило температурата на нашата планета за околу 33 C,
претворајќи ја Земјата во уште една безживотна планета во сончевиот
систем.
 Ефектот на стаклена градина, кој во минатото беше благослов за Земјата, се
чини дека во последното столетие се претвора во сериозна закана, засилен од
човечките активности. Со индустријализација, емисијата на стакленички гасови
од согорување на фосилни горива, сечење на шуми и чистење на земјиште за
употреба во земјоделството, постојано се зголемува. Во последните 100 години
стакленичките гасови се емитираа во атмосферата побрзо од колку што
природните процеси можеа да ги отстранат. Дополнително, емитирани се нови
синтетички гасови како што се хлорофлуоројаглероди и халони (CFC) и
утврдено е дека и тие го поддржуваат ефектот на стаклената градина. Во овој
период концентрацијата на овие гасови во атмосферата постојано се зголемува,
со предвидувања дека ќе продолжи да расте паралелно со порастот на
глобалната економија. Овие дополнителни емисии почнуваат да ја нарушуваат
деликатната рамнотежа, значително зголемувајќи го количеството на
стакленички гасови во атмосферата и нивниот изолационен ефект. Податоците
за климата пред 160 години укажуваат на тесна поврзаност меѓу
концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата и глобалните
температури. Уште во 1896 година големиот шведски хемичар Свенте Архениус
предвидувал дека со удвојување на концентрацијата на CO2 во атмосферата
преку согорување на фосилно гориво, можно е глобалната температура да
порасне за 5,5 C. Ова не е далеку од вредностите 1,5 C до 4,5 C кои сега се
добиваат од компјутерските симулации на климата за двојно зголемување на
CO2 во атмосферата. Во 1995 година светската научна заедница извести дека
промената е веќе присутна и дека планетата Земја во минатото столетие се
затоплила за 0,5 C. Во јануари 2001 година UNIPCC (Меѓувладиното тело за
климатски промени при Обединетите нации), официјално изјави дека
човековото влијание претставува главен фактор за денешното глобално
затоплување. Оваа изјава беше од големо знаење, бидејќи до тогаш постоеја
мислења според кои глобалното затоплување е поврзано со сончевата
активност, природните климатски флуктуации, или е резултат на грешки во
компјутерските модели. Квантитативните предвидувања за идната состојба сe
уште се неизвесни
 Во 1995 година IPCC направи проценка дека глобалната температура
на воздухот на Земјата ќе се зголеми за дополнителни 1 C -3,5 C до
2100 година, додека во 2001 година за истиот период беше предвиден
пораст на температурата од 1,4 C - 5,8 C. Во најдобар случај, ќе се
соочиме со затоплување за 2 C до 2100 година, што би било најбрзо
менување на климата во последните неколку милениуми, период кога
се развивала модерната цивилизација. Затоплувањето во овие
размери ќе влијае врз многу аспекти на нашите животи, бидејќи ќе
предизвика промени на температурите и врнежите, пораст на морското
ниво и промени во распределбата на свежа вода. Најверојатно
значајни ќе бидат влијанијата врз здравјето на луѓето, виталноста на
шумите и други природни подрачја, како и продуктивноста
воземјоделството. ГОДИШНИ ВРНЕЖИ, 1901-1995 (Американска
истражувачка програма за глобални промени: Климатски промени /
тековни сознанија) Во последните 100 години глобалното средно
морско ниво порасна за 10 до 25 cm, делумно поради ширењето на
водата кога таа се загрева. Топењето на глечерите во последното
столетие, исто така, придонесува за пораст на морското ниво. Порано
замрзнатото земјиште (вечен мраз) во арктичкиот предел на Алјаска и
Сибир исто така почна да се топи, нарушувајќи ги екосистемите и
инфраструктурата.
 Споменатото топење и затоплувањето на тундрите ќе доведе до
распаѓање на органска материја и ослободување на заробениот
јаглерод и метан, создавајќи дополнителен извор на стакленички
гасови. Како што ризиците од глобалните климатски промени
стануваат сe повеќе очигледни, се јавува вистинска потреба од
фокусирање на акции за намалување на емисиите на
стакленичките гасови и минимизирање на штетните влијанија од
климатските промени. Општо земено, луѓето во земјите во развој
се почувствителни на климатските промени заради недоволно
развиената инфраструктура и ограничениот капитал, како и
поголемата зависност од природните ресурси.

You might also like

  • Н
    Н
    Document1 page
    Н
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • Апостолите на Исус Христос
    Апостолите на Исус Христос
    Document1 page
    Апостолите на Исус Христос
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • бинго именки,глаголи, придавки
    бинго именки,глаголи, придавки
    Document2 pages
    бинго именки,глаголи, придавки
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • Гоце Делчев
    Гоце Делчев
    Document4 pages
    Гоце Делчев
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • Именки лист
    Именки лист
    Document2 pages
    Именки лист
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • синоними ,хомоними,антоними
    синоними ,хомоними,антоними
    Document1 page
    синоними ,хомоними,антоними
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • Skazna Za Ribarot I Ripkata
    Skazna Za Ribarot I Ripkata
    Document15 pages
    Skazna Za Ribarot I Ripkata
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • Ч
    Ч
    Document3 pages
    Ч
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • наставен лист граматика
    наставен лист граматика
    Document2 pages
    наставен лист граматика
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • П
    П
    Document9 pages
    П
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • Kos
    Kos
    Document12 pages
    Kos
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • И b
    И b
    Document6 pages
    И b
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • т j
    т j
    Document12 pages
    т j
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • Н
    Н
    Document8 pages
    Н
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • Д
    Д
    Document12 pages
    Д
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • M
    M
    Document10 pages
    M
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • Bioticki Faktori
    Bioticki Faktori
    Document2 pages
    Bioticki Faktori
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • Х
    Х
    Document7 pages
    Х
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • P
    P
    Document8 pages
    P
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • 6. Антропогени фактори
    6. Антропогени фактори
    Document5 pages
    6. Антропогени фактори
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • Теорија на Опарин за потеклото на животот
    Теорија на Опарин за потеклото на животот
    Document4 pages
    Теорија на Опарин за потеклото на животот
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • Abiotici Faktori
    Abiotici Faktori
    Document2 pages
    Abiotici Faktori
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • Poim Za Ekologija I Osnovni Koncepti
    Poim Za Ekologija I Osnovni Koncepti
    Document2 pages
    Poim Za Ekologija I Osnovni Koncepti
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • Б
    Б
    Document7 pages
    Б
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • Докази за еволуцијата
    Докази за еволуцијата
    Document36 pages
    Докази за еволуцијата
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • еволуцијата
    еволуцијата
    Document6 pages
    еволуцијата
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet
  • Trajni Tkiva
    Trajni Tkiva
    Document13 pages
    Trajni Tkiva
    Рената Челевска Саботкоска
    No ratings yet