You are on page 1of 12

Фактори на

еволуцијата
Фактори на еволуцијата

 Органската еволуција е процес на создавање нови видови организми кои


се адаптираат на условите на животната средина.
 Фактори на еволуцијата т.е. на настанување на новите видови се:
наследноста, варијабилноста, изолацијата и природната селекција.
Наследноста

 Наследноста како фактор на еволуцијата дејствува низ мутациите,


миграциите и генетичката случајност. Тоа доведува до наследни разлики
меѓу видовите.
Мутации

 Мутацијата е ненадејна и наследна физичка промена во генот или во


хромозомот. Хромозомските мутации се додавање или губење на делови
на хромозом или на еден или повеќе цели хромозоми.
 Генетичка рамнотежа е одржување на составот во гените во една
популација подолго време. Генетичката рамнотежа се менува бидејки
мутациите можат да ја променат фреквенцијата на гените кои веке се
присутни во генофондот на еден вид.
Миграции

 Миграција е движење на одделни организми во или надвор од


популацијата, може да ја менува фреквенцијата на гените во
популацијата.
 Фреквенција на гени е зачестеност на појавувањето на гените кај
потомците.
 Генофонд е збир на гени кои со размножување кружат и се пренесуваат
во една популација или вид.
Генетичка случајност

 Два од потребните услови за одржување на составот на гените во


популацијата, генетичката рамнотежа, се присуството на поголемата
популација и случајното спарување.
 Генетичката случајност е феномен со кој фондот на гените кај
популацијата се менува како резултат на случајните настани.
 Пример за генетичката случајност се Галапоските желки. Овие желки
живеат на островите Галапагос. Пред 20-от век илјадници од овие желки
ги населувале островите Галапагос. На островот доселениците донеле
кози и свиње и овие животни се натпреварувале со желките за храна.
Како резултат на тоа, популацијата на желките се намалувала. Во 1970
година вкупната бројка на желките се намалила на 20.
Миграции

 Емиграцијата е заминувањето на единките од популацијата, исто така, ја


нарушува генетичката рамнотежа. Движењето на гените во и надвор од
популацијата преку миграција се нарекува генетички тек.
Изолацијата како фактор на еволуција

 Мегу единките од една популација, како и меѓу единките од различни


популации се одвива борба за опстанок. Таа борба е најостра мегу
единките со идентични својства, а најслаба мегу единките од со различни
својства од различен вид.
 Настанувањето на нови видови се одвива бавно и постапно преку
акумулирање на голем број ситни мутации. Мегутоа се случуваат и крупни
мутации, кои овозможуваат создавање нов вид на многу кратко време. На
ваков начин е добиена позната анконска овза, која се одликува со многу
куси нозе.
Изолацијата како фактор на еволуција

 Организмите се штетни мутации кој ги елиминира природната селекција,


или како што вели Чарлс Дарвин со борбата за опстанок.
 За да настанат нови биолошки видови е потребно дејството на изолациони
фактори.
 Во процесот на создавање нови видови најефикасни се географските
изолациски фактори. Ваквиот вид специјација се означува како
географска или алопатричка.
 Алопатричките видови од една популација настануваат кога мегу одделни
делови на популацијата се создаваат различни географски бариери.
Изолацијата како фактор на еволуција

 Во своите дела Дарвин пишувал за разновидната фауна на птиците на


архипелагот Галапагос. Тој заклучил дека оваа фауна има наголеми
сличности со една група птици од фамилијата пејачки, населена во Јужна
Америка.
 Оттука денес, според испитувањата на англиските орнитолози, тие се
разликуваат како по големината на телото, бојата на пердувите и
однесувањето, така и по начините на исхрана. Така на пример,
различните форми на клунот се резултат на посебните приспособености
кон видот храна. Едни од нив се приспособиле кон исхрана на семки,
други со инсекти, трети со кактуси и така натака.
 Ваквиот вид на специјација, која се одвива во една мешана заедница, на
едно исто живеалиште се означува како симпатричка.
Изолацијата како фактор на еволуција

 Во природата има огромен број примери за создавање нови видови, во


чие одвивање играле улога различните еколошки и други видови
селекциони фактори.
 Мегу најважните за новите видови се репродуктивните изолациони
фактори. Тие можат да се јават како пречка за вкрстување мегу единките
или да го оневозможат развитокот на ембрионот по вкрстувањето и
оплодувањето.
Докази за еволуцијата

 Во сите природни науки се наведуваат многубројни факти кои сведочат во


прилог на еволуционата теорија. Доказните материјали потекнуваат од
разни научни дисциплини, како што се: палеонтогијата, споредбената
анатомија, споредбената физиологија, ембриологијата, цитологијата,
генетиката, биогеографијата и друго.
 Палеонтолошките податоци спагаат во најубедливите докази за органската
еволуција. Тие овозможуваат да се проучи постапниот историски развиток
на организмите, од попрости кон посложени организми.

You might also like