You are on page 1of 10

Фактори на еволуција

Наставен предмет: Биологија


Наставна тема: Eволуција
Наставна содржина: Фактори на еволуција
Класови: I 2,3,4
Професор: Емилија Костадинова Тасева
Фактори на еволуцијата
Фактори на еволуцијата се:
• Наследноста
• Варијабилноста
• Изолацијата
• Природната селекција
Наследност
Наследноста доведува до наследни разлики меѓу
видовите и таа делува низ мутациите, миграциите
и генетичката случајност.
Мутации
Мутациите се наследни промени кои се случуваат
во генот или хромозомот и како резултат на тоа
доаѓа до промена во генетичката рамнотежа т.е се
појавуваат некои нови карактеристики кај
видовите. (Ако сакате да прочитате нешто повеќе за
мутации посетете го линкот)
https
://wol.jw.org/mk/wol/d/r102/lp-mc/1101985018
Миграции
Миграција е движење на одделни организми во или
надвор од популацијата, и предизвикува менување
на фреквенцијата на гени во популацијата.
Фреквенцијата на гени е зачестеност на
појавувањето на гените кај потомците.
Како резултат на миграциите може да дојде до
промена на генофондот.
Генофонд е збир на гени кои со размножување
кружат и се пренесуваат во една популација или вид.
Емиграцијата-заминувањето на единките од
популацијата ја нарушува генетичката рамнотежа.
Движењето на гените во и надвор од популацијата
преку миграција се нарекува генетички тек.
Генетичка случајност
Генетичката случајност е феномен со кој фондот
на гените кај популацијата се менува како
резултат на случајни настани.

Популацијата на галапагоските желки кои живеат


на островите Галапагос изнесува само 20. Во
ваква мала популација, можно е еден конкретен
ген да се најде само во една желка. Ако оваа
желка не се размножува, генот ќе биде засекогаш
изгубен.
Мутациите, миграциите и генетичката случајност
предизвикуваат промени во генофондот, но тие не
предизвикуваат значајни промени кои водат до
настанување на нов вид.
Природната селекција предизвикува значајни
промени кои водат кон настанување на нови
видови.
Изолацијата како фактор на
еволуцијата
Во процесот на создавање нови видови,
најефикасни се географските изолациони фактори
(реки, езера, планини, пустини и др.)
Алопатричките видови од една популација
настануваат кога меѓу одделни делови на
популацијата се создаваат географски бариери.
На ваков начин настанале различните видови на
островите.
Специјацијата која се одвива во една мешана
заедница, на едно исто живеалиште се означува
како симпатричка.
Во симпатричката специјација единките на една
популација водат најостра борба за опстанок.
Ваков вид на специјација забележал Чарлс Дарвин
кај птиците ѕвингалки кои живееле на архипелагот
Галапагос. На секој остров на архипелагот живееле
ѕвингалки кои се разликувале во начинот на исхрана
и формата на клунот.
Видео за настанокот на
ѕвингалките
https://www.youtube.com/
watch?v=mcM23M-
CCog&feature=youtu.be

You might also like