You are on page 1of 2

Административен и санитарен прием и тријажа на пациенти со болести на

респираторен систем

Лекувањето на болните со респираторни заболувања може да се изведува во


домашни услови и во болничка установа. Во домашни услови се лекуваат лесни
болни, како што се пациенти со горно респираторни заболувања и за кои не се
потребни изведувања на интензивни болнички процедури.
Во домашни услови или во амбуланта, болниот може да прими парентерална
терапија, да се земе крв за лаб.иследувања и сл. Болничкото лекување се
однесува на потешките случаи. Хоспитализацијата се состои од два дела и тоа :
- Медицинско административен прием и
- Санитарен прием на болен во болница.
Медицинско административниот дел започнува во специјалистичката
амбуланта каде пациентот доаѓа на преглед со упат од матичен лекар. Истиот
продолжува во приемно – тријажното одделение во самата установа, а завршува
во болничкото одделение каде болниот ќе биде хоспитализиран. Овој дел од
приемот опфаќа заведување на податоците на болниот во болничките книги и
протоколи како и електронска евиденција на личните податоци. Пациентите на
преглед доаѓаат со здравствена легитимација и и болнички упат од матичен
лекар. После прегледот во болничката амбуланта, доколку лекарот одлучи да
остане пациентот на болничко лекување му препишува запис за прием кој
содржи :
- Основни податоци (генералии – име и презиме, адреса, занимање)
- Дијагноза, терапија, потребни иследувања (Ртг, спирометрија, лаб.анализа,
брисеви)
- Време на прием
- Потпис од лекар
Медицинската сестра ги заведува во амбулантната книга потребните податоци
за болниот. На болниот му се отвара матичен лист, спроводен лист и Историја на
болест, а при тоа тој потпишува согласност за лекување во болница. Останатиот
дел од медицинско административниот прием се изведува во самото болничко
одделение од страна на медицинската сестра, која го заведува во одделенската
книга, го сместува во болнички кревет, му отвара температурна листа и
потполнува статистичко ливче.
Санитарниот прием во болница опфаќа подготовка и преглед на болниот за
престој на одделение. По прегледот болниот се упатува на капење, миење,
потстрижување, бричење кај мажите, како и проверка за евентуална присутност на
кожни заболувања (шуга-scabies, вошливост – pediculosis и сл.)
Кога станува збор за прием на итен случај , целата оваа постапка се скратува.

You might also like