You are on page 1of 1

Хигиено – диететски режим кај респираторните заболувања

Хигиено диететскиот режим кај респираторните заболувања опфаќа:


- Мирување
- Одмарање
- Пиење на топли напитоци
- Внес на витамини
- Избегнување на ладно
- Избегнување на престој во зачадени простории
- Внесување на течност во форма на чаеви, лимонади и сокови

 Доколку станува збор за емфизем на бели дробови или пневмонија


корисни се вежби за дишење – вежбање на дијафрагмално дишење и
поставување на болниот во дренажна положба.
 За време на лекувањето болните да бидат во чисти и светли простории,
а исхраната да биде лесна, високо протеинска, калорична и збогатена со
витамини.
 Начинот на исхрана игра главна улога во превенцијата и лекувањето на
сите респираторни пореметувања. Се препорачува редовно да се
внесуваат омега 3 масни киселини, сокови од свежо цеден зеленчук и
овошје,
 Овошјето е особено важно да го конзумираат астматичарите и лицата со
бронхит.
 Магнезиумот присутен во чаевите или земен како препарат е мошне
важен за отварање на бронхиолите, опуштање на дишните патишта и
мошне брзо го запира астматичниот напад.

You might also like