You are on page 1of 7

Предавања дипл. фарм.

Маријана Антоловиќ
Исхрана и диететика

БОЛЕСТИ ОД НЕПРАВИЛНА ИСХРАНА

ГОЈАЗНОСТ

Гојазноста или обеситас е хронично заболување кое се карактеризира со прекумерно


натрупување на масти во организмот и зголема телесна тежина. Секое зголемување на
телесната тежина за 10% од иделната се означува како гојазност. Овие пациенти имаат БМИ>
30кг/м2. Гојазноста се смета за болест на модерното време. Претставува голем здравствен
проблем бидејќи го зголемува ризикот за појава на срцеви заболувања, дијабетес тип 3,
малигни тумори, артрози и др.

Причините за гојазност најчесто се поврзани со начинот на живот, многу поретко со метаболни


нарушувања, но најчесто се јвув поради прекумерен внес на енергија инедостаток на физичка
активност и генетски предиспозиции.

Пациентите кои имаат БМИ 25-29,9 kg/m2 имаат прекумерна тежина, а пациенти со БМИ
>30 kg/m2 се сметат дека имаат гојзност. Според БМИгојазноста се дели на:
1. Андроидна или машка- кај овој тип на гојазност масните наслаги се натрупуват во делот
на лицето, вратот, рамењата, градниот кош и стомакот.
2. Гиноидна или женска- кај овој тип на гојазност вишокот на масни наслаги се
натрупуваат во долниот дел од телото, околу карлицата и бутовите.

Пациентите кои имаат андроиден тип гојазност најчесто страдаат од срцеви заболувања, а
они со гиноиден тип страдаат од бубрези.

ПОТХРАНЕТОСТ

Потхранетоста е состојба која настанува како последица на недоволен внес на енергетски


материипреку исхраната.

Ако не се внесуваат доволно калории со храната, организмот своите нергетски потреби ќе


мора да ги задоволи со разградба на сопствените резерви од масното ткиво.Ако се потрошат и
овие резерви, тогаш организмот ќе почне да ги разградува и протеините, најпрво од
мускулното ткиво, а потоа и од внатрешните органи, штоможе да предизвика сериозни
последици врз здравјето.

Причини за потхранетост може да бидат: недоволен внес на енергетски хранливи материи,


малапсорпција, метаболни нарушувања, канцер или инфекции.

Симптомите на потхранетост може да бидат намалување на телеснта тежина, намалување на


мускулната сила, општа слабост, дијареа поради промени на слузницата на органите за
варење, намален имунитет.
Предавања дипл. фарм.Маријана Антоловиќ
Исхрана и диететика

Потхранетоста се контролира со соодветна диетотерапија, чија основна цел е со помош на


првилна, изблансирана исхрана се зголеми телесната маса. Калориската вредост на храната
треба да биде за 25-50% поголема од дневнта потрошувчка на енергија. Терапијата се
одредува индивидуално.

ИСХРАНА КАЈ ПАЦИЕНТИ СО КОРОНАРНИ БОЛЕСТИ

Едни од најчестите заболувања на кардиоваскуларниот систем се хипертензијата

( покачен крвен притисок) и коронарната болест. Како причини за хипертензија


најчесто се сметаат генетските фактори, прекумерниот внес на сол и течности, стресот
и нередовното земање на пропишаната терапија. Коронарната пак болест најчесто се
манифестира како стабилна или нестабилна ангинапекторис и како инфаркт на
миокардот. Неправилниот избор и обработка на продуктите, прекумерниот внес на
јаглехидарти, холестерол и масти, како и прекумерната количина на храна односно
калориски внес може да предизвикаат појава на болести на срцето како и влошување
на состојбите кај овие пациенти.

Постојат неколку препораки вооднос на исхранат кај пациенти со заболувања на КВС:


Енергетски внес:

 Енергетскиот внес е индивидуален и зависи од прехрамбените потреби и физичката


активност.
 Потребно е пациентот да има ИТМ<25kg/m2 и обемот на струк кај жените да е до 88цм,
а кај мажите до 102 цм.
 Пациентот да има секојденевна физичка активност во врметрање од 30 мин ( брзо
пешачење, пливање, возење на велосипед или бавно трчање.

Јаглехидрати:

 Да се ограничи внесот на рафиниран шеќер ( слатки, газирани и негазирани сокови,


кекси), а да се зголеми внесот на намирници богати со скорб ( компири, ориз)
 Да се внесуваат продукти богати со растителни влакна ( полнозрнести житарки, овошје,
зеленчук и легуминози)

Протеини:
 Да се избегнува внес на т.нар „ скриени масти“ ( пр: месни преработки), а да се избере
чисто немасно месо, риба, посни сирења, белка од јајце, легуминози, семиња...
 Да се јаде риба барен 2 пати неделно и тоа најдобро да се избере сардина, скуша или
туна
 Да се козумираат млеко и млечни продукти богати со пробиотици ( предност да се
даде на обраното млеко)

Масти:
Предавања дипл. фарм.Маријана Антоловиќ
Исхрана и диететика

 Строго се забранува внес на продукти богати со заситении транс масни киселини и


холестерол ( соленки, пржена храна, полномасни млечни продукти, пекарски
производи и колачи со кремасти полнења)
 Умерено да се внесуваат продукти кои содржат незаситени масни киселини
( маслиново масло, јатксти плодови, ленено семе, сина морска риба( туна, лосос,
скуша, сардина).
 Храната да се приготвува само со растително масло

СОЛ

 Максимално да се внесуваат до 5 грами морска сол


 Задолжително да се провери количината на натриум на декларацијата на
прехрамбениот продукт особено за конзервирани, готови продукти, супи,
сувомеснати производи, пекарски производи.

Пациентите потребно е да внесуваат околу 8 чаши вода на ден, а да избегнуваат конзумирање


на алкохолни и пијалоци кои содржат кофеин.

ИСХРАНА КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ГАСТРИТИС

Гастритис е  воспалително заболување или иритација на желудникот. Тој може да се појави


одеднаш (акутен гастритис), траејќи еден до три дена, или да биде во хроничен облик, траејќи
со недели и месеци.

Медикаментите можат значително да помогнат и да ги намалат симптомите, но нивната


употребна вредност е до тука. Промената на исхраната е клучниот потег кој може значително
да помогне во третирањето на коренот на ова заболување, со што на природен начин,
дигестивниот тракт би се вратил во нормала.

Симптоми
Воспалението во желудникот (гастритисот) може да предизвика: киселини во желудникот
(чувство на горење во стомакот и градите) , гадење и повраќање (некогаш повраќање и
содржина во која има и крв и црн матријал кој наликува на кафе), губење на апетитот, болки во
стомакот,икање.

Конвенционалното лекување подразбира земање медикаменти за неутрализирање на


стомачните киселини или за нивно намалување. Овие лекови делуваат веднаш и симптомите
се губат, но постојаната нивна употреба може да има и несакани ефекти, кои можат да водат
до потешки проблеми како остеопорозата или состојба наречена хипохлорхидрија, премало
ниво на желудочна киселина.

Сите медикаменти за гастритис на еден начин ги ,,маскираат” неговите симптоми и не се


трајно решение. Затоа, потребно е да усвоите исхрана која ќе делува директно на причините,
односно ќе помогне да се нормализира состојбата во вашиот дигестивен тракт.
Предавања дипл. фарм.Маријана Антоловиќ
Исхрана и диететика

Постојат неколку причини за појава на гастритис – хроничен стрес, некое автоимуно


заболување, некој вид инфекција, честа жиговина, но и некои други поретки
причинители. Сепак, најчесто симптомите на гастритис започнуваат со една од следните 4
состојби:
1) Helicobacter pylori бактеријата – речиси половината од светското население ја има оваа
бактерија која најчесто не предизвикува некакви несакани симптоми, па луѓето не ни знаат
дека се носители. Но, ако неконтролирано се размножува, може да почне да го разградува
внатрешното желудочно ткиво, предизикувајќи гастритис и желудочни чирови.
2) Состојби поврзани со недостаток од витамин Б12 – недостатокот од овој витамин може да се
случи токму заради воспление на слузницата на желудникот, односно заради гастритисот.
Оттука, состојбата која предизвикува гастритис, може да предизвика и недостаток од витамин
Б12: целијакија(глутенска интолерантност), Кронова болест, лоша исхрана, тироидна болест,
анемија итн.

3) Употреба на одредени медикаменти – во некои случаеви, симптомите на гастритис


значително се интензивираат при пиењето лекови како аспирин, ибупрофен, декортин,
примањето хемотерапија итн.

4) Кисели пијалаци, лута храна или други прехранбени причинители – кафето, алкохолот,
овошните цитрусни сокови, лутата пиперка и некои други продукти, се покажале како најчести
забрзувачи и отежнувачи на симптомите на гастритис. Вистинскиот корен на гастритисот е во
константнато внесување на ваквите продукти.
Исхраната
Јадењето здрава храна и комбинација од некои погодни продукти, додека целосно се
избегнува храната која ги засилува симптомите во секојдневнието е клучот за перманентното
решавање на гастритисот.

4) Секојдневно консумирање храна која делува уништувачки на бактеријата H.pylori.

Таква храна се брокулите и лукот.


Една компонента на брокулите, наречена сулфурафан, во медицинските истражувања  се
покажала како ефективна против споменатата бактерија. Дополнително, оваа состојка
делувала и на оние соеви кој станувале резистентни на антибиотиците. Лукот е многу добро
познат антимикробен, па така и антибактериски агенс. Ваквото дејство се должи, пред сé, на
неговата компонента алицин. H.pylori бактеријата е особено сензитивна на лукот, што го прави
овој зеленчук особено погоден при гастритис.
2) Што повеќе пробиотска храна!
Пробиотиците како бактериите од родовите Lactobacillus и Bifidobacterium се особено
корисни. Земањето пробиотска храна или пробиотици, може значително да го подобри
здравјето на дигестивниот систем и неговата способност да ги апсорбира сите хранливи
состојки. Дополнително, во комбинација со витамини од Б групата, пробиотиците можат доста
значително да делуваат на подобрување на состојбата при гастритис.
Пробиотски прехранбени продукти: органски јогурти, кефир, одредени типови на леб,
ферментирано цвекло, краставички, зелка итн.
Предавања дипл. фарм.Маријана Антоловиќ
Исхрана и диететика

3) Храна која може да ги поправи ,,оштетувања” од медикаментите и да ги намали


симптомите на гастритис
Споменавме дека тоа може да биде пробиотската храна, но како плус се следниве продукти за
кои е најдено позитивно дејство при стомачни проблеми, како гастритис, стомачни болки,
гадење, киселини и повраќање, тоа се:

◦ Ѓумбир
◦ Јаболков оцет
◦ Куркума
◦ Кари зачин
◦ Оригано
◦ Ананас
◦ Сок од цвекло, моркови и брусница
◦ Зелен чај

Дополнително, погодна при гастритис е и храната богата со витамин А: моркови, зелени
зеленчуци, аспарагус, сладок компир, праски, кајсии итн. Витаминот А има есенцијална
антиоксидативна функција, но влијание и на правилното функционирање на мукозните
мембрани и обновувањето на ткивата.
4) Постојат продукти кои треба целосно да ги избегнувате

Доколку не сте забележале, обрнете внимание на продуктите кои често ги користите, а ви


предизвикуваат засилување на симптомите – дали е тоа паста, лути пиперки, кафе, чоколадо
итн. Ако е потребно, запишувајте.
Тоа е за индивидуалното искуство, што се однесува на генералното, треба целосно да ги
избегнувате следните намирници:

◦ млечни производи(освен пробиотски јогурти)


◦ соја
◦ компири
◦ житарки
◦ слатки
◦ газирани пијалаци
◦ енергетски пијалаци
◦ храна со трансмасти
◦ кафе
◦ глутен
◦ разни видови на слатки, торти, колачи итн
◦ чипсови
◦ препржена храна
Предавања дипл. фарм.Маријана Антоловиќ
Исхрана и диететика

ИСХРАНА КАЈ ДИЈАБЕТЕС

Основа во лечењето на секој заболен од шеќерна болест е правилниот начин на исхрана,


односно диетите. Исхраната мора да им обезбеди одреден внес на јаглено хидрати,
белковини, масти како и витамини и минерали. Исхраната не треба да биде прекумерна, а
количеството на масти треба да биде сведено на ниво кое му е неопходно на организмот. Исто
така и храната богата со шеќери треба да биде сведена на минимум. Ова се препорачува за да
не се зголеми нивото на шеќер во крвта по секој оброк. Чистиот шеќер кој го има во слатките
пијалоци, предизвикува брз раст на количеството шеќер во крвта. Обилните оброци исто така
ја зголемуваат количината на шеќер во крвта и затоа се препорачуваат помали и почести
оброци.

Главна улога во исхраната имаат јаглехидратите, односно храната богата со жито од цело
зрно (овес, рж, јачмен, пченица, пченка, ориз, хелда). Компонентите во целото зрно жито го
отежнуваат и забавуваат разложувањето на сложените јаглехидрати во шеќери и на тој начин
се одржува ниско ниво на шеќер во организмот подолго време. Затоа се препорачува во текот
на денот најголема количина од продуктите да бидат комплексни јаглехидрати..

Житариците се основна храна бидејќи се еден од главните извори на јагленихидрати во


исхраната, што значи имаат висока енергетска вредност. Покрај тоа содржат и белковини,
минерални соли и витамини. Хранливите состојки на житариците ги има во зрното (лушпата и
никулците), додека во јадрото е најголемата количина на скроб.

Овес – уште еден производ кој може да ви помогне во намалувањето на шеќерот. Овесот во
интегрален облик како што се овесните снегулки при овој проблем помагаат бидејќи содржат
бета глукани.

Соја – претставува најконцентриран растителен продукт кој во себе содржи протеини,


витамини, минерали како и лецитин што е од посебна важност за работата на човековиот
организам. Поради богатството на незаситени масни киселини го намалува нивото на лошиот
холестерол (ЛДЛ) а го зголемува нивото на добриот холестерол (ХДЛ). Благодарение на малата
количина на шеќери сојата и нејзините производи може да се употребуваат во случаи кога
треба да се обезбедат доволно протеини со ограничено внесување на шеќери. Поради
тоа сојата е одлична храна и за дијабетичари. Соини производи кои го имаат овој ефект се:
соино зрно, соини трошки, шницли и топчиња, соино брашно, соини паштети и соино млеко во
прав.

Риба – присуството на омега 3 масни киселини може да ја подтикнат способноста на


организмот да ја користи гликозата и така да спречи диабетес.

Лук – активните состојки во лукот (алицин) го намалуваат шеќерот во крвта. Лукот делува на
метаболизмот на гликозата во црниот дроб како и на лачење на инсулин.
Брокула – богата со хром кој може да помогне во регулирање на шеќерот во крвта.
Намирници богати со хром се јаткасто овошје, печурки, интегрални житарици, пивски квасец,
пченични снегулки.
Предавања дипл. фарм.Маријана Антоловиќ
Исхрана и диететика

Се препорачуваат 3 помали оброци и 3-4 лесни меѓуоброци секој ден за да се одржи вистинска
рамнотежа меѓу глукозата и инсулинот во крвта.
Храната треба да има правилен распоред на составните материи односно да има стандарден
распоред на трите основни материи: јагленохидрати, белковини и масти. Храната во најголем
процент треба да биде составена од шеќери т.е јагленохидрати.

Јаглехидратите кои бавно ја ослободуваат гликозата во крвта би требало да сочинуваат 50-60%


од вкупно внесување калории. Треба да се обезбедат од овошјето и зеленчукот со
избегнување на концентрирани шеќери.

Белковините 15-20% од дневниот внес. Се обезбедува од месо, млеко и млечни производи ,


јајца, риба и растителни извори: соја, мешунки (грав, грашок, боранија), печурки. Дневната
потреба за протеини изнесува 0.8 – 1.5 грама на килограм телесна тежина.

Масти треба да се земаат од 20-30% од вкупната дневна количина на внесена храна.


Предност треба да се даде на незаситените масти (растителни) во однос на заситените
масти (животински)

Најмногу внимание треба да им се посвети на лебот и лебните производи,

оризот, компирот како и овошјето.


1 парче леб од околу 30гр се означува како 1 лебна единица. Тоа се 10-20гр јагленохидрати.
Најчесто лебните единици се поистоветуваат со калориите. Калориите или калориската
вредност на храната претставува енергија изразена во калории која се ослободува по
земањето секоја храна, а лебните единици се јагленохидратите во храната.

Пр: 1 лебна единица содржи 1 праска, 1 чаша сок од овошје, половина банана. Ова е важно
бидејќи со тоа сами ќе знаете да извршите замена на лебот со храна.
Нормално хрането лице што извршува нормална физичка активност дневно треба да внесе по
25 калории на кг телесна тежина.
Натхрането лице треба да внесе 18 калории на кг телесна тежина

You might also like