You are on page 1of 12

АПЛИКАЦИЈА НА

ЛЕКОВИТЕ
ПАРАНТЕРАЛНА АПЛИКАЦИЈА
Парантерална апликација значи давање на лекови по пат на инекции,а за тоа мора да употребиме посебен прибор и
треба строго асептично работење.
Поделба: Интрамускулно-
апликација на
лекот во мускулот

Субкутана-
Интрадерма поткожна
лно-давање Парантерална апликација на
на лекот во апликација лековите
кожата

Интравенска-
апликација на лекот во
вена
СУБКУТАНА(ПОТКОЖНА)
• Субкутана (хиподермална) s.c поткожна апликација на лековите.
• Лекот со шприц и игла се внесува во поткожното ткаење.за овој вид апликација се
користи 2 ml – шприц и игла,бидејќи може да се даде само 1 – 2 ml течност.
• Супкутано се аплицираат стерилни,бистри водени раствори и некои суспензии.
• Како место на давање најчесто се избира надлактицата (надворешната страна),една
педа над лакотот,надколеницата (надворешна страна) и параумбиликалната регија
( 5 см лево и десно од папокот).
• Супкутано се аплицираат некои вакцини ( di – te –per),инсулин,лекови што не ја
дразнат кожата и поткожното ткиво.
• Субкутана апликација е погоден начин за самоинјектирање на лекови.
• На пример,инсулин,кај болни од diabetes mellitus.
• Мед.сестра го обучува болниот како самиот да го аплицира лекот поткожно.
ИНТРАДЕРМАЛНА(ВО КОЖАТА)

• Интрадермална (intra) = внатре,derma – кожа или интракутана (cutis =


кожа) апликација (i.c.),претставува давање на лекови со посебен шприц и
кутана (кожа) игла во кожата.
• Техника на апликацијата. На фототацна се става шприцот со подготвениот
лек и специјално мала,тенка кожена игла.иглата се заштитува со
пластичен затворач.
• За дезинфекција на кожата се употребува тупфер натопен во етер.етерот
е лесно испарлива течност,што ја обезмастува кожата.болниот психички
се подготвува за манипулацијата,а потоа се пристапува кон апликација на
лекот.
• Ваков вид апликација се врши на воларната страна од подлактицата,во
внатрешниот дел (не постои опсност да се повреди крвен сад во кожата).
ИНТРАМУСКУЛНА(I.M)
• Се даваат стерилни бистри водени раствори, стерелни маслени раствори, стерилни матни водени раствори или
суспензии во количина од 5цм кубни
• Се аплицираат во мускулите на надколеницата (m. quardiceps femoris) и во глутеалната регија ( m. gluteus
maximus)
• Убодот се прави на надворешната страна од натколеницата ( не постои голема можност од повреда на некој
голем крвен сад)
• Лекот никогаш не се вшприцува до крај!!!
• При апликација на лекот секогаш треба да аспирираме бидејки постои можност да погодиме некој крвен сад или
да погодиме некој нерв како што е nervus ischiadikus,при што ако го погодиме овој нерв може да дојде до
парализа
ИНТРАВЕНСКА АПЛИКАЦИЈА (I.V)

• Се аплицираат бистри водени раствори, многу внимателно и бавно


• Се аплицира во венските садови и горните екстеремитети ти тоа во v. cubitalis, или вените на
дорзалната страна од раката. Кај малите деца во површинските вени на главата, а поретко се
аплицира на дорзалната страна од стапалото.
• Не смеат да се даваат маслести раствори ( можност од масна емболија)!!!
• Во шприцот не смеат да има меурчиња или воздух ( можност од воздушна емполија)!!!
• Исто така при парантералната апликација на лековите постојат компликации
како што се:локални инфекции,отоци,хематоми,тромбози и пренесување на
некои болести по хематоген пат(серумски хепатитис,сида,бактериски
инфекции).И поради ова треба многу да се внимава односно да се води сметка
за строга асепса,видот на лекот кој се дава,дозата и неговото количество,за
начинот на апликација и сл.

You might also like