You are on page 1of 2

Ресорпција на лековите по парентералната примена

Апликација на лекови по пат на инјекција.

 По интравенската или интраартериската примена, нема ресорпција,


односно лекот веднаш доспева во системската циркулација. Дејството на
лекот е речиси моментално, веќе по неколку секунди. На ваков начин може
да се применат само водени раствори на лекови. Лековите во облик на
емулзија или суспензија не смее да се применуваат интравенски. Во облик
на инфузија може да се применуваат поголеми количини на лекови во текот
на подолг временски период. Вака најчесто се применуваат раствори
подготвени за надоместување на изгубената течност или крв.
 Субкутаната примена молекулите на лекот треба само да доспеат од
интерстицијалниот простор во луменот на капиларите. Помеѓу ендотелните
клетки на капиларите, постојат релативно големи пори, па поглемиот дел од
лековите лесно навлегува во крвотокот.
 Примената во поткожното ткиво вообичаено лековите брзо се
ресорбираат во системската циркулација. Доколку е потребно, можно е
интензитетот на ресорпција да се забрза со додавање на ензими кои го
разградуваат интерстицијалното ткиво (хијалуронидаза). Во сите состојби
кои генерално ја забавуваат циркулацијата, како состојба на шок,
ресорпцијата е забавена.
 Апликација во масно ткиво, во исхемично подрачје или во ткиво со
лузна, тогаш ресорпцијата е забавена. Понекогаш, за да се надоместат
хормоните во текот на супституциската терапија, во поткожното ткиво може
да се имплантираат депо таблети (или други фармацевтски облици) кои во
текот на подолг временски период постепено ја ослободуваат активната
супстанција.
 Интрамускуларна примена е нешто побрза во однос на субкутаната
примена. Максимален ефект се постигнува веќе по 15–30 минути од
апликацијата. Причината за ова лежи во добрата прокрвавеност на
мускулното ткиво. Интрамускуларните инјекции најчесто се аплицираат во
горниот надворешен квадрант на глутеалниот мускул.
Со парентералната апликација на лековите се постигнува нивен
побрз ефект и посигурно дозирање.
Ресорпција на лековите по нивната примена на кожа
Во текот на терапијата, пред сè на дерматолошките заболувања, лековите
локално се применуваат на кожа. Во најголем број случаи од нив се очекува
исклучително локален или топикален ефект на местото на апликацијата.
Ресорпцијата на лековите преку кожата и манифестирањето на нивните
системски ефекти во тој случај се сметаат за несакани.
Доколку некои токсични материи дојдат во допир со кожата, тие може да се
ресорбираат низ неа и да манифестираат опасни системски токсични
ефекти.
Кожата со својот површински орожен слој претставува непропустлива
бариера за премин на најголем број лекови. Имајќи предвид дека
надворешниот слој на кожата претставува липидна мембрана, низ неа само
во одредени случаи може да се ресорбираат одделни липосолубилни
лекови. Хидросолубилните лекови не може да се ресорбираат по
примената на кожа. Покрај овој пат, лековите може да поминат во крвотокот
и директно низ фоликулите на влакната или низ изводните канали на
лојните жлезди.
Брзината и степенот на ресорпцијата на лековите низ кожата може да се
зголеми доколку се преземат различни помошни процедури како што се, на
пример, масирање, загревање, триење или примена на некои хемиски
растворувачи. Интересно е да се нагласи дека можно е да се употребуваат
и креми или масти кои содржат глицерилтринитрат кој се користи во
терапијата на некои облици на ангина пекторис- од лекот кој се аплицира на
кожата се очекува системски ефект. Во некои случаи лековите локално се
применуваат и на слузокожата на окото (конјунктивата), носот, вагината или
на мочните патишта. Тогаш од нив се очекува исклучително локален ефект.

You might also like