You are on page 1of 11

Прашања и одговори по рехабилитација

1. Површинска и длабока термотерапија?

-Под површинска термотерапија се подразбира примена на надворешна (егзогена) површинска


топлина во лекување, која се пренесува од надворешен извор на топлина со кондукција и
конвекција. При нејзина примена на максимална клинички сигурна доза се зголемува
температурата на површинските ткива на тераписки значајно ниво. Таа може да биде влажна и
сува, во зависност од изворот на топлина.

-Длабинската термотерапија се однесува на оние видови енергија кај кои топлината настанува во
организмот со трансформација (конверзија) на електричната или звучната енергија (ендогена
топлина). Извори на таква енергија можат да бидат електромагнетни (дијатермија) или акустични
(ултразвук).

2. Топлински агенси?

-Во медицински цели се користат различни извори на топлина: природни и вештачки.

Природни извори се сонце, гејзери, топли минерални извори.

Вештачки извори можат да бидат оние кои само оддаваат топлина: инфрацрвена ламба,
електрично перниче, различни печки на внатрешно согорување, или, пак, секундарни кои
пренесуваат топлина која претходно ја примиле како пелоид, парафин, песок, топла вода,
термофор. Тие се делат и на суви и влажни облици на термотерапија. Во суви форми на
термотерапија спаѓаат: термофор, песок, парафин, ќерамида, тула, електрично перниче, сув
воздух, светлински бањи, а во влажни форми на термотерапија спаѓаат: пелодни пакувања,
компреси, триење, локални општи бањи, парни бањи, тушеви. Комбинирана форма на сува и
влажна топлина е сауната.

3. Парафинотерапија (воведен дел)?

-Парафинотерапија претставува распространета, евтина и едноставна физикална процедура.


Парафинот претставува смеса од високомолекуларен јагленоводород кој се добива со преработка
на нафта и црн јаглен. Во тераписки цели се користи прочистен медицински парафин, кој е една
провидно беличеста кристална маса, во цврста состојба, без вкус и мирис, масен под прсти. Се
топи на температура од 45 до 52 с.

4. Физиолошко и тераписко дејство на парафинотерапијата?


-Парафинот има топлотно дејство, а со негово ладење доаѓа до појава на негово собирање и
стврднување, така што тој дејствува и механички - компресивно. Компресијата на проширените
капилари овозможува порамномерно и подлабоко продирање на топлината.

Парафинот доведува до вазодилатација, го намалува отокот локално, дејствува аналгетски и


спазмолитички. На кожата дејствува поволно, при што ја подобрува нејзината трофика, тургор и
еластичност. Начини на примена Пред лекување треба да се провери површината на која треба да
се аплицира парафинот, на неа да нема инфекција, повреда или, пак, нарушување на
сензибилитетот за топлина. Ако постојат помали повреди, можат да бидат повеќеслојна газа.
препокриени со непропустен материјал, како што е пластичен фластер.

Чувството кое болниот го има при примена на загреан парафин на кожа во почетокот е жештина,
но не толкава да предизвикува болка, а по 3 до 5 минути пријатна топлина.

5. Начини на примена на парафинот?

-Парафинот се применува загреан на температура од 52 до 60 С. кога нема опасност од


изгореници. Индиферентна температура за парафин е 52°С. Точка на толеранција за парафинот е
од 65 до 70ºС, и тоа е максималната температура која организмот може да ја поднесе без да
почувствува болка и без да се појават изгореници. Притоа треба да се внимава температурата на
кожата во сите регии на телото да не е еднаква, а од друга страна, мора да се внимава кај
пациенти со нарушувања на сензибилитетот.

6.Индикации и контраиндикации за термотерапија, парафинотерапија?

-Индикации: посттрауматски состојби со контрактури на зглобови, по контузии, дисторзии,


луксации, фрактури, фиброзни контрактури, анкилозантен спондилитис, периартрит,
миофиброзит, лузни по изгореници, келоиди, артрози, спондилози, кулопатија, неврит и
невралгии, пареза на n. facialis, хронични воспаленија на женски полни органи, освен туберкулоза.
тромбофлебит, ендартеритис, заразни заболувања, фебрилни состојби.

Контраиндикации: заболувања во акутен стадиум, проширени вени, рење и сколност кон


крварење, малигни тумори, туберкулоза, декомпензација на срце.

7.Криотерапија (воведен дел)?

-Криотерапија претставува намалување на локалната температура на дел од телото под дејство на


студенило во тераписки цели, додека намалувањето на општата телесна температура се нарекува
хипотермија.

Криотерапија претставува локална примена на мраз, на температура од 0 до 4ºС во лекување на


одредени повреди и заболувања.
8. Физиолошко и тераписко дејство на криотерапијата?

-Дејството на студените агенси на кожата доведува до намалување на температурата на кожата


која претставува дразба за рецепторите за студ. Локално на местото на дејствување на
студенилото доаѓа до вазо констрикција, која е проследена со бледило на кожата и чувство на
студенило. Таа настанува поради дразба на симпатичкиот нервен систем. Доаѓа до забавување на
крвотокот и намалувње на екстравазацијата. Потребата за кислород и неговата потрошувачка се
намалува, а се намалува и метаболизмот во клетките. По краткотрајната вазоконстрикција (обично
10-тина минути), доколку студенилото се применува кратко време, настанува секундарна
вазодилатација. Оваа вазодилатација трае 15 минути.

Се јавува пријатно чувство на топлина. Кај лица со атеросклероза, со дијабет или Рејноов синдром,
под дејство на студенило може да дојде до парадоксална реакција на крвните садови. Се јавува
вазоконстрикција, а изостанува секундарна вазодилатација, така што доколку дразбата од
студенилото трае подолго, може да дојде до оштетување на ткивата. Криотерапијата главно
дејствува антиедематозно, аналгетски и спазмолитички.

При лекување на свежи повреди вазоконстрикцијата и зголемената вискозност на крвта ја


забавуваат циркулацијата, така што се намалува ексудацијата и крварењето и се спречува појава
на оток и хематом. Кај акутни повреди се применува заедно со мирување, компресија и елевација
(RICE - rest, ice, compression, elevation) за намалуввање на оток и крварење. Криоаналгезијата
настанува на повеќе начини. Се намалува развојот на оток и инфламација, апликацијата на мраз го
намалува ослободувањето на супстанции кои иницираат болка, а потоа со намалување на
кондукцијата на рецепторите и нервните влакна се намалува бројот и брзината на болните
импулси. При локална апликација на студ, доаѓа до промена на тонусот на мускулите.
Криотерапијата доведува до намалување на мускулниот спастицитет.

9. Начини на апликација (за криотерапија)?

1. Масажа со мраз (криомасажа). Се изведува со мраз кој е претходно добиен со замрзнување на


вода во пластични чаши. Терапевтот со рацете со заштитни ракавици го зема мразот и со бавни
кружни движења лесно притиска во одредена регија. Болниот во почетокот чувствува студенило, а
потоа жарење и болка, така што процедурата се прекинува. Апликацијата трае 3-10 минути во
зависност од регијата која се третира.

2. Пакувања со мраз. Парченца мраз или многу студена вода со коцкички мраз можат да се стават
во пластична кеса и со крпа да се постават и фиксираат на одредена регија од телото. Се
применува до 20 минути, а по извесно време процедурата може да се повтори.

3. Потопување (имерзија). Се изведува со потопување на екстремитети, најчесто шака или стапало


во многу студена вода со температура од 13 до 18ºС во која пливаат коцкички мраз. Потопувањето
трае неколку секунди до половина минута, со пауза од околу пола минута помеѓу потопувањата
кои се изведуваат наизменично 5-8 пати. Во некои случаи може да се примени и студена вода со
температура од 10-12ºС директно од чешма во траење од 5 до 10 минути, при што соодветниот
дел од екстремитетот се поставува под млаз од вода. Ова се повторува повеќе пати со паузи, за
кое време се изведуваат активни вежби. Оваа процедура особено се препорачува кај пациенти со
спастична мускулатура. Студена вода во вид на општи бањи, со температура од околу 20-22°С во
траење од 10 до 15 минути, се користи кај пациенти со мултипла склероза, бидејќи доведува до
намалување на спастичноста што ги олеснува вежбите. Оваа процедура може да се примени и во
домашни услови.

4. Компресите се прават со фротирска крпа која претходно била потопена во солена вода,
исцедена, превиткана, ставена во полиетиленска кеса и оставена во фрижидер за длабоко
замрзнување. Се аплицира на одредена регија, во траење од 2 до 3 минути, а потоа се менуваат
со друга во тек на 20 минути. Потојат и фабрички подготвени кеси, исполнети со желатинска маса
на хидриран силикат т.н. ,,хемиски облоги", кои се замрзнуваат во посебни замрзнувачи и се
користат за криотерапија. Траењето на криооблогите е од 5 до 15 минути, што зависи од регијата
која се третира, количината на масно ткиво, од субјективното чувство на болниот и од локалниот
наод на кожата.

5. Лесно испарливи течности. Најчесто се користи флуори-метан. Евапорацијата на лесно


испарливите течности (spray), со кои се прска одреден дел од кожата, служи за намалување на
температурата на кожата, односно нејзино ладење. Ова најчесто се применува кај повреди на
меки ткива, особено во спортската медицина. Се нанесува на кожа во кратки серии од по 5
секунди, од 50 cm растојание и под агол од 30º, при што настанува брзо разладување кое не трае
долго. При апликација очите треба да бидат заштитени. При предозирана криотерапија може да
дојде до прекумерно разладување, некроза на клетките и смрзнатини, така што не би требало
кожата локално да се разлади под 5-10 степени.

10. Индикации и контраиндикации за криотерапија?

-Индикации: намалување на акутна болка, акутни контузии, дисторзии, луксации (треба да се даде
веднаш и доволно долго), спортски повреди, акутни воспаленија, алгодистрофичен синдром во
првата фаза, епикондилит, акутен периартрит на рамо, ревматоиден артрит во прва фаза, артрит
во акутна фаза, акутни мијалгии и невралгии, хематоми, спастична мускулатура поради
оштетување на централниот моторен неврон, воведна процедура во кинезитерапија,
фибромиалгија, цервикален и лумбален синдром, артрози во фаза на декомпензација, каузалгии,
фантомски болки, акутен и хроничен едем и лимфедем, акутни изгореници за намалување на
болката и создавање меури.

Контраиндикации: анамнеза за смрзнатини на местото кое треба да биде лекувано, Рејноов


синдром, облитерирачки ендартеритис, нарушување на сензибилитетот за термички дразби,
намалена толеранција на студ, алергија на студенило, криоглобулинемија. Кај артериска
хипертензија треба да се избегнува имерзија во ладна вода. Возраст над 70 години е релативна
контраиндикација, како и хиперсензитивни подрачја (околу очите, аксила, внатрешна страна на
колено). Не се препорачува во предел на повреда на периферен нерв во период на негова
регенерација, како и во предел на отворени рани.
11. Дејство на хидротерапијата врз кардиоваскуларниот систем?

-Под дејство на хидротераписките процедури доаѓа до реакција на крвните садови на кожата, која
може да биде позитивна или негативна. Водата со индиферентна температура не дејствува со
својата топлина на крвните садови на кожата. Студената вода во првата фаза предизвикува
вазоконстрикција, која трае 1 минута. Кожата е бледа и студена. Во втората фаза настанува
реактивна хиперемија на артериолите и капиларите. Кожата станува црвена и топла.

Ако трае долго примената на студена вода, може да се појави трета непожелна фаза, кога доаѓа
до пасивна хиперемија. Таа се одликува со застој на крвта во вените и капиларите. Кожата е
студена и цијанотична.

Топлата вода со температура од 36 до 39ºС предизвикува директно активна хипермија на


артериоли и капилари, жешката вода над 39ºС во првата фаза предизвикува вазоконстрикција, во
втората фаза активна хиперемија на артериолите и капиларите, а при подолга примена може да
дојде до појава на трета фаза на активна хиперемија.

На спротивната симетрична страна од телото, во однос на местото на примена се јавува


консензуална реакција на крвните садови. Кај некои заболувања (Рејноова болест, Биргерова
болест и др.) може да се појави и парадоксална реакција, кога крвните садови наместо да се
прошират остануваат стеснети.

Внатрешните органи инервирани од спланхникус реагираат антагонистички во однос на крвните


садови на кожата, освен бубрегот и слезенката. Оваа реакција, позната како Дастр-Мораово
правило, се јавува при примена на општи хидротераписки процедури поради правилна
прераспределба на крвта помеѓу внатрешните органи и периферијата.

Во внатрешните органи и ткива, кои имаат исто ниво на спинална инервација како и дерматомот
на кој дејствува дразбата (Хедови зони), по пат на кутивисцерални рефлекси се јавува иста
реакција на крвните садови.

12. Дејство на хидротерапијата врз респираторниот систем?

-Краткотрајна но доволно силна дразба со студенило и топлина го забрзува дишењето и го прави


подлабоко. Долготрајното дејствување на топлината предизвикува зачестено и површно дишење.
Вдишувањето е под притисок, а издишувањето е олеснето. Со дишење во текот на денот се губи
500-700 ml вода, а кај топлите бањи тоа количество се зголемува.

13. Дејство на хидротерапијата врз урогениталниот систем?

- Крвните садови на бубрегот реагираат исто како и крвните садови на кожата, така што секоја
хиперемија во кожата, особено во лумбалната регија, ја зголемува диурезата. Топлината го
олеснува мочањето, а студот предизвикува чест нагон за мочање. Во вода нема потење.
14. Дејство на хидротерапијата врз нервниот систем?

-Реакцијата на нервниот систем на дејството на хидротераписките процедури зависи од нивната


температура и траење и од јачината на механичката дразба. Краткотрајна локална примена на
ниски температури ја зголемува надразливоста на нервите, а подолга примена дејствува
инхибиторно и може да предизвика анестезија. Краткотрајната примена на повисоки температури
(топла или жешка) ја зголемува надразливоста, а долготрајната ја намалува надразливоста.
Студените општи процедури дејствуваат надразнувачки и тонизирачки, а топлите дејствуваат
седативно. Топлината го зголемува тонусот на парасимпатикусот, а студенилото тонусот на
симпатикусот.

15. Дејство на хидротерапијата врз напречно пругастата мускулатура?

-Комбинирана промена на топли и студени хидротераписки процедури ја зголемува


надразливоста и тонусот на мускулите. При подолго траење доаѓа до намалување на мускулниот
тонус и лесен мускулен замор. Умерено топли и индиферентни процедури го намалуваат
мускулниот тонус. Краткотрајна примена на студ има тонизирачко дејство - го зголемува тонусот и
силата на мускулите и го спречува нивниот замор. Кон тоа особено придонесува и механичка
дразба на водата (подводна масажа или туш). При подолго траење на студените процедури, кога
се ладат подлабоките ткива, мускулот станува ригиден, со појава на болни грчеви и отежната
подвижност.

16. Физиолошки дејства на општата имериона хидротерапија?

- Општите бањи предизвикуваат вазодилатација или вазоконстрикција на крвните садови, во


зависност од видот и интензитетот на терапијата, како и нејзиното времетраење. Тие не
предизвикуваат само локално дејство т.н. кожно-васкуларна реакција, туку има и системско
дејство на кардиоваскуларниот и останатите системи, вклучувајќи и промени на виталните знаци
(температура, крвен притисок, пулс и респирација). Ако се применуваат општи бањи, од 40ºС или
повеќе, настанува краткотрајна вазодилатација, дијастолниот притисок се зголемува, пулсот
станува забрзан, минутниот волумен се зголемува. Со појава на активна хиперемија, дијастолниот
притисок се намалува. Студените хидротераписки процедури во првата фаза предизвикуваат
вазоконстрикција дијастолниот притисок се зголемува, пулсот станува побавен. Во следната фаза
настанува вазодилатација - крвниот притисок се намалува до нормалните вредности, пулсот
станува забавен, дијастолата е продолжена, а срцевата работа олеснета. При примена на општи
бањи треба да се земе предвид температурата и влажноста на самата просторија. Важно е
просторијата да биде добро проветрена. Се препорачува температурата во просторијата да биде
пониска од температурата на водата.
17. Поделба на хидротераписките процедури?

-Студените хидротераписки процедури ги зголемуваат оксидативните процеси во ткивата, при што


доаѓа до поголемо согорување на јаглените хидрати, масти и создавање на топлина. Студените
процедури ја одземаат топлината на телото и влијаат на намалување на телесната температура.

-Топлите, а особено жешките хидротераписки процедури, предизвикуваат согорување на


јаглените хидрати и масти. Ефектот се зголемува ако дејствува и механички фактор. При општа
хидротераписка процедура се зголемува дејството на жлездите со внатрешно лачење. Топлите, а
пред се, жешките процедури го отежнуваат отпуштањето на топлина од телото и предизвикуваа
зголемување на неговата температура. Локалната реакција се огледа со црвенило или бледило на
кожата, со субјективно чувство на топло или студено. Процедурите со индиферентна температура
немаат дејство на телесната температура.

18. Хидротермички процедури?

а. Бањи се хидротераписки процедури кои се применуваат во кади. Тие можат да бидат: општи,
полубањи и локални бани.

- При општа бања пациентот е во полулегната положба, при што целото тело е во вода, освен
главата.

- Кај полубањи болниот седи во када, така што само долниот дел од телото е во вода. Тие можат
да се комбинираат со полевање и триење на оние делови од телото кои не се во вода.

- Локалните бањи се изведуваат во мали кадички, наменети за горните и долните екстремитети.

Според температурата, бањите можат да бидат: топли, жешки, индиферентни, млаки, свежи и
студени. Најчесто се применуваат топли бањи со температура од 37 до 38ºС. Жешките бањи имаа
силно термичко дејство и многу го оптоваруваат организмот, особено кардиоваскуларниот систем.

б. Посебен вид на локални бањи се контрастни бани.

Контрастни бањи (наизменични локални бањи), се состојат од наизменична примена на топла и


студена вода. Обично се користат две кадички, така што во едната има топла, а во другата студена
вода. Топлата вода е со температура од 39 до 40ºС, а студената вода е со температура од 15 до
23ºС. Болниот го става екстремитетот или екстремитетите во топла вода (рака до лактот, нога до
колено) во траење од 0,5 до 2 минути, а потоа во студена вода од 15 до 30 секунди. На тој начин се
постигнува дразнење на локалните крвни садови (вазодилатација и вазоконстрикција) и се
подобрува циркулацијата на крвта. Може да дојде до подобрување на циркулацијата. Еден вид на
контрастна бања за долните екстремитети е т.н. ,,патека за прошетка".
По завршениот третман екстремитетите треба да се истријат и пациентот да се одмори 10-15
минути во релаксирана положба.

Контрастните бањи се применуваат кај посттрауматски состојби. спортски повреди, циркулаторни


промени на долните екстремитети, отоци и др.

в. Полевање кое може да биде локално или општо.

г. Триење.

д. Влажното завиткување.

19. Хидрохемиски процедури?

- Покрај обичната вода, кај која се постигнуваат ефекти со термичка и механичка дразба, во водата
можат да се додаваат одредени хемиски, биолошки активни материи кои го зголемуваат
биолошкото дејство врз организмот. Хидрохемиските процедури се користат најчесто во форма на
бањи, кои во зависност од составот на водата можат да бидат ароматични, гасовити, минерални и
комбинирани. Во бањите се користи обична, минерална или морска вода, а можат да се додадат и
разни хемиски и други состојки.

20. Хидрокинетички процедури?

-Хидрокинетичките процедури претставуваат примена на механички ефекти на водата во


тераписки цели и во нив спаѓа подводна масажа, тушеви и хидрокинезитерапија.

а. Хабардова када или хидротанк претставува специјална када во форма на трилисна детелина или
пеперутка, која е погодна за општа хидротерапија, Индивидуална хидро-кинезитерапија и
подводна масажа. Според големината тој овозможува вронување на целото тело, со можност за
добар приод на терапевтот до пациентот од стра. Соодветен е за лекување на целото тело, за
хидрокинезитерапија на неподвижни и тешко подвижни болни. Погоден е за пациенти кои треба
да вежбаат во растоварена положба, кај невролошки болни, по оперативни интервенции, кај
артрити, изгореници. болни со потешкотии на 'рбет и др. Тој може да има и вграден апарат за
подводна масажа. Температурата на водата е од 32 до 38ºС, траењето на вежбите во вода е 20
минути. Подводна масажа (туш-масажа) претставува примена на воден млаз под притисок во
вода. Таа ја користи механичката енергија на водата. Претставува комбинирана примена на туш и
бања.

б. Бисерни бањи се бањи во кои се додава воздух. Овие бањи имаат 6 БИО изразено седативно и
релаксантно дејство.

в. Тушеви кои имаат изразено механичко дејство.

г. Базените се користат, пред сè, за хидрокинезитерапија (вежби во вода). Тие можат да бидат со
различна големина и форма, а длабочината може да биде различна, од 80 до 140 cm и повеќе.
Потребно е да биде поврзан со систем за постојано циркулирање и прочистување на водата, како
и обезбедена хемиска и микробиолошка исправност на водата. You sent Физикална медицина и
рехабилитација На рабовите од базенот се наоѓаат држачи на кои пациентите можат да се држат
при изведување на хидрокинезитерапија. Во базенот може да има паралелни држачи, вронети
столици и сл. Пожелно е да постојат и дополнителни реквизити, како што се појаси, наслони,
топки и др. Терапиското дејство во базенот се постигнува со комбинација на физичките својства на
водата со тераписки вежби. Потисокот се користи како помош при вежбите, за давање отпор и ако
треба за подобрување на силата, или, пак, за растоварување на зглобовите давајќи им потпора. Во
општите дејства кои настануваат при лекување во базен спаѓаат: подобрување на циркулацијата,
релаксација, повторно воспоставување на подвижност, јакнење на мускулите, обезбедување на
вежби одење со помало оптоварување на зглобовите, и подобрување на психичката и емотивната
состојба. Температурата на водата може да биде помеѓу 32 и 38ºС, но најчесто е индиферентна до
млака, особено ако се применува интензивна хидрокинезитерапија.

 Индикации за хидрокинезитерапија: посттрауматски состојби, млитави парези и


парализи, спастични парези и парализи, миопатии, артрози на периферните зглобови,
лумбални дископатии, ревматоиден артрит, анкилозантен спондилит, периартрит на рамо,
алгодистрофии, сколиози и други деформитети на 'рбет, конгенитална луксација на колкот,
состојби по имплантирана ендопротеза и др.

 Контраиндикации за хидрокинезитерапија: заразни заболувања, фебрил-ни состојби,


срцеви заболувања, особено во состојба на декомпензација, изразена артериска
хипертензија, состојби по цереброваскуларен инсулт, бронхијална астма со чести напади,
епилепсија, изразена дебилност, инфицирана кожна рана, инконтиненција, акутен
тромбофлебит, инсулинозависен дијабет, изразена нерегулирана хипертензија.

21. Ортопедски помагала (протези)?

- Протезите се ортопедски помагала кои функционално и естетски надополнуваат


ампутиран екстремитет или дел од него.

Протезите се делат на: привремени (имедијантни) протези и постојани протези.


Привремените протези имаат задача да го подготват пациентот за постојана протеза, како
и порана обука на одење со помош на протеза.

Според регијата од телото на која се наменети, протезите се делат на протези за горен и


протези за долен екстремитет. Протезите за горен екстремитет можат да бидат естетски и
миоелектрични (функционални). Протезите за долен екстремитет се делат на: протеза
која се користи при дезартикулација на колк, натколенична, потколенична протеза и
протеза при ампутација на ниво на Шопартов зглоб.
Задачата на протезата за горен екстремитет е да овозможи што поголем дел од
функционалните активности на раката и да има што поприроден изглед. Задачата на
протезата за долен екстремитет е да овозможи вертикализација и одење на пациентот со
или без помагало. Најважен дел од протезата е лежиштето.

22. Ортопедски помагала (ортози)?

Поделбата на ортозите може да се направи според функцијата која ја надоместува и


според делот од телото на кое се аплицира.
Според делот од телото на кое се аплицираат, ортозите се делат на ортози за горен, долен
екстремитет и ортози за рбет.
-Ортозите за горен екстремитет се делат на ортози за рамо, лакт, рачен зглоб и прсти,
помагала за бандажирање.
-Ортозите за долен екстремитет се делат на натколенични, потколенични апарати и
помагала за бандажирање, корективни апарати.
-Ортозите за 'рбет, кои можат да бидат ортози за врат (на пр., Шансова кравата), за
торакален, токаколумбален (на пр., различни корсети за на деформитетите на рбетот во
детска возраст - кифоза и сколиоза), лумбален дел од рбетот (на пр., платнен лумбален
корсет засилен со фишбајни).

23. Ортопедски помагала(помагала за одење)?

- Во помагала за одење спаѓаат:

-Бастун (дрвен, метален), триножен бастун, четириножен бастун;


- Патериците (штаки) се помагала кои овозможуваат стабилност при стоење и одење во
случај на одземеност на долните екстремитети;
-

You might also like